Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

ipard-1140x401-1

ЕУ ја блокирала ИПАРД 3, програмата вредна 130 милиони евра – СДСМ обвинува за корупција во врвот на власта

Европската Унија ја суспендирала исплатата на средства од ИПАРД 3 програмата, а од опозицискиот СДСМ тврдат дека причината за ваквата одлука е корупција и злоупотреба на европски пари од страна на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Според соопштението на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Европската комисија ја донела одлуката за суспензија на програмата поради сомнежи за неправилности во работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од партијата посочуваат дека директорот на Агенцијата, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бил уапсен поради сомнежи за злоупотреба на средства.Од СДСМ обвинуваат дека власта повеќе од десет дена не ја информира јавноста за одлуката на Европска комисија, додавајќи дека, според нив, станува збор за сериозен удар врз земјоделството и агробизнис секторот. Тие предупредуваат дека земјоделците и компаниите кои планирале или веќе започнале инвестиции преку ИПАРД 3 може да останат без финансиска поддршка.Опозициската партија наведува дека програмата, вредна околу 130 милиони евра, не треба да се гледа како изолиран случај, туку како дел од, како што велат, поширок модел на коруптивно однесување. Во соопштението се споменуваат и јавни набавки и тендери за кои, според СДСМ, постојат сомнежи за фаворизирање на одредени фирми.СДСМ исто така ги отфрла претходните обвинувања насочени кон поранешни функционери и тврди дека тие служеле за дефокусирање од актуелните случувања поврзани со ИПАРД програмата.Од партијата бараат брза, темелна и транспарентна истрага и одговорност од сите инволвирани во случајот, нагласувајќи дека јавноста мора да добие целосна слика за причините поради кои е доведена во прашање европската финансиска поддршка за земјоделството.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfg6eu3eg7svp1Sj0Tbj

Американски државјанин со нигериско потекло криел цел арсенал пиштоли, куршуми и ножеви, фантомка, сајли за врзување...ОЈО бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Воедно, против него е поведена постапка за дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383. На 21 декември во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Градскиот парк, осомничениот нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира.Со удари со тупаници му нанел телесна повреда на полицаецот, а потоа бил совладан и кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол “Глок” со калибар 9мм Para, како и две рамки со 30 куршуми за тој пиштол. Откако беше утврдено дека странскиот државјанин престојува во хостел во Скопје, јавниот обвинител обезбеди наредба за претрес и во собата во која престојувал осомничениот исто така било пронајдено поголемо количество оружје и муниција – уште еден пиштол “Глок”, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми во зипер ќеси, комплет за чистење оружје, три ножа, како и други предмети – фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце, сајли за врзување, усб и хартиени документи, за кои е издадена наредба за вештачење.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои реална опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и сведоците и да ги прикрива доказите, како и опасност да изврши друго кривично дело

Скопје | пред 2 месеци

51527416724_29ef17fba6_c

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за милионските злоупотреби во Лотарија под покровителство на Груби: „СДСМ ги толерирала злоупотребите“

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека Државна лотарија во периодот кога со институцијата раководел Перпарим Бајрами, а под политичко покровителство на Артан Груби, функционирала како „приватна фирма“, при што, според партијата, биле направени финансиски злоупотреби вредни речиси 1 милион евра.Опозициската партија тврди дека СДСМ ги толерирала овие злоупотреби со цел да се зачува владејачката коалиција и да се остане на власт, повикувајќи се на наоди содржани во извештај на Државниот завод за ревизија.Според соопштението, Државна лотарија директно исплаќала аванси за мали добивки на деловни соработници, односно на 320 правни лица, во износ од околу 14 милиони денари, без да се користи пропишаниот „Мастер дилер“.Од таа сума, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, за околу 13 милиони денари, односно нешто повеќе од 210.000 евра, документацијата била неуредна, невалидна или воопшто недостасувала.Партијата посочува и на спорна и неверодостојна документација во делот на готовинските одливи во износ од 36,5 милиони денари, што е околу 600.000 евра, како и кај приливите од близу 8 милиони денари, односно околу 130.000 евра.Во соопштението се наведува и дека во периодот кога, според нив, се случувале овие злоупотреби, во Државна лотарија немало внатрешен ревизор.Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали СДСМ свесно замижала пред, како што велат, криминал тежок речиси 1 милион евра, како и колку пари завршиле во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами.Партијата бара Јавното обвинителство да отвори постапка и да истражи каде завршиле средствата, наведувајќи дека молкот на СДСМ отвора сомнеж за можна соучесничка улога со цел да се одржи коалицискиот мир.Во соопштението се додава дека поради предмети кои, според ВМРО-ДПМНЕ, се чуваат во фиока и се заташкуваат од страна на обвинителството, неопходни се реформи во правосудниот систем, со цел законите да важат подеднакво за сите.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarya51htd7auulb4uUxsp7

Апсења во Сиднеј по масакрот во Бонди: полицијата спречила можен нов напад

Австралиската полиција уапси седум лица во југозападниот дел на Сиднеј, откако разузнавачките служби процениле дека постои сериозен ризик од можен насилен инцидент по смртоносниот напад на плажата Бонди, во кој беа убиени 15 луѓе.Според полицијата на Нов Јужен Велс, уапсените мажи имаат идеолошки ставови што делумно се совпаѓаат со оние на напаѓачите во Бонди, но засега не постои директна врска меѓу нив. Сите седуммина им биле познати на безбедносните служби и биле приведени во предградието Ливерпул, откако со две возила пристигнале од соседната држава Викторија.Акцијата се одвивала во фреквентна урбана зона, а видеоснимки објавени на социјалните мрежи покажуваат полицајци во целосна тактичка опрема како ги приведуваат осомничените.Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, изјави дека, иако не постоеле конкретни докази за планиран напад, ризикот бил доволно сериозен за итна интервенција.„Потенцијалот за извршување насилно дело беше таков што не можевме да си дозволиме да го игнорираме ризикот“, изјави Ланион, додавајќи дека Бонди била една од повеќето локации каде што осомничените можеле да се појават, без да е јасна нивната намера.Тој посочи дека, врз основа на досега разгледаните докази, во овој момент не постојат правни основи за нивно понатамошно задржување, но истрагата продолжува.Полицијата потврди дека како можен идеолошки мотив се разгледува и исламистички екстремизам, но нагласи дека не е утврдена директна организациска или оперативна поврзаност меѓу уапсените и напаѓачите од неделата.Претходно, заменик-комесарот Дејвид Хадсон изјави дека безбедносните служби забележале „одредени сличности во начинот на размислување“ меѓу двете групи, што било доволно за зголемено ниво на аларм.Во неделата, татко и син отворија оган врз граѓани кои го одбележуваа еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди. Во нападот загинаа 15 лица, а десетици беа ранети, при што мнозинството жртви беа Евреи. Еден од напаѓачите беше убиен на лице место, додека другиот беше ранет, уапсен и подоцна обвинет за 15 убиства и 40 обиди за убиство.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Германските медиуми предупредуваат: Брисел ја губи Србија од вид

Одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ да не присуствува на самитот на Европската унија оваа година, според германските медиуми, е силен политички сигнал за продлабоченото недоверие меѓу Белград и Брисел, но и за погрешните проценки на европските институции кон Западен Балкан.Германскиот весник „Берлинер цајтунг“ оценува дека Вучиќ со оваа одлука јасно ставил до знаење дека не е подготвен да учествува во процеси што, според него, не ги земаат предвид клучните интереси на Србија. Наместо да се отвори простор за дијалог, Брисел, како што се наведува, продолжува да ја игнорира реалната геополитичка слика на регионот.Според анализата, стабилизацијата на Западен Балкан е невозможна без активно вклучување на Србија, а уште помалку преку политики што се доживуваат како притисок или изолирање на Белград. Весникот наведува дека економската интеграција и политичката стабилност во регионот не можат да се постигнат без конструктивно учество на Србија, која се смета за највлијателната земја на Балканот.Во текстот се укажува дека Европската унија сè почесто делува спротивно на сопствените декларативни цели. Наместо да гради доверба и стабилност, Брисел создава празнини во својата политика, кои, како што се наведува, намерно ги користат други глобални актери, пред сè Кина, за да го зголемат своето влијание во регионот.„Берлинер цајтунг“ заклучува дека отсуството на политичка визија и недостигот од самокритика во Брисел претставуваат сериозен ризик. Ако Европската унија продолжи да ги потценува сигналите што доаѓаат од Балканот, може да се соочи со постепено губење на сопствениот авторитет и улога во регионот што со децении го смета за стратешки приоритет.

Свет | пред 2 месеци

1681455724_1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија, но има и лоша вест

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија на самитот на Европската унија спречила, како што тврди, „директно вовлекување на Европа во војна со Русија“ и одбила да учествува во финансирањето на Украина преку нов европски заем.Во објава на социјалната мрежа Икс, Орбан наведе дека преговорите во Брисел траеле цела ноќ и дека Унгарија, заедно со своите сојузници, успеала да блокира дел од предлогот што се однесувал на користење на замрзнатите руски средства.„Зад нас е долга и тешка ноќ. Успеавме да го избегнеме непосредниот ризик од војна. Не дозволивме Европа да ѝ објави војна на Русија со користење на руските средства“, напиша Орбан.Орбан: Спречивме финансиски товар за УнгаријаУнгарскиот премиер тврди дека таквиот план би ја изложил Унгарија на огромен финансиски товар. „Тој план ќе ја вовлечеше Европа во војна и ќе ѝ наметнеше на Унгарија финансиски товар од илјада милијарди форинти. Успеавме да ги заштитиме унгарските семејства“, порача Орбан.Во исто време, тој потврди дека останатите земји членки на Европската унија донеле одлука за одобрување финансиска помош за Украина во форма на заем за следните две години.„Дваесет и четири земји членки одлучија да ѝ одобрат воен заем на Украина за наредните две години. Доколку Украина не биде во можност да го врати заемот, европските земји ќе мора самите да ја покријат отплатата“, наведе Орбан.Ги повика на соработка Чешка и СловачкаОрбан посебно нагласи дека Унгарија, Словачка и Чешка не го поддржале овој модел на финансирање, истакнувајќи дека соработката во рамките на Вишеградската група повторно е активна.„За среќа, соработката во рамките на В3 повторно е жива. Унгарија, Словачка и Чешка одлучија да не се качат на тој воз. Со тоа ги поштедивме нашите деца и внуци од товарот на овој огромен заем од 90 милијарди евра“, напиша Орбан.Тој додаде дека унгарскиот удел во тој заем би изнесувал повеќе од 400 милијарди форинти.„Унгарија останува глас на мирот“И покрај постигнатиот договор меѓу останатите земји членки, Орбан тврди дека во Брисел продолжуваат, како што вели, подготовките за војна.„Лошата вест е што воените подготовки во Брисел очигледно продолжуваат. Унгарија останува глас на мирот во Европа и нема да дозволи парите на унгарските даночни обврзници да се користат за финансирање на Украина“, порача тој.Тој заклучи дека, според него, само „влада на патриоти“ може да гарантира мир и да го спречи испраќањето унгарски пари во Украина.„Ако во Унгарија постоеше влада по диктат на Брисел, таа ќе ја турнеше земјата во војна и ќе го потрошеше секое евро за поддршка на Украина. Тоа не можеме и нема да го дозволиме“, заклучи Орбан.

Свет | пред 2 месеци

media-library1b69k04qlg546TOjRVB

АХВ направи контроли на детските новогодишни пакетчиња: Утврдени се минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи.Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и заради некомплетни декларации, инспекциските служби на АХВ издадоа 4 решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на двајца оператори со храна, издадени им се решенија со наредби за ставање на збирни декларации на пакетчињата.Со спроведените 262 инспекциски контроли на безбеднсота на новогодишните пакетчиња, нема оператори со храна кои се парично казнети, ниту е поништена небезнедна храна.Во споредба со лани спроведените контроли на безбедноста на оваа категорија производи, кога беше утврдено несоодветно означување на пакетчиња, немање декларации и наведен рок на употреба на збирно пакување, најдени беа и пакетчиња кои содржат производи со поминат рок на употреба и со краток рок на трајност на призводите како и производи со променети органолептички својства, годинава, кај операторите, утврдени се само минимални недоследности.И покрај тоа, АХВ и во нардниов период, особено пред и по новогодишните празници, ќе продолжи со спроведување на контроли за следење на безбедноста на оваа категорија производи.

Македонија | пред 2 месеци

EU-1

Нема да ги „допрат“ руските замрзнати пари: ЕУ обезбеди кредит за Украина од 90 милијарди евра

Европската унија донесе политички чувствителна, но стратешки клучна одлука – наместо да ги користи замрзнатите руски средства, Брисел ќе се задолжи за да обезбеди финансиска поддршка за Украина во следните две години. Со тоа, лидерите на ЕУ го заобиколија ризикот од внатрешни поделби и правни последици, а истовремено испратија порака за единство и решителност.По неколкучасовни разговори во Брисел, претседателот на самитот на ЕУ, Антонио Коста, соопшти дека е постигнат договор за обезбедување значителна финансиска инјекција за Киев.„Денес одобривме одлука за обезбедување 90 милијарди евра за Украина. Итно ќе обезбедиме заем поддржан од буџетот на Европската унија“, изјави Коста на прес-конференција.Иако идејата за финансирање преку замрзнатите руски средства формално не е напуштена, лидерите ѝ дадоа на Европската комисија само мандат да продолжи да работи на т.н. заем за репарација, признавајќи дека во овој момент тој модел е нефункционален. Клучната пречка е Белгија, каде што се чуваат околу 185 милијарди евра од вкупно 210 милијарди евра руски средства замрзнати во ЕУ, поради страв од финансиски и правни последици и можна руска одмазда.„Имаше толку многу прашања за заемот за репарација, што моравме да преминеме на План Б. Рационалноста преовлада“, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер.„ЕУ избегна хаос и поделби и остана обединета“, додаде тој.Одлуката за задолжување првично изгледаше речиси невозможна, бидејќи бара едногласност од сите земји членки, а унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено се спротивставуваше на секој механизам што би можел директно или индиректно да се потпира на руските средства. Сепак, компромис беше постигнат: Унгарија, Словачка и Чешка се согласија да не ја блокираат шемата, под услов таа да нема финансиско влијание врз нив.Еден дипломат од ЕУ оцени дека со ова Орбан практично извојувал дипломатска победа.„Орбан го доби она што го сакаше: нема заем за репарација. И акција на ЕУ без учество на Унгарија, Чешка и Словачка“, рече дипломатот.И покрај тоа, лидерите јасно ставија до знаење дека руските средства ќе останат замрзнати сè додека Москва не плати воена отштета за штетите нанесени на Украина. Во такво сценарио, тие пари би можеле да се искористат за враќање на заемот што сега го обезбедува ЕУ.„Ова е добра вест за Украина и лоша вест за Русија и тоа беше нашата намера“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.Влогот за донесување одлука беше исклучително висок. Според проценките на европските претставници, без нова финансиска поддршка од Брисел, Украина би останала без средства веќе во вториот квартал од следната година – сценарио што, според стравувањата во ЕУ, би можело да доведе до пораз на Киев и дополнително да ја зголеми безбедносната закана од Русија за целиот блок.„Едноставно не можеме да си дозволиме неуспех“, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.На самитот учествуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој повторно апелираше замрзнатите руски средства целосно да се стават во функција на одбраната на неговата земја.„Одлуката што сега е на маса – одлуката целосно да се користат руските средства за одбрана од руска агресија – е една од најјасните и морално оправданите одлуки што некогаш би можеле да се донесат“, изјави Зеленски.Одлуката за задолжување доаѓа и во поширок политички контекст, откако американскиот претседател Доналд Трамп неодамна јавно ги критикуваше европските земји како „слаби“, што дополнително ја зајакна потребата ЕУ да покаже политичка тежина, единство и способност самостојно да дејствува.

Свет | пред 2 месеци

bitola-1

Во незаклучена куќа во Битола украл 2.500 денари и со скалпел го заплашил сопственикот: ОЈО Битола поведе постапка

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик против едно лице на возраст од 36 години.На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 2 месеци

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на бензините кои ќе важат од вечерва по полноќ.Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 2 денари, и од утре ќе изнесува 71 денар по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ исто така се намалува за 2 денари, и од утре ќе изнесува 73 денари по литар.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета, односно 66,5 денари по литар.Иста останува и цената на екстралесното масло за домаќинство, 65,5 денари по литар, додека мазутот исто ќе се продава по стара цена, односно 32,6 денари за килограм.

Македонија | пред 2 месеци

krazba

Битолчанец украл пари и со остар предмет го нападнал сопственикот на станот

Маж од Битола е приведен по напад и обид за бегство при кражба во семеен дом. Судија му одреди 30-дневен притвор.На 17.12.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.Ќ.(36) од Битола, постапувајќи по претходна пријава, дека на 15.12.2025 во семејниот дом на 34- годишен маж од Битола одзел пари. При обид да избега, бил затекнат од сопственикот, кого физички го нападнал и употребил остар предмет. Од судија на претходна постапка на Е.Ќ. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на мерката.

Македонија | пред 2 месеци

nasilstvo-vrz-deca

Скопјанка брутално го нападнала сопственото дете кое има здравствени проблеми

Рано утрово, мајка го истепала сопствениот малолетен син, случајот го пријавил таткото.На 18.12.2025 во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско, пријави дека на 17.12.2025 околу 23:30 часот во семејниот дом, неговата 42-годишна сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син, кој е со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Скопје | пред 2 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Две тешки сообраќајќи: Жена прегазена во Скопје, форд излетал од патот кај Градско

МВР вчера регистрираше две тешки сообраќајни несреќи, при што со сериозни повреди се здобиле пешак удрен од „порше“ во Скопје и возач кој управуваќи со „форд“, излетал од патот кај Градско.На 17.12.2025 околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.На 17.12.2025 околу 07:45 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат од Градско кон Неготино, во близина на мостот на Црна Река, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Б.(44) од Градско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 2 месеци

Fabric

ДЗР алармира: Диско клубови, кабареа, локали добиваат лиценци и без проверки за безбедност – големи пропусти во Министерството за економија

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни слабости во начинот на кој Министерството за економија ги издава лиценците и решенијата за категоризација на угостителските објекти, предупредувајќи дека законската рамка дозволува дискотеките, кабареата и другите локали да почнат со работа и без задолжителни проверки за противпожарни, технички, санитарни и еколошки стандарди.Според ревизијата, ниту една фаза од постапката – од издавање на првично решение до обновување на документацијата – не предвидува соодветен механизам за проверка дали објектите ги исполнуваат минималните услови. Дополнителен ризик претставува и тоа што не постои централен регистар на издадени лиценци, што го отежнува надзорот и создава простор за работа без важечки документи.Во анализираниот период, Министерството за економија во 2024 година издало две лиценци за дискоклуб, четири за дискоклуб на отворен простор, 16 за кабаре, како и повеќе од 70 решенија за категоризација на ресторани и сместувачки објекти. Во 2025 година, дел од лиценците биле одземени: две за дискоклуб, една за дискоклуб на отворено и осум за кабаре.ДЗР упатува и сериозни забелешки на финансиското работење на Министерството, посочувајќи дека околу два милиони евра не завршиле во државната каса поради несоодветно постапување на Прекршочната комисија формирана во 2019 година, која дозволила предметите да застарат.Според ревизорите, ваквите пропусти укажуваат на системска слабост која може да влијае врз безбедноста на граѓаните и на функционалноста на институционалниот надзор, особено кога станува збор за локали со зголемен ризик и голема фреквенција на посетители.

Македонија | пред 2 месеци

244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Советот за в.д обвинител ќе одлучува в понеделник, денешниот избор е одложен

Советот на јавни обвинители денеска не донесе одлука за назначување вршител на должноста државен јавен обвинител и расправата ја презакажа за понеделник. Ова следи по неотповикливата оставка на Љупчо Коцевски, поднесена пред два дена.Според член 25, став 3 од Законот за јавното обвинителство, времениот државен јавен обвинител мора да биде избран од редот на обвинителите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Лицето што ќе биде определено ќе ја води институцијата додека Собранието не избере нов носител на функцијата, но најдолго шест месеци.Законот јасно утврдува дека кога обвинителот престанал да ја извршува функцијата – било поради истек на мандат, оставка или разрешување – Советот со мнозинство гласови назначува обвинител кој привремено ќе ја извршува должноста.Во највисокото јавнообвинителско тело моментално членуваат десет обвинители: Анита Тополова-Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски. Некој од нив, согласно законските одредби, ќе ја преземе функцијата до избор на нов државен јавен обвинител.Постапката во Собранието сè уште не е започната. За да се отвори процесот, потребно е да се распише оглас за кандидати кои ги исполнуваат условите за раководење со обвинителството задолжено за гонење кривични дела.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynh16q4tlbrs9aP9nHNB

„Удривме во осино гнездо“ – Филипче тврди дека СДСМ е мета на координирана операција за дестабилизација

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на Фејсбук обвини дека партијата станала цел на, како што оцени, координирана операција за внатрешно дестабилизирање и замолчување на критичкиот глас. Тој тврди дека власта шири лажни вести и врши притисок, а последниот случај со партиски член го нарече обид да се внесе немир во редовите на СДСМ. Филипче порача дека, и покрај притисоците, партијата ќе продолжи со своите политики и повика на обединување.Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала. Денес можеме да кажеме и дека таа е веќе потпишана. Само уште изборите нè делат од реализацијата на ова сценарио, на овој план. Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор.Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства. Тоа јасно се гледа и по бројот на лажни вести и измислени случаи и наводни афери кои секојдневно ги пласираат во медиумите, со цел да го тргнат вниманието од суштината.Вчера се обидоа и преку еден наш член да ѝ нанесат штета на партијата. Не мене лично, тоа не го доживувам лично, туку на целата партија, на сите нејзини членови.А вие видовте и каква машинерија беше подготвена – за помалку од половина час сите медиуми блиски до власта синхронизирано објавија на своите канали.Јавно да се изнесуваат вакви работи во момент кога ДПМНЕ нè напаѓа од сите страни со цел да го замолчи нашиот глас на вистината, не е случајно. Тие пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови.Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме.До него е да одлучи која страна ќе ја избере.По овој пат сакам да им порачам на сите нив: ние сме на патот на правдата. Никој нема да нè запре. Ќе ја одбранимеМакедонија и ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Никој нема да нè запре, а најмалку вакви обиди.Кој сака – нека се приклучи! Кој не може или не сака – нека остане настрана! Правдата ќе победи.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Измамена старица: „За 8.000 евра можам да ја спасам ќерќа ти од затвор која прегази дете на пешачки“

Во Струга е расчистен сериозен случај на измама во кој цел била 77-годишна жена од струшко село. Полицијата уапси 40-годишен маж од охридското село Горно Лакочереј – Н.С., осомничен дека преку телефонско лажно претставување и заплашување дошол до 8.000 евра.Акцијата за приведување била спроведена вчера (17.12.2025) во 11:40 часот од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, во координација со криминалистичката полиција – Сектор за општ и насилен криминал.Според пријавата, измамата се случила на 11 декември, кога осомничениот ја повикал повозрасната жена и ѝ соопштил лажна, драматична вест: дека нејзината ќерка наводно прегазила дете на пешачки премин. Притоа тврдел дека може да ја „спаси“ од затвор, но само ако веднаш му предаде пари.Жената, преплашена и убедена дека ќерка ѝ навистина се соочува со кривична постапка, се согласила да се сретне со измамникот и му ги дала 8.000 евра. Осомничениот потоа заминал.По целосно документирање на случајот, против Н.С. е поднесена кривична пријава за кривично дело „измама“.

Македонија | пред 2 месеци

orban-zele

Планот на ЕУ за руските пари не носи мир – „Глупава идеја што ја турка Унијата кон војна“, вели Орбан

ЕУ влезе во најострата фаза на расправа за тоа што да се прави со замрзнатите руски средства, додека Унгарскиот премиер Виктор Орбан и администрацијата на Доналд Трамп дејствуваат како два различни, но моќни фактори на сопирачка во процесот.Од една страна, Орбан во Брисел јавно го отфрли планот за користење на руските пари за финансирање на Украина, нарекувајќи го „глупав“ и предупредувајќи дека Унијата со ваков потег се доближува до директно вклучување во војната. Од друга страна, висок украински функционер откри дека САД тивко вршат притисок врз европските земји да се воздржат од оваа идеја, бидејќи Вашингтон сака да го задржи замрзнатото руско богатство како предност во можни преговори со Москва.Европските лидери денеска се пред клучна одлука: дали замрзнатите средства на руската централна банка – околу 200 милијарди евра – да се искористат за заем тежок 90 милијарди евра во корист на Украина. Планот има силна поддршка меѓу повеќе членки, вклучувајќи ја Германија, но се соочува со отпор во Белгија, каде што се наоѓа „Еуроклеар“, институцијата која држи најголем дел од средствата и стравува од руска одмазда.Според извор од Киев, седум земји засега се против планот, а Зеленски е во Брисел за да се обиде да го сврти балансот во корист на неговата држава.Во меѓувреме, американски претставници сигнализираат дека замрзнатите средства би можеле да послужат како клучен аргумент во евентуален договор со Русија, а не како моментален извор на финансирање за Украина. Слични идеи содржеше и порано протечениот план на Трамп за завршување на војната, кој предвидуваше дел од руските средства да се искористат за американски проект за реконструкција по конфликтот.Европската комисија ги повикува лидерите на ЕУ да покажат единство во момент кога руската инвазија трае неколку години, а трошоците за обнова на Украина достигнуваат над 411 милијарди долари – со прогнози дека ќе надминат многу повеќе.Брисел денеска решава меѓу два спротивставени пристапи: моделот на Орбан, кој предупредува на ескалација и ризик од војна, и ставот на мнозинството европски држави, кои тврдат дека поддршката за Украина е суштински дел од европската безбедност. На целата слика влијае и Трамп, кој – уште пред да стапи на функцијата – веќе ја менува сметката околу тоа како треба да се користи руското замрзнато богатство.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ по договорот во ЕУ за депортации на мигранти во „трети безбедни земји“: Македонија меѓу потенцијалните дестинации?

СДСМ соопшти дека Европската унија постигнала политички договор за нови правила со кои барателите на азил и нелегалните мигранти би можеле да се пренасочуваат или депортираат во т.н. „трети безбедни земји“ надвор од ЕУ, повикувајќи се на информации објавени во европските медиуми. Според партијата, договорот бил постигнат меѓу претставници на земјите-членки и Европскиот парламент и претставува дел од реформата на европската миграциска политика.Во својата реакција, СДСМ поставува прашање кои држави ќе бидат дефинирани како „трети безбедни земји“, посочувајќи дека во таа категорија би можеле да се најдат земјите од Балканот, кандидатите за членство во ЕУ и други држави надвор од Унијата – меѓу кои, како што наведуваат, и Македонија.Партијата потсетува дека Албанија веќе прифати дел од мигрантите во рамки на договор со Италија, како и дека Косово, исто така, воспостави модел на прифаќање. Во соопштението се поставува дилема дали Македонија би можела да биде следната земја што би прифатила мигранти за финансиска надомест.СДСМ дополнително ја критикува актуелната власт, за која како што тврдат, се обидува да ја ограничи јавната дебата за миграциите, оставајќи, според партијата, граѓаните сами да проценат што би значело евентуалното вклучување на Македонија во новиот европски модел.

Македонија | пред 2 месеци

pticji-grip

Објавена е симулација за ширење на птичји грип меѓу луѓето: ваква би била почетната фаза на пандемија

Научниците со години предупредуваат дека птичјиот грип, познат како H5N1, е потенцијална закана што може да премине од птици на луѓе и да предизвика глобална здравствена криза. Токму таа загриженост ги мотивирала индиските истражувачи да изработат нов компјутерски модел кој симулира како би се развивала епидемија кај луѓето и кои почетни мерки би можеле да ја спречат.Вирусот веќе предизвика сериозни проблеми ширум светот – само во САД погодени се повеќе од 180 милиони птици, заразата се прошири на повеќе од 1000 фарми со крави за млеко, а се потврдени најмалку 70 случаи кај луѓе, најчесто земјоделски работници, пренесува Би-Би-Си.Реална закана од пандемијаНовата студија, објавена во списанието BMC Public Health, користи податоци од реалниот свет и компјутерски симулации за да прикаже како би можела да се одвива една епидемија. Професорот Гаутам Менон од Универзитетот Ашока, еден од авторите, за Би-Би-Си изјави: „Заканата од пандемија на H5N1 кај луѓето е реална, но можеме да се надеваме дека ќе ја спречиме со подобар надзор и побрз одговор на јавното здравство.“Според нивниот модел, пандемијата би започнала тивко: една заразена птица би го пренела вирусот на човек – најчесто земјоделец или лице кое работи со живина. Опасноста не е во првиот случај, туку во она што следува – одржлив пренос од човек на човек.Трка со времетоКлучното предупредување од истражувањето е колку е краток периодот за реакција пред епидемијата да излезе од контрола. Студијата проценува дека, кога бројот на случаи ќе надмине две до десет инфекции, болеста најверојатно ќе почне да се шири надвор од примарните и секундарните контакти.Моделот покажал дека епидемијата речиси сигурно може да се спречи ако домаќинствата на примарните контакти (луѓе кои биле во директен контакт со заразениот) се ставaт во карантин веднаш по откривањето само на два случаи. Но, ако се идентификуваат десет случаи, голема е веројатноста дека инфекцијата веќе се проширила во населението, што го прави понатамошниот тек тешко запирлив.За моделот да биде што пореален, истражувачите симулирале сценарио во едно село во округот Намакал во Индија, централно подрачје за живинарското производство во земјата. Во тој регион има повеќе од 1600 фарми и околу 70 милиони бројлери.Користејќи ја платформата BharatSim, тие создале синтетичка заедница од 9667 жители и следеле како вирусот се шири од една фарма до работниците, па потоа до нивните семејства, училиштата и други работни места.Кои мерки се ефективни?Истражувачите ги тестирале различните мерки: колење на живината, карантин и таргетирана вакцинација. Резултатите покажале јасна разлика. Колењето птици е ефективно, но само ако се спроведе пред вирусот да премине на човек. Откако ќе се појави првиот случај кај човек, клучно станува времето.Изолацијата и карантинот можат да го запрат ширењето, но симулациите покажале дилема: прерано воведен карантин го зголемува ризикот од пренос во самото домаќинство, додека предоцна воведен има минимален ефект. Таргетираната вакцинација може да помогне, но не го намалува значително непосредниот ризик кај домаќинствата.Покомплексна реалностАвторите признаваат дека моделот има ограничувања. Тој не ги зема предвид промените во однесувањето на луѓето, како носење маски, ниту можноста за повеќе жаришта што можат да ги предизвикаат птиците преселници. Вирусологот Сима Лакдавала од Универзитетот Емери додава дека моделот „претпоставува многу ефикасен пренос на вирусот на грип“, што не мора да биде случај секогаш.Таа укажува дека преносот е сложен и дека не секој сој има еднаква способност за ширење, а новите истражувања покажуваат дека само дел од заразените лица навистина исфрлаат заразен вирус во воздухот – што упатува на феноменот на суперпренесувачи, сличен на оној кај ковид-19.Што ако H5N1 се прошири меѓу луѓето?Доколку вирусот успее да се одржува и шири меѓу човечката популација, д-р Лакдавала очекува „големи нарушувања, веројатно слични на пандемијата на свински грип од 2009 година, а не на ковид-19“. Причината е подобрата подготвеност: веќе постојат антивирусни лекови кои делуваат против H5N1, како и складирани кандидат-цепива што би можеле брзо да се применат.Ако H5N1 се вкотви меѓу луѓето, може да се рекомбинира со постојните вируси на грип и да предизвика „хаотични и непредвидливи сезонски епидемии“.Индиските научници наведуваат дека нивните симулации можат да се ажурираат во реално време и да им служат на здравствените власти како важна алатка во првите часови од потенцијална епидемија.

Свет | пред 2 месеци

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Пациентот кој упадна во Инфомакс бил пресметлив кога тргнал да ги напаѓа: поднесено обвинение

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривични дела – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1, како и – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 10 декември извршил грубо насилство спрема двајца новинари во дневно-информативниот онлајн медиум „Инфомакс“, како и спрема гостин во нивната емисија, со што ги спречил во вршење на професионалната дејност.Додека емисијата „Тешки муабети“ се емитувала во живо на YouTube и на социјални мрежи, обвинетиот пишувал навредливи и заканувачки коментари за еден од новинарите поради критиките што во емисијата биле упатувани кон премиерот.  Потоа обвинетиот дошол на адресата на која се наоѓа студиото, ја обил влезната порта, ги искршил и влезната врата од објектот и вратата на студиото, па како резултат на тоа емисијата била прекината.Еден од оштетените се обидел да го задржи обвинетиот да не влезе во студиото, но тој продолжил да вика и да им се заканува по живот, ги пцуел и ги навредувал присутните, а се обидувал и физички да ги нападне, замавнувајќи со рацете и фрлајќи со чаша кон нив. Оштетените повикале полиција, додека во меѓувреме успеале да го смират обвинетиот и да го извадат надвор на улица.Со насилничките дејствија обвинетиот предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените и други присутни лица. Медицинското вештачење на обвинетиот покажа дека и покрај неговата претходна душевна здравствена состојба, тој делото го извршил во состојба на пресметливост. Согласно тоа, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.Основното јавно обвинителство Скопје приоритетно постапува во сите предмети кои се однесуваат на евентуални напади врз новинари и загрозување на слободата на говор.

Скопје | пред 2 месеци

media-library9bq4u6ilqmeecZeBFjy

(Видео) Утринска акција за уривање на дивоградба во Инџиково

Во 5 часот утринава почна уривање на дивоградба во скопско Инџиково. За акцијата информира градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стевковски.„Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект! Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности. Акцијата започна во 05:00 часот наутро, со претходна координација со МВР.“ – напиша тој

Скопје | пред 2 месеци

Zemjotres

Земјотрес во Далмација со силина од 4 степени, епицентарот бил во Јадранското Море кај Мљет

Силен земјотрес беше регистриран синоќа во 23:07 часот во Јадранското Море, со епицентар во близина на островот Мљет, соопшти Сеизмолошката служба. Потресот имал магнитуда од 4,0 степени според Рихтер и интензитет V степени според EMS скалата.Потресот бил почувствуван и во Дубровачкото приморје, а сеизмографите забележале дека станува збор за прилично силен земјотрес во епицентарот.Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) го регистрираше истиот настан со магнитуда 3,9 степени и објави повеќе сведоштва од граѓани од регионот кои го почувствувале тресењето на тлото.Нема информации за материјална штета или повредени лица.

Свет | пред 2 месеци

corona-virus-outbreak

Нов сој на грип стана доминантен во Европа, експлозија на случаи го оптоварува здравствениот систем

Нов доминантен сезонски сој на грип – подтипот A(H3N2) K – брзо се шири низ Европа и предизвикува силен и рано започнат бран на заболувања, поради што здравствените системи во повеќе земји веќе чувствуваат сериозен притисок. Светската здравствена организација (СЗО) предупредува на интензивниот раст на бројот на случаи и апелира граѓаните да се вакцинираат, јавува „Гардијан“.Според СЗО, најмалку 27 од 38 држави во европскиот регион во моментов бележат висока или многу висока активност на грип. Во шест земји – меѓу кои Ирска, Србија, Словенија и Обединетото Кралство – повеќе од половина од пациентите со гриполики симптоми биле позитивни на тест.Оваа сезона на грип започнала околу четири недели порано од вообичаеното, а инфекциите претежно се предизвикани од новиот сој A(H3N2) K, кој сочинува до 90 отсто од потврдените случаи. СЗО нагласува дека засега нема докази дека овој сој предизвикува потешка клиничка слика во однос на претходните, но предупредува дека раниот и силен бран сериозно ги оптоварува здравствените служби.„Грипот се појавува секоја зима, но оваа година е малку поинаква. Се гледа како мала генетска промена во вирусот може да создаде огромен притисок врз нашите здравствени системи“, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс-Анри Клуге. Тој предупреди и на опасноста од дезинформации, нагласувајќи дека е клучно граѓаните да се информираат од доверливи извори како националните здравствени институции и СЗО, бидејќи проверените информации можат да спасат животи.Вакцинацијата останува главната препорачана мерка за заштита. Првичните податоци од Обединетото Кралство сугерираат дека вакцината против грип, иако можеби не ја спречува секоја инфекција, значително го намалува ризикот од потешка болест предизвикана од сојот A(H3N2). Особено се посочуваат ризичните групи – постари лица, хронично болни, бремени жени и деца – како и здравствените работници, кои се приоритетни и за да се заштитат себеси и пациентите.Иако децата на училишна возраст се меѓу главните двигатели на ширењето на инфекцијата, најголем дел од тешките случаи што завршуваат во болница се кај луѓето над 65 години.Клуге наведува дека врвот на сезоната веројатно ќе се достигне кон крајот на декември или почетокот на јануари. Ситуацијата, иако сериозна, не е на ниво на глобална вонредна состојба како за време на пандемијата со ковид-19, но британскиот NHS веќе се подготвува за една од најтешките зими поради зголемениот товар врз матичните лекари, болниците и итните служби.И во другите европски држави се бележат ран и силен пораст на случаите. Во Германија, според Институтот „Роберт Кох“, сезоната на грип започнала две до три недели порано од вообичаено. Француската национална агенција за јавно здравје известува за „силно зголемување“ на активноста на грип во сите возрасни групи. Во Шпанија, стапките на инфекција веќе го надминале зимскиот врв од минатата година, а бројот на хоспитализации се удвоил за само една недела. Романија и Унгарија, исто така, пријавуваат нагло зголемување на бројот на заболени.Со рано започната сезона, доминантен нов сој и силен раст на случаите, европските здравствени системи влегуваат во зима со сериозни предизвици – а главните пораки од експертите остануваат: вакцинација, внимателно следење на состојбата и ослонување на проверени информации.

Свет | пред 2 месеци

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Атина го потсети Мицкоски за Преспа: „Државата се вика Северна Македонија“!

Од официјална Атина пристигна јасна и недвосмислена порака во врска со почитувањето на Преспанскиот договор, откако грчкото Министерство за надворешни работи објави реакција во која го нагласува меѓународно-правниот карактер на договорот и обврската за неговата целосна примена.Грција истакнува дека уставното име „Северна Македонија“ е прецизно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор и дека за двете држави е обврзувачко на сите нивоа – домашни и меѓународни. „Нема место за искривување или менување на содржината на договорот“, порачаа од МНР на Грција, додавајќи дека почитувањето на договорите е темел за стабилни односи и мирен соживот меѓу државите.Оваа реакција следи по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во програма на ТВ Сител, каде, одговарајќи на критики од СДСМ, рече дека „го вратил името“.Во соопштението од Атина дополнително се нагласува дека Преспанскиот договор не е политичка декларација, туку дел од меѓународното право чија примена мора да биде „униформна и универзална“.Грција потсетува и дека развојот на билатералните односи, како и непреченото продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, се условени од доследното почитување на договореното и од принципите на добрососедство.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања