Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

media-libraryd6tip4smt7ah6hpRKzp

Иран се закани со жесток одговор ако бидат нападнати иранските пристаништа

Иран предупреди дека пристаништата во регионот ќе станат „легитимни цели“ доколку бидат нападнати иранските пристаништа, изјави портпаролот на иранската армија.Заканата доаѓа откако американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) ги повика цивилите во Иран веднаш да се оддалечат од сите пристанишни објекти долж Ормускиот Теснец каде што дејствуваат иранските поморски сили.Иранскиот воен портпарол порача дека Техеран ќе возврати со напади врз пристаништа во регионот доколку бидат погодени иранските пристаништа.Претходно, ЦЕНТКОМ предупреди дека иранските власти користат цивилни пристаништа за воени операции кои го загрозуваат меѓународниот поморски сообраќај.Во соопштението се наведува дека таквите објекти, според меѓународното право, можат да го изгубат статусот на заштитени цивилни цели и да станат легитимни воени цели.Американската војска ги повика пристанишните работници, административниот персонал и екипажите на трговските бродови да се оддалечат од иранските воени бродови и опрема, предупредувајќи дека не може да гарантира безбедност на цивилите во близина на објекти што се користат за воени цели.

Свет | пред 5 дена

media-libraryiqoko17esglp0xh5opN

Мицкоски по средбата со маркетите: Нема да дозволиме профитерство

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека одржал средба со претставници на големите трговски синџири во државата, на која било разговарано за состојбата со цените на производите.Тој истакна дека институциите активно ја следат состојбата на пазарот и порача дека нема да се дозволи профитерство.„Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа“, изјави Мицкоски.Според него, на средбата со претставниците на маркетите било заеднички заклучено дека цените треба да останат фер и дека не треба да има ново зголемување на производите.Премиерот додаде дека Владата ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и дека ќе интервенира доколку се појави потреба, нагласувајќи дека најважен е интересот на граѓаните.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Предупредување: Без отворање на Ормускиот Теснец ќе расте инфлацијата, пуштање на резервите не може трајно да ги стабилизира пазарите

Планот на Меѓународната агенција за енергија за пуштање 400 милиони барели нафта од стратешките резерви е важен чекор, но претставува само краткорочно решение за енергетската криза, предупреди енергетската аналитичарка Корнелија Мајер.Во изјава за „Ал Џезира“, таа посочи дека предложената количина е помала од четиридневната глобална потрошувачка на нафта и не може трајно да ги стабилизира пазарите.„Мора да се стави во перспектива – има граница колку може да се направи. На крајот, потребно е повторно да се отвори Ормускиот Теснец“, изјави Мајер.Според неа, потребно е и производителите од земјите на Персискиот Залив и Ирак повторно да ја зголемат продукцијата што моментално е намалена поради конфликтот, но тој процес ќе потрае.Мајер предупреди дека додека танкерите не можат слободно да поминуваат низ Ормускиот Теснец, ќе продолжи притисокот врз цените на енергијата и инфлацијата. Во такво сценарио, особено погодени би биле земјите во развој кои зависат од увоз на гас, како Бангладеш и Пакистан.Таа додаде дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати имаат алтернативни нафтоводи за извоз, но нивниот капацитет е ограничен и не може целосно да го замени транспортот преку Ормускиот Теснец.

Свет | пред 5 дена

media-librarytvmsd8b75tdedc6gOEW

Проблематичните крави од Крива Паланка одат на продажба, откако пет години трае драмата со нив

Веќе во понеделник може да започне продажбата на кравите заловени во Крива Паланка кои се шетаа слободно низ цел град. По пет години поплаки од жителите, Агенцијата за храна и ветеринарство ги заловува, а ако сите грла се здрави, ќе бидат ставени на јавен оглас.Владата ја овластила Агенцијата да врши продажба на заловената стока, а на огласот ќе можат да се јавуваат и кланици. Тимови на АХВ неколку пати беа на терен и досега заловија 80 крави од стадото кое брои над 500 грла.Едно од последните заловувања помина како да е сценарио од филм. Додека тимови на АХВ заловуваа, а полицијата обезбедуваше, се појави девојката Јулијана Ѓорѓиевска која ги пасела и почнала да ги брка кон недостапен предел за да не и ги земат. Од друга страна, девојката посочи дека само ги смирувала бидејќи биле исплашени од страна на инспекторите.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryah68sat8j4fr2cvJh9Q

(Видео) Хаос на аеродромот во Дубаи: илјадници патници заглавени, летови се откажуваат и доцнат поради ескалација на судирот со Иран

Масовни гужви и часови неизвесност ги одбележаа терминалите на меѓународниот аеродром во Дубаи, откако голем број летови почнаа да доцнат или да се откажуваат поради безбедносни ограничувања и затворање делови од воздушниот простор во регионот. Илјадници патници останале збиени во халите, со багаж во раце, обидувајќи се да најдат алтернатива за продолжување на патувањето или за напуштање на Обединетите Арапски Емирати.Нарушувањето на авио-сообраќајот доаѓа во момент на зголемени тензии во Западна Азија, по ескалација на судирот меѓу САД, Израел и Иран. Поради ризици и нови безбедносни мерки, авиокомпаниите и надлежните служби воведуваат промени во маршрутите, дополнителни проверки и привремени прекини на сообраќајот, што директно ги погодува транзитните патници во Дубаи – еден од најпрометните светски авио-јазли.Патници, кои своите искуства ги споделиле на социјалните мрежи и на интернет-заедници, опишувале дека биле задржувани во терминалите и добивале препораки да се држат подалеку од прозорците и да ги следат насоките на персоналот и безбедносните служби, поради можни закани во околината на аеродромот.Нарушувањето, се наведува, се продлабочило по удари врз Иран и последователни контра-напади, што поттикнало поширок регионален одговор со ограничувања во воздушниот простор. Како резултат на тоа, Дубаи се соочува со значајни оперативни застои, додека патниците се обидуваат да го пренасочат патувањето, да ги променат билетите или да обезбедат сместување додека чекаат нови информации за летовите.

Свет | пред 5 дена

media-library1962sadu8gbl32A2EXX

Аналитичар: Трамп веројатно нема да испрати копнени сили во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најверојатно нема да испрати американски копнени сили во Иран, бидејќи ја има предвид лекцијата од инвазијата врз Ирак во 2003 година, смета Пол Масгрејв од Универзитетот „Џорџтаун“ во Катар.Во изјава за „Ал Џезира“, Масгрејв оценил дека војната во Ирак била лошо темпирана и завршила со сериозни последици за САД, додека Иран претставува значително поголема и покомплексна цел.Тој додаде дека со оглед на тоа што иранските одговори веќе почнуваат да влијаат врз глобалната економија, важно е САД да најдат начин за излез од конфликтот. Сепак, според него, останува нејасно дали Вашингтон е подготвен за таков дипломатски чекор.Масгрејв оцени дека, и покрај проблематичниот почеток на војната, внимателна дипломатија и управување со кризата би можеле да доведат до решение, но изрази сомнеж дека таков пристап ќе биде применет од администрацијата на Трамп.

Свет | пред 5 дена

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Трамп: Одлуките на Г7 имаат огромно влијание врз светот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуките на лидерите на групата Г7 имаат „огромно влијание“ врз светот, по состанокот на кој се разговараше за војната со Иран и нејзините економски последици.„Мислам дека имаме огромно, навистина неверојатно влијание врз светот“, рече Трамп во кратка видеопорака објавена од француското претседателство, откако збор му даде францускиот претседател Емануел Макрон, домаќин на состанокот на Г7.Не е веднаш јасно дали Трамп се осврна на одлуката донесена непосредно пред неговото обраќање.Имено, Меѓународната агенција за енергија препорача пуштање на 400 милиони барели нафта од стратешките резерви, што претставува најголема интервенција од ваков вид во историјата на агенцијата. Мерката има цел да го ублажи силниот раст на цените на нафтата предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран.

Свет | пред 5 дена

media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj

Трамп најави крај на војната: „Ќе заврши кога и да посакам“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран би можела да заврши наскоро, бидејќи, како што рече, „речиси нема повеќе цели за напад“. Во краток телефонски разговор за „Аксиос“, Трамп посочи дека операцијата може да заврши „кога и да посака“.„Тука и таму има уште нешто... Ќе заврши кога јас ќе одлучам“, изјави Трамп.Иако претседателот сигнализира дека операцијата ги постигнала главните цели, американски и израелски претставници велат дека нема јасна внатрешна директива кога би можеле да престанат борбите. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека војната ќе продолжи „без временско ограничување, сè додека не се постигне целосна победа“.Според извори од Вашингтон и Тел Авив, се подготвуваат уште најмалку две недели напади врз цели во Иран.Трамп оцени дека операцијата се одвива подобро од очекувањата и дека американските сили нанеле поголема штета отколку што било првично предвидено.Американските разузнавачки служби во меѓувреме добиле информации дека Иран почнал да поставува мини во Ормускиот Теснец, еден од најважните светски поморски патишта за транспорт на нафта. Според Трамп, американските удари уништиле 16 бродови за поставување мини и така ги попречиле тие планови.Командантот на американската Централна команда, адмирал Бред Купер, изјави дека целта на операцијата е да се елиминира способноста на Иран да ја загрозува пловидбата и да проектира воена моќ во регионот. Тој додаде дека бројот на ирански ракетни и беспилотни напади значително се намалил.Кога ги најави првите напади, Трамп постави четири главни цели на американската воена операција: уништување на иранската ракетна индустрија, уништување на иранската морнарица, спречување на активностите на иранските сојузници во регионот и оневозможување Иран да дојде до нуклеарно оружје.

Свет | пред 5 дена

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Си-ен-ен: САД и Иран водат две различни војни реалности

Најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп веќе подготвуваат наратив за победа во војната со Иран, во пресрет на моментот кога Вашингтон би можел да се повлече од конфликтот, пишува Си-ен-ен.Според анализата, Белата куќа создава сценарио во кое Трамп лично би прогласил безусловна предавање на Иран, дури и ако реалноста на теренот не го потврдува тоа. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјавил дека само претседателот може да процени дали војната е „на почетокот, во средината или на крајот“.Од друга страна, иранското раководство има поинаква цел – да ја издржи американската воена и политичка волја за нов долг конфликт. Аналитичарите сметаат дека за Техеран дури и опстанокот на режимот би се сметал за победа.Во исто време расте притисокот за пронаоѓање излез од војната, бидејќи енергетската криза и блокадата на транспортот на нафта преку Ормускиот Теснец носат ризик од глобални економски последици.Анализата посочува дека САД често водат поинаква војна од своите противници – потпирајќи се на технолошка надмоќ и силни воздушни удари, додека противниците се приспособуваат со асиметрични тактики, долготрајни конфликти и регионални сојузи.Според експертите, можно е и двете страни на крајот да прогласат победа. За Вашингтон тоа би било слабеење на иранската воена и нуклеарна инфраструктура, а за Техеран – фактот дека режимот успеал да преживее директен судир со водечката светска сила.

Свет | пред 5 дена

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Фаќале прашина и застарувале: најдени предмети кај судијата Ѓоко Ристов кои не ги чепкал сѐ до истекување на роковите

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон.Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, околностите упатуваат дека станува збор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов, против кого претходно беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет. Неговото име повторно се најде во фокусот на јавноста откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени околу 350.000 евра заѕидани во кујна, по што против него е отворена истрага.Работна група на Судскиот совет при вонреден увид утврдила пречекорување на законските рокови, неоправдани одложувања на јавни седници и ситуации во кои обвинетите подолго останувале во куќен притвор поради одложувања на постапките. Во еден случај, објавувањето на пресудата било одложено за 62 дена по завршувањето на расправата, што претставува прекршување на Законот за кривичната постапка.Во извештајот беше посочен и предметот „Спец каса“, кој бил пред Апелациониот суд речиси година и пол. За тој период биле закажани 16 јавни расправи, а на крајот настапила апсолутна застареност на 30 декември 2025 година. Во друг предмет застарувањето било избегнато единствено поради итното постапување на Врховниот суд.Судскиот совет заклучи дека постојат сомневања дека судијата не вложил доволно напори предметите да бидат завршени навреме, со што кривичниот прогон бил доведен во опасност од застарување.Покрај тоа, Советот веќе му го одзеде судискиот имунитет на Ристов, даде согласност за определување куќен притвор и донесе одлука тој привремено да биде оддалечен од вршењето на судиската функција до правосилно завршување на кривичната постапка.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryuticfkoagm3t24zQhbr

Трагична грешка во војната: Томахавк погодил училиште во Иран каде загинаа деца

Американска воена истрага утврдила дека САД се одговорни за смртоносниот ракетен напад врз основно училиште во Иран, пренесува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со прелиминарните наоди. Нападот со ракета „томахавк“ на 28 февруари се случил поради грешка во целењето, откако американската војска користела застарени податоци од Одбранбената разузнавачка агенција.Во нападот врз училиштето „Шајара Тајебех“ во градот Минаб, според ирански извори, загинале најмалку 175 лица, меѓу кои најголем дел деца. Проектилот бил насочен кон блиска воена база на иранската Револуционерна гарда, а училиштето некогаш било дел од тој воен комплекс.Прелиминарните наоди покажуваат дека координатите за целта биле одредени врз основа на застарени информации. Истражителите сè уште проверуваат зошто тие податоци не биле навреме ажурирани и потврдени.Нападот веќе предизвика силни реакции и фрли сенка врз американската воена операција во Иран, бидејќи станува збор за еден од најтешките воени инциденти со цивилни жртви во последните децении.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја обвинил иранската страна за нападот, но подоцна изјавил дека не располага со доволно информации и дека ќе ги прифати резултатите од истрагата.Според анализата на „Њујорк тајмс“, училиштето во Минаб се наоѓа во ист блок со објекти на иранската морнарица, но од воениот комплекс било физички одвоено меѓу 2013 и 2016 година. Сателитските снимки покажуваат дека биле отстранети стражарските кули, отворени јавни влезови и уредени училишни игралишта.Истражителите проверуваат и дали во процесот на избор на целите имало улога вештачката интелигенција, но засега се смета дека станува збор за човечка грешка во услови на воена операција.Случајот потсетува на бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград во 1999 година, кога поради застарени карти и погрешни координати во напад на НАТО загинаа тројца кинески државјани.

Свет | пред 5 дена

media-libraryh7efve6m7iocbHsQFnW

(Видео) Напад со дрон врз училиште и здравствен центар во Судан: Најмалку 17 загинати

Најмалку 17 лица, меѓу кои најголем дел ученички, загинаа во напад со дрон натоварен со експлозив кој погодил средно училиште и здравствен центар во јужен Судан, соопштија болнички извори и медицински организации.Во нападот се повредени најмалку 10 лица, изјави директорот на болницата во градот Дувеим, Муса ал-Маџери. Тој посочи дека три девојчиња се здобиле со тешки повреди – две се оперирани во болницата во Дувеим, додека третата е префрлена на лекување во главниот град Картум.Нападот врз селото Шукеири е последниот во низата смртоносни инциденти во речиси тригодишната војна во Судан, каде се судираат суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ). Според локални извори, за нападот се обвинуваат токму овие паравоени сили.

Свет | пред 5 дена

w_55664211

Ирак го осуди „неправедниот“ воен напад врз Иран

Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани го осуди, како што го нарече, „неправедниот војен напад“ врз Иран за време на телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.Според соопштението од кабинетот на ирачкиот премиер, ал-Судани изразил и сочувство за смртта на поранешниот ирански врховен лидер ајатолахот Али Хаменеј.Тој истакнал дека Ирак нема да дозволи неговата територија да се користи како полазна точка за напади врз Иран и предупредил дека напади врз цели во Ирак би претставувале нарушување на ирачкиот суверенитет.

Свет | пред 5 дена

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Макрон повика на воздржаност од Израел и Хезболах

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на воздржаност од Израел и од движењето Хезболах поради зголемувањето на бројот на раселени лица во Либан.Во објава на социјалната мрежа Икс, Макрон соопшти дека Франција испраќа 60 тони итна хуманитарна помош за населението погодено од борбите, во координација со Обединетите нации и хуманитарни организации.Тој го повика Хезболах да престане со нападите од територијата на Либан кон Израел и да го предаде оружјето на либанската армија.Во исто време, Макрон нагласи дека Израел мора да го почитува суверенитетот на Либан и да покаже воздржаност, додавајќи дека Израелците и Либанците имаат „исто право да живеат во мир и безбедност“.

Свет | пред 5 дена

media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Контрадикторни информации за состојбата на новиот ирански врховен лидер

Новиот ирански врховен лидер Мојтаба Хаменеј наводно е повреден за време на американско-израелските воздушни напади врз Техеран на 28 февруари, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата.Според тие информации, Хаменеј има скршеница на стапалото, модринка околу левото око и полесни повреди на лицето.Иранскиот амбасадор на Кипар, Алиреза Саларијан, изјави за „Гардијан“ дека новиот врховен лидер бил повреден во нападот во кој загинале шест членови на неговото семејство, меѓу кои и неговиот татко, ајатолахот Али Хаменеј. Тој наведе дека Хаменеј најверојатно се наоѓа во болница и поради повредите не може да се појави во јавноста.Во меѓувреме се појавуваат различни информации за неговата здравствена состојба. Дел од иранските претставници тврдат дека повредите се полесни и дека Хаменеј продолжува да ги извршува своите должности, додека други извори наведуваат дека тој закрепнува по нападот.Хаменеј досега не се појави во јавноста откако ја презеде функцијата врховен лидер по смртта на неговиот татко.

Свет | пред 5 дена

media-library7nn32aslnedt6jdSQv2

(Видео) Иран погоди складиште за нафта во Оман

Складишта за нафта се погодени во оманското пристаниште Салала, соопшти британската компанија за поморска безбедност „Амбри“.Според информациите, беспилотни летала погодиле резервоари со гориво во пристаништето, пренесе оманската државна телевизија.Од „Амбри“ наведуваат дека засега нема информации за оштетени трговски бродови.Нападот доаѓа во време кога Иран продолжува да таргетира енергетска инфраструктура во регионот на Персискиот Залив, како одговор на нападите на САД и Израел врз иранска територија.

Свет | пред 5 дена

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Поради кризата во Ормускиот теснец, ИЕА пушта 400 милиони барели нафта од резервите

Земјите членки на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) одлучија да пуштат 400 милиони барели нафта од стратешките резерви, што претставува најголемо ослободување на резерви во историјата на организацијата.Одлуката е донесена со цел да се надомести недостигот на нафта на светскиот пазар поради речиси целосното затворање на Ормускиот теснец во услови на војната на Блискиот Исток.Извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол, соопшти дека резервите ќе се пуштаат на пазарот во период и обем што ќе го одредуваат земјите членки.Ова е шеста координирана акција за ослободување на стратешки резерви од основањето на ИЕА во 1974 година.Според агенцијата, поради конфликтот значително е намален извозот на нафта од регионот на Персискиот Залив, кој паднал на помалку од 10 проценти од нивото пред почетокот на војната.

Свет | пред 5 дена

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Нема ништо неуставно во „Безбеден град“, а со тоа нема ниту укинување на системот

Уставниот суд ги отфрли иницијативите со кои се бараше да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите од Законот за прекршоци.Иницијативите ги поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, кој реагираше поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци.Судот оцени дека нема основ за поведување постапка и дека не е надлежен да ја оценува примената на законот.Системот „Безбеден град“ продолжува да функционира, а според законските одредби, Законот за прекршоци важи за целата територија на државата.

Македонија | пред 5 дена

DSC_0292

Тело на жена извадено од Вардар кај Стадион

Тело на женско лице денеска околу 11 часот било извадено од водите на реката Вардар во близина на мостот кај Стадионот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од МВР информираат дека телото било извлечено од полициски службеници од СВР Скопје.По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, додека увидот на местото на настанот е во тек.Случајот се случил на кејот на Вардар, во близина на болницата „Систина“, а околностите под кои лицето завршило во реката засега не се познати. Надлежните институции работат на утврдување на сите детали поврзани со настанот.

Скопје | пред 6 дена

media-library5aquoircstvodKd07ZT

(Видео) Намалена казната за смртното прегазување на Слободан кој поминуваше пешачки кај МНТ: Филиповиќ осудена на 2,5 години затвор

Две години и шест месеци затвор ѝ изрече судот на Гордана Филиповиќ, која со незастанување на пешачки премин и возење со поголема брзина од дозволената го усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“, наспроти Македонскиот народен театар.Несреќата се случи во 2022 година, а предметот се судеше по вторпат откако Апелацискиот суд ја укина претходната пресуда. Пресудата ја соопшти судијката Лидија Петровска.Со првата пресуда Филиповиќ беше осудена на три години затвор, но со новата одлука казната е намалена на две години и шест месеци.Синот на загинатиот пешак, Столе Ангеловски, изрази силно незадоволство од пресудата и оцени дека казната е премногу ниска.„Максимално сум разочаран од судството во Македонија. Две години и шест месеци за обвинетата која направила сериозни прекршоци – брзо возење и незастанување на пешачки. Судството не е на два процента, туку е на минус 20 проценти. Ова е шокантна и некоректна пресуда“, изјави Ангеловски.Адвокатот на осудената, Владимир Туфегџиќ, најави жалба до Апелацискиот суд, посочувајќи дека делото не било сторено со умисла, туку од небрежност.„Обвинетата не го сторила делото со умисла, туку станува збор за небрежно дело, на што упатуваат и ставовите и правната пракса во пресудите на Врховниот суд. Во жалбата ќе ги изнесеме нашите аргументи“, изјави Туфегџиќ.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryijngr6udobhc20OnfSz

Израел повторно го напаѓа Техеран: започнат втор бран удари

Израел започна втор бран напади врз Техеран во текот на денот, соопшти израелската војска.Претходно во првиот бран биле нападнати Техеран и градот Табриз, при што, според израелската армија, биле погодени „централни командни локации каде се наоѓале оперативци на иранскиот режим“.Во нападите бил погоден и воен објект, како и голем комплекс во Табриз кој припаѓа на иранската паравоена организација Басиж.

Свет | пред 6 дена

media-library25hvd4ct36m72wTR9mK

(Видео) Трагедија во Швајцарија: Неколку лица загинаа во пожар во автобус, лице се полило со бензин и се запалило внатре

Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во голем пожар што избувна во автобус во швајцарскиот град Керцерс, на околу 19 километри западно од Берн, пренесуваат медиумите.Инцидентот се случил околу 18:25 часот, додека автобусот превезувал патници. Полицијата преку социјалните мрежи потврди дека има загинати и повредени лица.На местото на несреќата брзо пристигнале пожарникари, полиција и медицински екипи. Фотографии од теренот покажуваат дека автобусот целосно изгорел.Причината за пожарот засега не е позната, а полицијата апелираше граѓаните да се држат подалеку од местото и да ги следат упатствата на службите.Според неофицијални информации, пожарот избувнал откако едно лице се полило со бензин и се запалило во автобусот. Швајцарската новинска агенција „Кистон-АТС“ јави дека едно од повредените лица било пренесено со хеликоптер во болница.

Свет | пред 6 дена

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

Секоја четврта контрола открива неправилности во готовинскиот промет: изречени 3.200 глоби и 120 затворени објекти

Секоја четврта контрола на Управата за јавни приходи завршува со утврдена неправилност во евидентирањето на готовинскиот промет, покажуваат резултатите од инспекциските надзори спроведени минатата година.Директорката на УЈП, Елена Петрова, информираше дека во текот на 2025 година биле спроведени 6.300 теренски контроли. По нив биле изречени 3.200 глоби, како и 120 мерки за привремена забрана за вршење дејност со запечатување на објекти.Покрај тоа, реализирани биле и 4.200 советодавни посети во дејности кои се сметаат за ризични од аспект на сивата економија.Петрова нагласи дека изборот на објектите за контрола се прави врз основа на анализа на ризик, а фокусот на контролите не е само на касите, туку и на економската суштина на работењето. Според неа, најголем ризик има во угостителството, малопродажбата и услужните дејности, каде плаќањата најчесто се вршат во готово.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Аналитичарка предупредува: Авионските билети ќе поскапат поради кризата во Ормускиот теснец

Патниците во авионскиот сообраќај треба да се подготват за повисоки цени на билетите во наредните месеци поради војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга, предупреди Амрита Сен, основач и директор на аналитичката компанија „Енерџи аспектс“.Говорејќи пред буџетскиот одбор на британскиот парламент, таа оцени дека станува збор за „најголемото нарушување во историјата на енергетските пазари“, пренесе „Скај њуз“.Иако ценовните шокови засега не достигнале нивоа какви што беа забележани по руската инвазија врз Украина, Сен нагласи дека најсилно погоден е пазарот на авионско, односно млазно гориво.„Навистина е лудо што се случува на пазарот на гориво“, изјави таа, појаснувајќи дека голем дел од производството се одвива на Блискиот Исток и во Азија, а побарувачката тешко може да се задоволи од други извори.Според неа, поради тоа што суровата нафта не може нормално да се транспортира преку Ормускиот теснец, кој во моментот е премногу опасен за пловидба, се намалува и производството на авионско гориво што зависи од тие испораки.Поради ваквите околности, таа очекува значително зголемување на цените на авионските карти во наредниот период.„Апсолутно треба да очекуваме повисоки цени на авионските билети барем во следните неколку месеци“, предупреди Сен.

Свет | пред 6 дена

media-libraryd21vq66c66nkfhdfJAn

Маск попушти под притисок: конечно можете да му забраните на Grok да „учи“ од вашите фотографии

Платформата X (поранешен Twitter) воведе нова поставка со која корисниците можат експлицитно да спречат нивните фотографии и видеа да се користат за обука или модификација од страна на AI-четботот Grok. Промената доаѓа по бран критики за приватност и по контроверзии околу создавање фотореалистични, но често проблематични визуелни содржини базирани на кориснички податоци.Иако мерката на прв поглед изгледа како победа за корисниците, аналитичарите предупредуваат дека решението има важни ограничувања. Клучната забелешка е дека станува збор за „opt-out“ пристап — дозволата е автоматски активирана, а корисникот мора сам да ја исклучи ако не сака неговите фотографии да бидат користени за „учење“. Дополнително, останува нејасно дали забраната важи и за постарите објави што можеби веќе биле индексирани и искористени во претходниот период.Практичниот проблем за дел од корисниците е и тоа што поставката најлесно се наоѓа преку десктоп верзијата, додека мобилните апликации на одредени системи може да доцнат со целосно ажурирање и појасно прикажување на новите контроли.За оние што сакаат веднаш да ја проверат и исклучат опцијата, патеката низ менито е јасно дефинирана: во „Settings and privacy“, потоа „Privacy and safety“, па „Grok“. Таму треба да се отштиклира полето што дозволува користење на вашите податоци и медиуми за обука на AI-моделот.Потегот се случува во време кога регулаторите во Европската Унија сè поостро пристапуваат кон големите технолошки компании поради начинот на кој се прибираат и се користат податоци за развој на вештачка интелигенција без јасен, информиран пристанок од корисниците.

Магазин | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања