Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-library7mfr2e42hmm44imXO3d

Мицкоски: Политиката е должност, а вистинскиот политичар е човек пред сè

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја отвори изборната кампања со порака дека ова не е време за празни ветувања, туку за одговорност, човечност и дела.„Кампањата не смее да биде театар на празни зборови, туку мост меѓу вистината и надежта. Народот очекува подобар живот, сигурност и достоинство. Вистински политичар е оној што знае да слуша, да разбере и да понесе товар што не е само негов“, изјави Мицкоски.Тој се обрати пред поддржувачите со отчет за реализираните проекти на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои над 770 километри изградени и реконструирани улици и булевари, 47 километри нови водоводи и 91 километар канализации. „Ова не се зборови, ова се дела“, нагласи Мицкоски.Во говорот испрати силна порака и до политичките противници: „Македонија ќе успее! Македонија ќе победи! И ќе ве победи! Ќе ги поразиме сите интриги, афери и предавства. Нема назад“.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Владата ќе се фокусира на две клучни теми – борба против корупцијата и подобрување на животниот стандард.„Или правда и ред, или нема држава. Или корумпираните политичари, или Македонија“, порача тој.Мицкоски истакна дека следниот период ќе биде време на длабоки мерки и проекти, од здравство и образование, до инфраструктура и дигитализација.„Првата година беше година на консолидација, наредните ќе бидат години на развој“, додаде тој.Говорот го заврши со слоганот на кампањата – „Вистинскиот избор“.„Твојот човек, твоето место, твојата иднина – сите три ги поврзува Вистинскиот избор. Направете го вистинскиот избор за Македонија“, повика Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysh7dlfedhb3g5tVMhcj

Филипче: Резолуцијата јасно ги дефинира црвените линии, партиите да покажат зрелост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во одговор на  новинарски прашања поврзани со Предлог резолуцијата за заштита на националните интереси и деблокирање на европскиот пат, поднесена од страна на СДСМ, истакна дека станува збор за документ со суштинска вредност кој, како што рече, е можеби „еден од најпатриотските документи коишто биле понудени на оваа политичка сцена изминатите повеќе децении“.Во врска со реакциите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Филипче изјави дека сите факти во Предлог резолуцијата се прецизни и точни.„Искрено жалам што таква изјава даде премиерот. Прво, сè што е наведено во таа резолуција е точно, и да кажам, многу прецизно. Таму се наведени историски факти, наназад резолуции претходно донесени во Собранието. Точно е наведено што во тие резолуции претходно е веќе заштитено“, рече Филипче.Тој објасни дека Предлог резолуцијата отвара простор за долгорочен национален договор за прашањата за кои, како што рече, никогаш не треба да се преговара.„Ова е еден од најпатриотските документи кои што биле понудени на оваа политичка сцена изминатите повеќе децении, поради тоа што отвора простор и врата конечно да се  постигне национален консензус за нашите црвени линии – за што ние утре нема да преговараме со Европската Унија, доколку се постави такво прашање. Тоа од што луѓето стравуваат во иднина, и тоа се - јазикот, идентитетот, културата и историјата“, изјави Филипче.Во однос на понатамошните чекори, Филипче изрази надеж дека кампањата ќе придонесе за зрелост и одговорност кај сите партии.„Искрено сметам дека ќе се надминат, во следниот период, за време на кампањата, себеси сите политички партии, вклучувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ, дека, ако ништо друго, ќе најдат сила и ќе седнат на маса да дискутираме за овој документ, поради тоа што времето сериозно не гази. Регионот оди напред, а ние тука не гледаме никаков напредок.“Одговарајќи на прашањето дали СДСМ би прифатил резолуција предложена од ВМРО-ДПМНЕ, Филипче одговори:„Апсолутно, и ова е дел од нашата конструктивност. Не знам што може по македонско да биде од ова, но ајде да видиме“, рече Филипче.На новинарско прашање дали по испраќањето на резолуцијата добиле позитивен сигнал од другите партии, претседателот на СДСМ рече дека реакциите допрва се очекуваат:„Не, во текот на вчерашниот ден ја испративме, така што јас верувам дека немале време да ја погледнат. Можеби треба и еден ден да стигне дотаму, така што очекувам во следниот период.“Во однос на тоа зошто СДСМ смета дека е подобро решение да се подготви заедничко писмо до ЕУ наместо да се напуштат преговорите, Филипче изјави:„Прво, ова е решение коешто е поинакво од сите други поради неколку работи. Прво, ја содржи хронологијата на сите претходни резолуции донесени во Собранието. Второ, за првпат е предлог документ којшто треба заеднички да се работи, модифицира и да се поднесе. Значи, вистинско седнување на маса, како сите сериозни држави, постигнување на национален консензус, а не само празни флоскули, најави итн, и после не правење ништо, што всушност се случува. И третата работа е што има јасна временска рамка“, рече Филипче.Тој додаде дека документот вклучува конкретни предлози за тоа кога треба да започне процесот на уставни измени и кога да се отворат поглавјата во преговорите со ЕУ, со јасна комуникација до Брисел што за Македонија претставува црвена линија, а што не.„И ЕУ треба да знае што ние сметаме дека е нешто што загрозува некакви наши црвени линии во текот на преговорите, а што не, и во тој контекст, едно писмо за информирање на сите релевантни структури во рамки на Унијата“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

media-library0i54nto5gv3r9LhTi4X

Пациентка со рак бара помош: „Нема хемотерапија на Онкологија, лековите ги купувам од други држави“

Повторно недостиг на хемотерапија во државната Клиника за онкологија. Овој пат јавноста е потресена од апелот на 46-годишната Данјела Јакимовска, пациентка со рак, која вели дека е принудена лековите да ги купува од други држави за да ја продолжи борбата за живот.„Апел за помош. Драги добри луѓе, имам многу да кажам, а не ми излегува ниту еден збор од душата. Во тешка ситуација сум, потребна ми е финансиска помош. Не барам милостина, барам шанса за живот. На мои 46 години се разболев од рак на дојка. Поминав сите тие хемотерапии и баш кога помислив дека се спасив, за неполна година ракот се врати во многу поагресивна форма како метастази на црн дроб“, напишала таа во својот јавен апел.Јакимовска вели дека последната година е постојано на хемотерапија, но дека лекови на Онкологија веќе нема и таа е принудена да ги купува од странство.„Скоро сите испитувања ги правам надвор од Паланка, дел и приватно. Хемо нема на Онкологија, купувам од други држави, реагенси за тумор маркери нема, и тоа го правам приватно, а уште многу други давачки... Моето семејство веќе не е финансиски моќно да го издржи овој товар. А како да се откажам од желбата за живот“, пишува таа.Апелот на пациентката повторно го отвора прашањето за хроничниот недостиг на лекови и терапии на Клиниката за онкологија, проблем кој директно ги загрозува животите на пациентите и ги принудува да бараат спас надвор од јавниот здравствен систем.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryfutera7roiol9jSwrfM

Мицкоски со порака до градоначалниците: Вашиот мандат е договор со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Штип, испрати порака до нив, дека нивниот мандат е договор со граѓаните.„Сакам да им порачам на сите градоначалници, и оние што се реизбираат и оние што првпат застануваат пред народот: вашиот мандат е договор со граѓаните. Службата е чест, но и обврска. Да бидете транспарентни, достапни, чесни, и да мерите сè со резултати, а не со зборови. Вашето досегашно искуство да го претворите во предност, а вашата визија и програма да ги претворите во реални дела и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Тоа е нашата заедничка мисија и цел“.Мицкоски укажа и кои се обврски ги презема Владата кои се  спроведуваат континуирано.Нашата Влада, рече тој, се фокусира на две клучни теми.„Прво, борбата против корупцијата. Нема напредок без чесност. Нема правда без одговорност. Корупцијата е данок врз сиромашните – и мора да ја искорениме. Ќе биде или ПРАВДА И РЕД, или нема да ја биде државата! Или корумпираните политичари, мафијаши или Македонија! Ние ќе бидеме во први редови на страната на Македонија и нејзините граѓани! И тоа ќе го видите! Второ, животниот стандард на граѓаните. Нашата должност е да создадеме услови за достоинствен живот, повисоки плати, пристоен живот за пензионерите, стабилни цени, поддршка за семејствата. Во услови на сериозни економски проблеми, инфлација која и во светот тешко може да се смири, ние имаме одговорност и обврска да донесеме мерки и чекори кои ќе бидат од корист за граѓаните и кои ќе го зголемат и подобрат нивниот стандард“, изјави Мицкоски.Според Мицкоски, не се застанува тука, со засилена динамика продолжуваат сите реформи во сите области.

Македонија | пред 5 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Пешак почина откако беше прегазен од возило во Лисиче

Утрово во СВР Скопје е пријавена тешка сообраќајна несреќа на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче. Патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски таблички, управувано од Г.Д. (30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ. (83) од Скопје.Пешакот со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна им подлегнал. Лекар констатирал смрт.Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По насоки на обвинител, возачот Г.Д. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryvfu9d11qimt4bwu6rYd

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ изгради 770 километри улици и патишта за време на власта на СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на тоа што направија  градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за тие три години додека централна власт беше СДСМ.„Во изминативе 4 години, од кои цели три години беа со жесток отпор и кочница од централната власт, заедно градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изградија и реконструира улици, булевари, патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 милиони евра. Направени се речиси 47 километри нови водоводи, изградени се канализации од должина од речиси од 91 километар. Изградени или во завршна фаза на градење се 7 пазари од затворен тип, 12 пречистителни станици“, соопшти Мицкоски.Мицкоски посочи дека во делот на образованието реконструирани и модернизирани се повеќе од  400 училишта и дека се потавени фотоволтаици на поголем број на училиштата.„За учениците обезбедена е бесплатна храна за децата од 1 до 5 одделение и обезбедено е бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства во голем број на општини, со доградба и реконструкција на училиштатата се воведе и еднодневна сменска настава. Реконструирани и модернизирани се повеќе 70 детски градинки, а новоизградени се неколку десетици градинки за оваа цел се инвестирани повеќе од една милијарда денари. Завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени“, вели Мицкоски.Мицкоски заклучи дека претстои многу работа, многу труд, „но денес со чист образ стојам пред сите вас“.

Македонија | пред 5 месеци

614067-ischezna-15-godishna-shtitenichka-na-domot-za-deca-bez-roditeli

Три малолетнички со закани плашеле врсничка па и се заканувале на телефон, во Чаир натепано дете

Министерството за внатрешни работи информира дека на 26.09.2025 во СВР Скопје биле пријавени два одделни случаи на малолетничко насилство.Во првиот случај, С.П. (44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на нејзината 14-годишна ќерка. Последниот инцидент се случил на 24 септември, кога преку мобилна апликација ѝ биле испратени закани. За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување.Во вториот случај, Т.Т. (57) од Скопје пријавил дека на 25.09.2025 околу 11:30 часот, во спортска сала на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици. И во овој случај се преземаат мерки за целосно расчистување.

Скопје | пред 5 месеци

policija-2457

Со закани изнудувал пари од сопругата: уапсен скопјанец!

На 26 септември 2025 година, околу 16:50 часот, во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т. (37) од Скопје.Според пријавата, тој подолг период ѝ се заканувал на својата 43-годишна сопруга и ѝ барал пари.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 месеци

policija-policaec

Уапсени две лица во велешко, оти ги фатиле со 59 куршуми, ловечки можеви, две пушки

На 26 септември 2025 година, околу 16 часот, во атарот на село Рлевци, велешко, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода Е.Б. (46) од село Горно Оризари и С.С. (29) од село Клуковец.При извршен преглед во патничко возило „Мицубиши“ со австриски национални ознаки, управувано од Е.Б., а во кое сопатник бил С.С., биле пронајдени и одземени две ловечки пушки – карабин, 59 куршуми со различен калибар, две дозволи за поседување и носење оружје, три ловечки ножеви со футроли, секира, две празни рамки и други предмети.Од извршените проверки било констатирано дека двајцата не поседувале дневна дозвола за лов. Тие се приведени во полициската станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

Македонија | пред 5 месеци

filipce

Филипче: Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на регионалната конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“ во организација на Прогрес Институт со поддршка на Олоф Палме, меѓународниот центар „Олоф Палме“, упати критика кон власта за тоа што го запира европскиот пат на државата и ја одбива резолуцијата за национален консензус околу евроинтеграциите.„Пред три дена го одбија еден од најпатриотските документи кој што бил виден на нашата политичка сцена, а тоа е предлог резолуцијата за национален консензус, заеднички црвени линии и временска рамка за почеток на отворањето на поглавјата и продолжувањето на преговорите со Европска Унија,“ нагласи Филипче.Тој потсети дека политиките на СДСМ секогаш биле во интерес на државата и граѓаните, без политички калкулации и грижа за рејтинг.„Нашите политики беа добри, беа во интерес на државата и на граѓаните. Не водевме сметка, не ставаме на кантар дали ќе изгубиме дел од својот политички рејтинг, затоа што вредеше државата да оди напред, да се реши деценискиот проблем со името, да станеме земја членка на НАТО. Ама сега оваа влада не сака да го продолжи европскиот пат.“Лидерот на СДСМ, д-р Филипче, оцени дека кризата во земјата е дел од пошироката криза на социјал-демократијата во Европа, предупредувајќи дека алтернативата што ја нудат десноцентристичките партии е опасна.„Имаме многу слично сценарио – еден фрагментиран простор на левиот спектар со кој што се соочуваат и другите земји. Кризата во социјал-демократијата е тесно поврзана со кризата во демократијата во светот, каде што доминираат авторитарните режими, исто тоа што се случува и кај нас. Иако партиите од центарот десно се нудат како некаква алтернатива, сепак таа алтернатива е опасна, затоа што тоа приближување на партиите од центарот десно кон авторитарните режими само ги легитимира дополнително и ги прикажува како некој по-благи варијанти.“На крајот во своето обраќање, Филипче пред гостите од сестринските партии на СДСМ од регионот упати порака со апел за единство и визија за заедничка европска иднина.„Прогресивните сили и во земјата, и во регионот, треба да се обединат, да споделиме знаење, искуства и сите заедно да покажеме дека иднината на целиот регион е во Европа”, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryflv9d1spg6754XsDtJp

Скандал во Пробиштип, Ристовска: Синот на Тоневски возел 185 км/ч, СДСМ бара одговор од МВР

Весна Ристовска од СДСМ Пробиштип излезе со обвинувања за, како што рече, „аздисаноста на функционерите од ДПМНЕ и нивните семејства“, откако синот на кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски, бил „фатен како управува возило „ауди“ со брзина од 185 километри на час на место каде дозволената брзина е 110 километри на час“.„Сведоци сме на грубо кршење на Законот и покажување сила и моќ од страна на фамилија Тоневски со години наназад“, изјави Ристовска.аа потсети дека Тоневски, кој е претседател на локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник на Пробиштип, по преземањето на власта бил назначен за директор на рудникот „Булмак 2016“ со плата од 5000 евра, при што, според неа, оставил многу семејства на раб на егзистенција поради отпуштања и намалувања на платите на рударите.Ристовска додаде дека рудникот бил доведен на раб на стечај, а сопругата на Тоневски била поставена за директор на Агенцијата за пошти со плата од 3000 евра.„Сега сведоци сме на загрозување на животите на учесниците во сообраќајот од страна на неговиот син. До кога вака?“, праша Ристовска.Таа јавно го повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да одговори дали е постапено по случајот согласно законските надлежности, дали било вршено притисок за заташкување поради кандидатурата на Тоневски, како и дали ќе биде одземено возилото и предадено на институција или градинка, „како што постојано зборува министерот“.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Американската влада пред блокада - што значи ова?

Американската влада се наоѓа на чекор до блокада која може да стапи на сила веќе следната недела, доколку Конгресот не постигне договор за финансирање по истекот на тековниот буџет на 30 септември. Во случај на блокада, илјадници федерални службеници ќе бидат испратени на неплатен одмор или ќе работат без плата, националните паркови и музеи ќе бидат затворени, а бројни клучни владини функции ќе се прекинат.Иако републиканците го контролираат Претставничкиот дом, Сенатот и Белата куќа, за финансирање на владата им е потребна поддршка и од демократите бидејќи во Сенатот се бараат 60 гласови. Преговорите за краткорочно решение пропаднаа. Републиканскиот план предвидува продолжување на финансирањето до 21 ноември и дополнителни средства за безбедност на конгресмени, додека демократскиот план предвидува финансирање до 31 октомври со укинување на кратењата за Medicaid и продолжување на здравствените субвенции. Ниту еден од предлозите не доби доволно поддршка во Сенатот.Последиците од блокадата би биле сериозни. Федералните службеници нема да добиваат плата додека трае блокадата, иако по нејзиното завршување им се гарантира исплата. Националните паркови и музеи ќе се затворат, а можно е и доцнење во авионскиот сообраќај поради тоа што контролорите и TSA персоналот работат без надомест. Економските последици би биле значајни – блокадата од 2019 година ѝ нанесе штета на економијата од 3 милијарди долари.Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини опозицијата за застојот, изјавувајќи: „Ако мора да се затвори владата, ќе се затвори. Демократите се тие што ја гасат.“

Свет | пред 5 месеци

rosica

Колева: „Спие ли мирно Панче Тошковски? За случајот со Росица мора да има одговорност до највисоко ниво“

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Даниела Колева, изјави дека трагедијата со убиството на младата Росица во Велес ја разголила „целата неспособност и нефункционалност на институциите раководени од ВМРО-ДПМНЕ“.„Не може вината да се сведува само на 11 полицајци. На толку многу пропусти, каде се началниците и командирите, каде се функционерите? Зошто тие се заштитени? Каде е нивната одговорност?“, праша Колева.Таа побара од Јавното обвинителство итно да отвори истрага за сите инволвирани во случајот, а одговорност да понесат не само полициските службеници, туку и нивните раководители и, како што рече, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.„Ако навистина е точно дека Росица лично му се обратила на Тошковски со порака, како што сведочат нејзини пријатели, тогаш станува збор за скандал од највисоки размери. Панче Тошковски мора да поднесе оставка од морални причини,“ истакна Колева.Таа додаде дека институциите не ја заштитиле Росица и дека нејзиниот „крик за помош останал игнориран – што е срам за државата и тежок товар на совеста на сите кои се дел од системот“.„СДСМ ќе продолжи да бара вистинска, институционална и политичка одговорност, затоа што животот на секоја жена мора да биде заштитен, а институциите мора да функционираат за граѓаните, а не против нив“, порача Колева.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-03-23-at-19.53.31

Страотен злостор во Србија: Внук осомничен за убиство на баба и дедо

Во семејна куќа во близина на Деспотовец, Србија, пронајдени се мртви брачниот пар М.Р. (79) и Ж.Р. (76). Според изворите на српските медиуми, за двојното убиство осомничен е нивниот внук М.М., кој по делото наводно зел автомобил и побегнал.Мештаните се во неверување и за убиените сопружници велат дека биле мирни и чесни луѓе.„Живееја мирен, пензионерски живот. Ова е трагедија,“ изјави еден од соседите.За осомничениот младич велат дека повремено доаѓал кај бабата и дедото, а родителите му живеат во Италија.„Не делуваше проблематично, некогаш тргуваше со стока и на пазар,“ сведочат соседите.Телата на сопружниците во локва крв ги пронашле роднини, кои веднаш ја повикале полицијата. На лице место биле извршени увид од страна на полицијата и дежурниот јавен обвинител од Јагодина.Во селото кружат шпекулации за можни мотиви, меѓу кои и долгови или дрога, но официјални информации засега нема. Истражните органи продолжуваат да работат на расветлување на случајот.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryf2acifqq4c0n2kcXzTZ

„Неподвижни лица одбивани од комисии, а здрави земаат нега“ - граѓани сведочат за неправди во пензиското и здравственото осигурување

Снимка на лице со тежок инвалидитет кое е целосно неподвижно, а било носено во раце по скали и со автомобил за да се пренесе до Скопје, откако службите трипати го одбиле за семејна пензија, предизвика револт во јавноста. По објавата, граѓани сведочат за слични случаи низ кои поминуваат нивни блиски.Фармацевтка чиј идентитет и е познат на редакцијата раскажува дека речиси секојдневно слуша потресни приказни од пациенти:„До мене дојде човек, плачеше, не знаеше каде да се обрати. Татко му неподвижен во постела, со декубитални рани и во пелени. Мајка му исто така едвај подвижна. Го одбиле за средства за туѓа нега затоа што документите не му биле нови, а од него барале повторно да го носи пациентот на комисии. ‘Како да го однесам кога не можам ни да го поместам од кревет’, ми рече. Има луѓе што добиваат нега, а се здрави и шетаат низ град, а за него не следува. Човекот беше скршен, без надеж“.Слични сведоштва споделија и други граѓани:„Мајка ми со мултиплекс склероза четири пати ја одбиваат за инвалидска пензија. Жената е тешко подвижна, а нè враќаат со изговор дека документите се стари. Аплициравме петти пат, уште чекаме комисија. Од Пензиско нè праќаат од број на број, никој не одговара. Ние сме од Охрид и мора лично да одиме до Скопје. Најтрагично е што овие луѓе навистина имаат потреба од тие средства – пред сè за лекови“.„Свекрва ми со Паркинсон, слабо срце и други болести ја одбија за мобилност и со тоа остана без право на асистент, без кој не може да функционира. Срамота и греота е ова што го прават“.„Асистент сум на лица со попреченост. Едниот корисник е со ампутирана нога, а го одбија за мобилност. На крај му одобрија само шест месеци, по огромни маки и трчање по документи. А патувањето до Скопје е посебен трошок и мака“.„И дедо ми, кој почина, беше целосно неподвижен, со удар и деменција. И за него бараа да го носиме на комисија, како да не им се доволни извештаите од специјалисти“.Овие сведоштва ја потврдуваат сликата за нефункционалност на дел од институциите – лица со тешки заболувања и инвалидитет се одбивани од комисии, додека, како што велат граѓаните, „здрави и прави“ земаат средства за нега.

Коментари | пред 5 месеци

aerodrom-vardariste

„Вардариште“ под лупа: Камери, обезбедување и ограда за депонијата веднаш

По повеќе од две недели секојдневни блокади, граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава го префрли својот фокус директно на терен, организирајќи увид на лице место на дивата депонија. Активистите, кои се собраа во 7:20 часот пред мостот Близнак, го започнаа разгледувањето на состојбата на депонијата во 8:30 часот, каде што, според најавите, очекуваат да им се придружи и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, за да одговори на нивните прашања.Од иницијативата вчера ги повикаа и претставниците на сите надлежни институции да дојдат на терен и да им презентираат конкретни мерки што ќе се преземат веднаш, а не по завршувањето на локалните избори.Граѓаните доставија и листа со седум клучни барања за итно дејствување:Воспоставување на 24-часовен јавно достапен видео-надзор.Воспоставување на 24-часовно физичко обезбедување на депонијата.Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на локацијата.Поставување на ограда околу целата депонија.Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште.Откривање и казнување на потпалувачите на пожарите.Ригорозни мерки против сите кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryp9hfk6753nqg0owqq2l

Филипче: Тотална дипломатска изолација на државните претставници во ОН, се губи меѓународната позиција на земјата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес,  се осврна и на драматичната состојба со надворешната политика и меѓународниот углед на државата, оценувајќи дека под водство на актуелната власт, се случува досега невиден дипломатски дебакл.„Тотална дипломатска изолација на состанокот во ОН,  претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат од Соединетите Американски држави. Ваков дебакл дипломатијата до сега нема доживеано.“Филипче го опиша ова како симболична, но многу сериозна потврда за тоа каде се наоѓа денеска државата на меѓународната сцена. Според него, Северна Македонија од земја што беше призната и поддржана од клучните стратешки партнери, денес е држава што единствено добива внимание на маргините, без реално политичко влијание, без сериозни разговори и без почит.„Се сѐ сведува на правење селфија со некои дипломати по ходниците на големите светски институции,“, рече Филипче.Тој потсети дека патот кон НАТО и ЕУ не беше лесен и не беше без политичка цена, но дека тој пат вредеше и беше правилен.Во продолжение од обраќањето, Филипче истакна дека разликата меѓу поранешната и сегашната власт е токму во тоа што СДСМ секогаш го ставала интересот на државата пред партиските калкулации.„И сега тоа е само еден дополнителен поттик да се бориме и да им кажеме на граѓаните дека нашите политики беа добри, беа во интерес на државата, на граѓаните, не водевме сметка, не ставаме на кантар дали ќе изгубиме дел од својот политички рејтинг, затоа што вредеше државата да оди напред, да се реши деценискиот проблем со името, да станеме земја членка на НАТО.“Филипче посочи дека со оваа актуелна власт европскиот пат е запрен, институционално и суштински, потенцирајќи дека  оваа  влада не сака да го продолжи европскиот пат.Како што нагласи, недостасуваат лидерство, храброст и визија за иднината на државата, а власта бега од тешките одлуки и ги сведува сите надворешни ангажмани на површна слика за јавноста без реална содржина.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Јавнообвинителската служба на колена – синдикатот бара повисоки плати: Службата на работ на колапс, бараме итно донесување на Законот

Синдикалната организација на јавни обвинителства при Синдикатот на УПОЗ предупредува дека јавнообвинителската служба се наоѓа на работ на целосен колапс поради континуираното заминување на кадар, кое е резултат на, како што велат, постојано потценување и невреднување на трудот на службениците.„Единствена светла точка ја гледавме во донесувањето на Законот за јавнообвинителска служба. Работната група подготви предлог кој ги адресираше сите реални проблеми – услови за работа, дежурства, надоместоци, дневници и најважно, систем на плати и коефициенти. Но, верзијата објавена на ЕНЕР не ги содржи овие решенија и повторно ги остава службениците без одговор на суштинските проблеми“, стои во соопштението.Од Синдикатот потсетуваат дека токму поради овие нерешени прашања во 2023 година организирале штрајк кој траел три месеци, но институциите тогаш немале слух за барањата.„Јавнообвинителската служба денес функционира со само една четвртина од потребниот број вработени. Ниту еден службеник не зема плата на ниво на просечната плата во државата, а додатоците за дежурства, вонредна работа и надоместоци иако постојат во законот, не се исплаќаат“, додаваат од таму.Организацијата поставува три клучни барања:задолжително учество во преговорите за законот како единствени претставници на службата,прифаќање на предлог-законот подготвен од работната група,зголемување на платите и уредување на сите елементи на работниот однос.Синдикатот апелира Законот за јавнообвинителска служба да се донесе веднаш по локалните избори во својата првична форма, со итна подготовка на подзаконски акти и отстранување на бариерите за кадровско зајакнување.„Остануваме отворени за соработка со сите надлежни институции, единствено во интерес на граѓаните и на квалитетна и навремена услуга“, порачуваат од Синдикалната организација на јавните обвинителства.

Македонија | пред 5 месеци

filipce-sdsm-co-2

Филипче: На оваа власт луѓето и се на последно место

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска се обрати на конференцијата организирана од Институтот Прогрес, каде што упати сериозна критика до актуелната влада и ја опиша моменталната состојба како опасна по економската и институционалната стабилност на државата.Во своето излагање, Филипче рече: „Изминатата година и пол држава ја води тотално неспособна и недемократска власт, која што можам слободно да кажам, дека државата ја води кон државен и економски крах.“ - рече Филипче.Тој предупреди на целосен застој во развојот на земјата, постојани скандали и растечки долгови.„Од скандал во скандал, од задолжување во задолжување, никаков прогрес, никаков развој на земјата во ниту еден сектор. Огромни кредити, од сомнително потекло, земени на нетранспарентен начин, 7 милијарди евра задолженост, која што држава не ја видела од 1991 година, од својата самостојност“, рече Филипче.Посебен акцент беше ставен и на кризата во безбедносниот систем, каде што, како што рече, довербата во институциите е сериозно нарушена.„Скандали во сферата на безбедност, како во Агенцијата за национална безбедност, со фалсификувани дипломи, секојдневни убиства, запалени возила во Скопје, небезбедни улици. Ова е секојдневниот кое го живееме со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.Според него, стагнација има и во образованието, здравството и стандардот на граѓаните, со што се урива основата на секое функционално општество.„Ништо не се случува ниту во образованието, децата немаат учебници, наставниците, за жал, повеќе не се ни надеваат дека имаат поголеми плати. Работниците не можат да врзат крај со крај, на сите апели да се зголеми минималната просечна плата, ова влада нема слух. Не ги контролираат цените во маркетите бидејќи се партнер на големите компании во секоја сфера“, рече Филипче.При тоа, тој  оцени дека актуелната власт нема никакво чувство за одговорност и дека граѓаните се заборавени и оставени сами на себе.„Луѓето се на последно место, за жал, на оваа влада. Ништо не се случува ни во здравството. Луѓето веќе не гледаат шанса дека нешто ќе се подобри.“Во заклучокот, Филипче порача дека СДСМ ќе продолжи да зборува гласно за овие проблеми и ќе понуди конкретни решенија за излез од оваа сериозна институционална и економска криза.

Македонија | пред 5 месеци

ahmeti-bujar

Ахмети бара внимание со квази-патриотизам од „милошевички вид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи дека тој секогаш пред избори прибегнува кон манипулативни теми и создавање тензии.„Ахмети е, што би рекле Србите кои му се идоли, една ‘немирна закачица’ и мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува. Исто како и достоинството и поддршката,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата сметаат дека со „павлов рефлекс“ пред секои избори Ахмети зборува за крв и квази-патриотизам „од најдолен милошевички вид“, наместо да се соочи со реалните проблеми.„Ахмети ги потценува Албанците кои, поради тајкуните и шеиците што тој ги создаде на грбот на чесните граѓани, живеат тешко и сè повеќе се иселуваат од земјава. Да си го потценуваш сопствениот народ и да измислуваш теми кои се погрешни, манипулативни и создаваат тензии само затоа што си уплашен – тоа не е убаво,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

stevco-jakimovski

Марковска Илиевска: Јакимовски ветуваше милионски проекти за Лептокарија, а жителите добија само празни ветувања

Советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска, денеска изјави дека „кандидатот на СДСМ, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски“, не ги исполнил ветувањата дадени на жителите на Лептокарија во изборната кампања од 2021 година.„Се наоѓаме на паркингот во Лептокарија. Тој е истиот каков што беше и пред изборите, без најавениот подземен паркинг и плоштад со фонтана. Ниту има подземно паркирање, ниту најубава фонтана, како што тогаш беше најавено – има само купишта ѓубре,“ рече Марковска Илиевска.Таа потсети дека проектот што го најави Јакимовски тогаш бил вреден 4 милиони евра и вклучувал и нови фасади за зградите во околината. „Фасадите се исти, стари по 20–30 години. Од новите фасади остана само видеото од кампањата,“ нагласи советничката.Марковска Илиевска го обвини Јакимовски дека ги излажал жителите на Лептокарија и Карпош и додаде дека нема капацитет да биде градоначалник. „Јакимовски лажеше во 2021, лаже и сега,“ рече таа.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarycerrtc6sojqp4zqH0du

Дронови ја нарушија безбедноста во Данска – Копенхашкиот аеродром привремено затворен

Данската полиција потврди дека непознати дронови синоќа летале над најголемата воена база во земјата – Каруп, во срцето на Јитланд. Инцидентот траел неколку часа и предизвикал сериозна загриженост за безбедноста на воздушниот простор.„Можам да потврдам дека имавме инцидент околу 20:15 часот кој траеше со часови. Беа забележани еден до два дрона над и околу воздухопловната база. Ние не ги соборивме,“ изјави за AFP дежурниот полициски службеник Симон Скeлсјер.Во моментов не е познато од каде дошле дроновите, ниту кој управувал со нив.Во последните недели, данските власти регистрираат серија слични надлетувања над клучна инфраструктура и воени објекти, кои владините претставници ги нарекуваат „хибридни напади“. Тие се сметаат за сериозен безбедносен предизвик и директна закана за националната сигурност.Каруп е најголемата воена база и оперативен центар на данските воздухопловни сили, а новите забележани дронови го зголемија стравот дека станува збор за координирани акции.Слични инциденти претходно беа регистрирани во Олборг, Билунд, Есбјерг, Сондерборг, како и над базата Скридструп, каде се стационирани борбените авиони F-16 и F-35.Оваа недела дури и главниот аеродром во Копенхаген беше привремено затворен поради присуство на повеќе дронови, што премиерката го опиша како „најсериозниот напад врз инфраструктурата досега“. Настанот предизвика пренасочување на цивилни летови и дополнителни безбедносни мерки.Иако дел од европските политичари не ја исклучуваат можноста зад нападите да стојат руски актери, досега нема официјални докази. Москва ги отфрла сите обвинувања.Данска најави дека ќе ги засили мерките за заштита, ќе ја продлабочи соработката со меѓународните партнери и ќе го забрза развојот на системи за неутрализирање на беспилотни летала.

Свет | пред 5 месеци

media-library9qra9q1p129u6FkPGmI

Ѓорѓиевски: Потписот на Кодексот е обврска за фер и достоинствени избори

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска го потпиша Кодексот за фер и демократски избори, со што, како што истакна, презема јасна и јавна обврска да биде гарант за транспарентен и достоен изборен процес.„Со голема чест и одговорност го ставив својот потпис на Кодексот за фер и демократски избори. Овој потпис е јасна и јавна обврска дека како кандидат за градоначалник на Скопје ќе бидам гарант за процес кој ќе биде транспарентен, фер и достоен за доверба,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој се обврза дека ќе ги почитува темелните демократски принципи, ќе обезбеди еднакви услови за сите учесници, нема да дозволи притисоци, заплашувања или дискриминација, и ќе го заштити правото на секој граѓанин да избира слободно и достоинствено.„Изборите се мерило за зрелоста на нашиот народ и наша должност е да создадеме атмосфера во која секој ќе може да ја искаже својата волја без страв, со право да учествува, да се информира и да гласа слободно,“ додаде тој.Ѓорѓиевски нагласи дека чесноста, непристрасноста и отчетноста се основата врз која се гради довербата во институциите, повикувајќи на фер натпревар меѓу кандидатите:„Подавам рака на секој кандидат, со своите идеи и планови да направиме повеќе за нашето Скопје и за скопјани, бидејќи тие заслужуваат достоинствен град. Посакувам среќа на сите – нека победи подобриот.“Кодексот за фер и демократски избори беше потпишан од сите кандидати за градоначалници на Скопје, освен од претставникот на Левица, Амар Мециновиќ.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarylsg6tr4n656q22B8bwZ

„Седи на шанк“: TikTok тренд против заморот од онлајн запознавањето

Генерација Z, изморена од бескрајното „свајпање“ и површни интеракции на апликациите за запознавање, пронајде нов начин за дружење – старомодниот. Трендот „Sit at the Bar September“ (Седи на шанк во септември) стана вирален на TikTok, поттикнувајќи младите да ги исклучат апликациите и да запознаваат луѓе уживо, седнати на шанк во бар.Идејата доаѓа од 86-годишната агентка за недвижнини и TikTok инфлуенсерка Лори Купер, која ги повика своите следбеници овој месец да остават простор за вистински разговори лице в лице.Истражување на MarketWatch покажува дека 80% од корисниците на апликации за запознавање чувствуваат замор, а над половина од младите од Генерација Z признаваат дека постојано или често се чувствуваат исцрпено од апликациите како Tinder, Bumble или Hinge.Трендот привлече и внимание кај баровите – тие би можеле да профитираат од зголемената посетеност и враќањето на живите социјални контакти.Сепак, дел од бармените забележуваат и разлики во однесувањето на младите гости – за разлика од традиционалниот „отворен сметка“ систем, Генерација Z често веднаш го плаќа секое пијалок, што, велат, ја менува динамиката на работа во баровите.

Магазин | пред 5 месеци

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Уште еден возач е приведен, овојпат во Прилеп: Дошол од Англија, заврши во станица со кривична пријава

Во Прилеп е лишен од слобода 50-годишен државјанин на Англија со привремен престој во градот, кој управувал возило под дејство на алкохол.Инцидентот се случил на 27 септември околу 03:45 часот на улицата „Борка Талески“, кога полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Прилеп запреле патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки. Возачот бил тестиран и кај него биле утврдени 1,60 промили алкохол во крвта.Лицето е задржано во полициската станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања