Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryqsh0vks2p8dlbpEjtGj

Во Пробиштип откриена биста на полицаецот Тоше Тодоровски, жртва во „Пулс“

Во кругот на полициската станица во Пробиштип денеска беше откриена бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“. На чинот присуствуваа неговото семејство, роднини, пријатели и колеги. Присутен беше и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со делегација од МВР.Тодоровски загина извршувајќи службени задачи за време на акција за контрола на наркотици во дискотеката. Во моментот кога избувнал пожарот, тој останал внатре и не успеал да се извлече.Трагедијата во која животот го загубија вкупно 62 лица, најголем дел млади од Кочани, Штип, Пробиштип и Скопје, останува една од најголемите во поновата историја на земјата.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_6878

Европа алармира: Иран има ураниум за десет атомски бомби

Обединетите нации вечерва ќе ги вратат строгите санкции против Иран, откако пропаднаа обидите на европските земји да добијат гаранции за иранската нуклеарна програма. Техеран ја оцени одлуката како незаконита и ги повлече своите амбасадори од Франција, Германија и Обединетото Кралство.Германија, Франција и Британија, т.н. група Е3, минатиот месец го активираа механизмот за враќање на санкциите, обвинувајќи го Иран за сериозни прекршувања на нуклеарниот договор од 2015 година (JCPOA). Според европските експерти, Иран веќе поседува околу 450 килограми ураниум обогатен на 60%, и се приближува до критичното ниво од 90%, што би било доволно за производство на осум до десет атомски бомби.Британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудвард, предупреди дека иранската програма претставува закана за мирот и безбедноста, повикувајќи на транспарентност. Од друга страна, шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи обвини дека Западот не делува „во добра волја“, нагласувајќи дека Техеран нема да попушти под притисоци. И покрај тоа, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран нема намера да се повлече од Договорот за неширење на нуклеарното оружје (NPT), иако санкциите на ОН повторно стапуваат во сила.Санкциите ќе се вратат преку т.н. механизам „snapback“, воведен со нуклеарниот договор во 2015 година. Тој овозможува брзо повторно активирање на сите мерки на ОН доколку Иран сериозно го прекрши договорот. Со тоа ќе бидат обновени шест резолуции на Советот за безбедност донесени меѓу 2006 и 2010 година – од ембарго за оружје, ограничувања за балистички ракети, до замрзнување на имот и забрани за патување. Русија и Кина го оспоруваат враќањето на санкциите и тврдат дека процесот е незаконит, но нивниот предлог за спречување на одлуката не доби доволна поддршка во Советот за безбедност.

Свет | пред 5 месеци

media-librarydq4d38p17vhv1QQenhR

(Видео) Голем пожар во центарот на Неготино – изгоре продавницата на пред официјално отворање

Ноќеска во центарот на Неготино избувна голем пожар во новата продавница на брендот „Синсеи“, која требаше официјално да биде отворена наскоро.Според првичните информации, нема повредени лица, но станарите на зградата биле итно евакуирани поради опасноста од ширење на огнот.Пожарникарите пристигнале за кратко време и успеале да го локализираат пожарот, со што спречиле поголема катастрофа во централното градско јадро.Причините за избувнувањето на пожарот засега се непознати. Настанот предизвика вознемиреност кај жителите, бидејќи зградата се наоѓа на една од најфреквентните локации во градот.

Македонија | пред 5 месеци

DSC_0422

Саркастичен аплауз за законот: Моторите брчат погласно од слушалките, ама важно пешак е проблем

Инфлуенсерката Ина Многуфина саркастично реагираше на новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот:„Голема работа за слушалките, ќе ги извадите пред пешачки и готово. Слободно можете да ги носите на сите други места да речеме кога одите по улица пошо на тротоар има паркирани коли, кога шетате и моторите и колите шибаат и брчат погласно од слушалките, кога некоја осакатена пијаница вози цик цак, кога одите по тротоар и ве поминуваат двајца на тротинет и еден на моторче со детето седнато пред него...имате каде да ги носите. Пешачки е, таму ќе стојат полицајците, ќе ги извадите, има закон, држава е ова, шо мислите вие?“Со новите измени, пешак кој ќе преминува улица со слушалки или зборувајќи на телефон ќе биде казнет со 40 евра, а за возачи на тротинети, велосипеди и мотори казната е 50 евра.

Коментари | пред 5 месеци

dron1

Шведска отвори истрага по пријави за сомнителни дронови над Карлскрона

Шведската полиција отвори истрага откако жители пријавиле сомнителни дронови над архипелагот Карлскрона, каде се наоѓа најголемата поморска база и седиштето на крајбрежната стража, јави SVT.Инцидентот се случил во четвртокот навечер, кога повеќе жители на островите Стурко и Тјурко забележале летала над подрачјето Мокклосундсброн. Полицијата која излегла на терен потврдила дека видела еден дрон. Дополнително, еден службеник изјавил дека слични летала се пријавени и на три други локации во земјата.„Се работи за поголем модел, сличен на оние забележани над Данска и покраината Сконе“, изјави шефот на истрагата Матијас Лундгрен.Според сведоци, дроновите имале црвени и зелени трепкачки светла.Против непознати сторители се поднесени пријави за прекршување на Законот за воздухопловство и Законот за заштита. Нема идентификувани осомничени, ниту пронајдени предмети.Овој настан доаѓа по серија слични инциденти во регионот. Во Данска, властите неодамна привремено го затворија воздушниот простор над неколку аеродроми, што предизвика пренасочување на летови. Аеродромот во Копенхаген беше затворен во вторникот, а ден подоцна сличен случај се случи и во Олборг.И во Норвешка, аеродромот во Осло го затвори својот воздушен простор на три часа поради забележан дрон во близина.Инцидентите се случуваат во услови на засилени тензии меѓу Европа и Русија, откако Полска, Романија и Естонија во последните недели пријавија руски воздушни упади со авиони и дронови.Шведска, како и Данска и Норвешка, е членка на НАТО. Додека во овие држави пресретнувања не беа извршени, НАТО-сојузниците распоредуваат борбени авиони и активираат противвоздушни системи во Полска и регионот, во рамки на засилената безбедносна поддршка.

Свет | пред 5 месеци

carina-2

Во Царинската управа поднесени се 67 кривични пријави и поделени 11 откази

Царинската управа годинава интензивно ја насочува работата кон борба со организиран криминал и корупција, порача директорот Бобан Николовски во гостувањето во емисијата „Ставот на регионот“ на Newsnax Balkans.„Делуваме системски, преку зголемена соработка со институциите и засилени контроли. Само преку Одделението за истраги поднесени се 67 кривични пријави против 38 правни и 148 физички лица, за 181 возило, со нанесена штета на Буџетот од 16,5 милиони денари. Донесени се и 11 отказни решенија за царински службеници“, изјави Николовски.Тој нагласи дека резултатите се видливи и во растот на приходите – 65,5 милиони евра наплатени заклучно со август. Според него, дисциплинските постапки и отказите се дел од мерките за менување на свеста на службениците и воспоставување интегритет. Потврда за тоа е и извештајот на ДКСК, според кој Царинската управа е на петто место меѓу 72 институции во спроведување на политики за интегритет.Во првата половина на 2025 година бројот на откриени неправилности во патничкиот промет е зголемен за 194 проценти во споредба со истиот период лани.Николовски посочи дека ефикасност се постигнува и преку концептот на едно застанување на границите со Србија и Косово. „Наместо два пати, сега се застанува еднаш. Тоа овозможува забрзан проток на патници и стока, но и подобра контрола со заедничко делување против шверцот“, вели директорот.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryc2usfast950u9sU3TCc

(Видео) Шукова: Ништо не е пораз за мене

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, гостуваше во „Претрес со Ландов“ каде беше отворена дебата за очекувањата и одговорноста кон граѓаните.Водителот Кристијан Ландов ја праша:„Прашувам дали е пораз ако имате под сто илјади гласови или под сто триесет илјади како што очекувате?“Шукова одговори дека таа не го гледа тоа како пораз:„Ништо не е пораз за мене. Вие треба во секој момент да застанете на здрави нозе, да погледнете што сте погрешиле и да продолжите понатаму. Во првите месеци беше многу тешко, особено во разговорите со луѓето кои беа разочарани.“Ландов реплицираше:„Муабетот ми е – нели е пораз кога ќе ја изгубите довербата на граѓаните? Тие излегуваат, трошат време, ви даваат доверба, а вие ја изневерувате и велите дека тоа не е пораз.“На ова, Шукова одговори:„Можеби другите го гледаат како пораз. Јас тоа го гледам како момент на консолидација – да видите каде сте погрешиле и да си ги подобрите политиките за да не ја изневерите довербата повторно.“Цел поткаст изгледајте го тука:

Скопје | пред 5 месеци

aerodrom-zagaduvanje

Општина Аеродром од понеделник почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад

Општина Аеродром од 29 септември (понеделник) започнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на ноември.Во соработка со ЈП за комунални дејности, на повеќе локации ќе бидат поставени големи контејнери каде граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.Прва локација – населба МичуринПонеделник и вторник (29 и 30 септември) контејнерите ќе бидат поставени на ул. „Анастас Митрев“ (зад паркот до трансформаторот) и на ул. „Венјамин Мачуковски“ (до трансформаторот кај Железничка станица).Втора локација – населба ОстровоСреда и четврток (1 и 2 октомври) жителите ќе можат да го оставаат отпадот на ул. „Владимир Комаров“ бр. 9 и на ул. „Владимир Комаров“ бр. 16 (зад ТЦ „Скопјанка“).Кабастиот отпад ќе се собира речиси до средината на ноември. За сите останати локации и термини граѓаните можат да се информираат на официјалната страница на општината aerodrom.gov.mk.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Обвинувања за насилство и притисоци во Струмица: СДСМ на удар на критики

СДС во паника поради очекуваниот пораз на претстојните локални избори во Струмица почнала да шири насилство и страв, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.„Очигледен е очајот на раководството на СДС во Струмица – наместо да понудат проекти, план и визија, тие се свртеа кон насилство и заплашување.Наместо да се извинат и да се оградат од скандалозниот напад во кој нивните кадри Христијан Ефтимов и Илија Стојанов крвнички тепаат странски државјани, од партијата следува само молк. Дали Филипче и СДС ќе се дистанцираат од насилниците? Зошто судството сè уште не реагира? Дали за СДС и нивните кадри на листата не важат законите?Ефтимов и Стојанов не се исклучок. Носителот на листата, Миле Гогов, има кривична пријава за загрозување на сигурноста, додека за Шефкет Асанов има прекршочна пријава за насилство и нарушување на јавен ред и мир. Дали судството ќе реагира за овие прекршители на законот?СДС во Струмица се опкружени со насилници и луѓе подготвени да го прекршуваат законот, додека институциите не реагираат поради блискоста со Заев. На Струмица ѝ требаат лица со интегритет и визија, а не уценувачи и насилници“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

Зеленски побара од Трамп ракети Томахавк за да ја притисне Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во затворен состанок побара од американскиот претседател Доналд Трамп испорака на крстосувачки ракети Томахавк, јави британскиот „The Telegraph“. Зеленски објаснил дека таквите проектили би ја ставиле Русија во домет на украинските удари и би можеле да ѝ создадат притисок да седне на преговори, пренесуваат повеќе извори кои ја потврдиле средбата како „исклучително позитивна“.Дипломатски извори наведуваат дека Трамп прифатил да разгледа таква опција и по состанокот на Зеленски изјавил дека „ќе работат на тоа“. Сепак, сè уште не е јасно дали барањето ќе биде реализирано: Томахавк има домет до околу 2.400 километри и боевна глава од околу 450 килограми, што го прави многу поефикасен од досегашните долготрајни ракети кои Западот им ги достави на Киев.Во минатиот мандат, администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден одбила слични барања поради ризикот од ескалација и можноста за напади врз цели на руска територија. Зеленски во разговорите на маргините на Обединетите нации повторно ги инсистирал на потребата Украина да добие средства за удари на поголеми далечини, а извори велат дека американскиот државен секретар Марко Рубио имал позитивен тон кон промена на политиката и ги советувал европските партнери да ѝ прифатат како можност.Украинската страна, како што изјави Серхиј Кузан од Центарот за безбедност и соработка, смета дека добивањето далекоплопни ракети е логичен следен чекор откако Украина доби средства како британскиот „Storm Shadow“. Тој подвлече дека, ако Русија располага со таква способност, Украина исто така треба да има опции за погодување на цели на слични длабочини. Зеленски, како што кажал по состанокот, ја добил потврдата од Трамп дека САД „ќе работат на тоа“, но окончна одлука за испорака сè уште не е донесена.

Свет | пред 5 месеци

media-library4sat8f34plfg1UtPf0O

(Видео) Побуна во ОН: Делегации ја напуштија салата при говорот на Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го отвори 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во атмосфера која е ретко видена во ОН. Веднаш штом тргна кон говорницата, повеќе од стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против израелската политика во Газа.Иако дел од присутните се обидоа да прикријат со аплауз и станување, празните места беа очигледни. Од галеријата се слушаа повици и свирежи, а службениците на ОН повеќепати повикуваа на ред. Американската делегација остана на своите места, додека палестинската мисија претходно ги повика државите координирано да ја напуштат седницата.Пред зградата на светската организација истовремено се одвиваа протести: семејства на израелски заложници бараа договор за нивно ослободување, додека противници на израелската офанзива носеа транспаренти и повикуваа на прекин на војната.Нетанјаху го отвори својот говор со порака до Хамас:„Спуштете го оружјето. Пуштете ги моите луѓе. Ослободете ги заложниците, сите 48. Ако тоа го направите – ќе живеете. Ако не – Израел ќе ве гони,“ рече со висок тон, додавајќи дека се обидува директно да се обрати и до заробените.Голем дел од неговото излагање беше посветено на одбрана на израелската воена кампања и одбивање на обвиненијата за геноцид.„Обвинението за геноцид е лага. Вистината е сосема спротивна,“ нагласи Нетанјаху, реагирајќи на извештајот на истражната комисија на ОН, која минатата недела објави дека Израел извршил геноцид во Газа.

Свет | пред 5 месеци

mickoski-dokumenti

Мицкоски: Нема црвени линии во предлогот на Филипче, јас познавам и штитам македонски црвени линии

„Вчера дадов еден краток коментар, денес бидејќи ме прашувате ќе дадам одговор на вашето прашање и ќе го поделам одговорот во два дела,“ изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговиот став во однос на Резолуцијата и на решението да се донесат уставни измени до февруари поднесена од страна на претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче.„Првиот дел е дека, за жал и ова раководство на СДСМ ја продолжува практиката на претходните раководства на СДСМ да ги руши позициите на македонската Влада и на државата, да ги распродава идентитетските и националните приоритети, од за мене неразбирливи причини. Ако на времето тоа го правеа за да се одржат на власт, за да можат да ги злоупотребуваат институциите и ресурсите на државата, не го оправдував се разбира за тоа има одговорност, но и некако ги разбирав. Сега не ги разбирам од опозиција зошто мора да ги подриваат позициите на Владата којашто грчевито се бори тоа што тие го распродадоа, изминатите 7 години кога беа во влада, да го поправи. И на меѓународен и на домашен план,“ истакна Мицкоски и додаде:„Второ, Резолуцијата, таканаречена, којашто ја видов и текстот внатре ќе се разгледува после изборите, така го разбрав раководството на СДСМ. Трето, таму има историски фалсификати. Во годината кога славиме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, тие не убедуваат во Резолуцијата дека тој во Обединетите нации бил прифатен во 19-тата година, мислам, не знам што да кажам. И вчера го кажав фактот дека во 2005-тата година, не доби Северна Македонија дата за почеток на преговори, туку доби Република Македонија. Тоа се историски фалсификати, јас не знам до кога овие луѓе ќе се служат со историски фалсификати“.„И конечно, нашата позиција е јасна. Ние не ги игнорираме обврските што таа влада ги прифатила, за жал. Но, исто така, не гледаме дека нашиот источен сосед прави нешто во насока на испорака на нивните обврски и очекуваме исто така, поробусна акција од страна на Европската комисија и Европската Унија и кај нашиот источен сосед, односно кај нивниот партнер во рамките на европското семејство. Затоа што сме виделе во минатото многу пати дека кога се сакало, се можело.  Ние имаме јасна позиција – гаранции, коишто ги спомена претседателот на Европскиот совет, бидејќи македонскиот народ и граѓаните во Македонија без разлика на етничката припадност, многу дадоа во името на таа европска иднина на државата, многу дадоа, како ниеден друг народ во Европа. Сакате да тргнеме од 18-ти, 19-ти век па наваму да анализираме. Сега веќе да не зборуваме, последниов. Без такви гаранции, на памет не ми паѓа да размислувам за било какви уставни измени,“ истакна премиерот Мицкоски. Тој е дециден дека никогаш нема да се откаже од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот.„Второ, што со Македонците од другата страна на таа граница? Што со нив? Ќе се откажуваме ли секогаш како влади од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот? Тоа јас нема да го направам. Никогаш. А треба само едноставно да се применат пресудите од Стразбур, ништо повеќе не треба да прават. Тоа е меѓународно право, Бугарија е потписник на тие конвенции. Само треба да го применат она коешто го донел Европскиот суд за човекови права во Стразбур, којшто е европска темелна вредност. Да може ОМО Илинден – Пирин да функционира како здружение на Македонците во Бугарија. И со тоа ќе се стекне ОМО Илинден – Пирин со право да претстави свој човек во Министерскиот совет за малцинства во Бугарија, како што имаат Евреите, Ерменците, Турците, Ромите итн. Заслужиле Македонците коишто, според пописот во 56-та година биле мнозинство во Западна Бугарија, а во 65-та магично 200 илјади исчезнуваат, во следниот попис да имаат свој претставник тамо. И јасно држење до Резолуцијата од јули 2022-та година којашто ја гласаше Парламентот заеднички со 95 гласа. Ништо друго не бараме. Ова е тоа што го бараме. Ова се се факти. Кога ќе видиме подготвеност од другата страна, и ние сме подготвени да седнеме и да разговараме. А за оваа Резолуција, тоа малку што имаме да го кажеме ќе го кажеме после изборите,“ рече Мицкоски.„На новинарското прашање дали ги прифаќа црвените линии на Филипче тој одговори дека не прифатиле негови црвени линии, прифаќа македонски црвени линии: „не би го коментирал тоа, можеме да растураме пердуви колку сакаме, ниту сме прифатиле црвени линии негови, јас прифаќам македонски црвени линии“.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2022-09-05-at-19.29.38

Миновска: Јакимовски – човек на црната листа на САД, не може да ја води Општина Карпош

Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, остро реагира:„Стевчо Јакимовски е лице ставено на Црната листа на САД за криминал и корупција. Нашите стратешки партнери имаат информации дека е криминалец кој ја злоупотребувал својата функција и правел криминал со градби.Во соопштението на Стејт департментот јасно стои:‘Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници’.Тоа значи дека Јакимовски местел тендери и правел детални урбанистички планови по желба на мафијата, за лична корист.Стевчо Јакимовски е криминалец par excellence. Лице кое е на црна листа на САД не смее да ја води општина Карпош.“

Скопје | пред 5 месеци

policija-2457

Лажен профил, закани и обид за изнуда – приведен 28-годишен неготинец

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ј. (28) од Неготино поради основано сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „изнуда“ во обид, информира МВР.Според пријавата, осомничениот креирал лажен профил на социјална мрежа и на 2 септември 2025 испратил порака преку интернет-платформа на профилот што го користи градоначалникот на Неготино. Во пораката упатил закани кон него и неговото семејство, но и се обидел да изнуди пари.Заканите продолжиле и на 4 септември, кога во три наврати, како и на 5 септември, преку друг профил му испратил текстуални пораки со закани и кон градоначалникот и неговото семејство, но и кон кандидат за градоначалник.На 19 септември, М.Ј. испратил нови пораки – овојпат на службените електронски пошти на Министерството за внатрешни работи, на Општина Неготино и на новинар, со закани кон приврзаници на политичка партија во градот.Истата вечер, М.Ј. бил лоциран и лишен од слобода од страна на полицијата. Случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Македонија | пред 5 месеци

Mickoski-Carina

Осум случаи под лупа – се испитуваат кардиохируршки интервенции без потреба

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сериозно ги прифаќа констатациите на академикот и кардиохирург д-р Сашко Кедев, кој пред јавноста алармираше дека во дел од приватните болници во земјава се правеле кардиохируршки интервенции без медицински основани причини.„Моето мислење за академикот Кедев и неговите констатации е дека тие се врвна индикација за веднаш да се преземат чекори и да се открие што е правено и дали е правено“, рече Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.Тој нагласи дека институциите нема да остават ништо на случајност:„Кога еден светски стручњак тоа го кажува, тука мора да има заднина и мора да ја откриеме. Секој што се богател на грбот на граѓаните и нивното здравје – ќе сноси одговорност“.Министерството за здравство веќе формира комисија која работи на осум случаи за кои постојат сомнежи за непотребни интервенции. Паралелно, Лекарската комора спроведува ад-хок проверки на пациентски досиеја, а конечни препораки ќе даде комисија од странски експерти.Министерот за здравство Азир Алиу, кој денеска беше заедно со премиерот, порача дека нема да се изнесуваат делумни информации, туку јавноста ќе добие целосен извештај откако ќе заврши експертизата. Според него, досега се завршени осум предмети, а во Фондот за здравство пристигнале уште пет нови случаи.

Македонија | пред 5 месеци

netanjahu

(Видео) Нетанјаху нареди говорот во ОН да се емитува во Газа преку разглас – армијата негодува: „Луда идеја“

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да го емитуваат неговиот денешен говор пред Генералното собрание на ОН во живо во Појасот Газа, пренесе Times of Israel.Според наредбата, разгласни уреди ќе бидат поставени на воени возила и камиони долж израелската страна на границата со Газа, со цел „историскиот говор“ на премиерот да биде слушнат од жителите на Газа. Во соопштението се наведува дека операцијата не смее да го доведе во опасност израелскиот воен персонал.Сепак, дел од воените кругови остро реагирале на ваквата одлука.„Тоа е ненормална идеја. Никој не разбира каква воена корист може да има од ова“, изјавил висок офицер за весникот Haaretz.Војската, и покрај противењето, нема да ја одбие наредбата на канцеларијата на премиерот и веќе се подготвува за емитување на говорот.Израелските медиуми пренесуваат дека потегот се смета за форма на психолошка војна, иако дел од безбедносните аналитичари предупредуваат дека ваквата акција е повеќе симболична отколку ефективна.Говорот на Нетанјаху во Њујорк е закажан за 16 часот по израелско време. Се очекува тој да го искористи настапот за жестока критика кон западните земји што ја признаа палестинската држава, како и за напад врз ОН за, како што ќе каже, „неподдршката кон Израел“.Оваа одлука доаѓа во момент кога во Газа продолжува израелската офанзива, а меѓународниот притисок за запирање на насилствата расте.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryq207fbq1ek755qYsa8x

(Видео) Подметнат пожар на депонија кај Арачиново, чадот се чувствува низ Скопје

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово. Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи.Најверојатно намерно запален сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата.Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје.Гаснењето ќе биде  сложено бидејки обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново.

Настани | пред 5 месеци

media-librarybr7fn62kt9adaMAl0tC

Лукашенко: Рускиот хиперсоничен ракетен систем „Орешник“ веќе е на пат кон Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека најновиот руски хиперсоничен балистички ракетен систем „Орешник“ веќе е на пат за распоредување на територијата на неговата земја. Информацијата ја пренесе државната новинска агенција БЕЛТА.„Веќе е на пат. Сè ќе биде во ред“, одговори Лукашенко на прашањето на новинарите во Москва дали системот е пристигнат.Тој претходно најави дека „Орешник“ ќе биде распоредeн во Белорусија до крајот на годината, во согласност со договорот постигнат со рускиот претседател Владимир Путин во Волгоград.Белорускиот лидер овој потег го оцени како чекор кон зајакнување на националната безбедност, заштита на суверенитетот и одвраќање од надворешни закани.Министерството за одбрана на Белорусија порано овој месец информираше дека заедно со руските сили вежбале планирање на употреба на нестратешко нуклеарно оружје и распоредување на системот „Орешник“ во рамките на заедничките маневри „Запад-2025“.„Орешник“ е ракетен систем со домет од 5.500 километри, способен да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави и да погоди цели со брзина до 12.300 километри на час. Неговото прво експериментално борбено лансирање беше изведено во ноември 2024 година.

Свет | пред 5 месеци

IMG_2111

Поранешен советник на Путин: „Поголем грев е да не се употреби нуклеарно оружје“

Сергеј Караганов (73), поранешен советник на Владимир Путин и почесен претседател на Руското совет за надворешна и одбранбена политика, изјави дека употребата на нуклеарно оружје може да биде „помало зло“ ако со тоа се спречи поголем глобален судир меѓу Русија и САД.„Употребата на нуклеарно оружје е страшен грев. Но да не се употреби и да се осуди сопствениот народ и светот на голема војна е уште поголем грев“, изјави Караганов гостувајќи на руската државна телевизија.Тој повтори дека Русија мора да биде подготвена за „најрешителни мерки“ и ја обвини Европа дека е „зараза која мора да биде искоренета“. Според него, целта е да се „скрши кичмата на европските елити“ за да се појават, како што рече, „нормални и здрави сили во Европа“.Караганов предупреди дека без радикални потези, Русија ризикува да влезе во долг и исцрпувачки конфликт со Европа, што би можело да го истроши рускиот народ и да доведе до глобален судир.На неговите изјави се надоврза и пропагандистот Владимир Соловјов, кој во својата емисија саркастично повика на „бомбардирање на Оксфорд и Кембриџ“ за да се „децимира британската елита“.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryrino5u5037me1ao9U0d

Филипче: По седум години раст на платите во здравството, ВМРО-ДПМНЕ го запре

Ова власт секој ден покажува и докажува дека работи само за големите компании, за големите приватни болници, додека здравствениот систем тоне во хаос, а за граѓните ништо не се прави, изјави вечерва од Струмица, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„Се отвора прашањето кого крои политики министерот за здравсто,за доброто на јавното здравство, на болниците, клиниките, здравствените установи или за доброто на приватните болници под влијање на неговите најблиски советници. Но тоа не не изненадува“, рече Фиипче.Во изјавата за медиуми,Филипче посочи дека во секоја област од здравството има проблем кој директно го чувствуваат на свој грб граѓаните.„Голем проблем во изминатиот период, се закажувањата на термините за различни снимања, хируршки интервенцији на пациентите. За жал, морам да кажам дека во здравствениот систем има огромни проблеми и огромни пропусти“, рече Филипче.Тој додаде дека младите здравствени работници се оставени сами на себе, а здравстениот систем е без контрола.„Се соочуваме со една ситуација во која што млади лекари и специјализанти се оставени сами на себе, без никаква подрошка, без никаква супервизија, и кога тие се впуштаат сами без контрола во работата, а здравствениот систем и министерството не прават ништо да го воспостават тој систем на контрола, се случуваат големи грешки“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО ДПМНЕ не направи ништо за подобрување на статусот на здравствените работници, за разлика од времето кога Владата на СДСМ вложуваше и во здравствената инфраструктура и во покачување на платите.„ Жалам што после оние политики во седумте години на владењето на СДСМ  кога направивме се, да ги зголимиме платите, примањата кај лекарите, медицинските сестри, оние коишто деноноќно работат за доброто на пациентите и успеавме да ги дуплираме, некаде да ги зголемиме и два и пол пати, сега овие година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ здравствените работници немаат никакви зголемувања. Тоа е еден доказ дека оваа власт не се грижи за доброто на работниците, ниту пак за државата. Жалам што во Министерството за Здравство, во главниот советнички тим на министерот, има лекари од приватните болници“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

a988a7fd-4c8e-42e2-b661-094ba2cc736b

Зеленски: Подготвен сум да се повлечам по завршувањето на војната со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе биде подготвен да се повлече од функцијата откако ќе заврши војната со Русија.„Ако ja завршиме војната со Русите, да, подготвен сум да не одам на избори, затоа што изборите не ми се цел. Мојата цел е да заврши војната“, рече Зеленски во видео-интервју за веб-страницата Axios.Тој додаде дека ќе побара од украинскиот парламент да организира избори доколку се постигне примирје.Претседателските избори во Украина требаше да се одржат во 2024 година, но беа одложени поради воената состојба воведена со почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година. И покрај тоа, Зеленски и по повеќе од три и пол години војна ужива високо ниво доверба – според анкетата на Киевскиот меѓународен институт за социологија, околу 59% од Украинците имаат доверба во него.Во текот на неделата Зеленски престојуваше во САД, каде што учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој нагласи дека Киев бара ново оружје со долг дострел од Вашингтон.Зеленски во интервјуто порача дека руските функционери треба да знаат каде е најблиското засолниште, доколку Москва одбие да стави крај на војната. На ова реагираше поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, предупредувајќи дека „Русија може да користи оружје против кое ни засолниште не би помогнало“.Војната продолжува со редовни руски напади врз Украина со беспилотни летала и проектили, додека Киев возвраќа со дронови со долг дострел, насочени кон воени цели и енергетска инфраструктура.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryfurrth0lpejo4qp4sOG

Данска во паника: Дронови над аеродромите, властите oдбиваат да ги соборат поради безбедносни ризици

По втората појава на неидентификувани дронови над данските аеродроми за само 38 часа, јавноста се прашува зошто полицијата и вооружените сили не ги неутрализираат овие летала, како што би сториле доколку стануваше збор за воен авион.Данскиот новинар и аналитичар Петер Ернствед Расмусен за BT.dk изјави дека државата очигледно нема систем за брза детекција и неутрализација на дронови.„Апсурдно е полицијата со часови да ги следи дроновите над аеродромот во Копенхаген и да не знае што да преземе“, рече тој.Војната во Украина покажа дека мали и бавни дронови најлесно се соборуваат со модифицирани пушки или со специјални електронски системи кои ги блокираат сигналите. Но такви решенија се небезбедни во цивилни услови, особено во близина на патнички аеродроми.Постојат и системи како DroneCatcher, беспилотно летало што исфрла мрежа и го фаќа дронот во воздух, овозможувајќи безбедно приземјување. Но и тие технологии не се дел од сегашната данска практика.Министерот за одбрана Труелс Лунд Поулсен изјави дека армијата има капацитет да делува, но свесно било одлучено тоа да не се направи.„Не е едноставно да се сруши дрон во темнина – никој не може да гарантира каде ќе падне и какви последици ќе има. Ако падне врз куќа или авион?“, праша тој.Началникот на генералштабот, генерал Михаел Хилдгорд, појасни дека конечната одлука ја донела војската: „По детална анализа, одлучивме дека од безбедносни причини дроновите нема да се соборат.“Во изминатите два дена, дронови биле забележани над аеродромите во Копенхаген, Олборг и Скрyдструп – бази кои се клучни за транспортот и одржувањето на борбените авиони F-16.Данските власти нагласуваат дека дроновите не претставуваат директна воена закана, но поради можни инциденти – како пожар или оштетувања од крш – привремено се затвораат аеродромите и се пренасочуваат летовите.

Свет | пред 5 месеци

media-library736tifpflnhq2RNHJWQ

Британски воен командант: Трамп е во право, Украина може да победи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина може да го врати целиот изгубен простор од 2014 година, нарекувајќи ја Русија „хартиен тигар“. Според анализа на The Telegraph од поранешниот британски воен командант Хамиш де Бретон-Гордон, тоа е можно само доколку зборовите се поткрепат со дела.Изразот „хартиен тигар“ е кинески поим кој опишува нешто што изгледа заканувачки, но е слабо и не може да издржи сериозен предизвик.Авторот посочува три клучни чекори за остварување на таквата визија:воспоставување на зона без летање над западна Украина за заштита на цивилите и пренасочување на противвоздушните системи кон исток;испорака на поголем број далекусежни прецизни ракети од западните сојузници и укинување на ограничувањата за напади врз цели на руска територија;построга и доследна примена на санкциите, при што Европа ќе мора да преземе поголем дел од товарот, вклучувајќи и воено присуство.„Украинската армија веќе покажа дека може да ослободува територии, но за победа во размерите за кои зборува Трамп ќе биде потребна целосна поддршка од НАТО“, нагласува де Бретон-Гордон.Анализата заклучува дека иднината зависи од доследноста на Европа и Трамп. Доколку силната реторика не се претвори во конкретни дела – особено во одбрана на украинското небо – постои опасност војната да трае со генерации и да се прошири низ целиот континент.

Свет | пред 5 месеци

DSC_0052

Низа инциденти и полициски интервенции во Скопје

Скопската полиција во текот понеделникот и вторникот регистрираше повеќе инциденти и изврши неколку интервенции на различни локации во градот.Во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ бил физички нападнат 34-годишниот А.Е. од Неготино, од страна на 41-годишниот С.С. од Скопје.Во Аеродром, на автобуска постојка, по претходна расправија дошло до тепачка меѓу Б.С. (35) од Свети Николе и двајца скопјани, Н.Ц. (45) и О.Ц. (40).Напад бил пријавен и во Ѓорче Петров, каде 71-годишниот С.М. бил нападнат од 69-годишниот Н.З., кој употребил и тврд предмет.Во посебна акција, на повеќе локации во Скопје, полицијата лиши од слобода пет лица – четворица млади скопјани и Б.С. (35) од Свети Николе. Кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 5 месеци

Filipce-2-SDSM-1

СДСМ ја објави целата содржина на Предлог-резолуцијата за дефинирање на црвените линии.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешниот брифинг со медиуми ја презентираше содржината на Предлог-резолуција за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања