Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

IMG_5244

МВР откри низа случаи поврзани со дрога низ државата – поднесени кривични пријави и извршени приведувања

Во повеќе одделни полициски акции спроведени изминатиот период, МВР откри повеќе случаи поврзани со производство, трговија и поседување дрога. Десетици лица се приведени или пријавени, а кај дел од нив се одземени марихуана, хероин и други недозволени супстанци. Следуваат деталите од полицискиот билтен:На 25.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.А.(38) од с.Арнакија, скопско и Ј.Т.(25) од Тетово затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случите ќе следуваат соодветни поднесоци.СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Б.(41) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и семки од растението канабис.СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.З.(22) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 25.08.2025 во двор на основно училиште во с.Банско, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Марихуана е пронајдена и кај уште едно лице, која му ја дал пријавениот.ОВР Валандово поднесе кривична пријава против М.Ј.(53) и Н.Ш.(32), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување со моторно возило“. На 26.07.2025 на влез во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „рено“, управувано од првопријавениот, при што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, а потоа при извршена анализа на урина кај пријавените е констатирано присуство на метаболити од тетрахидроканабиниол.На 25.12.2025 во 17:26 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Скопје е пријaвено дека околу 16:30 часот при извршен претрес во соба кај притворениците Д.Д., Г.С., Р.М. и Х.У. е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydkjegu14u0hh079sDN0

Полицијата се „поднови“ со 120 нови возила, моќните „Peugeot 408“ ќе бидат опремени со најсовремени системи

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваа на промоција на 120 нови службени возила, наменети за потребите на македонската полиција, како дел од континуираните напори за унапредување на материјално-техничките капацитети на Министерството за внатрешни работи.Новите возила ќе бидат распределени во полициските организациски единици низ државата и ќе придонесат за поефикасно извршување на секојдневните полициски задачи, побрза интервенција на терен и зголемено присуство на полицијата таму каде што граѓаните имаат најголема потреба од безбедност.Министерот Тошковски истакна дека ваква набавка за полициски возила е прва после 15 години, се работи за модерни и моќни возила со кои полициските службеници многу поефикасно ќе ги извршуваат своите работни задачи. Тошковски додаде дека оваа набавка претставува јасен показател за заложбата на МВР да создава подобри услови за работа на полициските службеници.„Возилата во рамки на својата техничка опрема ги имаат сите современи технолошки карактеристики да одговорат на сите предизвици како и секојa друга полиција во светот. Во сите возила ќе бидат инсталирани оние најсовремени „Тетра“ системи со потребни информации за полициските службеници на лице место ги извршат сите оние потребни проверки на евиденција, сите оние анализи на податоци  коишто ги имаме во министерството, анализи на прекршочни евиденции и сето останато кое што е потребно за истите бидат ефикасни во рамки на своето работење и, конечно, одговорат на сите оние предизвици со опрема, информација и технологија, каква што има секој една друга европска држава. “, изјави министерот Тошковски.Министерот Тошковски потенцираше дека вредноста на набавката е  202.600.000 со заштедени над 30 милиони денари кои ќе бидат искористени во набавка на друга опрема за полициските службеници и информираше дека возилата имаат обезбедена гаранција од пет години редовен сервис што дополнително ги намалува трошоците за нивното одржување.

Македонија | пред 1 месец

20230227071314

Вработен во Противпожарната бригада Скопје пронајден починат на работно место

На 25.12.2025 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Скопје | пред 1 месец

media-library0avc2lh3eodmcOR5o74

Филипче: „Компаниите веќе затвораат и отпуштаат работнци, следи поголема криза и нови поскапувања во 2026 година

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата,  предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.На брифинот, Филипче потенцираше  дека дополнително и  состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.Во тој контект,  Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да  две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvnabcbgk5h50bTTQIdu

Mozzart со кампања за одговорно обложување: „Секогаш држи се до планот – Одговорната игра е твојата најдобра шанса“

Mozzart ја покрена кампањата за одговорно обложување.„Ајде да зборуваме за одговорноста – колку сме одговорни кон себе и колку сме одговорни кон луѓето што ги сакаме. Одговорноста е привилегија која нè прави победници, не само на теренот, туку и во животот. Постави мерка, почитувај ја, уживај во спортот, но не дозволувај да те повлече во нешто што не е игра. Играј одговорно, биди победник“, порача познатиот водител Димитар Атанасовски.Овие силни пораки од рекламата на Mozzart веднаш го привлекоа вниманието на јавноста. Во кампањата се нагласува дека вистинската победа е во контролата, а не во ризикот, и дека одговорната игра е единствениот пат кон вистинска забава. Целта е да се поттикне јавноста да ја гледа играта како форма на забава, а не како начин за заработка, и да се развие култура на свесно и безбедно обложување.Кампањата пренесува јасни пораки:· Игри на среќа се забава, а не извор на приходи.· Играчите треба да имаат контрола врз времето и парите што ги вложуваат.· Важно е да се постави лимит и да се почитува.· Губитокот е дел од играта – не треба да се надоместува со нови вложувања.Кампањата предупредува дека неконтролираното учество може да доведе до проблеми со здравјето, финансиската стабилност и меѓучовечките односи. Затоа Mozzart ги охрабрува сите играчи да бидат свесни за ризиците и да користат стратегии со низок ризик.Со оваа иницијатива Mozzart ја потврдува својата општествена одговорност и посветеност кон создавање безбедна средина за сите љубители на игрите на среќа. ИНФОРМИРАЈ СЕ во новиот водич на Mozzart, затоа што на крајот од денот единствено е важно дали играш одговорно. И не заборавај – одговорноста е привилегија.Играј одговорно Mozzart.*Пр-објава

Македонија | пред 1 месец

media-libraryppl079kg8atq5iTQamD

(Видео) Катастрофално невреме во Калифорнија: поплави, хаос и три човечки жртви

Обилните дождови што со денови ја погодуваат Калифорнија предизвикаа сериозни поплави, лизгање на земјиштето и повеќе итни интервенции. Според американските власти, во невремето загинале тројца луѓе, а во делови од државата беше прогласена вонредна состојба.Во округот Лос Анџелес паднале и до 27 сантиметри дожд, што доведе до евакуации, прекин на сообраќајот и затворање на главни патишта. Службите за спасување морале да интервенираат за да извлечат луѓе заробени во автомобили и домови погодени од надојдената вода. Националната метеоролошка служба предупреди на ризик од нови поплави и покачени водостоји на реките, бидејќи бурите се очекува да продолжат до петок.Во меѓувреме, гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, прогласи вонредна состојба во повеќе окрузи во јужниот дел на државата. Околу 100 илјади граѓани останаа без електрична енергија.Меѓу жртвите се 64-годишен жител на Сан Диего кој загинал од паднато дрво, 74-годишна личност која настрадала при обид за спасување од поплавено возило во Рединг и жена во седмата деценија од животот, која била однесена од голем бран во океанот во округот Мендосино.Во околината на Сан Франциско беа издадени предупредувања за ненадејни поплави, а на некои места ветерот достигнал и над 160 километри на час. Лизгање на земјиштето беше регистрирано и во планински подрачја погодени од претходни пожари, каде почвата е разлабавена и помалку апсорбира вода.Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, повика жителите да бидат особено внимателни и да избегнуваат непотребни патувања за време на празничниот период, предупредувајќи дека невремето не треба да се потценува.

Свет | пред 1 месец

ginekolog

ФЗО и УЈП казнија 23 гинеколошки ординации: Наплаќале ПАП тест, ЕХО и други услуги што ги покрива Фондот

По бројни претставки од пациентки, Фондот за здравствено осигурување и Управата за јавни приходи спроведоа заеднички контроли во 49 приватни гинеколошки ординации ширум државата. Ова е прва ваква акција од 2012 година, соопшти директорот на ФЗО, Сашо Клековски.Контролата покажа дека речиси половина од проверените установи работеле спротивно на правилата. Вкупно 23 ординации добија санкции — дел поради наплата на услуги кои треба да бидат бесплатни за здравствено осигурените лица, а дел поради неуредно водење евиденција.Како најсериозна неправилност е утврдено наплаќањето на услуги што влегуваат во договорот со Фондот и не смеат да се фактурираат на пациенти — меѓу нив цитолошки и микробиолошки брисеви, ПАП тест, ЕХО и колпоскопија. Таква пракса била констатирана во осум ординации, а кај пет биле утврдени пропусти во документацијата.Паралелно, УЈП утврдила дека 20 приватни гинеколошки установи не издавале фискални сметки. Директорката Елена Петрова апелираше до пациентките секогаш да бараат фискална сметка за извршената услуга.За сите неправилности се изречени глоби и мерки. Контролите се спроведени во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Штип и Струмица, а целта, како што беше нагласено, е пациентките да добиваат услуги согласно законот и договорите со Фондот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Москва не отстапува од Донбас: Путин е отворен за размена на територии надвор од регионот!

Додека САД, Украина и Русија разговорaат за можен мировен договор, од Кремљ доаѓа јасна порака - Донбас мора целосно да премине под контрола на Русија. Само надвор од овој регион Москва би прифатила ограничени територијални компромиси, пишува рускиот „Комерсант“, повикувајќи се на извори кои присуствувале на состанок што Владимир Путин го одржал со водечки бизнисмени во Москва.Според „Комерсант“, Путин бил подготвен да размислува за размена на дел од териториите што моментално ги контролира руската армија, но нагласил дека Донбас е услов без кој Москва нема да прифати конечен договор.Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и Вашингтон се приближуваат до финалната верзија на мировниот план од 20 точки. И покрај напредокот, отворени остануваат прашањата за статусот на Донбас и иднината на нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола.Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати нагласи дека сака да ја заврши војната во Украина и дека неговата администрација паралелно разговара и со Москва и со Киев, како и со европските партнери. Деталите од разговорите сè уште не се целосно објавени.Според руските процени, Москва моментално контролира цел Крим, околу 90 проценти од Донбас и делови од регионите Запорожје и Херсон. Путин веќе изјави дека Киев би морал да се повлече од овие територии и да се откаже од членството во НАТО за да се постигне мировен договор.

Свет | пред 1 месец

111111111111DSC_5033

Помошта за посмртнината се зголемува од 35.000 на 40.000 денари!

За пет илјади денари е зголемен износот на посмртнината што ја добиваат семејствата на починатите корисници на пензија. Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување донесе одлука износот на посмртнината да порасне од досегашните 35.000 на 40.000 денари.Зголемувањето го правдаат со растот на трошоците за погребни услуги и има за цел да обезбеди посериозна финансиска поддршка за семејствата на починатите пензионери.Истовремено, месечната задршка што се одбива од пензиите за финансирање на Солидарниот фонд ќе се зголеми од 140 на 150 денари, со образложение дека со тоа ќе се обезбеди стабилност на системот.Одлуката беше донесена на иницијатива на Регистрираната организација за Солидарниот фонд и ќе важи за сите корисници на пензија кои се распределени во оваа шема.

Македонија | пред 1 месец

klinika-hirurski-kliniki-

Од 1. јануари поскапи и здравствените услуги - специјалистичкки преглед од 380 на 720 денари, за Клековски поскапувањето е „симболично“

По повеќе од десет години непроменети цени, Фондот за здравствено осигурување ќе ги зголеми партиципациите за дел од здравствените услуги во јавните болници. Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, на средба со новинарите објасни дека станува збор за поскапување на основниот специјалистички и интернистички пакет за осигурениците на Фондот.Најзначајната промена се однесува на специјалистичките прегледи — наместо досегашните 380 денари, граѓаните ќе плаќаат 720 денари. Клековски го нарече зголемувањето „симболично“, иако станува збор за речиси двојно повисока партиципација.Поскапуваат и интернистичките услуги. Директорот на ФЗО го претстави зголемувањето преку износи од 40 и 60 денари, но суштината е дека станува збор за зголемување од околу 50 проценти. Со новите цени, Фондот очекува за здравствениот систем да се обезбедат приближно една милијарда денари годишно, односно околу 16 милиони евра дополнителни приходи.Според пресметките на ФЗО, околу 80 проценти од овој прилив ќе завршат во јавните здравствени установи, а остатокот кај приватниот специјалистички сектор. Само од интернистичкиот пакет, ефектот се проценува на околу 340 милиони денари годишно.Клековски најави и дека во текот на следната година позитивната листа на лекови ќе биде проширена трипати, при што приоритет ќе имаат терапиите за кардиоваскуларни заболувања.

Македонија | пред 1 месец

bucava

Аеродром тргнува во офанзива против бучавата – строги контроли и високи казни

Општина Аеродром започнува засилени инспекциски надзори за мерење и санкционирање на прекумерна бучава, со цел да се заштити здравјето и дневниот и ноќниот мир на граѓаните. Според Законот за заштита од бучава во животната средина, забрането е емитирање звук над пропишаните гранични вредности, а општинските инспектори ќе вршат постојани контроли, особено во угостителските и туристичките објекти.Законот јасно пропишува – во станбени згради од 19 до 23 часот не смее да се надмине ниво од 35 dBA, а од 23 до 7 часот границата е 30 dBA. Секое прекршување ќе биде санкционирано, и тоа со значително високи глоби: од 6.000 до 7.000 евра за микротрговци, од 13.000 до 14.000 евра за мали трговци, од 37.000 до 41.000 евра за средни, од 62.000 до 69.000 евра за големи правни субјекти, како и 2.000 евра за трговци поединци.Општината апелира до жителите – доколку сте изложени на прекумерна бучава, пријавете на:inspekcija@aerodrom.gov.mkЦелта, како што нагласуваат од општината, е јасна: ред, почитување на законот и тивка, здрава животна средина. Затоа пораката е недвосмислена — мирот во Аеродром нема цена, но непочитувањето има последици.

Скопје | пред 1 месец

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

Унгарски „МОЛ“ во игра за преземање на НИС – чекор што може да ги симне санкциите на САД

Веќе 77 дена „Нафтената индустрија на Србија“ работи под санкции на американската влада, а излезот од ситуацијата се бара преку продажба на мнозинскиот удел на руските акционери. Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ потврди дека унгарската компанија МОЛ води преговори за преземање на овој пакет, при што и Белград и Будимпешта официјално ги поддржуваат разговорите. Овој потег е еден од клучните услови за можноста санкциите да бидат укинати.Според Ѓедовиќ Хандановиќ, и покрај санкциите, пазарот досега не почувствувал потреси бидејќи државата располага со резерви на дизел, бензин, мазут и керозин. Сепак, таа предупреди дека залихите постепено се трошат, а логистичките капацитети не се доволни за да се увезуваат количини што би ја покриле целосната побарувачка. Затоа, како што наведе, дијалогот со партнерите мора да продолжи.И НИС и МОЛ веќе се обратиле до американската Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC), која одлучува за режимот на санкциите. Откако и руската страна даде поддршка преговорите да продолжат, српската влада ќе ја поддржи иницијативата и пред американските институции. Министерката порача дека следниот чекор е OFAC да одлучи за лиценцата за работа на НИС и за понатамошниот статус на компанијата.Истовремено, таа уверува дека снабдувањето со гас е стабилно и дека резервите се полни, со важечки договор со Русија до крајот на март. Целта, како што рече, е граѓаните да имаат сигурно и што е можно поекономично снабдување, особено во деновите кога потрошувачката достигнува и до 17 милиони кубни метри дневно.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

Трамп: Наредив воздушни удари против ИСИС во Нигерија за заштита на христијаните

Дел од кампoвите на Исламска држава во северозападна Нигерија беа мета на американски воздушни напади изведени во координација со нигериските власти, соопшти Африканската команда на САД (AFRICOM). Според првичните процени, во операцијата, изведена во државата Сокото, биле убиени повеќе припадници на терористичката организација.Нападите уследија по растечкиот притисок од Вашингтон во врска со нападите врз христијански заедници во земјата. Американскиот претседател Доналд Трамп во порака на Truth Social наведе дека токму поради тие напади наредил да се дејствува против огранокот на ИСИС, за кој неговата администрација смета дека стои зад прогонството на христијаните во регионот.Во Нигерија, претседателот Бола Тинубу — во својата божиќна порака — повика на религиска толеранција и истакна дека државата останува посветена на заштитата на сите граѓани, без оглед на нивната верска или етничка припадност. Министерството за надворешни работи потврди дека соработувало со САД во операцијата.Нигерија со години се соочува со сложени безбедносни предизвици — од верски мотивирани напади, до комунални и етнички судири и конфликти околу пристапот до ресурси. Експертите предупредуваат дека и христијанските и муслиманските заедници биле жртви на екстремистички групи.Прашањето за безбедноста на христијаните во Нигерија е долго време истакната тема во американските конзервативни кругови. Некои блиски сојузници на Трамп повикуваат на поактивна американска улога, тврдејќи дека нигериските власти не прават доволно за спречување на нападите.Иако Трамп често се повикува на ограничување на американските воени интервенции во странство, откако се врати на власт нареди неколку значајни операции — меѓу кои и дејствувања поврзани со Иран и Венецуела.

Свет | пред 1 месец

media-libraryg1ecsmf3o1an2Z7peXD

(Видео) Си донеле душеци и влечки во Министерство, по масите цигари со пластични чаши за отпад: Избркани лица од ДУИ

Вицепремиерот во Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ објави видео во кое се гледа во каква состојба е претворена канцеларија во Министерството за односи меѓу заедниците.„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, напиша тој.Оваа објава на Стоилковиќ следи откако денеска опозициската ДИИ обвини за дискриминација во Министерството за односи меѓу заедниците, бидејќи вчера од оваа институција се отпуштени седуммина Албанци.„Во услови кога на вработените им се одземаат најосновните елементи за работа, како функционални канцеларии, столчиња, техничка опрема и конкретни задачи, секоја таква мерка е административна фарса и доказ за однапред смислена дискриминаторска намера“,се вели во соопштението од ДУИ.

Настани | пред 1 месец

pozar-usje

За првпат цел Совет на Град Скопје сложен за УСЈЕ да се дислоцира надвор од Скопје; Компанијата со реакција: работиме согласно сите стандарди

Советниците од Град Скопје едногласно изгласаа заклучок дека цементарница „УСЈЕ“ треба да се дислоцира од Кисела Вода, односно градска средина. По маратонска седница што траеше 13 часа, едногласно беше поддржана иницијативата на „Зелен хуман град“ (ЗХГ) за започнување постапка за дислокација на фабриката „УСЈЕ“ надвор од Скопје.Со донесените заклучоци, Градот се обврзува активно да го следи целиот процес, а институциите да одговорат дали индустриските капацитети ги почитуваат еколошките стандарди и закони.Во усвоената иницијатива се предвидува:Град Скопје да поднесе официјално барање до Министерството за животна средина за целосна проверка на работењето на „УСЈЕ“ и останатите големи загадувачи, со утврдување дали ги исполнуваат условите од нивните дозволи и важечката регулатива. Министерството е задолжено во најкус можен рок да ги достави резултатите.Паралелно, од Државниот инспекторат за животна средина се бара да спроведе низа ненајавени, вонредни инспекциски надзори. Целта е да се утврди реалната состојба на терен, почитувањето на лимитите на емисии и примената на заштитни мерки за здравјето на граѓаните.Општина Кисела Вода, врз основа на наодите од инспекциските и институционалните извештаи, ќе мора особено внимателно да постапува при креирање на идните детални урбанистички планови и другите плански документи. Истата обврска важи и за останатите скопски општини и за Градот Скопје, со цел да се обезбеди усогласено и одржливо планирање.Дополнително, градоначалникот на Град Скопје ќе побара од Владата да отвори постапка за дислокација на „УСЈЕ“ — како и на другите големи индустриски капацитети — на локации надвор од скопската котлина, согласно Законот за животна средина и Просторниот план.Заклучокот ќе биде доставен до Владата, Министерството за животна средина, Државниот инспекторат и сите општини во градот.Од ЗХГ порачаа дека ова е историски момент за Скопје и најавија дека ќе го следат секој чекор од процесот, за како што велат — здравјето на граѓаните да стане приоритет број еден.Според компанијата, пак, нападот е неоснован, бидејќи, како што соопштија, работат согласно сите стандарди и не ги надминуваат законски дозволените лимити:Ова е интегралното соопштение од ТИТАН Усје:Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во ТИТАН Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија.Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се невистинити и не се засноваат на факти и на научни податоци. За жал, и овој пат компанијата се користи како изговор за неосновани напади, иако реалните, научни и мерливи факти јасно укажуваат дека причините за загадувањето треба да се бараат на друго место.Научните истражувања, направени од независни домашни и странски експерти, покажуваат дека квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопската котлина е под силно влијание на метеоролошките услови (струење на воздух, висока влажност, температурна инверзија и сл.), а од антропогените фактори влијанијата од индустријата имаат помало влијание од затоплувањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено.Работата на ТИТАН Усје е континуирано контролирана од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Последниот увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина, институција која е надлежна за сите инсталации со А - Интегрирана еколошка дозвола, беше извршен на 18 декември 2025 година, при што инспекцијата повторно утврди дека нема отстапувања од законски дозволените лимити. Исто така, на 18 ноември годинава во ноќните часови имаше ненајавен инспекциски увид од страна на оваа институција и тогаш беше констатирано дека сите вредности се во законски дозволените рамки.Иако многу пати сме ги изнеле фактите, во интерес на јавноста ќе потсетиме дека:• Споредбените податоци јасно и недвосмислено укажуваат дека лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во Скопје нема корелација со работата на компанијата. Имено, во дел од зимските месеци, кога амбиенталниот воздух во градот е со најлош квалитет, компанијата ги врши редовните годишни ремонти на печките и тие се исклучени. Обратно, во летните месеци, кога печките работат со полн капацитет, амбиенталниот воздух во градот е со најмало загадување. Резултатите од мерењата го потврдуваат овој факт.• Сите досегашни јавно достапни научни истражувања и студии покажуваат дека индустријата не е меѓу главните причинители на лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во Скопје. Потврда на тоа е и фактот дека загаденоста во овој период е голема и во други градови во земјата, каде што нема индустрија.• ТИТАН Усје поседува А - Интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Согласно оваа дозвола, УСЈЕ има обврска да врши 24-часовен мониторинг на издувните гасови, согласно европските стандарди кои се транспонирани во националното законодавство. За таа цел, на сите точки кои се точно утврдени од надлежните институции, имаме инсталирано систем за мерење од германскиот производител SICK, кој е редовно калибриран и контролиран од овластени независни надворешни компании. Сите мерења континуирано покажуваат дека не се надминуваат законски определените Гранични Вредности на Емисии (ГВЕ), а кај дел, вредностите се неколкукратно пониски од законски дозволените лимити – на пример, кај вкупната прашина најчесто три до пет пати, а кај SO2 и неколку десетици пати пониски од дозволените.• На истите емисиони точки се прават и дополнителни контролни мерења што ги вршат независни лаборатории, а резултатите од овие мерења исто така потврдуваат дека нема отстапки од законски дозволените лимити.• ТИТАН Усје е современ индустриски капацитет со високо ефикасен, комплексен систем на филтрирање, каде во секој филтер има по 2000 вреќи кои ја запираат прашината, која потоа се враќа во производниот процес и станува составен дел од финалниот производ.• Целосно се неточни тврдењата дека компанијата ги исклучува филтрите. Филтрите се неразделив дел од производната линија, односно кога работат печките, задолжително работат и филтрите.ТИТАН Усје ќе продолжи да работи согласно законските норми, со одговорен и транспарентен однос кон сите засегнати страни. Сите заинтересирани приватни и правни лица можат да дојдат и да ја посетат компанијата, но и да побараат дополнителни информации за нашата работа, технологија и мерките што се користат за да се обезбеди ефикасна заштита на животната средина.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryvc74dbrkinjrcKieKXn

Сиљановска пред пратениците: Кочани ја доведе државата на ѕидот на срамот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го имаше своето редовно годишно обраќање пред пратениците.Иако ветуваше дека нема да го лека новогодишното обраќање за да и ги соопшти своите ставови на јавноста од собраниската говорница, сепак и оваа година го чекаше декември и празниците.А обеаќањето и беше едно од најдолгите од сите претседатели, говореше за се повеќе од еден час. Ги нотираше и трагедијата во Кочани, состојбата во правосудството, евроинтеграцијата, но изнесе ставови и за стопанството, енергетиката па дури и за дрвокрадците.,,Потребна е политичка волја, наша и на Унијата за да продолжат преговорите.Ние сме предложиле повеќе политички решенија, а ЕУ треба да избере едно од нив или да најде решение самата. Ако можеше да го направи тоа за Украина, може и за нашата држава“, рече претседателката.Говорејќи за трагедијата во Кочани, таа истакн дека сите ќе ја носиме траумата, а со пожарот во кој загинаа 63 лица, на површина излегоа стихијното одлучување недостигот на системска култура и неказнивост.,,Кочани не доведе до ѕидот на срамот. Трагедијаа не беше само несреќен случај, туку резултат на системски пропусти, корупција и институционална неодговорност кои државата ја доведо до ѕидот на срамот”, рече Давкова.Претседателката побара од политичките партии и политичарите да ги прекинат препукувањата на дневна основа на сметка на Кочани. Со овој судски процес, посочи ќе се види дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата кај граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7fdh1al4m3pq8TY7k0E

Филипче: Поддршката на претседателката за Владата ја носи Македонија во изолација и продлабочување на кризата

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска остро ја критикуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, оценувајќи дека со своите ставови и јавни настапи таа ѝ дала поддршка на, како што рече, најкорумпираната влада во историјата на државата и ја насочува земјата кон меѓународна изолација.Во изјава за медиумите, Филипче изрази жалење што претседателката, според него, не застанала на страната на мнозинството граѓани кои ја поддржуваат европската интеграција на државата, туку, како што оцени, избрала да ја поддржи актуелната влада и нејзините политики.Според Филипче, со ваквата позиција се потврдуваат предупредувањата на СДСМ дека европската перспектива на земјата е доведена во прашање, реформскиот процес е запрен, а државата се соочува со ризик од сериозна политичка и економска криза.Тој особено ги критикуваше најавените законски решенија во правосудството, оценувајќи дека тие не претставуваат суштински реформи, туку, како што рече, водат кон дополнителна партизација на судството и обвинителството, со поставување партиски кадри и продолжување на коруптивните практики.Филипче предупреди и на економските последици, посочувајќи дека граѓаните ќе се соочат со раст на трошоците за живот, поради најавеното поскапување на електричната енергија, што, според него, ќе повлече поскапување и на другите производи и услуги.Во однос на платите, тој оцени дека нема напредок во преговорите меѓу Владата и синдикатите во рамки на Социјалниот совет и дека, како што рече, нема изгледи за зголемување на платите ниту во приватниот, ниту во јавниот сектор, вклучително и во образованието и здравството.Филипче изрази загриженост и за состојбата со државниот буџет, наведувајќи дека, според проценките на СДСМ, постои финансиска дупка од околу една милијарда евра, која, како што тврди, ќе се надоместува со нови задолжувања во наредниот период.Тој се осврна и на состојбата во земјоделството, обвинувајќи дека поради коруптивни практики се изгубени повеќе од 100 милиони евра од ИПАРД програмата, што, според него, директно ги погодува земјоделците и нивните семејства.На крајот, претседателот на СДСМ оцени дека земјата се соочува со сериозни ризици од економска нестабилност, изолација и иселување на младите, додавајќи дека ваквиот развој, според него, е резултат на политиките на актуелната власт и поддршката што, како што рече, ја добива од претседателката.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytttisslh76oaeG0oMnc

Mozzart во 2025: Година во знакот на хуманост

На крајот од 2025 година, компанијата Mozzart повторно ја потврди својата мисија – да биде таму каде што е најпотребно. Со дела што носат надеж, радост и иднина, Mozzart ја испиша оваа година како вистинска приказна за хуманост.Годината започна со блескавата победа на младата шампионка во боречки вештини Даниела Алекосовска, која со златото ја претстави Македонија на најубав начин. Паралелно, кампањата „Ги поддржуваме ретките болести“ донесе надеж и охрабрување за семејствата кои секојдневно се борат со големи предизвици.Вработените во Mozzart со еко акции засадија нов живот на изгорените површини и ја вратија убавината на излетничкото место Кучково. Секоја засадена гранка беше симбол на надеж, секој исчистен простор – симбол на заедништво.Годината ја обележа изградбата на три мини пич терени во Охрид, Велес и Свети Николе, кои донесоа радост кај младите спортисти. Секој терен носи име на македонски фудбалски херој, Гоце Толески, Панче Ќумбев и Бобан Бабунски, и претставува место каде соништата стануваат гол.Mozzart ја покажа својата хуманост и во најчувствителната област – здравството. На Клиниката за детски болести беше целосно опремена нова соба за физикална терапија за децата со цистична фиброза. Болницата „Борка Талевски“ во Прилеп доби апарат за преглед на мозок кај новороденчиња.Болницата во Битола беше опремена со нови медицински инструменти, а најголемата донација која ја заокружи годината беше во Болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде е дониран специјален апарат – борер со приклучоци за операционата сала, големи и значајни донации што носат живот и надеж.Со поддршка и учество на OCR трката и тим од осум натпреварувачи, Mozzart уште еднаш покажа дека спортот е сила што обединува и инспирира.Секоја акција, секоја донација и секој проект ја потврдуваат визијата: да се биде таму каде што е најпотребно.Со големи дела и искрена хуманост, Mozzart ја завршува 2025 година – и со истата сила, со истата љубов, чекори во новата 2026 година, подготвена за уште повеќе добрини и победи.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypttrn4til086cc9x41v

Пресуда на 29 декември за Фатон Љури кој го прегази чичко Југо: Заврши судењето трагичната сообраќајка на кејот на Вардар

Со завршните зборови на обвинителството и одбраната, денеска во Основен кривичен суд Скопје беше затворена главната расправа во предметот против 25-годишниот Фатон Љури, обвинет за смртта на пензионерот Југослав Николовски, кој беше прегазен на пешачката патека на кејот на Вардар. Судот најави дека пресудата ќе ја објави на 29 декември.Обвинителството го товари Љури дека на 1 јули годинава управувал мотоцикл „Кавасаки“ без возачка дозвола, движејќи се по пешачка патека со брзина од околу 35 километри на час, при што го удрил 68-годишниот Николовски и потоа го напуштил местото на несреќата. Повредениот подоцна им подлегнал на повредите.На денешното рочиште, одбраната достави дополнителни докази – медицинска документација, лабораториски анализи и радиолошки извештај од 12 декември 2025 година. Адвокатот Гоце Ристески наведе дека документите се обезбедени со дозвола на судот и доставени преку Затвор Скопје.По нивното разгледување, обвинителката Маја Џабирева Велков оцени дека доказите не се спорни.„Документацијата произлегува од главната расправа од 12 декември, кога обвинетиот не се чувствуваше добро. Таа не е спорна ниту за обвинителството, ниту за судот“, рече обвинителката.Во завршниот збор, Џабирева Велков нагласи дека се работи за тешко кривично дело со висок степен на вина и општествена опасност и побара судот да изрече казна согласно закон.„Обвинетиот е свесен за стореното и даде признание. Казната треба да обезбеди правична сатисфакција за загубениот живот, да влијае превентивно и да испрати јасна порака дека ваквото несовесно и незаконско однесување нема да се толерира“, истакна таа.Обвинителката додаде дека судската одлука мора да го земе предвид јавниот интерес и заштитата на човечкиот живот, посочувајќи дека сообраќајните незгоди со смртни последици се сѐ почести, особено во Скопје.Таа се осврна и на последиците што трагедијата ги оставила врз семејството на починатиот, нагласувајќи ја длабоката и ненадоместлива загуба за сопругата и двете ќерки, како и фактот дека една од ќерките по несреќата го загубила своето бебе во третиот месец од бременоста.Одбраната, пак, побара судот да ги цени олеснителните околности поврзани со личните и семејните прилики на обвинетиот. Адвокатот Ристески наведе дека Љури живее во вонбрачна заедница и дека неговата партнерка претходно изгубила брат во сообраќајна несреќа, по што, како што рече, доживеала сериозни психички последици.Тој се повика и на психијатриско вештачење од 10 декември, кое, според одбраната, потврдува тешко нарушување на психичката состојба на партнерката на обвинетиот по настанот.Во заклучок, бранителот нагласи дека обвинетиот изразил искрено жалење и потсети дека, според досегашната судска пракса, за вакви кривични дела најчесто се изрекуваат затворски казни во распон од три и пол до пет години.Љури е обвинет за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице во сообраќајна незгода.

Скопје | пред 2 месеци

Нема фотографија

МВР воведува централен дигитален систем за вработените: набавка од 380 илјади евра

Министерството за внатрешни работи склучи договор вреден околу 380 илјади евра за нов интегриран информатички систем за плати, човечки ресурси и материјално-финансиско работење, покажуваат податоците објавени на страницата на Бирото за јавни набавки. Договорот е склучен со АСЕЕ ДООЕЛ, а рокот за испорака на софтверот, опремата и миграцијата на постоечките податоци е најмногу шест месеци.Плаќањето ќе се врши на 30 месечни рати од по 663 илјади денари.Новото софтверско решение ќе овозможи централизирано електронско досие за секој вработен во Министерство за внатрешни работи, со податоци за личен профил, работен статус, образование, безбедносни сертификати, распоредувања, унапредувања, боледувања, одземање службено оружје, годишни одмори и дисциплински постапки.Системот ќе ги евидентира и платите, бонусите, додатоците, јубилејните награди, како и сите други исплати кон вработените, а ќе овозможи и целосна евиденција за договори за јавни набавки, нивна реализација, платен промет, благајничко и сметководствено работење.Во делот на човечките ресурси, ќе се води детална историја за обуки, награди, судски и вонсудски предмети, службени патувања, како и база на лица кои изразиле интерес за вработување во МВР. Ќе постои и функционалност за интерни огласи и управување со систематизацијата на работните места, со автоматски аларми доколку се прават неусогласени распореди.Дополнително, системот ќе овозможи напредно пребарување и генерирање извештаи по различни основи – по работно место, образование, стаж, пол, етничка припадност, место на живеење, отсуства, пензионирања и други параметри релевантни за кадровото планирање.Во техничката спецификација е наведено дека системот мора целосно да ги почитува законските одредби за заштита на личните податоци. Физичко бришење на податоци нема да биде дозволено за обичните корисници, а сите интервенции ќе се евидентираат во безбедносни логови. Предвиден е и резервен систем за заштита на податоците во случај на хаварија.По пуштањето на системот во употреба, изведувачот е обврзан да обезбеди обука за вработените во МВР и да подготви упатства за користење на новото решение.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Државјанин на Косово направил судар во Скопје со автобус на ЈСП, па избегал, полицијата го уапси на Блаце

На 22.12.2025 во 15:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.С.(65) од Косово.Тој се сомничи дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје учествувал во сообраќајна незгода со автобус на ЈСП, по што со неговото возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, го напуштил местото на настанот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 месеци

policija-2457

Двајца велешани краделе бакар и месинг, полицијата ги уапси

На 22.12.2025 полициски службеници од СВР Велес и Полициската станица Градско ги лишија од слобода Е.З.(19) и С.М.(47), двајцата од Велес.Тие се сомничат дека во периодот од октомври до декември 2025 година, во три наврати на место викано „Винце“, велешко, од плац на правно лице одзеле различни бакарни и предмети од месинг. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Е.З. и С.М. се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarye1qqus1gjcrl5SBGcwC

СДСМ: Нема пари за зголемување на минималната плата, Владата најавува доаѓање на „економски работници“

Опозициската Социјалдемократски сојуз на Македонија оцени дека актуелната влада нема капацитет да обезбеди зголемување на минималната плата, ниту дополнителна финансиска поддршка за земјоделците и пензионерите.На денешната прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, изјави дека, според партијата, граѓаните треба да се подготват за период без раст на платите и пензиите, поради, како што наведе, недостиг на средства во државниот буџет.Според нејзините тврдења, Владата планира ангажман на таканаречени „економски работници“, за кои државата ќе има обврска да обезбеди плати, сместување и осигурување, без разлика дали ќе има реална работна ангажираност. Таа се повика на информации објавени во британски медиуми, во кои, како што рече, се наведува дека таквите обврски произлегуваат од меѓудржавен договор.Цветановски нагласи дека, според ставот на СДСМ, токму овие обврски се една од причините поради кои, како што тврдат, нема средства за зголемување на платите на домашните работници и за повисоки пензии.Во тој контекст, од СДСМ го поврзаа ангажманот на „економските работници“ со измените на Законот за странци, за кои наведуваат дека ги олеснуваат процедурите за влез, престој и работа на странски државјани, го продолжуваат времетраењето на дозволите и создаваат правна рамка за нивно подолгорочно задржување во земјава, особено во случај на ангажман преку таканаречени „стратешки партнери“.Опозициската партија исто така изнесе тврдења дека во државниот буџет, како што наведуваат, недостигаат околу една милијарда евра и оцени дека Владата не покажува доволна грижа за животниот стандард на граѓаните, додека, според нив, има средства за реализација на јавни набавки кои ги оценуваат како спорни.

Македонија | пред 2 месеци

struja

РКЕ ја пресече дилемата и ја соопшти цената на струјата: Сметките ќе бидат повисоки и за најштедливите домаќинства

И домаќинствата со најниска потрошувачка на електрична енергија од јануари ќе плаќаат повисоки сметки, иако зголемувањето ќе биде ограничено на неколку десетици денари. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цената на струјата се коригира нагоре во сите потрошувачки блокови.Според одлуката, која ќе се применува од 1 јануари 2026 година, поскапувањето се движи од 2,45 до 3,84 отсто, во зависност од тоа во кој блок спаѓа потрошувачката. Цената на евтината струја, исто така, ќе биде повисока за 2,5 отсто.Корекциите по блокови изнесуваат:– прв блок: зголемување од 2,45 отсто– втор блок: 2,87 отсто– трет блок: 3,32 отсто– четврт блок: 3,84 отстоИ покрај претходното намалување на мрежарината за 4,96 отсто, надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат.Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, појасни дека кај домаќинствата кои трошат најмалку, ефектот ќе биде ограничен.„Ако домаќинството остане во првиот блок, со потрошувачка од околу 210 киловат-часови скапа струја и 227 киловат-часови евтина струја, сметката ќе биде повисока за околу 57 денари“, изјави Бислимовски.Кај оние кои ќе ја надминат границата на првиот блок и ќе влезат и во вториот, со дополнителни околу 420 киловат-часови, зголемувањето ќе изнесува приближно 70 денари месечно.Од РКЕ нагласуваат дека блок-тарифниот модел останува непроменет, со цел да се заштитат домаќинствата со пониска потрошувачка, додека повисоките трошоци и натаму ќе значат и повисока цена на струјата.

Македонија | пред 2 месеци

ucenici

Нема предвремено распуштање поради загадувањето: Наставата продолжува до крајот на месецот, порача Јаневска

Наставата во основните и средните училишта ќе се одвива до крајот на месецов, по што учениците ќе заминат на редовен зимски распуст. Министерството за образование и наука не размислува за предвремено завршување на првото полугодие поради загадениот воздух, изјави денеска министерката Весна Јаневска.Одговарајќи на новинарско прашање дали поради актуелното аерозагадување се разгледува можноста за порано распуштање во учебната 2025/2026 година, Јаневска рече дека до почетокот на распустот остануваат уште неколку наставни денови и дека во моментов нема информации дека здравјето на учениците е загрозено.Таа нагласи дека, доколку од здравствени причини учениците отсуствуваат ден или два од настава, тоа не претставува проблем, но оцени дека треба да се прекине практиката од минатото кога, како што рече, од различни причини се скратувале учебните денови.„Жал ми е што морам да направам една груба споредба, но во некои европски земји децата и кога имаат грип, и во градинките и во училиштата, одат на настава сè додека нивното здравје не е загрозено. Ова го велам поради коментарите дека нашите деца многу учат и се преоптоварени. Не, не се. Доколку здравјето им е во прашање, секако дека лекарите и родителите ќе одлучат за тоа, но ако не станува збор за ништо сериозно, не е проблем да отсуствуваат ден-два“, изјави Јаневска.Таа додаде дека вистински проблем би било повторно воведување на практиките од минатото, кога, како што рече, учебните денови се скратувале за учениците да одат на поевтини одмори, да се подготвуваат за писмени работи или од други причини што немаат врска со здравјето.„Овие негативни појави полека треба да почнеме да ги отстрануваме. Но секогаш ќе одлучуваме во корист на здравјето на учениците. Во овој момент немаме информации дека нивното здравје е загрозено“, нагласи министерката.

Магазин | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања