Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кристијан Ландов

rusija

Руски дронови сѐ почесто навлегуваат во воздушниот простор на ЕУ и НАТО – предупредувања за зголемена закана

Руски дронови и авиони сѐ почесто го нарушуваат воздушниот простор на Европската Унија и НАТО, што според „Политико“ предизвикува загриженост кај владите низ континентот заради растечката закана од Москва.„Војната е веќе тука. Денес најважната задача на секој јавен лидер е да ја убеди нашата трансатлантска и западна заедница, со разум и со срце, дека ова е непосакувана, на моменти чудна, но сепак вистинска војна“, изјави полскиот премиер Доналд Туск на Варшавскиот безбедносен форум.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадепфул истакна дека „Русија се обидува да ги дестабилизира нашите општества“ и дека Европа мора да испрати „јасен одговор“ до Кремљ.Навлегувања во повеќе земјиПоследните недели дронови влегле во воздушниот простор на Полска, Романија, Данска и Норвешка, а руски воени авиони го прекршиле и воздушниот простор на Естонија пред да бидат протерани. Според „Политико“, овие инциденти отвораат сериозни прашања за безбедноста и за одговорот на НАТО и ЕУ.Естонија дури јавно објавила дел од радарските податоци за да покаже дека, како што велат од Талин, „Русија лаже“ кога ги демантира овие случувања.Особено внимание привлече случајот со неколку сомнителни дронови кои овој месец ја прелетаа Данска – земја што ретко се смета за фронтова линија во конфликтот. Франција, Германија, Велика Британија и Шведска веќе испратија помош на Копенхаген за заштита од дронови.Европа се движи бавно, но чувството на итност растеИако повеќе пати е критикувана за бавност во вооружувањето, Европа полека ја зголемува својата подготвеност.„Дроновите се несреќа што може да послужи како предупредување – конечно луѓето сфаќаат што е на маса. Сега балтичките држави можат да кажат: ‘Ви рековме’“, изјавил западноевропски пратеник за „Политико“.Бившата литванска претседателка Далија Грибаускајте порача дека „денес најсилна и најискусна армија во Европа не е германската, британската или турската, туку украинската“.„Путин не го одврати ниту Украина, ниту Европа, ниту Соединетите Држави. Тоа значи дека повеќе не зборуваме за одвраќање, туку за одбрана. Тоа е новата реалност во која се наоѓаме,“ нагласи таа.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryomjqrtsq0ge3ePpUD7C

Граѓаните и Македонија се уморни од политичари како Венко, Али, Димче, тие прават коалиции за пари, ние за иднина, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Ресен во рамки на кампањата за локалните избори која е со слоганот „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“ укажа дека овие избори имаат поинаква тежина. „Ова не се избори само за улицата, патчето, туку и за тоа каква порака ќе испратиме до оние кои се наши конкуренти. А кај нив нема апсолутно ништо ново. Заглавени се со тендерите, со желбата, не преку програма, туку ако може со некоја интрига да дојдат до фотелја, до власт.Мицкоски укажа дека „СДСМ секогаш кога доаѓала на власт тоа било со некоја интрига и некоја подземна шема“.„Денес сакаат пак така да го излажат народот ако може некако да се доберат до парче власт. А најсмешен е нивниот лидер кога така лаконски и лесно ќе каже еве ВМРО-ДПМНЕ од последните избори загубило 100 илјада од минатите избори. А веднаш потоа кога ќе го прашаат, добро дали ќе се повлечете ако загубите на локалните избори, одговорот претпоставувате му е дека нема да се повлече“, кажа Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека со ова Венко признава дека ќе ги загуби изборите.„Таму борбата не е да победат, туку Филипче да ја задржи фотелјата во СДСМ. Нека не се препелка, затоа што народот одлучува никој друг. Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат нејзината иднина. Уморна е од сојузите кои одат на грбот на напатениот народ, од интригите на Венко, Али, Димче. Тоа е коалиција за пари, а на Македонија и треба коалиција за работа и иднина“, изјави Мицкоски.Мицкоски заклучи дека од една страна е оваа коалиција за пари, коалицијата на Филипче, Апасиев и Ахмети, а оти од друга страна е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, коалиција на работа, на просперитет, на иднина.

Македонија | пред 6 месеци

media-library00lnd1pf6qh16EKOUAE

Мицкоски: Многудетното семејство е највисок патриотски чин

Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката или верската припадност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Тој нагласи дека иднината на државата зависи од семејството.„Нека ме нарекуваат конзервативен или заостанат, но ова мора да биде прв приоритет на оваа Влада и на сите што ќе дојдат по неа – многудетните семејства. Залудни се градинки ако нема деца, залудни се училишта ако нема деца, залудни се автопати и пруги ако нема кој да се вози по нив,“ изјави Мицкоски.Тој порача дека „многудетното семејство значи иднина и богата држава која ќе се развива по нас“ и упати апел до граѓаните формирањето семејство да се сфати како национална обврска.Според него, демографските податоци укажуваат на сериозни предизвици: од над 1,8 милиони жители, редовно вработени се околу 700.000, а пензионери околу 350.000.„Реално присутно население не надминува 1,5 милиони. Во следните 20 до 25 години ризикуваме да станеме држава со под еден милион жители, со однос еден вработен на еден пензионер. Тоа ќе значи колапс за пензискиот и здравствениот фонд,“ предупреди Мицкоски.„Секој што не ја сфаќа сериозноста на оваа тема, не мисли добро за државата,“ додаде премиерот.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryuftn6eqm3jji94qsNrw

Ѓорѓиевски: Градскиот воз тргнува од Драчево – договорот се потпишува утре

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во Драчево одржа средба со граѓаните која, како што истакна, прераснала во вистински митинг.„Она што требаше да биде мала средба, вечерва прерасна во вистински митинг,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.Тој додаде дека во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, како и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пред граѓаните ја претставиле визијата за „достоинствено Скопје“.Посебно, како што нагласи, е горд на најавата од Николоски дека утре ќе се потпише договорот за почеток на проектот „Градски воз“.„Првата линија ќе минува токму низ Драчево и за само 7 до 11 минути ќе се стигнува до центарот на Скопје. Ова е историски чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани,“ порача Ѓорѓиевски.Тој додаде дека силната поддршка од Владата е доказ дека заедно може да се изгради подобра иднина. „Доаѓа време кога нема да се прашуваме дали може подобро, туку тоа подобро реално ќе го живееме,“ заклучи кандидатот за градоначалник на Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

(Видео) Најголемата европска нуклеарка во критична состојба, Зеленски вели дека има апсолутна закана за сите

Најголемата европска нуклеарна електрана, Запорожје во Украина, веќе седми ден е без надворешно електрично напојување, што украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени како закана со катастрофални размери.„Нуклеарната електрана Запорожје е во вонредна состојба. Ситуацијата е критична. Поради руско гранатирање, електраната е исклучена од системот и функционира само преку дизел генератори. Но тие не се предвидени за ваков начин работа и никогаш досега не функционирале толку долго. Веќе имаме информации дека еден генератор откажал. Ова е закана апсолутно за сите,“ порача Зеленски во синоќешното видео-обраќање.Тој нагласи дека Русија со постојаното гранатирање го спречува поправањето на далноводите и обновата на основната безбедност.„Ниту еден друг терорист во светот досега не се осмелил да направи на една нуклеарна електрана тоа што Русија го прави сега. И исправно е светот да не остане нем на ова,“ додаде тој.Зеленски денес разговарал и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, при што ја нагласил важноста од меѓународна реакција:„Електраната се соочува со најдолгиот прекин на работа – седми ден без струја. Важно е светот да ги разбере можните последици и очекуваме соодветен одговор,“ рече украинскиот претседател.Сериозноста на состојбата ја потврди и шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Тој изјави дека електраната во југоисточна Украина, која е под руска контрола уште од првите недели од војната, е без надворешно напојување речиси една недела.И Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирањата кои ја доведуваат во прашање нуклеарната безбедност. Гроси објави дека во Варшава имал средба со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига, при што се дискутирало за можноста да се овозможи обновување на снабдувањето со електрична енергија.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryqfvs7s7opoht2jSNOlr

Филипче пак го нападна Мицкоски: Да не глуми опозиција, не сака ни реформи ни правда, туку судство под контрола

„Го слушам Мицкоски вчера, вика после изборите ќе донеле правда. Немало правда заради СДСМ и Филипче. Мицкоски, дали си ти уште во опозиција? Што направи ти за правдата да кажеш после година и пол? Што? Освен што вработивте во судството и обвинителството ваши луѓе — баџанаци, сопрузи на градоначалници. Што друго направивте?“, изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Штип.Филипче потенцираше дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нема вистинска намера да донесе реформи во правосудството, но дека тоа СДСМ нема да го дозволи.„Вистината е дека не сакате правда, сакате ваша правда, контролирана правда. За да сеете страв, да вршите притисоци и да владеете со уцени. Тоа сакате и ништо друго. Ама СДСМ тоа нема да го дозволи. Тој филм го гледавме и го знаеме”, порача Филипче.Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ свесно бега од реформите и ги блокира сите обиди за подобрување на системот и затоа од нив граѓаните не може да очекуваат правда.„И баш затоа не спроведувате реформи, затоа ги фрливте законите во ѓубре, затоа избегавте од нашата понуда на СДСМ заедно да ги направиме реформите. Со ВМРО-ДПМНЕ правда нема”, рече претседателот на СДСМ, д-р Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarya6iighntel8efS3QrWf

Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом, вели Костова

„Ние го разгоруваме нашиот борбен, антидпмневски, антидеструктивен, антифашистички жар и со стиснати тупаници, ја продолжуваме борбата. Драги соборци, борбата против неправдата, против апашлукот и против расизмот е наша обврска,“ порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова, вечерва на митингот на СДСМ во Штип.Таа нагласи дека СДСМ секогаш била и останува партија што не се повлекува пред предизвиците.„Имам впечаток дека во нашиот општествено-политички живот сме поминале многу време во борба отколку во мирнодопски услови. Се боревме против режимот на Груевски, против суровоста на Мијалков, се боревме за вистината за Македонија. Се соочивме и со пандемија, а подоцна и со светска економска и енергетска криза. И колку и да беа погодени условите, ние никогаш не ги спуштивме ракавиците, никогаш не се повлековме пред предизвиците и никогаш не се откажавме.“ - порача таа.Костова остро го критикуваше однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници.„Кукавичлукот и малодушноста не се наши особини, ние не бегаме од проблемите. Одлучно и храбро се фаќаме во костец и ги решаваме. Нашите опоненти оние од ДПМНЕ, се спротивност од нас. Тие бегаат дури и од најмалите предизвици. Си кукаат за сопствената неспособност и во традиционален дпмневски манир, повторно избегаа од дебати. Прво Орце, а денеска Иван Јорданов во Штип. Славните вмровски ‘лавчиња’ како глувчиња се разбегуваат од соочување со вистината. Јорданов денеска се исплаши да се соочи со Павел на дебата се исплаши затоа што не сака да ја слушне вистината за своето неработење и за своите неуспеси.“ - рече Костова.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryem24g7aqh5lq7XSN9Iq

По шест месеци си замина дома: Младата Мелани која беше повредена во „Пулс“ излезе од болница

Осумнаесетгодишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, конечно се врати дома по повеќе од шест месеци лекување, пишува „Плусинфо“.Несреќата на 16 март остави сериозни последици врз младата девојка – опасност по живот, бројни изгореници и интоксикација со гасови. Првично била хоспитализирана во приватната болница „Жан Митрев Клиник“, а потоа префрлена во Воено-медицинската академија во Белград, па вратена во Македонија.Родителите на Мелани велат дека чувството кога нивното дете повторно се вратило дома е непроценливо.„6 март беше денот кога времето застана за многу семејства. Трагедија која никој не може да ја предвиди, ниту да ја прифати. Токму тој викенд Мелани замина во Кочани, среќна што ќе оди на концерт на својот омилен бенд ДНК. Така започна нашиот кошмар. Неколку часа подоцна, наместо фотографии и пораки, добивме повик што никој родител не сака да го слушне. Кога конечно ја видовме, и покрај болката и шокот, имавме едно чувство – благодарност што е жива – изјавил таткото Александар за „Плусинфо“.Тој додава дека по долги месеци неизвесност, конечно насмевката се вратила во нивното семејство:„Мелани е дома и се опоравува. Поминавме низ многу непроспиени ноќи, стравови и надежи. Нема зборови со кои можеме да ја изразиме нашата благодарност до Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и целиот тим што се грижеше за нашето дете. Таа беше хоспитализирана во две клиники пред тоа, но упорноста, пожртвуваноста и мултидисциплинарниот пристап на тимот во „Аџибадем Систина“ беа клучни за нејзиното излекување“, изјавил таткото.

Македонија | пред 6 месеци

media-library6c8jmpup8afpdBR8J6i

(Видео) Украинската разузнавачка служба тврди: Убиен висок офицер на руската Национална гарда на Северен Кавказ

Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) соопшти дека во специјална операција на 27 септември во Северен Кавказ бил убиен висок офицер на руската Национална гарда, заедно со неговиот помошник и возач, јави „Kyiv Independent“.Детали од операцијатаСпоред соопштението објавено денеска, нападот се случил во близина на селото Тамбукан, во Ставрополскиот крај, додека офицерот со возило патувал кон воен полигон. Како доказ, ГУР објави и видео на кое најпрво се гледа офицерот од далечина, а потоа експлозија го погодува неговото возило во движење.Идентификација на целтаУбиениот офицер бил идентификуван како потполковник и командант на единицата „Авангард“ на руската Национална гарда – формација задолжена за одржување јавен ред и борба против „тероризам“ и „нелегални вооружени групи“.Операцијата, како што тврди украинската страна, била изведена со поддршка на групата „Кавказко ослободително движење“, без да се откријат дополнителни детали.Далеку од бојното полеСелото Тамбукан се наоѓа во југозападна Русија, околу 80 километри северно од границата со Грузија и речиси 650 километри од најблиската фронтална линија во Украина.Северен Кавказ се смета за една од најнестабилните региони во Русија, со долга историја на побуни, радикализам и етнички тензии. „Kyiv Independent“ наведува дека не можел независно да ги потврди тврдењата на украинската служба.Видеото погледнете го тука

Свет | пред 6 месеци

media-librarydemm2rrma71o7o9iIMe

Николоски: На Скопје му треба силна трансформација – воз, еколошки автобуси и нова инфраструктура

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека на Скопје му е потребна силна трансформација, при што најави поддршка за капитални проекти како градскиот воз, нови еколошки автобуси и инфраструктурни зафати.„На Скопје му треба силна трансформација, а новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во Министерството за транспорт. Ветуваме градски воз и тоа ќе го реализираме“, истакна Николоски.Тој најави дека е избран изведувач за првата делница – од Зелениково, преку Драчево, Кисела Вода и Аеродром, до новата железничка станица – и дека деновиве ќе биде воведен во работа. Според него, напролет ќе биде пуштена во употреба првата линија. „Следната година, во рамки на финансиските можности, ќе избереме изведувачи и за другите две линии и ќе го заокружиме железничкиот прстен. На тој начин ќе обезбедиме евтин, точен и брз превоз и ќе ја намалиме гужвата во Скопје,“ додаде тој.Николоски најави и дека веднаш по изборите ќе биде распишан нов тендер за 120 еколошки автобуси – 80 за Град Скопје и 40 за другите општини. „ЈСП мора целосно да ја обнови флотата. Сега има околу 250 автобуси и сите тие треба да бидат заменети во годините што следуваат. Тука градот ќе има огромна поддршка,“ рече Николоски.Заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, тој денеска изврши увид во реконструкција на улици во општина Кисела Вода, каде што најавија и пробивање на улицата „Есенинова“ на потегот од месноста Чешма до Шампионче.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryu9js0et25kdk5GZALEy

(Фото) Бркотница на полицијата со пијан возач: успеале да го запрат на Партизанска

Полициската станица Карпош поднесе кривична пријава против 40-годишниот А.П. од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.Во саботата (27 септември), околу 19 часот, на улицата „Козле“ во Скопје, по претходна пријава од граѓани, полициски службеници го запреле возилото „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки кое го управувал пријавениот. По извршена проверка било утврдено дека возачот имал 3,06 промили алкохол во крвта.А.П. веднаш бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава, информира МВР.

Скопје | пред 6 месеци

media-library8fm05i3pi0ljblSxyw8

(Видео) Мециновиќ: Кампањата ја селиме на улица

„Забраната за политичко рекламирање нема да ја сфатиме како пресудна пречка во оваа кампања. Кампањата ја префрламе на улица, без бини и микрофони. Ние ќе бидеме од сабајле до навечер присутни на улиците каде што Скопјани и секој поединачно ќе може да дојде до нас и да разговара“, порача Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, на денешната прес конференција.Во следните дваесет дена од изборната кампања, Мециновиќ најави фокус на состојбата во Град Скопје и јавните претпријатија. Посочи дека постои план за нивна приватизација, а како пример ја даде депонијата Дрисла.„Ако ни биде доверен мандатот во Советот на Град Скопје и на позицијата градоначалник, првото нешто што ќе го направиме е да се симнеме кај работниците. Со сите работници на јавните претпријатија ќе седнеме и ќе разговараме за условите во кои тие работат“, рече Мециновиќ.Според него јавните претпријатија со години се запоставувани намерно, за да се оправда нивната приватизација. „На 6 септември најавивме дека постои план за приватизација на Комунална хигиена и на Дрисла. Четири дена подоцна, премиерот Христијан Мицкоски, кој ја оркестрира и забраната за Левица, тоа го потврди – рече дека ќе има јавно-приватно партнерство за претпријатијата, вклучително и за ЈСП“, додаде Мециновиќ и истакна дека  Дрисла е единственото јавно претпријатие кое генерира приходи за Град Скопје а неговата приватизација би значела директен удар врз јавниот интерес.„Дрисла треба да се унапреди, а не да се приватизира. Но, не можеме друго да очекуваме од партии чија единствена цел е приватизација на капацитетите на државата и на градот, партии кои во последните четири години го уништуваа и блокираа јавниот интерес на граѓаните на Скопје“, нагласи тој.Во однос на забраната за политичко рекламирање Мециновиќ истакна дека ваквите мерки се сериозен удар врз демократијата и е само еден чекор кој наговестува авторитарен режим. „Ние можеби сме навикнати на распаднат концепт на демократија, но европските партнери се вчудоневидени од ваквиот однос на власта“.  Според него ваквиот потег ќе биде нотиран и во извештаите на ОБСЕ и Европската комисија. „Нашите пријатели од Европскиот парламент и од Австрија беа вчудоневидени од методите што ги користи овој режим. Вакви методи на континентот не се познати од седумдесеттите години. Вакви методи на репресија! И ова е само увод во тоа што понатаму може да се случи,“ порача Мециновиќ.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarydnme9tl8p13110P3YWy

Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда

Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо, ниту една реформа, ВМРО-ДПМНЕ веќе е очајно кога зборува за судството“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.„Година и пол наназад поставуваат свои судии, свои обвинители и само го партизираат судството. Нема ништо суштински од спроведувањето на реформите. Јас бев тој којшто понудив рака бев состанок кај примерот да направиме заеднички работни групи да се спроведе реформската агенда досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството“, рече Филипче.Во изјавата тој додаде дека од вкупно 12 закони кои што требаше да се донесат оваа година, седум  од нив до јуни 2025 година и  уште пет до крај на годинава - ниту еден, не само што не е донесен, не е ниту поднесен од страна на министерството за правда во Собранието.Очигледно е како што кажа Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го контролира судството.„Не  може партиски портпароли да кажуваат кој треба да биде зад решетки, тоа треба да го каже независно и целосно функционално судство. Тоа го бараат граѓаните.Сакам да им порачам дека се прочитани како буквар. Еднаш граѓаните тој филм го гледа со партизирано судство кога го користеа да се закануваат да користат политички, да го користат како инструмент за политички прогон. Репризата во филмот ниту некој сака да ја гледа, ниту пак поминува и сметам дека граѓаните треба да ги казнат на изборите за ова однесување“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Серија пријавени физички напади низ Скопје: Во еден ден пријавени напади во Аеродром, Волково и Бит Пазар

Во изминатите два дена во Скопје и околината се регистрирани повеќе случаи на физички напади, информираат од Министерството за внатрешни работи.На автобуска постојка на Бит Пазар, 15-годишно момче било нападнато од двајца малолетници. Случајот го пријавила неговата мајка, а полицијата работи на откривање на сторителите.Во општина Аеродром, 41-годишна жена била нападната во својот стан од поранешен вонбрачен партнер, додека 19-годишна скопјанка во истата општина пријавила дека била нападната од жена по расправија во сообраќајот.Во друг случај, 86-годишна жена од скопско село пријавила дека била нападната од сопствената ќерка, а во Волково 30-годишна жена посочила дека нејзиниот пријател бил претепан од две лица.Напад бил пријавен и на Бит Пазар, каде 54-годишен скопјанец бил физички нападнат од едно лице.Од МВР велат дека за сите инциденти се преземаат мерки за расчистување на случаите и утврдување на одговорноста.

Скопје | пред 6 месеци

apsenje

Приведен скопјанец во Кисела Вода за закани кон полицаец

На 30 септември 2025 година, околу 00:50 часот, на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Б. (52) од Скопје.Како што информираат од МВР, лицето агресивно се однесувало и упатувало закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.При преглед на патничко возило марка „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, на совозачкото седиште бил пронајден и одземен нож.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 144 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

Уапсен косовски државјанин во Карпош за кражба на струја

На 29 септември 2025 година, околу 20:00 часот, полициски службеници од ЕВР Карпош го лишиле од слобода С.Н. (36) од Косово.Како што информираат од МВР, акцијата следела по пријава поднесена на 1 јули од ЕВН Македонија за неовластено преземање електрична енергија. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот, кој бил сопственик на продажен објект што претходно го изнајмил, незаконски користел електрична енергија.При службениот разговор било констатирано и дека лицето нема регулиран престој во државата, бидејќи дозволата за престој му истекла на 15 септември 2025 година.Против С.Н. е поднесена кривична пријава по брза постапка до Основното јавно обвинителство – Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

policija-rekord-avtobus

Судар на патот Маврово–Дебар, заврши со тројца повредени

На 29 септември 2025 година, во 16:55 часот, на регионалниот пат Маврово–Дебар, на местото викано „Ростушко Анче“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила: патничко возило „Фолксваген Бора“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од В.Ч. (51) од Дебар, товарно возило „Мерцедес Спринтер“ со скопски таблички, управувано од Ј.А. (59) од Скопје, и патничко возило „Мерцедес“ со грчки национални ознаки, управувано од Б.А. (43) од Албанија.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.Ч. (46) од Дебар, сопатничка во „Фолксвагенот“, и Г.К. од Албанија, сопатник во „Мерцедесот“. Дополнително, О.М., исто така сопатничка во „Мерцедесот“, добила телесни повреди. Повредените биле згрижени во Медицинскиот центар во Дебар.По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на ОВР Гостивар, информираа од МВР.

Македонија | пред 6 месеци

B9C0CB28-3AE1-4302-8A4F-CE2D67BC22E5_1_105_c

Тројца пешаци прегазени во Скопје за еден ден

На 29 септември 2025 година, во текот на денот, во Скопје се случиле три сообраќајни несреќи во кои со тешки телесни повреди завршиле тројца пешаци, информира МВР.Првиот инцидент бил пријавен во 09:30 часот на улицата „Мајка Тереза“, каде патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишната М.П. од Скопје, удрило во малолетен пешак. Повреденото дете било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки повреди.Околу еден час подоцна, во 10:40 часот, на улица „60“ во село Волково, патничко возило „Фолксваген Фокс“ управувано од С.Р. (73) од Скопје удрило во 55-годишниот Ц.С. од Волково. И овој пешак со тешки повреди бил пренесен во „Мајка Тереза“.Третата несреќа се случила во 15:35 часот на булевар „Србија“. Мотоцикл „Јамаха“, управуван од А.М. (26) од населба Илинден, удрил во 76-годишната Н.К. од Скопје. И таа се здобила со тешки телесни повреди и била згрижена во „Мајка Тереза“.Во сите случаи бил извршен увид од увидни екипи на СВР Скопје, а истрагата продолжува.

Скопје | пред 6 месеци

brza-pomos

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Волково, прегазен од автомобил

На 29 септември 2025 година, во 10:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улица „60“ во село Волково, патничко возило „Фолксваген Фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (73) од Скопје, удрило во пешакот Ц.С. (55) од Волково.Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2024-05-11-at-13.29.26

Шест лица уапсени во Скопје – пронајдена марихуана и прашкаста материја

На 29 септември 2025 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода шест лица – А.И. (29), Н.Ј. (40), В.Ш. (26), И.Ч. (22) и А.Т. (22), сите од Скопје, како и В.Ј. (55) од Република Србија.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја и грутчеста материја.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 месеци

policija

Закани по живот на полицаец – кривична пријава против жител на Синичане

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.Р. (25) од селото Синичане, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни 2025 година пријавениот преку социјална мрежа упатил закани по живот на полициски службеник.Заканите следеле откако истиот полициски службеник претходно издал платени налози за глоба на пријавениот и на неговиот татко за сторен сообраќаен прекршок.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_6897

Во Виница пријавен за насилство врз дете

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против С.Т. (45) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 август 2025 година, во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник.

Македонија | пред 6 месеци

policija-rekord-avtobus

Малолетник од Скопје се обидел да го убие сопствениот татко

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишно момче од Скопје под сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ во обид.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 6 септември 2025 година, во семејниот дом, пријавениот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на својот 51-годишен татко.

Македонија | пред 6 месеци

puls-kocevski

Калајџиев: Обвинението за „Пулс“ е нарачка од политика, не правна грешка

Правникот и универзитетски професор Гордан Калајџиев остро реагираше на обвинението за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кое обвинителството се повикува на т.н. „верижна одговорност“.„Не е страшно што обвинителите згрешиле со ‘теоријата’ за верижна одговорност. Страшно е што не се работи за грешка, туку за нарачка од политиката,“ изјави Калајџиев.Тој посочи дека сите правни авторитети се сложиле дека таква правна конструкција „не може да издржи“, но Обвинителството сепак инсистирало на неа.„Згора на тоа, обвинителите кои ја туркаат ваквата теорија дури и се унапредуваат во кариерата,“ додаде тој.Калајџиев оцени дека уште поголем проблем е тоа што судот нема храброст да го отфрли „широкото обвинение“ и да испрати јасна порака дека такви нарачани постапки не можат да поминат.

Македонија | пред 6 месеци

media-library3nr3al534p4d18nn0ur

Со „Ајфон“ вреден околу 1500 евра, Дудуш ја започна кампањата за градоначалник на Шутка

Кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, уште на стартот на изборната кампања го насочи вниманието кон себе со фотографија која предизвика лавина реакции. На објавата, поставена на неговиот Фејсбук-профил, тој позира пред својот изборен плакат, а во раката го држи најновиот модел на „ајфон“.Под објавата со краток натпис „IPHONE?“ веднаш започнаа реакции – дел од неговите поддржувачи ја поздравија објавата, но имаше и коментари во кои се посочува дека во време на економска криза ваквите фотографии изгледаат како демонстрација на луксуз.Дудуш кампањата ја почна со симболиката на бројот 17, кој доминира на неговите плакати, а фотографијата со телефонот уште повеќе го истакна неговиот јавен имиџ.Телефонот што го држи е iPhone 17 во портокалова боја – најнов модел чија цена на европскиот пазар започнува од 1.600 евра, зависно од верзијата и меморискиот капацитет. Новата серија на „ајфон“ беше пуштена во продажба на 19 септември.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања