Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Анита Буховски

media-libraryfpj7gorsqf02a77I2ym

(Видео) На Попова Шапка уште снежи, првиот снег целосно ја прекри областа на Шара

Попова Шапка утрово се разбуди под снежна белина – целиот планински предел е прекриен со првиот снег што падна во октомври. Снегот и натаму паѓа, а коловозите и покривите веќе добија неколку сантриметри бела прекривка.Слична глетка има и во Лазарополе, каде исто така се забележува првиот снег за оваа сезона.Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека следуваат далеку пониски температури, особено во планинските региони, каде што ќе продолжи да се формира снежна покривка. Во останатите делови на земјата се очекува значително заладување со утрински минимални температури под просекот за овој период од годината.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Ќе има проширување на странската комисија околу сомнителните кардиолошки интервенции, најави министерот Алиу

Алиу најави проширување на странската комисија околу сомнителните кардиолошки интервенции и со експерти од Италија и од Австрија Министерот за здравство Азир Алиу вели дека конечниот извештај на домашната комисија што ја формира Министерството за здравство за сомнителните кардиохируршки интервенции сè уште не е достапен за јавноста. Тој повтори дека се отворени пет нови случаи кои се предмет на анализа од страна на Комисијата, покрај претходните осум предмети кои веќе се завршени.Алиу рече дека извештајот ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството дури откако ќе бидат готови сите случаи што се предмет на анализа.Во однос на вклучувањето странски експерти во истрагата за можни злоупотреби во приватни здравствени установи и дали се правеле операции на срце без основани медицински причини, Алиу истакна дека тие во оваа фаза не се активно вклучени, туку само комуницираат.„Чекаме нашата комисија да заврши со наодите, тоа се сензитивни процеси, и потоа ќе имаме заеднички состанок на локалниот експертски тим со странскиот“, рече Алиу на настанот во Општина Бутел каде што беше најавена изградба на нова поликлиника.

Македонија | пред 5 месеци

media-library1lhrhubp87fd3KaJVRu

Чекањето пред шалтерите ќе биде минато, документи ќе се вадат преку мобилен телефон, ветува премиерот Мицкоски

До крајот на овој владин мандат, сите јавни услуги ќе бидат достапни на интернет. Секој граѓанин преку својот мобилен телефон ќе може да ги завршува административните обврски и да добие дигитален идентитет, најави премиерот Христијан Мицкоски на „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025“ во Скопје.„Нашата визија е држава која ќе биде целосно дигитална, транспаретна и ефикасна. Дигитализацијата не е за машини, таа е за луѓето, таа е за мајката кое сака побрзо да го запише своето дете во градинка, за пензионерот кој сака лесно да ја добие својата пензија, за студентот кој сака пристап до знаење и книги онлајн, за секој граѓанин кој ја чуствува државата како пријател, а не како противник. Технологијата треба да служи на човекот а не обратно,“ истакна Мицкоски.Премиерот порача дека редиците пред шалтерите мора да останат минато и оти целта е Македонија да изгради дигитално општество споредено со најразвиените земји во Европа и регионот.„Ќе создадеме генерации со дигитални вештини, ученици кои ќе бидат конкуретни со своите врсници во Европа, ќе градиме систем на сајбербезбедност што ќе гарантира доверба во дигиталното општество, да станеме земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти,“ потенцира Мицкоски.Како дел од процесот, веќе функционира новата апликација Ем-услуги, која претставува дигитален паричник со сите документи и овозможува безбедна размена на податоци за рокови и обврски.„Ова е почеток на една дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен. Дигитализацијата ќе ја промени Европа од корен, таа е нашата шанса да изградиме поефикасна држава и поправедно општество. Иднината им припаѓа на оние што се подготвуваат за неа денес,“ нагласи премиерот, додавајќи дека дигитализацијата е предуслов за опстанок и напредок на општеството.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarym5151qifrv245uyNbaz

Првиот затвореник со електронска алка во Македонија е 79-годишен велешанец

79-годишен жител на Велес ќе биде првото лице во државата кое ќе ја издржува затворската казна со електронска алка на ногата. Тој е осуден на три месеци куќен затвор за кривично дело полово вознемирување, согласно член 190-а став 2 од Кривичниот законик.Од Управата за извршување санкции потврдија дека пресудата е донесена од Велешкиот суд, а барањето на осудениот за одложување на извршувањето е одбиено. Откако пробациски службеник ќе подготви индивидуална програма, ќе биде поставена опремата за електронски надзор, објави Фокус.Ова претставува прв случај на практична примена на електронските алки во земјава, мерка што беше најавена во мај годинава од директорот на УИС, Александар Пандов. Како што појасни тој, државата троши над 2.000 денари дневно за еден затвореник, па новата мерка ќе има и финансиски бенефит.Алките се воведуваат и како решение за намалување на затворската популација, која брои околу 2.300 затвореници и 400 притвореници, со установи што работат со над 100 отсто исполнетост. Законот дозволува нивна примена кај три категории осуденици: стари и изнемоштени лица, бремени жени и мајки со мали деца, како и лица со тешки болести или инвалидитет.Одделението за електронски надзор во рамки на УИС ќе следи доколку осуденикот го напушти дозволениот периметар или ја помести опремата. Во такви случаи се активира аларм, а доколку лицето не одговори на повик, се известува полицијата.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygsanprhdks156BLPG6e

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје поднесоа кривична пријава против Л.Г. (57) од Струмица, за сторено кривично дело „измама во службата “ член 355 став 1 во врска со став 2 од КЗ.Пријавената Л.Г., како службено лице - член на Судски совет на Република Северна Македонија, во временски период од 26.08.2022 до 15.01.2024 со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со неприкажување на фактот дека има промени во имотната состојба на членовите на нејзиното потесно семејство, не поднела навремено известување до претседателот на Судски совет дека нема да користи патни трошоци за патување на релација од Струмица, како место на живеење, до Скопје, како место на извршување на работата и обратно, со што го довела во заблуда Судскиот совет да и исплаќа надоместок на трошоци за превоз согласно точка 4 од Одлуката за начинот на остварување на правата на судиите утврдени во Законот за платите на судиите бр.02-1425/12 од 13.10.2010, а донесена од страна на Судски буџетски совет, согласно одредбите од член 8 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет.Имено, пријавената Л.Г. во својство на судија од Основен суд Струмица во 2018 година била избрана за член на Судски совет, од редот на судии од апелационо подрачје Штип, при што, согласно член 8 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет, членот на советот има право на надомест на трошоци за превоз во висина од вистинските трошоци за јавен сообраќај. Согласно тоа, пријавената Л.Г. поднела барање, кон кое доставила копија од лична карта, одлука за избор за судија и изјава заверена на нотар дека таа или член од нејзиното потесно семејство немаат стан или куќа во нивна сопственост во местото каде ја извршува функцијата. Пријавената Л.Г. во 2022 година имала промена на имотна состојба, односно нејзината ќерка се стекнала со недвижен имот-стан во Скопје, но Л.Г. не поднела навремено известување до претседателот на Судски совет, за што од страна на Судски совет на пријавената за период од септември 2022 година (како месец по стекнувањето на имотот) до декември 2023 година (кога и престанало правото на надомест на трошоци за превоз по нејзино доставено известување на ден 15.01.2024) во вкупно 15 наврати и биле исплатени пари како надомест за патни трошоци во вкупен износ од 291.040 денари, за кој износ Л.Г. се стекнала со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на Судски совет на РСМ.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryn9e2f7sm35r87augdOq

Уапсен е кумановец, долго време следел и вознемирувал девојка

Лишено е лицето од Куманово кое подолго време следеше и вознемируваше девојка од Куманово, следува пријаваНа 01.10.2025 во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, односно дека подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово.На 09.04.2025 во СВР Куманово, девојката го пријави случајот, по што од страна на судија од Основен суд Куманово беше изречена мерка претпазливост за недоближување. Додека, по преземени мерки, вчера тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryplffnkgikeqc9rKhw5f

(Фото) Напад пред синагога во Манчестер: Маж удрил во толпа луѓе со автомобил, потоа нападнал со нож

Пред синагогата „Хитон Парк“ на Мидлтон Роуд во северен Манчестер утринава се случи сериозен инцидент. Маж со автомобил удрил во група луѓе, а потоа се нафрлил врз нив со нож.Според информациите од полицијата на Манчестер, најмалку едно лице е избодено, а вкупно четири лица се повредени од ударот на автомобилот. Осомничениот не успеал да влезе во синагогата.На местото веднаш реагирала вооружена полиција, која отворила оган кон напаѓачот. Се наведува дека тој е сè уште жив, но неговата здравствена состојба не е позната.Градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, за BBC Radio Manchester изјави дека станува збор за „сериозен инцидент“ и нагласи дека благодарение на брзата интервенција на полицијата непосредната опасност е отстранета.Јавноста е повикана да ја избегнува областа додека трае полициската истрага, пренесува Manchester Evening News.

Свет | пред 5 месеци

media-librarys8b2fdmrfg108TXYQZ6

Апасиев од Велес: Левица се факторизира како втора партија во државата

,,Левица за првпат има шанси во некои општини да биде втора партија, веднаш зад ДПМНЕ, што значи дека се факторизира како втора партија во државата. Мислам дека тој налет, којшто сега, за среќа, се поклопува со овие избори, е незапирлив, без оглед на тоа какви опструкции прават", истакна претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, од средбата со граѓани во Велес.- Оттука, од мојот роден град, Титов Велес, традиционално, ја почнуваме кампањата. Овие избори класична кампања нема да имаме затоа што сме цензурирани. Од што сме цензурирани? Цензурирани сме од премиерот Мицкоски, директна порака, од медиуми, значи, од телевизии, радија, весници, интернет портали и друго. Сето тоа е забрането за една регистрирана и легитимна политичка партија, за првпат во плуралистичка Македонија. Судовите се паднати од Марс, секаде се обративме, сите се прават „на Тошо“. Оваа лакрдија ќе заврши во Стразбур, но ќе заврши по две - три години и затоа овие избори Левица нема да има рамноправен старт, но дијалектички ние ќе го постигнеме историскиот максимум. А тоа е - ќе одиме на над 70.000 гласа, коишто ги освоивме на Парламентарните избори - образложи лидерот на Левица, Апасиев.Тој ја истакна и штетата што е нанесена од ваквото цензурирање.- Штетата изразена во евра е околу 400.000 евра, коишто ни се ускратени за платено политичко рекламирање, а коишто ние не можеме да ги дистрибуираме до медиумите. Тоа е паричната штета, политичката штета е поголема, огромна. Нашите кандидати на трка од 100 метра тргнуваат од нула, а тие тргнуваат од 90 метра. Тоа е сликовито каков е теренот, меѓутоа она во што ние полагаме надеж се младите, коишто полека, но сигурно, се вртат кон нашите кандидати и тука е нашата компаративна предност. Очекуваме, како што кажав, историски скор и конкретно - во Велес очекуваме и да го зголемиме бројот на советници, досега беа тројца, ќе влезат, можеби, и повеќе. Мислам дека овој нефер третман народот интуитивно го чувствува и се враќаат кон послабиот, кон оној кому му се прави неправда. И оттука, очекувам да се сврти во наша полза - рече Апасиев.- Иако одбранбените механизми кои ни стојат на располагање веќе ги исцрпивме - Уставниот суд спие, Основниот граѓански суд се огласи како ненадлежен, Правниот суд - исто така, Комисијата за спречување на дискриминација дава само мислење, нема егзекутивно многу, така што овие избори ќе бидат низ вода, практично, за нас. Но ќе ги добиеме пред Стразбур, а потоа некој ќе треба да сноси не само политичка, туку и материјална одговорност, односно, ние ќе си ги бараме по судски пат овие пари коишто ни следуваат.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryh8flhl2jsoov7RPULkV

(Видео) Состојбата на Онкологија е алармантна – нема лекови, реагенси и апарати, реагира СДСМ

Состојбата на Клиниката за онкологија е алармантно лоша – нема доволно лекови, реагенси за испитувања, а дел од апаратите за зрачење се расипани, предупреди денеска на прес-конференција Елена Радеска од Комисијата за здравство на СДСМ.Таа посочи дека пациентите се доведени во животно загрозувачка состојба и се принудени сами да купуваат терапии од странство и да плаќаат приватно за дијагностички анализи. Дополнителен проблем, според неа, е тоа што апаратот за гинеколошка брахитерапија не работи поради задоцнет договор за сервис.„Пациенти се одложуваат, животи се ставаат во ризик, а оправдувањата се сведуваат на тендерски процедури и дистрибутерски грешки,“ рече Радеска, нагласувајќи дека ова не е првпат да има недостаток на лекови и хаос во организацијата на клиниката.СДСМ бара итна одговорност од министерот за здравство и од раководството на Клиниката, со порака дека институциите не смеат да се кријат зад бирократски процедури во момент кога пациентите бараат спас надвор од државата.Партијата побара гаранција за континуирана достапност на сите неопходни лекови и реагенси, како и итно ставање во функција на апаратите за зрачење и брахитерапија, бидејќи, како што нагласи Радеска, секое одложување на терапијата значи изгубени човечки животи.СДСМ најави дека ќе продолжи да ја алармира јавноста и да бара конкретни решенија, потенцирајќи дека хаосот во здравството мора да престане, а одговорноста да биде преземена веднаш.

Македонија | пред 5 месеци

ali-ahmeti-skenderbeg

Ахмети на последниот ден од кампањата ќе биде на протест во Тирана, ги откажа сите партиски активности, соопшти ДУИ

ДУИ денеска соопшти дека лидерот Али Ахмети, на 17 октомври, во последниот ден од изборната кампања, одлучи да ги откаже сите планирани партиски активности и да учествува на општонародниот протест во Тирана, свикан од организациите произлезени од војната на ОВК.Протестот ќе се одржи на плоштадот „Скендербеј“ во Тирана, со почеток во 17:00 часот, под мотото: „Правда за ослободителите, против неправдата во Хаг“. Али Ахмети, кој беше присутен и на протестот организиран во Приштина, како еден од основачите на Ослободителната војска на Косово, ја прифати поканата на организаторите да биде дел од овој голем општонароден протест.За ДУИ и за нејзиниот претседател, војната на албанскиот народ предводена од ОВК била праведна, неопходна и поддржана од целиот демократски, западен и слободољубив свет.ДУИ потенцира дека правдата за албанскиот народ не може да се гради врз политички процеси наметнати од Русија, ниту врз „докази“ фабрикувани од Србија.Претседателот Али Ахмети е неразделен дел од борбата за слободата на албанскиот народ и токму поради тоа силно го поддржува протестот свикан од организациите произлезени од војната на ОВК, откажувајќи ги сите изборни партиски активности, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 5 месеци

272643859_231847399072949_1916634926903834340_n

МВР ги повикува новинарите ако се соочуваат со закани, вербални или физички напади веднаш да ги пријавуваат

Од МВР информираат дека е објавен регистарот за напади врз новинарите, коментирајќи дека безбедноста на новинарите е на врвот на приоритетите на Министерството за внатрешни работи.-Слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се столбот на демократското општество. Во тој контекст, Министерството за внатрешни работи ја истакнува својата постојана и активна соработка со здруженијата и институциите кои работат на заштита на правата и безбедноста на новинарите.Како дел од таа заложба и меѓусебната блиска соработка меѓу МВР и ЗНМ на насловната веб страница на МВР поставен е линк до регистарот на напади врз новинари кој води до страницата на ЗНМ каде е објавен регистарот. Овој регистар прикажува случаи на повреди на правата на новинари — со детали за видот на нападот, локацијата, статусот на пријавата и постапката.Безбедноста на новинарите за Министерството за внатрешни работи е еден од врвните приоритети и во изминативе години интензивно се работи на ова поле, а видливи се и резултатите од ваквата посветеност. Меѓу другото, беше одредена и контакт-точка, што многу придонесе за побрзо и поефикасно расчистување на случаите што се поврзани со новинарите. Се разбира, во координација со ЗНМ, Министерството за внатрешни работи продолжува да работи на ова поле.Формирањето на националниот комитет за заштита на новинари претставува меѓуресорско тело комбинација од владини институции и невладини организации меѓудругото поврзани во новинарската фела. Процесот на формирање е во тек и по неговото финализирање една од примарните задачи ќе биде носењето на Национален акциски план за заштита на новинарите. Ова е процес кој се спроведува во рамки на кампањата на Советот на Европа Safety of Journalists, во координација со националната контакт точка.Координацијата помеѓу полицијата, обвинителството и новинарските организации е на високо ниво и тоа многу придонесува за брзо и ефикасно решавање на случаите кои се однесуваат на новинарите. Ваквата соработка треба да продолжи и во наредниот период со цел понатамошно ефикасно расчистување на било каков случај на напад врз медиумски работник. Водејќи се од мотото „Секогаш може подобро“, полицијата, обвинителството и новинарските организации во голема мера во блиска иднина ќе ја зголемат и подобрат веќе постоечката висока меѓусебната соработка.Прирачникот за безбедност на новинарите кој беше изработен во координација со ЗНМ и ОЈО се применува во МВР, а во текот на минатата година беше ажуриран. И понатаму во иднина ќе се обновува и ажурира се разбира во насока на понатамошно подобрување и зголемување на степенот на безбедност на новинарите, безбедност која е на врвот на приоритетите на раководството на МВР.Министерството апелира до сите новинари доколку се соочат со закани, вербални или физички напади, или друг вид на притисок, веднаш да ги пријават случаите. Министерството за внатрешни работи е обврзано да ги санкционира сторителите и да го заштити правото на јавноста за слободно информирање.Заедно со медиумските работници и граѓанските организации, продолжуваме да градиме безбедна средина каде новинарите можат слободно и без страв да ја извршуваат својата професија, велат од МВР.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarymu94da18kv09c7lCDGy

Лазаров: „Лекарската комора нека излезе од конфорот и нека донира за да се спаси животот на студентот Спасение“

Д-р Ненад Лазаров и денеска повикува да му се помогне на младиот студент Спасение за да може да се лекува во Хрватска, бидејќи се бори со тешка леукемија.Тој во последните објави на ФБ директно ја повика Лекарската комора на Македонија да извои пари од сопствениот фонд.-Нека ги поздрави некој во сектана Лекарска Комора на Македонија и нека ги потсети дека располагаат со солидарен фонд, искочете од комфорна зона и помогнете на младиот колега Спасен во неговата битка за живот, што чекате?

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryt700j5ktdaobbMP3RIX

Битола се збогува со естрадниот уметник, професор и спортист, почина Томе Влашевски - Кубата

Во Битола денеска почина Томе Влашевски, кого јавноста го знае по прекарот Кубата.Роден е во Полска во 1959 година, а на петгодишна возраст веќе е преселен во Македонија каде што има повеќедецениска кариера.Пошироката јавност ќе го памети како музичар ко0ј беше дел од рок групата „Хомо сапиенс“, потоа „Молика“, но и дел од познатите „Бон Тон“ и неговата подоцнежна соло кариера.Инаку, Влашевски во Битола работеше во ОУ „Коле Канински“ како наставник по физичко образование, веднаш по дипломирањето на Факултетот за физичка култура во Скопје. Тој бил и успешен спортист, тренирал атлетика и бил првак на Македонија во јуниорска конкуренција.Дел од својата кариера, Влашевски ја поминал и во медиумите, работејќи неколку години како монтажер и снимател во Тера телевизија.Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 3 октомври, од 9:00 часот во капелата на црквата „Св. Недела“ во Битола, а погребот ќе се одржи во 11:00 часот.

Македонија | пред 5 месеци

sneg-krov-kukja-skopje

(Видео) Октомвриски снег и во Лазарополе

Во Лазарополе утрово падна првиот снег, а снежни врнежи беа забележани и на Попова Шапка. Сцените од белите покривки за овој период од годината веќе ги преплавија социјалните мрежи.Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините ќе преминуваат во снег. Очекувањата се врнежите да бидат пообилни на повеќе места во земјава. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а максималните дневни температури ќе се движат меѓу 6 и 13 степени.Во Скопје, како што најавуваат метеоролозите, ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поинтензивни. Северниот ветер ќе биде засилен, а температурата во главниот град ќе се искачи до 10 степени.

Македонија | пред 5 месеци

media-library49hubqbe8psu3V77XAe

(Видео) Несреќа на аеродрмот во Њујорк, се судриле два авиони, едниот слетувал, другиот требало да полета!

Авионска несреќа во Њујорк, синоќа на пистата на аеродромот Ла Гвардија се судриле два авиона, при што две лица биле повредени, соопштија аеродромските власти и авиокомпанијата Делта ерлајнс.Инцидентот во кој беа вклучени два авиони на регионалната авиокомпанија „Делта“, „Ендевор Ер“, се случи во 21:58 часот по локално време. Едниот авион слетуваше, а другиот се подготвуваше за полетување, соопшти раководството на аеродромот.Делта соопшти дека член на екипажот на еден од авионите претрпел полесни повреди, а хоспитализирано е и уште едно лице кое не е во животна опасност.Аеродромот, еден од најпрометните во САД, не беше затворен поради инцидентот.

Свет | пред 5 месеци

GmGKXsXWIAAcvu6-1024x602-1

Поминаа 11 месеци од уривањето на настрешницата во Нови Сад, граѓаните го одбележаа со протестен марш

Градовите низ цела Србија одбележуваат 11 месеци од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица, со комеморативни прошетки и бдеења со свеќи.Неколку илјади луѓе синоќа тргнаа од железничката станица Прокоп кон онаа во Нов Белград по облачно време и влажен коловоз.Во колоната се вклучени студенти, граѓани, воени ветерани, но нема вообичаени скандирања, ниту звук на вувузели и свирчиња.„Нека тишината одекнува низ цела Србија“, напишаа тие во објава на социјалните мрежи, додека претходно побараа „свирчињата да се остават дома“.Студентите и демонстрантите бараат владејачките структури да бидат одговорни за несреќата и тврдат дека настрешницата се срушила поради корупција, додека владата на Српската напредна партија (СНС) и претседателот Александар Вучиќ го негираат ова.

Свет | пред 5 месеци

media-library1fq9vt53ai8jerzPoq7

(Видео) На Шапка утринава падна првиот снег, покажуваат камерите на SkiMacedonia

Утринава на Попова Шапка беше забележан првиот снег, кој го регистрираа камерите на SkiMacedonia.Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрото беше студено, со минимални температури кои се спуштија до 4 степени во Крушево, 6 во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија, додека најтопло беше во Струмица со 10 степени.Во изминатите 24 часа до 8 часот наутро најмногу врнежи се измерени во Ѓуриште – 19 литри на квадратен метар, потоа во Крушево и Битола по 17, Штип со 14, Скопје – Петровец и Тетово со по 13 литри, а најмалку во Струмица – 3 литри.Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремени поројни врнежи од дожд и умерен до засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 10 степени.

Македонија | пред 5 месеци

greta1

Израел ја уапси Грета Тунберг и внукот на Нелсон Мандела, флотилата со лекови и храна за Палестина е стопирана

Израелската морнарица синоќа ја пресретнала флотилата на активистите кои се приближувале кон опколената палестинска територија, по што ги уапсила сите кои биле на бродовите, а мѓу нив и шведската активистка Грета Тунберг, како и внукот на Нелсон Мандела. Некои од оние вклучени во најновата кампања за помош на Палестина рекоа дека ќе започнат штрајк со глад доколку бидат притворени.Израелските власти соопштија дека активистите на бродот, вклучувајќи ја и Тунберг, се безбедни и се префрлаат во Израел, а објавија и видео од настанот.Глобалната флотила Сумуд е составена од повеќе од 40 цивилни бродови со околу 500 луѓе на бродот и се обидува да ја пробие морската блокада на Израел.Министерството за надворешни работи на Израел соопшти дека „неколку бродови“ се „безбедно запрени“, а патниците се однесени во израелско пристаниште. „Грета и нејзините пријатели се безбедни и здрави“, додаде портпаролот. На видеото се гледа како Тунберг седи на палубата додека ѝ се дава шише со вода и мантил за дожд.Флотилата ги игнорираше барањата да се врати назад, а организаторите рекоа дека пресретнувањето било нелегално бидејќи се случило во „меѓународни води“ на околу 80 милји од брегот.Флотилата, која тргна од Барселона и требаше да пристигне утрово, беше придружувана од воени бродови на НАТО.Протести избувнаа во Италија и Турција поради третманот на флотилата.Најголемиот синдикат во Италија повика на генерален штрајк утре, велејќи дека „нападот врз цивилните бродови што превезуваат италијански граѓани претставува исклучително сериозно прашање“.Турското министерство за надворешни работи го нарече пресретнувањето на Израел „напад“ и „акт на терор“ што ги загрозува животите на оние на бродот. Газа страда со сериозен недостиг на храна поради бруталната војна на Израел. Агенции како што е ОН го обвинија Израел за намерно забавување на испораката на залихи – нешто што тие го негираат.Сепак, како што се наведува, помошта што ја носи флотилата е само симболична количина храна и лекови.

Свет | пред 5 месеци

rade-trajkovski-stekli-3

И рочиштето на Штекли одложено, добил еден вид епилептичен напад во судницата

Рочиштето за случајот „Штекли“, во кој повеќе обвинети се товарат за организирана трговија со дрога, денеска беше прекинато и одложено за 9 октомври, откако првообвинетиот Раде Трајковски – Штекли пред почетокот на расправата доби напад налик на епилептичен и падна во судницата.Екипата на Брза помош изврши лекарски преглед, при што обвинетиот бил контактибилен, но изјавил дека „не знае каде се наоѓа“. Лекарката нагласи дека тој одбил да ја прими понудената терапија, бидејќи претходно во затвор примал друг вид на лекови, а одбил и да потпише изјава за тоа.Адвокатот Сашко Дуковски пред Судот потенцираше дека не може напад кај лице со потврдена епилепсија да се смета како нарушување на редот. „Обвинетиот вчера беше прегледан од психијатар и доби терапија поради суицидални идеи. Ако денеска не ја примил, ваков напад е очекуван исход,“ изјави Дуковски. Тој додаде дека одбраната нема никаков интерес да го одолговлекува процесот и дека по вакви услови не може да се продолжи со испрашување и вкрстени прашања.Судијата Илија Трпков објасни дека приоритет на Судот е процесот да биде ефикасен и правичен, но и здравјето на обвинетите да биде заштитено. „Во предметот има повеќе обвинети, не само Раде. Но, имајќи предвид дека веќе е крај на денот и има уште многу прашања, главната расправа се одложува за 9 октомври. Секој обид за одолговлекување ќе биде санкциониран,“ изјави судијата.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysn14t9b416k47UuV3IP

Филипче со проценка: „Можно е ВЛЕН да биде заменета со ДУИ по изборите, ВМРО прави сè за својот интерес“

На новинарско прашање дали е можно по изборите да дојде до промена во владејачката коалиција и ВЛЕН да биде заменета со ДУИ, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави:„Мислам дека е сè можно кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање. Тие не ги земаат сериозно работите кои ги ветуваат, така е лесно да го кажуваат. Тоа го видовме и сега, и изминатата година, и сега сме сведоци дека огромен број од ветувањата и работите што ги кажале пред 4 години, таму кај што имаат сега градоначалници едноставно не се исполнети. Мислам дека за нивниот тесен партиски и личен интерес се спремни сè да направат,“ изјави Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

ujp

УЈП суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во „Пулс“

По објавените кои открија блиска комуникација меѓу инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и полициски службеници со сопствениците на дискотеката „Пулс“ во Кочани, од УЈП информираа дека донеле решение за суспензија на вработени лица опфатени со случајот.„Во тек е внатрешна контрола и проверка на наводите, а суспензијата останува на сила сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба,“ соопштија од УЈП.Дел од објавените комуникации укажуваат на можни коруптивни дејствија на инспектори и полициски службеници.Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се води предистражна постапка која ги опфаќа УЈП и други институции поврзани со случајот. „Предметот е обемен и се работи на прибирање на докази кои треба да утврдат дали и каква одговорност има службени лица од институциите,“ рече Коцевски.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarybvp1d5ubv7al8Z758aP

Полицајци на пешачки со мобилни телефони го прекршуваат Законот, наместо да го спроведуваат: „За нив не важи“

Фотографија на која полициски службеници користат мобилни телефони додека поминуваат на пешачки премин предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Ова се случува само неколку дена откако стапија во сила новите законски измени со кои пешаците се казнуваат доколку преминуваат улица со мобилен телефон или со слушалки на ушите.Следуваат дел од коментарите на граѓаните:„Ама овие се на обука за лежечки полицајци, не се однесува на нив законот.“„Добар пример за сите останати да си продолжат по старо.“„Тие претставуваат пример за граѓаните. Неселективно казнување иако ова не е приоритетен проблем за градот…“Казните се високи!Со измените на Законот за безбедност на сообраќајот, кои важат од 26 септември 2025 година:Пешак што преминува улица користејќи мобилен телефон или слушалки може да биде казнет со 40 евра.За велосипедисти кои го прават истиот прекршок е предвидена глоба од 50 евра.Мерките се воведени со цел да се зголеми вниманието на учесниците во сообраќајот и да се намалат несреќите предизвикани од невнимание.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryut6dd98vhlsda0Xaake

(Видео) Трајановски ветува крај на сообраќајниот хаос во Аеродром, кандидатот на СДСМ најави бројни проекти

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, денеска на прес-конференција изјави дека неговата програма нуди конкретни решенија за сообраќајните и инфраструктурните проблеми во општината.Тој посочи дека Аеродром се соочува со сообраќаен метеж, недостиг од паркинг-простор и небезбедни пешачки и велосипедски патеки. „Нашата програма нуди решенија, а не празни зборови,“ рече Трајановски.Според него, во соработка со Град Скопје ќе се заврши изградбата на булеварот АСНОМ, ќе се обезбедат нови коридори за поврзување со соседните општини и ќе се изгради нова сообраќајница меѓу Аеродром и Кисела Вода. Исто така, е предвидена реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ и нејзините краци.Во програмата е вклучена и целосна реконструкција на споредните улици во Горно и Долно Лисиче, како и уредување на паркинг-просторите зад трговските центри „Скопјанка“ и „Бисер“, како и во Ново Лисиче.„Ќе реконструираме сите сервисни улици со воведување на ‘зона 30’, што ќе значи поголема безбедност за пешаците и велосипедистите. Ќе изградиме нови велосипедски патеки и ќе воспоставиме нулта толеранција за паркирање на тротоари и пешачки патеки,“ најави кандидатот на СДСМ.Дополнително, Трајановски најави поставување нови семафори кај сите училишта за поголема заштита на децата, како и изградба на паметни паркиралишта и катни гаражи, согласно принципите на одржлива урбана мобилност.„Ова се решенија што директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните – побезбеден сообраќај, поуредени улици и поголема мобилност за сите. Заедно ќе ставиме крај на сообраќајниот хаос и ќе изградиме модерна, европска општина Аеродром – општина по мерка на граѓаните,“ изјави Трајановски.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarybkk6rvof6n792JwUOB6

Шукова: Хуман третман за бездомните кучиња, зголемени активности за чипирање, стерилизација и вакцинација

При денешната посета на Општина Аеродром, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, ја отвори и темата која, според неа, е од особена важност за граѓаните проблемот со бездомните животни.„Во изминатиот период, низ разговорите со граѓаните, речиси секојдневно го слушаме истиот проблем уличните кучиња. Проблемот е реален и мора да се решава со сериозен, хуман и системски пристап“, истакна Шукова.Таа најави план за изградба на државно прифатилиште со поголем капацитет, кое ќе овозможи поефикасно справување со проблемот.„И покрај активностите на ‘Лајка’, потребен е поголем и одржлив капацитет. Затоа предвидуваме државно прифатилиште кое ќе го адресира проблемот во корен“, додаде таа.Шукова најави зголемени активности за чипирање, стерилизација и вакцинација на уличните животни, во соработка со ветеринарни станици и граѓански здруженија.„Мораме на хуман начин да го решиме проблемот. Секако, и институциите и граѓаните треба да бидат дел од решението“, потенцираше Шукова.Во својата програма таа предвидува и изградба на крематориум за домашни миленичиња, како сервис што, според неа, недостасува во градот.„Покрај тоа што мораме да се грижиме за уличните животни, мора да понудиме и достоинствен начин на збогување со нашите домашни миленици. И тоа е дел од хуманиот пристап кон животните“, изјави Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryua82094j8si4f6ILYmk

„Јас сум професионалец, но пред сè сум мајка“! Албанската пратеничка Ѓузи го донесе своето бебе на седница во парламентот

Пратеничката на Социјалистичката партија во албанското Собрание, Илва Ѓузи, привлече внимание на состанокот на Парламентарниот комитет за природни ресурси, инфраструктура и одржлив развој, поради тоа што цело време го држеше во рацете своето бебе старо само 38 дена.„Пред сè сум мајка, а потоа пратеничка. Моето бебе има само 38 дена и како што се грижев за моите браќа и сестри, така ќе се грижам и за него,“ изјави Ѓузи за албанската телевизија Топ.Таа нагласи дека е благодарна што албанскиот парламент го прифаќа мајчинството како дел од реалноста и изјави дека се чувствувала добредојдено. „Имавме сериозни точки на дневен ред, но мојот син ја доби својата грижа. Бебето ќе биде со мене и на наредните комисии и седници,“ додаде таа.Ѓузи откри дека има силна поддршка од сопругот и свекрвата, а во иднина дел од грижата ќе ја преземе и нејзината мајка. „Во овие рани месеци, местото на бебето е со мене,“ рече пратеничката.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања