Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

puls-35

Објавени докази за корупцијата во „Пулс“: Инспектори од МВР и УЈП предупредувале за контроли во замена за подароци и резервации, Обвинителството проверува

Иако судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани сè уште не е започнат, во јавноста излегуваат нови докази за лица кои воопшто не се опфатени со обвинението.„Истражувачката репортерска лабораторија“ (ИРЛ) објави текстуални разговори кои упатуваат дека сопствениците на дискотеката однапред биле предупредувани од инспектори за претстојни контроли. Според ИРЛ, дел од инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи дури примале и скапи подароци за возврат, меѓу кои биле и часовник.ИРЛ објави и текстуални пораки кои покажуваат дека сопствениците на дискотеката комуницирале со инспектори од МВР кои барале привилегии – меѓу нив и резервирани маси во клубот.Додека институциите се оправдуваат, семејствата на загинатите и преживеаните продолжуваат да раскажуваат за нивната голгота.„Кога стигнавме таму – гужва, дим, пламен. Немаше струја. Наидов на зид од деца, сите беа испреплетени, без свест. Моето дете не можев да го најдам. За 500 луѓе имаше еден излез од два метри – тоа е убиство“, сведочи Сашко Алексов, татко на починатата Сара.За преживеаниот Јорданчо Ефтимов траумите се уште свежи, тој вели дека во еден момент бил помирен дека ќе умре:„Додека лежев на земјата, само кога ја протнав раката, сфатив дека ме вадат од гомилата. Тоа беше чудо“.Марија Петрушова, која го изгубила синот Андреј, раскажува за другиот син Кристијан:„Вика – јас влегов, темно, некој ќе те фати за нога, ти го влечеш надвор, не гледаш кој е“.Очевидци и родители опишуваат апокалиптична слика: преполни болници, мртви тела низ ходниците, крв и очај.„Кога влегував, пазев да не згазам некое детенце“, потресено изјави Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче.Градот Кочани останува во тешка траума.„Нема веќе живот тука, сите бараме правда“, велат жителите.Основното јавно обвинителство реагираше на сторијата на ИРЛ со соопштение дека сите докази се земени предвид и се проверуваат:„При поднесување на обвинението и на средбата со семејствата на загинатите, појаснивме дека проверки се вршат и во однос на повеќе институции, вклучително и УЈП. Но законските надлежности на УЈП се однесуваат на даночни и финансиски прашања, а не на безбедност, па тие не беа опфатени во обвинението. Сепак, во контекст на евентуални коруптивни дела на поединци, постапките се во тек. Презентираната комуникација е веќе дел од доказниот материјал доставен до судот. Апелираме за воздржаност од изнесување непроверени информации кои можат да ја загрозат постапката“.

Македонија | пред 5 месеци

media-library1d340dt4ii775D5aLA9

Бивши кинески министер за земјоделство осуден на смртна казна поради корупција

Поранешниот кинески министер за земјоделство, Танг Ренџијан, денеска е осуден на смртна казна со одложено извршување поради примање мито, на судење во провинцијата Џилин.Судот утврди дека Танг, во периодот од 2007 до 2024 година, примал мито во готовина и имот во вредност од над 268 милиони јуани (37,6 милиони долари) на различни позиции кои ги извршувал. Казната е одложена на две години бидејќи осудениот ги признал своите дела.Танг Ренџијан беше исклучен од Комунистичката партија во ноември 2024 година, шест месеци по тоа што антикорупциската агенција покрена истрага, по што беше разрешен од функцијата.Кинескиот претседател Си Џинпинг уште во 2020 година ја започна кампањата за чистки во безбедносниот и политички апарат, со цел полицијата, обвинителите и судиите да бидат „апсолутно лојални, апсолутно чисти и апсолутно доверливи“.Танг беше гувернер на западната провинција Гансу од 2017 до 2020 година, пред да биде именуван за министер за земјоделство. Во јануари годинава, Си предупреди дека корупцијата останува најголема закана за Комунистичката партија на Кина и оти таа и понатаму е во пораст.

Свет | пред 5 месеци

media-library0461dunk4ashbjr7qgM

Филипче: Се бориме и ќе се избориме за нашиот заеднички дом

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на конвенцијата на партијата ги презентираше кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори 2025 година. Во своето обраќање, тој порача дека СДСМ и коалициските партнери повторно ја преземаат обврската да бидат двигатели на слободата, правдата и еднаквоста, но и гаранти за европската иднина на државата.„Нашиот заеднички дом ни ја дава таа задача и таа обврска и ние ја прифаќаме. Ќе се бориме и ќе се избориме во име на нашиот заеднички дом. Затоа денеска нашите граѓани и нашата држава се пред историски одлуки. Пред нас е нова битка за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. “, изјави Филипче.Филипче ги охрабри граѓаните да ја поддржат програмата и кандидатите на СДСМ на претстојните локални избори:„Ако веруваме дека Македонија има шанса и иднина, тогаш треба да веруваме во изборот на чесни луѓе кои се грижат и се борат за нашиот дом, а не само за себе. Нашите чесни кандидати за градоначалници и советници во општините таа поддршка нема да ја изневерат“, рече Филипче.Филипче, својот говор пред присутното членство и избраните кандидати за градоначалници и советници го заврши со порака за единство.„Денес застануваме пред сите граѓани на Македонија со јасна порака. Пред нас имаме момент на нов почеток. Вреди оваа борба за подобра македонска сегашност и иднина. Да живее СДСМ, да живее Македонија, да живеат македонските граѓани!“, рече Филипче на Конвенцијата.

Македонија | пред 5 месеци

pari-evra-policija

Приведен скопјанец – се заканувал на сопругата и ѝ барал пари

Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Т. (37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „изнуда“.На 26.09.2025 во 16:50 часот, полициски службеници го лишиле од слобода осомничениот, по претходна пријава дека подолг период ѝ се заканувал на неговата 43-годишна сопруга и ѝ барал пари.Од судија на претходна постапка на него му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, информира МВР.

Скопје | пред 5 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Тешко повреден возач во сообраќајка во Кочани

На 27.09.2025 во 11:35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул. „Димитар Влахов“ и ул. „Павлина Вељанова“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (24) од с. Чешиново, и патничко возило „форд фиеста“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Б.С. од Кочани.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Ј., а неговиот сопатник С.Е. (26) од с. Чешиново добил телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничка болница Штип.Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Македонија | пред 5 месеци

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Натепани двајца малолетници во Карпош, се трага по три лица

Денеска (28.09.2025) во 01:10 часот во СВР Скопје, И.Б. (51) и Н.А. (52), двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните синови, на возраст од 16 и 15 години, биле физички нападнати од тројца малолетници на подрачјето на Карпош.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

policija-2457

Жена пронајдена мртва во Гази Баба

На 27 септември 2025 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Гази Баба е пронајдена почината С.П. (87) од Скопје.Лекар излегол на местото и констатирал смрт без видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Скопје | пред 5 месеци

izet-medziti

Меџити во кампањата за градоначалник: Невработеноста во Чаир падна од 40% на 16%

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, на отворањето на локалниот изборен штаб во населбата Гази Баба изјави дека денес Чаир изгледа сосема поинаку од 2005 година, кога тој за првпат ја презеде општината.„Денес Чаир се разликува од 2005-та. Во 2005, кога јас го презедов Чаир, немаше ниту општинска зграда. Невработеноста во Чаир беше 40%, денес е 16%“, нагласи Меџити.Тој потсети дека во минатото Албанците во државната администрација имале минимална застапеност. „Кога не постоеше општината Чаир, таму бараа само некој возач, телохранител или секретарка. Денес Чаир ја детерминира албанската политика во Македонија“, рече Меџити.Оценувајќи ја политичката тежина на Чаир, тој додаде дека на овие избори не е најважно што ќе се случи во Кичево, Струга или во другите градови, туку кој ќе победи токму во Чаир.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarysbpdr6hl2l1afDmMBBI

Најбогатата Македонка во Детроит Маријан Бајоф Илич добитничка на наградата „Ќерка на Македонија“

Најбогатата Македонка во Детроит, 92-годишната Маријан Бајоф Илич, ја доби наградата „Ќерка на Македонија“, што ѝ ја додели Обединетата македонска дијаспора (ОМД) на свечената гала вечер по повод 20-годишниот јубилеј на организацијата. Настанот се одржа во Детроит, а на него присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.„Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, но често имаме забавни случки со нашите деца бидејќи не го знаат македонскиот. Многу често ме прашуваат како се кажува ова, како се кажува она и јас им одговарам. Јас сум горда што сум Македонка, навистина сум горда… ние сме добри луѓе“, изјави Илич при доделувањето на признанието.Таа им порача на Македонците во Америка дека треба да бидат горди на своето потекло:„Сите вие овде, секој еден од вас, треба да сте среќни за вашите семејства, да бидете со крената глава. Многу не знаат каде е Македонија. Мајка ми е од Буф, татко ми е од Битола, сум била кај моите баби и дедовци, таму е прекрасно“, рече Илич, откривајќи дека и нејзините деца сакаат повторно да ја посетат татковината.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarydmvhsa92grrt6CEyFmc

Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница

По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Според првичните информации, 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а  сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.

Македонија | пред 5 месеци

jakimovski-stevco

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е кандидат на СДС, Филипче и Заев, кој ги излажа карпошани

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поддржан од СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, не исполнил ниту едно ветување дадено пред жителите на општината.„Јакимовски е човек кој ги излажа карпошани и не реализираше ниту еден проект. Како по примерот на Заев и Филипче, сè што Јакимовски предизборно вети – се покажа како лага“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека жителите на Лептокарија биле меѓу најизмамените, бидејќи кандидатот на СДС пред четири години ветувал подземен паркинг, плоштад со фонтана и инвестиции вредни 4 милиони евра, но денес таму има само купишта ѓубре.„Ниту подземен паркинг, ниту фонтана, ниту фасади на зградите. По четири години фасадите се истите стари, а хортикултурно уредување нема. Од ветеното остана само видеото со неговите шарени лаги“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се додава дека Јакимовски нема капацитет да ја води општината и дека „лажел тогаш, лаже и сега“.„Време е за Вистинскиот избор! Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 5 месеци

apsenje

Закани преку телефон и апликации за пари: приведен скопјанец пред Онкологија, фатен како сака да земе изнудени пари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен осомничен, за кој постои основано сомнение дека извршил кривично дело „Изнуда“ од член 258 став 1 од Кривичниот законик.Во изминатите два месеца, осомничениот телефонски и преку пораки на различни апликации упатувал сериозни закани кон жена која живее во странство, како и кон нејзината мајка и брат. Од оштетената барал да му исплати 15.000 евра, а ѝ дал рок до 26 септември.Под закана, оштетената на 17 септември му испратила 500 евра преку „Вестерн унион“, а за дополнителни 4.500 евра се договориле исплатата да биде извршена во земјава, пред Клиниката за онкологија.Кога оштетената пристигнала во Македонија на 25 септември, веднаш случајот го пријавила во полиција. При преземање на парите, осомничениот бил приведен на лице место.Имајќи ја предвид опасноста од бегство, можноста за влијание врз сведоците и оштетената, како и ризикот да го повтори делото, јавниот обвинител предложи мерка притвор.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarybpgbqo9dk3vpeKnrVrn

Притвор за осомничен од Страчинци: му влегле дома и му нашле 99 исушени гранки билка и 41 грам марухуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишен жител на селото Страчинци, осомничен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле три откорнати растенија канабис, 99 пресечени, превиткани и исушени гранчиња од истата билка, како и 41,4 грама марихуана спакувана за понатамошна употреба.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, со цел да се обезбеди неговото присуство и непречено водење на истрагата.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryvronfgu727iqb6fmdbU

(Видео) Верници од утринава пред „Св. Елена и Константин“ во центарот на Скопје, денеска се осветува храмот

Денеска свечено се осветува храмот „Св. Елена и Константин“, а уште од рано утринава голем број верници пристигнуваат за да се помолат за здравје, среќа и благосостојба. Атмосферата е празнична, а храмот веќе е исполнет со молитви и духовна возбуда.Изградбата на храмот започна пред повеќе од една деценија, со благослов на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, а благодарение на донации од верници и поддршка од локалната заедница. Со текот на годините, храмот постепено добиваше свој облик, а денеска конечно се заокружува долгогодишниот труд и желба на многумина верници да добијат свето место за молитва и духовно собирање.Верниците велат дека денешниот ден ќе остане запаметен во историјата на заедницата како исполнување на една голема духовна потреба.

Скопје | пред 5 месеци

lavrov-951

Москва нуди дијалог – Лавров: „Потребни се гаранции за виталните интереси на Русија“

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пред Генералното собрание на ОН изјави дека Москва е отворена за преговори за завршување на војната во Украина под одредени услови. Тој ги демантираше тврдењата дека Русија планира напад врз земјите од НАТО и предупреди дека секоја агресија против Русија ќе биде соочена со одлучен одговор.Лавров во својот говор се осврна и на состојбата во меѓународниот поредок, потсетувајќи на големите воени паради во Москва и Пекинг по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна. Тој рече дека Русија го осудува нападот на милитантите на Хамас врз Израел на 7 октомври, но и дека нема оправдување за „бруталните убиства на Палестинците“. Лавров додаде дека исто така не прифаќа планови за анексија на Западниот брег и оцени дека обидите на Западот за повторно воведување санкции кон Иран се незаконски.Во делот посветен на Украина, Лавров кажа дека Русија останува подготвена за преговори за отстранување на „темелните причини“ за конфликтот. Тој истакна дека безбедноста и виталните интереси на Русија треба да бидат сигурно договорени и дека правата на Русите и рускоговорното население на територии под контрола на Киев треба да им бидат вратени. На таа основа, според него, Москва е спремна да преговара и за безбедносни гаранции за Украина.Одговарајќи на обвинувањата дека Русија планира напади врз земјите членки на НАТО, Лавров рече дека претседателот Путин веќе повеќе пати ги демантирал таквите наводи и дека Русија нема такви намери. Тој, сепак, предупреди дека секоја агресија против Русија ќе добие одлучен одговор и порача да не постои сомнеж во тој став меѓу членовите на НАТО и Европската унија.

Свет | пред 5 месеци

britanski-brod-crno-more

Руска подморница „Новоросиск“ во опасност од експлозија во Средоземното Море

Руска подморница со нуклеарни способности наводно доживеала „сериозна несреќа“ во Средоземното Море, пренесуваат повеќе медиуми повикувајќи се на рускиот Телеграм-канал ВЧк-ОГПУ, кој е поврзуван со разузнавачките кругови во Москва.Се работи за подморницата „Новоросиск“, долга 74 метри и дел од класата „Кило“, која вчера изронила над Гибралтарскиот теснец. Каналот тврди дека поради оштетување на горивниот систем, гориво почнало да се слева во внатрешноста на подморницата, создавајќи ризик од експлозија.„Новоросиск, кој моментално е на борбена мисија во Средоземното Море, се соочува со сериозни технички проблеми. Поради дефект, горивото истекува директно во внатрешноста. На подморницата нема резервни делови ниту квалификувани експерти, а екипажот не може да го санира проблемот. Натрупаното гориво е експлозивна закана и единствена опција е да се испумпува во морето“, се наведува во објавата.Ситуацијата веднаш беше споредена со трагедијата на подморницата „Курск“ од август 2000 година во Баренцово Море, кога експлозија усмрти 118 членови на екипажот.„Новоросиск“ е пуштен во употреба во 2014 година и е дел од Црноморската флота, иако не се верува дека учествувал во инвазијата врз Украина. Се работи за дизел-електрична јуришна подморница со капацитет да остане под вода до 45 дена и екипаж од 52 луѓе. Таа има и можност за лансирање нуклеарни ракети „Калибр“.Нејзината сестринска подморница „Ростов на Дон“ беше потопена во украински напад во август минатата година. „Новоросиск“ е под постојано следење од британската Кралска морнарица, а британскиот министер за одбрана Џон Хили потсети дека во ноември лани британска нуклеарна подморница била принудена да изрони покрај неа за да ја отстрани од својата патека.

Свет | пред 5 месеци

image-182358

МВР демантира дека им бил вршен притисок за заташкување на случајот против дете на функционер од ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформации објавени денеска од страна на една СДСМ дека наводно бил вршен притисок за како што велат „случајот да биде заташкан“ во кој на 25.09.2025 едно лице беше лишено од слобода поради безобзирно возење.„Вистината е дека Министерството за внатрешни работи вчера (26.09.2025) објави за случајот и објавата ви ја пренесуваме во целост: На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани - Штип, констатирано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило““, објави МВР.

Македонија | пред 5 месеци

media-library41v4o6fka4cg1JdVAV7

Силјановска-Давкова на прием кај Трамп и првата дама на САД

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова соопшти дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.„Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат“, напиша таа.

Македонија | пред 5 месеци

kocani-puls-protest-4

(Видео) Родителите од „Пулс“ даваат рок до 3 октомври — ако нема одговори, следуваат протести и блокади

Дел од родителите на загинатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ упатија остар повик до јавните обвинители и до судиите: бараат итни и јасни одговори за напредокот на постапките и најавија дека доколку до 3 октомври не добијат конкретен одговор, мирните маршеви ќе прекинат и ќе следуваат протести и блокади.„Обвинители и судии, ние, семејствата на жртвите од трагедијата во ‘Пулс’, бараме итен и јасен одговор од вас. Доста е со молчење, поминаа шест месеци. Срамота е“, рече мајка на едно од загинатите деца. Родителите појаснуваат дека до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) веќе доставиле прашања и очекуваат информации за тоа до каде е постапката против вработените во МВР и кога ќе се подготви обвинителниот акт. На судиите од Кривичниот суд им упатија прашање дали ќе донесат оценка на обвинителниот акт или ќе се повлечат пред политички влијанија.„Нема повеќе трпеливост, бараме итна одговорност. Време е да заврши одолговлекувањето. Ако до петок, 3 октомври, не добиеме одговор, нема повеќе мирни маршеви — ќе има протести и блокади. Нема повторно молчење“, додаде мајката. Роднините нагласуваат дека нивниот повик не е политички мотивиран, туку е израз на бес и тага поради месеци без одговори и без правна разврска. Тие порачаа дека ќе ја бараат вистината и одговорноста „до крај“, бидејќи, како што велат, цели семејства се уништени и немаат што да изгубат, па ја повикаа правосудната власт да покаже доблест.

Македонија | пред 5 месеци

media-library1k3fad564ok99s3UAoA

(Видео) Општински камиони на Гази Баба со црвени таблици фатени кај дивата депонија во Јурумлери

Покрај нивите во Јурумлери, на околу два километри од складиштето за отпад во Трубарево, никнува нова депонија. Покрај патот купишта отпад, а на крајот од патот биле затекнати и возила на јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“. Жител кој ни го испрати видеото, посочува дека тука се истурал отпад. Од снимката се гледа како едно возило заминува, додека друго искипува со крената приколица. Двете имаат црвени таблици, што означуваат дека се државна или општинска сопственост.Случајно или не, оваа снимка, била направена истиот ден (26 септември) кога во Гази Баба се собираше смет и се чистеше општината. Сомнежите се дека токму тоа ѓубре завршило на оваа депонија. „Скопје1“ утринава го контактираше градоначалникот кој е во трка за нов мандат, Бобан Стефковски. Го прашавме дали е запознаен со ова, но одговор не добивме. Два часа подоцна, видовме дека присуствува во Штип на промоцијата на кадрите на партијата за нов мандат.Во меѓувреме, порталот „360 степени“ објави дека и тие барале објаснување од Гази Баба за отпадот исфрлан на ова место. Оттаму им доставиле некаква белешка дека истиот бил оставен во „Дрисла“. Стои и количината на депониран отпад, но не се знае која количина на отпад е собрана.Ова не е единствена депонија во општината. Таму се наоѓа и „Вардариште“ за која секојдневно има протести, а пред извесен период гореше. Граѓаните бараат итно решавање на овие еколошки катастрофи кои влијаат врз здравјето на сите.

Скопје | пред 5 месеци

venecuela-dimni-bombi-38g6y1m7sx1ueiqka1eiv4

САД разгледуваат воздушни удари врз цели во Венецуела

Американски воени претставници подготвуваат опции за воздушни удари врз цели поврзани со нарко-картели во Венецуела, а акциите би можеле да започнат за неколку недели, пренесува NBC News, повикувајќи се на четири извори запознаени со плановите.Според информациите, станува збор за можна нова ескалација на воената кампања на администрацијата на претседателот Доналд Трамп против шверцерите на дрога и дел од поостриот став кон владата на Николас Мадуро.Во последните недели, американската војска веќе уништи најмалку три пловила за кои Вашингтон тврди дека превезувале дрога и членови на криминални групи. Засега нема одобрение за напади на венецуелска територија, но извори потврдуваат дека опцијата се разгледува.Плановите што се дискутираат се однесуваат главно на употреба на дронови за елиминација на членови на криминални групи и уништување на лаборатории за производство на дрога. „Видете, Венецуела ни праќа банди, дилери и дрога. Тоа е неприфатливо“, изјави претходно Трамп, одбивајќи да навлезе во детали.Администрацијата проценува дека Мадуро не презема доволно мерки за да го сопре протокот на дрога од Венецуела, иако Каракас не се смета за голем производител на кокаин. Земјата, сепак, се идентификува како клучна транзитна точка.Американската армија веќе распореди најмалку осум бродови, илјадници маринци и борбени авиони F-35 во регионот. Аналитичари предупредуваат дека евентуален напад врз венецуелска територија би имал сериозни дипломатски и политички последици, вклучувајќи и можност за зацврстување на внатрешната поддршка за Мадуро.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-08-at-09.34.12

Сирија издаде налог за апсење на Башар ал-Асад

Сириските власти издале налог за апсење на поранешниот претседател Башар ал-Асад, повеќе од девет месеци по неговото симнување од власт, објави денеска сириското правосудство. Ал-Асад, кој владееше со земјата повеќе од две децении, побегна во Русија во декември минатата година, откако исламскиот бунтовнички сојуз напредуваше кон главниот град Дамаск.Налогот е издаден во отсуство на ал-Асад и тој се товари за убиство со предумисла и за тортура што довела до смрт, пренесе државната новинска агенција САНА, цитирајќи го истражниот судија во Дамаск, Тауфик ал-Али.Обвиненијата се поврзани со акциите на силите на ал-Асад во 2011 година во градот Дараа, каде што започна продемократскиот востанички бран против неговата власт. Уште во првите денови на протестите, режимот одговори со брутална репресија, што доведе до граѓанска војна во која загинаа стотици илјади луѓе, а голем дел од населението беше затворено, мачено или исчезна.„Судската одлука ги отвора вратите за издавање меѓународна потерница преку Интерпол и за водење на случајот на меѓународно ниво“, изјави судијата ал-Али, додавајќи дека чекорот е одговор на тужбите поднесени од семејствата на жртвите.Во извештаите се наведува и дека Министерството за правда изминатата недела издало налог за апсење на поранешниот претседател и поради обвинувања за поттикнување граѓанска војна.По падот на Асад, новото сириско раководство се обидува да покаже умереност и почитување на човековите права, со цел да обезбеди меѓународна економска поддршка за обновата на земјата уништена од повеќе од една деценија војна.

Свет | пред 5 месеци

media-librarygjc7hcoje1hv163Db7x

Почина новинарот и уредник Трифун Талевски

Со голема жалост семејството и колегите ја споделија веста дека почина Трифун Талевски, долгогодишен уредник и новинар кој целиот свој професионален живот го помина во државната Македонска радио-телевизија (МРТВ), а претходно во Јутел и РТСкопје 1.Талевски прво дипломирал на Воената воздухопловна академија – отсек пилоти во Загреб, а подоцна и на Факултетот за политички науки во Белград. Како најдобар студент во генерацијата, кариерата ја започнал во Јутел, за на почетокот од 70-тите да премине во РТСкопје 1, која по осамостојувањето прерасна во МРТВ.Во 80-тите и 90-тите години веќе е препознаен како еден од најреномираните новинари и уредници во Внатрешно-политичката редакција. Беше уредник на централниот „Дневник“ и автор на емисијата „19.00“, која секој работен ден се емитуваше пред централното издание.Подоцна беше дел од уредничкиот колегиум во создавањето на дописничката мрежа на МРТВ, а работеше и како уредник во Македонското радио. Со својата работа остави длабока трага во македонското новинарство преку илјадници текстови, прилози и емисии.Трифун Талевски е роден на 19 октомври 1943 година во селото Габалавци, Битола. Зад себе ја остави сопругата Лимба, ќерката Ивона Талевска, која го наследи во новинарството, и синот Стефан Талевски, кој изгради успешна меѓународна кариера во Италија и САД.Погребот ќе се одржи на 29 септември 2025 година (понеделник) во 12:00 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Мицкоски: СДС се бори заедно со ДУИ да дојдат на власт и да продолжат со криминалот кој им го бранат нивни обвинители и судии

На денешниот настан во Штип на кој се одржа промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Социјалдемократскиот сојуз се бори заедно со ДУИ, и тоа е јасно како бел ден, за да дојдат повторно на власт и да продолжат со криминалот, кој им го бранат нивните обвинители.„Се борат заедно со Али Ахмети ДУИ и тоа е јасно како бел ден, и тоа ние го гледаме на секој чекор. Се борат за да се вратат на власт да продолжат по старо, се борат за да и помогнат на Бугарија да ја матира Македонија, се борат за да се допаднат на сите освен на својот народ. Се борат за да го заштитат криминалот преку нивните обвинители и судии кои не процесуираа ниту една кривична пријава нив. Тие се борат за нивните луксузи, тие се борат за нивните раскошни домови, нивните украдени пари и нивните заложени и уценети глави. Тоа е тоа за што тие се борат, за друго ништо“, рече Мицкоски.Мицкоски порача дека луѓето во ДУИ кои сеуште слепо го слушаат Али Ахмети, најмалку ги интересираат Албанците и останатите етнички заедници, туку дека за нив се интересираат само кога треба да  ги злоупотребат и кога треба да гласаат за нив, а потоа со своето неработење и корупција придонесуваат истите да се иселат од државата.Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните заедно да испратат јасна порака до оние кои што седум години ја пустошеа, понижуваа и засрамуваа државата и граѓаните, до оние кои живеат во национал-романтичните соништа од минатиот век и сеуште сонуваат дека можат да ја делат Македонија, како и до оние политичари коишто поради преголемата лична фрустрација и желба за власт заслепени од немоќта тоа да го реализираат, најчесто навредуваат, ги крадат сопствените членови а со тоа се гледа тие ќе се однесуваат и кон државата и кон ресурсите на државата.„Затоа ве молам заедно на овие три групи на луѓе да им испратиме една порака: Македонија ќе успее! Македонија ќе победи! И ќе ве победи! И нема назад! Ќе ги поразиме сите ваши интриги, сите ваши тажни обиди да не инволвирате во вашите предавства, сите ваши афери и апатијата која ја создадовте. Затоа што во нас чука срце, затоа што ние сме луѓе кои сакаме, живееме за идеја и мечтаеме, затоа што ние живееме со проблемите на луѓето и се бориме и ќе се бориме да ги подобриме животите на сите и покрај вашите опструкции планови и деструкција! Ќе ве победиме! Ви ветувам дека и на овие избори ќе ве победиме! Македонија ќе победи!“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Нудиме чесни кандидати со реална програма – за разлика од противниците кои нудат гола пропаганда

На новинарско прашање за тоа каква кампања очекува и што им препорачува на другите политички чинители, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче ја нагласи подготвеноста на СДСМ за позитивна и одговорна изборна трка, заснована на луѓе со кредибилитет и реална програма.„Имаме добри кандидати, имаме навистина луѓе коишто се признати во своите средини, коишто имаат легитимитет и кредибилитет да излезат да побараат поддршка од граѓаните, луѓе коишто имаат капацитет да ги спроведат тие програми“, рече Филипче.Тој додаде дека СДСМ ќе води чесна и одговорна кампања, со фокус на програмата и довербата кон граѓаните, а не со напади и манипулации. Филипче потенцираше дека токму чесноста и отчетноста во работењето ќе бидат главниот белег на нивните кандидати.„Чесни луѓе коишто чесно ќе работат со буџетите на граѓаните, за што јас лично земам одговорност пред сите граѓани“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ, Филипче, повика и останатите политички партии да се приклучат на ваков фер и достоинствен пристап, каде во центарот на вниманието ќе биде граѓанинот и неговите реални потреби.„Ќе имаме една позитивна, фер кампања и очекувам од сите политички други субјекти еднаков таков пристап“, изјави Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања