Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-librarylanq5msr06k433oK8i4

ОЈО ГОКК потврди акција за корупција: приведен директор за мито

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека во тек е координирана акција со Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа.„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата“, соопштија од обвинителството.Претходно, според неофицијални информации од истрагата, актуелен директор на државна институција е лишен од слобода под сомнение за примање мито. Станува збор за акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност.Неофицијално, се посочува дека приведен е директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра.Засега нема официјална потврда за идентитетот на приведеното лице, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за изолиран случај или за поширока корупциска мрежа.Од извори вклучени во акцијата неофицијално се брифира дека станува збор за дел од засилените активности за борба против корупцијата, со акцент на неселективно постапување.Се очекуваат повеќе информации по завршување на акцијата.

Македонија | пред 4 часа

media-libraryuvbq70f5b3qkbUy2O0i

(Фото) Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР

Актуелен директор на државна институција вечерва е лишен од слобода под сомнение за примање мито, во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата.Според неофицијални информации, станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Тој директорува од јули 2024 година.Во моментов нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на приведениот, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција.Од извори вклучени во акцијата, неофицијално се брифира дека станува збор за дел од засилените активности за сузбивање на корупцијата, кои акции, ќе продолжат и идниот период.Се очекуваат официјални информации од МВР и Обвинителството во текот на ноќта или утрешниот ден.

Македонија | пред 4 часа

Screenshot-2024-12-07-at-10.01.50

Чак Норис итно хоспитализиран на Хаваи по „инцидент“ на островот Кауаи

Американскиот актер и легенда на боречките вештини Чак Норис е итно хоспитализиран на Хаваи по влошување на здравствената состојба.Според информациите, тој се наоѓа во болница на хавајските острови, каде што лекарите го задржале на клиника по укажана прва помош.Иако деталите околу неговата состојба остануваат нејасни, се наведува дека луѓе блиски до актерот велат оти тој е во добро расположение и, и покрај ситуацијата, наоѓа време и за шега.

Магазин | пред 6 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Алармантно: шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие

Пет лица се лишени од слобода поради семејно насилство, а регистрирани се вкупно шест пријави во изминатото деноноќие во Скопје, Тетово, Кичево и Прилеп, информираат од МВР.Во Кичево, полицијата го привела Т.М. (33), откако, според пријавата, физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга.Во Тетово, лишен од слобода е С.К. (30) од Скопје, кој, според пријавата од неговата девојка, подолг период ја следел на повеќе локации, вклучително и на работното место, а истиот ден ѝ упатувал закани по телефон.Во Прилеп, 38-годишна жена од општина Долнени пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг.Во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, приведена е Ф.А. (38), поради пријава дека во домот физички ја нападнала својата 31-годишна сестра.Во Шуто Оризари, полицијата го лишила од слобода С.Д. (22), кој, според пријавата од поранешната сопруга, ѝ се заканувал и со употреба на сила ѝ го одзел мобилниот телефон во продажен објект.Дополнително, во Драчево е приведен А.М. (59), по пријава од неговата вонбрачна партнерка дека ја присилил да го напушти семејниот дом.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи и по нивното целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 часа

IMG_6897

Акција на МВР во Штип: 40 казни и три лица приведени

Во акциска контрола спроведена денеска во Штип, полицијата изрече 40 санкции за сообраќајни прекршоци и лиши од слобода три лица поради безобѕирно управување со моторно возило.Како што информираат од МВР, контролата била реализирана во периодот од 07:00 до 13:00 часот од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи.Од вкупно изречените мерки, три се однесуваат на измината важност на сообраќајната дозвола, една за неисправни светлосно-сигнални уреди, една за возач почетник, шест за товарни возила поради претовар, вонреден превоз и некористење на церада, три за непоседување задолжителна опрема, две за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон при возење, една за некористење заштитен шлем и шест за останати прекршоци.Дополнително, поднесени се девет барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.Три лица се лишени од слобода за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување без возачка дозвола.За сите сторители се изготвени соодветни поднесоци, а од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период.Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, нагласувајќи дека само со одговорно однесување може да се придонесе за побезбедни патишта.

Македонија | пред 7 часа

media-libraryi101b42rge3s0YdkG1s

(Видео) Боки 13 најави концерт во Белградска арена, дел ќе посвети и на затворските денови

Бојан Јовановски-Боки 13, најави концертен спектакл во Белградската Арена, закажан на 12 декември, со кој вели дека ќе одбележи 25 години кариера. Тој нагласи дека не станува збор за класичен концерт, туку за комплексна продукција со јасна концепција и сценска нарација.„Ова нема да биде класичен концерт за да се отпее репертоар, туку големо шоу со четири целини“, изјави Боки 13.Концертот ќе биде поделен во четири сегменти – автобиографија, дел посветен на Марина Туцаковиќ, поп-империја и боемска вечер.Во првиот дел, како што најави, ќе бидат прикажани и фотографии од периодот кога беше во затвор каде издржуваше казна за случајот „Рекет“, поврзани со музиката што го одбележала тој дел од неговиот живот.На сцената ќе настапи оркестар од 30 музичари и хор од 100 луѓе, додека визуелниот концепт ќе се менува на секоја трета композиција. Во рамки на шоуто се најавени и бројни гости.Боки 13 откри дека еден од сегментите ќе биде целосно посветен на Марина Туцаковиќ, истакнувајќи дека досега никој не реализирал концерт во нејзина чест, иако стои зад најголемите регионални хитови.Во делот „поп-империја“ ќе бидат изведени негови дуети со колешки, додека завршницата ќе донесе боемска атмосфера со друг оркестар.Во пресрет на концертот, Боки 13 зборуваше и за приватниот живот и односите со колегите. Тој истакна дека не бара поддршка од луѓе со кои не комуницира.„Не сакам фејк луѓе околу себе. Поддршка барам само од оние со кои сум во контакт“, рече тој.Воедно, откри дека во моментов живее на релација Белград–Скопје и дека во Белград престојува во хотел каде што е сместена и пејачката Ана Николиќ, со која подготвува нов дует.„Животот со Ана е лудачки, но пред сè сме пријатели“, изјави Боки.Јовановски најави дека ќе даде „100 проценти од себе“ за концертот во Белград, со амбиција спектаклот да влезе во редот на светски продукции.Боки 13 се врати во јавниот живот откако одлежан казна за случајот „Рекет“ каде беше осуден на девет години затвор. Тој има и свој поткаст „Б13“, а е дел и од жири комисијата на српско талент шоу „Хајп ѕвезди“.

Настани | пред 7 часа

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Хегсет: САД се обидуваат да ја пробијат интернет-блокадата во Иран

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД преземаат активности за надминување на интернет-блокадата во Иран, во услови кога властите во Техеран строго го контролираат пристапот до мрежата.„Гледаме како режимот се обидува максимално да ја заостри контролата врз интернетот. Ние, секако, преземаме контрамерки“, рече Хегсет, без да открие детали за конкретните активности.Тој нагласи дека е важно информациите да стигнат до иранскиот народ, обвинувајќи го Техеран дека шири дезинформации преку „лажни извештаи и манипулирани содржини“.„Нивниот народ едвај може да комуницира поради блокадата што им е наметната, но ние наоѓаме начини да го заобиколиме тоа“, изјави Хегсет.Во меѓувреме, конфликтот дополнително ја комплицира информативната слика, со нагло зголемување на бројот на видеа и фотографии генерирани со вештачка интелигенција, што го отежнува разликувањето на вистинити од лажни информации.Иранските власти, пак, ја оправдуваат интернет-блокадата со безбедносни причини. Министерот за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека мерките се неопходни поради тековните напади.„Интернетот е ограничен од безбедносни причини. Под напад сме и мораме да го заштитиме народот“, рече Аракчи, додавајќи дека има пристап до интернет за да ја пренесе позицијата на Иран пред меѓународната јавност.

Свет | пред 11 час

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц: Германија подготвена за мисија во Ормутскиот теснец, но по завршување на војната

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија е подготвена да се вклучи во меѓународна мисија за обезбедување на Ормутскиот теснец, но само по завршување на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.„Сакам да испратам јасен сигнал дека сме подготвени да помогнеме. Но за тоа да се случи, борбите мора да престанат“, рече Мерц во пресрет на самитот на Европската Унија во Брисел.Тој нагласи дека евентуалното учество на Германија би било можно само со меѓународен правен мандат.Мерц ја поздрави и, како што рече, подготвеноста на американскиот претседател Доналд Трамп за деескалација на конфликтот.„Особено сум благодарен што беше испратен сигнал дека постои волја за прекин на борбите“, изјави тој, додавајќи дека таков исход би зависел и од потезите на Иран – вклучително и откажување од нуклеарната програма и прекин на нападите во регионот.Според него, доколку во наредните денови се постигне напредок, тоа би значело дека ситуацијата се движи во позитивна насока, но предупреди дека предизвиците ќе останат долгорочни.Германија, додаде Мерц, останува во постојан контакт со партнерите од регионот и земјите од Персискиот Залив во врска со развојот на ситуацијата.

Свет | пред 11 час

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Тешко повреден мопедист во сообраќајка во Скопје

Мопедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на крстосница во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 18 март 2026 година околу 16:30 часот, на крстосницата од улиците „Пекљане“ и „Антон Кецкаров“, помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Х.Б. (60) од Скопје и мопед управуван од Љ.М. (55) од село Ново Село.Во незгодата, мопедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.На местото на настанот е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 11 час

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Пијан возач предизвика сообраќајка кај Кичево, приведен по несреќата

Сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Кичево–Осломеј, во која се повредени двајца возачи, а едниот од нив управувал под дејство на алкохол, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 18 март 2026 година околу 17:25 часот, помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Ф.Ф. (29) од Кичево и патничко возило „пежо“, управувано од А.Џ. (55) од селото Црвевци.По судирот, двајцата возачи биле пренесени во болницата во Кичево, каде кај А.Џ. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Ф.Ф. биле утврдени телесни повреди.При извршеното алкотестирање, било утврдено дека А.Џ. управувал со возилото со 1,71 промили алкохол во крвта.По наредба на јавен обвинител, возачот е лишен од слобода, а неговото возило е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 11 час

Screenshot-2022-12-04-at-16.32.45

Натепан возач на ЈСП во Чаир

Возач на автобус на ЈСП бил физички нападнат на подрачјето на Чаир, информира Министерството за внатрешни работи.На 18 март 2026 година во 09:45 часот, во СВР Скопје, С.Д. (58) од Скопје пријавил дека додека управувал автобус, бил нападнат од П.В. (43), исто така од Скопје.По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 11 час

2-1-2

Жена удрена од возач на тротинет

На 18 март 2026 година во Скопје, на велосипедска патека кај автобуска постојка на улицата „11 Октомври“, електричен тротинет управуван од женско лице удрил во 59-годишна жена и го напуштил местото на настанот.Повредената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 11 час

media-library963itlorsjh66m2weA1

Тешка несреќа во Прилеп: судир меѓу автомобил и тротинет, маж заврши во болница

На 18 март 2026 година во 06:50 часот во Прилеп, на крстосница од улиците „Пере Тошев“ и „Димче Антулески“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ управувано од С.К. (22) и електричен тротинет управуван од М.Д. (41).Во несреќата, возачот на тротинетот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Прилеп. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 11 час

kriva-palanka

Подметнат пожар во Крива Паланка: уништена штала со сено

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.М. (49) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.На 28 јануари 2026 година, во атарот на село Луке, пријавениот опожарил помошен објект – штала, во која имало пет тони сено, како и земјоделски алат и опрема во сопственост на четири лица.

Македонија | пред 11 час

media-library37s0fjk665nb39UZPfh

Семејно насилство во светиниколско: сопруга претепана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.В. (33) од светиниколско село поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.Според пријавата, на 22 февруари 2026 година, пријавениот во неколку наврати физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел телесни повреди. Случајот е целосно документиран и ќе биде процесиран.

Македонија | пред 12 часа

media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

Млад скопјанец пронајден мртов во стан, телото дадено на обдукција

Дваесет и четиригодишен скопјанец бил пронајден мртов во стан во Скопје, откако негов пријател го затекнал во бессознание, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 18 март 2026 година во 19:42 часот, во СВР Скопје, Н.Г. (26) пријавил дека околу 19:40 часот го пронашол својот другар М.С. (24) во бессознание.Како што е наведено, починатиот дошол кај него околу 10:00 часот, по што легнал да спие. Подоцна, кога пријавителот се разбудил, го затекнал М.С. во бессознание.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.На местото на настанот е извршен увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Скопје | пред 12 часа

vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ: СДС зборува конфузно, без аргументи и без суштина

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на СДСМ, обвинувајќи ја опозициската партија за, како што велат, конфузен и неаргументиран настап.„СДС денес звучи како евтин АИ модел – многу зборови, никаква суштина, конфузија и неповрзани нешта. Народски кажано: тропаат како ‘Максим по дивизија’“, се наведува во реакцијата.Од партијата велат дека СДСМ истовремено отвора повеќе теми без јасна логика, аргументи или конкретна цел.„Партијата која седум години ветуваше ЕУ ‘утре’, денес зборува за реформи кои самата не ги направи. Партијата која го урниса правосудството, сега држи лекции за владеење на правото. Партијата која ја заглави државата, зборува за изолација“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Според нив, наместо одговори за, како што посочуваат, неисполнетите ветувања и недостигот на резултати во периодот на владеење, СДСМ нуди „конфузија и празни тези“.Во реакцијата се упатува и директна критика кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче.„Не знаеме што му е на Филипче, но посакуваме да се соземе и да престане да кажува глупости. Ова не е политика, ова е конфузија“, стои во соопштението.

Свет | пред 12 часа

Jane-Cento-696x371

„Да се исправат неправдите“ – порака од осудениот Ченто до Савески

Осудениот за настаните од 27 април, Јане Ченто, му честиташе на новоименуваниот државен јавен обвинител Ненад Савески, изразувајќи очекување за суштински промени во функционирањето на обвинителството.„Очекувам и се надевам дека конечно ќе видиме правда што ќе се применува еднакво за сите – без селекција, без притисоци и без политички нарачки“, порача Ченто.Тој нагласи дека по години, како што вели, исполнети со сериозни сомнежи во работата на обвинителството, неопходно е отворање и преиспитување на предметите кои ја разнишаа довербата на граѓаните во правниот систем.„Македонија не смее да остане заробена во неправда“, истакна Ченто.Во пораката до Савески, тој му посака успешна работа, но потенцираше дека уште поважно е да се покаже храброст за исправување на неправдите.„Потребна е храброст да се стави крај на користењето на институциите како средство за политички пресметки. Државата мора да излезе од правното мочуриште и да стане вистинска правна држава“, додаде Ченто.

Коментари | пред 12 часа

rute

Руте: Ормутскиот теснец мора да се отвори, ќе најдеме решение

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, порача дека сојузниците ќе мора да најдат начин за повторно отворање на Ормутскиот теснец, нагласувајќи дека станува збор за клучна артерија за светската економија.„Убеден сум дека сојузниците, како и секогаш, ќе направат сè за да ги заштитат заедничките интереси. Ќе најдеме пат напред“, изјави Руте, коментирајќи ги разликите меѓу САД и европските партнери околу начинот на дејствување.Тој потенцираше дека постои широк консензус дека теснецот не смее да остане затворен.„Сите се согласуваат дека Ормутскиот теснец мора повторно да се отвори што е можно побрзо. Тоа е од клучно значење за светската економија“, додаде Руте.Изјавата доаѓа во услови на тензии меѓу Вашингтон и европските сојузници, откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО може да се соочи со „многу лоша иднина“ доколку сојузниците не помогнат во обезбедување на поморскиот сообраќај.Сепак, дел од европските држави веќе сигнализираа дека не се подготвени да учествуваат во евентуална воена операција во регионот.Иран во меѓувреме практично го блокираше Ормутскиот теснец како одговор на американско-израелските напади, што доведе до нагло зголемување на цените на енергенсите и дополнителна нестабилност на глобалните пазари.

Свет | пред 12 часа

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Ормутскиот теснец ја тресе Европа: Италија и Белгија најпогодени

Речиси целосниот прекин на трговскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец сериозно ги погоди економиите на Европската Унија, а најголем удар трпат Италија и Белгија, покажува нова анализа на европски истражувачки институти.Според студијата на „Supply Chain Intelligence Institute Austria“, „Complexity Science Hub“ од Виена и Технолошкиот универзитет во Делфт, најголем ризик постои кај земјите кои се силно зависни од увоз на енергенси од Персискиот Залив.Италија е најизложена, со годишен увоз од регионот вреден околу 9,8 милијарди долари. Од ова, значаен дел отпаѓа на течен природен гас од Катар (околу 4,4 милијарди долари) и пропан (приближно 3,2 милијарди долари).Белгија, пак, е силно зависна од катарскиот течен гас, кој годишно го увезува во вредност од околу 5,8 милијарди долари, главно преку пристаништето Зебриж, што ја прави особено ранлива на нарушувања во снабдувањето.Ормутскиот теснец не е значаен само за енергенсите, туку и за глобалната трговија со дијаманти, кои се транспортираат од Обединетите Арапски Емирати кон Антверпен.Германија годишно увезува стока од регионот во вредност од околу 5,7 милијарди долари, претежно од Емиратите, додека Обединетото Кралство е најизложено на ниво на Европа, со увоз вреден околу 12,9 милијарди долари, од кои речиси половина се гасни производи од Катар.Авторите на студијата предупредуваат дека економските последици ќе зависат од времетраењето на блокадата. Доколку трае подолго од четири недели, нарушувањата може да се прелеат низ глобалните синџири на снабдување и да предизвикаат поширока економска криза.Иран ја презеде контролата врз Ормутскиот теснец по американско-израелските напади, воведувајќи ограничувања за бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници, што дополнително ја продлабочува неизвесноста на светските пазари.

Свет | пред 12 часа

media-librarysmn3cqcilvd52A4WLNo

Израел повторно го отвори преминот Рафа за евакуација на ранети од Газа

Израел повторно го отвори граничниот премин Рафа кон Египет, по речиси три недели затворање, со цел да им се овозможи на дел од ранетите Палестинци да добијат медицински третман надвор од Појасот Газа.Според Палестинската Црвена полумесечина, дозвола за излез добиле осум ранети лица и 17 членови на нивните семејства, кои ќе заминат на лекување во Египет. Засега не е познато дали и кога ќе им биде дозволено враќање назад во Газа.Отворањето на преминот доаѓа по дипломатски разговори во Каиро, во кои учествувале претставници поврзани со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и функционери на Хамас, со цел да се зачува кревкото примирје во Газа.Преминот Рафа претходно беше отворен на почетокот на февруари, но во најголем дел остана затворен од мај 2024 година, во екот на израелската воена операција против Хамас.Иако отворањето носи одредено олеснување за цивилите, состојбата на теренот останува нестабилна. Во последните напади во градот Газа загинаа најмалку четири лица, а неколкумина се повредени, според локалните здравствени власти.Интензитетот на нападите, кој беше намален по почетокот на американско-израелските операции против Иран, повторно е во пораст, што дополнително го загрозува примирјето.И Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за негово кршење, додека хуманитарната ситуација во Газа останува критична.

Свет | пред 12 часа

nafta-696x465-1

Аналитичар: Растот на цените на нафтата и гасот нема да биде краткорочен

Наглиот раст на цените на нафтата и природниот гас, предизвикан од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, нема да биде привремен, туку може да прерасне во подолгорочен тренд, предупредуваат економските аналитичари.Цената на „брент“ нафтата утринава надмина 115 долари за барел, што е највисоко ниво во последната недела, додека цените на гасот пораснаа за околу 30 проценти. Причина за ова се нападите врз енергетската инфраструктура и сериозните нарушувања во снабдувањето.Клучен проблем претставува и отежнатиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, преку кој се транспортира значителен дел од светските енергенси.Џејмс Мидвеј, заменик-директор на британскиот тинк-тенк „Вердант“, оценува дека станува збор за многу посериозен шок од очекуваното.„Ова не е краткорочен скок. Пред неколку недели постоеше надеж дека пазарите ќе се стабилизираат, но сега ситуацијата е суштински променета“, вели Мидвеј.Тој посочува дека, покрај проблемите со транспортот, сега се јавуваат и директни удари врз производството на нафта и гас, особено гасот, што дополнително ја намалува глобалната понуда.Според него, ваквиот развој укажува дека ценовниот раст ќе има подолгорочни последици и ќе продолжи да врши притисок врз економиите ширум светот.

Свет | пред 12 часа

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Хегсет најави најсилни удари врз Иран: „Денес ќе биде најголемата операција“

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави нова ескалација на воените операции против Иран, посочувајќи дека денес ќе бидат изведени „најголемите удари досега“.„Денес ќе изведеме најголеми удари досега“, изјави Хегсет на прес-конференција, нагласувајќи дека операциите се одвиваат според планот и дека досегашните цели се постигнати.Тој тврди дека иранските противвоздушни системи се значително ослабени, а делови од одбранбената индустрија се „системски уништени“.Според Хегсет, американските сили досега потопиле повеќе од 120 ирански воени бродови, како и 11 подморници, што, како што рече, претставува сериозен удар врз воените капацитети на Иран.Оваа најава доаѓа во момент кога конфликтот дополнително ескалира, а меѓународната заедница предупредува на ризик од поширока регионална дестабилизација.

Свет | пред 12 часа

Libanci-raseleni

ЕУ предупредува: Израелска офанзива може да предизвика нов бегалски бран

Европските сили упатија сериозно предупредување до Израел поради можната копнена офанзива во Либан, оценувајќи дека таков потег би имал тешки хуманитарни последици и би можел да предизвика нов бегалски бран кон Европа.Во заедничка изјава, лидерите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Канада предупредија дека „обемна израелска копнена офанзива би имала разорни последици и мора да се спречи“, додека израелската војска веќе потврди дека спроведува „ограничени и насочени операции“ на југот на Либан против Хезболах.Стравувањата се дека овие операции може да ескалираат во поширока инвазија на јужен Либан, регион кој е под силно влијание на Хезболах. Дополнителен ризик претставува и внатрешната нестабилност во Либан, каде веќе се продлабочуваат тензиите меѓу различните верски заедници.Според проценките, до 900.000 луѓе веќе се раселени, што создава сериозен притисок врз државата која и онака со години се соочува со економска криза.Европските лидери особено се загрижени дека ескалацијата може да предизвика нов бран миграции кон Европа.„Постои реален страв дека ова е сценарио кое ќе натера илјадници луѓе да го напуштат Блискиот Исток и да се упатат кон Европа“, предупредуваат аналитичари.Покрај хуманитарните последици, постои и ризик за мировните сили на ОН (УНИФИЛ), кои веќе се нашле под закана во судирите меѓу Израел и Хезболах.Иако Европската Унија најави пакет помош од 100 милиони евра за Либан и веќе испрати хуманитарна помош, аналитичарите посочуваат дека реалниот притисок врз Израел може да дојде само преку економски мерки.ЕУ е најголем трговски партнер на Израел, но досега не покажала подготвеност да го искористи тој механизам како средство за политички притисок.Во меѓувреме, европските лидери повикуваат на дипломатско решение и преговори, но без конкретен план како да се постигне деескалација на конфликтот.

Свет | пред 12 часа

market-pari

Да се намали акцизата на горивата, ДДВ-то на основните прехрамбени производи, цената на патарините, бара Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека партијата во текот на денот ќе поднесе пакет законски предлози со цел намалување на ценовниот притисок врз граѓаните, во услови на растечки трошоци за живот.„Ќе ги поднесеме нашите предлог-закони за намалување на акцизата на горивата, намалување на ДДВ-то за основните прехранбени производи и преполовување на патарините. Апелираме до оваа ненародна, корумпирана власт да ги прифати и да им излезе во пресрет на граѓаните“, изјави Филипче.Тој оцени дека Владата не презема соодветни мерки во време на економска криза и раст на цените.„Не растат платите, а наместо итни владини седници за помош на граѓаните, владиниот тим се шета во Брисел на прослави“, рече Филипче.Лидерот на СДСМ предупреди дека граѓаните се соочуваат со сериозен економски притисок, особено поради најавените поскапувања на струјата и растот на цените на основните производи.„Кога граѓаните утре нема да можат да ги платат надуените сметки за струја и нема да можат да обезбедат ни половина од потрошувачката кошничка, треба да се сетат дека премиерот бил на прослава на ЕПП“, додаде Филипче.

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања