Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-library1go9f5132ip59eXrBEq

Времето е клучно: Десетгодишната Ева се бори со агресивен рак на коските, семејството бара поддршка

Десетгодишната Ева се соочува со најтешката битка во својот живот – агресивна форма на остеосарком, редок малиген тумор на коските кој бара итен, интензивен и долготраен третман.„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено и храбро дете. Нашето мало сонце одеднаш се соочува со борбата на својот живот“, велат од семејството.Дијагнозата, според лекарите, е високостепен тумор кој брзо се шири. Лекувањето од ваков тип не може да се спроведе во Македонија, поради што на семејството им било препорачано итно заминување во странство, во специјализирани центри.Во моментов Ева е примена во специјализирана клиника во Минхен, Германија, каде се спроведува последната фаза од дијагностиката. Следната недела е закажано ПЕТ/КТ снимање, по веќе направени магнетна резонанца, биопсија, рендгенски испитувања и лабораториски анализи.Според медицинскиот план, лекувањето ќе се одвива во три фази: околу два месеци интензивна хемотерапија, потоа хируршко отстранување на туморот и дополнителни шест месеци хемотерапија.Семејството апелира за поддршка, посочувајќи дека средствата се наменети исклучиво за покривање на трошоците за лекувањето во Германија, бидејќи времето и брзината на дејствување се од клучно значење за исходот од оваа борба.ДОНИРАЈ ТУКА

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryneh4vchm9l7ucE4ORDb

Иран со ракетни напади врз американски бази во четири земји: Погодени цели во Катар, Кувајт, ОАЕ и Бахреин

Иран возврати со напади врз повеќе американски воени локации на Блискиот Исток, изјавил американски претставник за Ен-Би-Си њуз.Според иранската новинска агенција Фарс, Техеран истовремено гаѓал четири американски бази со повеќекратни ракетни напади. Станува збор за воздухопловната база „Ал Удеид“ во Катар, базата „Ал Салем“ во Кувајт, воздухопловната база „Ал Дафра“ во Обединети Арапски Емирати, како и базата на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин.Непосредно претходно, бахреинската државна агенција БНА објави дека центарот на Петтата флота бил „изложен на ракетен напад“.Дописничката на Скај њуз, Сали Локвуд, јави дека силна експлозија се слушнала и во Дубаи, во соседните Обединети Арапски Емирати. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или обемот на штетата.

Свет | пред 2 седмици

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Случајот со Груби е де факто и де јуре политички дил меѓу ВМРО и ДУИ

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, оцени дека случувањата поврзани со Артан Груби претставуваат „театар“ кој, како што наведе, веќе прераснува во циркус.„На темата бегање од одговорност, театарот што го приредува ДПМНЕ-ОКГ овие денови веќе станува циркус. Ова се напади ад хоминем против СДСМ, а всушност јавноста и сите знаат дека де факто и де јуре оваа ситуација е политички дил меѓу ВМРО и ДУИ“, изјави Фрчкоски.Тој додаде дека наместо аргументирана дебата и институционална одговорност, во јавноста се пласира реторика насочена кон дискредитација на опозицијата, додека, според него, суштината на случајот укажува на политички договор меѓу владејачките структури.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Израелски претставник: Нападите биле насочени кон иранското раководство

Израелски претставник изјави за Ројтерс дека утринските заеднички напади на САД и Израел биле насочени кон врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, како и кон иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.Според истиот извор, засега не е јасно каков е исходот од нападите. Од иранска страна нема нови официјални информации за состојбата на Хаменеи и Пезешкијан.Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на ирански функционер, дека Хаменеи не се наоѓал во Техеран во моментот на нападите и бил префрлен на безбедна локација.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Иранското Врховно советодавно тело најави „разорен одговор“ за САД и Израел

Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека вооружените сили ќе дадат „разорен одговор“ на американските и израелските напади.Во соопштението, објавено од полуслужбената агенција Мехр, се наведува дека „непријателот верува дека отпорниот ирански народ ќе се предаде на нивните ситни барања со вакви кукавички потези“.„Вооружените сили на Исламската Република Иран започнаа разорен одговор на нивните злонамерни постапки и ќе продолжат редовно да го информираат драгиот народ“, стои во соопштението.Изјавата доаѓа во услови на сериозна ескалација на безбедносната состојба на Блискиот Исток по заедничките напади на САД и Израел врз ирански цели.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhd4kv4mbo9ed5xNnr2J

(Фото) Вака изгледа небото над Иран додека Техеран најавува жестока одмазда по американско-израелските напади

Соединетите Американски Држави и Израел извршија напади врз Иран, отворајќи ново поглавје на судири на Блискиот Исток. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целта на нападот е елиминирање на безбедносната закана за САД и отворање можност Иранците сами да ја сменат својата власт. Пентагон соопшти дека американската операција го носи името „Епски гнев“, додека израелската страна ја нарекува „Лавја рика“.Иран возврати со лансирање ракети кон Израел, соопшти израелската армија, а иранските сили, според извештаи, погодиле и повеќе американски воени локации во регионот. По нападите, и Техеран и Тел Авив го затворија својот воздушен простор за цивилен сообраќај.Американски воени извори наведуваат дека обемот на воздушните и поморските операции сè уште не е целосно познат, но дека кампањата се очекува да трае повеќе денови. Ирански претставник изјави за Ројтерс дека Техеран подготвува жестока одмазда.Во видео-порака, Трамп потсети на деценискиот спор меѓу Вашингтон и Техеран, вклучително и заложничката криза од 1979 година, кога американската амбасада во Техеран беше заземена, а 52 Американци беа држени како заложници 444 дена. Тој ги повика Иранците да останат во засолништа бидејќи „бомби ќе паѓаат насекаде“, додавајќи дека по завршувањето на операцијата народот ќе може да ја „преземе својата влада“.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека заедничката акција ќе создаде услови „храбриот ирански народ да ја земе својата судбина во свои раце“. Според извор за Ројтерс, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, не се наоѓа во Техеран и е префрлен на безбедна локација.Овој напад следува по 12-дневниот воздушен судир меѓу Израел и Иран во јуни, како и по повторените американско-израелски предупредувања дека ќе следуваат нови удари доколку Иран продолжи со нуклеарната и балистичката програма. Израел инсистира секој евентуален договор да подразбира демонтажа на иранската нуклеарна инфраструктура, додека Техеран изјавува дека е подготвен да разговара за ограничувања во замена за укинување на санкциите, но без поврзување со ракетната програма.Ескалацијата, која се случува во периодот на Рамазан и непосредно пред еврејскиот празник Пурим, дополнително ги намалува изгледите за дипломатско решение на долгогодишниот нуклеарен спор и носи ризик од поширока регионална дестабилизација.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryj1gjp9u87hdj5c2MvdC

Синот на последниот шах во Иран: „Многу сме блиску до конечна победа“

Синот на последниот ирански шах, Реза Пахлави, изјави дека е уверен во победа над актуелниот ирански режим, откако утринава Иран беше нападнат од САД и Израел.Во видеообраќање, Пахлави, кој живее во егзил во областа на Вашингтон, порача дека земјата е „многу блиску до конечна победа“ и изрази желба што поскоро да биде заедно со своите поддржувачи „за повторно да го заземат и обноват Иран“.Пахлави, кој се залага за секуларна демократија во Иран, но не ужива универзална поддршка меѓу критичарите на Исламската Република, ги повика граѓаните да останат трпеливи, но и подготвени за излегување на улиците.„Во овие чувствителни часови и денови, повеќе од кога било мора да останеме фокусирани на крајната цел – повторно заземање на Иран“, изјави тој, апелирајќи засега граѓаните да останат во своите домови и да се заштитат.„Останете будни и подготвени, за во соодветен момент, за кој прецизно ќе ве информирам, да се вратите на улиците за конечна акција“, порача Пахлави.Во јануари, иранските власти со сила задушија народен бунт што претставуваше една од најголемите закани за режимот од револуцијата во 1979 година, кога беше соборен проамериканскиот шах и воспоставена Исламската Република.

Свет | пред 2 седмици

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Шангајска листа или „Шиндлерова“? Полесно е да се смени законот отколку да се спроведе

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и поранешна министерка за образование Рената Дескоска остро реагираше во јавноста по повод расправата за новиот Закон за високо образование, оценувајќи дека тезите оти актуелниот закон од 2018 година е виновен што ниту еден македонски универзитет не е меѓу првите 1.000 на Шангајската листа, се неосновани.Дескоска посочува дека ниту во периодот на важност на законот од 2018 година, ниту во времето на претходниот закон, универзитетите од земјава не биле рангирани на Шангајската листа. Таа прави јасна разлика меѓу два концепта – стимулирање преку финансиска поддршка за објавување во индексирани списанија, како што предвидува актуелниот закон, и пристапот на условување и принуда преку задолжителни критериуми за избор во звање, каков што содржи новиот предлог.Според неа, особено проблематичен е условот за задолжителен h-индекс при избор во звање, бидејќи станува збор за параметар што не зависи исклучиво од кандидатот, туку од тоа колку неговите трудови ќе бидат цитирани од други автори. „Ако се пропишуваат услови, тие мора да бидат остварливи и во надлежност на кандидатот“, наведува Дескоска.Таа предупредува и на можен непотизам, трансфер на кадар без реална конкуренција меѓу универзитетите, како и на продолжување на мандатите на ректорите и деканите со можност за повеќекратен избор. Според неа, наместо унапредување на квалитетот, се отвора простор за концентрација на моќ и нарушување на автономијата на универзитетите.Дескоска го споредува актуелниот процес со носењето на Законот за високо образование во 2018 година, кој, како што истакнува, бил резултат на долготраен и инклузивен процес во кој учествувале претставници на универзитетите, професорски и студентски пленуми, синдикати и експерти. Таа нагласува дека проблемот не е во текстот на законот, туку во неговата недоследна примена и отсуството на надзор од страна на Министерството за образование и наука.„И овој пат се оди по полесниот пат – да се смени законот, наместо да се применува“, оценува Дескоска, додавајќи дека предлогот содржи одредби што не се во склад со декларираната цел за подобрување на квалитетот на високото образование.

Коментари | пред 2 седмици

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Москва со остра реакција кон Трамп по нападите врз Иран: Преговорите со Иран беа параван, никој немаше намера да преговара

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, остро ги критикуваше постапките на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека преговорите со Иран биле само „параван“.„Миротворецот повторно го покажа своето лице. Сите преговори со Иран беа прикривна операција. Никој не се сомневаше во тоа. Никој навистина немаше намера да преговара за ништо“, изјави Медведев.Тој додаде дека прашањето е „кој има повеќе трпение да го дочека неславниот крај на својот непријател“, споредувајќи ја староста на Соединетите Американски Држави со историјата на Персиското царство.„САД се стари само 249 години. Персиското царство е основано пред повеќе од 2.500 години. Ќе видиме за 100 години…“, наведе Медведев, во првата официјална реакција од Москва по најновата ескалација на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 седмици

media-library84gmk1d1cvb319qDuNS

Австралија ја поддржа американската акција против Иран

Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе, во објава на социјалната мрежа Икс оцени дека иранската нуклеарна програма одамна е препознаена како закана за глобалниот мир и безбедност.Албанезе посочи дека меѓународната заедница јасно ставила до знаење дека иранскиот режим никогаш не смее да развие нуклеарно оружје. Тој потсети дека Советот за безбедност на Обединетите нации повторно вовел санкции кон Иран поради непочитување на Заедничкиот сеопфатен план за акција, додека Одборот на Меѓународната агенција за атомска енергија формално утврдил дека Иран не ги исполнува обврските од режимот за неширење на нуклеарно оружје.Австралискиот премиер нагласи дека неговата земја ја поддржува акцијата на САД насочена кон спречување Иран да се стекне со нуклеарно оружје и да продолжи да ја загрозува меѓународната безбедност.

Свет | пред 2 седмици

eu-1

ЕУ предупредува: Развојот на настаните на Блискиот Исток е крајно опасен; Силни експлозии во Абу Даби

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, како и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, биле цел на заедничките американско-израелски напади, изјавил израелски официјален претставник. Според истиот извор, засега не е јасно каков е исходот од нападите.Извор запознаен со состојбата претходно изјавил за Ројтерс дека Хаменеи не се наоѓал во Техеран и бил префрлен на безбедна локација. Ирански извор близок до властите тврди дека во нападите загинале неколку високи команданти на Иранската револуционерна гарда и политички функционери.Иранските медиуми објавија дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи е безбеден.Во меѓувреме, високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика Каја Калас разговарала со израелскиот министер за надворешни работи и со други регионални лидери во врска со нападите. Таа оцени дека најновите случувања на Блискиот Исток се крајно опасни, посочувајќи дека балистичката и нуклеарната програма на Иран, како и поддршката на терористички групи, претставуваат сериозна закана за глобалната безбедност. Калас истакна дека ЕУ вовела силни санкции против Иран и продолжува да бара дипломатско решение, со приоритет заштита на цивилите и почитување на меѓународното хуманитарно право.Претходно, сведоци јавија дека во Абу Даби се слушнале повеќе силни експлозии. Петмина сведоци, меѓу кои и двајца дописници на Ројтерс, потврдиле дека во делови од градот одекнале неколку експлозии во краток временски интервал. Една сведокинја изјавила дека слушнала пет експлозии по ред, при што прозорците во куќа во близина на Корниш се затресле, додека други жители во областите Ал Дафра и Батеен исто така пријавиле силни детонации.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryq93m1ivs3g5icYB49GN

(Видео) Вакво нешто немате чуено, а ни видено: Србија вечерва го избира својот евровизиски претставник

Во големото финале на фестивалот Песна за Евровизија, кое се одржува вечерва од 21 часот, Србија ќе ја избере песната со која ќе настапи на Евровизија 2026. На сцената ќе настапат 14 финалисти кои обезбедија пласман по двете полуфинални вечери.Финалната вечер ја отвора Брат Пелин со песната „Фројлајн“, кој важи за апсолутен фаворит меѓу публиката во Србија, но и во регионот, поради специфичниот сценски настап и автентичниот музички израз. Зад уметничкото име Брат Пелин стои Стефан Папиќ од Ужице, кој во втората полуфинална вечер успеа да се пласира во завршницата на натпреварот.Редоследот на настапи во финалето на „Песна за Евровизија“ е следниот:Брат Пелин – „Фројлајн“Лорес – „Ансин“Џек Лупино – „Адреналин“Ана Машуловиќ – „Заволи ме“Харем Грлс x Ивана – „Бом Бом“Ива Грујин – „Откривам себе“Космос Трип – „Све је у реду“Зејна – „Југославија“Гемини – „Метар среќе“Лу-Ка – „Верувај“Лавина – „Крај мене“Јанкс – „Срушио си сè“Зона – „Чаири“Мирна – „Омаја“Победникот од вечерва ќе ја претставува Србија на Евровизија 2026, а одлуката ќе биде донесена врз основа на гласовите од публиката и стручното жири.

Магазин | пред 2 седмици

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека со назначувањето на Ефимија Димовска на чело на Развојната банка, премиерот Христијан Мицкоски ја става институцијата во функција на, како што наведе, сопствени бизнис интереси.Фрчкоски тврди дека Димовска е сопруга на Димитар Димовски, кого го посочува како долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во проекти поврзани со хидроцентрали, преку компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје. Според него, поставувањето на Димовска отвора сомнежи за конфликт на интереси, особено имајќи предвид дека Развојната банка одлучува за кредитни линии и финансирање на енергетски проекти.Во изјавата се споменува и дека Димовски бил инволвиран во предметите „Топлик“ и „Шпански скали“, како и дека моментално извршува функција секретар за јавни политики во Владата.Фрчкоски посочува дека Димовска е сопственик на компанијата „Херба Натура“ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект „ХН Соларис“, оценувајќи дека на тој начин се воспоставува „директен линк“ меѓу приватни фирми и државна финансиска институција.Од СДСМ бараат итно повлекување на Димовска од функцијата и реакција од Државната комисија за спречување на корупцијата и другите надлежни институции, оценувајќи дека станува збор за класичен конфликт на интереси и злоупотреба на институциите во партиски и бизнис цели.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Ирански медиуми: Ракетен напад врз американска база во Бахреин

Иран извршил ракетни напади врз американска база во Бахреин, објави полуслужбената иранска новинска агенција Фарс.Бахреин е клучен сојузник на САД во Персискиот Залив и постојан домаќин на седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Манама. Според Бахреинската новинска агенција, сервисниот центар на Петтата флота бил „изложен на ракетен напад“.Катaрски официјален претставник потврдил за Скај њуз дека проектил бил пресретнат од системите за противвоздушна одбрана пред да ја погоди целта.Владата на Катар издаде предупредување преку мобилни пораки, повикувајќи ги граѓаните да се држат подалеку од воени објекти и да останат во засолништа, пренесува Ројтерс. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryaifiiuirnv9ndMy92Vr

Нов модел за набавка на лекови за ретки болести, уверува министерот

Министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека е сменета процедурата за набавка на лекови за пациенти со ретки болести, со цел тие навремено да ја добиваат потребната терапија.Одговарајќи на новинарско прашање, Алиу истакна дека за првпат се воведува тригодишна постапка за набавка на лековите. Тој посочи дека досега пациентите со ретки болести често се соочувале со доцнење од неколку недели или месеци, делумно поради зголемениот број дијагностицирани случаи, како во земјата така и глобално, што е резултат на напредокот во технологијата и методологијата за рана детекција.Министерот појасни дека дополнителен предизвик претставува фактот што станува збор за млади пациенти, кај кои дозата на лекот зависи од телесната тежина и други индивидуални фактори, што ја отежнува прецизната годишна проценка на потребните количини.„Методологијата е сменета и сега отвораме постапка за три години, за да имаме доволно време да реагираме доколку количините се потрошат побрзо од планираното. Целта е граѓаните да ги добиваат лековите навремено“, рече Алиу.Тој нагласи дека тендерската постапка ќе биде проектирана за тригодишен период, при што ќе се користат количини согласно реалните потреби во државата. „Да бидат спокојни граѓаните и родителите дека државата и Министерството нема да дозволат ниеден пациент со ретка болест да чека ниту еден ден за терапија“, потенцираше министерот на прес-конференцијата.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3mf1rfgug4m892xXuoE

(Видео) Иран нападна американска морнарица во Бахреин

Центарот на Петтата флота на САД во Бахреин утринава бил изложен на ракетен напад, јави државната новинска агенција на Бахреин БНА.Петтата флота на американската морнарица управува со операции на Блискиот Исток, вклучително и во Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан.Министерството за внатрешни работи на Бахреин соопшти дека се активирани сирени за тревога и ги повика граѓаните и жителите веднаш да побараат засолниште.Националниот комуникациски центар на Бахреин потврди дека нападите биле насочени кон локации и објекти во рамки на кралството, а биле извршени однадвор од неговата територија. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjps0138n7unnbnvJFNZ

(Фото) Огласи каде диви животни бараат стан во Скопје осамнаа низ Центар

Огласи „барам стан“ со необични баратели се појавија низ Скопје – рис, волк, лисица и мечка. Зад пораката стои организацијата Еко-свест, која преку креативна кампања предупредува на сè поголемото уништување на природните живеалишта во Македонија.Со симболичниот пристап, организацијата укажува дека сечењето шуми, пожарите, урбанизацијата и изградбата на мали хидроцентрали ги оставаат дивите животни без нивниот природен дом. Наместо во планините и шумите, тие „бараат стан“ во градот – како метафора за губењето на нивниот простор за живот.„Рисот, волкот, лисицата и мечката не се само ликови од народните приказни, туку вистински живи суштества кои опстојуваат заедно со нас“, истакнуваат од Еко-свест, додавајќи дека целта е да се подигне јавната свест за состојбата со природата и биодиверзитетот.Од неодамнешната Меѓународна конференција за природа одржана во Скопје, како приоритет се издвојува итното усвојување на Законот за природата, со вклучување на експерти, институции и граѓански организации во неговата подготовка, со цел системска и долгорочна заштита на природните богатства.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarysr9v32jhta05946BYBA

(Фото) Слаб земјотрес или екстремни врнежи може да биде јако за оваа зграда, алармира прфесорот Милевски за свлечиштето во Железара

Професорот Ивица Милевски од Институтот по географија при Природно-математичкиот факултет предупредува дека во Скопје, но и во другите градови, сè почесто се градат згради и придружни објекти на изразито нестабилни косини, што претставува сериозен ризик, особено во услови на интензивни врнежи и сеизмичка активност.Коментарот доаѓа по појавата на свлечиште во скопската населба Железара, каде во непосредна близина на станбена зграда е регистрирано лизгање на земјиштето. Според Милевски, кај дел од новоизградените објекти последиците стануваат видливи по само две до три години, со појава на напукнувања, пропаѓање на делови од улици, паркинзи и тротоари.„Згради (и придружни објекти) веќе се градат кај ќе се стигне, па и на изразито нестабилни косини. Кај некои нови објекти, последиците почнуваат јасно да се гледаат после само 2-3 години (вклучително и напукнувања, или пропаѓања на делови од улици, паркинзи, тротоари и др. Затоа треба да се биде мошне внимателен, особено кај објекти изградени на „меки терени“ со голем наклон и особено ако се во сеизмички поактивни региони. Интензивни, да не кажам екстремни врнежи, допрва ни следат (со сигурност), а и некое слабо земјотресче, по ефектите врз такви објекти, може да биде „јако“. Вакви згради, во Скопје, а и во другите градови, никнуваат се' повеќе, а јас само се надевам, дека нема да дојде до слизнување на цела зграда (или уште полошо, на урбан блок)“, напиша тој.Жителите алармираат дека ова свлечиште е оставено вака подолг временски период.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryr6d2fl253m3f6EhrQW9

Македонски државјанин правел грабежи во Швајцарија за да го уапсат: Сакав да ме приведат за да се одвикнам од алкохол

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече петгодишна затворска казна за 29-годишен македонски државјанин, кој во 2024 година извршил серија грабежи и други кривични дела. Случајот привлече внимание во јавноста поради необичното образложение што обвинетиот го дал пред судот – дека сакал да биде уапсен за да се ослободи од зависноста од алкохол.Според швајцарските медиуми, меѓу кои и весникот Aargauer Zeitung, во април 2024 година обвинетиот влегол во продавница во Волен со пневматски пиштол на јаглерод диоксид и одзел околу 1.500 швајцарски франци. Четири месеци подоцна, извршил уште два грабежи во Арау, двата во истата златарница. При вториот напад со чекан скршил витрина и одзел накит во вредност од околу 21.000 франци.Покрај грабежите, тој одговарал и за повеќе кражби, обиди за провала во продавници, оштетување имот, незаконито влегување, навреди, како и за насилство и закани кон службени лица.На судењето ги признал сите дела.„Бев тежок алкохоличар и навистина сакав да одам во затвор за да се одвикнам“, изјавил обвинетиот, додавајќи дека бил свесен оти постојат рехабилитациски центри, но дека сакал токму затворска казна. Според медиумските извештаи, тој покажал малку каење, а на прашањето дали бил свесен за стравот и последиците што ги предизвикал кај жртвите, одговорил дека не се доживувал себеси како закана, туку бил фокусиран на сопствениот план.Судијата посочил дека вакво образложение ретко се слуша во судската пракса, особено имајќи предвид дека обвинетиот знаел за можностите за лекување во специјализирани установи, но сепак не побарал таква помош.Освен петгодишната затворска казна, обвинетиот ќе треба да плати и над 80.000 евра, а по издржувањето на казната ќе биде протеран од Швајцарија со десетгодишна забрана за влез во земјата.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrv405b7uc33laCBlNXR

Младиот маратонец со нова битка: „Божјите планови се поголеми од моите“

Младиот маратонец и хуманист Марко Пејчиновски откри дека ги започнал своите дваесетти години со нова операција, овојпат на рамото, како последица на сообраќајна незгода што ја доживеал во 2024 година.По година и пол, како што наведува, конечно била утврдена точната дијагноза – хронична AC дијастаза во четврт стадиум, односно скинати лигаменти кои ја држат клучната коска на место. Претходно, дијагнозата била дека рамото е само потечено, што, според неговите зборови, довело до дополнително одложување на соодветниот третман.Ова е шеста операција за Пејчиновски, кој во јавноста е познат по своите хуманитарни подвизи и пливачки маратони. Во својата објава тој искрено проговори за личната борба и за моментите на сомнеж.„Зошто мене? До кога ќе треба да се мачам?“, прашува Пејчиновски, додавајќи дека сепак сфатил дека додека тој е оној што се соочува со болката, а не некој негов близок, треба да биде благодарен. „Сè додека има нов ден за да се борам, треба да сум среќен“, наведува тој.Пејчиновски порачува дека верува оти најтешките битки им се даваат на најсилните борци, истакнувајќи дека животната приказна не може да биде целосна без болка, препреки и искушенија. Пред него, како што вели, следува тежок период, но тоа е пат по кој веќе многупати чекорел.„Господе, нека биде волјата Твоја“, завршува младиот спортист, испраќајќи порака на истрајност, вера и надеж, карактеристична за неговите досегашни животни и спортски предизвици.

Медиасет | пред 2 седмици

netanjahu

Дипломатија или ескалација – спротивставени пораки по ударите врз Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека заедничката американско-израелска операција против Иран, која започна денес, „ќе создаде услови храбриот ирански народ да ја земе својата судбина во свои раце“, објави Ројтерс.„Дојде време сите сегменти на иранското општество да се ослободат од тиранијата на режимот и да создадат слободен и мирен Иран“, се наведува во изјавата на Нетанјаху. Тој ги повика и израелските граѓани да се „обединат“ со цел да ја гарантираат „вечноста на Израел“, пренесе британскиот весник Телеграф.Развојот на настаните добива дополнителна тежина ако се има предвид дека само неколку часа пред почетокот на нападите, Оман соопшти дека Иран се согласил да не складира збогатен ураниум. Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр бин Хамад Ал Бусаиди, го нарече ова „значаен пробив“, по посредувањето во третата рунда индиректни разговори меѓу САД и Иран.„Најважното достигнување е договорот дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарни материјали со кои ќе може да направи бомба“, изјави Ал Бусаиди, додавајќи дека, доколку целта е трајно да се осигури дека Иран нема да има нуклеарно оружје, тој проблем, според него, бил решен преку постигнатиот договор.Оманскиот дипломат оцени дека сите отворени прашања меѓу Иран и САД можат да се решат „на мирен и сеопфатен начин“ во рок од неколку месеци. „Мировен договор е во наша моќ, ако ѝ дадеме на дипломатијата простор што ѝ е потребен“, нагласи тој.Контрастот меѓу изјавите за дипломатски напредок и започнатите воени операции дополнително ја продлабочува неизвесноста околу идниот тек на кризата и можноста за политичко решение на долгогодишниот нуклеарен спор.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhuup808mtte8ct5PdHg

Од критики до напад: Што викаше Трамп за Иран пред 13 години

Американскиот претседател Доналд Трамп утринава објави дека американската војска започнала голема борбена операција во Иран, откако САД и Израел извршија заеднички напади врз Техеран и други ирански градови.Само ден претходно, Трамп изјави дека не е задоволен од однесувањето на Иран и дека сака да постигне договор со Техеран, но предупреди дека во одредени ситуации мора да се употреби сила. Денеска, во осумминутно видеообраќање на социјалните мрежи, тој ја потврди воената операција.Интересно е што пред 13 години Трамп јавно го критикуваше тогашниот американски претседател Барак Обама, тврдејќи дека Обама ќе го нападне Иран поради, како што напиша, „неспособност да испреговара договор“. Во објава од 2013 година на тогашниот Твитер, денес Икс, Трамп напиша дека Обама ќе нападне затоа што „нема вештина“. Сепак, Обама никогаш не изврши напад врз Иран.Трамп, пак, веќе вторпат наредува воени удари врз Иран. Првиот пат беше кон крајот на минатата година, кога САД извршија напади врз ирански нуклеарни постројки.Во денешната изјава, Трамп нагласи дека целта на операцијата е „одбрана на американскиот народ преку отстранување на непосредните закани од иранскиот режим“. Тој тврди дека Иран се обидувал да го обнови својот нуклеарен програм и дека никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје. Според него, Техеран развива далекусежни ракети што претставуваат закана за САД и нивните сојузници.Американскиот претседател најави дека ќе ги „уништи“ иранските ракетни капацитети, ќе ја „срамни со земја“ нивната ракетна индустрија и ќе ја неутрализира морнарицата, најавувајќи продолжување на воените дејствија доколку, како што рече, заканите не бидат отстранети.

Свет | пред 2 седмици

media-library9lks8svicve9cF4K6u9

(Видео) Ќе се врати ли Никола Груевски идниот февруари?

Министерката за образование и наука Весна Јаневска гостуваше во „Претрес со Ландов“, каде што меѓу другото одговараше на прашања поврзани со актуелните политички случувања и поранешни партиски поделби.Во делот од разговорот посветен на враќањето на Артан Груби, водителот Кристијан Ландов направи паралела со датумот на враќање на Сашо Мијалков (23 февруари), прашувајќи дали по таа логика следната година би можел да се врати и поранешниот премиер Никола Груевски.Јаневска одговори дека доколку во одреден момент било проценето дека неговиот живот е во опасност, тогаш одлуката да ја напушти земјата можела да се смета за оправдана.„Ако сега ситуацијата е поинаква и ако проценката е дека неговиот живот не е во опасност, тогаш според мене би можел да се врати во земјата и како секој граѓанин да излезе на суд, да се одбрани или да се докаже неговата вина“, изјави министерката.Ландов посочи дека е интересно што Јаневска застанала во некаква одбрана на Груевски, имајќи предвид дека во одреден период била дел од политичкиот проект ВМРО Народна партија, формиран по разидувањето со ВМРО-ДПМНЕ и Љубчо Георгиевски.Јаневска реагираше дека не „отишла“ во друга партија, туку дека таа и дел од тогашното раководство ја формирале ВМРО Народна.„Во тој период се разидовме, а кога се остварија услови, повторно се обединивме и мнозинството луѓе се вратија во својата матична партија, затоа што проценивме дека тоа е подобро првенствено за државата, а потоа и за партијата“, рече таа.На директното прашање дали тоа значи дека учествувала во дел од распаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ со формирањето на новата партија, Јаневска не прифати таква квалификација, инсистирајќи дека станувало збор за политичко разидување во одреден историски контекст, по што следувало повторно обединување.Целото издание на „Претрес со Ландов“, во кое се отвораат повеќе политички и општествени теми, е достапно на порталот Landov.mk.

Студио | пред 2 седмици

media-library39s2fci7gs6916JrQIB

„За мене ова е насилство врз децата, а не само перење мозок“, Најчевска реагираше оти основци беа на промоција на детски молитвеник

Професорката Мирјана Најчевска остро реагира по информациите за промоција на детски молитвеник од авторката Наталија Дикова, реализирана во соработка со ООУ „Сандо Масев“ во Струмица, а издаден со благослов на митрополитот Струмички г. Наум. Во објава на социјалните мрежи, Најчевска оценува дека станува збор за „насилство врз децата“, додавајќи дека ваквите активности, според неа, не претставуваат само „перење мозок“, туку и ограничување на различните можности, задушување на креативното размислување и наметнување еднозначност.„За мене ова е насилство врз децата. Не е само перење мозок, туку е затворање на различни можности, убивање на креативно размислување, детерминирање на еднозначност“, напиша Најчевска.Таа го цигира Законот за основно боразование: „Забрана на партиско и верско организирање и дејствување во основно училиште Член 9. Во основното училиште се забранува партиско и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја“.Потоа побара разрешување на директорот на училиштето.„Директорот на ова училиште треба веднаш да биде разрешен заедно со сите наставници кои биле вклучени во било кој дел од активноста“, додаде таа.

Коментари | пред 2 седмици

mnr-5-1

МНР апелира: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека поради влошената безбедносна состојба во Израел, упатува апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.Истовремено, Министерството препорачува сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба.Според информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.Од Министерството ги потсетуваат државјаните дека во случај на потреба од помош можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на телефонските броеви +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546, како и на електронската адреса telaviv@mfa.gov.mk.Дополнително, на располагање е и дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија: +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.Министерството соопштува дека преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив континуирано ја следи состојбата и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни случувања.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања