Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Анита Буховски

kocani-puls-protest-4

Мицкоски за барањата за негова оставка поради Кочани: Се злоупотребува болката на родителите

Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан за коментар по последните барања за оставки од него и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кои дојдоа од родител во Кочани.„По последните маршови за ангелите од Кочани, можев да се видам во свој дигитален споменик, со лик испрскан со крв, каде што се води кампања против мене, министерот Тошковски и директорот Јанев.Мислам дека постојат луѓе на кои најмалку им е грижа за ангелите од Кочани и ја злоупотребуваат трагедијата на родителите што ги изгубија своите деца. За првпат можеби на македонската политичка сцена сведочев на дигитален споменик со мојот лик испрскан со крв. Ако некој смета дека тоа е добра кампања – во ред“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

zagadeno-skopje

Мицкоски најави филтри на оџаците како мерка против загадувањето: Очекувам невладини да се борат за воздуј по седум години молк

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата веќе размислува за конкретни мерки за намалување на загадувањето во претстојната зимска сезона.„За еден месец започнува грејната сезона. Денеска на владина седница ќе отворам значајна точка. Гасификацијата ќе трае подолго, затоа треба да разгледаме можност, како што субвенционираме клими и топлотни пумпи, да обезбедиме филтри на оџаците за 5 до 10 илјади домаќинства. Лично работев на оваа проблематика и видов дека во голем дел од градовите на тој начин е намалено загадувањето“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека Владата веќе мапирала околу 500 државни објекти кои користат фосилни горива, најчесто дрва, и дека постои можност и таму да се инсталираат филтри.„Очекувам повторно од ноември невладини организации да се активираат и да се борат за почист воздух, иако во изминативе седум години ги немаше. Оваа мерка би била вонредна, но мора да видиме како законски да ја реализираме, бидејќи сме во изборен период“, додаде премиерот.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryq1o20pjcbqn6cHVWhjM

(Видео) Скопје - град заложник на ѓубре! И ѓубриња.

Улиците на главниот град се претворени во мини депонии – преполни контејнери, купишта отпад расфрлани околу нив, смрдеа и пешачки патеки низ кои не може да се помине.Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае – глетката е иста, а граѓаните реагираат дека ова трае со денови. Град што треба да биде метропола, денес е заложник на сопствениот отпад. „ГРАД ЗАЛОЖНИК НА ЃУБРЕ! И ЃУБРИЊА.“ – натпис што не е случајно избран.Прашањето е што собираат камионите на ЈП „Комунална хигиена“? Ако задачата им е да го остават ѓубрето расфрлано околу контејнерите и на булеварите – работата им оди „одлично“.Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае, состојбата е очајна. Дел од контејнерите преплавени, некои се празни, дел од тротоарите блокирани, миризбата неподнослива.Дел од граѓаните се жалат дека не се поминува на пешачките патеки.А институциите? Едни велат „не е наша надлежност“, други велат „ќе се среди“. Во меѓувреме, градот се претвори во отворена депонија. И тоа со денови, не со часови.„Скопје навистина не заслужува вакво понижување. Но очигледно, ѓубрето си има свои заштитници“, се коментира на Фејсбук од жители.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryg8k3mn0775me6OdlrY4

По кратка постапка! Разрешен заменик министерот за внатрешни на Албанија, пушел цигари на службен пат во ресторан во САД

Заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Анди Махила, е разрешен од функцијата откако бил фатен како пуши цигари во ресторан за време на службен престој во САД.Одлуката ја донесе министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, која на својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека реагирала по пријава од албански државјанин што живее во Њујорк.„Од граѓанин што живее во Њујорк добив пријава дека заменик-министерот за внатрешни работи пушел цигари во ресторан. По направената проверка, ја донесов одлуката за негово разрешување“, наведе Кочиу.Таа додаде дека станува збор за сериозно кршење на законот и неприфатливо однесување за висок функционер на Министерството за внатрешни работи.„Ненамерни грешки се разбирливи, но пушењето во ресторан не може да се смета за таква. Тоа е свесно прекршување на правилата, што не може да се оправда“, потенцира министерката.Албана Кочиу е првата жена која застанала на чело на албанската полиција. Во претходната влада таа ја извршуваше функцијата министерка за здравство.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryqufotg8hrlgh1vN1GXd

(Фото) Герасимовски објави слики - го чистеше ѓубрето во Општина Центар заедно со хигиеничарите

Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет.„Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните, ние сме тука за заедно да ги решаваме проблемите. А сега продолжуваме сите заедно да го чистиме Центар поради негрижата на градот“, изјави Герасимовски на терен.Герасимовски посочи дека акцијата продолжува динамично, со цел што побрзо да се нормализира состојбата.„Продолжуваме на следна локација, вечерва колку што ќе стигнеме да исчистиме, да ги наполниме контејнерите. Сабајле продолжуваме заедно со хигиеничарите да ги средуваме другите населби, една по една.Сите контејнери се полни, и на булеварите. Центарци нема каде да се паркираат, и паркинг местата ги узурпирале со смет. Се надевам дека градската власт ќе се свести и од утре ќе си ги преземе одговорностите и ќе ни го направи почист градот. Ако тие не го направат тоа, нашите служби повторно ќе ја завршат работата на градот“, додаде Герасимовски.Општина Центар информира дека општинските хигиеничари и во текот на денешниот ден продолжуваат со расчистување на сметот во сите населби.

Скопје | пред 5 месеци

menduh-taci-vlada

Тачи се закани: Ако ДУИ проговори, ќе откријам кои бизнисмени од Скопје и од Албанија колку го молеле Мицкоски

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, синоќа во гостување на ТВ21 изјави дека се покајал што влегол во Европскиот фронт, обвинувајќи го лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека не си го одржал зборот.„Јас се покајав што влегов во Европскиот фронт“, нагласи Тачи.Во своето излагање, тој упати и сериозни предупредувања до ДУИ: „Ако отворат уста уште еден збор, тогаш на следен јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски. Кој, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, колку се поклониле, како се согласиле да влезат во Владата дури и без претседател на Парламентот“, рече Тачи.

Македонија | пред 5 месеци

media-library652rhj7abvuoaCVzvXQ

(Видео) Се слушале експлозии, горело многу: Голем пожар ноќеска во Козле, горела куќа

Ноќеска избувнал пожар во скопската населба Козле, на улица „Јуриј Гагарин“, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“.„Во 02:03 се јавив на 112 и веднаш ми се јавија и ми кажаа дека се запознаени и дека се во акција. Во 02:12 огнот беше изгасен, остана чад. Во02:30 пак се слушаа експлозии и имаше чад”, сведочи водителката Снеже Велков.Противпожарната бригада на Скопје интервенирала со четири возила, откако огнот зафатил една шупа, а поради големината на пожарот бил оштетен и покривот на соседната куќа.„Пожарот беше голем и бараше ангажман на повеќе екипи. По два часа интервенција, успеавме целосно да го изгаснеме“, изјави за медиумите Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Скопје.Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица, а причината за пожарот дополнително ќе се утврдува.

Скопје | пред 5 месеци

dron1

Дронови го блокираа воздушниот сообраќај во Копенхаген и Осло

Силно полициско присуство и целосен прекин на сообраќај ја одбележаа ноќта на аеродромот во Копенхаген, откако беа забележани беспилотни летала над областа. Аеродромот, познат и како Каструп, беше затворен со часови, а повторно се отвори околу 00:30 часот.Данската полиција потврди дека во близина на пистите биле видени два до три големи дрона. „Тие беа директно над аеродромот, а потоа се поместија на периферијата“, изјави началникот на полицијата во Копенхаген, Хенрик Штормер, за ТВ 2 Данмарк. Портпаролот на аеродромот, Ден Прангсгард, додаде дека дел од летовите биле пренасочени кон Билунд, а бил повикан и дополнителен персонал.Неколку часа подоцна, слична ситуација се повтори и во Норвешка. По полноќ, аеродромот Гардермоен во Осло беше затворен поради нов извештај за дрон во областа. Претходно вечерта, беспилотни летала биле забележани и над центарот на градот, а двајца државјани на Сингапур се уапсени во рамки на истрагата.„Воздушниот простор над аеродромот е затворен поради нов извештај за дрон“, изјави за весникот VG Моника Фастинг, раководителка на комуникациите на аеродромот. Според „Флајтрадар“, во моментот имало неколку авиони што кружеле над Осло и Гардермоен.„Авионите кружат над градот и чекаат да бидат пренасочени кон други аеродроми“, објасни Фастинг, додавајќи дека затворањето во тој момент погодило 12 до 14 летови.

Македонија | пред 5 месеци

putin-4124

Путин: Подготвени сме воено да му возвратиме на Западот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Русија е подготвена да одговори на сите закани, додавајќи дека Москва и понатаму го поддржува дипломатскиот пат за смирување на тензиите „и покрај деструктивните политики на Западот“.Говорејќи во пресрет на денешната седница на Советот за безбедност, Путин предупреди на „исклучителна опасност од понатамошно влошување“ на геополитичката ситуација, особено во контекст на војната во Украина.Тој додаде дека Русија понудила „конкретни идеи“ за промена на тој курс, но дека тие „апели и иницијативи не наидоа на јасен одговор“, пренесе Russia Today.„Не смее да има никакво сомневање: Русија е способна да одговори на сите постоечки и новонастанати закани. Не со зборови, туку со примена на воено-технички мерки“, порача Путин.Откажување од мораториумот за проектилиПутин потсети на одлуката на Москва од минатиот месец да се повлече од едностран мораториум за распоредување копнени проектили со среден и пократок дострел. Овој потег го опиша како „принуден чекор“, предизвикан од потребата да се спротивстави на плановите за распоредување американски и други западни проектили во Европа и азиско-пацифичкиот регион.Сепак, Путин нагласи дека Русија не е заинтересирана за воена реторика ниту за „мавтање со оружје“. „Убедени сме во доверливоста и ефикасноста на нашите национални сили за одвраќање, но во исто време не сме заинтересирани за понатамошно подигање на тензиите ниту за поттикнување трка во вооружување,“ рече тој.Тој додаде дека Русија секогаш им давала предност на „политичките и дипломатските методи за одржување на меѓународниот мир, засновани врз начелата на еднаквост, неделивост на безбедноста и заемно почитување на интересите“.

Свет | пред 5 месеци

media-librarykne2pg9kpgq7dFwOrDv

(Видео) Трамп и Маск повторно лице в лице: Читач на усни откри што си рекле еден на друг

Американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск повторно се сретнаа на погребот на конзервативниот активист Чарли Кирк, кој се одржа во неделата во Аризона.Маск, основачот на „Тесла“, му подаде рака на Трамп во претседателската ложа, а двајцата кратко разговараа пред Трамп со гест на рака да му покаже да се повлече.Според читачот на усни Никола Хиклинг, Трамп му рекол на Маск: „Како си?“, а потоа додал: „Чув дека сакаш да разговараш.“Маск слегнал со раменици, а Трамп предложил: „Ајде да се обидеме да најдеме начин да се вратиме на вистинскиот пат.“Американскиот милијардер потврдно кимнал со главата, по што Трамп му ја стегнал раката и изјавил: „Ми недостигаше.“Нивната средба се случува по повеќемесечна јавна кавга.

Свет | пред 5 месеци

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Од полноќ поскапува Еуродизелот за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ се зголемува цената на Еуродизелот (Д-Е V) за половина денар по литар. Така, од утре на бензинските пумпи овој дериват ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар.Цените на другите горива остануваат непроменети. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по 75,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 77,50 денари за литар.Со оваа одлука, граѓаните ќе плаќаат малку повеќе само за дизел горивото, додека цените на бензините остануваат исти. Регулаторната комисија редовно врши усогласување на цените на нафтените деривати врз основа на движењата на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ристоска го демантира Мицкоски: Платата ми е редовна, не повисока

Обвинителката за врски на Македонија во Европравда, Ленче Ристоска, го демантира премиерот Христијан Мицкоски и истакна дека никогаш не примала за два до три пати повисока плата од редовната. Таа нагласи дека нејзиниот надоместок не го одредува државниот обвинител преку Правилник и дека е единствениот обвинител кој работи од сопствената држава.Реакцијата следува откако Мицкоски на брифинг со новинарите во петокот изјави дека претставникот на Македонија во Европравда зема „ненормално висока плата“. Премиерот беше дециден дека е против судиите и обвинителите да имаат зголемени плати, иако, како што рече, тоа го бараат со поддршка од граѓаните од едвај два проценти.Во овој контекст, Мицкоски додаде дека во законите за судиите и обвинителите не се предвидуваат суштински реформи, туку единствено зголемување на платите.Европската комисија, пак, бара зголемување на платите за судиите и јавните обвинители, како и за членовите на Судскиот и Обвинителскиот совет. Сепак, Владата е против ваквото решение и најави дека ќе направи компаративна анализа со пет европски земји за да се утврди колку средства тие издвојуваат за судството и обвинителството.

Македонија | пред 5 месеци

motor-18-

Во четири града, четири сообраќајќи со мотори, најтешко е повреден пешак во Куманово

Црн ден за моторџиите низ државата. Во текот на 21 септември се случија четири сообраќајни несреќи во кои беа вклучени мотоцикли, при што повеќе лица се здобија со тешки телесни повреди.Во Охрид, на улицата „7 Ноември“, 18-годишен возач на мопед „априлија“ од селото Лескоец е тешко повреден при судир со патничко возило „рено“.На 21.09.2025 во 21:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на  улицата „7 Ноември“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(69) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.З.(18) од охридското село Лескоец. Н.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.Во Свети Николе, на крстосницата од улиците „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“, 33-годишен мотоциклист од Скопје е тешко повреден во судир со возило „пежо“.На 21.09.2025  во 14:40 часот во Полициската станица Свети Николе е пријавено дека на крстосницата од ул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(33) од Скопје и патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната Е.Ѓ. од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.Во Куманово, на булевар „Трета македонска ударна бригада“, мотоцикл „бмв“ со швајцарски ознаки удрил во 74-годишен пешак кој се здобил со тешки повреди. Повредени се и возачот на моторот и неговата сопатничка.-На 21.09.2025 во 20:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово мотоцикл „бмв“ со швајцарски  национални ознаки, управуван од З.Б.(48) од Куманово, удрил во пешакот М.Д.(74) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Со телесни повреди се здобиле З.Б. и неговата 36-годишна сопатничка Л.Д. од Украина. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.Во Битола, на крстосницата од улиците „Филип Втори Македонски“ и „Наум Наумовски Борче“, мотоцикл удрил во патничко возило „сеат“. Тешки повреди добила 50-годишна жена сопатничка на моторот, а полесно е повреден и возачот.На 21.09.2025 во 14:58 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(44) од Битола и мотоцикл управуван од С.А.(22) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 50-годишната С.А. од Битола, која се превезувала на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката  болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 5 месеци

media-library66ibkhdvmf1f1FW9wNJ

Обвинителството повторно побара обдукција на телото на починатото девојче во тетовската болница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово повторно издаде наредба за извршување на судско-медицинска обдукција на телото на седумгодишното девојче од селото Челопек, кое на 20 септември почина за време на лекување во Клиничката болница во Тетово, а за кое родителите не дозволуваат да се изврши обдукција.Според обвинителството, обдукцијата е неопходна за целосно да се расветлат околностите околу смртта на детето.Од Клиничката болница Тетово претходно информираа дека веднаш по приемот на пациентката биле преземени сите неопходни медицински мерки, но и покрај напорите на лекарите девојчето починало.

Македонија | пред 5 месеци

AVTOBUS-JSP

Автобусите на ЈСП може повторно да останат без нафта – „Пуцко петрол“ ја прекина доставата

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје се соочува со проблеми во снабдувањето со нафта, откако компанијата „Пуцко петрол“ ја прекина испораката и покрај активниот договор.Од претпријатието предупредуваат дека оваа ситуација може да влијае врз редовното сообраќање на автобусите во градот.

Скопје | пред 5 месеци

nato-mrezi

Москва: НАТО го претвора Балтикот во ризична зона за воен судир

Активностите на НАТО во Балтичкото Море ја зголемуваат тензијата и носат сериозни безбедносни ризици, предупреди рускиот амбасадор во Белгија, Денис Гончар, пренесе РИА Новости.Според него, честите и обемни воени маневри, меѓу кои и поморската вежба „Балтопс 2025“, претставуваат „исклучително опасни потези“. Гончар особено ја посочи операцијата „Балтичка стража“, во рамките на која НАТО врши инспекции на бродови под изговор за потрага по „руската флота во сенка“.Тој потсети и на 9 септември, кога Литванија најави засилено присуство на војници на границата со Русија и Белорусија како одговор на нивните заеднички маневри „Запад 2025“.Во исто време, на север, во Финска завршија големите воздушни вежби на НАТО – „Атлантик Тридент“ и „Итакаира 2025/2“. Официјалните информации велат дека сценариото вклучувало пробивање на руската воздушна одбрана. На маневрите учествуваа повеќе од 40 борбени авиони и извидувачки беспилотни летала RQ-4D Phoenix, а беа ангажирани сили од Финска, САД, Франција и Велика Британија.Рускиот дипломат нагласи дека ваквите активности на алијансата ја зголемуваат опасноста од директна конфронтација и ја поткопуваат регионалната безбедност. Москва, како што рече, внимателно ги следи настаните и задржува право да реагира на чекори што ги смета за провокација.

Свет | пред 5 месеци

media-library9l6flv6cdgapfoN2FbM

СДСМ обвинува: Патниците се изложени на ризик, расипаниот радар е резултат на партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

„Граѓаните и патниците се изложени на ризик, Македонија изгледа несериозно пред светот, а институцијата која треба да биде симбол на професионализам е сведена на партиска филијала.“Ова денеска го изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвинувајќи дека расипаниот радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром е последица на партизацијата и неспособноста на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.Кузеска посочи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизации, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји. „Ова не е само технички дефект, ова е резултат на насилното вдомување на партиски кадри во една од најважните институции за безбедноста,“ рече таа.Таа нагласи дека власта била глува на предупредувањата на контролорите дека опремата е на работ на функционалноста, иако новото раководство ветило инсталација на целосно нов систем. „Тоа не се случи,“ додаде портпаролката.„Наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори Македонската навигација во плен за партиски вработувања и договори за ‘своите’. Денес резултатот е јасен: граѓаните се во опасност, Македонија изгледа несериозно, а институцијата е партиска филијала,“ изјави Кузеска.Таа истакна дека моделот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ создава корупција, неработење и колапс, како што, според СДСМ, се случува и во здравството, образованието и јавните претпријатија.СДСМ прашува кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар и до кога безбедноста на граѓаните ќе зависи од импровизациите на власта.„Граѓаните гледаат и паметат. СДСМ ќе продолжи да се бори институциите да се вратат на професионалците и на граѓаните, затоа што само така можеме да изградиме безбедна и сигурна Македонија,“ порача Кузеска.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynpj4497kik7s1UmgdK1

Македонската полиција се ребрендира – МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот

Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции.Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во  утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција, соопшти МВР.Новата униформа во себе ќе содржи елементи како виндјакна,  теренска јакна, теренски панталони летни и зимски,  кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми.Тендерот е објавен на електронскиот систем за јавни набавки на следниот линк и на него можат да учествуваат сите заинтересирани компании.

Македонија | пред 5 месеци

media-library66ibkhdvmf1f1FW9wNJ

Почина седумгодишно девојче од Челопек за време на лекување во тетовската болница

Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек почина за време на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат од установата.Од болницата соопштија дека пациентката била примена на Одделението за педијатрија во саботата, на 20 септември, во 20:40 часот.„Веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките медицински протоколи со цел поставување на точна дијагноза. Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки“, наведуваат од болницата.Во текот на третманот била побарана интервенција од Одделението за оториноларингологија (ОРЛ). „Била побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина“, стои во соопштението.Клиничката болница информира дека побарала да биде извршена судско-медицинска обдукција за целосно расветлување на случајот. „Сепак, до овој момент, семејството на пациентката го изрази своето противење за спроведување на обдукцијата. Изразуваме искрено сочувство и длабока тага до семејството во овие исклучително тешки и трагични моменти“, додаваат од установата.Од болницата нагласуваат дека се подготвени целосно да соработуваат со надлежните институции за секое дополнително појаснување во врска со овој случај.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryb0b2kvn08nci1kGzGYM

Меџити најави национален фестивал на албанската култура „Порта на културата“

Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, најави иницијатива за мега проект во сферата на културата кој, според него, ќе го врати Чаир и Скопје во центарот на културната мапа на Албанците.Проектот предвидува организирање на Национален фестивал на албанската култура под наслов „Порта на културата“, што треба да обедини музика, театар, филм, литература и ликовна уметност на една сцена.Меџити во Старата скопска чаршија оствари пријателска средба со светски познатиот тенор Раме Лахај, кому му ја претстави идејата за фестивалот. На средбата биле споделени заеднички визии за унапредување на културната соработка.Според Меџити, „Порта на културата“ има за цел да прерасне во нова традиција, преку која ќе се промовираат албанските уметници и ќе се поврзат генерациите со уметноста и креативноста.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryd07vkvlt00oh82TTmlz

„Сите за Палестина“ со барање до Силјановска Давкова: Македонија да ја признае Палестина

Во пресрет на Генералната дебата на 80-то Генерално собрание на Обединетите нации, Иницијативата „Сите за Палестина“ упати писмо до претседателката Гордана Силјановска-Давкова во кое побара Македонија да ја признае палестинската држава и да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ.Иницијативата пред се инсистира, претседателката итно да се побара прекин на огнот и влез на хуманитарна помош во Газа што не е дистрибуирана од Израел.Во писмото, Иницијативата бара Македонија да почне да гласа за солидарност со палестинскиот народ на сите понатамошни гласања на ОН, да се воведат санкции, како и да престане со трговијата, културна, образовна и спортска соработка со Израел.

Македонија | пред 5 месеци

avion

Дефект на радарот на скопскиот аеродром – авионите ќе слетуваат еден по еден

Единствениот исправен радар во Контролата на летање на Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром се расипал, поради што од вчера наутро контролорите не можат да ги следат авионите на ниска височина при нивното слетување, објави СДК.Од двата радара на аеродромот – еден поставен врз Контролната кула и друг во нејзина близина – во функција бил само вториот, кој сега откажал. Сѐ додека дефектот не се отстрани и не пристигне делот што треба да се замени од Италија, контролорите ќе мора да слетуваат авиони еден по еден. Доколку во исто време пристигнат два или три авиони за слетување, дел од нив ќе треба да кружат во воздух додека претходните безбедно не слетаат.Директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, за СДК потврди дека нема никаков ризик за безбедноста на патниците и летовите. „Работата ќе продолжи како и досега, но со побавно темпо. М-НАВ располага со три радарски глави – една кај Охридскиот аеродром и две во Скопје. Едната сега има технички дефект, кој е детектиран и се работи на негово отстранување. Вакви електронски проблеми се нормални во авијацијата и постојат предвидени безбедносни процедури за вакви ситуации. Единствената промена е ограничување на бројот на авиони кои можат да се опслужат во еден час“, рече Ристески.Додека трае дефектот, за контролата на авионите на поголеми височини се користат радарите на Грција и Бугарија.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

ВМРО-ДПМНЕ: Левица призна за парите и се заплетка во лагите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Левица на прес-конференција практично признала дека податоците кои биле доставени од свиркачи, а се однесуваат на парични средства кои од сметката на партијата завршиле во џебови на нејзиното тесно раководство, се точни.Од партијата нагласуваат дека парите од сметката на Левица, по различни основи, завршиле кај раководството, а дополнително посочуваат дека Јована Мојсоска самата изнела информација дека била сметководител на Левица. Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку ова е вистина, станува збор за противзаконски акт.Во соопштението се повикуваат и на Законот за пратениците, при што детално се цитираат членовите:Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“„Законот е јасен – Јована Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, таа сериозно го прекршила Законот,“ стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Левица, „бегајќи од вистината, се заплетка во сопствените шеми за извлекување партиски средства за лични потреби на раководството“.Во реакцијата се наведува и дека „под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост, партијата испумпува пари на лични трансакциски сметки“.„Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кој се испумпуваат средства. Вистината е на виделина – Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа,“ се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarylmsdt2uk3mqd6LvpsBN

Неколку земјотреси ја погодија северна Грција – најсилниот со јачина од 4,8 степени кај Атос

На полуостровот Атос (Света Гора) утрово беа регистрирани четири земјотреси, при што најсилниот достигна јачина од околу пет степени според Рихтер, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот бил лоциран во Егејското Море, на приближно десет километри јужно од манастирот Хиландар, на длабочина од околу пет километри.Надлежните соопштија дека засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.

Свет | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

„Карпошани не заслужуваат да им смрди отпад под носот“ - Јакимовски вели ова е најпростачката пресметка со граѓаните

Грда слика викендов од Карпош, контејнерите повтпрно се преполни со ѓубре, за што реагира актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Тој го повика премиерот Христијан Мицкоски да најде решение, за како што вели, „најпростачката пресметка со граѓаните“„Ова што се прави деновиве со ѓубрето низ Карпош е најпростачкиот начин за пресметка со граѓаните. Наместо институциите да си ја вршат својата работа – ни прават саботажа.Граѓаните на Карпош не заслужуваат да им смрди отпад под носот, ниту пред колективни згради, ниту пред нивните куќи.Господине премиере, имаш министер за локална самоуправа, имаш министер за екологија, ја водиш државата и имаш двотретинско мнозинство. Наместо да се занимавате со игри и пресметки, најдете решенија!“, вели Јакимовски.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања