Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Серија тепачки пред скопски локали: полицијата евидентира повеќе инциденти во една ноќ

На 29.12.2025 во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, Д.К.(35) физички го нападнал Н.С.(20), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 29.12.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу С.С.(29) од с.Батинци, скопско и Е.С.(31) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.На 28.12.2025 во 11:10 часот во СВР Скопје, Д.А.(46) од Скопје пријави дека околу 01:30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 28.12.2025 во 18:20 часот во СВР Скопје, Т.Л.(19) од Скопје пријави дека околу 02:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 28.12.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(23), А.И.(25) и П.З.(21) од една страна и С.П.(37) и Д.П.(32) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

brza-pomos-nokje-3

Повредени шест лица во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола

На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysn9sf0eg07e9a9gID1r

АКТ објави писмо од свиркач за тендерот од 1,2 милиони евра од Пошта

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ објави писмо од свиркач, вработен во Пошта АД, со сериозни наводи за испумпување јавни пари, поврзани со тендерот од 1,2 милиони евра во АД Пошта, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција.„Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ“, наведува свиркачот во писмото кое го објави АКТ, рече Димитријевиќ.Тој појасни дека, според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подружници задолжително треба да има по двајца хигиеничари/ки, а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.„А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подружници има по 2 и работат само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.“, посочи Димитријевиќ пренесувајќи детали од писмото на свиркачот, вработен во Пошта.Во писмото е образложена и финансиската пресметка на загубата што, како што рече, произлегува од ваквата состојба.„И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кои реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигиеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта. Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари. Недостасуваат 14 хигиеничари, значи тоа се над 560.000 денари месечно. Постоечките 25-26 хигиеничари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари. Заедно со другите давачки уште 200.000 денари, доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно. Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата“, посочи Димитријевиќ.Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас. Во чии џепови завршуваат испумпаните пари?  Кој ќе одговара?АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат, рече Димитријевиќ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryen75hdahkm1r4XD3900

Да нема отказ при бременост! Левица поднесе предлог-измени за заштита на трудовиот статус на бремени работнички

Пратеничката група на Левица во Собранието поднесе предлог-измени на Законот за работните односи, со кои се предлага бремените работнички вработени на определено време автоматски да преминуваат на договор на неопределено време по доставување потврда од лекар или надлежен орган.Партијата соопшти дека целта на измените е да се спречи прекин на работниот однос во текот на бременоста и да се зголеми правната сигурност на оваа категорија работнички. Според образложението, иако законската рамка гарантира еднакви права и забрана на дискриминација по основ на бременост, во пракса и понатаму имало случаи каде што на бремени работнички не им се продолжувале договорите на определено време.Во соопштението се наведува и конкретен пример од јавноста од пред околу еден месец, по кој Левица повторно ја отвори темата за заштита на бремените жени на пазарот на труд.Со предложената формулација, во член 46 од Законот за работните односи би се додал нов став, според кој „работниот однос заснован со договор за вработување на определено време се трансформира во работен однос на неопределено време поради бременост, по доставување на соодветна потврда“.Од партијата потсетуваат дека и претходно иницирале измени за целосно укинување на договорите на определено време, кои не добија поддршка во парламентот.Предлог-законот треба да помине низ собраниска процедура, по што ќе се утврди дали ќе биде поддржан од мнозинството пратеници.

Македонија | пред 1 месец

voda

Скопјани пијат безбедна и квалитетна вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, според кој сите испитани примероци одговараат на пропишаните стандарди. Анализите се спроведени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 26 декември 2025 година.За потребите на контролата, земени се 185 примероци за физичко-хемиска и исто толку за микробиолошка анализа од 41 мерно место во градот.„Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.12.2025 до 26.12.2025 зема 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микро-биолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје“, стои во официјалното соопштение.Од таму посочуваат дека овие податоци се објавуваат редовно со цел граѓаните да бидат точно и навремено информирани за безбедноста на водата што ја пијат.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ прашува: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија

СДСМ преку соопштение се осврна на објавената ,,бомба” дека тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода.,,Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ.Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“, велат од СДСМ.,,Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе кажат дека не го знаеле нивниот Советник и носител на листа во Кисела Вода.Нема бегање. Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени.Дали е ова прва рата од исплатата за предавството на Македонија?За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?”, велат одСДСМ и ги повикуваат ДКСК, Јавното обвинителство и Финансиската полиција да отворат истрага.,,Како тоа фирма што не исполнувала услови добила тендер од 1.2 милиони евра од Пошта? Како тоа се менува сопственик само 20 денови по добивање на милионскиот тендер“, прашува СДСМ преку соопштение.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfiob5em6ju9tePxmG6t

„Тие 10 минути можеби беа клучни за брат ми“, мајката на Андреј раскажа и за траумата на помладиот син Кристијан

Пред судот денес сведочеше Марија Петрушева, мајката на 24-годишниот Андреј кој загина во трагедијата во „Пулс“ во Кочани, и на неговиот помал брат Кристијан, кој ја преживеа несреќата. Таа раскажа како семејството и денес се соочува со тешки последици — особено Кристијан, кој чувствува силна вина што не успеал да го спаси брат му.„Кристијан денес има кошмари и вели: ’Тие 10 минути додека спасував други животи, можеби беа клучни за брат ми‘. Најтешка е тежината што ја чувствува за загубата,“ сведочеше Петрушева.Таа објасни дека Кристијан, кој во моментот на пожарот бил излезен надвор, повеќепати се враќал во внатрешноста на објектот — извлекувајќи луѓе од чадот и огнот, додека очајно го барал брат му.Во исказот, мајката зборуваше и за трауматичното искуство во амбулантното возило.„Таа вечер, кога го нашле брат му, го качиле во амбулантна кола заедно со едно мртво дете и едно тешко повредено. Тие трауми што ги доживеа во тоа возило беа преголеми. Не сакавме повторно да ги преживува истите моменти,“ рече таа, објаснувајќи зошто подоцна одбиле да биде пренесен со возило во Скопје.Кај Кристијан били утврдени траги од јаглерод моноксид, а од стрес и чад му се активирале полипи на носот, поради што во мај морал итно да биде опериран. Во болницата, шокот бил толку силен што, како што раскажа мајката, од бес и очај скршил стакло.Петрушева сведочеше и за моментот кога ја видела телото на Андреј во болничката соба.„Мамо, не успеав да го спасам брат ми…“ — со тие зборови ме пречека Кристијан,“ рече таа.Потоа се соочила со сцена која ја опиша како „хорор“.„Цел ходник беше со легнати деца – кои исцрнети до непрепознавање, кои изгорени…“ сведочеше таа.Андреј лежел на вториот кревет до прозорецот.„Изгледаше толку живо што не верував дека е мртов. Почнавме да му даваме вештачко дишење. Тој испушташе некои необични звуци, мислев дека се враќа, мислев дека го оживуваме… Умот не ми даваше да се помирам,“ раскажа мајката.Лекарот кој бил повикан дополнително само констатирал дека тој веќе се лади, а потоа потврдил дека и другите три деца во собата се починати.На крај од сведочењето, таа упати лична и болна порака.„Животот ми е поделен на пред и по 16-ти март. Агонијата е се поголема. И сега, во овој момент, можам да кажам дека му завидувам на една личност која е најодговорна за смртта на моето дете – бидејќи неговиот син е до него, а моето дете не напушти.“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjimerv9r0tsg7YCYuYB

Граничниот премин Ники (Меџитлија) затворен за товарни моторни возила

Граничниот премин Ники (Меџитлија) до 16:00 часот ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила, извести АМСМ.Како што претходно соопштија од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryomvpl4gba7jh96dABqd

„Пораката на Инстаграм остана непрочитана“ – мајката на Андреј сведочеше за ноќта на трагедијата во „Пулс“

„На Андреј му пишав на Инстаграм: ‘Што се случува?, и до денес таа порака стои непрочитана.“Вака сведочеше денеска Марија Петрушева, мајката на 24-годишниот Андреј. Таа рече дека семејството прво ги слушнало сирените околу 02:45 часот, а потоа забележало дека службите се движат во правец на клубот. Тогаш започнала агонијата, ѕвонела на двајцата синови, но без одговор.„Почнав да им ѕвонам наизменично. Кога не ми се јавија, му напишав на Андреј: ‘Што се случува?’. Но пораката остана непрочитана,“ рече таа низ солзи.Петрушева сведочеше и дека нејзиниот син бил повикан на работа доцна по полноќ.„Андреј беше викнат од газдата Дејан Јованов во 01 часот по полноќ, бидејќи имало многу гости. Буквално секој што знаел да држи чаша во рака бил повикан,“ изјави таа, додавајќи дека последен пат разговарале околу 18:30 часот, кога ѝ рекол дека е уморен, но мора да оди.Кога семејството пристигнало кај клубот, веќе владеел хаос.„Јас се наведнав да ги превртувам децата, да видам дали е некој од моите. Тие деца кои ги гледав таму, не сфаќав дека се мртви… мислев дека се онесвестени од чадот,“ сведочеше таа.Надеж се појавила кога некој им кажал дека браќата веќе биле однесени во болница, помалиот Христијан бил стабилен, а за Андреј слушнале дека има „слаб пулс“.Судењето продолжува со сослушување на сведоци.

Македонија | пред 1 месец

IMG_4387

Наставниците ќе се ,,опарат”, од март повисоки плати

Од март 2026 година, наставниците ќе го добијат договореното покачување на платите, најави министерката за образование Весна Јаневска на денешниот брифинг со новинарите.Покачувањето ќе биде меѓу 7 ипол и 10 проценти од платата, зависно од пресметките.,,Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската Комисија”, рече министерката Јаневска.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryu1clcrvhovklcvJPgRt

(Видео) Зеленски во неверување од зборовите на Трамп:Русија сака Украина да успее, Путин понуди помош

Средбата меѓу украинскиот и американскиот Володимир Зеленски и Доналд Трамп, според официјалните информации не донесе конкретен напредок кон решение на војната во Украина.Сепак, дури и тоа може да се смета за еден вид победа, особено со оглед на досегашните недоразбирања меѓу двајцата претседатели и познатиот конфликт и понижувачкото однесување на Трамп кое беше регистрирано од медиумите.Сепак, имаше моменти за време на состанокот кога фрустрацијата на Зеленски беше видлива, напиша Скај њуs.Еден од тие моменти беше кога Зеленски накратко „ја спушти маската“. Тој се намурти, па се насмеа кога Трамп рече дека „Русија сака Украина да успее, Путин понуди помош со енергија и електрична енергија по ниски цени”.Главниот камен на сопнување останува регионот Донбас. Предлогот оваа територија да стане демилитаризирана зона сè уште е без конечно решение.„Дел од таа земја е окупирана. Дел од таа земја може да биде спорна, но би можела да биде окупирана во следните неколку месеци. Тоа е многу тешко прашање, прашање што ќе се реши“, изјави Трамп по состанокот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryd6fv9oi5jsmm3Tkz9s3

Али Ахмети со честитка до Албин Курти по изборната победа: „Косово заслужува стабилност и јасна визија“

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, му упати честитка на лидерот на Самоопределување, Албин Курти, по победата на неговата партија на вонредните парламентарни избори во Косово.Ахмети во пораката оцени дека изборниот процес во Косово поминал во демократска атмосфера.„Им честитам на граѓаните на Република Косово за изборниот процес во кој покажаа висока демократска зрелост. Процесот беше слободен, фер и целосно демократски, во согласност со европските стандарди, потврдувајќи ја силата на институциите и слободната волја на граѓаните“, наведува Ахмети.Тој порача дека Косово има потреба од стабилност, развој и јасна државна визија во интерес на граѓаните.„Како човек кој придонел за слободата на Косово и кој длабоко верува во неговата иднина, посакувам Косово да продолжи напред со сигурни чекори, зајакнувајќи ги стратешките врски со Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Тоа е патот што гарантира мир и безбедна иднина за новите генерации“, стои во честитката, придружена со фотографија на Ахмети и Курти.Албин Курти најави брзо формирање влада, откако Самоопределување освои 49,3% од гласовите по речиси целосно преброени избирачки места, со што го обезбедува третиот мандат на премиерската функција.

Свет | пред 1 месец

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Газда Деко доби опомена, во притворот му бил пронајден мобилен телефон

На денешното рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, судијката Диана Груевска Илиевска изрече опомена за обвинетиот Дејан Јованов – познат како Газда Деко, поради тоа што во неговата ќелија во затворот во Куманово бил пронајден мобилен телефон.Телефонот, како што беше наведено во судница, бил откриен од затворската полиција додека Јованов се наоѓа во притвор поради судската постапка за настанот во дискотеката.Судијката му укажа дека станува збор за прекршување на правилата и го предупреди дека, доколку повторно се утврди слично однесување, ќе следи забрана за посети.

Македонија | пред 1 месец

media-library85k2nggf2vm9cVmbbfa

Нема веќе „Ќациленд“, шаторите се отстранети

Шаторите поставени пред Народното собрание на Србија, таканаречениот „Ќациленд“, се отстранети.За време на празниците, на тоа место ќе биде поставено „божиќно село“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Вучиќ најави отстранување на шаторите и од Пионирски паркСрпскиот претседател синоќа беше пред Народното собрание и тогаш изјави дека во наредниот месец шаторите ќе бидат отстранети и од Пионирски парк.Тој најави дека пред Народното собрание во наредните неколку дена ќе биде поставено „божиќно село“.Исто така рече дека се очекува сообраќајот пред парламентот да се нормализира.По повеќе од половина година просторот пред парламентот во Белград беше окупиран со шатори. Кампот, во јавноста познат под прекарот „Ќациленд“, првично беше поставен во Пионирски парк и беше претставен како израз на протест на контра-студенти кои „само сакаат да учат“.Меѓутоа, барањата поради кои кампот првично беше формиран денес речиси се заборавени, а собраните таму од самиот почеток не беа само студенти. Со текот на времето, кампот се прошири и на платото пред Народното собрание, шаторите беа поставени и на коловозот, а смислата на оваа „населба“ станува сè помалку јасна — освен како некаква противтежа на студентските протести.

Свет | пред 1 месец

media-libraryvhqm45k3ugssevfYkay

(Видео) Милитанти на ИСИС пукале за време на рација – ранети се седум турски полицајци

Припадници на терористичката организација Исламска држава отвориле оган врз полицијата и раниле седум полицајци за време на рација на северозападот на Турција, објавија државните медиуми.Судирот се случил во округот Елмали, во провинцијата Јалова, јужно од Истанбул, кога полицијата упаднала во куќа во која се криеле милитанти, јави агенцијата „Анадолу“. На помош биле испратени и специјални полициски единици од соседната провинција Бурса.Како што се проширил судирот на улиците, пет училишта во областа биле затворени во текот на денот, објави приватната телевизија НТВ. Властите, од претпазливост, ја прекинале снабдувањето со гас и електрична енергија, а на цивили и возила им бил забранет влез во населбата.Според „Анадолу“, ниту еден од ранетите полицајци не е во тешка состојба.Минатата недела приведени 115 екстремистиМинатата недела полицијата спроведе десетици истовремени рации и приведе 115 припадници на екстремистичката група, кои наводно планирале напади за време на божиќните и новогодишните празници. Тогаш официјални лица посочија дека групата повикувала на насилство, особено против немуслимани, за време на празничниот период.Исламска држава во последниве години изврши низа смртоносни напади во Турција, меѓу кои и пукањето во ноќен клуб во Истанбул за време на дочекот на Новата година на 1 јануари 2017 година, кога беа убиени 39 лица.

Свет | пред 1 месец

media-library6k3cinq1n3bbe9agEOL

Застрашувачка статистика во декември: 18.318 прекршоци, 123 уапсени возачи

Во периодот од 01.12.2025-28.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.318 издадени платни налози, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 123 лица, од кои 100 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, три за возење во забранет правец.Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец декември евидентирани се 5.018 прекршоци за неправилно паркирање, 1.843 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 679 санкции за возење под дејство на алкохол.Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 18 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 415 пешаци. Исто така санкционирани се 1.046 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 322 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 172 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 101 возач поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Венко Филипче околу „златната виза“ за Дубаи и евентуалните инвестиции таму

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од лидерот на СДСМ, Венко Филипче јавно да објасни на која основа се стекнал со таканаречена „златна виза“ во Дубаи и дали зад тоа стојат инвестиции во недвижен имот или бизнис.Реакцијата следи по сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски, кој тврдеше дека поранешниот премиер гради облакодер од 42 ката во Дубаи. Од СДСМ и од самиот Филипче претходно потврдија дека Заев гради зграда во Дубаи, како и дека и двајцата имаат „златни визи“, но посочија дека Филипче не е партнер во проектот.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека Филипче во минатото изјави оти визата ја добил поради преговори за можен професионален ангажман во здравствена установа во Дубаи, но, според партијата, до јавноста досега не биле презентирани документи за тоа. Во соопштението дополнително се наведува дека за добивање „златна виза“ е потребна инвестиција од најмалку 500 илјади долари во недвижности или бизнис.Партијата се повикува и на тврдењето на Аврамски дека и Заев и Филипче поседуваат станови во Дубаи, барајќи одговор дали Филипче вложувал во недвижен имот и дали тоа е основа за визата. Во соопштението се наведува и дека, доколку навистина е вложена сума од тој износ, јавноста има право да знае од кои извори се обезбедени средствата.Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат Филипче да обелодени документи доколку визата е поврзана со работен ангажман во странство, со цел, како што наведуваат, „да се расчистат дилемите“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqt9sl9c8k82mbK5A5pQ

(ВИДЕО) Лукашенко падна на мраз за време на хокејски натпревар, соиграч му помогна да стане

71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мраз за време на хокејски натпревар. Снимката од настанот брзо се прошири на социјалните мрежи.На видеото се гледа како хокеар со дрес со број 68 ненамерно го удира Лукашенко одзади, кој носеше дрес со број 01. По судирот, Лукашенко ја губи рамнотежата и паѓа на мразот, удирајќи со главата од површината на лизгалиштето.Во екипата на Лукашенко, дресот со број 68 го носел Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот накратко бил прекинат, а Чуприс веднаш му помогнал на Лукашенко да стане.Синот на Лукашенко постигна голСè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнувањето на мускул во грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, изјави Лукашенко по средбата.Прес-службата на Лукашенко соопшти дека натпреварот завршил нерешено 5:5 и дека неговиот син, Николај, го израмнил резултатот со гол постигнат триесет секунди пред крајот на третата третина.

Свет | пред 1 месец

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

(Видео) Израелската војска доби ново моќно оружје – „Железен ласерски сноп“

Израелското Министерство за одбрана соопшти дека на израелската војска ѝ бил испорачан првиот оперативен систем за пресретнување проектили со високoенергетски ласер, развиен од компанијата „Рафаел Адванст Дифенс Системс“. Системот го носи називот Iron Beam („Железен ласерски сноп“).Системот, кој за време на обемни тестирања успешно пресретнувал ракети, минофрлачки гранати и беспилотни летала, ќе биде преземен од военото воздухопловство и ќе се вгради во повеќеслојниот систем за противвоздушна одбрана, заедно со постојните системи „Железна купола“, „Давидова пачка“ и „Стрела“.Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, примопредавањето го нарече „историски момент“, посочувајќи дека „за првпат во светот систем за пресретнување со високoенергетски ласер ја достигнал својата оперативна зрелост“. Тој додаде дека системот „ги менува правилата на играта и испраќа јасна порака до сите непријатели – не нè искушувајте“.Генералниот директор на Министерството за одбрана, Амир Барам, изјави дека испораката „значи премин од фаза на развој во сериско производство“, опишувајќи го „Железниот ласерски сноп“ како „само почеток на технолошка револуција“. Тој нагласи дека се очекува системот значително да ги подобри одбранбените капацитети на Израел, како и односот меѓу трошоците и заканите, бидејќи досегашните ракети-пресретнувачи се исклучително скапи.Директорот на „Рафаел“, Јоав Тургеман, изјави дека компанијата е „горда што го испорачува најнапредниот ласерски систем во светот за пресретнување воздушни закани“.Системот на хебрејски се нарекува Or Eitan („Светлината на Ејтан“), во спомен на капетанот Ејтан Остер, 22-годишен командир од единицата Егоз, кој загина во борбите против Хезболах на југот од Либан во октомври 2024 година. Неговиот татко, кој бил дел од тимот за развој на системот, на церемонијата го изговорил еврејскиот благослов Shehecheyanu, со кој се изразува благодарност за нови и посебни моменти.„Железниот ласерски сноп“ се развива повеќе од десет години, уште од неговото прво претставување во 2014 година. Во септември годинава беше прогласен за оперативен, по завршувањето на развојот и конечните тестирања.Системот не е замислен како замена за „Железна купола“ или другите противвоздушни системи, туку како нивна надополнување. Наменет е за пресретнување помали проектили, додека поголемите закани ќе продолжат да ги пресретнуваат посилните ракетни системи, како „Давидовата пачка“ и „Стрела“.Сè додека постои постојан извор на енергија за ласерот, нема ризик системот да остане без „муниција“. Поради тоа, официјални претставници го опишуваат како потенцијална пресвртница во одбраната од ракетни напади. Главниот недостаток на ваквите ласерски системи е тоа што не функционираат добро во услови на слаба видливост, вклучувајќи густа облачност.

Свет | пред 1 месец

media-librarykia2kfmvl9hu4rwNXKM

Општина Аеродром изрече забрана за работа на два угостителски објекта.

Општината аеродром информира дека инспекциските служби, по пријави од граѓаните, излегле на терен и извршиле инспекциски надзори.Констатирано е дека локалите не се придржувале до законските прописи, па затоа е донесена оваа санкција. Доколку не ги почитуваат законите и прописите за работа, ќе следуваат и кривични пријави.Инспекциските служби продолжуваат со интензивни контроли на угостителските и туристички објекти, особено во вечерните и ноќните часови.Доколку граѓаните забележат неправилности во работењето на угостителските објекти, можат веднаш да приј

Скопје | пред 1 месец

media-libraryur01feephkkf4bLAGug

„Дали вареното вино навистина е безопасно — и каде е границата на пиење?

Вареното вино за многумина е симбол на зимата, празниците и прошетките низ градските плоштади. Мирисот на цимет, каранфилче и портокал делува смирувачки и речиси терапевтски, па лесно се заборава дека зад тој пријатен вкус сепак стои алкохолен пијалак. Токму затоа вареното вино често се пие порелаксирано од обичното вино или жестоките пијалоци — и токму затоа луѓето најчесто претеруваат, дури и без таква намера.Колку варено вино е препорачливо да се испие?Иако се послужува топло и често е засладено, вареното вино по јачина не се разликува многу од обичното. Една чаша од околу 2 дл обично содржи 10 до 12 проценти алкохол, а понекогаш и повеќе — особено ако се додаваат рум, ракија или ликер.Здравствените препораки за возрасни зборуваат за умерена консумација, што во пракса значи:• една чаша дневно за жени• до две чаши дневно за мажиНо кај вареното вино има една замка — се пие брзо, најчесто стоејќи, на студено и без храна. Топлината ги шири крвните садови и создава впечаток дека алкохолот „помалку дејствува“, но организмот го разградува со иста брзина како и секој друг алкохол. Шеќерот дополнително го прикрива дејството, па границата лесно се преминува пред да сме свесни за тоа.Тука важна улога има и самата топлина. Бидејќи пијалокот е топол, алкохолот побрзо се апсорбира во крвотокот. Истовремено, чувството на топлина залажува и создава впечаток дека пијалокот е „поблаг“ отколку што навистина е.Во реалноста се случува спротивното: топлиот алкохолен пијалок ги проширува крвните садови, поради што субјективно се чувствуваме загреано, но телото побрзо губи топлина. Тоа може да доведе до нагласен замор и исцрпеност, особено при подолго изложување на студ. Комбинацијата од топлина, алкохол и зачини го прави вареното вино опасно „лесно за пиење“ — се пие брзо и незабележливо, а последиците се чувствуваат дури подоцна.Кога треба да се застане — и какви се последиците од претерувањето?Проблемот не е само во количината алкохол, туку и во контекстот на консумацијата. Вареното вино најчесто се пие навечер, на празен стомак, на студено — што дополнително го оптоварува организмот. Мамурлакот по варено вино на многумина им е потежок отколку по обично вино, иако се испила иста количина алкохол. Причината е комбинацијата од повеќе фактори.Прво, вареното вино обично содржи повеќе шеќер. Шеќерот ја забрзува апсорпцијата на алкохолот и ја зголемува дехидрацијата. Резултат: посилна главоболка, сувост во устата и чувство на исцрпеност следниот ден.Второ, пијалокот е топол, што создава впечаток дека алкохолот е „поблаг“. Поради тоа луѓето често испиваат повеќе отколку што би испиле од ладно вино.Трето, најчесто се пие на студено и стоејќи, без храна. Алкохолот тогаш побрзо влегува во крвотокот, а организмот дополнително се заморува обидувајќи се да ја одржи телесната температура. Резултат може да бидат изразен замор, мачнина и слабост. Кај чувствителни лица, зачините можат да го иритираат желудникот, па наместо само главоболка — се јавуваат и киселини или мачнина.Затоа мамурлакот по варено вино често се доживува како „потежок“, иако во моментот на пиење изгледа безопасно. Една чаша може да биде празнично уживање — третата веќе е рецепт за лош следен ден.Уживање — да. Претерување — не.Вареното вино може да биде убав дел од празничната атмосфера — но само во рамки на умереност. Една чаша најчесто е сосема доволна за уживање и топлина. Сè по тоа повеќе не придонесува за задоволството — туку ги зголемува шансите за непријатни последици.Ако сакате следното утро да се разбудите одморени и без главоболка — подобро е границата да ја повлечете порано отколку што мислите.Важно е да се напомене и дека алкохолот не се препорачува за малолетници, бремени жени, лица кои земаат одредени лекови или имаат заболувања на црниот дроб, срцето или желудникот. За нив — „безбедна количина“ не постои.

Магазин | пред 1 месец

media-librarymada33ufsanvcngwM5S

(Видео) Божиќна елка стара 21 година е хит на ТикТок, генерацијата Z е љубоморна

Минијатурната Bratz-божиќна елка, стара повеќе од две децении, стана вистинска интернет-сензција откако сопственичката на ТикТок покажа како ја поставува секоја година за празниците – веќе 21 година по ред. Видеото за кратко време стана вирално и предизвика бран носталгија меѓу корисниците.Снимката, објавена на 14 декември од корисничката со профил @richbxtchgurl, започнува со приказ на оригиналната кутија, очигледно оштетена од времето, по што следува сцена со поставената бела елка украсена со мали Bratz-украсчиња.„Време е за Божиќ, што значи дека е време да ја извадам мојата мини Bratz-елка, која ја имам веќе 21 година“, стои во описот на видеото, а авторката додала: „Сега е многу нестабилна, но ја обожавам.“ Објавата досега собра над 518.000 прегледи и 101.000 лајкови.Бран носталгија – и љубомораВидеото ја допре публиката што пораснала со Bratz-франшизата, па коментарите се исполнија со воодушевување и духовита љубомора. Многумина ја пофалија авторката што сочувала редок дел од поп-културата од почетокот на 2000-тите, изразувајќи жалење за своите детски играчки. Во коментарите се јавија и припаднички на генерацијата Z кои, поради својата опседнатост со Y2K-ерата, напишаа дека се љубоморни.„Доживувам љубомора опишана во Библијата“, напишала една корисничка во коментар што доби 17.000 лајкови.„Луѓето што се толку среќни треба да плаќаат повеќе данок“, додал друг, додека трет коментирал: „Истовремено чувствувам и восхит и необјаснива лутина.“Еден од коментарите едноставно гласеше: „Толку сум љубоморна.“

Магазин | пред 1 месец

media-library26qtvbri197q6xUOIJr

(Видео) Омилената божиќна серија се врати на Нетфликс по пет години

По пауза од пет години, омилената норвешка серија „Home for Christmas“ („Дома за Божиќ“) се врати на Нетфликс со долгоочекуваната третa сезона, која повторно ги освојува срцата на гледачите. Радниот тек и понатаму е сместен во неделите пред Божиќ, а главната хероина Јохане повторно се соочува со љубовни и животни предизвици – сето тоа во волшебната, снежна атмосфера на Норвешка.За што станува збор?Серијата на Пер-Олав Соренсен стана светски хит уште во 2019 година, претставувајќи освежувачка божиќна приказна со шармантна и реалистична главна јунакиња.Во првата сезона, 30-годишната Јохане (Ида Елисе Брок), уморна од статусот на „вечна самичка“, ѝ соопштува на својата фамилија дека на божиќната вечера ќе дојде со дечко. Проблемот? Таков дечко – нема. И има само 24 дена да го најде. Серијата од самиот почеток вешто избегнуваше клише-приказни за „принц на бел коњ“, покажувајќи дека патот до вистинска врска често е исполнет со предизвици.Втората сезона продолжи да ги обработува темите за општествениот притисок врз жените во триесеттите години, нивната сексуалност и различните животни очекувања.Сега, во третата сезона – објавена на 12 декември – ја затекнуваме 36-годишната Јохане како се опоравува од тежок раскин. Со приближувањето на празниците, се поставува прашањето дали повторно е подготвена да поверува во љубовта – паралелно со важен професионален пресврт во нејзиниот живот.Снежната магија на НорвешкаОсвен симпатичната главна јунакиња и нејзините животни перипетии, еден од најсилните адути на серијата е сценографијата. Наместо во типични метрополи како Њујорк или Лондон, приказната се одвива во Норвешка. Сцените со шарени куќи покриени со снег и улици по кои Јохане се вози со санки станаа вистински заштитен знак на серијата.Иако името на градот никогаш не се спомнува, станува збор за вистинско место – Рøрос. Овој град со околу 5600 жители се наоѓа во централна Норвешка, на околу пет часа возење од Осло. Поради својата дрвена архитектура и рударска историја, веќе четири децении е под заштита на УНЕСКО. Интересно е што сцените во домот на Јохане, како и оние во барот или училиштето, всушност се снимани во Осло, во населбата Кампен.За третата сезона, продукцијата се пресели и на југоистокот од земјата, каде што во крајбрежниот град Мос се снимени магичните сцени на лизгалиштето – вистинска инспирација за некое идно патување во Норвешка.

Магазин | пред 1 месец

kremlj-moskva

Кремљ: Имавме телефонски разговори со администрацијата на Трамп

Советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков, телефонски разговарал со претставници на американската администрација откако Москва ги добила нивните предлози за можен мировен договор за војната во Украина, соопшти денес Кремљ.Ушаков остварил телефонски контакти со неколку членови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без да наведе кога точно се одржале разговорите. Претставникот на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, ги донел копиите од американските предлози во Москва по средбата во Мајами за време на викендот, а Кремљ во моментов ги анализира деталите, додаде Песков.„Информациите се анализираат и во име на претседателот Путин беше остварен контакт меѓу претставници на администрациите на Русија и САД“, изјави Песков. „Договорено е продолжување на дијалогот“, додаде тој. На прашањето како Кремљ гледа на документите, Песков одговори дека не сака да коментира, бидејќи Русија смета дека тоа би можело да ги поткопа разговорите.Трамп задутре ќе се сретне со Зеленски?Американскиот претседател Доналд Трамп задутре во својата резиденција Мар-а-Лаго ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави новинарот Барак Равид од порталот „Аксиос“ на платформата Икс, повикувајќи се на украински претставник.

Свет | пред 1 месец

media-librarypkhgie003kt68DUgg7b

Пецаков: „Охрид со рекорден буџет за инвестиции – нови патишта, инфраструктура и развој на градот“

Едногласно, на денешната Седница на Советот на Општина Охрид, советниците го изгласаа буџетот на Општина Охрид за 2026 година којшто е развоен и е резултат на домаќинското работење на актуелната локална власт.Вкупните приходи на Општина Охрид, предвидени за 2026 година по сите основи изнесуваат 2.375.182.576,oo денари, објави градоначалникот, Кирил Пецаков.За капитални расходи се предвидени 25.354.000,оо денари.За поддршка на локалниот економски развој предвидени се 9.300.000,оо дена а за поттикнување на развојот на туризмот 18.425.490,оо ден.За одржување и користење на паркови и зеленило предвидовме 12.107.307,оо ден.Како и со претходните буџети, така и во овој акцент се става на подобрувањето на патнат инфраструктура па затоа предвидовме реконструкција на локален пат од камп Љубаништа до стационажа, улица Петрино до пресек со ул. Караорман с.Лескоец, патот кој го поврзува с. Велгошти со с. Лескоец, реконструкција на ул. Даме Груев од кружна раскрсница Ј.Сандански со ул. Питу Гули до пресек со бул.Туристичка, реконструкција на дел од ул. „7-ми Ноември“ од кружна крстосница кај Охридска банка, реконструкција на ул. Кленоец и дел од ул. „Петрино“. Исто така предвидено е реконструкција на улици во населба Бараки, локалениот пат за с. Завој, реконструкција на дел од ул. „Партизанска“ населба Охридати, изградба на фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од ул. „Малесија“, „Александар Гушо“, „Т. Дојчиноски“, „Први Мај“, „Ванчо Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“ и нивна реконструкција.Предвиден е проект за мониторинг и управување СКАДА систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС сиситем.Со овој буџет опфатена и е поддршката во образованието, стипендии, поддршка за спортот, како и за спортските и културните манифестации.Охрид не запира повеќе. Продолжуваме со уште понапорна работа за уште поубав Охрид!

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања