Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Малолетник од Скопје уапсен по судир со „ауди“: управувал возило и ја загрозил безбедноста во сообраќајот

Лишен од слобода малолетник од Скопје, управувајќи возило ја загрозил безбедноста во сообраќајот, следува пријава.На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и сервисна улица која ја поврзува со ул.„Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А(21) од Скопје.Во незгодата со телесни повреди се здобил Р.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додека по извршениот увид, поради сомнение дека ја загрозил безбедноста во сообраќајот и сторил кривично дело по член 297 од Кривичниот законик, по наредба на јавен обвинител, од слобода е лишен малолетникот. Во присуство на родител и адвокат, со него е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 2 месеци

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Се потценуваат сами себе: Хороскопски знаци кои се поинтелигентни отколку што мислат

Постојат луѓе кои не делуваат особено амбициозно или аналитично, но поседуваат длабока, тивка интелигенција што се открива дури со текот на времето. Нивната сила лежи во интуицијата, емоционалното разбирање и способноста да поврзуваат информации. Токму поради тоа често ги потценуваат сопствените способности, иако во практика се покажуваат како исклучително проникливи. Според астрологијата, овие особини особено се истакнуваат кај луѓето родени во следните три хороскопски знаци.РакЛуѓето родени во знакот Рак често ја мерат сопствената интелигенција преку емоциите, а не преку логиката, поради што знаат да ја потценат. Нивната способност да ги разберат туѓите мотиви, нијансите во однесувањето и скриените намери укажува на високо ниво на емоционална и социјална интелигенција.Брзо го забележуваат она што другите го пропуштаат, иако ретко зборуваат за тоа гласно. Не сакаат да се наметнуваат како попаметни од другите, па нивната проникливост често останува незабележана. Токму таа тивка перцепција им дава предност во меѓучовечките односи и при донесување одлуки.РибиРибите често мислат дека се збунети или премногу мечтателни, но зад тоа се крие сложено и длабоко размислување. Нивниот ум функционира асоцијативно, што им овозможува да ги поврзуваат идеите на неконвенционален начин. Интуицијата им е исклучително силна, а одлуките што ги носат често се покажуваат како точни, иако самите не знаат рационално да ги објаснат.Поради склоноста кон сомнеж во себе, ретко ја признаваат сопствената ментална сила. Сепак, нивната креативна и интуитивна интелигенција често ги надминува класичните облици на размислување.БикБиковите често се доживуваат како тврдоглави и насочени кон рутина, поради што се занемарува нивната аналитичка страна. Нивната интелигенција доаѓа до израз преку трпеливост, практично размислување и способност за долгорочно планирање. Не реагираат импулсивно, туку размислуваат чекор по чекор, што им овозможува да носат стабилни и мудри одлуки.Иако не сакаат да расправаат ниту да докажуваат колку знаат, многу добро разбираат како функционира светот. Токму таа комбинација на логика и инстинкт ги прави попаметни отколку што самите мислат.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryuanpn87or3e42w4BfIi

Ким Џонг Ун се појави во јавноста со фаворитката за негов наследник

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на свеченото отворање хотели во туристичка зона, во придружба на својата ќерка Џу Е, и го пофали економскиот напредок на земјата во пресрет на клучниот партиски конгрес што треба да се одржи на почетокот на 2026 година.Пет хотели беа отворени во саботата и неделата во севернокорејската туристичка зона Самјијон, во североисточниот дел на Корејскиот Полуостров, во близина на границата со Кина, објави во вторникот државната новинска агенција КЦНА.Фаворитка за идна лидерка на Северна КорејаКим во саботата ги обиколил луксузните хотели заедно со Џу Е, според фотографиите објавени од државните медиуми. Според некои аналитичари, Џу Е се смета за фаворитка за наследничка на својот татко на чело на Северна Кореја.Ким изјавил дека хотелите се „јасен доказ за растечкиот статус на нашиот народ и за развојниот потенцијал на нашата земја“, пренесува КЦНА. Севернокорејскиот лидер во изминатиот месец присуствувал на повеќе свечени отворања на производствени погони. Само минатата недела бил на отворањето на три регионални фабрики.Се очекува Северна Кореја на почетокот на 2026 година да го одржи својот прв партиски конгрес по пет години, на кој треба да биде претставен нов развоен план за следните пет години. Државните медиуми, меѓу кои и „Родонг Синмун“, повикуваат на сеопфатен ангажман на јавноста за завршување на големите проекти пред одржувањето на конгресот.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryleknqgatfrdp87WvueZ

СДСМ: Изборот на Анита Топалова за в.д. државна јавна обвинителка е обид за целосна контрола врз обвинителството

Опозициската СДСМ оцени дека изборот на нова в.д. државна јавна обвинителка претставува уште еден обид на актуелната власт да воспостави целосна контрола врз обвинителството и судството.Според партијата, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски настојува, како што наведуваат, да го стави правосудниот систем под политичко влијание, со цел да се избегне одговорност за, како што тврдат, криминални тендери кои се реализираат на штета на граѓаните.Како аргумент за ваквите обвинувања, од СДСМ го посочуваат изборот на Анита Топалова Исајловска за в.д. државна јавна обвинителка. Според соопштението на партијата, таа во минатото била обвинителка која барала укинување на предметот „Талир“, случај поврзан со незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, во кој меѓу обвинетите беше и поранешниот премиер Никола Груевски.Од СДСМ дополнително наведуваат дека Топалова Исајловска е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик-министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што, според партијата, дополнително ја засилува загриженоста за можен судир на интереси и политичко влијание врз обвинителството.Партијата оценува дека ваквите случувања потсетуваат на периодот на владеење на Никола Груевски и предупредува дека, како што наведуваат, ваквите обиди за контрола врз правосудството нема да поминат незабележано.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfmnvsvqcuqh77V1mvn9

Тројца Срби пријавени за воено злосторство од 1991 - ги доведувале цивилите до мост и пукале во нив

Против тројца осомничени за воено злосторство извршено во 1991 година во Двор, кога биле убиени тројца цивили и еден резервен полицаец, полицијата поднела кривична пријава. Осомничените биле припадници на диверзантски вод на таканаречениот Воен штаб на општина Двор.Сите тројца осомничени во моментов се недостапни за хрватските правосудни органи.Воени злосторства против цивили и воени заробенициВо рамки на криминалистичка истрага спроведена во соработка со Одделот за воени злосторства при Жупаниското државно обвинителство во Загреб, полицијата утврдила дека се сторени кривични дела воено злосторство против цивилното население и против воени заробеници. Според полициското соопштение, постои основано сомнение дека осомничените на 26 јули 1991 година во Двор убиле тројца цивили, жители на селото Замлаќа, како и еден резервен полицаец од Полициската управа Сисачко-мославинска.Детали за злосторствотоИстрагата утврдила дека двајца од осомничените, тогаш на возраст од 29 и 22 години, како припадници на диверзантскиот вод на таканаречениот Воен штаб на општина Двор, на 26 јули 1991 година, во вечерните часови, пред Здравствениот дом во Двор прво физички ги малтретирале ранетите цивили и резервниот полицаец. Потоа тројцата цивили ги однеле до мостот на реката Жировец и со истрели од огнено оружје усмртиле двајца од нив, додека еден цивил успеал да побегне.Потоа ранетиот, физички и психички малтретиран резервен полицаец го однеле до брегот во близина на мостот, каде што го извлекле од комбито и во него испукале повеќе истрели од огнено оружје.Третиот осомничен, тогаш 35-годишник, како командир на диверзантскиот вод на таканаречениот Воен штаб на општина Двор, не го спречи извршувањето на злосторството.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Кампањата стартуваше: четири општини одат на повторни избори за градоначалник на 11 јануари

Изборната кампања за повторените локални избори за градоначалник официјално започна на полноќ на 22 декември во четири општини – Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Гласањето ќе се одржи на 11 јануари 2026 година, веднаш по новогодишните и божикните празници.Според Роковникот за изборни дејствија, кампањата за првиот круг ќе трае до 9 јануари, кога стапува на сила изборниот молк.Во Гостивар, гласачите ќе имаат можност да избираат меѓу двајца кандидати: Невзат Бејта, кандидат на коалицијата Вреди, и независниот кандидат Ваљбон Лимани од НАИ.Во општина Врапчиште, во трката за градоначалничката функција влегуваат Исен Шабани, кандидат на НАИ, и Зуљхајрат Демири, поддржан од група избирачи.Центар Жупа ќе има избори со еден кандидат. Таму за градоначалник се кандидира Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците.Во Маврово и Ростуше, пак, гласачите ќе одлучуваат меѓу Онер Јакупоски, поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ.Повторувањето на изборите во овие четири општини следи откако на локалните избори во 2025 година не беше обезбедена законски предвидената излезност. Според податоците на Државната изборна комисија, во првиот круг одржан на 19 октомври, ниту една од општините не го исполни условот за најмалку една третина, односно 33,33 проценти излезност од запишаните гласачи.Во Гостивар одѕивот изнесуваше 33,31 процент, во Врапчиште 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше 30,31 процент, а најнизок беше во Центар Жупа со 21,49 проценти.Поради тоа, изборниот процес за избор на градоначалници во овие општини мораше да се повтори, а исходот ќе биде познат по гласањето закажано за 11 јануари.

Македонија | пред 2 месеци

pozar-usje

Јовановска: Левица бара вонреден инспекциски надзор во Цементарница УСЈЕ

„Скопје повторно се гуши во ПМ честички. Секоја година, особено во зимскиот период Скопје руши рекорди во загаденост, но освен паушални изјави и празни ветувања, властите не превземаат никакви конкретни мерки за решавање на овој проблем“, истакна Катерина Јовановска, координаторка на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје, на прес конференција на која соопшти и дека поднеле Барање за вонреден инспекциски надзор во Цементарница УСЈЕ.Според неа иако проблемот со загадувањето во Скопје е повеќедецениски, ниту една од партиите кои се менуваа на власт, не направиле речиси ништо за намалување на загадувањето, ниту пак понудиле трајно решение. „Јавниот градски превоз е колабиран, нови еколошки автобуси нема, а Јавното обвинителство веќе три години не постапува по кривичната пријава поднесена од градот Скопје против загадувачот Цементарница УСЈЕ“.Од Левица јавно прашуваат „до кога профитот ќе биде пред здравјето на граѓаните и додаваат дека здравјето на граѓаните нема цена. Како што посочи Јовановска, советничката група на Левица освен барањето за вонреден инспекциски надзор во УСЈЕ доставиле и низа амандмани на Буџетот на Град Скопје за следната година, со конкретни мерки за намалување на загадувањето.„Поднесовме амандмани за набавка на еколошки дрва со цел намалување на загадувањето на воздухот, субвенции за прочистувачи на воздухот за жителите на Скопје, субвениции за граѓани и фирми за набавка на филтри за оџаците... Дел од овие амандмани ги поднесе и минатата година, но ниту еден од нив не доби подршка од советниците на ДПМНЕ и СДС“, истакна Јовановска.Левица ќе даде и поддршка на најавениот протест во четврток, против Цементарница УСЈЕ, и се надеваат на масовно присуство на скопјани на овој протест затоа што, како што рече Јовановска „сепак за здравјето се работи“.

Скопје | пред 2 месеци

media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

Кина и Русија застанаа зад Венецуела по американската блокада на нафтени танкери

Милиони барели венецуелска нафта останаа закотвени на танкери откако САД воведоа блокада врз бродовите поврзани со Каракас, предизвикувајќи застој во пристаништата и нова геополитичка ескалација во Карипското Море. Потегот на Вашингтон веднаш наиде на реакции од Кина и Русија, кои застанаа зад Венецуела и ги осудија американските акции како незаконски и опасни.По одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ги блокира сите санкционирани танкери што влегуваат и излегуваат од Венецуела, активноста во пристаништата нагло се намали. Според податоци на Ројтерс, најголем дел од танкерите сега превезуваат нафта само меѓу домашни пристаништа, додека бројот на натоварени бродови што не тргнале кон странство расте од ден во ден. Клиентите бараат поголеми попусти и измени на договорите поради зголемениот ризик од пресретнување.Американскиот претседател повторно го повика венецуелскиот лидер Николас Мадуро да се повлече од власта и порача дека САД ќе ја задржат или ќе ја продадат нафтата што ја заплениле покрај венецуелскиот брег во последните недели. На прашање дали целта е смена на режимот, Трамп оцени дека за Мадуро би било „паметно“ да ја напушти функцијата, предупредувајќи дека натамошниот отпор ќе има последици.Ескалацијата доби меѓународна димензија откако САД пресретнаа танкер што се упатувал кон Кина. Пекинг реагираше остро, оценувајќи дека ваквите дејствија претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, истакна дека Венецуела има право да развива односи со други држави и дека Кина се спротивставува на сите еднострани и нелегални санкции.Иако Белата куќа тврди дека пресретнатиот брод припаѓал на таканаречената „флота во сенка“ на Венецуела, танкерот во моментот не бил под американски санкции. Панамските власти, пак, соопштија дека супертанкерот „Сенчерис“ ги прекршил поморските правила, го сменил името и го исклучил транспондерот додека превезувал нафта од Венецуела.Кина е најголемиот купувач на венецуелска сурова нафта, која сочинува околу 4 отсто од нејзиниот вкупен увоз, што дополнително ја зголемува чувствителноста на ситуацијата.Подоцна, министрите за надворешни работи на Русија и Венецуела ги осудија американските акции во Карипскиот регион. Москва предупреди дека ескалацијата може сериозно да го загрози меѓународниот поморски сообраќај и безбедноста во регионот, потврдувајќи целосна поддршка за венецуелското раководство и народ.Во меѓувреме, сателитски податоци покажаа дека празниот супертанкер „Бела 1“, кој американската крајбрежна стража се обиде да го пресретне, се движел североисточно од Бермудите.Вашингтон тврди дека приходите од венецуелската нафта се користат за финансирање криминални и терористички активности, вклучувајќи трговија со дрога и луѓе. Од септември наваму, американските сили извршија низа напади врз бродови за кои тврдат дека се вклучени во шверц на дрога, иако без јавно презентирани докази. Според семејства и влади, во тие операции загинале повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и рибари.Каракас, од друга страна, предупредува дека станува збор за обид за промена на режимот и ги опишува потезите на САД како меѓународна пиратерија.

Свет | пред 2 месеци

nefi-useini-660x330-1

Контроверзниот Нефи Усеини доби дел од милионскиот тендер за државните патишта

Фирма поврзана со бизнисменот од Охрид, Нефи Усеини, доби дел од јавната набавка за зимско одржување на државните патишта, вредна околу 3 милиони евра, објавена од Македонија пат.Според информациите објавени од „Фактор“, фирмата на Усеини ќе инкасира околу 70.000 евра, како дел од групата компании ангажирани за чистење и одржување на магистралните и регионалните патишта во сезоната 2025/2026 година.Покрај фирмата поврзана со Усеини, меѓу добитниците на договорите е и „Диктор ЦД“, во сопственост на Зоран Иванов, син на поранешната генерален секретар на Собранието, Цветанка Иванова. Оваа компанија добива над 642.000 евра.Фирмата „ЈА-МИ“, сопственост на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, ќе добие околу 580.500 евра за зимско одржување на дел од патната мрежа. Со договор вреден речиси 639.000 евра, во тендерот учествува и „Ган-Логистик“, во сопственост на Бурим и Насер Ибиши и Кренар Ибраими.Тетовската „Инфраструктура“, сопственост на Абдурахим Алија, добива околу 544.700 евра, додека „Јан Констракшн“, чија сопственичка структура ја сочинуваат Доста Стојаноска и Наташа Јанкулоска, ќе инкасира над 390.000 евра. Дел од тендерот ѝ припадна и на битолската „Зимак“, во сопственост на Роберт Рајкоски, со договор од околу 71.500 евра.Јавното претпријатие ги склучило договорите по моделот „ангажирање трети лица“, со образложение дека самостојно нема доволно капацитет за справување со зимските услови и обилните снежни врнежи. Во условите на тендерот е наведено дека камионите за чистење снег мора да имаат вграден ГПС-систем, а возачите се обврзани самите да се снабдуваат со храна, но при излегување на терен да имаат обезбедени оброци за цел ден.Нефи Усеини е поранешен советник во Општина Охрид, избран од редовите на ДУИ, и во јавноста е познат по низа контроверзии. Против него постојат обвиненија за бесправно градење во Охрид, за што е поднесено обвинение од надлежното обвинителство.Дополнително, Усеини беше предмет на судска постапка и поради физички напад врз општински советник, при што му беше определен притвор, а подоцна беше пуштен да се брани од слобода со прифатена гаранција, односно хипотека на имот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryunq9864nkemrb7oHKQo

Се урива нова дивоградба во Гази Баба: Градоначалникот најавува нулта толеранција кон бесправното градење

Општина Гази Баба утрово започна акција за уривање на новоизграден бесправен објект, откако сопственикот продолжил со градежни активности и покрај издадено решение за запирање на градбата. Акцијата е спроведена во координација со МВР и надлежна фирма за рушење, а локалната власт најавува дека нема да прави компромис со почитувањето на законот.НЕМА КОМПРОМИС СО ЗАКОНОТ!ОД РАНО УТРОВО СЕ РУШИ НОВА ДИВОГРАДБА!Станува збор за објект кој се градеше бесправно, а во моментот на интервенцијата беше во приземје – карабина фаза.И покрај издадено решение од градежен инспектор, стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот продолжил со градежни активности, со што директно го прекрши Законот.Акцијата започна во 05:00 часот наутро, по претходна координација со МВР и фирмата задолжена за рушење.Дополнително, беше спречена изградба на уште два нови објекти, кои беа во почетна фаза – ископани темели, на истата локација, веднаш до објектот што се рушеше.Во рок од само 7 дена, ова е втора акција за рушење на дивоградба!Апелирам до сите граѓани: почитувајте го Законот и не започнувајте со градење без соодветно Одобрение од општината.Компромис со почитување на Законот ниту сум правел, ниту ќе правам!, напиша градоначалникот на Гази Баба

Скопје | пред 2 месеци

kucinja

Граѓаните конечно ќе имаат каде достоинствено да ги закопаат своите миленици, Македонија ќе добие кафилерија и гробишта за миленици

Македонија конечно се приближува до системско решавање на долгогодишниот проблем со угинатите животни и починатите домашни миленици. До средината на 2026 година треба да бидат дефинирани локациите и инфраструктурата за изградба на кафилерија и гробишта за миленици, по што ќе започне и нивната практична реализација.Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, за МИА вели дека процесот е во интензивна фаза и дека станува збор за инфраструктура која одамна недостасува во земјава, а воедно претставува и услов во рамките на европските интеграции.Според него, со години наназад сопствениците на починати миленици биле приморани да ги оставаат телата на истите депонии каде што завршува и комуналниот отпад, што е недозволиво од здравствен и еколошки аспект. Новите гробишта, како и кафилеријата, ќе се градат надвор од урбаните средини, на ненаселени локации.Паралелно, се разгледува и модел според кој секоја општина би имала сопствено прифатилиште за бездомни кучиња, а каде што е возможно – и гробишта за миленици. Ова ќе биде една од темите на состанокот што АХВ ќе го одржи со министерот за локална самоуправа и со ЗЕЛС.Во однос на кафилеријата, Миланов потсетува дека идејата постои уште од 2019 година, но реализацијата била блокирана поради недостиг од соодветна локација и отпор од локалното население.– Првично се разгледуваа Лозово и Росоман, но советниците не дозволија поради недоволна информираност. Се мислеше дека ќе има горење со миризба, како во фабрика, а всушност станува збор за целосно херметички затворен систем – објаснува Миланов.Сега, додава тој, се оди кон јавно-приватно партнерство, а се анализира и европски модел со мобилна кафилерија, која овозможува преземање на трупот и негово уништување на точно утврдена локација.– Очекувам по празниците да седнеме со министрите и со советниците на премиерот и да го заокружиме моделот. Јас би сакал работите да почнат уште ова лето, барем со поставување темели – вели директорот на АХВ.Проблемот со бездомните кучиња, пак, останува еден од најгорливите. Според проценките, низ земјава талкаат повеќе од 8.000 кучиња без сопственик.Во таа насока, веќе е подготвен нов закон за здравствена заштита на животните, кој опфаќа и конкретни мерки за справување со ова прашање. Текстот е усогласен по повеќе состаноци со 11 невладини организации, меѓу кои и Анима мунди и Лајка.Законот предвидува казни за неодговорно сопствеништво, за шетање кучиња без поводник на јавни места, како и построги правила за големите и потенцијално опасни раси. Во процесот ќе бидат вклучени и ловечките друштва, а планирани се и јавни трибини со граѓаните и инспекторите од подрачните единици.

Македонија | пред 2 месеци

pat-magla

Возете внимателно, маглата ја намали видливоста на 30 до 50 метри

Магла и утрово го отежнува сообраќајот во државата. Според АМСМ, поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.Од 21:00 часот синоќа ГП Евзони е отворен за сите видови сообраќај за влез во Р. Грција.Маглата во Скопската Котлина и во источните делови на земјата често е придружена со феноменот на температурна инверзија, што дополнително го влошува квалитетот на воздухот. Опасно е што маглата во овој период од годината во Македонија е поврзана со високи концентрации на ПМ10 и ПМ2.5 честички, што е дополнителен товар за јавното здравје и ја наметнува потребата од интегриран пристап во управувањето со животната средина и транспортот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library69fqtegusji19Pvvy53

Ахмети: Јас ја уништив Југославија, не сум претставник на мачки, туку на лавови

Различни оценки има за петтиот конгрес на ДУИ, на кој Али Ахмети беше реизбран за лидер.За партијата конгресот бил успешен и ја потврдил нејзината висока политичка зрелост и капацитет за длабоко, одржливо и сеопфатно реформско преструктуирање.Додека едни се одишевени, Валмир Азири, еден од функционерите на ДУИ во Тетово и поранешен државен секретар во Министерството за култура оценува дека во паријата на се случила реформа, туку шоу.За Изет Меџити од ВЛЕН по изборниот дебакл, Конгресот на ДУИ станал театар во кој од никого не била побарана политичка одговорност.Ахмети пак се пофали:,,Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001. Но, слушнете го мојот говор на Конгресот, никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или ВЛЕН. Она што го имав за вазалите, им го кажав од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение“, кажа Ахмети.Тој има два плана, планот А е развој и напредок на државата, а изрази надеж дека нема да се префрли на план Б.„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, рече Ахмети.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryabqhoaetjatf8ssfpPP

Шест симптоми на депресија во средната возраст може да бидат рани знаци на деменција

Шест специфични симптоми на депресија кои се јавуваат во средната животна возраст може да бидат рано предупредување за зголемен ризик од развој на деменција подоцна во животот, покажува ново истражување на научници од University College London, објави Newsweek.Со оглед на тоа што се проценува дека деменцијата погодува повеќе од 55 милиони луѓе ширум светот — а се очекува таа бројка да порасне на 153 милиони во наредните 25 години — научниците постојано бараат рани показатели за болеста. Уште минатата година Lancet Commission утврди дека депресијата е „потенцијално променлив фактор на ризик во средната возраст“ за развој на деменција, а тимот од UCL решил подетално да ја испита таа поврзаност.Истражувачите анализирале јавно-здравствени податоци за 5.811 возрасни лица од Обединетото Кралство, на возраст меѓу 35 и 55 години на почетокот на студијата. Податоците биле собрани во два периода — меѓу 1985 и 1988 година, и повторно меѓу 1997 и 1999 година. Учесниците кои пријавиле пет или повеќе симптоми на депресија биле класифицирани како депресивни.Потоа, здравствената состојба на испитаниците била следена сè до 2023 година, со цел да се утврди кај колкумина се развила деменција. Во текот на дваесетгодишното следење, деменција се развила кај 10,1 отсто од учесниците.Шест симптоми што го зголемуваат ризикотИстражувањето идентификувало шест симптоми поврзани со депресија во средната возраст кои укажуваат на зголемен ризик од деменција:– губење на самодовербата– чувство дека лицето не е способно да се справи со проблемите– недостиг на чувство на топлина и приврзаност кон другите– постојано чувство на нервоза и напнатост– незадоволство од начинот на извршување на задачите– потешкотии со концентрацијата„Нашите наоди покажуваат дека ризикот од деменција е поврзан со одредени симптоми на депресија, а не со депресијата како целина“, изјави авторот на студијата и здравствен психолог од UCL, Philipp Frank. „Овој пристап, насочен кон поединечни симптоми, ни дава многу појасна слика за тоа кои лица би можеле да бидат поранливи, децении пред развојот на деменција.“„Секојдневните симптоми што многу луѓе ги доживуваат во средната возраст, очигледно носат важни информации за долгорочното здравје на мозокот. Обрнувањето внимание на овие обрасци може да отвори нови можности за рана превенција“, додаде тој.Што покажуваат бројките?Резултатите покажале и дека учесниците класифицирани како депресивни во средната возраст имале 27 отсто поголем ризик од развој на деменција. Сепак, кај лицата помлади од 60 години, овој зголемен ризик бил целосно објаснет токму со споменатите шест симптоми. Особено се издвојувале губењето на самодовербата и потешкотиите во справувањето со проблемите, кои биле поврзани со околу 50 отсто поголем ризик од деменција.Иако ова е прва голема студија која ги анализира поединечните симптоми, научниците нагласуваат дека податоците не ги вклучувале другите познати фактори на ризик за деменција, како што се генот APOEε4 или начинот на живот. Дополнително, дури 71,7 отсто од учесниците биле мажи, што укажува на потреба од идни истражувања кои ќе се фокусираат и на влијанието на депресијата во средната возраст врз здравјето на мозокот кај жените.

Магазин | пред 2 месеци

media-librarymmop3im0sfmbfeJQfmR

Фрчкоски: Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, затоа ме напаѓа лично и семејно

Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, и затоа ме напаѓа лично мене но и моето семејство, истакна Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ на денешната прес-конфереција.„ДПМНЕ, во рамки на својата кампања „Дефокус“, објавува мои фотографии и текстови за мене, а во сето тоа го споменуваат и мојот татко, кој нема никаква врска со ова. Следно што можеме да очекуваме е да ми ја таргетираат целата фамилија.“, потенцираше Фрчкоски.Тој објасни дека причината за нападите е откривањето на криминалните шеми и темата „мигранти за пари“.„Ова нивното е чист дефокус. Да постоеше нешто реално, одамна ќе реагираа. Сега ова е нивен сензационализам со цел да ги прикријат двете главни теми: Мигранти за пари“ и забраната на слободата на говор со изгласаната Резолуција, по примерот на Декретот од Третиот рајх.“Фрчкоски потенцираше дека борбата за вистината и против криминалот на власта продолжува:„Верувајте ми, ова е само почеток на откривањето на сите криминално-корупциски шеми и афери на ДПМНЕ. Откако поднесовме пријави за овие предмети, настана паника. Знаат дека ќе одговараат. АКТ ВИ ДИШЕ ВО ВРАТ! Борбата започна и нема да застане додека не ја ослободиме Македонија од криминалот и корупцијата “ рече Фрчкоски......

Македонија | пред 2 месеци

media-library4v10jo1eemjh12TOQiG

Маж израснат со лош татко ќе го препознаете по овие 11 знаци

Здрава татковска фигура е клучна за развојот на секое момче во стабилен и емоционално зрел маж. Без таков пример кој би го водел низ животните предизвици, мажот често се соочува со внатрешни борби, тешко гради здрави односи и развива искривена слика за себе, пишува порталот YourTango.Мажот кој пораснал со лош татко обично лесно се препознава. Неговото однесување често открива дека во детството немал доволна поддршка и насоки. Важно е да се нагласи дека мажите со вакво искуство не треба да се двоумат да побараат стручна помош, со цел да преземат контрола врз сопствениот живот и да го прекинат кругот на негативни модели што ги наследиле.Тешко одржува структураТраумата од детството предизвикана од лош татко остава длабоки психолошки последици кои се манифестираат и во зрелата возраст. Таквиот маж често има проблеми со организацијата, одржувањето ред и придржувањето кон секојдневна рутина.Едно истражување од 2021 година покажало дека децата кои биле изложени на злоупотреба подоцна почесто имаат потешкотии со извршните функции. Тоа се одразува преку проблеми со завршување задачи, планирање и одржување рутина, поради нарушен развој на делови од мозокот задолжени за овие вештини.Ги потиснува емоциитеТаткото е првиот и најважниот пример за синот, а неговото однесување остава траен белег. Затоа не е изненадување што маж кој израснал со емоционално воздржан татко и самиот ги потиснува чувствата.Истражувањата покажуваат дека синовите на емоционално дистанцирани и негрижливи татковци често имаат проблематичен однос кон емоциите. Ако таткото наметнува крута претстава за „машкост“ во која нема место за чувства, синот учи дека ранливоста е слабост. Последицата е неможност отворено да зборува за своите проблеми и емоции.Се чувствува како дете во тело на мажРастењето со емоционално недостапен или отсутен татко често води до проблеми со идентитетот и самодовербата. Без здрав машки пример, момчето расте со сомнеж во себе и погрешна претстава за тоа што значи да се биде маж.Според студија објавена во Националната медицинска библиотека, момчињата кои растат со агресивни татковци се принудени прерано да созреат за да се заштитат. Таквото детство им ја одзема можноста да изградат сопствен идентитет, па и како возрасни можат да се чувствуваат како деца кои само глумат зрелост.Се повлекува под притисокТрауматичното детство со токсични родители го обликува начинот на справување со стресот во зрелата возраст. Мажот израснат со лош татко често развива механизми на избегнување притисок и конфликти. Истражувањата покажуваат дека детската траума значително влијае врз управувањето со стресот. Под притисок, таквиот маж се повлекува, а и на неговото тело му е потребно повеќе време да се смири по стресна ситуација.Се брани од критикаРастењето со постојано критичен родител силно влијае врз начинот на прифаќање критика подоцна во животот. Маж кој бил постојано критикуван, а ретко пофалуван, и конструктивната критика ќе ја доживее како напад. Поради тоа што во детството бил постојано „на штрек“, истиот образец го пренесува и во зрелата возраст.Не ги исполнува ветувањатаНедостигот од доверба и здрави примери во детството влијае врз способноста да се држат ветувања. Ако таткото бил непостојан и недоследен, синот тешко верува дека другите можат да бидат сигурни и стабилни. Кога нема татковска посветеност, често се јавуваат анксиозност и депресија, а како возрасен, мажот се мачи со посветеноста во сопствените односи.Нема јасна насока во живототМажите израснати со лоши татковци често немаат јасна животна насока. Тоа се одразува и на нивните односи, управувањето со емоциите и сликата за себе. Истражувањата покажуваат дека без здрав татковски пример, мажите потешко ја разбираат здравата машкост, што создава чувство на изгубеност.Се чувствува осаменоНапнатиот однос со таткото во детството се пренесува и во зрелата возраст. Проблемите со довербата го отежнуваат градењето блиски врски, па мажот често се чувствува осамено, дури и кога е опкружен со луѓе. Може да развие и страв од напуштање, што дополнително ја нарушува сигурноста во партнерските односи.Осцилира меѓу пасивност и контролаЛошото родителство остава трајни последици врз однесувањето. Таквиот маж често се движи меѓу две крајности – или е претерано пасивен или има силна потреба за контрола. Причината најчесто лежи во несигурниот стил на приврзаност развиен во односот со таткото.Бега од реалностаМаж кој пораснал со отсутен или емоционално ладен татко почесто бара начини да ја „умртви“ болката. Овие механизми на справување можат да бидат опасни и дополнително да го влошат менталното здравје. Истражувањата покажуваат дека психотерапијата е еден од клучните начини за надминување на ваквите трауми.Избегнува одговорностМажот израснат со лош татко често има проблем со преземање одговорност. Татковото занемарување може да создаде ниска самодоверба и силен страв од неуспех. Наместо да ги прифати можностите за раст, тој ги избегнува за да не се соочи со сопствените чувства и потенцијалниот неуспех.Иако лошиот однос со таткото остава длабоки и негативни последици, важно е да се знае дека постои пат кон заздравување. Разговорот со стручно лице и терапијата се меѓу најважните чекори што мажот може да ги преземе за да се справи со траумите од детството.

Магазин | пред 2 месеци

media-library062ni85obv5oamZk9wT

Има 44 години и сè уште немал сексуален однос: Ја кажа причината

Стивен Кинард, 44-годишен маж кој никогаш немал сексуален однос, реши јавно да проговори за длабоко личните причини поради кои е така. Неговата приказна ги урива стереотипите, бидејќи, како што вели, не станува збор ниту за социјална неприлагоденост ниту за недостиг од можности, пренесува LADbible TV.Кинард нагласува дека неговата девственост не е резултат на изолација или асоцијалност, спротивно на вообичаените предрасуди. Себеси се опишува како сосема обична личност со исполнет социјален живот и широк круг пријатели.На директното прашање зошто сè уште е девственик, со доза хумор одговорил: „Па, веројатно затоа што сè уште не сум спиел со никого“. Сепак, веднаш додал дека одговорот не е толку едноставен и дека постои „голем прашалник“ околу тоа зошто работите за него така се одвивале.„Не сум социјално неприспособен. Немам никакви чудни навики што би можеле да се сметаат за необични. Друштвен сум и имам широк круг пријатели“, појаснил тој.Една работа го кочелаИако се смета за „многу нормален“, признава дека една особина постојано го спречувала да оствари интимни односи.„Се сметам за сосема нормален, но многу срамежлив, а особено срамежлив кога разговарам со жени“, открил тој, нагласувајќи дека токму таа срамежливост одиграла клучна улога во текот на целиот негов возрасен живот.„Сексот не е нешто случајно“Кинард се осврнал и на честите коментари со кои се соочувал, а кои ја минимизираат важноста на сексот. Многумина, вели, не можеле да разберат зошто едноставно не го „заврши тоа“.„Слушам многу луѓе како велат: ‘Па, тоа е само секс. Само оди и направи го. Сексот не е важен’“, раскажал тој.Но, за него сексот никогаш не бил нешто безначајно или споредно. „За мене, на некој начин, секогаш бил важен и многу интимна работа меѓу две лица, и нешто што отсекогаш сум сакал да биде посебно“, го објаснил својот став.Сака да им помогне на другитеТокму комбинацијата од срамежливост и уверувањето дека сексот треба да биде посебен го спречила да влезе во интимен однос само заради стекнување искуство.Со својата приказна, Стивен се надева дека ќе ги охрабри другите кои се наоѓаат во слична ситуација. Признава дека во минатото поради сето тоа се чувствувал „многу тажно“ и „осамено“, а сега сака да им порача на другите дека не се сами.

Магазин | пред 2 месеци

ipard-1140x401-1

ВМРО-ДПМНЕ демантира суспензија на ИПАРД средствата: Европската комисија направила привремен прекин, не стопирање

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија дека средствата од ИПАРД програмата се суспендирани, оценувајќи ги како неточни и политички мотивирани.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Европска комисија не донела одлука за суспензија или стопирање на средствата од ИПАРД III, туку, како што наведуваат, ја поздравила одлуката за привремен прекин на исплатите додека траат проверките и контролите поврзани со конкретен случај.Во партиската реакција се посочува дека институциите веќе работат на расчистување на настанот и дека, по завршување на сите проверки и контроли, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе продолжи. Според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за редовна процедура со цел обезбедување транспарентност и законитост во користењето на европските средства.Од владејачката партија истакнуваат дека актуелната влада има јасна определба за борба против криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност, без оглед на функцијата или политичката припадност.Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ги оцени наводите на СДСМ како обид за собирање политички поени и нагласи дека, според нив, опозицијата ја користи темата ИПАРД за политички напади, додека институциите, како што велат, постапуваат во рамки на своите законски надлежности.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3r4tq1d340v0aUmfPEl

(Видео) Од ѕвезда на „Никелодеон“ до живот на улица: судбината на Тејлор Чејс го шокира Холивуд

Видео што деновиве се прошири на социјалните мрежи прикажува поранешен детски актер како живее како бездомник на улиците на Лос Анџелес, предизвикувајќи силни реакции во јавноста и меѓу неговите поранешни колеги.Станува збор за Тејлор Чејс, американски актер кој во младоста се прослави на каналот Никелодеон, најмногу по улогата на Мартин Кверли во популарниот ситком Ned’s Declassified School Survival Guide.На видеото, кое го снимила случајна минувачка, Чејс одговара на прашање дали некогаш глумел за „Дизни“, по што појаснува дека бил дел од „Никелодеон“ и дека имал улога во споменатата серија. Снимката брзо се прошири и предизвика бран емотивни реакции.Особено погодени беа неговите поранешни колеги од серијата, меѓу кои Даниел Кертис Ли, Девон Веркхајзер и Линдзи Шо.„Не можам многу да направам, но би сакала да разговарам со него, да му покажам љубов и да го погледнам во очи. Ми недостига Тајлор, толку многу го сакам Тајлор“, изјави Шо.По објавата, социјалните мрежи беа преплавени со коментари во кои корисниците изразуваат тага и загриженост, но и критика кон филмската индустрија. Дел од нив посочуваат дека Холивуд често остава длабоки последици врз младите актери, особено оние кои рано се соочуваат со слава и притисок.Покрај „Ned’s Declassified School Survival Guide“, Тејлор Чејс има улоги и во серијата Everybody Hates Chris, како и во филмот Good Time Max.Случајот повторно ја отвори дебатата за заштитата на детските актери и за тоа што се случува со нив откако ќе исчезнат од светлината на рефлекторите.

Свет | пред 2 месеци

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Од Скопје заминува американската амбасадорка Агелер - Трамп повлекува речиси 30 амбасадори

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна пошироко дипломатско преструктуирање, при што речиси 30 шефови на американски дипломатски мисии ширум светот добиле известување дека нивните мандати завршуваат во јануари. Меѓу нив е и амбасадорката на САД во Македонија, Агелер, објави Дојче веле, повикувајќи се на извори од Вашингтон.Според информациите, станува збор за амбасадори именувани за време на администрацијата на Џо Бајден, кои и по почетокот на вториот мандат на Трамп останале на своите позиции. Сега, тие биле официјално информирани дека нивните мисии завршуваат како дел од новата кадровска поставеност.Од Стејт департмент потегот го објаснуваат како вообичаена постапка при промена на администрацијата, нагласувајќи дека амбасадорите се лични претставници на претседателот. Во официјалното образложение се наведува дека претседателот има право да обезбеди дипломатски кадар кој ќе ја спроведува неговата политика и приоритетите на доктрината „Америка на прво место“.Промените ги опфаќаат најмалку 29 држави на повеќе континенти. Во Европа, освен Северна Македонија, на списокот се и Ерменија, Црна Гора и Словачка. Во Африка се најпогодени 13 земји, меѓу кои Нигерија, Сенегал, Руанда и Уганда, додека во азиско-пацифичкиот регион ќе се менуваат амбасадорите во шест држави, вклучувајќи ги Филипините и Виетнам. Промени се најавени и во делови од Блискиот Исток, Јужна Азија и Латинска Америка.Иако е вообичаено нова администрација да ги заменува политички именуваните амбасадори, аналитичарите посочуваат дека ваков опфат, кој задира и во кариерни дипломати, е поретко виден и се смета за значаен пресврт во американската дипломатска пракса.

Македонија | пред 2 месеци

media-library46r8nellpetv7A8rAkI

Хороскоп за понеделник за сите хороскопски знаци

Еве што им подготвуваат ѕвездите на хороскопските знаци за понеделник, 22 декември 2025 година.ОвенРабота: Овој понеделник носи потреба од брза приспособливост. Плановите може да се менуваат во од, а твојата реакција ќе биде поважна од самото решение. Избегнувај расправии што ти ја трошат енергијата.Љубов: Емоциите се интензивни, но нетрпеливоста може да создаде непотребна напнатост. Дај ѝ простор на другата страна да се изрази.Здравје: Зголемена нервоза, особено во утринските часови. Движењето ќе ти помогне да се стабилизираш.БикРабота: Стабилен, но напорен почеток на неделата. Од тебе се очекува сигурност, но некој може да ги тестира твоите граници.Љубов: Бараш сигурност и потврда, но не мери сè преку конкретни гестови – емоциите не се секогаш видливи.Здравје: Чувствителност на замор и намалена концентрација, особено ако си го прескокнал одморот.БлизнациРабота: Понеделникот е исполнет со информации, пораки и разговори. Клучно е да не ветиш повеќе отколку што можеш да исполниш.Љубов: Флертот и комуникацијата ти одат лесно, но длабочината на односот зависи од искреноста.Здравје: Ментален замор – потребна ти е кратка пауза во текот на денот.РакРабота: Интуицијата денес ти помага повеќе од логиката. Внимавај на атмосферата меѓу колегите – нешто не се кажува отворено.Љубов: Нагласена е емотивната потреба за блискост. Не претпоставувај – прашај.Здравје: Променливо расположение може да се одрази на енергијата и апетитот.ЛавРабота: Имаш желба да ја преземеш контролата, но денес ќе добиеш повеќе ако препуштиш дел од одговорноста.Љубов: Привлекуваш внимание, но прашањето е дали бараш потврда или вистинска поврзаност.Здравје: Добра енергија, но внимавај на исцрпеност во вечерните часови.ДевицаРабота: Фокусирана си и ефикасна, но лесно те исфрлаат од рамнотежа ситните грешки на другите. Не мораш сè да исправиш.Љубов: Повеќе ги анализираш чувствата отколку што ги живееш – понекогаш е во ред да не го знаеш одговорот.Здравје: Напнатоста може да се манифестира преку главоболка или проблеми со сонот.ВагаРабота: Понеделникот бара одлучност, што не ти е најлесно. Одложувањето на одлука може да создаде дополнителен притисок.Љубов: Сакаш мир, но рамнотежата доаѓа дури по искрен разговор.Здравје: Недостаток на енергија – на телото му треба повеќе движење и свеж воздух.ШкорпијаРабота: Интензивен ден со можни скриени информации. Држи ги очите отворени и не ги откривај сите карти.Љубов: Емоциите се длабоки и силни, но лесно можат да преминат во љубомора или сомнеж.Здравје: Психички притисок – важно е да најдеш начин за ослободување од стресот.СтрелецРабота: Рутината те гуши, но денес мораш да го довршиш она што си го започнал. Наградата доаѓа подоцна.Љубов: Потребата за слобода е посилна од вообичаено, но некој бара појасни сигнали.Здравје: Вишок немир – физичката активност ќе ти помогне да се приземјиш.ЈарецРабота: Амбициозен почеток на неделата, но преголемите очекувања можат да создадат притисок. Работи чекор по чекор.Љубов: Емоциите се присутни, но ги покажуваш воздржано. Некој би сакал повеќе топлина.Здравје: Замор и напнатост во грбот или зглобовите.ВодолијаРабота: Неочекуваните промени бараат брза адаптација. Оригинална идеја може да те издвои од другите.Љубов: Емоционалната дистанца може да ја збуни другата страна – објасни што ти се случува.Здравје: Ментален замор – потребни ти се мир и тишина.РибиРабота: Креативноста е силна, но лесно можеш да се изгубиш во деталите. Потребна ти е структура.Љубов: Емпатијата е засилена, но внимавај да не ги преземеш туѓите проблеми како свои.Здравје: Осетлив нервен систем – избегнувај премногу дразби.

Магазин | пред 2 месеци

media-library7114t6m955a24WpeM72

АП: Русија наводно развива ново оружје за уништување на сателитите на „Старлинк“

Разузнавачките служби на две земји членки на НАТО се сомневаат дека Русија развива ново противсателитско оружје, чија цел би била „Старлинк“ на Илон Маск со деструктивни облаци од шрапнели во орбитата, со намера да се ограничи западната надмоќ во вселената, која ѝ помогна на Украина на бојното поле, пишува „Асошиејтед прес“.Според разузнавачки информации до кои имал увид „Асошиејтед прес“, таканареченото оружје со „зонски ефект“ би настојувало да ги преплави орбитите на „Старлинк“ со стотици илјади топчиња со висока густина, што потенцијално би оневозможило повеќе сателити одеднаш, но истовремено би носело ризик од катастрофална колатерална штета за други орбитални системи.Аналитичари кои не ги виделе извештаите изразуваат сомнеж дека такво оружје би можело да функционира без да предизвика неконтролиран хаос во вселената за компании и држави, вклучително и Русија и нејзината сојузничка Кина, кои се потпираат на илјадници сателити во орбитата за комуникации, одбрана и други витални потреби.Ваквите последици, вклучувајќи ги и ризиците за сопствените вселенски системи, би можеле да ја одвратат Москва од распоредување или користење на вакво оружје.Сомнежи на експертите„Не верувам во тоа. Навистина не верувам“, изјави Викторија Самсон, експертка за вселенска безбедност од фондацијата „Секјур Ворлд“. „Искрено, би била многу изненадена ако направат нешто такво.“Сепак, командантот на вселенскиот оддел на канадската војска, бригадниот генерал Кристофер Хорнер, изјави дека ваквиот руски развој не може целосно да се исклучи, имајќи ги предвид претходните американски обвинувања дека Русија развива и недискриминирачко нуклеарно оружје базирано во вселената.„Не можам да кажам дека сум запознаен со таков систем. Но не е неверојатно“, рече тој. „Ако извештаите за нуклеарен систем се точни и ако се подготвени да го развиваат и да одат толку далеку, тогаш не би ме шокирало нешто малку помалку од тоа, но подеднакво штетно, да биде во рамките на нивните развојни можности.“Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не одговори на барањата за коментар. Русија претходно повикуваше на напори во рамките на Обединетите нации за запирање на распоредувањето оружје во орбитата, а претседателот Владимир Путин изјави дека Москва нема намера да поставува нуклеарно оружје во вселената.„Старлинк“ како клучна заканаСпоред разузнавачките податоци, Русија го смета „Старлинк“ за особено сериозна закана. Илјадници сателити во ниска орбита беа клучни за опстанокот на Украина во услови на руската инвазија, која сега е во својата четврта година.Украинските сили ја користат брзата интернет-услуга на „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, насочување на оружје и други намени, а исто така и цивили и владини функционери во области каде што руските напади ги нарушиле комуникациите. Руски претставници повеќепати предупредуваа дека комерцијалните сателити кои ѝ служат на украинската војска би можеле да бидат легитимни цели.За разлика од ракетата што Русија ја тестираше во 2021 година за уништување на еден стар сателит од времето на Студената војна, новото оружје во развој, според разузнавачките извештаи, би целело повеќе „Старлинк“ сателити истовремено.Хорнер изјави дека е тешко да се замисли како облаците од топчиња би можеле да се ограничат само на „Старлинк“ и дека остатоците од таков напад би можеле „многу брзо да излезат од контрола“.Оружје на стравВо извештаите не се наведува кога Русија би можела да биде способна да распореди ваков систем, ниту се даваат детали дали тој е тестиран или колку е напреднато истражувањето.Сепак, се наведува дека топчињата би биле толку мали – само неколку милиметри во дијаметар – што би можеле да избегнат откривање од копнените и вселенските системи за следење, што би ѝ ја отежнало на Москва идентификацијата на одговорноста за евентуален напад.Клејтон Своуп, експерт за вселенска безбедност од Центарот за стратешки и меѓународни студии, изјави дека „луѓето би се снаоѓале“, дури и ако топчињата не можат да се следат. „Ако сателитите почнат да откажуваат со оштетувања, претпоставувам дека би можеле да ги поврзете работите“, рече тој.Вселенскиот хаос што ваквото оружје би можело да го предизвика, според него, би ѝ овозможил на Москва да им се заканува на противниците без реално да го употреби. „Дефинитивно изгледа како оружје на страв, во потрага по некакво одвраќање“, изјави Своуп.Орбитите на „Старлинк“ се наоѓаат на околу 550 километри над Земјата. Кинеската вселенска станица „Тјангонг“ и Меѓународната вселенска станица функционираат на пониски орбити, „така што и двете би биле изложени на ризици“, додаде тој.Викторија Самсон смета дека недостатоците на недискриминирачкото оружје со топчиња би можеле да ја одвратат Русија од ваков чекор. „Тие вложиле огромно количество време, пари и човечки ресурси за да бидат вселенска сила“, рече таа. Користењето на такво оружје „ефективно би им го затворило и нивниот сопствен пристап до вселената“, заклучи Самсон. „Не знам дали се подготвени да се откажат од толку многу.“

Свет | пред 2 месеци

media-librarymks5irmi1p0ecPi4DeP

Јон Фрчкоски во фокусот на нападите: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „новото“ раководство на СДСМ е блиско до Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на составот на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека најавените промени во партијата се, како што наведуваат, само формални и дека зад нив стојат луѓе блиски до поранешниот партиски лидер Зоран Заев.Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ посебно го посочува изборот на Јон Фрчкоски за член на Извршниот одбор, наведувајќи дека неговото присуство во партиското раководство е доказ дека, според нив, СДСМ не се дистанцира од контроверзни кадри.Од партијата наведуваат дека Фрчкоски и претходно бил предмет на јавни контроверзии, по објавени фотографии и тврдења за негово однесување додека бил на функција директор на Центарот за аналитика на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за овие наводи немало јасна реакција или оградување од страна на актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче.Како аргумент, од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат и на изјава на самиот Фрчкоски од минатата недела, во која тој навел дека неговата оставка никогаш не била разгледана од партиските органи.Во реакцијата се поставуваат и прашања за одговорноста и критериумите во СДСМ, со оценка дека дел од кадрите кои се претставуваат како „нови“ се, според нив, одамна компромитирани во јавноста.

Македонија | пред 2 месеци

aerodrom

Хаос на европските аеродроми по стартот на EES: Чекања до 3 часа и предупредување за уште поголеми застои од јануари

Хаотични сцени, долги редици и повеќечасовни чекања стануваат сè почеста појава на европските аеродроми по стартот на Шенген системот за влез и излез (EES), кој почна да се применува од 12 октомври 2025 година. Во услови на зголемен сообраќај, патниците на одделни аеродроми чекаат и до три часа за да ги завршат граничните процедури.Аеродромските оператори предупредуваат дека состојбата може дополнително да се влоши доколку системот не се стабилизира до почетокот на јануари. Причина за загриженост е планираното зголемување на прагот за регистрација и обработка на патници од трети земји од сегашните 10 проценти на 35 проценти, што според календарот за имплементација треба да стапи во сила од 9 јануари.ACI EUROPE, европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми, јавно ги повика Европска комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите членки на Шенген итно да реагираат на растечките оперативни проблеми или да обезбедат поголема флексибилност во примената на EES сè додека системот целосно не биде функционален на сите аеродроми.Од ACI EUROPE посочуваат дека постепеното воведување на регистрацијата и снимањето биометриски податоци за државјани на трети земји значително го зголемило времето на обработка на граничните контроли – во некои случаи и до 70 проценти. Во шпицовите на сообраќајот, тоа резултира со чекања кои достигнуваат и до три часа.„Ова сериозно влијае на искуството на патниците – особено засегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија“, наведуваат од ACI.И по два месеца од стартот на системот, според аеродромските оператори, сè уште се регистрираат технички проблеми – од прекини и недоволна стабилност на системот, до недостапност на портите за автоматска гранична контрола (ABC) за обработка на EES на голем број аеродроми. Дополнителен предизвик е и недостигот од доволен број киосци за земање биометриски податоци, како и недоволен број полициски службеници.„Значителна непријатност веќе им се нанесува на патниците, а операциите на аеродромите се засегнати со моменталниот праг за регистрација на државјани од трети земји поставен на само 10%. Освен ако сите оперативни прашања што ги покренуваме денес не се решат целосно во наредните недели, зголемувањето на овој праг за регистрација на 35% од 9 јануари – како што бара календарот за имплементација на EES – неизбежно ќе резултира со многу посериозни застои и системски нарушувања за аеродромите и авиокомпаниите. Ова веројатно ќе вклучува сериозни безбедносни опасности“, изјави Оливие Јанковец, генерален директор на ACI EUROPE.ACI EUROPE е европскиот регион на Меѓународниот совет на аеродроми и ги претставува интересите на повеќе од 600 аеродроми во 55 земји, кои заедно опслужуваат над 95 проценти од комерцијалниот воздушен сообраќај во Европа.

Свет | пред 2 месеци

media-librarymnieuqie5808d1PcXfV

(Видео) Рускиот генерал Сарваров разнесен во Москва: Експлозивот бил под неговиот автомобил, властите разгледуваат украинска трага

Во утринските часови во Москва загинал висок офицер на руските вооружени сили, откако експлозивна направа била детонирана под неговиот автомобил, соопштија надлежните институции.Како што информира Руски истражен комитет, во експлозијата животот го загубил генерал-потполковникот Фанил Сарваров. Според официјалните информации, уредот бил поставен под возилото на офицерот и активиран во момент кога тој се наоѓал во близина.Сарваров ја извршувал функцијата началник на одделот за оперативна обука во рамките на руските вооружени сили, наведуваат властите.Истрагата е во тек, а меѓу верзиите што ги разгледуваат надлежните органи е и можна вмешаност на украинските разузнавачки служби. Од украинска страна засега нема официјален коментар за настанот.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања