Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Анита Буховски

gjorce-park

Тепачка среде бел ден меѓу две девојки, се пресметале во Градскиот парк

Две девојќи физички се пресметале вчера во Скопје, среде бел ден.На 25.09.2025 во 15:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) и С.Б.(31), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

media-library3du705lct2tlbVqaZ0g

Апасиев: По налог на Мицкоски, само на Левица и е забрането рекламирање - Уставниот суд веднаш да се изјасни

,,Оваа прес - конференција ја свикавме по повод скандалозното и досега невидено однесување на органите на власта спрема една парламентарна и регистрирана политичка партија, во случајот тоа е Левица, кога од сите вонпарламентарни и парламентарни партии за прв пат во историјата на независна Македонија само на една партија и е забрането политичко претставување, односно платено рекламирање во приватните медиуми", истакна на денешната прес - конференција, Претседателот на Левица, пратеникот, проф. д-р Димитар Апасиев.,,Скандалот да е уште поголем - не само што ни се забранети државните пари кои по закон ни следуваат, туку и доколку би имале наши пари, ние ќе не можеме да се рекламираме, затоа што со едноставно пропуштање, односно неспоменување во четирите законски предвидени пакети, ние сме изоставени комплетно како да не постоимe на политичката сцена", појасни лидерот на Левица, Димитар Апасиев.Апасиев рече дека ова е директна последица и пратен абер директно од премиерот преку неговиот подлизурко Зоран Трајчевски, ,,вечити" директор на АВМУ, којшто на овој начин се обидува да ù ги скратат крилата на Левица. ,,Сакаме да им порачаме дека ова нема да помине, напротив, ќе има обратен ефект на бумеранг, бидејќи народот гледа како на една партија и се прави класична неправда! A во меѓувреме ние се екипиравме со адвокатски тим, ќе поднесеме ,акцио популарис', односно тужба со временa мерка за стопирање на ова упатство и бараме од Уставниот суд веднаш уште денес да се произнесе со временa мерка, затоа што не знам дали знаете - три случаи досега вакви имало и Уставниот суд прави финта, а тоа е дека кога поднесуваме ние претставка или иницијатива, тој го става актот за гласање во декември и констатира многу бегло дека актот повеќе не е во сила и нема што да оценува", потенцираше тој. ,,Предосеќам, како професор по право, дека овој случај ќе заврши во Стразбург, но тоа би траело две-три години од сега, така што штетата која сега ни е нанесена, ние парично ќе ја вратиме по две-три години, но ќе биде удар врз демократиjата во Република Македонија. Сакаме да порачаме дека Левица не се откажува ниту правно, ниту политички и дека Левица на овие локални избори ќе го достигне својот историски максимум, така што не можете да спречите пролет, дури и да ги искорнете сите кокичиња!", поентираше Претседателот на Левица.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryjcg0p0cla7o57rS4R9i

Манасиевски: Листите на СДС во Струмица полни со насилници и тепачи

Соочени со фактот дека ја губат општината, СДС во Струмица шири страв и трепет, а листите за советници им се полни со насилници, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.„Откако вчера македонската јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, од партијата нема осуда, ниту оградување“, рече Манасиевски.Тој праша каков пример даваат на младите Христијан Ефтимов и Илија Стојанов, кои, како што нагласи, крвнички тепале странски државјани во Струмица. „Зарем така треба да се однесуваме со туристите во државава? Исто така, дали судството ги штити овие две лица бидејќи сè уште нема постапено?“, додаде тој.Манасиевски посочи дека тие двајца не се први ниту последни кои имаат кривични пријави во советничката листа на СДС во Струмица. „За носителот на листа, Миле Гогов има кривична за загрозување на сигурност, додека за Шефкет Асанов има прекршочна за насилство и нарушување на јавен ред и мир. Исто така, и тука прашуваме дали судството има реагирано? Или за членови на СДС тоа не важи?“, рече Манасиевски.„Од сето ова можеме да заклучиме дека СДС во Струмица кандидира насилници и тепачи на кои досиејата им се полни со кривични пријави и заштитени од судството, затоа што се чеда на Заев. На Струмица не ѝ требаат тепачи и насилници, на Струмица ѝ е потребна вистинска промена“, истакна Манасиевски.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-01-31-at-21.35.10

Марк Цукерберг сака да инвестира во Бугарија

Матичното претпријатие на Фејсбук – Мета на Марк Цукерберг е заинтересирано за инвестирање во Бугарија, изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков по средбата со претставници на технолошкиот гигант.Според премиерот Жељазков, главна тема на неговиот разговор со претставниците на Мета беа можностите што може да ги обезбеди нашата земја.„Разговаравме за потенцијалот што го има земјата. Тој главно се состои од енергетски капацитети. Нашата амбиција е, наместо да бидеме едноставен извозник на електрична енергија, да го искористиме производството на истата од сите извори, вклучувајќи ги и можностите за балансирање на енергијата што ги имаме, за изградба на центри за податоци – предуслов за што е добра оптичката поврзаност и човечкиот потенцијал што го имаме“, објави Телеграф.бг.Од своја страна, претставниците на матичната компанија на Фејсбук ја запознаа бугарската делегација со нивните инвестициски намери во Европа, наведувајќи дека потенцијалните инвестиции во Бугарија се можни по 2028 година.Премиерот Жељазков рече дека е важно за Бугарија да ги комбинира интересите на американскиот бизнис, производителите на опрема и крајните корисници

Свет | пред 5 месеци

media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

(Фото) Унгарски „Грипени“ пресретнале руска борбена формација над Балтичкото Море

Нова драма се случила над Балтичкото Море вчера, кога унгарски борбени авиони, стационирани во Литванија, пресретнале група од пет руски воени авиони кои се приближувале кон воздушниот простор на НАТО, соопшти Алијансата.Според информациите, станувало збор за формација составена од еден Су-30, еден Су-35 и три ловци МиГ-31. Бидејќи авионите не ги почитувале меѓународните протоколи за безбедност на летовите, активирана била брза реакција во рамките на мисијата на НАТО за воздушен надзор.Унгарските ловци ЈАС 39 „Грипен“ полетале од база во Литванија и ги пресретнале руските авиони западно од брегот на Латвија. По визуелната идентификација и следење, руската група се повлекла, а унгарските авиони безбедно се вратиле во базата.Од НАТО потсетуваат дека мисијата за надзор на воздушниот простор е постојана, 24-часовна операција чија цел е заштита на територијата и границите на Алијансата од неовластени или потенцијално опасни летови.Ваквите интервенции се опишуваат како рутински, но неопходни за одржување на безбедноста и интегритетот на воздушниот простор. Пресретнувањата во Балтикот се чест феномен, бидејќи руските воени авиони редовно летаат без план за лет, без активиран транспондер и без контакт со цивилната контрола на летање.Последниот инцидент доаѓа во услови на зголемени тензии и се надоврзува на серијата слични средби меѓу авионите на НАТО и Русија во регионот.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryk4upgm2atanm8bNRG45

СДСМ обвинува: Кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ дел од шумската мафија?

За огромен криминал во Малешевијата уапсени беа 15 лица, меѓу нив и директори, полициски началници и шумски полицајци, осомничени за злосторничко здружување и пустошење на шуми со штета од над 100 милиони евра, истакна денеска на прес-конференција, Маја Борозан.Таа праша зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за овој случај и дали причината е тоа што во „периметарот“ на акцијата се наоѓа и началникот на шумската полиција и воедно кандидат за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски.„Дали како создавачи на ова злосторничко здружение се токму началниците на ОВР Делчево и шумската полиција, партнерите во криминал Блашко и Митко? Дали истите двајца го координирале движењето на незаконски исечената дрвна маса за да заврши во една делчевска компанија од дрвната индустрија?“, праша Борозан.Таа додаде дека ДПМНЕ и Костадиновски должат одговори на овие прашања.„Костадиновски е началник на шумската полиција, има највисока раководна позиција на органот кој е задолжен да ја чува шумата, да ги спречува уништувачите на шумите, бесправните сечи и шумските кражби. Или началникот на шумската полиција Митко Костадиновски е инволвиран, или кандидатот за градоначалник на општина Виница од ВМРО-ДПМНЕ е неспособен соодветно да ја извршува својата функција. Трето нема“, рече Борозан.Таа потсети и дека Костадиновски има судска пресуда од 2012 година за недозволено држење оружје и муниција.„Ете ова е ‘кадарот’ што ВМРО-ДПМНЕ им го нуди на граѓаните. Митко Костадиновски не може и не смее да биде прв човек на Виница. Граѓаните заслужуваат подобро и затоа ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, ќе покажат дека сакаат промени, чесни и одговорни луѓе“, порача Борозан.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryedmkd9at5lqqaQwqr8S

Двојно повисоки плати за хигиеничарите и редовно вработување , најавува Герасимовски

Градоначалникот Горан Герасимовски, вчера се дружеше со хигиеничарите во Паркот на франкофонија, каде лично им се заблагодари за нивната неуморна работа и посветеност.„Сакам да ви се заблагодарам за макотрпната работа што ја имате секојдневно и што не ги оставате центарци да живеат во смет. Секој ден ги расчистувате улиците, ги полевате зелените појаси и го разубавувате центарот на градот. Благодарение на вас, целиот смет во Центар е исчистен“ истакна градоначалникот Герасимовски.Тој потсети дека изминативе години соработката со вработените во хигиената била на завидно ниво и изрази уверување дека и во наредниот мандат ќе продолжи со уште подобра динамика.„Она што го договаравме на почетокот, скоро целосно го реализиравме, остануваат уште малку работи кои заедно ќе ги довршиме. Во делот на платите го отпочнавме процесот и верувам дека веќе следната година ќе го завршиме. Повеќе од половината од колегите што беа непријавени веќе се регулирани, а останатите наскоро ќе бидат завршени. Исто така, зголемувањето на платите беше и ќе остане наш приоритет, кога ќе расте просечната плата, ќе растат и вашите плати,“ рече Герасимовски, потсетувајќи дека платите во овој сектор во последните години речиси двојно се зголемиле.Герасимовски, ја нагласи својата подготвеност да остане отворен за барањата на вработените.„Да знаете дека сме тука, сме биле тука и ќе бидеме тука да заедно се договараме и излегуваме во пресрет на сите ваши барања,“ изјави тој.

Скопје | пред 5 месеци

aleksandar-nikoloski

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце очекувам да започне со градба до почетокот на следната година

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, најави дека автопатот до граничниот премин Блаце ќе почне да се гради на почетокот на следната година и треба да биде готов за три години, односно до почетокот на 2029.Тој проект се реализира со подршка на ЕБРД. Рокот за поднесување за понуди истекува на 30 септември. Ќе ги видиме понудите и заедно со ЕБРД ќе направиме селекција и зависно од бројот на понуди очекувам меѓу крајот на ноември и почетокот на јануари во зависност од временските услови изведувачот да биде воведен во работа. Рокот за изгрaдба е три години од почетокот на активностите и тоа значи дека почетокот на 2029 година да има автопат” – изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 5 месеци

vardariste-2

Протест за „Стоп за Вардариште“, денеска во 18 часот!

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека денеска во 18:00 часот повторно ќе одржи протест.Го преземаме овој чекор поради истекување на рокот од 5 дена, кој го дадовме за започнување на исполнување на итните барања:• Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште.• Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување на Вардариште.• Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на територијата на Вардариште.• Поставување на ограда околу Вардариште.• Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште.• Откривање и казнување на потпалувачите и организаторите на пожарите.• Ригорозни мерки против граѓани и правни субјекти кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.Барањата беа доставени до претседателката на Македонија, Владата на Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за внатрешни работи, Министерство за социјални политики, демографија и млади, Град Скопје, Општина Гази Баба и Општина Аеродром. До сега, не добивме одговор од ниту една институција.Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат бидејќи чист воздух е приоритет за сите нас.Утринава имаше блокада на мостот на мостот „Близнаци“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против скопското Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ поради загрозување на животната средина. Пријавата е доставена до МВР и Обвинителството, откако претпријатието со денови не го собирало ѓубрето низ главниот град.Од Општината информираат дека нивните екипи во изминатите три дена биле принудени самостојно да соберат 24 тони комунален отпад од домаќинствата во Аеродром – работа што е обврска на градското јавно претпријатие.„Свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени дел од редовните активности – чистење на плочници и сервисни улици, косење и уредување зеленило, празнење на џебни канти, собирање лисја, гранки и кабаст отпад. Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање“, стои во соопштението на Општина Аеродром.

Скопје | пред 5 месеци

Nevreme-skopje

Нестабилно и постудено време, можна и прва појава на снег на планините

Под влијание на циклон со центар над Џенова, во земјава следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен југоисточен ветер. Локално се очекува да наврне над 20 до 25 литри дожд на метар квадратен.И во Скопје и околината времето ќе биде променливо со врнежи, кои повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.Истовремено, од исток и североисток ќе навлезе значително постуден воздух кој ќе предизвика пад на температурите за повеќе од 10 степени во однос на изминатите денови. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 5 и 14 степени, додека дневните максимални ќе изнесуваат од 13 до 20 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до околу 16–17 степени.До крајот на септември и почетокот на октомври ќе преовладува постудено време од просекот, а според прогнозите, веќе следната седмица планините во регионот и во Македонија ќе ги добијат и првите врнежи од снег за оваа сезона.

Македонија | пред 5 месеци

media-library1fmuikb35prj2QI2gk6

Поради безбедносни причини: Црвените таблички за возилата на министрите нема да бидат поставени

Возилата на министрите и државниот врв нема да бидат обележани со новите црвено-жолти таблички, иако голем дел од службените автомобили низ државата веќе добиваат вакви регистарски ознаки.Заменик-генералниот секретар на Владата, Љупчо Томовски, во гостување за „360 степени“ објасни дека работна група составена од Министерството за внатрешни работи и Службата за општи и заеднички работи работи на нов правилник за брендирање на возилата.„Владините возила, односно оние на министрите, не се обележани поради безбедносни причини, на што укажуваа Агенцијата за национална безбедност и МВР. Се знае кои се тие 45 возила, јавноста ги препознава и нивните регистарски броеви. Прашањето останува дали во иднина ќе бидат дел од системот или не,“ рече Томовски.Тој додаде дека се разгледува можноста и возилата на одредени инспекторати да бидат изземени од оваа мерка. „Инспекциските служби како Пазарниот инспекторат или Управата за јавни приходи мора да делуваат дискретно. Ако нивните возила се обележат, ќе се знае однапред кога вршат контроли, што би ја намалило ефективноста,“ нагласи тој.Во однос на можноста за злоупотреба на владини возила, Томовски порача дека злоупотребата ќе биде спречена кај пониските ешалони во администрацијата:„Министрите не управуваат сами со автомобилите, туку имаат возачи и протоколи. Злоупотребата најчесто доаѓаше од пониските нивоа – службеници кои користеа возила за приватни потреби. Тоа сега ќе биде стопирано.“Со правилникот што ќе биде објавен наскоро, ќе се дефинира кои службени возила задолжително ќе носат црвено-жолти таблички, а кои ќе бидат изземени од ова правило.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryi6biak62q58u266VqoE

Лишена од слобода скопјанка која ја нападнала својата мајка, одреден и е притвор

На 25.09.2025 Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од КЗ против Д.С.(36) од Скопје, затоа што на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, физички ја нападнала својата 68-годишна мајка и при тоа и нанела повреда.Веднаш по добиената пријава, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности, Д.С. е лишена од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка притвор во траење од осум дена, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите се симптомите кај некои жители на Трубарево: Со скринингот беа опфатени над 200 луѓе

По два дена скрининг на жителите во Трубарево каде што се случи најголемата еколошка хаварија во Скопје при што изгоре фабриката за уништување електронски отпад, дел од жотелите се упатени на дополнителни иследувањеа. Кај некои се утврдени симптоми како што се потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите.Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија го спроведе дводневниот скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на дишните патишта.Само во текот на вчерашниот ден се прегледани над 100 лица на двата пункта во Трубарево, од кои осум лица се упатени на Клиниката за пулмологија, поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи. Скринингот опфати клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет. Овој скрининг имаше голем одѕив со над двесте прегледани пациенти во два дена и беше навистина добро прифатен од локалното население, и во следниот период продолжуваме да ја следиме состојбата во соработка со Клиниката за пулмологија и сите надлежни институции, истакна министерот Алиу.Истовремено, во рамки на скринингот се детектирани и пациенти со висок крвен притисок кои биле советувани да се обратат кај својот матичен лекар за натамошни испитувања.

Македонија | пред 5 месеци

frosina-vasil-1414

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Васил Јованов е доказ за корумпираното судство на СДС и ДУИ

Случајот со Васил Јованов, кој во јануари ја усмрти младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, е уште еден доказ за корумпираното судство создадено од СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Судството не суди согласно закон и со цел постигнување правда. Она што денеска го имаме е резултат на владеењето на СДС и ДУИ. Дури и сега, кога се во опозиција, граѓаните секојдневно ги чувствуваат неправдите што со години им беа нанесувани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од опозициската партија потсетуваат дека Јованов и претходно бил привилегиран од тогашната власт, иако бил фатен со дрога како полнолетен. „Наместо затворска казна, судијката Даниела Алексовска Стојановска го упати во поправен дом. Истата таа судијка, куќата на нејзиниот татко во Ранковце ја претвори во општински штаб на СДС“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.„Ова е истиот Јованов кој ја усмрти Фросина, возејќи без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба. Така изгледа заробеното судство на СДС и ДУИ – систем кој создаде мрежа на ‘свои’ и кој ја исклучува правдата како еднаква за сите“, се вели во партиското соопштение.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека во една нормална држава правосудниот систем треба да ги штити граѓаните, а не „луѓето и функционерите на СДС и ДУИ кои го користат судството за свои интереси“.„Не може судиите и обвинителите да се однесуваат незаинтересирано и да се фокусираат само на платите. Што сакаат да порачаат? Дека земаат мито затоа што платите им се ниски? Потребни се темелни промени во правосудството, за да се врати довербата на граѓаните во систем еднаков за сите, без привилегирани и без поделби на ‘наши и ваши’“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryooa4j82f6m1v7nSTaQ9

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидати за советници на СДС крвнички тепале странски државјани во Струмица

Кандидати за советници на СДС од Струмица крвнички претепале странски државјани, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.„Додека СДС и Венко Филипче продаваат европски вредности, нивни кандидати за советници во Струмица тепаат луѓе. СДС го покажа вистинското лице – партија без програма и визија, но со насилници и тепачи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од опозицијата посочија дека станува збор за Христијан Ефтимов, претседател на младите на СДС и кандидат за советник во Советот на општина Струмица, и Илија Стојанов, исто така кандидат за советник. „Овие лица, блиски до структурите на СДС, во Струмица крвнички тепале странци“, наведуваат од партијата.Во соопштението се потсетува и на други случаи на насилство поврзани со членови на владејачката партија, меѓу кои градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „во видно алкохолизирана состојба тепал припадник на МВР“.„Низа е долга – од советникот Аки Акимов од Кочани, кој делеше тупаници во Советот и се закануваше, па се до актуелните случаи во Струмица. За сите овие инциденти Филипче не се огради, иако е фотографиран во блиски контакти со Акимов“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од опозициската партија порачаа дека Венко Филипче мора јавно да се огради од насилниците во редовите на СДС и да го осуди насилството. „Луѓето како Ефтимов и Стојанов не смеат да бидат иднината на државата. На Струмица ѝ се потребни промени, а не насилници кои се служат со примитивни методи“, стои во соопштението.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryq207fbq1ek755qYsa8x

Стојанче Ангелов потврди: „Со специјална пена е изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново“

По неколкучасовно гаснење со специјална пена скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сеуште може да се забележи чадење од неколку места, изјави утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.Синоќа, како што беше соопштено, бил подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи.Најверојатно намерно запален сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата.

Скопје | пред 5 месеци

Vankovska

Ванковска: Ѓорѓиевски ветува 72 часа за чистење на ѓубрето, како Трамп што за 24 часа ја заврши војната во Украина

За професорката Билјана Ванковска, ветувањето на кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека ќе го исчисти градот од ѓубрето за 72 часа е наликува на ветувањата на Трамп дека ќе ја заври војната во Украина за 24 часа.Смешното тврдење на Орце дека за 72 часа ќе го исчистел градот од смет ме потсетува на она на Трамп дека за 24 часа ќе го решел украинско-рускиот конфликт. Само Орце „помудар“, па си дал екстра време, пишува Ванковска во објава на ФБ.Шегата настрана, тезата дека она што е системски и долгорочен проблем може да го реши ЕДЕН ЧОВЕК, и тоа под услов да е од владејачка партија има БУМЕРАНГ ефект! ВМРО-ДПМНЕ е носител на власта на локално ниво со години, а ефектите се видливи не само во Скопје, туку низ цела држава. Смет, депонии, пожари, нечисти улици, запуштени урбани и рурални средини... Ова не се решава со часови, ниту со чудотворци, туку со услуги, јавни служби, систем, правни санкции, одговорност...Се надевам ниту скопјани, ниту другите нема да паѓаат на вакви пропагандни будалаштини.Ако и мислат дека имаат моќ, нека повелат веднаш, нека не чекаат октомври и изборен ден.

Скопје | пред 5 месеци

media-library5s35u5u5vmpqc5zf4cb

(Видео) Од цистерната се излеале 25 тони нафта, детали соопшти Стојанче Ангелов

Од цистерната што денеска се преврте на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, истекле 25 тони нафта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Олеснителна околност е единствено како што вели, што нафтата се излеала во канал до патот, каде што веднаш е затрупано со песок.Ова се деталите од денешниот еколошки инцидент за кои информираше Ангелов:

Македонија | пред 5 месеци

media-library8gb3qu3mpto753Dca7N

Македонец по грешка пуштен од затвор во Линц, сега е во бегство

Голема судска грешка во Австрија предизвика внимание во јавноста – во притворскиот центар во Линц бил ослободен погрешен затвореник поради исто име и презиме со друг осуденик.Наместо 17-годишен осомничен за кражба, на слобода бил пуштен 30-годишен Македонец. Датумите на раѓање не биле проверени.Погрешно ослободениот Македонец требало да сведочи во постапка за обид за убиство. Според наводите, тој помогнал на роднина да избега откако овој пукал кон друг човек. Полицијата го потврди извештајот на „Кронен Цајтунг“.Кога грешката била откриена, веќе било предоцна. Човекот веќе бил недостапен за властите. Против него сега е распишан налог за апсење.Како што наведува австрискиот весник, против службеникот кој бил одговорен за пропустот е покрената дисциплинска постапка. Воедно, во притворскиот центар во Линц се воведуваат и нови процедури, меѓу кои и т.н. „правило со четири очи“ – од сега, двајца службеници мора заедно да ја проверат идентификацијата пред секое ослободување.

Македонија | пред 5 месеци

vardariste-protest

„Стоп за Вардариште“ в петок организира два протести во Аеродром: „Работодавците да имаат разбирање за граѓаните кои ќе доцнат на работа“

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ ги повикува граѓаните утре два пати да излезат на протест. Покрај веќе закажаниот протест во 18 часот, ќе се одржи и протест и наутро во 07:30 часот. Блокадата ќе биде на мостот „Близнаци“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.„Ги повикуваме работодавците да покажат разбирање и толеранција кон вработените кои евентуално ќе задоцнат на работа и ги замолуваме возачите за трпение,“ порачуваат од иницијативата.Протестот, велат, е резултат на тоа што истекол рокот од пет дена што им бил даден на институциите да започнат со исполнување на итните барања:Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште.Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување.Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно во депонијата.Поставување ограда околу Вардариште.Започнување процес за трајно затворање на депонијата.Откривање и санкционирање на потпалувачите и организаторите на пожарите.Ригорозни мерки против граѓани и компании кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.Барањата биле доставени до претседателката на државата, Владата, Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјални политики, Град Скопје и општините Гази Баба и Аеродром, но до овој момент одговор не е добиен од ниту една институција.„Ги повикуваме СИТЕ ГРАЃАНИ да ни се придружат бидејќи ЧИСТ ВОЗДУХ е ПРИОРИТЕТ за сите нас,“ стои во соопштението на иницијативата „Стоп за Вардариште“.

Скопје | пред 5 месеци

merko-3

ДУИ во Струга не го поддржаа „нивниот“ Рамиз Мерко, тој сега повикува да се гласа за „независните“

Актуелниот градоначалник на Струга и висок функционер на ДУИ, Рамиз Мерко, отворено се спротивстави на сопствената партија, откако таа за локалните избори застана зад коалициониот партнер Зијадин Села. Мерко на своите поддржувачи им порача да гласаат за советничката листа на „независните“.„Ја поддржувам независната листа за советници во Струга. Тие ќе работат за доброто на општината. Заокружете го бројот 120.“, напиша Мерко на својот профил на Фејсбук.Името на градоначалникот на Струга се наоѓа на црната листа на САД од јуни 2023 година. Американскиот Стејт департмент тогаш соопшти дека Мерко е означен како неподобен за влез во САД поради, како што наведоа, негова вмешаност во значајна корупција. Истата мерка ги опфати и неговата сопруга Шпреса и нивните три полнолетни деца – Генц, Назмије и Дренуше.Во меѓувреме, Обвинителството продолжува со отворање на предмети против Мерко, а последниот се однесува на јавната набавка за осветлувањето на вливот на реката Дрим во Охридското Езеро.

Македонија | пред 5 месеци

media-library77ar53i3drpjaIO18Wt

(Фото) Цистерна со нафта се превртела кај Гевгелија, има пожар и излевање на нафтата

Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија - Богданци и се превртела после што дошло до истекување на нафта и палење на истата, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.-ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси  огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум.Патот Гевгелија - Богданци е затворен за сообраќај. Дополнително ќе излезам со информации за следните чекори, посочи Ангелов.

Македонија | пред 5 месеци

media-library07t68ggstjs63tTApI2

Електродистрибуција инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината

Дистрибутивниот систем оператор – Електродистрибуција, својот главен фокус во првите шест месеци од годината го стави на дигиталната трансформација и модернизацијата на дистрибутивната мрежа. Само во првата половина од 2025 година, компанијата инвестираше 30 милиони евра во проекти на високонапонско, среднонапонско и нисконапонско ниво.Преку овие инвестиции, Електродистрибуција обезбедува соодветен развој на дистрибутивната мрежа и намалување на загубите, следејќи ги потребите на корисниците, обезбедувајќи соодветна техничка и стручна подготвеност, брзо и ефикасно приклучување на новите корисници на мрежа и квалитетна услуга на постојните.Континуираните инвестиции придонесуваат за намалување на техничките загуби, подигнувајќи го нивото на ефикасност на целиот систем.Посветеноста на Електродистрибуција во создавањето на модерна и ефикасна дистрибутивна мрежа е од посебна важност. Со тоа се овозможува сигурно и непречено снабдување на корисниците и е темел за идниот економски развој на земјата.пр објава

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryonekr6qd8ghq4RqlJR7

МВР со детали за големиот пожар кај скопско зелено пазарче

Министерството за внатрешни работи утринава соопшти детали за синоќешниот голем пожар кој избувна во центарот на Скопје, веднаш до Зелен Пазар„На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври“ во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а од огнот било зафатено и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект.Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања