Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Анита Буховски

trubarevo

Единаесет жители на Трубарево упатени на дополнителни испитувања поради иритации

Единаесет лица од Трубарево се пратени на дополнителни испитувања на Клиниката за пулмологија, откако лекарите констатирале иритации и надразнување во грлото.Вкупно 111 граѓани биле прегледани вчера на двата пункта – на Министерството за здравство и на Клиниката за пулмологија во Трубарево. Од Министерството соопштија дека поголемиот дел од населението е во добра здравствена состојба, но дека дел од нив имале симптоми кои барале понатамошни анализи.Скринингот е организиран по големиот пожар што зафати магацин со отпадна пластика и електронски отпад. Прегледите опфаќаат клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на виталниот капацитет на белите дробови.Пунктовите ќе продолжат со работа и денеска.

Скопје | пред 5 месеци

rosica

По убиството на Росица — „Ниту една повеќе!“ повикува на блокада пред паркот „Жена Борец“

По убиството на Росица, феминистичкото движење за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните да се приклучат на блокадата што ќе се одржи денес од 18 часот пред паркот „Жена Борец“ во Скопје.Организаторите велат дека целта е јавно и солидарно да се испочитува барањето за еднаквост и живот без насилство. „Движењето е резултат на нашиот гнев – затоа што жените во оваа држава не се заштитени – и нашиот страв за тоа уште колку жени живеат во насилство или под ризик од насилство, чии крици за помош се задушени секој ден. Но, истовремено е и резултат на нашата храброст и одлучност: наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме дека нема да има ниту една повеќе. Целта ни е да изградиме заедништво и решително да покажеме дека не може да се продолжи како досега – да покажеме надеж за иднина без насилство, но и должна правда за сите жртви кои не беа навремено заштитени“, порачуваат од „Ниту една повеќе!“.Тие ги повикуваат сите граѓани да дојдат, да го искажат своето мислење и чувство, да предложат што треба да се подобри во системот и заедно да дискутираат за решенија против институциите кои, според нив, го загрозуваат животот на граѓанките.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarycum50u98lajv2viszwy

Златна камера 300 за животно дело за Дариус Конџи на „Браќа Манаки“

Со свечена церемонија во Битола синоќа беше одбележана доделувањето на највисокото признание на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Лауреатот, францускиот кинематографер Дариус Конџи, ја доби наградата Златна камера 300 за животно дело, која му ја врачи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.Првите честитки Конџи ги доби од министерот Љутков и директорот на фестивалот Димитрија Доксевски.„Останав без зборови. Ви благодарам бескрајно. Среќен сум што сум во Битола да ја примам оваа прекрасна награда и сакам да и ја посветам на мојата сопруга Мариен за целата нејзина поддршка,“ рече Конџи на фестивалската свеченост.Добитникот на годинашното признание зад себе има импресивна кариера соработувајќи со врвни режисери како Жан-Пјер Жене, Дејвид Финчер, Бернардо Бертолучи, Михаел Ханеке, Роман Полански, Дени Бојл, Нил Џордан, Сидни Полак, Вуди Ален, Џејмс Греј, Бонг Џун-хо, Вонг Кар-Ваи, Алехандро Гонсалес Ињариту, Ари Астер и браќата Сафди, создавајќи неповторливи филмски дела.„Дариус Конџи е врвен естет кој по сите критериуми ја заслужи Златната камера 300 за животен опус,“ истакнаа организаторите на фестивалот.

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

ВМРО-ДПМНЕ: Судиските и обвинителските здруженија молчат за корупцијата во своите редови

Наместо да бараат само повисоки плати, здруженијата од правосудството треба да поведат постапки против своите колеги вмешани во корупција – порача ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.Според партијата, Здружението на судии и Здружението на обвинители зборуваат за сè освен за суштинските проблеми во системот и со тоа, наместо да ја штитат правдата, директно ја штитат корупцијата.„Ако сакаат да изгледаат како бранители на правдата, тогаш зошто нема конкретни чекори? Дали затоа што и тие се дел од проблемот? До кога ќе дозволуваат корупцијата да остане заштитена во систем кој треба да ги штити граѓаните?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се наведуваат примери со Наќе Ѓорѓиев, врховен судија и претседател на Судскиот совет, и Иџет Мемети, јавен обвинител и заменик-претседател на Советот на јавни обвинители, кои признале дека примиле по 10.000 евра мито за влијание врз судски одлуки. Едниот добил условна осуда, а другиот склучил спогодба.ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека овие случаи не се изолирани, туку дел од поширок проблем во кој, како што велат, влијание имаат и СДСМ и ДУИ. „Каква порака се праќа до граѓаните ако високи функционери во судството и обвинителството остануваат неказнети?“, прашуваат од партијата.Опозициската партија додава дека граѓаните ја гледаат неправдата и во основните судови и ја поврзуваат со „системот на СДС и ДУИ“.

Македонија | пред 5 месеци

ali-ahmeti

Ахмети од Тетово до Мицкоски: „Ќе има поделби, едни со Албанија, едни со Бугарија“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа од Тетово му упати остро предупредување на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека секое скршнување од европскиот пат може да ја подели државата.„Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“, изјави Ахмети, а изјавата ја пренесе албанскиот портал „Тетова сот“.Во своето обраќање тој зборуваше и за отворањето на изборниот штаб во Тетово, што, според него, претставува значаен чекор во „историскиот плебисцит“ кој следува.– Денес во Тетово беше нашиот изборен штаб, означувајќи важен чекор во историскиот плебисцит, што нè очекува. Оваа извонредна мобилизација е доказ дека Албанците се обединети, решени и подготвени да ги бранат достоинството, еднаквоста и европската иднина на земјата. Обединувањето на политичките сили во овој сојуз е нашиот најсилен одговор на предизвиците, кои ги сервираат ‘задоцнетите патриоти’. Знаеме дека не е лесен нашиот пат, но нашето единство е гаранција оти никој не може да нè запре. Овој плебисцит не е за една партија, ниту за еден поединец, туку за сите Албанци и за нашата земја – рече Ахмети.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryhemoiao906c07xLpFyk

Стапуваат на сила казните, 40 евра за пешак со телефон, 50 евра за тротинет на пешачки

Од денеска стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот – секој што ќе преминува пешачки со мобилен телефон или ќе вози тротинет преку обележан премин ризикува парична казна.Пешак кој ќе се движи со телефон на уво или во рака при преминување на коловоз или велосипедска патека ќе плати 40 евра. За возење тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред, казната изнесува 50 евра.Со законските измени, пешаците се должни да се движат внимателно и без уреди кои го одвлекуваат вниманието при минување преку улица.Од почетокот на наредната година следуваат уште построги санкции за возачите – за минување на црвено светло и за непрописно паркирање. Контролата ќе се врши преку камерите на проектот „Сејф сити“.Практиката не е новина во Европа – во Франција за возење тротинет по тротоар се плаќа 135 евра, во Литванија пешак со телефон на премин казна до 40 евра, а во Данска дури и до 140 евра.Со овие измени, Македонија се вбројува меѓу балканските држави со најригорозни правила за пешаците и корисниците на тротинети.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Трамп тврди дека бил саботиран неговиот говор во ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото појавување во Обединетите нации било нарушено од три последователни инциденти, кои тој ги нарече „саботажа“.Во објава на Truth Social, Трамп наведе дека ескалаторот по кој заедно со сопругата Меланија се движеле одеднаш застанал, при што „речиси паднале врз острите рабови на челичните скали“. Дополнително, нагласи дека озвучувањето откажало на самиот почеток од неговиот говор, а светските лидери во салата не можеле да го слушнат бидејќи звукот бил пригушен.„Не еден, не два, туку три злонамерни настани! Ова беше тројна саботажа во ОН. Тие треба да се срамат од себе“, напиша тој. Трамп побарал Обединетите нации да ги зачуваат снимките од безбедносните камери и најави дека во истрагата за ескалаторот е вклучена и Тајната служба.Од ОН возвратија дека ескалаторот запрел поради активирање на вградениот безбедносен механизам, а озвучувањето било под контрола на Белата куќа, а не на организацијата. Портпаролот Стефан Дужарик објасни дека системот регистрирал активирање на безбедносниот механизам на горната скала и дека најверојатно снимателот на Трамп, кој се движел наназад за да го снима пристигнувањето со првата дама, ненамерно го активирал.

Свет | пред 5 месеци

izbori-makedonija-Copy

Жрепката на ДИК ги одреди броевите на партиските кандидати за градоначалници: СДСМ е под бројот 5, ВМРО-ДПМНЕ го има бројот 9

Ова е целосната листа со редни броеви под кои ќе бидат запишани партиските кандидати за градоначалници кои доаѓаат од редовите на парламентарните партии:Искуство за успехЗНАМДемократска партија на СрбитеНационална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИКоалиција за локални избори 2025 – СДСМЛевицаКоалиција ВленКоалиција за Зелена иднинаКоалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕНа дополнително жребување ќе се одредат и редните броеви на кандидатите кои доаѓаат од вонпарламентарните партии и независните граѓански листи.Според утврдениот календар, изборната кампања ќе започне во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на изборите.Граѓаните на 19 октомври ќе гласаат за избор на градоначалници и членови на општинските совети, додека евентуалниот втор круг на изборите е закажан за 2 ноември.

Македонија | пред 5 месеци

media-library9svvo4pu52rl8q36fCI

И Арсовска им се извини на граѓаните за Мицкоски: „Мислев дека си чесен“

По изјавата, на премиерот Христијан Мицкоски кој за градоначалничката на Скопје рече дека е политичка грешка која нема да се повтори, стигна реакција од Данела Арсовска. Во објава на ФБ и таа им се извини на граѓаните.„Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си“, напиша таа.Посочи дека нејзината работа е блокирана од советниците од ВМРО-ДПМНЕ:„Мицкоски, несреќо, јас завршувам со борбата во која твојот претседател на Совет на Град Скопје и твоите советници 4 години го блокираа и урнисаа градот. Не гласаа за нови автобуси, не гласаа за бесплатен превоз, не дозволија да се набави нова механизација за да се чисти ѓубрето, не гласаа ништо во интерес на граѓаните за да биде задоволена твојата суета. Ни за вработување на нови пожарникари, ни за нови противпожарни возила им кажа да не гласаат“, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryitr46p4moe8ma5gIABN

Детали за убиството на хрватскиот политичар: Зоран Гргиќ е застрелан со неколку куршуми

Полицијата уапси вкупно три лица за убиството на 61-годишниот Зоран Гргиќ, поранешен член на Советот за цивилен надзор на безбедносните и разузнавачките служби на Хрватскиот парламент, синоќа во Шушњевац во близина на Славонски Брод.Бродско-посавинската полициска управа го потврди ова, наведувајќи дека покрај првично уапсениот 33-годишник, кратко потоа се уапсени уште две лица на возраст од 25 и 39 години.„Околу 18 часот се случила пукотница во која 61-годишникот бил повреден од огнено оружје, а од повредите починал. Следела брза полициска интервенција, при што бил пронајден 33-годишникот, по што биле уапсени уште две лица. Во тек е кривична истрага за утврдување на важните факти и околности за гореспоменатиот настан“, соопшти Бродско-посавинската полициска управа.За убиството на политичарот се огласи и Надлежното Окружно државно обвинителство во Славонски Брод и соопшти детали.„Според досега собраните информации, постои основано сомнение дека на 23 септември 2025 година, околу 18 часот во градот Шушњевци, хрватски државјанин (роден 1964 година) е убиен со пукање од огнено оружје. Постои основано сомнение дека сторителот или неколкумина од нив удриле во возилото на жртвата, по што кон жртвата биле испукани неколку истрели од огнено оружје, од кои тој починал на местото на настанот. Потоа сторителот го напуштил местото на настанот“, велат од обвинителството во Брод.Тие исто така наведуваат дека во соработка со полицијата, преземаат сите потребни мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност за да ги утврдат сите релевантни факти и околности за овој настан.

Свет | пред 5 месеци

media-library4h3s6sb86co1fPeCW79

СДСМ прашува: Дали Росица барала помош од министерот Тошковски за помош, а тој ја игнорирал?

Опозициската СДСМ денеска на прес-конференција ја отвори темата за новообјавени пораки на младата Росица, која беше убиена од насилникот против кого претходно повеќепати пријавувала закани и насилство. Портпаролката Богданка Кузеска објави дека во јавноста се појавиле пораки кои наводно биле испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои Росица очајно барала помош.Во една од нив, таа пишува: „Очајно ми треба помош. Се надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација“. Според СДСМ, во пораката детално е опишана нејзината голгота – демнеење, тепање, силување, палење на автомобилот – како и тоа дека на човекот кој подоцна ја уби му бил вратен пасошот од МВР.„Дали оваа порака, почитуван министре, стигнала до вас пред пет месеци? Ако стигнала, што сте направиле?“, праша Кузеска. Таа додаде дека доколку информациите се точни, тогаш граѓаните со право може да заклучат дека се оставени сами на себе и дека залудно пријавуваат насилство и закани.СДСМ порача дека убиството на Росица бара одговори и одговорност од институциите, а не префрлање вина. „Росица не молчела. Таа пријавувала секогаш кога стравувала за својот живот, но нејзиниот и животот на нејзиниот татко трагично згаснаа“, рече Кузеска, прашувајќи каква порака ова испраќа до сите други жени кои денеска се охрабруваат да пријават насилство.

Македонија | пред 5 месеци

FotoJet-41

ДИК денеска извлекува редослед на листите за Локалните избори 2025

Државната изборна комисија денеска напладне ќе ја одржи жрепката со која ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидати за претстојните Локални избори 2025. Истовремено, на седницата закажана за 13 часот ќе се спроведе и жрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за изборната кампања.Според изборниот календар, кампањата започнува во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на гласање. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.Во изборната трка ќе се вклучат речиси сите поголеми партии, коалиции и независни кандидати. До вчера во ДИК беа потврдени вкупно 303 листи за кандидати за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје, како и 558 листи за членови на советите на општините и советот на главниот град.Од страна на општинските изборни комисии е пријавено дека за Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје дел од листите се уште се во постапка на отстранување неправилности – осум за градоначалници и 20 за советнички листи.ДИК со жрепката за билборди и паноа ќе ја утврди и распределбата на рекламниот простор. Максималниот број што може да го користат учесниците во кампањата е ограничен на 50 отсто од вкупниот број паноа и билборди на територијата на секоја општина или на Град Скопје, односно кај правните лица што стопанисуваат со тој простор.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygr744parb0ltfHg1n37

Џими Кимел се врати на екраните по суспензијата и се извини: „Не сакав да се шегувам со убиство“

Џими Кимел повторно се појави на телевизија доцна во вторникот вечерта, шест дена откако неговата емисија беше суспендирана поради контроверзни коментари во врска со убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк. Популарниот водител со емоции им се обрати на гледачите, истакнувајќи дека никогаш немал намера да го омаловажи злосторството.„Не мислам дека има нешто смешно во убиство на млад човек. Ниту пак сакав да обвинам која било група – поентата беше спротивна од тоа“, рече Кимел, додека гласот му се задушуваше од емоции.Продукцијата на „Џими Кимел во живо!“ беше прекината на 17 септември поради неговиот воведен монолог во кој ги критикуваше поддржувачите на Доналд Трамп, обвинувајќи ги дека се обидуваат да извлечат политичка корист од убиството на Кирк. Одлуката за враќање на Кимел на програмата, по помалку од една недела, ја донесе „Дизни“, матичната компанија на телевизијата ABC.Во меѓувреме, Трамп остро реагираше на одлуката, пишувајќи на Truth Social дека е незамисливо Кимел да се врати на малите екрани, нарекувајќи го „демократско ѓубре“ и најавувајќи понатамошни мерки против ABC.Реакции пристигнаа и од Федералната комисија за комуникации. Нејзиниот претседател, Брендан Кар, се закани со истрага и повика телевизиските станици да ја укинат емисијата, во спротивно да се соочат со можни казни или губење на лиценците за емитување.Иако „Дизни“ му даде поддршка, двете најголеми групации на локални телевизиски филијали на ABC – Nexstar Media Group и Sinclair – и натаму ја бојкотираат емисијата.Кимел, четирикратен водител на „Оскарите“, нагласи дека нападите од Трамп не се насочени само кон комичарите, туку и кон новинарите. „Тој ги тужи, ги малтретира. Слободниот печат е исто толку важен колку и правото на сатира“, рече Кимел.Особено емотивно, тој ја истакна и големината на Ерика Кирк, вдовицата на убиениот активист, која јавно изрази простување за обвинетиот 22-годишен студент од Јута.

Магазин | пред 5 месеци

media-librarye614gkk5ldgrbyu3d46

(Видео) Кратер од 50 метри се отвори пред државна болница во Банког, евакуирани се 3.500 пациенти

Во главниот град на Тајланд, Бангкок, утрово се отворила огромна провалија пред државната болница Вајра. Коловозот се урнал и се формирала дупка долга и широка околу 30 метри, со длабочина од 50 метри. За среќа, нема повредени, пренесе „Бангкок пост“.Сообраќајот во тој дел на градот е целосно блокиран од безбедносни причини. Привремено се прекинати амбулантските услуги на болницата, а околу 3.500 пациенти се евакуирани од околните објекти. Засега нема оштетувања на болничките згради, но и станарите од соседството добиле наредба за евакуација.Во провалијата паднале полициско возило и два електрични столба. Причините за несреќата сè уште не се познати. Гувернерот на Бангкок, Чадчарт Ситипунт, заедно со тим од официјални лица, веднаш го посетил местото.Тој изјави дека колапсот се случил над подземната железничка станица, на спојот меѓу тунелот и перонот. „Земјиштето пропадна во тунелот, што доведе до уривање на околните структури и до пукање на голема водоводна цевка“, рече Ситипунт.Како итна мерка, исклучени се водата и струјата за да се стабилизира состојбата и да се спречат дополнителни ризици. Властите вршат процена на стабилноста на објектите во околината, следат евентуални поместувања на земјиштето и вршат пренасочување на сообраќајот.Амбулантските услуги во болницата се суспендирани на два дена, додека хоспитализираните пациенти продолжуваат да добиваат нега. За амбулантните пациенти во меѓувреме ќе бидат достапни други болници под надлежност на градските власти.

Свет | пред 5 месеци

apasiev-sobranie

„Хипокризија без граници“ – владеачката партија обвинува за скандал со парите во Левица

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека раководството на Левица ја претворило партиската каса во извор на лични приходи, при што водечки членови на партијата инкасирале стотици илјади денари. Според партијата, и покрај реториката за револуционерност и борба за еднаквост, Левица станала „приватна сопственост на Димитар Апасиев и неговото најблиско раководство“.„Од 2021 година досега, Апасиев и Мециновиќ инкасирале повеќе од еден милион денари од партиската каса. Јована Мојсоска примила околу 600.000 денари, Крмов 270.000 денари, а Реџеп Исмаил над 300.000 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од таму тврдат дека распределбата на средствата во партијата не е транспарентна и не се усогласува со реториката на Левица која, како што додаваат, често ги напаѓа пратениците од другите партии за патни трошоци. „Додека полемизираат за законски надоместоци на пратениците, тие самите земаат стотици илјади денари од партиската каса што се полни од буџетот, односно парите на граѓаните“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата ја обвини Левица за лицемерие и за, како што наведуваат, „предавство на сопствената идеологија и членство“. „Раководството ја користи партијата како банкомат и ја претвори во алатка за одржување на моќта на неколкумина“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynp07ku7jloqv6kePys2

„Животот не вреди“ – ВМРО-ДПМНЕ за условната казна на докторка од Онкологија

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресудата со која докторка од Клиниката за онкологија и радиотерапија доби условна казна од две години, поради тоа што признала вина. Од партијата сметаат дека оваа одлука е „срамна“ и претставува уште еден доказ дека судството функционира под насоки од раководството на СДСМ.„Судот со оваа пресуда јасно укажува дека човечкиот живот не вреди и дека нема интерес за неговата заштита. Судството секојдневно покажува дека работи исклучиво по насока на Зоран Заев и неговата дружина, во која е Венко Филипче и дел од раководството на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Како пример партијата ја посочува и пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 16 лица, каде, според нив, наместо да се утврди одговорност за тогашниот министер за здравство Венко Филипче, биле осудени само двајца директори и болницата како правно лице.„Крај на овој правосуден систем, кој работи под диригентска палка на Заев и компанија, мора да се стави“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryt13iusqp4nqo3Ewghp7

Документарецот „Приказната за Силјан“ ќе биде прикажан на National Geographic Documentary Films

Во срцето на рурална Македонија, Никола – земјоделец кој се соочува со суровата реалност на новите владини политики – спасува повреден бел штрк на депонија, настан кој засекогаш го менува животот и на човекот и на птицата. Така започнува „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan), нов документарен филм на режисерката Тамара Котевска, која светската публика ја запозна преку „Медена земја“, остварување номинирано за „Оскар“.Филмот оживува предание со длабоки корени во македонската култура и го преточува во емотивна и визуелно впечатлива приказна за тивката сила на поврзаноста меѓу човекот и природата.„Приказната за Силјан“ ќе биде прикажана во продукција на National Geographic Documentary Films до крајот на годинава, а потоа ќе биде достапна и на стриминг-платформите „Дизни+“ (Disney+) и „Хулу“ (Hulu).

Македонија | пред 5 месеци

rosica

Поранешната министерка предупредува: Без целосна истрага – нови трагедии како со Росица ќе се повторат

Професорката по право и поранешна министерка за правда, Рената Десковска, реагираше по повод двојното убиство и самоубиството што неодамна се случи во Велес, предупредувајќи дека случајот не смее да се затвори само затоа што убиецот е мртов.Таа како пример го наведе најновиот случај Scuderoni против Италија (бр. 6045/24), во кој Европскиот суд за човекови права утврди дека Италија ги прекршила член 3 и член 8 од Европската конвенција за човекови права поради тоа што властите не презеле навремени и соодветни мерки за заштита на жртвата. Судот тогаш наложи исплата на 15.000 евра за нематеријална штета и 10.000 евра за трошоци.„Потребна е целосна истрага за да се утврди одговорноста на оние кои требало да преземат дејствија за заштита, а не го сториле тоа. Тоа е потребно заради задоволување на правдата, но и како поука за идни случаи. Не може секогаш вината да се бара во наводните ‘дупки’ во законите“, напиша Десковска.Таа истакна дека најблиските роднини на убиените имаат право да ја тужат државата за сериозни прекршувања на домашното право и на Европската конвенција за човекови права, како и да бараат надомест на штета.https://www.facebook.com/share/p/19hVXX25uV/?mibextid=wwXIfr

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryitr46p4moe8ma5gIABN

(Видео) Убиен е познат хрватски политичар и безбедносен експерт, по целодневна потрага уапсен е убиецот

Полицијата во Славонски Брод соопшти дека е уапсено лицето поврзано со убиството што се случи во вторникот во општината Гарчин. Според неофицијални информации, жртвата е 62-годишниот Зоран Гргиќ од Славонски Брод, експерт за безбедност и поранешен член на Советот за граѓански надзор над безбедносно-разузнавачките служби при Хрватскиот сабор.Инцидентот се случил нешто по 18 часот во местото Шушњевци. Според сведоци, Гргиќ целиот ден бил во друштво со осомничениот на излетничкото место Лескови води. Подоцна, на патот во Шушњевци, напаѓачот со своето возило му го попречил патот, излегол од автомобилот и пукал кон него. Гргиќ бил смртно погоден додека бил во сопственото возило.Поради истрагата, полицијата го блокирала сообраќајот кон Лескови води и Врховина, а за осомничениот, кој во прв момент бил во бегство, беше организирана широка потрага. Неколку часа подоцна, тој е пронајден и уапсен.

Свет | пред 5 месеци

f

Семејствата на загинатите ученици од „Рибникар“ бараат кривична одговорност од 12 години и санкции за родители

Семејствата на убиените деца и домарот Драган Влаховиќ од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград денеска најавија поднесување иницијатива до Министерството за правда за ревидирање на законската рамка и намалување на старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години, преку измени на Кривичниот законик и Законот за малолетни сторители на кривични дела и кривична заштита. Паралелно, тие бараат да се воведе кривична одговорност на родителите за тешки кривични дела извршени од нивните деца и да се укине забраната помлад возрасен (18–21 година) да не може да добие доживотен затвор, со можност – според биопсихолошката зрелост и околностите – да се изрече максималната законска казна.Во изјавата се наведува дека со намалување на границата на 12 години за сериозни кривични дела со елементи на насилство, Србија би ги следела современите трендови и би испратила јасна превентивна порака дека правниот поредок ја препознава реалноста и дека бруталното однесување нема да остане несанкционирано.Семејствата потсетуваат дека возрасната граница во домашното законодавство била поставена во поинакви општествени околности: денес децата побрзо созреваат, изложени се на насилство и во дигиталниот и во реалниот простор, а насилството добива сè побрутални форми со сè помлади сторители. Како аргумент посочуваат и дека статистиката покажува постојан раст на кривичните пријави против деца на или под долната граница од 14 години, како и дека ниту еден меѓународен документ не пропишува универзална минимална возрасна граница.Во продолжение се подвлекува значењето на воведување кривична одговорност на родителите. Без јасно дефинирани превентивни механизми и доследна примена на законот, одговорноста – според нив – останува дифузна, што го поттикнува насилството и создава чувство на неказнивост.

Свет | пред 5 месеци

media-library652rhj7abvuoaCVzvXQ

Во скопско Козле ноќеска гореле три куќи и помошна просторија!

Министерството за внатрешни работи го потврди пожарот за кој утринава информираше Скопје1. Пожарот избувнал ноќеска на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле при што биле зафатени три куќи и една помошна просторија, сопственост на тројца скопјани. Во инцидентот нема повредени лица, а огнот е изгаснат од екипите на Противпожарната бригада на Скопје.На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

kapistec-maloletnici

Насилство во средно училиште во Карпош, нападнат малолетник од врсници со тврд предмет

Малолетен ученик бил физички нападнат од група врсници во двор на средно училиште во Карпош, при што, според пријавата, бил употребен и тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.На 22.09.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Почнува скринигот за жителите на Трубарево по пожарот со токсичен чад и тешки метали

Од утре започнува дводневен скрининг на жителите на Трубарево и околните населени места, најави министерот за здравство Азир Алиу.„Ги замолувам сите граѓани што сметаат дека треба да посетат доктор да се пријават на овој скрининг. Прегледите се наменети за жителите од Трубарево и од околните места, а особено за лицата што чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми што укажуваат на заболувања на дишните патишта“, изјави министерот Алиу.Прегледите ќе ги вршат тимови од Клиниката за пулмологија и алергологија, со комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни испитувања. „Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие или ќе бидат извршени на лице место или пациентите ќе бидат упатени на Клиничкиот центар во Скопје“, додаде тој.Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Оливер Зафировски, потенцираше дека скринингот ќе го спроведат две екипи со две амбулантни возила. „Започнавме една убава акција ‘Здравјето на граѓаните пред сè’. Два тима ќе ги посетат сите граѓани во Трубарево и ќе направат почетни испитувања. Во зависност од тоа, ако може да се постави дијагноза или да се покаже дека немаат никакви оштетувања на нивните бели дробови, останува да им се ревидира терапијата. Но, ако има потреба, ги упатуваме на Клиниката за пулмологија за да можеме да ги продлабочиме испитувањата“, изјави Зафировски.Иако според последниот извештај на Министерството за животна средина концентрациите на ПМ10 честички се во рамки на дозволеното, по пожарот во фабриката „Ф-групација“ на 13 септември беа регистрирани сериозни надминувања. Тогаш во Трубарево ПМ10 честичките достигнале 92,65 микрограми на кубен метар, речиси двојно над дозволената граница. Покрај тоа, измерени се покачени концентрации на олово, арсен и особено кадмиум – дури десет пати над максимално дозволените вредности.Црниот чад од пожарот тогаш со часови се гледаше од целиот град, а жителите на Трубарево сè уште стравуваат за последиците врз здравјето.

Скопје | пред 5 месеци

media-library0b5lnrd0gtsr0QJuOOe

СДСМ: „Мицкоски го остави судството без реформи, Јаневска ги остави учениците без учебници“

Опозициската СДСМ денеска упати серија критики кон власта, обвинувајќи за неисполнети ветувања и неработење во клучни сектори – правосудството и образованието.Во соопштение од партијата се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски повторно се обидел да ја изманипулира јавноста со празни флоскули за судството и обвинителството, додека фактички, откако е на власт, не донел ниту еден реформски закон. „Наместо ветените промени, Мицкоски го претвори правосудството во партиска филијала – со судии сопружници на негови градоначалници и роднини на коалициските партнери“, стои во реакцијата.СДСМ оценува дека Мицкоски една година ја потрошил во политички пазарења и кадровски комбинации, додека судството го држи „во заложништво на ВМРО-ДПМНЕ“.Паралелно, на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го отвори прашањето за учебниците, обвинувајќи ја министерката за образование Весна Јаневска дека ги оставила учениците без основното право на квалитетно образование.„Помина цел месец од почетокот на учебната година, а учебници сè уште нема. Власта ветуваше дека секој ученик од 1 септември ќе има учебник, а излажа. Родителите не се должни да печатат материјали дома, ниту наставниците да импровизираат“, изјави Кузеска.Таа додаде дека Министерството мора да обезбеди план, логистика и контрола, и веднаш да ги достави учебниците до училиштата. „Весна Јаневска мора да понесе одговорност затоа што излажа и затоа што учениците ги остави без учебници“, порача Кузеска.Од СДСМ велат дека ова не е прашање на политика, туку прашање на иднината на децата и целиот образовен систем.

Македонија | пред 5 месеци

vardariste-protest

„Стоп за Вардариште“: Нашите протести не се партиски

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ испрати демант до јавноста, во кој категорично ја отфрла поврзаноста со која било политичка партија или организација. Реакцијата следува откако в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изнесе тврдења дека протестите се под влијание на партиски структури.„Најостро демантираме дека нашите протести се под водство, влијание или во служба на која било политичка партија или организација. Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска, чесна и независна – за здравјето на сите нас, за воздух без чад и отров, за иднината на нашите деца“, стои во соопштението.Од иницијативата нагласуваат дека протестите ги организираат и ги водат единствено граѓаните, без дозвола некој да ја злоупотреби борбата за партиски или лични цели. „Нашиот единствен интерес е чист воздух, здрава животна средина и одговорни институции“, додаваат од таму.Иницијативата апелира граѓаните да останат обединети и да не подлегнуваат на дезинформации. „Нашата сила е во нашето единство и решителност“, наведуваат од „Стоп за Вардариште“.Протестите продолжуваат секој ден во 18 часот, на раскрсницата кај мостот Близнак.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања