Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Џо Роган го нападна Трамп: Ветуваше крај на војните, а сега имаме нова

Познатиот подкастер Џо Роган остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради војната со Иран, оценувајќи дека многу од неговите поддржувачи се чувствуваат изневерени.Во најновата епизода од својот подкаст, Роган изјави дека конфликтот е „лудост“, потсетувајќи дека Трамп за време на кампањата ветувал крај на „бесмислените војни“.„Тоа е лудо ако се има предвид на што ја градеше кампањата. Многу луѓе се чувствуваат изневерени. Се кандидираше со порака ‘Нема повеќе војни’ и ‘Запрете ги овие глупави, бесмислени војни’, а сега имаме војна за која ни самите не знаеме јасно зошто ја започнавме“, рече Роган.Роган му даде поддршка на Трамп во изборната кампања во 2024 година и го угости во својот подкаст, но по неговиот повторен избор повеќепати јавно го критикуваше, особено поради имиграциската политика.Загриженост поради конфликтот се појавува и меѓу дел од републиканците. Неколку членови на Републиканската партија предупредија дека војната со Иран може да се претвори во долгорочна обврска за САД, по двете децении конфликти во Ирак и Авганистан.Според нова анкета на Универзитетот „Квинипијак“, речиси три четвртини од американските гласачи очекуваат конфликтот со Иран да трае со месеци или подолго. Дури 71 процент од испитаниците сметаат дека војната може да продолжи „со месеци“, „околу една година“ или „уште подолго“.Во меѓувреме, Трамп изјави дека конфликтот е „пустоловина“ која наскоро ќе заврши.„Ова беше само пустоловина, нешто што мораше да се направи. И многу сме блиску до крајот“, изјави Трамп на прес-конференција.Неговите коментари доаѓаат само неколку дена откако порача дека од иранското раководство ќе прифати само „безусловна предаја“. Републиканскиот конгресмен Тим Берчет претходно предупреди дека гласачите на движењето МАГА треба да бидат загрижени дека воената акција против Иран може да прерасне во „уште една вечна војна“.

Свет | пред 6 дена

media-library9df5v5q94d9heEwkSkT

Балистички ракети од Иран кон Емиратите, војската во целосна готовност

Противвоздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати е активирана по активирањето на балистички проектили од страна на Иран, соопшти Министерството за одбрана на земјата.Во објава на социјалната мрежа Икс, од министерството наведоа дека системите за противвоздушна одбрана во моментов реагираат на ракетниот напад.Војската, како што се додава, е ставена во целосна готовност за да одговори на сите потенцијални закани и да ја обезбеди безбедноста на државната територија, како и сигурноста на граѓаните и жителите на Емиратите.

Свет | пред 6 дена

media-library9veg8gr36mnh7Rjf4pJ

Мапа на нападите: Пентагон ги прикажа првите 10 дена од војната со Иран

Американското Министерство за одбрана објави карта која ги прикажува нападите изведени во првите десет дена од воената операција наречена „Епски гнев“.Графиката, објавена на социјалните мрежи, покажува на кои локации се извршени нападите и нивната позиција во однос на американските воени бази и иранските системи за противвоздушна одбрана.Објавата доаѓа во време кога конфликтот меѓу САД, Израел и Иран продолжува да се интензивира.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека американските сили „целосно уништиле“ десет неактивни ирански бродови наменети за поставување морски мини, додавајќи дека воените операции ќе продолжат и во наредниот период.

Свет | пред 6 дена

media-libraryd6tip4smt7ah6hpRKzp

(Видео) Американската војска објави снимки од напади врз ирански бродови

Американската војска објави снимки од напади врз ирански бродови, откако претседателот на САД Доналд Трамп претходно соопшти дека американските сили погодиле „неактивни бродови за поставување мини“.Американското Централно заповедништво (ЦЕНТКОМ) соопшти дека операциите се насочени кон намалување на иранската „способност за проекција на моќ на море“.На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледаат напади врз различни типови бродови, од кои најголемиот дел се наоѓаат во пристаништа.Засега не е јасно дали нападите прикажани на снимките се директно поврзани со операциите што ги спомена претседателот Трамп во својата изјава.

Свет | пред 6 дена

media-libraryb3mggtuiiv8i9NvHBEJ

Специјален лет од Дубаи донесе 150 патници во Скопје

Втората група македонски државјани е безбедно евакуирана од Обединетите Арапски Емирати и вечерва пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје со специјално организиран лет од Дубаи, информираше министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.Станува збор за 150 патници, од кои најголемиот дел се македонски државјани, кои успешно ја напуштиле територијата на Обединетите Арапски Емирати и се вратиле во државата.Според Муцунски, процесот на евакуација бил реализиран врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции.Организацијата на летот ја спровело Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а трошоците за овој и за останатите евакуациски летови се целосно покриени од државата.

Македонија | пред 6 дена

media-library6ke5je9jinkb0dsloTk

Трамп: Уништивме десет ирански бродови за поставување мини

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили погодиле и „целосно уништиле“ десет ирански бродови наменети за поставување морски мини.Според неговата објава, станува збор за неактивни бродови за поставување мини, а американските сили ќе продолжат со нападите врз иранските цели.Само неколку минути претходно, Трамп објави дека засега нема извештаи дека Иран навистина поставил мини во Ормускиот теснец, но предупреди дека доколку тоа се случило, тие мора веднаш да бидат отстранети.Тој истакна дека во спротивно Иран ќе се соочи со воени последици „на ниво какво досега не било видено“.Ормускиот теснец претставува една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и енергенси, па секоја закана за негово затворање предизвикува силни реакции на меѓународната сцена и на енергетските пазари.

Свет | пред 6 дена

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран: Тврдењата дека сме планирале напад врз САД се „целосна лага“

Иран ги отфрли тврдењата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Техеран планирал превентивен напад врз Соединетите Американски Држави или нивните воени сили.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека таквите обвинувања се „целосна и чиста лага“.Во објава на социјалната мрежа Икс, Арагчи се осврна и на називот на американската воена операција, наречена „Операција Епски гнев“.„Единствената цел на таа лага е да се оправда операцијата која всушност е епска грешка – авантура што ја осмисли Израел, а ја платија обичните Американци“, напиша шефот на иранската дипломатија.Изјавата доаѓа во време на засилени тензии меѓу САД, Израел и Иран по воените операции во регионот.

Свет | пред 6 дена

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Трамп му се закани на Иран: Ако има мини во Ормускиот теснец, нека се отстранат веднаш

Американскиот претседател Доналд Трамп побара итно отстранување на евентуално поставените мини во Ормускиот теснец, откако се појавија медиумски извештаи дека Иран започнал со нивно поставување во оваа клучна поморска рута.Во објава на својата социјална мрежа, Трамп наведе дека САД засега немаат потврдени информации дека Иран навистина поставил мини, но предупреди на сериозни последици доколку тоа се покаже како точно.„Ако Иран поставил било какви мини во Ормускиот теснец, а засега немаме извештаи дека тоа го направил, сакаме тие веднаш да се отстранат“, напиша Трамп.Тој додаде дека доколку мини навистина се поставени и не бидат отстранети веднаш, Иран ќе се соочи со воени последици какви што, според неговите зборови, досега не биле видени.„Ако, од друга страна, го отстранат она што можеби е поставено, тоа ќе биде голем чекор во вистинска насока“, порача американскиот претседател.

Свет | пред 6 дена

zaharova-51320-

Захарова: Експлозијата во Иран го оштетила рускиот конзулат

Рускиот генерален конзулат во иранскиот град Исфахан е оштетен во неделата за време на напад врз блиска зграда на покраинската влада, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.Според нејзините зборови, ударниот бран од експлозијата соборил неколку вработени и ги искршил прозорците на зградата на конзулатот, како и на околните станбени објекти.Во инцидентот, како што соопшти руската страна, нема загинати ниту лица со сериозни повреди.Захарова оцени дека нападите врз дипломатски и конзуларни мисии претставуваат кршење на меѓународното право.„Бараме сите страни строго да ја почитуваат неповредливоста на дипломатските простории и да се воздржат од какви било напади кои би можеле да ја загрозат безбедноста, животот и здравјето на нивниот персонал“, изјави таа.

Свет | пред 6 дена

media-library1962sadu8gbl32A2EXX

Србија најмногу се вооружува на Западен Балкан, покажуваат податоците на СИПРИ

Србија во последните пет години увезла најголемо количество сложени системи на вооружување на Западен Балкан, покажуваат најновите податоци на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).Според извештајот, Србија се наоѓа на 37. место во светот по увоз на сложени системи на вооружување, пред некои членки на Европската Унија во регионот, како што се Хрватска и Бугарија.Покрај најголемиот обем на увоз, Србија има и најголем воен буџет во регионот. Во периодот од 2020 до 2024 година, вредноста на српскиот буџет за одбрана била приближно шест пати поголема од буџетот на Албанија, која е втора по потрошувачка за одбрана на Западен Балкан.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна најави дека земјата во наредните година и пол ќе ги удвои своите воени капацитети.Воениот аналитичар Александар Радиќ оценува дека засиленото вооружување не е нов тренд и дека започнало уште во 2016 година. Според него, набавката на оружје често има и политичка димензија.„Купувањето на вооружување често е водено од политички мотиви. Понекогаш се создава впечаток дека и самата војска е изненадена од тоа што го добива, бидејќи повеќе се води сметка од кого се купува, отколку што се купува“, вели Радиќ.Според податоците на СИПРИ, Србија во последните пет години увезла сложени системи на вооружување од 13 различни држави. Најголем снабдувач е Кина, особено поради набавката на системи за противвоздушна одбрана со среден дострел, додека значајни донации пристигнале од Русија и Белорусија.Истражувачката на СИПРИ, Катарина Ѓокиќ, посочува дека во иднина структурата на снабдувачи може да се промени, бидејќи Франција и Израел би можеле да станат главни партнери на Србија доколку се реализираат веќе потпишаните договори.Според неа, разновидноста на снабдувачи покажува дека Србија нема јасен воен сојузник, но располага со финансиски средства и подготвеност да зема кредити за набавка на скапи системи на вооружување.Останатите држави од Западен Балкан значително заостануваат зад Србија. Албанија е втора во регионот, но се наоѓа дури на 103. место во светот, со увоз кој е околу шест пати помал од српскиот.Косово се наоѓа на 118. место, Северна Македонија на 138., Босна и Херцеговина на 144., а Црна Гора на 152. место меѓу вкупно 166 држави што увезуваат сложени системи на вооружување.Експертите предупредуваат дека иако количините на оружје во регионот се релативно мали во глобални рамки, политичката реторика и медиумските интерпретации често создаваат чувство на несигурност меѓу соседните држави, што потоа служи како оправдување за нови инвестиции во вооружување.Во такви услови, НАТО и понатаму останува клучен фактор за одвраќање и безбедност во регионот, иако неговата улога ќе зависи и од пошироките геополитички односи и динамиката во рамки на Алијансата.

Свет | пред 6 дена

media-library9a9loi0korc60Fq9oQI

Беше обвинител, стана судија, судеше за притвори во „27 април“, сега правораздава за Рашковски: кој е предложениот републички обвинител Савески

Судија во Одделот за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, поранешен јавен обвинител и долгогодишен правосуден кадар – ова е професионалниот профил на Ненад Савески, кого Владата го предложи за нов државен јавен обвинител.Савески судиска тога носи од 2016 година и работи во кривичниот суд во Скопје, каде постапува во предмети поврзани со организиран криминал и корупција. Пред да стане судија, седум години беше јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а претходно работел како стручен соработник и судски приправник во Основниот суд во Гостивар.Во јавноста е познат по учеството во повеќе предмети со висок јавен интерес. Во моментот го води повтореното судење против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Во претходна постапка одлучуваше и во случајот познат како „27 април“, кога за дел од осомничените определи ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, додека за други беа изречени мерки куќен притвор.За Савески во 2017 година се пишуваше и дека е еден од судиите во Кривичниот суд преку кои не можеле лесно да поминат мерките и барањата предложени од Специјалното јавно обвинителство против функционери осомничени за криминал.Ненад Савески е роден на 22 јули 1976 година. По националност е Македонец, оженет е и татко на три деца, а живее во Гостивар.Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што подоцна стекнал и магистерска титула по казнено право. Правосудниот испит го положил во 2003 година. Средното образование го завршил во гимназијата „Панче Попоски“ во Гостивар.Професионалната кариера ја започнал како судски приправник во Основниот суд во Гостивар во периодот од 2000 до 2002 година, по што работел како стручен соработник во истиот суд до 2009 година. Во 2009 година бил избран за јавен обвинител, функција што ја извршувал седум години.Покрај судиската работа, Савески има и меѓународни и експертски ангажмани. Бил експерт во мисијата на ОБСЕ во Македонија и учествувал во Националната конвенција за Европската Унија во рамки на Поглавје 23, кое се однесува на правосудството и фундаменталните права. Учествувал и во повеќе работни групи за судски и законски реформи.Како експерт бил ангажиран и во проекти на Советот на Европа, ОБСЕ и УСАИД, каде работел на теми поврзани со посебните истражни мерки, притворот и кривичната постапка.Во академската сфера, Савески е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, каде што учествува во обуката на идни судии и обвинители. Тој е и национален тутор и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и обучувач во областа на човековите права и кривичното право.Автор е и коавтор на повеќе научни трудови и публикации кои се однесуваат на посебните истражни мерки, слободата на изразување, клеветата и навредата, конфискацијата на имот и правото на приватност. Во периодот од 2022 до 2024 година учествувал и како коавтор на повеќе стручни водичи и публикации.Освен македонски, зборува англиски и германски јазик, а има познавања и од српско-хрватски и основно ниво на албански јазик.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt

Кинескиот извоз силно расте и покрај царините на Трамп

Кинескиот извоз забележа силен раст во првите два месеци од годинава, и покрај трговските тензии со Соединетите Американски Држави и царините воведени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.Според официјалните податоци, извозот во јануари и февруари пораснал за повеќе од 20 проценти, што е речиси трипати повеќе од прогнозите на економистите. Ваквиот раст ја става Кина на пат повторно да го надмине рекордниот трговски суфицит остварен во 2025 година.Објавата доаѓа во пресрет на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, каде што на почетокот на април се очекува да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.Извозот останува клучен двигател на второто најголемо светско стопанство, кое се соочува со повеќе домашни економски проблеми, меѓу кои слабата потрошувачка на домаќинствата, намалувањето на бројот на населението и кризата на пазарот на недвижности.Најголем придонес за растот на кинескиот извоз има силната побарувачка за електроника, а значително се зголемиле и испораките на земјоделски и индустриски производи.Трговијата со европските земји пораснала за 27,8 проценти, додека извозот кон земјите од АСЕАН – регионална група на држави од Југоисточна Азија во која се Тајланд, Сингапур и Филипините – е зголемен за речиси 30 проценти.Во исто време, кинескиот извоз кон Соединетите Американски Држави опаднал за повеќе од 10 проценти, што се припишува на царините и трговските мерки воведени од Вашингтон со цел да се намали трговскиот дисбаланс меѓу двете земји.Кина неодамна постави нова цел за економски раст меѓу 4,5 и 5 проценти за оваа година, што е нешто пониско од претходниот таргет, кој во голема мера беше постигнат благодарение на силниот извоз.Средбата меѓу Трамп и Си Џинпинг доаѓа во период кога Кина, како и голем дел од азиските економии, се соочува со последиците од глобалните енергетски потреси предизвикани од конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

Свет | пред 6 дена

media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Белата куќа: Трамп ќе обезбеди слободен проток на нафта низ Ормускиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп е решен да обезбеди непречен проток на нафта низ Ормускиот теснец, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.На прес-конференција таа повтори дека претседателот предложил американската морнарица, доколку биде потребно, да ги придружува танкерите што минуваат низ оваа клучна поморска рута.„Американската војска разработува дополнителни опции по директивата на претседателот Ормускиот теснец да остане отворен“, изјави Ливит.Таа додаде дека засега нема да ги открива деталите за тие опции, но нагласи дека претседателот е подготвен да ги употреби доколку ситуацијата го наложи тоа.Ормускиот теснец претставува една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта, низ која минува значителен дел од глобалните испораки на енергенси. Во последниот период пловидбата низ теснецот е сериозно нарушена поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

Свет | пред 6 дена

media-librarytig8648tu8ik8WTwdxj

(Видео) Белата куќа: Војната ќе заврши кога Иран ќе биде доведен до „безусловна капитулација“

Војната ќе заврши кога Иран ќе биде доведен во позиција на „безусловна капитулација“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит на прес-конференција.Таа појасни дека тоа не значи дека иранското раководство мора јавно да признае пораз, туку дека ќе биде доведено во ситуација во која повеќе нема да може реално да се заканува.„Иран може и понатаму да упатува закани, но тие ќе бидат празни“, изјави Ливит.Таа додаде дека американската војска преминува во нова фаза од операцијата, насочена кон уништување на инфраструктурата што Иран ја користи за производство на ракети.Според нејзините зборови, американските стратешки бомбардери Б-2 неодамна фрлиле десетици пробивни бомби тешки околу 900 килограми врз длабоко утврдени ирански ракетни позиции.Ливит истакна дека нападите се дел од пошироката воена операција насочена кон ослабување на воените капацитети на Иран.

Свет | пред 6 дена

media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj

Си-Ен-Ен: Трамп живее во алтернативна реалност, не знае што се случува во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изнесувал тврдења за конфликтот со Иран без да располага со доволно информации, оценува телевизијата Си-Ен-Ен во анализа на неговите последни јавни настапи.Според медиумот, Трамп во саботата изјавил дека ирански проектил погодил основно училиште во Техеран и усмртил десетици деца, но во понеделникот признал дека всушност не знае доволно за настанот.На прес-конференција, запрашан зошто никој од неговата администрација не го повторува истата тврдeње и зошто се чека официјална истрага, Трамп одговорил: „Затоа што едноставно не знам доволно за тоа“, додавајќи дека ќе ги почитува резултатите од истрагата.Станува збор за напад кој предизвика силни меѓународни реакции, а според анализата на достапните докази постои веројатност дека за нападот е одговорна американската војска. Во меѓувреме се појави и видео-снимка која, како што се наведува, покажува американски проектил кој погодува поморска база на Корпусот на чуварите на исламската револуција во близина на училиштето.Си-Ен-Ен наведува дека тоа не е единствениот пример на неточни или непотврдени тврдења од страна на Трамп. На истата прес-конференција тој изјавил дека државите од Персискиот Залив се приклучиле на војната против Иран заедно со САД и Израел.Меѓутоа, според достапните информации, ниту една од тие држави официјално не се приклучила на воените операции. Обединетите Арапски Емирати, кои беа меѓу целите на иранските напади, не возвратиле со воена акција, додека Саудиска Арабија предупреди на можен одговор само доколку нападите продолжат.Катар, пак, јавно соопшти дека не е дел од воената кампања против Иран и повика на смирување на тензиите во регионот.Во анализата се наведува и дека Трамп тврдел дека блокадата на Ормускиот теснец „не ги погодува“ САД бидејќи земјата произведува доволно нафта, иако глобалната поврзаност на пазарите значи дека растот на цените сепак има влијание и врз американската економија.Трамп исто така повеќепати тврдел дека Иран наскоро би можел да нападне САД со интерконтинентални балистички ракети и дека Техеран планирал да го преземе целиот Блиски Исток, но за овие тврдења досега нема јавни разузнавачки докази.Според Си-Ен-Ен, ваквите изјави отвораат прашања за тоа колку американскиот претседател навистина е информиран за состојбата на теренот во конфликтот со Иран.

Свет | пред 6 дена

f_37272129_1280

Иран тврди дека погодил рафинерија во Хаифа и сателитски центар кај Тел Авив

Иран соопшти дека во нов бран напади погодил енергетски објекти во Израел, вклучително и рафинерија во Хаифа и сателитски комуникациски центар во близина на Тел Авив.Портпаролот на иранскиот воен штаб „Хатам ал-Анбија“ изјави дека иранските сили со беспилотни летала гаѓале рафинерија за нафта и гас, како и резервоари за гориво во Хаифа.Според соопштението, во нападите бил уништен и сателитски комуникациски центар во близина на Тел Авив.Иранските власти наведуваат дека операцијата е дел од „33. бран“ напади, изведени како одговор на претходните напади врз ирански нафтени складишта.Во истото соопштение се наведува и дека Иран испалил пет ракети кон американското воено командување во базата Харир, која се наоѓа во курдскиот регион на северот на Ирак.

Свет | пред 6 дена

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Извозот на енергенси од Блискиот Исток падна на 10 отсто од предвоеното ниво

Извозот на енергенси од Блискиот Исток е намален на само околу 10 проценти од нивото пред почетокот на војната, предупреди Меѓународната агенција за енергија, поради блокадата на Ормускиот теснец.Според агенцијата, конфликтот во регионот значително го намалил транспортот на нафта низ оваа клучна поморска рута, низ која вообичаено минува значителен дел од светската трговија со нафта.Министрите за енергетика на земјите од групата Г7 на состанокот разговарале за можноста за пуштање нафта од стратешките резерви на пазарот со цел да се стабилизираат цените и снабдувањето.Францускиот министер Ролан Лескир изјави дека координацијата меѓу државите е од клучно значење бидејќи конфликтот, иако регионален, има глобални последици.Воените операции започнаа пред околу десет дена кога САД и Израел извршија напади врз Иран, по што Техеран возврати со ракетни напади врз Израел и американски воени бази во земјите околу Персискиот Залив.Иранската морнарица соопшти дека ја презела контролата врз Ормускиот теснец и го забранила транзитот на бродови поврзани со САД, Израел и европските држави.Според податоците на Меѓународната агенција за енергија, низ теснецот во 2025 година во просек поминувале околу 20 милиони барели нафта и нафтени деривати дневно, што претставува приближно една четвртина од светската поморска трговија со нафта.Поради ограничениот транспорт, земјите извознички се принудени значително да ја намалат и производството на нафта и течен природен гас.Агенцијата предупредува дека ваквите нарушувања во поморскиот сообраќај може да влијаат и врз испораките на други стоки, особено на вештачки ѓубрива, бидејќи низ Ормускиот теснец поминува повеќе од 30 проценти од глобалните испораки на уреа и околу 20 проценти од испораките на азотни ѓубрива и фосфати.Таквата состојба, според аналитичарите, може да предизвика раст на цените на храната и да создаде дополнителни проблеми во глобалните синџири на снабдување.Членките на Меѓународната агенција за енергија во моментов располагаат со повеќе од 1,2 милијарди барели нафта во стратешките резерви, додека компаниите, согласно законските обврски, имаат дополнителни околу 600 милиони барели.Најголеми стратешки резерви меѓу земјите од Г7 имаат САД со околу 415 милиони барели, по што следуваат Јапонија со околу 260 милиони барели, Германија со повеќе од 110 милиони барели и Франција со околу 97 милиони барели нафта во државните резерви.

Свет | пред 6 дена

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

Експлозии одекнаа во Техеран, иранската престолнина повторно под напад

Неколку силни експлозии одекнале во Техеран, при што иранската престолнина повторно била цел на напади, јавуваат странските медиуми.Допишниците на сервисот Би-Би-Си Персиски известуваат дека во градот се слушнале нови експлозии, а според нивните информации Техеран во моментот е под напад.Новинарите на агенцијата Франс прес, исто така, потврдиле дека во градот се слушнале најмалку три експлозии.Во меѓувреме, три американски стратешки бомбардери од типот Б-1 полетале од воздухопловната база РАФ Ферфорд во југозападниот дел на Англија.Присуството на бомбардерите Б-1 и Б-52 во оваа британска база привлекло голем број љубители на авијацијата и аматерски фотографи. Дел од нив изјавиле дека на локацијата изброиле вкупно 12 бомбардери Б-1, откако претходно таму слетале уште четири авиони од истиот тип.Во базата е забележана зголемена активност, при што кај дел од авионите моторите биле вклучени, додека други биле опкружени со технички персонал кој, според очевидци, вршел проверки.Британското Министерство за одбрана и американскиот Пентагон засега не потврдија дали овие бомбардери учествувале во нападите врз цели во Иран.

Свет | пред 6 дена

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иран уапси 30 лица осомничени за шпионажа за САД и Израел

Иранското Министерство за разузнавање соопшти дека во последните денови се уапсени 30 лица осомничени за шпионажа, соработка или дејствување во корист на САД и Израел.Во соопштението, пренесено од новинската агенција Тасним, се наведува дека меѓу уапсените има и еден странски државјанин кој наводно пренесувал чувствителни безбедносни информации на две држави од Персискиот Залив, кои потоа тие податоци ги споделувале со САД и Израел.Според иранските власти, уште 19 лица делувале како „теренски и медиумски оперативци“ поврзани со антивладини групи и контакти со Израел.Од Министерството тврдат дека операцијата е дел од поширока акција насочена кон спречување на разузнавачки активности и соработка со странски служби во услови на зголемени тензии во регионот.

Свет | пред 6 дена

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Напад во Велес: бивш партнер со уште две лица физички ја нападнал бившата и нејзиниот нов дечко

Тројца мажи се лишени од слобода по насилен инцидент во Велес, откако, според пријава во полиција, физички нападнале млад пар во нивниот дом.Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 9 март 2026 година во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна жителка на Велес пријавила дека во нејзиниот дом дошол нејзиниот поранешен партнер Б.Б. (26) од Скопје и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен партнер, 24-годишен велешанец.Според пријавата, со Б.Б. во домот дошле и М.К. (30) и Д.Б. (43), двајцата од Скопје, кои исто така физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет.По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., по што тие биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка.За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 6 дена

media-library5l68q0mtmro62Fb7nSr

Пратеник на Трамп: Се надеваме дека Русија не му помага на Иран

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, изјави дека од Русија побарал да не споделува разузнавачки информации со Иран.Во разговор со новинарите во претседателскиот авион, Виткоф посочи дека овој став јасно ѝ бил пренесен на Москва. На прашањето дали верува дека Русија, сепак, му помага на Иран со разузнавачки податоци, тој одговори дека се надева дека тоа не се случува.„Се надевам дека Русите не споделуваат разузнавачки информации со Иран. Не сум разузнавач и не можам да ви кажам со сигурност. Но, вчера во разговор со претседателот Трамп, Русите ни рекоа дека не делеле информации. Тоа го кажаа. Можеме да им веруваме на збор. Да се надеваме дека не делат“, изјави Виткоф.Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаат сигурни информации дали Русија му доставува разузнавачки податоци на Иран, откако повеќе американски медиуми објавија дека Москва можеби му помага на Техеран.САД и Израел на 28 февруари започнаа опсежна воена операција против Иран, при што беа нападнати повеќе големи градови, меѓу кои и Техеран. Белата куќа нападите ги оправда со тврдења за ирански ракетни и нуклеарни закани, а воедно повика и на бунт против иранската власт.Во нападите беше убиен и врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, како и неколку високи функционери на Исламската Република.По тоа, Иран започна одмаздничка операција насочена кон цели во Израел, а беа погодени и американски воени бази во Бахреин, Јордан, Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Свет | пред 6 дена

media-libraryu7k2inog1hemd5LOgF5

Огромни трошоци за војната: Вашингтон потрошил милијарди долари за два дена

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп потрошила муниција во вредност од околу 5,6 милијарди долари во првите два дена од нападите врз Иран, се наведува во извештај доставен до одборите на американскиот Конгрес, пренесуваат извори запознаени со информациите.Според извештајот, трошоците се однесуваат на употребената муниција и воена опрема во рамки на операцијата што САД ја започнаа на 28 февруари заедно со сојузникот Израел.Членови на Конгресот, кои наскоро би можеле да одлучуваат за дополнително финансирање на воената операција, изразиле загриженост дека конфликтот може брзо да ги исцрпи американските воени резерви во период кога одбранбената индустрија веќе се соочува со тешкотии да ја задоволи растечката побарувачка.Пред четири дена Трамп се сретнал со раководители на седум одбранбени компании, додека Пентагон работи на обновување на воените залихи.Американската администрација засега нема објавено официјална проценка за вкупните трошоци на конфликтот.Според информации од конгресни соработници, Белата куќа наскоро би можела да побара од Конгресот нов пакет средства за финансирање на војната.Некои официјални лица проценуваат дека барањето би можело да надмине 50 милијарди долари, иако дел од аналитичарите сметаат дека и таа сума би можела да биде недоволна доколку конфликтот продолжи.

Свет | пред 6 дена

media-libraryrnsh8ei7ls9cbmfUEI8

Истрели кон зградата на американскиот конзулат во Канада

Истрели биле испукани кон зградата на американскиот конзулат во Торонто во раните утрински часови, при што на објектот се пронајдени траги од пукање и дупки од куршуми, но нема повредени лица.Полицијата на Торонто соопшти дека реагирала на пријава за пукање околу 5:30 часот наутро. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници констатирале докази за употреба на огнено оружје.Телевизиските снимки од местото на настанот покажуваат две дупки од куршуми на стаклената влезна врата на зградата.Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, но засега нема информации за осомниченото лице ниту за можните мотиви на нападот.Инцидентот се случува само неколку дена откако импровизирана експлозивна направа експлодираше пред американската амбасада во Осло, Норвешка.Норвешката полиција тогаш соопшти дека сторителот сè уште не е идентификуван и дека нема конкретни осомничени, но како една од можните насоки на истрагата се разгледува и евентуална поврзаност со конфликтот меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга.Фотографии што се појавија на социјалните мрежи покажуваат искршено стакло пред главниот влез на зградата на конзулатот.

Свет | пред 6 дена

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Не е утврдено криење на гориво на бензинските станици, туку недостинг, констатирале пазарните инспектори

Пазарниот инспекторат не утврдил криење на залихи на гориво при контролите спроведени во изминатите неколку дена на бензинските станици низ државата.Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, информира дека во последните три до четири дена се реализирани повеќе од 300 инспекциски надзори, при што кај дел од бензинските станици контролите сè уште продолжуваат.„Не е констатирано дека имало криење на залихите на гориво. Меѓутоа, утврдено е дека околу триесетина бензински станици ги потрошиле залихите и привремено престанале со точење. По еден до четири часа, по повторно полнење на резервоарите, тие продолжиле со работа“, изјави Стојкоски.Тој појасни дека ваквата состојба била забележана во текот на изминатите неколку дена, кога дел од бензинските пумпи привремено останувале без гориво поради зголемена потрошувачка, по што повторно продолжувале со работа веднаш по дополнувањето на резервоарите.Стојкоски денеска заедно со директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, присуствуваше на настанот „Усогласеноста и фер конкуренцијата одат заедно“.

Македонија | пред 6 дена

media-library6ej5v5rhc4vdfu645Pc

Будва ја понесе титулата омилен геј град

Будва и минатата година останала една од најпопуларните дестинации на Јадранот за склучување истополови животни партнерства, особено меѓу странски државјани, покажуваат податоците од годишниот извештај на Секретаријатот за локална самоуправа на општината.Според официјалните информации, во периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година во службените простории на Општина Будва биле склучени 45 животни партнерства меѓу лица од ист пол од територијата на Будва и Петровац.Иако бројката е помала во однос на 2024 година, кога биле регистрирани 70 вакви партнерства, Будва и понатаму останува една од најбараните дестинации за истополови двојки кои сакаат да го формализираат својот однос.Според податоците на општината, најголемиот дел од партнерствата – вкупно 39 – биле склучени меѓу странски државјани кои немаат црногорско државјанство.Четири партнерства биле меѓу лица каде едниот партнер е државјанин на Црна Гора, а другиот странски државјанин, додека само две партнерства биле склучени меѓу црногорски државјани, кои не се жители на Будва туку на други општини во земјата.Статистиката покажува дека бројот на истополови партнерства во Будва растел во изминатите години откако во Црна Гора почна примената на законот што дозволува ваков вид заедници.Во 2023 година биле регистрирани 56 партнерства, во 2022 година 26, додека 2024 година останува рекордна со 70 склучени истополови партнерства.Будва во летото 2021 година беше првата општина во Црна Гора каде беше склучено истополово партнерство. Тогаш, кон крајот на јули, две жени со потекло од Балканот беа првата двојка која официјално го регистрираше својот животен партнерски однос.

Магазин | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања