Ева Петковска

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оценува дека споредбите со земјите од Европската Унија, кои се користат како аргумент за укинување на техничката влада, претставуваат класична манипулација на јавноста.„Никаде во Европа нема ваква корумпирана власт каква што имаме денес. Токму затоа е потребен контролен механизам како техничката влада“, порачуваат од СДСМ.Според партијата, таканаречената тендер коалиција ВМРО–ЗНАМ се противи на техничката влада затоа што не сака во институциите да влезе министер од опозицијата, кој би имал увид во целокупната документација и во, како што велат, бројните злоупотреби и коруптивни шеми.Како пример го посочуваат скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребата на европските средства, за кои беше приведен директор од редовите на ВМРО. Од СДСМ велат дека тоа е јасен показател оти присуството на опозициски министер би значело отворање и на други криминални случаи во ресорните министерства.„Од тоа се плаши тендер коалицијата – од отворање на пандорината кутија на криминалните тендери и злоупотреби“, наведуваат од СДСМ.Партијата нагласува дека без техничка влада не може да има праведни и фер избори, бидејќи ќе изостанат контролата и механизмите за спречување на изборни злоупотреби. Затоа, според СДСМ, техничката влада мора да остане како гаранција за демократски и кредибилни избори.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5ourh9jvfv2f2ZS9RXC

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина.Претставниците на двете организации ги изнесоа своите согледувања и препораки со посебен акцент на еколошката правда, превенцијата од еколошки штети, заштитата на природните ресурси и усогласувањето со европското право.Според Сиљановска-Давкова заштитата на животната средина треба да биде клучен приоритет, а соработката меѓу институциите, граѓанските организации и стручната јавност е од суштинско значење за креирање одржливи и ефикасни политики. Таа укажа дека вклученоста на овие организации во креирањето на законските решенија треба да биде институционализирана, преку нивно учество во комисиските тела во Собранието и во Владата.Именувањето на експертот од областа на метеорологијата и климатските промени, проф. д-р Спиридонов, за член на Советот за безбедност, е важен чекор кон интегрирање на научната експертиза во стратешкото одлучување. Ова, според претседателката, би им овозможило на невладините еколошки организации, со своите идеи и предлози да придонесат во работата на ова тело.Соговорниците се согласија дека загрозувањето на животната средина е сериозен безбедносен ризик и закана за уставно загарантираното право на живот.Тие ја нагласија потребата од користење на меѓународни искуства и унапредување на регионалната соработка во справувањето со реалните предизвици.Претседателката и претставниците на МЗМП и ФЛОРОЗОН повикаа на континуирана едукација и поттикнување на младите во градењето партнерски однос со природата како неопходен предуслов за превенција на можни штети со несогледливи последици.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryjdpklgg6o3kn2wUuggu

Охрид започна со селекција на текстилен отпад

Градот Охрид започна со селекција на текстилен отпад, апелирајќи до граѓаните да не фрлаат стара облека или друг вид текстил во обичниот отпад. Наместо тоа, текстилот треба да се одложи во контејнерот на „Тексомак“, кој се наоѓа на задниот влез од Охрид мол.ЈП „Охридски Комуналец“ потсетува дека отпадот е прашање кое нѐ засега сите и ги охрабрува граѓаните да селектираат правилно, со цел зачувување на животната средина и повторна употреба на материјалите.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Откриено кои опции Трамп ги разгледува за поддршка на демонстрантите во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува низа опции со кои би им дал поддршка на демонстрантите во Иран и би го ослабнал тамошниот режим, во услови на ескалација на насилството и сè поголем број жртви. Како што дознава „Аксиос“ од двајца американски официјални претставници, разговорите во Вашингтон се одвиваат во сенка на јавната закана на Трамп дека е подготвен да употреби воена сила доколку иранските власти продолжат со убивање на демонстранти.Гушење на протестите и „црни бројки“Масовните протести и вчера го потресоа Иран, трета ноќ по ред, додека земјата и натаму се наоѓа под целосна интернет-блокада. Според извештаи од Техеран, како и информации од американски и израелски извори, безбедносните сили сè пожестоко ги задушуваат бунтовите. Еден израелски одбранбен функционер проценува дека во изминатите денови на улиците излегле стотици илјади Иранци.Податоците за бројот на жртви значително се разликуваат и ниту еден од нив не е официјално потврден. Додека организацијата за човекови права HRANA во саботата соопшти дека загинале 116 лица, американски и израелски извори тврдат дека реалната бројка е повеќекратно поголема. Иранската опозициска телевизија „Iran International“ извести за дури 2.000 убиени демонстранти во последните 48 часа, додека израелски функционер спомена бројка поголема од 1.000. Еден американски претставник кратко изјави дека бројот на загинати е „висок“.Пораката на Трамп и дипломатските контактиПретседателот Трамп во саботата сугерираше можна американска интервенција на страната на демонстрантите, објавувајќи на социјалните мрежи: „Иран гледа кон СЛОБОДАТА, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!!!“.Истовремено, американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Иран, потврдија три американски извори. Еден од нив ја намали важноста на разговорот, наведувајќи дека бил „рутински“ и дека биле отворени и темите за Газа и Сирија.Техеран со обвинувања и заканиОд друга страна, Техеран го обвини Трамп за поттикнување немири, а САД и Израел за вметнување „изгредници“ меѓу демонстрантите.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска упати остро предупредување, истакнувајќи дека Иран, во случај на американски напад, ќе возврати со удари врз американските бази во регионот и врз Израел. Тој додаде дека неговата влада е решена да ги реши економските проблеми кои и ги поттикнале протестите.Кои опции се на маса?Зад затворени врати, администрацијата на Трамп одржува состаноци на кои се разгледуваат конкретни чекори. „Сите опции се на маса за претседателот Трамп, но одлука сè уште не е донесена“, изјави еден функционер.Друг појасни дека се разговарало и за воени удари, но дека мнозинството опции што моментално се разгледуваат се „некинетички“. Во администрацијата постои страв дека директна воена акција во оваа фаза би можела да го поткопа легитимитетот на протестите.Меѓу опциите се и мерки за одвраќање, како испраќање ударна група со носач на авиони во регионот, како и кибернапади и информативни операции насочени против иранскиот режим.Режимот затечен, несогласувања во безбедносните сили?Високи израелски функционери тврдат дека иранскиот режим и неговите безбедносни служби биле изненадени од брзината и интензитетот на ширењето на протестите, кои започнаа во четвртокот.„По четвртокот, иранскиот режим беше значително вознемирен и спроведе сериозна повторна проценка на ситуацијата“, изјави израелски одбранбен функционер запознаен со разузнавачките информации. Американски и израелски извори наведуваат дека постојат индикации за несогласувања во рамките на иранските безбедносни сили, но засега не е јасно колку тие се распространети.И покрај сè, ниту еден од официјалните извори не смета дека режимот во Техеран се соочува со непосреден колапс.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryano34m249etg6EultSm

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ангажирани на одржување јавна чистота по снежните врнежи

Од раните утрински часови, сите расположиви екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се ангажирани на критичните точки во градот за одржување на јавна чистота. Покрај дежурните тимови кои интервенираа со абразивни средства со специјална механизација, рачно се нанесуваат абразивни средства на тесни улици, скали во стариот дел од градот, тротоари и други јавни површини за непречено движење на пешаците.Исто така, екипите го расчистија кејот, каде што брановите натрупаа големи количини разновиден отпад.ЈП „Охридски Комуналец“ останува мобилно и подготвено да интервенира при секоја потреба за одржување на чистотата и безбедноста на граѓаните.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryip5r3vut0r7n0L3AAZk

(Видео)Реза Пахлави: Не ги напуштајте улиците, моето срце е со вас

Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах, кој долги години е во егзил, сѐ поотворено се обидува да се наметне како политичка алтернатива на актуелниот ирански режим.Со последната порака до демонстрантите: „Не ги напуштајте улиците. Моето срце е со вас“, тој директно ја презема улогата на симболичен лидер на антивладиното движење во Иран. Тој повторно повика на нови протести, кои треба да се одржат вечерва во 18 часот.Неговата реторика е внимателно насочена кон охрабрување на масовноста и континуитетот на протестите, кои според него веќе „сериозно го ослабиле режимот“. Со ова Пахлави се обидува да го капитализира моментот на политичка нестабилност и јавниот гнев, претставувајќи се како фигура на национално обединување надвор од постојните фракции во Иран.Сепак, неговото влијание останува ограничено од две клучни околности: физичката оддалеченост од земјата и строгата интернет-блокада, со која властите настојуваат да го прекинат протокот на пораки што можат да ги радикализираат протестите. Дополнително, дел од иранската јавност сè уште со резерви гледа на наследството на шахот, што го прави Пахлави контроверзна, но истовремено и препознатлива фигура.

Свет | пред 3 седмици

media-librarypca088gnnpep0wD0tSZ

Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираа по снежните врнежи во повисоките населени места

По интензивните снежни врнежи во охридскиот регион, особено во повисоките населени места, дежурните екипи и целокупната расположлива механизација на ЈП „Охридски Комуналец“ ноќеска интервенираа за да се овозможи нормално движење на возилата и функционирање во зимски услови.Во текот на ноќта и раното утро, со абразивни средства се чистеше во Стар Град, населбата Гоце Делчев – Бараки, како и во селата Велестово, Елшани и Горно Коњско.Претпријатието апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за безбедно движење во зимски услови и ветува дека дежурните екипи остануваат мобилни и подготвени за интервенции.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryn6j2g5i9ofpk4JTEyVv

Драстичен пад на популарноста на имиграциската агенција во САД

Довербата на Американците во Агенцијата за имиграција и царина бележи драстичен пад, а сѐ поголем број граѓани изразуваат поддршка за протестите насочени против оваа федерална служба, покажува нова анкета. Истражувањето е спроведено веднаш по инцидентот во Минеаполис, каде што федерален агент смртно застрела 37-годишна жена, настан што дополнително ги засили тензиите во јавноста, пренесува „Аксиос“.Овие податоци се особено значајни ако се има предвид дека строгата имиграциска политика е еден од клучните столбови на агендата на американскиот претседател Доналд Трамп. Сепак, контроверзните методи што ги применуваат Агенцијата за имиграција и царина и Министерството за внатрешна безбедност редовно предизвикуваат протести и судски спорови. Нето-поддршката за агенцијата за само една година е намалена за дури 30 процентни поени.Сѐ поголемо неодобрувањеАнкетата на „ЈуГав“, спроведена на 7 јануари меѓу повеќе од 2.600 возрасни Американци, открива загрижувачка слика. Дури 52 проценти од испитаниците не го одобруваат начинот на кој агенцијата ја извршува својата работа, додека 39 проценти изразуваат поддршка.Повеќе од половина од анкетираните, односно 51 процент, сметаат дека тактиките на агенцијата се „премногу агресивни“. Само 27 проценти ги оценуваат како „главно исправни“, додека 10 проценти сметаат дека не се доволно строги. Во исто време, 44 проценти од Американците ги поддржуваат неодамнешните протести против агенцијата, а 42 проценти се против нив.Стрмоглав пад за една годинаСпоред податоците на „ЈуГав“, во февруари минатата година, на почетокот на вториот мандат на Трамп, Агенцијата за имиграција и царина имала позитивен рејтинг од +16. Денес, тој е намален на -14, што аналитичарите го поврзуваат со спроведувањето на новите имиграциски политики на администрацијата, меѓу кои и контроверзниот план на Стивен Милер за апсење до 3.000 лица дневно.Анкетата открива и дека речиси шест од десет Американци, односно 58 проценти, веруваат дека во градовите низ САД се одвива некаков вид на конфликт или „војна“. Само 26 проценти не го делат ова мислење. Оваа перцепција е најизразена кај постарите граѓани – дури 74 проценти од оние над 65 години сметаат дека конфликтот е во тек.Расте поддршката за укинување на агенцијатаПаралелно со падот на популарноста, расте и поддршката за целосно укинување на Агенцијата за имиграција и царина. Податоците на истражувачката компанија „Сивикс“ покажуваат дека во септември 2024 година само 19 проценти од граѓаните го поддржувале укинувањето, додека 66 проценти биле против.Овој месец, поддршката за укинување пораснала на 42 проценти, додека 49,5 проценти се против. Кај демократите, оваа идеја веќе стана доминантна, со поддршка од 69 проценти од нивните гласачи.Лошиот имиџ не е ограничен само на оваа агенција. Министерството за внатрешна безбедност, под чија надлежност таа функционира, со години се вбројува меѓу најнепопуларните федерални институции, според годишното истражување на „Пју рисрч центар“ за 2025 година.Истражувањата покажуваат и јасна партиска поделба: републиканците во 2025 година ја оценуваат работата на министерството значително попозитивно отколку во 2024 година, последната година од мандатот на Џо Бајден, додека кај демократите е забележан спротивен тренд.Падот на довербата во агенцијата оди паралелно и со општиот пад на поддршката за имиграциската политика на Доналд Трамп, која бележи рекордно ниски нивоа на одобрување.

Свет | пред 3 седмици

media-librarynjrrs1kmbllp2R5ckdw

Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираа по пад на дрво на ул. „Никола Карев“

Обилните врнежи од дожд во охридскиот регион предизвикаа проблеми и материјални штети на повеќе локации во градот. На улицата „Никола Карев“ падна скршено дрво кое го зафати тротоарот и предизвика материјална штета на паркирани автомобили.Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен и стручно го отстранија паднатото дрво, обезбедувајќи безбедност за граѓаните и нормализирање на сообраќајот.„Остануваме мобилни во служба на граѓаните, следејќи ја состојбата на терен и интервенирајќи каде е потребно“, соопштија од претпријатието.

ОО | пред 3 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Девојче од липковско уценувано со фотографии за пари, откако претходно било силувано: грозоморни детали од Обвинителство

Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за две лица осомничени за кривично дело полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, при што едниот од осомничените се гони и за кривично дело уцена согласно член 259 од истиот закон.Според информациите од обвинителството, првоосомничениот, спротивно на јасно изразената волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка на подрачјето на липковско, а ја принудил на полови дејствија и со второосомничениот.По извршеното кривично дело, првоосомничениот ја уценувал жртвата дека наводно ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати сума од 20.000 евра. Под ваков притисок, девојчето било принудено да зема пари од домот без знаење на родителите, како и да позајмува средства од други лица, по што во повеќе наврати му ги предавала парите на осомничениот.Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, кои во моментов се лишени од слобода.Од Основното јавно обвинителство Куманово информираат дека истражните дејствија продолжуваат, а во интерес на постапката и заштитата на малолетната жртва упатуваат апел до медиумите за внимателно, одговорно и етичко известување, исклучиво врз основа на официјални информации.

Македонија | пред 3 седмици

media-library1ll9sle6u3sjaWlfPGV

ЈСП Скопје најавува можни измени во автобускиот сообраќај поради ниските температури и снег

ЈСП Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз дека, поради ниските минусни температури и најавените временски услови со можни врнежи од снег во Скопје и околината, во наредниот период можно е привремено прилагодување на сообраќањето на одредени автобуски линии.Од претпријатието појаснуваат дека ефектот на средствата за одржување на патиштата е ограничен при екстремно ниски температури, поради што на одделни делници може да се појават отежнати услови за сообраќај. Како резултат на тоа, дел од линиите ќе сообраќаат до локации кои во моментот се проценети како безбедни и проодни за автобусите, согласно проценките на надлежните служби.Од ЈСП нагласуваат дека безбедноста на патниците и вработените е апсолутен приоритет и дека, доколку условите не дозволуваат сигурно одвивање на сообраќајот, ќе се преземаат соодветни мерки. За сите евентуални промени, јавноста ќе биде навремено информирана.Во периоди на стабилно време, јавниот превоз ќе се одвива согласно редуцираниот делничен зимен возен ред, кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.Екипите на ЈСП Скопје, заедно со надлежните служби на Градот Скопје и локалните самоуправи, континуирано се ангажирани на терен со соодветна механизација, со цел навремено реагирање и создавање услови за безбедно и непречено функционирање на јавниот превоз.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarykbsf5v7001rubtrcCnJ

Сопругата на српскиот премиер „во улога” на Живка од Госпоѓа министерка од Нушиќ

Правилата ни во Србија не се еднакви за обичните смртници и за сопругите на функционерите.Сопругата на премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, докторката Јелица Мацут, одлучила дека правилата во трговски центар се само препорака – за обичните.Зашто кога сте дел од владејачката каста, касата не е каса, обезбедувањето не е обезбедување, а полицијата не е институција, туку лична служба за решавање на повредени ега, негодуваат граѓаните.Менаџер кој само си ја работел работата бил пријавен за „злоставување“, објави Нова.рс.Продавница, пак, што се држела до правилата, била прогласена за непријател на државата. А полицијата, повикана како да треба да се гаси терористички напад, а не како да се реши проблем со артикл што не е купен таму.Сопругата на премиерот побарала во продавница да ѝ ја симнат безбедносната плочка од работи што ги купила во друга продавница. Бидејќи тоа не ѝ било прифатено, се заканувала со зборовите: „Дали вие знаете која сум јас?“Го повикала и личното обезбедување, како и полицијата. Менаџерот на продавницата во понеделник оди на сослушување во полициска станица.„Ова не е инцидент. Ова е систем. Систем во кој функцијата е поважна од законот, а презимето посилно од правилникот.Зашто кај нас не важи дали си во право. Важи дали си нечија сопруга“, прашуваат во коментарите граѓани од Србија.

Свет | пред 3 седмици

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Зголемен бројот на заболени од грип во Македонија – можно продолжување на зимскиот распуст

Во периодот од 29 декември до 4 јануари се регистрирани 1.725 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е повеќе од двојно во споредба со претходната недела, кога биле пријавени 771 случај. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), ова е петпати повеќе од истата недела минатата сезона, а зголемувањето во споредба со просекот од последните 15 сезони изнесува 38,7 отсто.Директорката на ИЈЗ, д-р Марија Андоновска, истакна дека во Македонија се бележи висок интензитет на вирусот на грип и се очекува натамошно зголемување на бројот на заболени, особено со враќањето на децата во училишта.– Пикот на грип се очекува во втората половина на јануари и првата половина на февруари. Затоа се разгледува можноста за продолжување на зимскиот распуст како мерка за намалување на ширењето на вирусот, рече д-р Андоновска.Според возраст, најмногу заболени има кај децата од 5 до 14 години (618 случаи), следуваат лицата на возраст од 15 до 64 години (749 случаи), потоа деца до 4 години (229) и лица над 65 години (129).Најголем број заболени се регистрирани во Скопје (716), Тетово (339), Куманово (150), Велес (109), додека во другите градови бројот е помал. Во некои општини, како Дебар, активноста на вирусот е многу висока, а во други, како Радовиш и Демир Хисар, е многу ниска.Д-р Андоновска апелира до граѓаните да ги следат општите мерки за заштита: да избегнуваат собирања, често миење раце, проветрување на просториите, здрав начин на живот и останување дома доколку се заболени. Кај ризичните категории – деца, бремени жени, хронично болни и лица над 65 години – при појава на симптоми веднаш треба да се јават кај матичен лекар.Според ИЈЗ, од почетокот на сезоната 2025/2026 до денеска се регистрирани 3.825 случаи на грип и слични заболувања, што е 2,8 пати повеќе од истиот период минатата сезона.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryh9fasdj0f0n9bD9hX1y

Ново вознемирувачко видео од пукањето во Минеполис каде е убиена жена од имиграциската служба

Објавена е снимка од мобилен телефон на агентот на Службата за имиграција и царина на САД (ICE), Џонатан Рос, кој во Минеполис ја убил 37-годишната Рене Гуд. Снимката ја направил самиот агент Рос, потврди Министерството за внатрешна безбедност на САД, а ја објавија медиумите Alpha News и CNN.На видеото се гледа како Рене Гуд застанува со својот темноцрвен SUV на улица, а агентот Рос приоѓа кон возилото. Преку прозорецот на автомобилот се гледа како Гуд го гледа агентот и зборува со него. Снимката го прикажува и моментот кога автомобилот се движи наназад и потоа нагло напред, по што следат три истрели. Не е јасно дали SUV-то го допрело агентот, но се слушаат звуци од судир и извици во позадина.Градоначалникот на Минеполис, Џејкоб Фреј, го критикуваше однесувањето на федералните власти и побара вклучување на државни истражители во случајот, истакнувајќи дека жртвата веднаш била прогласена за „домаќински терорист“ од високите федерални функционери.Случајот предизвика и политички реакции. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Ванс, ја објави снимката на социјалната мрежа X тврдејќи дека покажува како животот на агентот бил загрозен. Локалните власти ја критикуваат истрагата на федералното истражно биро, кој го презеде случајот и им го оневозможи пристапот на државните истражители до доказите.Градот е загрижен поради можноста за повторување на насилни протести слични на оние од 2020 година, по убиството на Џорџ Флојд, на само километар и половина од местото на трагедијата.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryok2lhfpvo6iq6urW46h

„Во случај на војна со Балтикот“: Русија разви нови дронови „Аргус“ и „Октавија“

Под превезот на научни и цивилни проекти, Русија развила линија специјализирани подводни дронови способни за оштетување на клучна подводна инфраструктура, објавува Defence Express. Станува збор за системите Argus-D, Argus-I и Octavia, кои ги развива дизајнерското биро „Рубин“.Веста доаѓа во период на зголемени безбедносни тензии, при што аналитичарите потсетуваат на изјавата на шефот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин, кој минатата година предупреди дека „Полска и балтичките држави први ќе настрадаат“ во евентуален судир меѓу Москва и западниот сојуз. Прашањето за саботажа на подводните кабли во Балтичкото Море останува особено актуелно, особено по неодамнешното оштетување на комуникацискиот кабел меѓу Финска и Естонија.Иако платформите Argus-D, Argus-I и Octavia официјално се претставени како цивилни и научни, експертите предупредуваат на нивната двојна намена. Според OSINT аналитичарот Х. И. Сатон, овие подводни дронови можат да имаат и борбена улога, вклучително оштетување на подводни кабли, уништување гасоводи и поставување мини на морското дно.Системот Octavia претставува стационарна подводна приклучна станица која, по поставувањето, се закотвува или сместува на морското дно. Таа служи како база со два приклучни порта за други подводни беспилотни летала, овозможувајќи нивно складирање, полнење, собирање податоци и примање нови наредби.Клучни дронови во системот се Argus-I, извидувачко возило опремено со различни сензори (буквата „I“ означува „Инспектор“), и поголемиот Argus-D („Достава“), наменет за транспорт и поставување товар на морското дно. Официјално, Argus-I е предвиден за инспекција на цевководи, додека Argus-D носи товар опишан како научна опрема со сензори за регистрирање акустични, сеизмички и биолошки активности.Сепак, со носивост до 300 килограми и вкупна маса од околу 5,5 тони, експертите оценуваат дека Argus-D е идеално прилагоден за поставување поморски мини или експлозивни направи на кабли и цевководи. Аналитичарите заклучуваат дека Русија би можела да ги користи овие системи во евентуален конфликт со балтичките држави.

Свет | пред 3 седмици

media-librarykcl7ldrfq3is5JcTUB5

Филипче: СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му даеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.Претседателот Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd79hq9jqkdl11Ro2aV9

Американската амбасада во Киев предупредува на можен воздушен напад врз Украина

Американската амбасада во Киев издаде предупредување за можност од значаен воздушен напад врз Украина во наредните денови, објави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.Во соопштението што денеска го објави Амбасадата на САД во Киев се наведува дека заканата се однесува на целата територија на Украина, односно на сите региони во земјата. Според американските власти, добиени се информации за можен силен воздушен удар кој би можел да се случи во било кој момент во следните неколку дена.Американската амбасада повторно ги повика своите државјани да бидат подготвени веднаш да побараат засолниште во случај на прогласување воздушна тревога. Вакви предупредувања Вашингтон редовно објавува во периоди на зголемени безбедносни ризици, особено кога постојат разузнавачки информации за можни напади од руската војска.Предупредувањето доаѓа во време кога Украина со недели се соочува со интензивни ракетни и дронски напади врз енергетската инфраструктура и градовите низ целата земја. Властите во Киев предупредуваат дека Русија би можела да продолжи со нови бранови масовни удари.Зеленски: Можно е голем руски напад во текот на ноќтаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски исто така предупреди на можен голем руски напад врз Украина во текот на ноќта. Во своето редовно видеообраќање, тој ги повика граѓаните на максимална претпазливост и строго почитување на воздушните тревоги.„Постојат информации дека вечерва може да следи нов голем руски удар. Многу е важно да се обрне внимание на предупредувањата за воздушни напади и навремено да се оди во засолништа“, порача Зеленски.Предупредувањето доаѓа во период кога Украина се соочува и со тешки временски услови, за кои, според Зеленски, Русија се обидува да ги искористи. „Русите се доследни – се обидуваат да ги искористат временските услови. Ѝ наложив на владата да им помогне на локалните власти и да обезбеди максимална поддршка за сите вклучени“, изјави тој.Зеленски додаде дека временските услови значително се влошиле низ целата земја, предизвикувајќи бројни проблеми на патиштата и со комуналните мрежи. Поради тоа, најави и посебни мерки. „Ова практично е вонредна состојба за сите служби. Со премиерот се договоривме владата да подготви одлука со која, за време на овие временски услови во наредните денови, некритичните институции и обичните канцеларии ќе можат да им овозможат на вработените да останат дома“, објасни тој.Тешка состојба со снабдувањето со електрична енергијаПретседателот информираше и за исклучително тешката состојба со снабдувањето со електрична енергија во Дњепропетровската и Запорошката област, по руските напади врз енергетската инфраструктура.„Во Запорошката област, планираното снабдување со електрична енергија беше обновено во текот на денот. Днипро, Криви Рих, Никопол, Павлоград и други градови и општини во Дњепропетровската област сè уште се во процес на санација“, изјави Зеленски, но и потврди дека имало нови напади.„За жал, денеска имаше нови удари, особено врз енергетскиот и цивилниот сектор, како и врз станбени згради во Криви Рих“, заклучи украинскиот претседател.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryh7cqfsgbejjgaVJdFvc

Британија, Франција и Германија: Руското користење на „Орешник“ е ескалација

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија го оценија руското користење на балистички проектил со среден дострел „Орешник“ во западна Украина како „ескалирачко и неприфатливо“, се наведува во соопштението од разговорот што во петокот го објави кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер.Стармер во петокот разговарал за состојбата во Украина со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, при што тројцата лидери изразиле загриженост поради последните потези на Москва.Русија потврди употреба на „Орешник“Русија потврди дека употребила проектил со среден дострел „Орешник“ во напад врз западна Украина, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија. Ова е втор ваков напад врз Украина во кој е користено ова оружје.Москва тврди дека нападот е изведен како одговор на, како што го нарекува, „терористички напад“ на Киев врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин на 29 декември 2025 година. Украинските власти ги негираа овие обвинувања, оценувајќи ги како лажни тврдења чија цел е да се оправдаат нападите врз владини објекти во Киев.ЕУ: Обид за заплашување на сојузницитеНеколку дена по самитот на кој европските земји се обврзаа да понудат трупи за Украина во случај на прекин на огнот, а САД поддржаа обезбедување безбедносни гаранции за Киев, Европската унија порача дека Русија се обидува да ги заплаши украинските сојузници.„Извештајот за руската употреба на ракетата ‘Орешник’ претставува јасна ескалација против Украина и е наменет како предупредување до Европа и САД“, напиша високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, на социјалната мрежа Икс. Таа повика на зајакнување на противвоздушната одбрана и на „зголемување на цената на оваа војна за Москва, вклучително и преку построги санкции“.Проектил со можност за нуклеарна боева главаРусија првпат ја употреби ракетата „Орешник“ во ноември 2024 година, кога беше погоден украинскиот индустриски град Днипро. Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека западните системи за противвоздушна одбрана не се способни да ја пресретнат оваа ракета и предупреди дека таа може да погоди цели и во западна Европа.Западни воени аналитичари, пак, предупредуваат дека „Орешник“ е способен да носи нуклеарна боева глава, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедносната состојба во регионот.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

Партијата на Максим: Во СДСМ владее паника, членството масовно се прелева кон нашето движење

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија со загриженост реагираше по брифингот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за деструктивна реторика, бегање од суштински дијалог и фокусираност исклучиво на зачувување на партиската позиција.Од ЗНАМ оценуваат дека, иако Филипче јавно зборува за европската интеграција на Македонија, неговите настапи покажуваат дека приоритет му е личната и партиската фотелја, а не државните интереси. Според движењето, СДСМ, наместо да биде конструктивна опозиција што нуди решенија и аргументирани дебати за иднината на државата, сè почесто користи „вулгарен и уличен вокабулар“, со што се оддалечува од вистинскиот политички дијалог.ЗНАМ тврди дека токму ваквото однесување довело до, како што го нарекуваат, „историски трансфер“ на разочарани членови од СДСМ кон нивното движење – луѓе кои, според нив, бараат реформски, конструктивен и државнички пристап. Во таа насока, од ЗНАМ велат дека раководството на СДСМ е во состојба на паника, обидувајќи се да ја зачува партиската структура и личните позиции.Во реакцијата се поставува и прашањето дали настапите на Филипче се најава за, како што наведуваат, „пат кон Дубаи со златни визи“, алудирајќи дека личните интереси се ставени пред државните. Од ЗНАМ сметаат дека неговото одбивање да учествува во разговори за клучни реформски закони и државни прашања поврзани со европската агенда е јасен сигнал дека напредокот на државата не е негов приоритет.Движењето потенцира дека токму реформите во правосудството, јавното обвинителство, безбедноста и слободата на изразување се теми што треба да бидат во фокусот на лидерските средби, бидејќи тие се дел од агендата за членство во Европската Унија и економска стабилност. Според ЗНАМ, Филипче нема навика за ваков тип државнички дијалог, потсетувајќи дека клучни одлуки како Преспанскиот договор и францускиот предлог биле носени зад затворени врати, без јавна дебата и без консензус.Во реакцијата се упатуваат и сериозни обвинувања за, како што велат, системска заштита на Филипче од одговорност за низа случаи од минатото – од модуларните болници и тендерите во ЕСМ, до набавките на вакцини и трагедијата во Тетово. Од ЗНАМ тврдат дека тие случаи се дел од мрежа на партиска корупција која го штитела поранешното раководство.За разлика од тоа, движењето наведува дека актуелната Влада ја води државата кон стабилност и европска интеграција, без корупциски скандали кои би ја нарушиле довербата на граѓаните. Како примери за минатото владеење на СДСМ, ги наведуваат аферите поврзани со поранешни функционери и бегалци од правдата, кои, според нив, ја довеле државата во стагнација.На крајот, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го повикува Венко Филипче да престане, како што велат, да ја блокира реформската и европската агенда и да се насочи кон вистинските интереси на државата и граѓаните.„Македонија заслужува лидери кои гледаат напред, градат консензус за реформите и европската иднина, а не лидери заробени во лични и партиски позиции“, порачуваат од ЗНАМ.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfnj5faddj1623AC394u

Почина жената што утрово беше прегазена на „Народен фронт“ во Скопје

Жената која денеска беше прегазена на улицата „Народен фронт“ во центарот на Скопје, починала попладнево во Ургентниот центар, каде што беше пренесена по сообраќајната несреќа, информираат здравствени извори.Според Министерството за внатрешни работи, станува збор за жена на возраст од околу 75 години, а возачот кој го удрил пешакот и го напуштил местото на настанот и е во бегство.На местото на несреќата напладне беа забележливи траги од крв и скршен ретровизор од возилото. Полициски екипи и понатаму вршат увид и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Скопје | пред 3 седмици

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

САД се повлекуваат од 66 меѓународни организации

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на Соединетите Американски Држави од дури 66 меѓународни организации претставува тежок удар за глобалниот систем на управување, оценуваат кинески аналитичари, предупредувајќи на долгорочни последици за светскиот поредок и создавање вакуум на моќ во клучни области како климата и безбедноста.Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека континуираното повлекување на Вашингтон од мултилатерализмот ја поткопува основата на меѓународниот поредок со Обединетите нации во неговото јадро. Таа предупреди дека само функционален мултилатерален систем може да спречи ширење на „законот на џунглата“, односно враќање кон принципот дека силата е правдата.Трамп во средата потпиша извршна уредба со која се суспендира американската поддршка за 31 агенција на ОН и уште 35 други меѓународни организации. Според соопштението на Белата куќа, станува збор за тела кои, како што се наведува, дејствуваат спротивно на американските национални интереси, безбедност, економски просперитет или суверенитет.Меѓу најпогодените се организации поврзани со климата, трудот и миграциите, за кои администрацијата на Трамп тврди дека промовираат „воук“ иницијативи. Особено значајно е повлекувањето од Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, која претставува основа за сите главни меѓународни климатски договори.Директорот на Кинескиот климатски центар при Asia Society Policy Institute, Ли Шоу, оцени дека ваквиот чекор е сериозен удар за глобалната климатска акција и најголем предизвик за меѓународните напори од усвојувањето на Парискиот договор. Според него, одлуката го отвора прашањето како светот може да се справи со глобалните кризи без учество на највлијателната светска сила.Експертите потсетуваат дека уште од првиот претседателски мандат, Трамп ги повлече САД од повеќе тела на ОН, меѓу кои и Светската здравствена организација, и значително го намали финансирањето на други агенции. Шангајскиот аналитичар Шен Дингли смета дека ваквиот пристап е воден од логиката „Америка на прво место“, при што меѓународните организации се користат само кога се корисни за американските интереси, а се напуштаат кога тоа не е случај.

Свет | пред 3 седмици

media-librarye7aio570f23g9vppxNg

Ј.П.„Охридски Комуналец” донираше огревно дрво на 11 семејства од социјално ранливи категории

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ја изрази својата грижа за граѓаните на Охрид со донација на огревно дрво за единаесет семејства од социјално ранливи категории.„Водени од определбата за хуманост и грижата за секој поединец во нашиот град, се надеваме дека со оваа наша донација ќе ги затоплиме домовите на овие семејства во периодот на поларни денови со многу ниски температури“, велат од претпријатието.Со оваа акција, ЈП „Охридски Комуналец“ повторно ја потврдува својата посветеност кон поддршка на граѓаните и зајакнување на заедничката солидарност во градот.

ОО | пред 3 седмици

media-library1dbbc5ifq9v77E0AyJM

Иран гори: илјадници повредени, судбината на исламскиот режим е неизвесна

Иранскиот режим преживува едни од најтешките моменти во својата 47-годишна историја. Протестите, кои започнаа на 28 декември како локален економски бунт на трговци во Техеран, за помалку од две недели прераснаа во координиран политички устанок кој го зафати целото земјиште на исламската држава, сите 31 провинции.Според податоците на агенцијата на протестанти HRANA, досега загинале најмалку 38 лица, меѓу кои шест деца, а NCR-Iran известува за повеќе од 2.200 уапсени. За разлика од претходните немири, стравот сега се префрлил на страната на режимот, кој во некои региони се повлекува по падот на клучните сојузници како Асад и Мадуро.Во исто време, Иран е делумно или целосно изолиран од интернет и телефонски линии. Организацијата NetBlocks потврдува дека главниот државен оператор во градот Керманшах е целосно исклучен, додека BBC и CBS известуваат за „дигитален блок“ во Техеран. Аналитичарите предупредуваат дека ваквите прекини обично служат за скриена репресија.Причината за немирите е економска катастрофа: колапс на иранскиот ријал, кој достигна историски минимум од 1,5 милиони за еден американски долар, како и инфлација на храна од 72%, прават животот на обичниот граѓанин речиси невозможен. Владата се обиде да купи социјален мир со помош од 7 долари месечно за 71 милион жители, што протестантите го прифатија со презир, со слогани како „Ни Газа, ни Либан, својот живот давам за Иран“ и „Смрт на диктаторот“.Најдраматичните сцени доаѓаат од западните провинции, каде градовите Абданан и Малекшахи практично се надвор од контрола на централната власт. Протестантите преземаат локални седишта на власт и безбедносни бази, што ја открива критичната слабост на режимот.Врвот на власта е во паника: врховниот лидер, ајатолах Али Хамнеи, според медиуми, подготвил план за евакуација во Русија во случај на потполен колапс, додека американскиот претседател Доналд Трамп испратил предупредување за заштита на мирните демонстранти.Според аналитичарите, Иран веќе не е во „мод на управување со криза“, туку во „мод на преживување“. Прашањето не е дали режимот ќе падне, туку кој и како ќе ја води земјата во свет кој се промени драстично.

Свет | пред 3 седмици

media-librarym53llh1mra4hf32jJYe

Кoмодита се огласи по уништувачкиот пожар во нивната фабрика

Дел од фабриката на „Комодита Хоум“ во Ѓаковица денес попладне беше зафатен од пожар. За среќа, сите работници беа евакуирани на време и никој не е повреден.На местото на настанот веднаш интервенираа полициски екипи и противпожарни единици, обидувајќи се да го локализираат пожарот. Причините за настанот сè уште не се утврдени, а штетата на имотот не може да се процени.„Комодита Хоум“ им се заблагодари на Министерството за внатрешни работи, Министерството за безбедносните сили на КБС, градоначалникот на Ѓаковица, директорот на АМЕ, противпожарните единици од Ѓаковица, Призрен, Јуник, Дечан и Раховец, како и на припадниците на КФОР и КБС за нивната брза интервенција и подготвеност за помош.

Свет | пред 3 седмици

media-library3qgbs5j9b8377Y2TIOV

Хорор во Липково! 16-годишно девојче месеци злоупотребувано од група од 17 луѓе

Голема група насилници со месеци сексуално злоупотребувала и уценувала со интимни видеоматеријали 16-годишноо девојче од село во Општина Липково, објави „Алсат“.Според информации на телевизијата од извори во полицијата, за случајот се дознало во неформални околности, а засега е уапсен само еден од осомничените насилници, кои за пари и сексуални услуги се изживувале со девојчето.„На 2 јануари, полицијата во Куманово го уапси 31-годишникот со иницијали Н.А. од село Слупчане, Општина Липково. Сомнежите за неговото апсење се базираат на заканите што тој ги упатил на малолетно девојче, дека додека не му даде пари, ќе објави експлицитни фотографии“, велат од МВР.Најмалку 17 луѓе се осомничени, а страдањата на девојчето, според пријавеното, траеле од јуни лани. Пријавата, според неофицијални информации, ја поднел таткото на девојчето. За кривичните дела злоупотреба или условување за пари или сексуални услуги е предвидена казна затвор до десет години, а кога делото е извршено од група, се изрекуваат повисоки казни.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања