Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кристијан Ландов

272044975_7325265100824619_7909443333828817716_n-1

Од утрово се патува за Штутгарт преку скопскиот аеродром

Со првиот лет што полета денеска, понеделник, 29 септември, во 6:25 часот наутро, од Меѓународниот Аеродром Скопјe до Штутгарт, Виз ер отвори уште една нова авиолинија и дестинација од главниот град на Македонија до Германија.Авиокомпанијата ќе лета од Скопјe до Штутгарт 3 пати неделно, секој понеделник, среда и петок. Во текот на летниот распоред на летови на аеродромот во Скопјe, односно до 24 октомври, времето на полетување од Меѓународниот Аеродром Скопјe во понеделник и петок е 06:25 часот, додека времето на пристигнување во Штутгарт е 11:10 часот по локално време. Во среда, патниците ќе полетуваат во 06:30 часот, а ќе слетуваат во 11:10 часот по локално време.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryfhclao3lm3258HkQEVN

„Ураган на орли“, вели oбвинетиот во „Пулс“, Крешник Бектеши, за митингот на ДУИ откако Ахмети му се обрати на Мицкоски

Крешник Бектеши, еден од обвинетите во случајот „Пулс“, кој по неколкумесечен притвор сега ја чека судската постапка од слобода, вчера се појави на митинг на ДУИ. За своето присуство се пофали и на социјалните мрежи, каде сподели фотографија и напиша: „Ураган на орли!“. Ова доаѓа откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својот говорот користеше и метафори, порачувајќи: „Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли“. На ова ВМРО-ДПМНЕ му врати Ахмети: „Не си орел, туку обично врапче“.На собирот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ присутните беа поздравени со извици „УЧК, УЧК“ додека на видео-бимот се прикажуваа инсерти од војната во 2001 година. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја искористи конвенцијата за да упати силна порака до Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за укинување на правата на Албанците, суспендирање на законот за албански јазик и нарушување на Охридскиот рамковен договор.

Коментари | пред 6 месеци

netanjahu

Трамп кон Нетанјаху: Од најблизок сојузник до можен товар

Во надворешната политика на Доналд Трамп, Израел со години се сметаше за исклучок – држава што добиваше поддршка дури и кога нејзините политики не беа во согласност со интересите на Вашингтон и неговата доктрина „Америка на прво место“. Но, сè повеќе анализи укажуваат дека ова силно сојузништво би можело да влезе во криза.Израел има влијателни поддржувачи во најтесниот круг на Трамп – од државниот секретар Марко Рубио, до специјалниот претставник за Блискиот Исток Стив Виткоф и американскиот амбасадор во Тел Авив Мајк Хакаби. Премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој со години го величеше Трамп и дури именуваше населба по него, успеваше да ја одржува американската поддршка, заедно со силниот про-израелски став на Конгресот и медиумите наклонети кон Трамп.Сепак, американскиот претседател е познат по ненадејни промени на курсот. Исто како што од симпатии кон Владимир Путин премина кон отворени критики и барања за повлекување од Украина, сличен пресврт е можен и кон Нетанјаху. Вашингтон веќе покажа прагматични потези – склучувајќи посебен договор со вооружените групи во Јемен, и покрај нивните напади врз Израел, како и приближување кон сирискиот претседател Ахмед ал-Шари, кого Израел и натаму го смета за непријател.Најголем предизвик останува појасот Газа. Додека Трамп сака договор со кој би се ослободиле заробените цивили, Нетанјаху инсистира на целосно уништување на Хамас – цел која е тешко остварлива. Трамп исто така изјави дека не би дозволил израелска анексија на Западниот Брег и најави план што предвидува чекори кон формирање палестинска држава.Разликите меѓу сојузниците се продлабочуваат и поради лични несогласувања. Трамп никогаш не му го прости на Нетанјаху тоа што во 2020 година му честиташе на Џо Бајден за победата на изборите, што доведе и до јавни навреди.Иако дел од републиканскиот врв останува цврсто про-израелски, во редовите на движењето „Америка прва“ веќе се појавуваат поделби. Дел од конгресмените и медиумите блиски до Трамп го нарекуваат израелското дејствување во Газа „геноцид“ и бараат Соединетите Држави да се повлечат од безусловната поддршка.Аналитичарите сметаат дека можното „свртување грб“ на Трамп нема да значи целосен прекин на соработката, туку повеќе ограничена политичка поддршка, критики и преговори водени според сопствениот интерес. Но, дури и намалена американска помош би била сериозен удар за израелската дипломатија и безбедност, особено во регион каде што довербата и доследноста се клучна валута.

Свет | пред 6 месеци

media-library0mhmrpj1skifcd7Xsdg

За 72 часа Скопје ќе блесне, дел од противкандидатите можеби ќе бидат и во мојот тим, вели Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ја одржа својата прва прес-конференција од почетокот на кампањата за локалните избори, на која истакна дека негов приоритет е хигиената и чистотата во главниот град.„Ветив дека во првите 72 часа откако ќе го преземам местото градоначалник на Скопје ќе започнеме со активност каде ќе се вклучат сите општини. И за 72 часа, Скопје ќе блесне. Тоа е она што нѐ мачи изминатиот период и изминатите години. Скопјани заслужуваат чист град“, рече Ѓорѓиевски.Тој истакна дека состојбите во Град Скопје биле мотив да влезе во трката за градоначалничката функција:„Состојбите во Град Скопје, се мотив, за од ваква руинирана состојба, да направиме нешто на што сите ќе се гордееме. Имам одлична советничка листа, имам експерти, домашни и меѓународни, за секој од столбовите со ветувања да се реализира. Јас сум спремен да не се штедам и до последен атом да се вложам“.Ѓорѓиевски порача дека сака да биде обединувач, а не да создава поделби:„Дел од тие луѓе можеби ќе бидат вклучени во мојот тим, можеби дел од нивните идеи од програмите ќе бидат реализирани од нас. Не правам поделби. Сакам да обедувам и да работам. Резултатите во мојата општина Кисела Вода, ми даваат најголем кредибилитет“.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryhpie9d2osd9d85piDJG

Левица со ОБСЕ-ОДИХР за забраната за рекламирање на медиуми

Адвокатката Катерина Јовановска, како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич, правен аналитичар во мисијата на ОБСЕ-ОДИХР.На средбата, како што информираат од партијата, било разговарано за правните механизми што досега ги презела Левица во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Според Левица, со ова упатство партијата е директно оштетена, бидејќи ѝ е забрането политички да се рекламира на медиумите за време на целата кампања.Дополнително биле разгледани и идните правни чекори што Левица ќе ги преземе за заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување.Од партијата велат дека средбата била конструктивна и двете страни изразиле подготвеност за понатамошна соработка, со цел навремено информирање за исходот од судските постапки, но и за постапките што се водат пред другите надлежни институции во земјава, како и можната иницијатива пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Некатегоризирани | пред 6 месеци

media-library2t57biuqp3ev6JP9456

Нови обиди за потпалувања во Аеродром: уапсени се две лица од Трубарево

Двајца жители на скопското село Трубарево се лишени од слобода поради сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“.Инцидентот се случил на 28 септември 2025 година околу 12:30 часот во парк на булевар „Февруарски поход“ во Аеродром. Вработен од Општината пријавил дека две лица палат кабли, по што на местото излегла полициска екипа од Полициската станица Аеродром и ги затекнала и привела осомничените Т.М. (23) и И.М. (26).Тие се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Скопје | пред 6 месеци

rusija-raketa

САД разгледуваат барање за испорака на ракети „Томахок“ за Украина

САД ја разгледуваат молбата на Украина за испорака на крстосувачки ракети „Томахок“, изјави американскиот потпретседател Џ. Д. Ванс. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од Вашингтон да им дозволи на европските земји да купат такво вооружување и потоа да го пренасочат кон Киев.Ванс за Фокс њуз рече дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја донесе конечната одлука и дека „сe разгледуваат неколку барања од Европејците“. Ракетите „Томахок“ имаат дофат до околу 2.500 километри, што во теоретска смисла би им овозможило на украинските сили да ударaт и цели на големо растојание, вклучително и во близина на Москва, што Русија би го толкувала како ескалација на конфликтот, наведува Ројтерс.Претходно Трамп ги одбивал барањата за ракети со голем дострел, но според изјавите на високи официјални лица, тој бил згазен од долготрајното непопуштање на рускиот претседател Владимир Путин и сега размислува за поостри мерки. Кеит Келог, специјален американски изасланик за Украина, изјави за Фокс њуз дека Трамп навел дека може да им се дозволи на украинските сили да изведуваат напади со голем дострел во рускиот оперативен простор, со порака дека „не постојат безбедни засолништа“.

Свет | пред 6 месеци

puls-6

Судот најави дека обвинителниот акт за „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделата

Кривичниот суд информира дека до крајот на неделата ќе биде донесена оценка за обвинителниот акт поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Судот во целост го разбира и почитува јавниот интерес за овој предмет, па токму поради тоа досега на неколку наврати ја информираше јавноста за текот на оцената и преземените чекори“, соопштија од судот.Се работи за постапка против 37 обвинети правни и физички лица, застапувани од 33 адвокати и претставници. Од приемот на обвинителниот акт, судот ги ангажирал сите ресурси за негова достава до странките и прием на приговорите. Меѓутоа, во изминатите месеци, дел од адвокатите и претставниците на правните лица биле недостапни во нивните канцеларии, поради што доставата, а со тоа и роковите за приговори, се одолговлекувале.Откако обвинителниот акт е доставен до сите обвинети и нивните бранители, на 3 октомври 2025 година истекуваат законските рокови за приговори.„Со тоа се исполнети сите услови за оцена и се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет. Јавноста и странките ќе бидат навремено известени“, додаваат од Кривичниот суд.Од судот нагласуваат дека прават максимални напори за да се исполнат сите законски обврски и да се гарантираат правата на странките, со цел предметот да не биде компромитиран во понатамошната постапка.

Македонија | пред 6 месеци

Rama1

Рама: Обединување на Албанија и Косово е возможно само преку ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека обединување на Косово и Албанија е замисливо единствено во рамки на Европската унија.„Националното обединување значи приклучување кон Европската унија, сè друго е бајка“, рече Рама во интервју за „Клан Косово“.Тој нагласи дека регионалните формули од 19. и 20. век немаат место денес и дека приоритет на Тирана и Приштина мора да бидат европската интеграција и меѓународното партнерство.Изјавата доаѓа во период на заладени односи меѓу Косово и Соединетите Американски Држави. Вашингтон го суспендираше Стратешкиот дијалог со Приштина, обвинувајќи ја техничката влада дека „создава тензии и нестабилност“ и ги ограничува можностите за продуктивна соработка.

Свет | пред 6 месеци

media-librarysadvjlo0adutcOr0YKo

ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети: „Не си орел, туку обично врапче“

По настапот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, од ВМРО-ДПМНЕ со остро соопштение возвратија дека Ахмети и неговата партија не се „орли“, туку „врапчиња“.„Ви рековме пред некој ден дека ќе продолжи – и еве го. Не е тешко да се предвиди Ахмети. Не е тешко ни човек да се справи со него – само треба да има волја, да не е компромитиран и да има интегритет. СДС тоа не беа. Тие немаа волја да се спротивстават, имаа волја само да крадат. И искусниот Ахмети ги фати, ги држи и денеска кутрите не можат ни да писнат“, се наведува во реакцијата.Од партијата потсетуваат на, како што велат, влијанието што ДУИ го имала врз поранешниот премиер Зоран Заев и тврдат дека обединувањето на албанските партии е само „седнување во скут“.„Се пофалија дека се обединиле, ама вистината е дека го седнаа Таравари во скут – дали заради паркингот на Клинички или заради нешто друго, тоа сите го знаат. За тоа сте навистина експерти – за тендери и за седнување во скут. Таравари е со вас по иста причина како што и СДС не може да се тргне од вас – ве држите едни со други во криминалот што заеднички го правите. Најголема маша ви се обвинителите и судиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во партиската реакција Ахмети се нарекува „обично врапче“ кое го користи изборниот период за, како што пишува, „патетика, заплашувања и закани“.„ДУИ ќе ги изгуби речиси сите општини во земјата. По изборите очекуваме врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко отстапки и ветувања дека ќе се реформираат. Секако дека ќе се насмееме на тие понуди“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Ахмети наместо да оди во пензија по повеќе од две децении власт, „зборува за крв, оружје и орли“.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarygm9m3o3l6l2bfSDVIdL

(Видео) Ахмети до Мицкоски: „Христијане млад си размисли, орли летајте високо – кучиња, чувајте се од зајци“

Со извици „УЧК, УЧК“ и видео проекции со сцени од војната во 2001 година започна конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Атмосферата на почетокот беше јасна демонстрација на симболиката и политичкото наследство на кое партијата гради мобилизација во кампањата. Во салата се скандираше и „Артан Груби“.Лидерот Али Ахмети го искористи говорот за жестока критика кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го обвини дека преку своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и создава опасни тензии.„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.Со оваа порака Ахмети го стави Мицкоски во центарот на критиката, обвинувајќи го дека со постапките ја поттикнува обединувачката енергија кај Албанците.

Македонија | пред 6 месеци

puls-35

Објавени докази за корупцијата во „Пулс“: Инспектори од МВР и УЈП предупредувале за контроли во замена за подароци и резервации, Обвинителството проверува

Иако судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани сè уште не е започнат, во јавноста излегуваат нови докази за лица кои воопшто не се опфатени со обвинението.„Истражувачката репортерска лабораторија“ (ИРЛ) објави текстуални разговори кои упатуваат дека сопствениците на дискотеката однапред биле предупредувани од инспектори за претстојни контроли. Според ИРЛ, дел од инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи дури примале и скапи подароци за возврат, меѓу кои биле и часовник.ИРЛ објави и текстуални пораки кои покажуваат дека сопствениците на дискотеката комуницирале со инспектори од МВР кои барале привилегии – меѓу нив и резервирани маси во клубот.Додека институциите се оправдуваат, семејствата на загинатите и преживеаните продолжуваат да раскажуваат за нивната голгота.„Кога стигнавме таму – гужва, дим, пламен. Немаше струја. Наидов на зид од деца, сите беа испреплетени, без свест. Моето дете не можев да го најдам. За 500 луѓе имаше еден излез од два метри – тоа е убиство“, сведочи Сашко Алексов, татко на починатата Сара.За преживеаниот Јорданчо Ефтимов траумите се уште свежи, тој вели дека во еден момент бил помирен дека ќе умре:„Додека лежев на земјата, само кога ја протнав раката, сфатив дека ме вадат од гомилата. Тоа беше чудо“.Марија Петрушова, која го изгубила синот Андреј, раскажува за другиот син Кристијан:„Вика – јас влегов, темно, некој ќе те фати за нога, ти го влечеш надвор, не гледаш кој е“.Очевидци и родители опишуваат апокалиптична слика: преполни болници, мртви тела низ ходниците, крв и очај.„Кога влегував, пазев да не згазам некое детенце“, потресено изјави Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче.Градот Кочани останува во тешка траума.„Нема веќе живот тука, сите бараме правда“, велат жителите.Основното јавно обвинителство реагираше на сторијата на ИРЛ со соопштение дека сите докази се земени предвид и се проверуваат:„При поднесување на обвинението и на средбата со семејствата на загинатите, појаснивме дека проверки се вршат и во однос на повеќе институции, вклучително и УЈП. Но законските надлежности на УЈП се однесуваат на даночни и финансиски прашања, а не на безбедност, па тие не беа опфатени во обвинението. Сепак, во контекст на евентуални коруптивни дела на поединци, постапките се во тек. Презентираната комуникација е веќе дел од доказниот материјал доставен до судот. Апелираме за воздржаност од изнесување непроверени информации кои можат да ја загрозат постапката“.

Македонија | пред 6 месеци

media-library1d340dt4ii775D5aLA9

Бивши кинески министер за земјоделство осуден на смртна казна поради корупција

Поранешниот кинески министер за земјоделство, Танг Ренџијан, денеска е осуден на смртна казна со одложено извршување поради примање мито, на судење во провинцијата Џилин.Судот утврди дека Танг, во периодот од 2007 до 2024 година, примал мито во готовина и имот во вредност од над 268 милиони јуани (37,6 милиони долари) на различни позиции кои ги извршувал. Казната е одложена на две години бидејќи осудениот ги признал своите дела.Танг Ренџијан беше исклучен од Комунистичката партија во ноември 2024 година, шест месеци по тоа што антикорупциската агенција покрена истрага, по што беше разрешен од функцијата.Кинескиот претседател Си Џинпинг уште во 2020 година ја започна кампањата за чистки во безбедносниот и политички апарат, со цел полицијата, обвинителите и судиите да бидат „апсолутно лојални, апсолутно чисти и апсолутно доверливи“.Танг беше гувернер на западната провинција Гансу од 2017 до 2020 година, пред да биде именуван за министер за земјоделство. Во јануари годинава, Си предупреди дека корупцијата останува најголема закана за Комунистичката партија на Кина и оти таа и понатаму е во пораст.

Свет | пред 6 месеци

media-library0461dunk4ashbjr7qgM

Филипче: Се бориме и ќе се избориме за нашиот заеднички дом

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на конвенцијата на партијата ги презентираше кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори 2025 година. Во своето обраќање, тој порача дека СДСМ и коалициските партнери повторно ја преземаат обврската да бидат двигатели на слободата, правдата и еднаквоста, но и гаранти за европската иднина на државата.„Нашиот заеднички дом ни ја дава таа задача и таа обврска и ние ја прифаќаме. Ќе се бориме и ќе се избориме во име на нашиот заеднички дом. Затоа денеска нашите граѓани и нашата држава се пред историски одлуки. Пред нас е нова битка за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. “, изјави Филипче.Филипче ги охрабри граѓаните да ја поддржат програмата и кандидатите на СДСМ на претстојните локални избори:„Ако веруваме дека Македонија има шанса и иднина, тогаш треба да веруваме во изборот на чесни луѓе кои се грижат и се борат за нашиот дом, а не само за себе. Нашите чесни кандидати за градоначалници и советници во општините таа поддршка нема да ја изневерат“, рече Филипче.Филипче, својот говор пред присутното членство и избраните кандидати за градоначалници и советници го заврши со порака за единство.„Денес застануваме пред сите граѓани на Македонија со јасна порака. Пред нас имаме момент на нов почеток. Вреди оваа борба за подобра македонска сегашност и иднина. Да живее СДСМ, да живее Македонија, да живеат македонските граѓани!“, рече Филипче на Конвенцијата.

Македонија | пред 6 месеци

pari-evra-policija

Приведен скопјанец – се заканувал на сопругата и ѝ барал пари

Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Т. (37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „изнуда“.На 26.09.2025 во 16:50 часот, полициски службеници го лишиле од слобода осомничениот, по претходна пријава дека подолг период ѝ се заканувал на неговата 43-годишна сопруга и ѝ барал пари.Од судија на претходна постапка на него му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, информира МВР.

Скопје | пред 6 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Тешко повреден возач во сообраќајка во Кочани

На 27.09.2025 во 11:35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул. „Димитар Влахов“ и ул. „Павлина Вељанова“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (24) од с. Чешиново, и патничко возило „форд фиеста“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Б.С. од Кочани.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Ј., а неговиот сопатник С.Е. (26) од с. Чешиново добил телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничка болница Штип.Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Македонија | пред 6 месеци

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Натепани двајца малолетници во Карпош, се трага по три лица

Денеска (28.09.2025) во 01:10 часот во СВР Скопје, И.Б. (51) и Н.А. (52), двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните синови, на возраст од 16 и 15 години, биле физички нападнати од тројца малолетници на подрачјето на Карпош.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

policija-2457

Жена пронајдена мртва во Гази Баба

На 27 септември 2025 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Гази Баба е пронајдена почината С.П. (87) од Скопје.Лекар излегол на местото и констатирал смрт без видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Скопје | пред 6 месеци

izet-medziti

Меџити во кампањата за градоначалник: Невработеноста во Чаир падна од 40% на 16%

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, на отворањето на локалниот изборен штаб во населбата Гази Баба изјави дека денес Чаир изгледа сосема поинаку од 2005 година, кога тој за првпат ја презеде општината.„Денес Чаир се разликува од 2005-та. Во 2005, кога јас го презедов Чаир, немаше ниту општинска зграда. Невработеноста во Чаир беше 40%, денес е 16%“, нагласи Меџити.Тој потсети дека во минатото Албанците во државната администрација имале минимална застапеност. „Кога не постоеше општината Чаир, таму бараа само некој возач, телохранител или секретарка. Денес Чаир ја детерминира албанската политика во Македонија“, рече Меџити.Оценувајќи ја политичката тежина на Чаир, тој додаде дека на овие избори не е најважно што ќе се случи во Кичево, Струга или во другите градови, туку кој ќе победи токму во Чаир.

Скопје | пред 6 месеци

media-librarysbpdr6hl2l1afDmMBBI

Најбогатата Македонка во Детроит Маријан Бајоф Илич добитничка на наградата „Ќерка на Македонија“

Најбогатата Македонка во Детроит, 92-годишната Маријан Бајоф Илич, ја доби наградата „Ќерка на Македонија“, што ѝ ја додели Обединетата македонска дијаспора (ОМД) на свечената гала вечер по повод 20-годишниот јубилеј на организацијата. Настанот се одржа во Детроит, а на него присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.„Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, но често имаме забавни случки со нашите деца бидејќи не го знаат македонскиот. Многу често ме прашуваат како се кажува ова, како се кажува она и јас им одговарам. Јас сум горда што сум Македонка, навистина сум горда… ние сме добри луѓе“, изјави Илич при доделувањето на признанието.Таа им порача на Македонците во Америка дека треба да бидат горди на своето потекло:„Сите вие овде, секој еден од вас, треба да сте среќни за вашите семејства, да бидете со крената глава. Многу не знаат каде е Македонија. Мајка ми е од Буф, татко ми е од Битола, сум била кај моите баби и дедовци, таму е прекрасно“, рече Илич, откривајќи дека и нејзините деца сакаат повторно да ја посетат татковината.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarydmvhsa92grrt6CEyFmc

Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница

По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Според првичните информации, 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а  сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.

Македонија | пред 6 месеци

jakimovski-stevco

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е кандидат на СДС, Филипче и Заев, кој ги излажа карпошани

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поддржан од СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, не исполнил ниту едно ветување дадено пред жителите на општината.„Јакимовски е човек кој ги излажа карпошани и не реализираше ниту еден проект. Како по примерот на Заев и Филипче, сè што Јакимовски предизборно вети – се покажа како лага“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека жителите на Лептокарија биле меѓу најизмамените, бидејќи кандидатот на СДС пред четири години ветувал подземен паркинг, плоштад со фонтана и инвестиции вредни 4 милиони евра, но денес таму има само купишта ѓубре.„Ниту подземен паркинг, ниту фонтана, ниту фасади на зградите. По четири години фасадите се истите стари, а хортикултурно уредување нема. Од ветеното остана само видеото со неговите шарени лаги“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се додава дека Јакимовски нема капацитет да ја води општината и дека „лажел тогаш, лаже и сега“.„Време е за Вистинскиот избор! Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 6 месеци

apsenje

Закани преку телефон и апликации за пари: приведен скопјанец пред Онкологија, фатен како сака да земе изнудени пари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен осомничен, за кој постои основано сомнение дека извршил кривично дело „Изнуда“ од член 258 став 1 од Кривичниот законик.Во изминатите два месеца, осомничениот телефонски и преку пораки на различни апликации упатувал сериозни закани кон жена која живее во странство, како и кон нејзината мајка и брат. Од оштетената барал да му исплати 15.000 евра, а ѝ дал рок до 26 септември.Под закана, оштетената на 17 септември му испратила 500 евра преку „Вестерн унион“, а за дополнителни 4.500 евра се договориле исплатата да биде извршена во земјава, пред Клиниката за онкологија.Кога оштетената пристигнала во Македонија на 25 септември, веднаш случајот го пријавила во полиција. При преземање на парите, осомничениот бил приведен на лице место.Имајќи ја предвид опасноста од бегство, можноста за влијание врз сведоците и оштетената, како и ризикот да го повтори делото, јавниот обвинител предложи мерка притвор.

Скопје | пред 6 месеци

media-librarybpgbqo9dk3vpeKnrVrn

Притвор за осомничен од Страчинци: му влегле дома и му нашле 99 исушени гранки билка и 41 грам марухуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишен жител на селото Страчинци, осомничен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле три откорнати растенија канабис, 99 пресечени, превиткани и исушени гранчиња од истата билка, како и 41,4 грама марихуана спакувана за понатамошна употреба.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, со цел да се обезбеди неговото присуство и непречено водење на истрагата.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryvronfgu727iqb6fmdbU

(Видео) Верници од утринава пред „Св. Елена и Константин“ во центарот на Скопје, денеска се осветува храмот

Денеска свечено се осветува храмот „Св. Елена и Константин“, а уште од рано утринава голем број верници пристигнуваат за да се помолат за здравје, среќа и благосостојба. Атмосферата е празнична, а храмот веќе е исполнет со молитви и духовна возбуда.Изградбата на храмот започна пред повеќе од една деценија, со благослов на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, а благодарение на донации од верници и поддршка од локалната заедница. Со текот на годините, храмот постепено добиваше свој облик, а денеска конечно се заокружува долгогодишниот труд и желба на многумина верници да добијат свето место за молитва и духовно собирање.Верниците велат дека денешниот ден ќе остане запаметен во историјата на заедницата како исполнување на една голема духовна потреба.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања