Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Анита Буховски

media-libraryreh9pijf5jaf3IrLyGr

Меџити за митингот на ДУИ: Говорот на Ахмети е знак за крај на ерата на ДУИ

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, митингот на ДУИ, го оцени како настан што го означува крајот на политичката кариера на лидерот на партијата, Али Ахмети.Меџити посочи дека говорите и пораките од митингот не претставуваат демонстрација на сила, туку напротив – знак на слабеење на позициите на ДУИ.„Настанот во „Борис Трајковски“ не е само митинг, туку јасен показател за крај на една ера“ изјави тој.Според него, јавниот настап на Ахмети и неговите најблиски соработници е доказ за партија која се обидува да го задржи влијанието, но веќе нема поддршка како порано. Меџити истакна дека преку овие настапи граѓаните сами ќе ја препознаат разликата меѓу „старото“ и „новото“ во политиката.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryb06s6vgq1hh84gXUeff

Прилеп — Николоски ја стартува кампањата и најавува продолжување на инфраструктурните проекти

На почетокот на кампањата за локалните избори, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Прилеп порача дека очекува фер и достоинствена трка, во која граѓаните ќе ги слушнат и споредат пораките на сите страни. „Сме убедени во голема победа на овие локални избори, особено во Прилеп, каде што имаме докажани кандидати и советничка листа“, изјави тој.Николоски се осврна на соработката со кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски, најавувајќи „продолжување на бројни инфраструктурни проекти“. Посочи дека во изминатата година и нешто централната власт работела на крупни зафати: експресниот пат од Градско преку Дреново до Фариш е завршен и пуштен во функција; активно се гради автопатот Прилеп–Битола; а „за многу брзо“ ќе почнат работите и на делницата од Фариш до влезот, со што Прилеп ќе биде целосно поврзан со експресен/автопатски правец кон главниот град и Коридор 10, како и со Битола.„Така Прилеп ќе има пристап до два големи патни правци, со директно поврзување со соседна Србија и со соседна Грција, што отвора можност за силен инфраструктурен развој и поддршка на бизнисот“, рече Николоски.За Проданоски нагласи дека бил активен во Собранието и се борел за општината и регионот, изразувајќи убеденост дека како градоначалник ќе ги реализира најавените проекти. „Ќе ја има нашата силна поддршка — и моја како носител во четвртата изборна единица и како ресорен министер, но и од премиерот Мицкоски, кој посветува голем фокус на Прилеп и регионот“, додаде тој.Настапот го заврши со порака за мирна и коректна кампања и благодарност до присутните.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-46-0730PM

Тешко повредена девојка во Битола, ја удрил млад возач со „БМВ“

На 28.09.2025 околу 21:05 часот, на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола, патничко возило „БМВ“ со битолски регистарски таблички, управувано од П.Л. (26) од Битола, удрило во П.Т.М. (21) од Гевгелија со престој во Битола.На повредената ѝ се констатирани тешки телесни повреди во Клиничката болница Битола, а увид изврши екипа на СВР Битола, соопшти МВР.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2nq2km9qnucbbDqOHx3

(Фото) Изборниот караван на СДСМ и коалицијата

СДСМ и коалицијата денеска го претставјиа изборниот караван за локалните избори, со распоред, саатници и места за секој ден за време на целата кампања.-Централните настани ќе бидат во 18:30 часот и во 20:00 часот. На овие два настани караванот го предводи претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата , д-р Венко Филипче кој ќе има обраќање, заедно со кандидатите за градоначалници од општините.Од двата настани ќе има пренос во живо на официјалните канали на СДСМ и на претседателот Венко Филипче.Пред овие два настани претставници на СДСМ и коалицијата ќе бидат помеѓу граѓаните на други општини тие се содржани во овој распоред, наведуваат во соопштението

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycdpg4alug6ta6EQfdsN

И во Кочани започна предизборната кампања за градоначалник

Денес започнува кампањата за, како што ја оцени „една од најважните“ градоначалнички трки во историјата на Кочани, изјави д-р Владко Грозданов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.Тој потсети дека пред неколку дена, во зградата зад него, со противкандидатите потпишале кодекс и си подале рака. Очекува и ветува дека изборите ќе бидат „најкоректни, најфер и најмирни“, дури „најмирни досега“ во Кочани.Грозданов најави кампања без „секојдневно малтретирање на луѓето на социјалните мрежи“ и без долги говори со ветувања. Наместо тоа, фокусот, рече, ќе биде на директна комуникација со граѓаните, на терен: ќе се собираат идеи за да се вградат во програмата, ќе се нотираат проблемите и ќе се бараат заеднички решенија.Како аргумент за ваквиот пристап посочи дека Кочани е средина во која „сите се познаваат“ и многумина веќе имаат оформено став кому ќе ја дадат поддршката; според него, најдобрата кампања таму е „од човек на човек, од уста на уста“. Додаде дека така и првично ја замислиле, а така и налага моменталната ситуација во општината.Коментирајќи ја функцијата, кандидатот нагласи дека градоначалничкото место за него не значи „доблест, гордост или моќ“, туку одговорност и доверба дадена од народот, заснована на „чист образ“ — кој, како што рече, мора да остане таков и по истекот на мандатот. Предупреди и дека „некои работи се купуваат со пари“, па доколку и градоначалничката функција се „купи“, ќе стои „на стаклени ногарки“ и ќе биде лесно кршлива.На крај, Грозданов гарантира „мирна, фер, коректна кампања“, со почитување „исклучиво на волјата на народот“, додавајќи: „нека победи најдобриот кандидат“, и се заблагодари на присутните.

Македонија | пред 3 месеци

EU-1

ЕУ повторно воведе санкции против Иран по одлуката на ОН

Европската унија денеска потврди дека повторно воведува санкции против Иран, по одлуката на Обединетите нации, на фоне на несогласувањата меѓу Западот и Техеран околу иранската нуклеарна програма.Според соопштението на Советот на министри на ЕУ, блокот од 27 држави „повторно воведува низа рестриктивни мерки во врска со иранските активности за пролиферација на нуклеарно оружје“. Одлуката е усогласена со повторното активирање на санкциите кон Иран што во саботата навечер го донесе Советот за безбедност на ОН.Мерките се насочени кон компании, организации и поединци кои директно или индиректно придонесуваат за иранската нуклеарна програма или за развој на балистички ракети – преку обезбедување опрема, знаење или финансирање. Европскиот пакет ги опфаќа санкциите на ОН, но и дополнителни чекори, меѓу кои замрзнување на средствата на Централната банка на Иран и повеќе трговски и економски ограничувања.Иран го осуди враќањето на санкциите како „неоправдано“, а заедно со Русија и Кина го смета потегот за незаконит.Бидејќи не беше постигнат договор со Техеран, стапи во сила механизмот за автоматско враќање на санкциите („snapback“), кој на 28 август го активираше групата Е3 (Германија, Франција и Обединетото Кралство). Со тоа повторно важат одредбите што беа суспендирани со нуклеарниот договор од 2015 година, познат како Заеднички сеопфатен акциски план (JCPOA).Е3 систематски предупредува дека Иран збогатува ураниум на нивоа далеку над потребите за цивилни цели. Според европски експерти, Иран во моментов располага со околу 450 килограми ураниум збогатен на 60 отсто и се приближува кон 90 отсто – прагот што би овозможил производство на осум до десет нуклеарни бомби.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryno45iq5a2nee9Pu4ArH

Католичката црква во Скопје: „Графитот на Мајка Тереза е навредлив и недостоен“

Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија реагираа на акцијата на екоактивисти кои, во деновите на силно загадување, на муралот на Мајка Тереза на „Школка“ во Градскиот парк ѝ доцртаа марама преку носот.Од Католичката црква во Македонија изразуваат жалење и го оценуваат потегот како недостоин и навредлив, посочувајќи дека со ваквата интервенција се повредуваат верските чувства на верниците и на почитувачите на делото на светицата.Во реакцијата се потсетува дека света Мајка Тереза е светица на Католичката црква, родена во Скопје, почесна граѓанка на градот и личност со глобално признание. Со живот посветен на сиромашните и болните, со едноставност, понизност и љубов, таа ја направила Македонија и Скопје препознатливи во светот како пример за почит кон другиот.Црквата нагласува дека слободата на уметничко изразување и јавната дебата се важни општествени вредности, но мора да се остваруваат со почит кон достоинството на другите и кон она што е свето за една заедница. Затоа, сметаат дека е недозволиво светите ликови, како света Мајка Тереза, да се инструментализираат или злоупотребуваат за какви било цели.Акцијата со муралот беше изведена во период кога Скопје се соочува со загаден воздух, чад од депониите „Вардариште“ и „Дрисла“ и со подметнати пожари, велат од црковните власти.

Скопје | пред 3 месеци

Lufthansa

Луфтханза ќе укине 4.000 работни места до 2030, причината е дигитализација и автоматизација

Групацијата „Луфтханза“ соопшти дека до 2030 година, преку дигитализација и автоматизација на процесите, ќе укине 4.000 работни места, со очекување деловните резултати да се подобрат до крајот на деценијата. Во моментов групацијата вработува околу 103 илјади луѓе.Раководството наведе дека годинава, според новите проекции, очекува прилагодена добивка пред камати и даноци (EBIT) значително повисока од ланските 1,6 милијарди евра. Истовремено беа зголемени и среднорочните финансиски цели за периодот 2028–2030: сега се очекува прилагоден EBIT изразен како удел во вкупните приходи од 8 до 10 отсто, наместо претходно планираните 8 отсто.За зголемување на профитабилноста, компанијата најавува поконсолидирано управување со сите авиопревозници во составот на групацијата под посилна централна дирекција. Покрај носечкиот бренд „Луфтханза“, во групата се и SWISS, Austrian Airlines и Brussels Airlines, а има и малцински удел во италијанската ITA Airways.Плановите предвидуваат и зајакнување на нискобуџетниот превозник Eurowings, како и на одделите за логистика и техничко одржување на авиони. „Lufthansa Technik“ ќе го забрза развојот на новиот оддел „Defense“ со цел да ја зацврсти позицијата во растечкиот одбранбен сегмент. Овој оддел, во соработка со германската армија – Бундесверот, и НАТО, „обезбедува максимална оперативна подготвеност“ и нуди решенија за развој, интеграција, измени и сертификација на комплексни авијациски системи, стои во соопштението на компанијата.Целта на мерките е позиционирање на групацијата за иднината и обезбедување одржлив принос за акционерите, порача раководството.

Свет | пред 3 месеци

vardariste-OJO

„Стоп за Вардариште“ - Депонијата нема ограда!

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ која и денеска го блокираше мостот „Близнак“, посочи дека депонијата е без ограда, и дека повтрон е има отпад.Велат дека биле во посета на депонијата но не им било дозволено да влезат внатре, однадвор виделе противпожарно возило и полициско присуство што обезбедува, само од една страна, а на другиот крај, од каде што исто така може лесно да се пристапува имало купишта железен отпад.-Единствена подршка досега имале единствено од актуелниот градоначалник на Аеродром Дејан Митески кој денеска беше присутен на собирот.Митески потенцира дека Вардариште првенствено е градска депонија но е во постојана комуникација со релевантните институции, за трајно решавање на проблемот.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarycpkqik9doup57lZORsb

„Со лесно и Господ на помош“, им порача градоначалникот Костадинов на кандидатите

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, на сите кандидати за градоначалник на Струмица, им посака среќа и им порача дека Струмица секогаш била пример за фер натпревар на идеи.„Денес започнува официјално кампањата за претстојните локални избори, период во кој нашата демократска зрелост повторно ќе биде ставена на тест. Струмица секогаш била пример за политичка коректност и фер натпревар на идеи. Овие избори, особено за нашиот град, се различни од сите претходни. Токму затоа, најважно е сите кандидати и за градоначалници и за советници да се насочат кон локалните предизвици и решенија, наместо кон национални или, уште полошо, меѓународни теми. Нашиот град има потреба од визија и континуиран развој. Визионерството понекогаш знае да биде сурово, бидејќи одлуките што се носат можат да изгледаат тешки и непопуларни. Но важно е тие одлуки искрено да се прикажат пред граѓаните, дури и кога во очите на градоначалникот изгледаат сурови. Само така може да се обезбедат трајни резултати и стабилна иднина. Одрекувањето или оградувањето од визионерските проекти не му носи добро на никого, напротив ја поткопува довербата и најмногу им штети на граѓаните.Струмица отсекогаш била пионер на прогресивни политики и проекти, од времето на Манолев, преку Грчев, Јанев, Заев и Јаневски, па сè до денес. Освен со прогресивноста, нашиот град се гордее со дух на мирољубие, вистинска еднаквост и инклузија на етничките малцинства, афирмација на жената и нејзината улога во општеството, зачувување на традиционалните и духовни вредности, развој на културата и спортот, сè што ја прави Струмица посебна. На сите кандидати им посакувам фер и коректна кампања. Нека победи вистинската визија, визијата на човек кој уште денес треба да има јасна слика за тоа како ќе изгледа Струмица по четири години, на денот кога ќе треба достоинствено да ја предаде должноста“ порачува актуелниот градоначалник на Струмица.Со лесно и Господ на помош, напиша тој.

Македонија | пред 3 месеци

pratenici-sobranie-levica

ОБСЕ ја истражува цензурата врз Левица

Адвокат Катерина Јовановска - како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич - правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР, соопшти Левица.-На средбата се дискутираше за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги превзема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ, со кое ПП Левица е директно оштетена на начин што и е ЗАБРАНЕТО политички да се рекламира на медиумите во текот на целата кампања, како и за правните чекори кои Левица ќе ги превземе во иднина со цел заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување.Средбата беше многу конструктивна и двете страни изразија желба за понатамошна соработка со цел навремено информирање во однос на исходот од судските постапки, како и постапките кои што се водат пред другите надлежни институции во Република Македонија и евентуално пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, се наведува во партиското соопштение.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrbllfqii01210LDvFzm

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ќе ја претстави програмата пред скопјани

Денеска почнува изборната трка за локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ ја стартува кампањата со митинг во Скопје. Вечерва во 19:00 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, партијата го одржува почетниот собир.Говорници ќе бидат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски и носителот на листата на советници за Град Скопје Даме Димитровски.Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври.

Скопје | пред 3 месеци

protesti-srbija

Нова етапа на жестоки судири во Србија, студенти и поддржувачи на власта излего на улиците

Во Србиј синоќа протести и контрапортести: студентите и граѓаните кои пред РТС и низ повеќе градови излегоа со барања за правда и промени, и симпатизерите на владејачката СНС кои организираа контрамитинзи на над 200 локации. Во Белград, демонстрантите најавија масовен собир пред јавниот сервис и блокираа повеќе сообраќајници, обвинувајќи дека РТС е претворен во мегафон на власта.Сликата на терен уште повеќе го нагласи впечатокот за селективно известување. Државните медиуми речиси и да не информираа за протестите, додека според Н1 полицијата насилно ги потиснувала граѓаните кои им даваа поддршка на студентите, ограничувајќи им го пристапот. Во исто време, учесниците на собирите на СНС слободно маршираа низ центарот. Пред зградата на јавниот сервис е приведено едно лице, а на дел од партиските митинзи се појавија и високи функционери.Тензии имаше и надвор од главниот град. Во Богатиќ, двајца полицајци беа повредени при судир со присутни граѓани, а во Чачак, според извештаите, две лица завршија претепани од полицијата со пендреци. На повеќе локации органите на редот интервенираа за да ги раздвојат колоните и да спречат директни судири.Овие паралелни собири отвораат нова нервозна изборна фаза во земјата. Студентските протести ја ставаат под лупа улогата на јавниот сервис и полициските постапки, а власта одговара со масовна мобилизација и демонстрација на партиска сила. Нови собири се веќе најавени, со неизвесен развој и сè погласни барања за еднакви услови и транспарентен медиумски простор.

Свет | пред 3 месеци

media-librarylfcg11in95fbdxp6Wan

Молдавија ветува членство во ЕУ по победата на проевропската партија на Маја Санду

Владејачката, проевропска Партија за акција и солидарност (PAS), предводена од претседателката Маја Санду, успеа да го задржи парламентарното мнозинство на вчерашните избори. По преброени повеќе од 98 отсто од гласачките ливчиња, PAS бележи резултат од 49,6 отсто од гласовите. Прорускиот Домољубив блок, предводен од поранешниот претседател Игор Додон, освојува околу 24,5 отсто, покажуваат податоците на Централната изборна комисија.Овие парламентарни избори во една од најсиромашните земји во Европа, претежно земјоделска и сместена меѓу Романија (членка на ЕУ) и Украина, се оценуваат како пресудни за идниот курс на Молдавија. Земјата со население од околу 2,4 милиони жители има статус на кандидат за членство во Европската Унија од 2022 година.Санду изрази надеж дека парламентарното мнозинство на проевропските партии ќе овозможи континуитет на реформите неопходни за приближување кон Европската Унија. Сепак, Партијата за акција и солидарност (PAS) доби помалку поддршка во споредба со изборите од пред четири години.Властите во Молдавија уште пред изборниот ден ја обвинија Русија за масовно мешање во кампањата преку купување гласови, дезинформации на социјалните мрежи и хакерски напади. Покрај Домољубивиот блок, во парламентот ќе имаат свои претставници и другите партии со проруска ориентација: блокот Алтернатива со освоени 8,1 отсто од гласовите и Нашата партија на бизнисменот Ренат Усати со 6,2 отсто. Парламентот брои 101 пратеник избран на четиригодишен мандат.Изненадувачки, и Партијата Демократија дома (PPDA), која првично се залагаше за обединување со Романија, ја надмина цензусната граница и обезбеди 5,7 отсто од поддршката.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryth4a7cr8k5e10WgUBdJ

(Видео) Сашко од Радовиш на раце го носат пред Комисијата за здравство за да се уверат дека е инвалид, одбиен е неколкупати за семејна пензија

Трипати, Сашко Аврамовски, лице со тежок инвалидитет, е носен за Скопје за да си го оствари правото за инвалидска пензија која му следува од неговиот починат татко, тврдат неговите пријатели. Затоа, пријатели и кошии мора да го симнат на раце, бидејќи живее на повисок кат во зграда без лифт.Сепак, и покрај тоа што трипати се обидувал, тој бил одбиен од службите.„Денеска ме одбија демек немам документ. Демек, во документот стоело само за нега и мобилност, а од долу пишува и за семејна пензија“, рече Аврамовски.Испратен е и апел.„Дечкото според закон му следува и семејна пензија, тој е со траен ивалидитет. Службите си подигруваат со него. Веќе 21 месец. Редно е службите од градот да излезат и да го погледнат. Апел до премиерот, минситерот, градоначалникот да дојдат да го видат и да го средат случајот“, вели лицето кое му помага на Аврамовски.ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА.

Настани | пред 3 месеци

media-libraryo2rkju2drtf1cRveNCH

Тетовец ги обоил со црвена боја регистарските таблички на својот мерцедес, полицијата го уапси

Лишен е од слобода тетовец кој ги обоил со црвена боја регистарските таблички и вградил флешери.На 25.09.2025 во 16:40 часот поради сторени сообраќајни прекршоци по член 139 точка 11, член 36 точка 5 од Закон за возила и член 225 точка 9 од Закон за безбедност на патниот сообраќај, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа Р.Љ.(56) од Тетово, кој се движел со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки.Од него се одземени преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали флешери, а по документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Македонија | пред 3 месеци

rosica

МВР: Дисциплинска постапка за 11 полициски службеници од СВР Велес по смртта на Росица Коцева

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева.Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и кривична пријава против пријавениот, која заврши со условна пресуда во судска постапка. Сепак, внатрешната контрола утврди дека во дел од претходните пријави на жртвата не било постапено целосно согласно законските обврски и процедурите.Врз основа на извршените проверки поднесен е предлог за поведување на дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените наоди писмено е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување во рамки на нивната надлежност.Министерството за внатрешни работи останува посветено на транспарентност, професионалност, отчетност и одговорност и во тој контекст ќе продолжи со унапредување на процедурите и отстранување на системските недостатоци за поголема ефикасност на полицијата во заштитата на граѓаните.

Македонија | пред 3 месеци

B9C0CB28-3AE1-4302-8A4F-CE2D67BC22E5_1_105_c

Ученик на пракса паднал од 7 метри на градилиште во Охрид, кривична за сопственикот на фирмата

Ученик на пракса во охридска фирма заврши во болница откако паднал од седум метри височина на градилиште во населбата Бејбунар – сопственикот на фирмата се соочува со кривична пријава за повреда на работничките права и непреземање мерки за заштита при работа, соопшти МВР.-СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон Законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина на објект во изградба во охридската населба Бејбунар, вела од МВР.

Охрид | пред 3 месеци

gjorce-park

Тепачка среде бел ден меѓу две девојки, се пресметале во Градскиот парк

Две девојќи физички се пресметале вчера во Скопје, среде бел ден.На 25.09.2025 во 15:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) и С.Б.(31), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Скопје | пред 3 месеци

media-library3du705lct2tlbVqaZ0g

Апасиев: По налог на Мицкоски, само на Левица и е забрането рекламирање - Уставниот суд веднаш да се изјасни

,,Оваа прес - конференција ја свикавме по повод скандалозното и досега невидено однесување на органите на власта спрема една парламентарна и регистрирана политичка партија, во случајот тоа е Левица, кога од сите вонпарламентарни и парламентарни партии за прв пат во историјата на независна Македонија само на една партија и е забрането политичко претставување, односно платено рекламирање во приватните медиуми", истакна на денешната прес - конференција, Претседателот на Левица, пратеникот, проф. д-р Димитар Апасиев.,,Скандалот да е уште поголем - не само што ни се забранети државните пари кои по закон ни следуваат, туку и доколку би имале наши пари, ние ќе не можеме да се рекламираме, затоа што со едноставно пропуштање, односно неспоменување во четирите законски предвидени пакети, ние сме изоставени комплетно како да не постоимe на политичката сцена", појасни лидерот на Левица, Димитар Апасиев.Апасиев рече дека ова е директна последица и пратен абер директно од премиерот преку неговиот подлизурко Зоран Трајчевски, ,,вечити" директор на АВМУ, којшто на овој начин се обидува да ù ги скратат крилата на Левица. ,,Сакаме да им порачаме дека ова нема да помине, напротив, ќе има обратен ефект на бумеранг, бидејќи народот гледа како на една партија и се прави класична неправда! A во меѓувреме ние се екипиравме со адвокатски тим, ќе поднесеме ,акцио популарис', односно тужба со временa мерка за стопирање на ова упатство и бараме од Уставниот суд веднаш уште денес да се произнесе со временa мерка, затоа што не знам дали знаете - три случаи досега вакви имало и Уставниот суд прави финта, а тоа е дека кога поднесуваме ние претставка или иницијатива, тој го става актот за гласање во декември и констатира многу бегло дека актот повеќе не е во сила и нема што да оценува", потенцираше тој. ,,Предосеќам, како професор по право, дека овој случај ќе заврши во Стразбург, но тоа би траело две-три години од сега, така што штетата која сега ни е нанесена, ние парично ќе ја вратиме по две-три години, но ќе биде удар врз демократиjата во Република Македонија. Сакаме да порачаме дека Левица не се откажува ниту правно, ниту политички и дека Левица на овие локални избори ќе го достигне својот историски максимум, така што не можете да спречите пролет, дури и да ги искорнете сите кокичиња!", поентираше Претседателот на Левица.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjcg0p0cla7o57rS4R9i

Манасиевски: Листите на СДС во Струмица полни со насилници и тепачи

Соочени со фактот дека ја губат општината, СДС во Струмица шири страв и трепет, а листите за советници им се полни со насилници, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.„Откако вчера македонската јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, од партијата нема осуда, ниту оградување“, рече Манасиевски.Тој праша каков пример даваат на младите Христијан Ефтимов и Илија Стојанов, кои, како што нагласи, крвнички тепале странски државјани во Струмица. „Зарем така треба да се однесуваме со туристите во државава? Исто така, дали судството ги штити овие две лица бидејќи сè уште нема постапено?“, додаде тој.Манасиевски посочи дека тие двајца не се први ниту последни кои имаат кривични пријави во советничката листа на СДС во Струмица. „За носителот на листа, Миле Гогов има кривична за загрозување на сигурност, додека за Шефкет Асанов има прекршочна за насилство и нарушување на јавен ред и мир. Исто така, и тука прашуваме дали судството има реагирано? Или за членови на СДС тоа не важи?“, рече Манасиевски.„Од сето ова можеме да заклучиме дека СДС во Струмица кандидира насилници и тепачи на кои досиејата им се полни со кривични пријави и заштитени од судството, затоа што се чеда на Заев. На Струмица не ѝ требаат тепачи и насилници, на Струмица ѝ е потребна вистинска промена“, истакна Манасиевски.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-01-31-at-21.35.10

Марк Цукерберг сака да инвестира во Бугарија

Матичното претпријатие на Фејсбук – Мета на Марк Цукерберг е заинтересирано за инвестирање во Бугарија, изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков по средбата со претставници на технолошкиот гигант.Според премиерот Жељазков, главна тема на неговиот разговор со претставниците на Мета беа можностите што може да ги обезбеди нашата земја.„Разговаравме за потенцијалот што го има земјата. Тој главно се состои од енергетски капацитети. Нашата амбиција е, наместо да бидеме едноставен извозник на електрична енергија, да го искористиме производството на истата од сите извори, вклучувајќи ги и можностите за балансирање на енергијата што ги имаме, за изградба на центри за податоци – предуслов за што е добра оптичката поврзаност и човечкиот потенцијал што го имаме“, објави Телеграф.бг.Од своја страна, претставниците на матичната компанија на Фејсбук ја запознаа бугарската делегација со нивните инвестициски намери во Европа, наведувајќи дека потенцијалните инвестиции во Бугарија се можни по 2028 година.Премиерот Жељазков рече дека е важно за Бугарија да ги комбинира интересите на американскиот бизнис, производителите на опрема и крајните корисници

Свет | пред 3 месеци

media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

(Фото) Унгарски „Грипени“ пресретнале руска борбена формација над Балтичкото Море

Нова драма се случила над Балтичкото Море вчера, кога унгарски борбени авиони, стационирани во Литванија, пресретнале група од пет руски воени авиони кои се приближувале кон воздушниот простор на НАТО, соопшти Алијансата.Според информациите, станувало збор за формација составена од еден Су-30, еден Су-35 и три ловци МиГ-31. Бидејќи авионите не ги почитувале меѓународните протоколи за безбедност на летовите, активирана била брза реакција во рамките на мисијата на НАТО за воздушен надзор.Унгарските ловци ЈАС 39 „Грипен“ полетале од база во Литванија и ги пресретнале руските авиони западно од брегот на Латвија. По визуелната идентификација и следење, руската група се повлекла, а унгарските авиони безбедно се вратиле во базата.Од НАТО потсетуваат дека мисијата за надзор на воздушниот простор е постојана, 24-часовна операција чија цел е заштита на територијата и границите на Алијансата од неовластени или потенцијално опасни летови.Ваквите интервенции се опишуваат како рутински, но неопходни за одржување на безбедноста и интегритетот на воздушниот простор. Пресретнувањата во Балтикот се чест феномен, бидејќи руските воени авиони редовно летаат без план за лет, без активиран транспондер и без контакт со цивилната контрола на летање.Последниот инцидент доаѓа во услови на зголемени тензии и се надоврзува на серијата слични средби меѓу авионите на НАТО и Русија во регионот.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryk4upgm2atanm8bNRG45

СДСМ обвинува: Кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ дел од шумската мафија?

За огромен криминал во Малешевијата уапсени беа 15 лица, меѓу нив и директори, полициски началници и шумски полицајци, осомничени за злосторничко здружување и пустошење на шуми со штета од над 100 милиони евра, истакна денеска на прес-конференција, Маја Борозан.Таа праша зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за овој случај и дали причината е тоа што во „периметарот“ на акцијата се наоѓа и началникот на шумската полиција и воедно кандидат за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски.„Дали како создавачи на ова злосторничко здружение се токму началниците на ОВР Делчево и шумската полиција, партнерите во криминал Блашко и Митко? Дали истите двајца го координирале движењето на незаконски исечената дрвна маса за да заврши во една делчевска компанија од дрвната индустрија?“, праша Борозан.Таа додаде дека ДПМНЕ и Костадиновски должат одговори на овие прашања.„Костадиновски е началник на шумската полиција, има највисока раководна позиција на органот кој е задолжен да ја чува шумата, да ги спречува уништувачите на шумите, бесправните сечи и шумските кражби. Или началникот на шумската полиција Митко Костадиновски е инволвиран, или кандидатот за градоначалник на општина Виница од ВМРО-ДПМНЕ е неспособен соодветно да ја извршува својата функција. Трето нема“, рече Борозан.Таа потсети и дека Костадиновски има судска пресуда од 2012 година за недозволено држење оружје и муниција.„Ете ова е ‘кадарот’ што ВМРО-ДПМНЕ им го нуди на граѓаните. Митко Костадиновски не може и не смее да биде прв човек на Виница. Граѓаните заслужуваат подобро и затоа ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, ќе покажат дека сакаат промени, чесни и одговорни луѓе“, порача Борозан.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryedmkd9at5lqqaQwqr8S

Двојно повисоки плати за хигиеничарите и редовно вработување , најавува Герасимовски

Градоначалникот Горан Герасимовски, вчера се дружеше со хигиеничарите во Паркот на франкофонија, каде лично им се заблагодари за нивната неуморна работа и посветеност.„Сакам да ви се заблагодарам за макотрпната работа што ја имате секојдневно и што не ги оставате центарци да живеат во смет. Секој ден ги расчистувате улиците, ги полевате зелените појаси и го разубавувате центарот на градот. Благодарение на вас, целиот смет во Центар е исчистен“ истакна градоначалникот Герасимовски.Тој потсети дека изминативе години соработката со вработените во хигиената била на завидно ниво и изрази уверување дека и во наредниот мандат ќе продолжи со уште подобра динамика.„Она што го договаравме на почетокот, скоро целосно го реализиравме, остануваат уште малку работи кои заедно ќе ги довршиме. Во делот на платите го отпочнавме процесот и верувам дека веќе следната година ќе го завршиме. Повеќе од половината од колегите што беа непријавени веќе се регулирани, а останатите наскоро ќе бидат завршени. Исто така, зголемувањето на платите беше и ќе остане наш приоритет, кога ќе расте просечната плата, ќе растат и вашите плати,“ рече Герасимовски, потсетувајќи дека платите во овој сектор во последните години речиси двојно се зголемиле.Герасимовски, ја нагласи својата подготвеност да остане отворен за барањата на вработените.„Да знаете дека сме тука, сме биле тука и ќе бидеме тука да заедно се договараме и излегуваме во пресрет на сите ваши барања,“ изјави тој.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања