Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Анита Буховски

gaza-palestina-zname

Западни држави ја признаа Палестина – Израел со остар одговор

Четири западни држави – Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија – формално ја признаа палестинската држава, чекор кој произлезе од длабокото незадоволство од војната во Газа и е насочен кон поддршка на решението со две држави. Ова усогласување со повеќе од 140 земји предизвика бурна реакција од Израел.Одлуката на Лондон има дополнителна симболика поради историската улога на Британија во создавањето на современ Израел по Втората светска војна. „Денес, за да ја обновиме надежта за мир, Обединетото Кралство ја признава Државата Палестина“, изјави премиерот Кир Стармер, додавајќи дека хуманитарната катастрофа во Газа е „неподнослива“.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди потегот, предупредувајќи дека „се наградува тероризмот“ по масакрот на 7 октомври 2023 година, кога Хамас уби 1.200 Израелци и зеде над 250 заложници. „Палестинска држава нема да се воспостави западно од реката Јордан“, изјави тој.Во изминатите речиси две години на израелската офанзива во Газа, според локалните власти, загинале над 65.000 Палестинци, повеќето цивили, со масовно раселување и глад како последица.Хамас го поздрави признавањето, но повика на конкретни чекори за прекин на војната. Палестинскиот претседател Махмуд Абас нагласи дека одлуката ќе овозможи Палестина да постои „рамо до рамо со Израел во мир и безбедност“.Канадскиот премиер Марк Карни потенцира дека признавањето не е легитимирање на тероризмот, туку поддршка на оние што сакаат мир. Португалскиот шеф на дипломатијата, Пауло Рангел, истакна дека решението со две држави е „единствен пат кон праведен мир“, а итно е потребен прекин на огнот.Во САД, најблискиот сојузник на Израел, засега нема официјален став, иако претседателот Доналд Трамп претходно јасно се изјасни против вакво признавање.Израелскиот министер за безбедност, Итамар Бен-Гвир, најави иницијатива за примена на израелски суверенитет на делови од Западниот Брег – чекор што би значел де факто анексија на територија освоена во 1967 година.

Свет | пред 5 месеци

media-library41d15smmt0m2a9nN10C

(Видео) Вооружена пресметка пред болницата во Прилеп!

Пред прилепската болница две поголеми групи, со огнено и ладно оружје сакале да се пресметаат меѓу себе, објави порталот „Маркукуле“.Врие од претставници на МВР пред болница - неофицијално две поголеми групи наоружани со огнено и ладно оружје сакале да се пресметаат меѓу себе.Видеото погледнете го тука.МВР најави дека ќе соопшти детали.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

Бруталност во Карбинци: 73-годишник претепал дете, со тешки повреди пренесено е во болница

Во селото Радање, 73-годишен маж брутално нападнал 15-годишно дете кое со повреди завршило во болница – СВР Штип поднесе кривична пријава за „насилство врз дете“.СВР Штип поднесе кривична пријава М.С.(73) од с.Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „насилство врз дете“.Пријавениот физички го нападнал 15-годишното дете и му нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Македонија | пред 5 месеци

diela1

Инцидент во албанскиот парламент: опозицијата со шишиња против виртуелната „министерка“ Диела

Албанскиот парламент во саботата попладне беше сцена на хаотични настани откако премиерот Еди Рама ја претстави Diella – виртуелната „министерка“ создадена со вештачка интелигенција, која ќе биде задолжена за надзор на јавните набавки и борба против корупцијата. Опозициските пратеници реагираа бурно, фрлајќи шишиња и документи кон премиерот, обвинувајќи го проектот дека е неуставен и „политичка фарса“.Што претставува DiellaDiella е ВИ-систем изработен во соработка меѓу Microsoft и Националната агенција за дигитално општество на Албанија. Таа ја презема функцијата „министерка за јавни набавки“, иако не е физичка личност, со цел да ги направи тендерите целосно транспарентни и заштитени од корупција. Претходно, Diella беше виртуелен асистент на платформата e-Albania, каде им помагаше на граѓаните со административни услуги.Критики и протест на опозицијатаОпозицијата го нарече воведувањето на Diella неуставно и го оцени како обид на владата да го одврати вниманието од корупцијата. Најостриот инцидент се случи кога опозициските пратеници повикаа на бојкот и одбивање на презентацијата. Заседанието беше прекинато по само 25 минути расправа, но и покрај тоа, владината програма доби поддршка во парламентот.

Балкан | пред 5 месеци

kumanovo-bolnica_4

Затруени со храна учесници на семинар во Куманово - развиле температура до 41, повраќање и треска

Центарот за јавно здравје Куманово (ЦЈЗ) соопшти дека вчера е пријавена епидемија на труење со храна кај шест лица кои присуствувале на семинар-обука на 11 септември во ресторан во Куманово.Од вкупно 36 учесници на семинарот, шест лица развиле симптоми на труење  со храна – повраќање, дијареја, треска, температура до 41 степен, болки и грчеви во стомак. Двајца од нив се хоспитализирани, тројца се на дневна болница, а еден е на домашно лекување.-Одделението за епидемиологија при ЦЈЗ Куманово вчера пријави епидемија на „алиментарна токсоинфекција“ за шест пријавени - заболени со знаци на труење со храна од вкупно 36 експонирани лица. Се работи за учесници на семинар-обука организирана од една фирма во еден ресторан во Куманово. По консумирање на храната во надворешниот простор на гостилницата во вечерните часови на 11-ти септември годинава, заболените симптомите на труење со храна ги развивале по четири, па сè до 16 часа со обилни повраќања, зачестени столици на секои 10, 15 или 20 минути, малаксаност, температура до 41 степен, треска, болки и грчеви во стомак, главоболка, соопштија од ЦЈЗ Куманово.Епидемиолог на ЦЈЗ Куманово и подрачните единици Куманово на ДСЗИ и АХВ на 15-септември, годинава по добивање на првите пријави за заболени со знаци на труење со храна направиле координиран надзор во гостилницата и зеле брисови и мостри храна за микробиолошко испитување.-Преземени се сите хигиено-епидемиолошки соодветни противепидемиски мерки. Објектот е затворен до добивање на негативни резултати на испитуваните материјали, соопштија од ЦЈЗ Куманово.Епидемиолошката состојба се следи.

Македонија | пред 5 месеци

pozar-helikopter-

Среде најголемите пожари, 400 пожарникари оставени без плата, обвини СДСМ

СДСМ денеска обвини дека повеќе од 400 пожарникари, ангажирани преку општините со месечен надоместок од 24 илјади денари, сè уште не добиле ниту една плата. На прес-конференција портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, истакна дека луѓето кои биле селектирани и вклучени во август останале без примања до 17 септември.Според Кузеска, информациите кои стигнале до СДСМ од различни општини укажуваат дека исплатите се блокирани поради изборниот процес, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање“.„Ова значи дека Владата ги излажала овие млади луѓе и граѓаните. Им ветиле ангажман, обуки и трајни вработувања, а потоа ги оставиле без денар, а граѓаните без потребна заштита,“ изјави таа.Кузеска го повика премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали овие информации се точни и кој ќе ја преземе одговорноста.„Во време на пожари и еколошки катастрофи, наместо зајакнување на системот за заштита и спасување, добивме евтин ПР. Изгоре 20 отсто од територијата, депониите се палат, граѓаните се гушат. Кој ќе одговара за оваа катастрофа?“ рече Кузеска.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryik1emasjkp7u3aFIyaV

Последната желба на Роберт Редфорд

Холивудската икона Роберт Редфорд почина во вторникот, а сега се откриени и деталите за неговата последна желба.Ѕвездата на филмот „Моја Африка“, кој почина во сон во својот дом, „оставил посебни упатства за едноставна погребна церемонија само за семејството“, се наведува. Неговиот претставник потврди дека церемонијата ќе биде тивка и приватна.„Без црвени теписи. Без камери. Без холивудски циркус. Семејството бара приватност“, стои во соопштението. Сопругата на Редфорд, Сибил, ќерките Шона и Ејми и седумте внуци „ќе се соберат во планините на Јута на скромна служба за да се простат од саканиот сопруг, татко и дедо“.Почесен гест од семејството на Пол ЊуманПо веста за смртта, семејството на неговиот голем пријател и колега, Пол Њуман, му оддаде почит. Холивудските легенди заедно глумеа во класиците „Буч Касиди и Санденс Кид“ и „The Sting“, а ќерката на Њуман, Нел, нивниот однос го опиша како „филмско пријателство што прерасна во вистинско пријателство“.За „People“ таа изјави: „Имаа два одлични филма заедно и тоа беше навистина силна врска. Мислам дека тоа ги зближи.“Нел се присети и дека Редфорд бил „добро влијание“ врз нејзиниот татко, кој почина во 2008 година, поттикнувајќи го неговиот интерес за прашања поврзани со заштитата на животната средина.Меѓу многубројните колеги кои се простија од Редфорд беше и Леонардо Ди Каприо, кој го нарече „апсолутна легенда“ на филмската индустрија.„Многу тажна вест, многу тажен ден. Загубивме апсолутна легенда во нашата индустрија“, рече Ди Каприо на лондонската премиера на неговиот нов филм.„Му се восхитувам не само поради неговата работа како актер, туку и како режисер. Тој го постави темелот за политичките трилери, со филмовите Сите луѓе на претседателот и Трите дена на Кондорот.

Магазин | пред 5 месеци

rosica

(Видео) „Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите

Трагичниот случај во Велес, во кој беа убиени Росица и нејзиниот татко, повторно ја отвори темата за потребата од посилна заштита на жртвите на семејно насилство. На денешната прес-конференција во Скопје, Либерално-демократската партија (ЛДП) побара итно усвојување на законските измени за воведување на електронски нараквици за насилниците.Членката на Извршниот одбор на ЛДП, Цветанка Геговска, посочи дека доколку измените предложени од пратеничката Моника Зајкова биле изгласани во април, сторителот ќе носел електронска нараквица и трагедијата можела да биде спречена.„Овој уред ја предупредува жртвата кога насилникот е на оддалеченост помала од 100 метри. Со тоа би се зголемил степенот на заштита и би се намалила можноста за повторно изложување на насилство,“ изјави Геговска.Од ЛДП порачаа дека измените се системска мерка за подобрување на механизмите за заштита и апелираа пратениците, независно од партиска или етничка припадност, да дадат поддршка во Собранието.„Граѓаните ги избраа своите претставници за да носат одлуки кои ќе го подобрат секојдневието. Нека трагедијата на Росица биде последна,“ нагласи Геговска.

Македонија | пред 5 месеци

media-library7qe988vfjftr21quKOM

Северна Кореја претстави огромни воени дронови – Ким Џонг Ун: ВИ е приоритет за модернизација на армијата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека употребата на вештачка интелигенција е „најголем приоритет“ во модернизацијата на сè пософистицираното оружје на земјата и во развојот на дроновите, пренесе државната агенција KCNA.За време на вчерашната посета на комплекс за беспилотни летала во Пјонгјанг, Ким присуствувал на тестирање на повеќенаменски дронови и извидувачки летала. KCNA објави и фотографии од дронови со значителни димензии.Ким потенцирал дека „брзиот развој на новововедени технологии на вештачка интелигенција“ е клучен за зголемување на борбените капацитети на војската и повикал на „проширување и засилување на сериското производство на дронови“.Посетата следува само една недела откако севернокорејскиот лидер го надгледуваше тестот на нов мотор на цврсто гориво за интерконтинентални балистички ракети, што го оцени како „значително“ зголемување на нуклеарните способности на земјата.Според американската Одбранбена разузнавачка агенција (DIA), Северна Кореја располага со балистички и крстосувачки ракети опремени со нуклеарни боеви глави, зголемени нуклеарни резерви и почетна програма за шпионски сателити. Војската брои околу еден милион активни војници, со повеќе од седум милиони резервисти – во земја со население од приближно 25,6 милиони жители.Иако точната состојба на развојот на вештачката интелигенција во Северна Кореја е непозната, аналитичкиот центар 38 North во извештај посочува дека Пјонгјанг, и покрај санкциите, соработувал во истражувања со академици од САД, Кина и Јужна Кореја, што укажува на „значителни напори“ за приближување до глобалната трка во оваа област. Во најголем дел тие напори се потпираат на Кина, еден од водечките актери во светот во оваа сфера.Паралелно, Северна Кореја постепено ги зајакнува и врските со Русија. Минатата година, Ким и рускиот претседател Владимир Путин потпишаа договор за меѓусебна одбрана, што предизвика загриженост на Западот.Германски аналитички институт неодамна објави дека Пјонгјанг испорачал речиси 10 милијарди долари вредно оружје и десетици илјади војници за потребите на војната во Украина, а за возврат добил помош од 457 милиони до 1,19 милијарди долари – главно во храна, гориво, системи за противвоздушна одбрана, па дури и можеби борбени авиони.фото: KCNA

Свет | пред 5 месеци

media-library9q36cmdurt5v1ubXzXZ

Поранешниот портпарол на Коце Трајановски кандидат за советник во Карпош

Неделчо Крстевски, порашениот портпарол на Град Скопје кога градоначалник беше Коце Трајановски, на претстојните локални избори ќе биде кандидат на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на општина Карпош.Во објава на Фејсбук, Крстевски напишаЧ„Карпош е наш дом, место каде растеме, живееме и градиме иднина за нашите семејства. Време е за вистински промени и за општина која ќе работи чесно, транспарентно и во интерес на граѓаните.Со голема чест ви ја соопштувам мојата кандидатура за советник на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, објави тој.Фото: Неделчо Крстевски/Фејсбук

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryeh7s61n024nt6InbI2i

Србија го враќа задолжителниот воен рок, првата генерација ќе служи од јануари 2026

Од почетокот на јануари во Србија ќе започне служењето на задолжителниот воен рок, најави министерот за одбрана Братислав Гашиќ. Според него, армијата веќе има подготвено повеќе од 120 објекти каде ќе се извршува обуката на регрутите.Гашиќ нагласи дека процесот е сложен и скап, но дека Министерството веднаш почнало со изработка на сите законски и подзаконски акти потребни за враќањето на оваа пракса.Во текот на есенската седница на српското Собрание се очекува да биде предложен пакет нови закони за армијата, меѓу кои и законот за задолжителната воена служба.„Се надевам дека ќе почнеме со првата генерација некаде од јануари до март, кога ќе стартува примената на законот,“ изјави српскиот министер за одбрана.

Балкан | пред 5 месеци

pozar-crna-gora

Пожари на Кожуф и кај скопско Виниче, гори ниско стеблеста шума

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во земјава до утрово во 07:00 часот, од кои два се активни, два се под контрола, а 27 сe изгаснати, соопшти ЦУК.Иако најголемиот дел од огнените стихии се локализирани, состојбата и понатаму е сериозна, бидејќи активните пожари се прошириле на шуми и носат ризик од ново разгорување.Едниот активен пожар е на територијата на Општина Гази Баба, во атарот на селото Виниче, каде гори нискостеблеста шума во месноста Муратница. Другиот пожар е на Кожуф планина кај селото Петрово во Општина Гевгелија, каде огнот зафатил букова шума и се движи кон поширок предел, што ја отежнува интервенцијата.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-13.56.09-1

Токсични гасови, канцерогени соединенија и тешки метали – воздухот над Скопје по горењето на електронскиот отпад во Трубарево

Скопје од саботата се соочува со една од најголемите еколошки хаварии во последните децении – пожарот во складиште за електронски и пластичен отпад во Трубарево. Иако Институтот за јавно здравје потврди дека не е регистрирано зголемено радиоактивно зрачење, светски експерти врз основа на нивните научни трудови говорат дека при вакви хаварии вистинската закана доаѓа од хемиската контаминација.Скопје1 се осврнува на дел експертските докази за влијанието на пожарите врз здравјето на луѓето и животната средина, а во кои согорува електронски отпад.Литиумските батерии, акумулаторите и каблите што изгореа, според тоа што тие го пишуваат во нивните трудови, испуштаат облак од токсични гасови и честички кои можат да остават долгорочни последици врз луѓето, животните и животната средина.Истражувања објавени во списанието Batteries – на пример студијата на Лукас Клаасн, Јан Финг, Јоханес Фридрих и Андреас Пфранг од 2024 година – покажуваат дека при горење на литиум-јонски батерии се ослободуваат екстремно опасни кисели гасови како водороден флуорид и флуорирани фосфорни соединенија. Тие се надополнуваат со запаливи и токсични гасови – јаглерод моноксид, јаглерод диоксид и водород – што дополнително ја зголемуваат опасноста.Чадот, според истата група автори. е преполн со фини прашини (PM₂.₅ и помали) кои лесно навлегуваат длабоко во белите дробови. Овие честички содржат органски и елементарен јаглерод, фосфати, флуориди и метали – никел, кобалт, манган, литиум, алуминиум и бакар. Научниците предупредуваат дека повеќе од 80 отсто од сите честички се ултрафини, што значи дека можат да предизвикаат сериозни и долгорочни здравствени проблеми.Во друга студија објавена исто така ланската година, научниците Ерик Нилсон и Анита Алберг Тидблад потврдуваат дека токму овие гасови и честички се најопасни при термален бег на батериите.Што е „термален бег“?„Термален бег“ е состојба кај литиум-јонските батерии кога внатрешната температура неконтролирано расте. Наместо да се олади, батеријата сама произведува сè повеќе топлина, со што се ослободуваат запаливи и токсични гасови.Овој процес е „самоодржлив“ – една мала искра, оштетување или прегревање е доволно за реакцијата да стане лавина. Последиците се чад, силно зголемен притисок, експлозија или целосно согорување на батеријата.Зошто пожарите на батерии не се гасат со вода?Кога батеријата ќе влезе во термален бег, внатрешната температура е толку висока што самата хемија ја одржува реакцијата. Дури и ако однадвор се полева со вода, внатрешноста продолжува да „вријат“ и често доаѓа до повторно палење.Дополнителен проблем е што водата што истекува од местото на пожар станува контаминирана со метали и хемикалии и може да ја загадува почвата и подземните води.Затоа пожарникарите наместо со вода често користат песок или вермикулит – материјали што го задушуваат пламенот, го изолираат кислородот и спречуваат повторно палење.Опасноста не доаѓа само од батериите. При согорување на електронски отпад – пластики, кабли и плочки со метали – во воздухот дополнително се создаваат диоксини, фурани, полициклични ароматични јаглеводороди и пареа од тешки метали како олово, жива, кадмиум и арсен. Според Светската здравствена организација (WHO, 2024), овие материи се меѓу најтоксичните познати загадувачи, кои можат да остават последици по здравјето со години и да контаминираат цели екосистеми.Сите ги чекаат резултатите од ИЈЗИЈЗ информираше дека вонредни екипи биле на терен за да земат примероци од почвата и водата во непосредна близина на хаваријата за физичко-хемиска анализа, како и мостри од чешми и бунари за испитување на евентуално јонизирачко зрачење.„Во моментот нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик за здравјето на граѓаните,“ рекоа вчера од Институтот, додавајќи дека резултатите од земените мостри ќе бидат дополнително објавени по нивната обработка.Институтот најави дека внимателно ќе ја следи состојбата во координација со Министерството за здравство и останатите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува и понатаму да ги следат официјалните препораки.

Скопје | пред 6 месеци

invalidska-kolicka2

Го чекаа ребалансот, сега го чекаат потписот на новата директорка – личните асистенти три месеци без трошка денар

Персоналните асистенти, луѓето кои секојдневно се грижат за најзагрозените категории граѓани – лицата со телесна инвалидност, слепите и луѓето со други тешки попречености и до средината на август сè уште немаат примено ниту денар за својата работа во последните три месеци.Хонорарите за мај, јуни и јули не се исплатени, оставајќи ги без основни приходи и туркајќи ги во финансиска неизвесност токму оние кои се грижат за најранливите. Но, наместо системска грижа и сигурност, како што самите велат, тие со месеци чекаат на парите кои им следуваат по закон, додека државната администрација се повикува на бирократски процедури и кадровски промени.Во одговор за Скопје1, Министерството за труд и социјална политика признава дека исплатите доцнат, но решението, според нив, ќе дојде „во најкус можен рок“.„Во врска со вашите прашања, Ве информираме дека во петокот (08.08.2025) на функција – директор на ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа на Град Скопје е назначена нова директорка. Во тек е процесот на депонирање на потпис за истата, по што ќе се овозможи реализација на исплатата на заостанатите исплати за персоналните асистенти. Очекуваме целата постапка да заврши во најкус можен рок“, велат во писмен одговор за Скопје1 од МТСП.Ова, според поголемиот број персонални асистенти е сосема нејасна формулација која малку им значи на „луѓето што веќе три месеци живеат без плата, со долгови и сметки што не чекаат“.„Објаснувањето на Министерството звучи како државата да е целосно парализирана секогаш кога ќе се смени директор. Дали навистина е можно судбината на стотици семејства да зависи од еден потпис? Што ако директорот се разболи, замине на одмор или, не дај боже, почине – дали тогаш луѓето со посебни потреби и нивните асистенти треба да останат без пари со месеци? ‘Во секоја нормална институција постои заменик или механизам за итно потпишување и исплата, но изгледа кај нас бирократијата е поважна од егзистенцијата’, велат соговорниците на Скопје1.“И додека институциите се занимаваат со административни процедури и кадровски рокади, реалноста за асистентите и нивните корисници е повеќе од сурова.„Да не знае човек кого повеќе да жали, дали корисникот кој е во немоќна состојба и целосно зависи од помошта на асистентот, или асистентот кој без скапан денар не знае како да ги прехрани децата и да плати сметки. Летен одмор? Тоа за нас е научна фантастика. Единствено што можевме е да гледаме како децата ни скапуваат цело лето во Скопје, во овој пекол, без да можеме да ги однесеме ниту на езеро, ниту на планина“, вели една од персоналните асистентки за Скопје1.За многумина од нив, трите месеци без хонорар значат живот на кредит и постојано позајмување од роднини и пријатели, па сега листата на долгови им е предолга.„Веќе немаме ни од каде да позајмуваме. Секој ден е борба, дали да платиме сметки, да купиме храна, лекови. И ова не е прво доцнење, сѐ нешто чекаме, ребаланс на буџет, нова директорка да дојде, Минстерството за финасии да одобри средства...катастрофа, сите граници ги надминаа, а ова е еден од најблагородните проекти во државата. Како тргнало на наредните обуки за персонални асистенти ќе се пријавуваат луѓе кои единствено имаат намера да си заминат од земјава“, раскажува друг асистент.Персоналните асистенти велат дека не бараат ништо повеќе од она што им следува по закон – редовна и навремена исплата за работата што ја вршат. Но, додека институциите ветуваат „најкус можен рок“, тие се сѐ уште без пари.

Македонија | пред 7 месеци

koronavirus-korona-kovid-test

Ковидот замина од насловите, но не и од секојдневието - има болни! Нови доминантни соеви – Stratus и Nimbus

Иако Ковид-19 веќе одамна исчезна од дневните наслови, вирусот сè уште е присутен и тоа во форма што лесно се потценува. Симптомите често се прикриени или наликуваат на други сезонски заболувања, што го прави препознавањето потешко. Последниот извештај на Институтот за јавно здравје и тоа за првата недела од јуни покажува дека во Македонија се потврдени три нови случаи од 140 тестирани материјали, со просечна стапка на позитивност од 1,3 отсто.Епидемиолошката состојба е оценета како стабилна, но со предупредување дека намаленото тестирање и ограниченото известување го отежнуваат реалното следење на вирусот. Од почетокот на 2025 година во Македонија се евидентирани вкупно 49 заболени, со две починати лица едно во јануари и едно во април. Во истиот период тестирани се 5.631 примерок, а просечната позитивност е 0,9 отсто.Нови доминантни соеви – Stratus и NimbusИако бројките во Македонија се ниски, глобалната епидемиолошка слика покажува дека вирусот продолжува да се прилагодува. Моментално, здравствените власти ги следат двата доминантни соја – Stratus и Nimbus – кои во изминатите месеци брзо го зголемија своето учество меѓу новите случаи.Од мај до август, процентот на инфекции предизвикани од овие варијанти постојано расте, што укажува на висока преносливост. Според д-р Шерон Нахман од Stony Brook Children’s Hospital, и Stratus и Nimbus се „еднакво добри“ во инфицирање на домаќинот, но засега не се поврзани со потешка клиничка слика во споредба со претходните варијанти. Она што е забележливо е промената во симптомите – кај многу заразени се јавуваат интензивно гребење и болка во грлото, засипнатост и чувство дека „не можат да зборуваат или голтаат“. Овие симптоми, иако непријатни, најчесто не доведуваат до хоспитализација.Експертите предупредуваат дека двата соја имаат повеќе точки на мутација во однос на оригиналните варијанти од 2020, 2022 и 2023 година. Поголемиот обем на пренос значи и поголема можност за нови мутации, па есенската и зимската сезона може да донесат нов бран со различни соеви.Ковид во Македонија – сега болеста не предизвикува паника кај пациентитеФармацевтите велат дека статистиката не ја открива целата слика. Од една скопска аптека за Скопје1 велат дека во последните недели имале пациенти со скриени ковид симптоми, кај дел од нив и со сериозни компликации. Меѓу нив бил и лекар кој по инфекцијата развил перикардит – воспаление на срцевата обвивка.„Иако ретко се тестираат во лабораторија, има значителен број луѓе кои купуваат тестови за домашна употреба. Ако тестот е позитивен, некои се одлучуваат и за лекови како ивермектин,“ велат од аптеката.Додаваат дека значителен дел од новите случаи се лица кои се вратиле од одмор, најчесто од Албанија, а освен со ковид, како што велат, има и пациенти со други заразни болести и кожни проблеми.Во изјава за Скопје1, двајца пациенти кои од пред неколку дена се позитивни на ковид-19 раскажуваат како денес ја доживуваат болеста и како се справуваат со симптомите.„Сега веќе не е како во 2020-та, не се плашам воопшто. Искрено, мислев дека имам обичен стомачен вирус, имав дијареја и болки во стомакот, но и температура. Не ми падна на памет дека може да е ковид, сè додека не се појави кашлица“, вели Борче А, од Скопје, кој минатата недела се вратил од одмор.Вториот соговорник пак, кој на 15 август треба да патува, вели дека симптомите биле класични:„Температура, болки во грлото, омалаксаност...Купив тест од аптека и испадна дека сум позитивен. Се надевам дека ќе оздравам до петок за да можам са патувам, а совен тоа ивермектинот добро ми делува. Ковидот за мене е како дел од секојдневието, како што зборуваа многу епидемиолози, тој постојано ќе биде присутен – непријатно е, но не е онаа паника од порано.“Ивермектин – лек што предизвика полемикиИвермектин е антипаразитен лек кој со децении се користи за третман на инфекции предизвикани од различни паразити – како што се цревни нематоди и кожни паразитни заболувања, вклучувајќи шуга – и кај луѓето и кај животните. Развиен во доцните 1970-ти години, овој лек се смета за едно од значајните откритија во медицината, а доби и признание одСветската здравствена организација (СЗО) поради својата ефикасност против одредени тропски заболувања. За време на пандемијата на ковид-19, ивермектинот привлече внимание поради првични лабораториски истражувања кои сугерираа можен антивирусен ефект врз SARS-CoV-2.Ова доведе до широка, но често неконтролирана употреба во некои земји, иако голем број клинички студии и анализи, вклучително и од СЗО, Европската агенција за лекови (EMA) и Американската FDA, утврдија дека нема доволно докази за неговата ефикасност во превенцијата или лекувањето на ковид-19.Здравствените власти предупредуваат дека неправилната употреба на ивермектин, особено во повисоки дози од препорачаните, може да предизвика сериозни несакани ефекти – како оштетување на црниот дроб, невролошки симптоми и интоксикација.

Македонија | пред 7 месеци

EYOF

Како не треба да изгледа EYOF – Македонија покажа „пример“ пред 49 земји!

Со години се подготвуваат олимпијади — зимски, летни, младински, старински... Држави вложуваат стотици милиони, години однапред трешти пропагандна машинерија, се градат сали, села, системи и сјај. А кај нас, Младинската олимпијада мина како месна забава во трета смена. Ни глас, ни трага. Скопје и Куманово ја угостија Европа, 4.000 спортисти од 49 земји, а јавноста дозна од некое стори на Инстаграм и неколку очајни објави на самите натпреварувачи.Медиумите беа обвинети за слабо покривање. Па не можат новинарите да гатаат со гравчиња кога, каде и што се случува. Мора кампања, мора да се вреска, да има билборди, инфо-фрчење, соопштенија, ТВ-спотови, реклами во јавен превоз, сѐ ако сакавме да биде настан, а не трошка во спортски дрес.За „Експо 2027“ во Србија веќе знаат и врапчињата на гранките. А кај нас? Олимписки настан мина со паднат таван во студентски дом, без клима на 45 степени, двајца во еден кревет како во поствоена болница и храна која ги инспирираше спортистите на ТикТок со #worstexperience.Министерството? Рака мијат, велат: „Ние дадовме милион евра на МОК“. Одговорност? Не, тоа е спорт за себе.А велосипедистите од Исланд кои ги удри автомобил на тренинг? Па зошто не тренирале со агенда?! Зарем нашите велосипедисти кога возат 100тина километри, ги следи конвој? Не. Ама не се гости на меѓународна спортска манифестација.Се прашувате колку време се спрема ваков настан? И нема да одиме подалку, нема споредба со САД или Кина!Шаховската олимпијада во Скопје (1972) – години подготовки, посебен комплекс, државен приоритет.Универзијадата во Загреб (1987) – изградено студентско село, нови спортски сали, цела држава се вклучи.Зимската олимпијада Сараево (1984) – пет години подготовки, изградени спортски центри, патишта, инфраструктура.А кај нас? Студентски дом, без клима, без превоз...Каков дочек, таков спомен. А со ваква организација, ќе не паметат и тие што не сакаа.

Коментари | пред 7 месеци

Makedonka

Летни стомачни вируси напаѓаат во текот на топлотниот бран: Дијареја, мачнини и дехидратација ги мачат граѓаните, д-р Македонка Попова Спасеска за Скопје1

Во период кога температурите надминуваат 40 степени, сè повеќе граѓани се жалат на летни стомачни вируси, придружени со пролив, мачнина, повраќање, болки во стомакот и покачена телесна температура. Лекарите алармираат на зголемен број случаи, а пациентите сведочат за денови поминати во кревет со тешки симптоми.Најчести во летниот период, овие вируси се лесно преносливи, а во комбинација со тропскиот жежок бран – уште потешко подносливи.„Прво ми се јави мачнина, а потоа два дена имав пролив, слабост и болки во стомакот. Ништо не можев да задржам. Температурата ми скокна до 38,5 и телото ми беше целосно исцрпено. Лежев дома три дена“, вели во изјва за Скопје1, 47-годишната Марија П, која е лекар и која верува дека се заразила од некои од своите пациенти.Слично искуство има и Бобан Б, кој посочува дека симптомите ги добил откако се вратил од годишен одмор поминат во Црна Гора.„Мислев дека е труење од храна, но докторот ми рече дека е вирус. Температурата ја имав една вечер, ама дијарејата и грчевите траеја четири дена. Сè што ми советуваа е многу течности, пробиотик и да се одмарам.“Лекарите советуваат: Хидратација, антипиретици и строга хигиенаСпоред д-р Македонка Попова Спасеска, специјалист по семејна медицина, овие вируси се чести во летните месеци,особено во услови на високи температури и неправилно складирање на храна.„Летните гастроинтестинални вируси најчесто се пренесуваат преку загадена храна, раце или вода. Симптомите се појавуваат нагло и вклучуваат дијареја, мачнина, болки во стомакот, а кај некои и покачена температура. Кај повеќето пациенти, вирусот трае од два до пет дена, зависно од имунитетот на организмот. Температурата, кога ја има, најчесто е пократкотрајна и се јавува во првите 24 до 48 часа,“ вели за Скопје1 д-р Попова Спасеска.Таа додава дека најважно е пациентите да внесуваат многу течности, за да се избегне дехидратација – особено опасна во услови на висок температурен стрес.„Препорачуваме внесување на електролити, антипиретици за намалување на температурата, пробиотици за регулирање на дигестивниот тракт, и симптоматски терапии за болки или грчеви во стомакот. Ако симптомите траат подолго од пет дена, се јави крв во столицата или дојде до сериозна дехидратација – неопходна е итна лекарска помош,“ советува докторката.Вируси и топлотен бран – опасна комбинацијаКомбинацијата од летен вирус и температури над 40 степени дополнително ја влошува состојбата. Кај некои пациенти се јавува и пад на притисокот, главоболка и општа слабост, што го прави секојдневното функционирање речиси невозможно.Лекарите предупредуваат дека во вакви услови, ризикот од компликации е поголем кај деца, постари лица и хронично болни. Најчеста причина за појава на овие вируси е консумација на небезбедна храна или пијалоци, како и одење на базени, езера и плажи без доволна хигиенска заштита.Како да се заштитиме?Избегнувајте јадење храна што стоела на собна температураМијте раце често, особено пред јадењеПијте само безбедна, филтрирана или вриена водаИзбегнувајте мраз од непроверени извориНе се капете во загадени водиСо оглед на тоа дека летото е во својот врв, а времето останува екстремно жешко, здравствените власти апелираат на зголемена внимателност, добра хигиена и веднаш да се побара лекарска помош доколку се појават симптоми на гастроинтестинален вирус.фото: ФБ/ПЗУ Мастеса Медика

Македонија | пред 7 месеци

gasi-gashi-afrim

Директорот на дигестивна хирургија, Огнен Костовски: Гаши е хоспитализиран на Клиниката, се третира со медикаментозна терапија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Информацијата за неговата хоспитализација ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, за Скопје1. Тој изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.„Пациентот беше примен поради претплет на цревата. Состојбата внимателно се следи, а за сега не е планирана хируршка интервенција. Се третира со медикаментозна терапија и е под постојан лекарски надзор“, ни изјави проф. д-р Костовски.Засега нема официјални информации за тоа колку долго ќе остане на болничко лекување и дали неговата здравствена состојба ќе влијае на неговите активности како претседател на Собранието.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања