Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

puls-19

Телефони, паричници, накит: се враќаат предмети кои останаа во „Пулс“ по кобната вечер

Одделение за внатрешни работи Кочани информира дека од 2 март 2026 година започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на трагичниот пожар во кабарето „Пулс“, што се случи на 16 март 2025 година.Како што соопштуваат од полицијата, сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, во периодот од 2 до 6 март 2026 година, во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на ОВР Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ број 12.Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети што биле пронајдени при увидот, а им припаѓаат на повредените и на починатите лица. Меѓу предметите што ќе се враќаат се мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.Од ОВР Кочани нагласуваат дека враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите.

Македонија | пред 2 седмици

media-library74bs01udvqn79mODa0S

Над 49 илјади доцнења за три дена: воената ескалација го парализира светското небо

Последиците од воената ескалација на Блискиот Исток веќе трет ден се чувствуваат и на глобалното небо. Светскиот авиосообраќај бележи сериозни нарушувања, со вкупно 49.154 доцнења и 8.080 откажани летови во изминатите три дена, покажуваат дневните статистики на платформата „Флајт Авеар“.Ескалацијата на конфликтот по нападот на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран, што започна во текот на саботата, доведе до затворање и ограничување на дел од воздушниот простор во регионот. Ова предизвика синџирна реакција на доцнења, пренасочувања и суспендирање на летови на глобално ниво.Во саботата биле регистрирани 21.071 доцнење на летови ширум светот, со 2.758 откажувања. Во неделата бројот на доцнења изнесувал 19.415, додека биле откажани 3.229 летови. Денеска се евидентирани 8.668 доцнења и 2.093 откажани летови.Најголем број доцнења биле забележани токму во саботата, денот кога започнаа нападите и кога дел од авиокомпаниите итно ги пренасочуваа или целосно ги суспендираа летовите кон Блискиот Исток. Во неделата дојде до благо намалување на доцнењата, но порастот на откажувањата упатува на подолгорочно оперативно прилагодување на авиопревозниците.Иако денеска се забележува намалување на бројот на доцнења, бројот на откажани летови и натаму останува висок, што укажува дека дел од рутите сѐ уште не функционираат нормално.Експертите предупредуваат дека секое затворање на клучните воздушни коридори меѓу Европа, Азија и Блискиот Исток создава домино-ефект во глобалната мрежа на летови, со пренатрупување на алтернативните рути и дополнителен притисок врз системите за контрола на летање.Патниците се повикуваат редовно да го следат статусот на своите летови и официјалните известувања од авиокомпаниите, со оглед на тоа што состојбата и натаму е динамична и подложна на брзи промени.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqqdkehfnmg4e9SCxmKG

Порбуваат да протнат усогласување на минималец за околу 1.600 денари, борбата продолжува на улица, вели Трендафилов

Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, соопшти дека ССМ ја напуштил седницата на Економско-социјален совет, откако, како што наведе, „на мала врата“ било направено обид за утврдување на усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари.Трендафилов изјави дека ССМ нема мандат да учествува во, како што оцени, формално усогласување на минималната плата без реално зголемување што ќе го подобри стандардот на работниците.„Жалосно е што Владата, работодавачите и другите синдикати се на ист став – минималната плата само законски да се усогласи, а да не се зголеми суштински“, порача Трендафилов.Тој најави дека синдикалната борба продолжува и дека, доколку не се најде прифатливо решение, повторно ќе следуваат протести. „За жал, борбата повторно продолжува на улица, во средината на март“, истакна претседателот на ССМ.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9jo4a0fgdo29bbik8lQ

Малолетник управувал „мерцедес“ во Струга

На 2 март 2026 година во 01:15 часот, при сообраќајна контрола во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга исклучиле од сообраќај патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки.Контролата покажала дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и не стекнал право за управување со моторно возило.По насоки на јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор. Возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

IMG_4868

Малолетник зад волан во центарот на Охрид, „голфот“ одземен

На 1 март 2026 година во 23:40 часот, при сообраќајна контрола на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид исклучиле од сообраќај патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.При проверката било утврдено дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и не стекнал право за управување со моторно возило.Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryuie89384jfqb6szmH1V

Левица поднесе кривична пријава против Цвета Ристовска за прикривање имот

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, поради сомнение за сторено кривично дело „Противправно стекнување и прикривање на имот“, казниво по член 359-а од Кривичниот законик.Од партијата тврдат дека Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, не пријавила две компании во сопственост на членови на нејзиното семејство, иако била должна да достави целосна и вистинита изјава за имотната состојба, која ги опфаќа и имотите на членовите на семејството.Според Левица, станува збор за свесно и намерно прикривање на имот, при што наведуваат дека компаниите кои не биле пријавени добиле два милиони денари од касата на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата оценува дека тоа претставува „награда за непостапувањето“ на Ристовска против функционери од владејачката партија.Во пријавата се посочува и дека поранешната антикорупционерка во анкетниот лист го пријавила останатиот имот на своите деца, но, како што тврдат од Левица, ја изоставила фирмата што постои од 2020 година.Левица ја обвинува Ристовска дека станала „симбол на корупција во институција што треба да се бори против високата корупција“ и дека била „директна инсталација на владејачката партија“, при што, според нив, амнестирала двајца високи функционери – Бојан Христовски и Ивица Томовски.Од партијата порачуваат дека оставката од функцијата не е доволна и бараат целосна одговорност за, како што велат, свесното прикривање имот, како и ревизија на сите предмети што ги водела Ристовска, со цел, според нив, да се стави крај на заштитата на корупцијата на највисоките ешалони на власта.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryfptj8pcjs80s1AaZxQs

Над 400 македонски граѓани побарале информации за евакуација, 30 подготвени да ја напуштат земјата во прва прилика

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија информира дека, согласно последните податоци добиени од дипломатско-конзуларните претставништва, повеќе од 400 македонски граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 лица изразиле подготвеност да ја напуштат земјата во првата можна прилика.Од Министерството соопштуваат дека со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата на терен.Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа. Министерството е во постојана координација со пријателски земји и меѓународни партнери со цел успешно и организирано спроведување на евентуалната постапка.Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Државата Катар, согласно информациите од надлежните институции, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. За граѓаните кои се наоѓаат во Израел, веќе активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување.Министерството преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва останува целосно на располагање на граѓаните и повторно апелира сите државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните безбедносни органи.За дополнителни информации и помош, достапни се следните контакти:СОС дежурен телефон на Министерството: 075/273-732Амбасада на Република Северна Македонија во Доха: +974 50 173 111Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби: +971 56 441 7532Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

СДСМ со жестоки обвинувања: Мицкоски работи за тендери, не за државата

СДСМ со остро соопштение го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека наместо да се фокусира на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните, се занимава со тендери, црни кампањи и пропаганда.Од партијата наведуваат дека, според нивните податоци, 161 тендер биле доделени на семејна фирма на Томовски, 51 тендер на „Пирамид Билдинг“, 74 тендери на „Ленди Груп“, девет милиони евра биле доделени на фирма со двајца вработени, а 1,2 милиони евра тендер преку Пошта завршил кај фирма блиска до ЗНАМ.СДСМ оценува дека Мицкоски е „способен само за тендери за свој приватен бизнис и да биде уредник на таблоид“, додавајќи дека тоа е, како што наведуваат, единственото за што има капацитет.Во соопштението се тврди и дека странските инвестиции се намалиле за 729 милиони евра, дека работниците едвај врзуваат крај со крај, дека нема зголемување на платите и дека економијата „тоне од ден во ден“.„Да води држава – не е способен“, порачуваат од СДСМ, повикувајќи го премиерот наместо, како што велат, да измислува афери и да спроведува црни кампањи, да се обиде да најде луѓе кои можат да помогнат во управувањето со државата.Во завршницата од соопштението, партијата го нарекува ВМРО-ДПМНЕ „ВМРО-ОКГ“, оценувајќи дека тоа е реалниот капацитет на партијата и на нејзиниот лидер.

Македонија | пред 2 седмици

policiski-cas-policija-policaec

Млад мотоциклист со тешки повреди по сообраќајка во Прилепско

На 1 март 2026 година во 14:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на влезот за селото Браилово, општина Долнени, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со регистарски ознаки од Македонски Брод и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки.Мотоциклот го управувал З.Ш. (21), а автомобилот Д.В. (56), двајцата од селото Десово, општина Долнени.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница во Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 2 седмици

policaec-policija-6

Пијан зад волан во Прилепско

На 1 март 2026 година во 14:50 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Н. (48) од селото Дреновци, општина Долнени.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., при што било констатирано дека возел под дејство на алкохол. Измерени му биле 1,99 промили алкохол во крвта.По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Со 157 км/ч на пат каде дозволено е 70 – приведен млад ресенчанец

На 1 март 2026 година во 13:30 часот на магистралниот пат Охрид–Ресен, кај местото викано „Рибник Крушје“, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.Н. (19) од Ресен.При сообраќајна контрола било сопрено возило „шкода“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Н., при што било утврдено дека се движел со брзина од 157 километри на час на делница каде ограничувањето е 70 километри на час надвор од населено место.По документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

DSC_0040

Осумнаесетгодишник без возачка дозвола фатен во Битола

На 1 март 2026 година во 15:27 часот на улицата „8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Н. (18) од Битола.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н., при што било констатирано дека возилото го управувал без да поседува важечка возачка дозвола.По документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-41-6540PM

Битолчанец фатен зад волан без положен возачки испит

На 1 март 2026 година во 23:20 часот во селото Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Ш.М. (31) од Битола.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Ш.М., при што било утврдено дека управувал возило пред да се стекне со право за управување со моторно возило.По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

02

Прилепчанец приведен – кај него пронајдена прашкаста материја

На 2 март 2026 година во 22:30 часот на улицата „Пиринска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.А. (38) од Прилеп.При преземените мерки кај него била пронајдена прашкаста материја.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryje4t70hc48pc3Jj6dl6

Битолчанец дивеел во казино

На 2 март 2026 година во 01:45 часот во СВР Битола било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во казино на улицата „Филип Втори Македонски“.Според информациите, М.С. (38) од Битола со метален предмет оштетил апарат за игри на среќа во објектот.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library6a4o7esrff7525UIBLc

Белгија ја разгледува и Македонија за трансфер на затвореници: Над 600 затвореници спијат на под, Брисел бара затворски капацитети во странство

Белгиските власти го прошируваат списокот на земји во кои би можеле да префрлат дел од затворениците поради сериозната пренатрупаност на затворските капацитети, јавуваат медиумите повикувајќи се на Бугарската телеграфска агенција.По прелиминарните разговори со Албанија и Косово, на списокот се додадени и Македонија, Естонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Литванија. Станува збор за можност за трансфер на осудени лица, пред сѐ странски државјани, во објекти надвор од Белгија.Според официјалните податоци, повеќе од 600 затвореници во Белгија спијат на под поради недостиг од простор. Во земјата во моментов има околу 13.000 затворени лица, иако официјалниот капацитет на затворите изнесува 11.000 места. Од вкупниот број, 4.400 се лица со нерегулиран престој.Белгиската влада нагласува дека ќе разгледува договори за трансфер само доколку се обезбедат пристојни услови за издржување на казната и целосно почитување на човековите права. Во извештаите се наведуваат и потенцијални проблеми во некои од земјите што се разгледуваат, вклучително и недостиг од основни услови, несоодветно греење и ограничено време што затворениците го поминуваат надвор од ќелиите.Министерката за азил и миграција, Анлин Ван Босујт, во интервју за Еуроњуз во Брисел изјави дека Белгија ја разгледува „секоја можна опција“, вклучително и изнајмување затворски капацитети во странство за странски државјани осудени за кривични дела.Таа неодамна ги посетила Албанија и Косово за да ги испита можностите за ваква соработка, како дел од поширок пакет антимиграциски мерки што ги подготвува белгиската влада.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2025-01-21-at-17.48.41

Марк Руте во прва официјална посета на Скопје како генерален секретар на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе биде домаќин на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој пристигнува во својата прва официјална посета на земјава откако застана на чело на Алијансата. Според најавите, Руте ќе оствари средби со државниот врв и ќе присуствува на армиска показна вежба.Работната агенда ќе започне во Кабинетот на претседателката, каде што Руте ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести. Предвидена е тет-а-тет средба меѓу Сиљановска-Давкова и генералниот секретар, по што ќе следи пленарен состанок меѓу македонската делегација и делегацијата на НАТО. Во попладневните часови е закажана заедничка прес-конференција на која ќе бидат соопштени деталите од разговорите.Покрај средбата со шефицата на државата, Руте ќе има интензивна агенда и со останатите носители на извршната и законодавната власт. Планирани се официјални разговори со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши.Како дел од безбедносниот сегмент на посетата, генералниот секретар ќе присуствува и на специјална показна вежба на Армијата, што се оценува како симболична потврда на соработката меѓу земјава и Алијансата.Ова е прво доаѓање на Марк Руте во Скопје во својство на генерален секретар на НАТО. Тој претходно престојуваше во Македонија во ноември 2021 година, тогаш како премиер на Холандија. Последната посета на прв човек на Алијансата во земјава беше во 2023 година, кога во официјална посета престојуваше неговиот претходник Јенс Столтенберг.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Израелската војска тврди дека ликвидирала високи ирански разузнавачки функционери

Израелски одбранбени сили соопшти дека ликвидирала високи функционери на иранското разузнавање, меѓу кои и Сајед Јахја Хамиди, заменик-министер за разузнавање задолжен за прашања поврзани со Израел.Во новото соопштение, израелската војска наведува дека бил убиен и Џалал Пур Хосеин, раководител на одделот за шпионажа во иранското Министерство за разузнавање, заедно со други, како што се наведува, „режимски функционери“. Не се прецизира кога, каде и на кој начин биле извршени нападите.ИДФ дополнително информира дека седиштето на иранското Министерство за разузнавање во Техеран било погодено „пред кратко време“. Засега нема официјална потврда од иранска страна за овие наводи, ниту детали за евентуалните последици од нападот.Овие тврдења доаѓаат во период на засилена воена ескалација меѓу Израел и Иран, при што двете страни разменуваат сериозни обвинувања и соопштенија за погодени стратешки цели.

Свет | пред 2 седмици

media-library9lt4srgbgcji8bM4s1P

(Видео) Техеран тврди дека соборил три американски авиони

Иранското воено раководство соопшти дека противвоздушната одбрана на земјата соборила три американски борбени авиони, наведувајќи дека леталата биле погодени од огнот на домашните одбранбени системи.Во соопштението се тврди дека бројот на урнати американски летала се искачил на три, без да се наведат дополнителни детали за типот на авионите или местото на наводното соборување. Од утринските часови, регионалните медиуми и социјалните мрежи споделуваат снимки на кои, наводно, се гледа пад на авиони и катапултирање на пилоти. Засега нема независна потврда за овие тврдења.Паралелно со овие наводи, Министерството за одбрана на Кувајт информираше дека неколку американски борбени авиони утринава се урнале на територијата на земјата, но дека сите пилоти ја преживеале несреќата. Според кувајтските власти, членовите на екипажот успешно се катапултирале и биле пренесени во болница на преглед, при што било утврдено дека се во стабилна состојба.Засега не е јасно што довело до падот на американските летала во Кувајт. Инцидентот се случил во период на интензивна иранска ракетна и артилериска активност насочена кон копнени цели, а кувајтското Министерство за одбрана соопшти дека истрагата за „причините за инцидентот“ е во тек.

Свет | пред 2 седмици

putin-bozik-640x473-1

Стигна реакција од Русија за војната на САД и Израел против Иран

Кремљ соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство поради, како што наведе, „отворената агресија“ врз Техеран и изрази длабоко разочарување од развојот на настаните.Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го осуди убиството на иранскиот врховен верски водач ајатолахот Али Хамнеи, оценувајќи го како „цинично“. Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи ги обвини Соединетите Американски Држави и Израел дека Блискиот Исток го турнале „во бездна на неконтролирана ескалација“.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја анализира ситуацијата и ги извлекува сопствените заклучоци по одлуката на Вашингтон да започне напади врз Иран, и покрај, како што рече, претходно ветувачките преговори.„Кога станува збор за разговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, со посредство на Оман, можеме да изразиме длабоко разочарување бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок, ситуацијата сепак ескалираше во отворена агресија“, изјави Песков пред новинарите.Тој додаде дека се очекува Путин во текот на денот да оствари меѓународен телефонски разговор поврзан со состојбата во Иран, но не откри со кого ќе разговара.„Можам само да кажам дека сме во постојан контакт со иранското раководство и разговараме за ситуацијата во таа земја. Истовремено, продолжуваме со дијалог со раководствата на земјите погодени од конфликтот, вклучително и државите од Персискиот Залив“, нагласи Песков.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

ИАЕА: Нема докази за оштетување на иранските нуклеарни објекти

Генералниот директор на Меѓународна агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, изјави дека засега нема индикации дека биле оштетени иранските нуклеарни постројки по неодамнешните американски и израелски напади.Во обраќање пред Управниот одбор на агенцијата, Гроси нагласи дека нема докази оти биле погодени „нуклеарните инсталации, вклучително и нуклеарната електрана Бушер, истражувачкиот реактор во Техеран или други објекти од нуклеарниот горивен циклус“. Тој посочи дека ИАЕА се обидува да стапи во контакт со иранските регулаторни власти во нуклеарната сфера, но дека „досега нема одговор“.Гроси повика на „најголема можна воздржаност во сите воени операции“, имајќи ги предвид нуклеарните објекти во Иран и во други земји од регионот, меѓу кои Бахреин, Ирак, Кувајт, Оман, Катар и Саудиска Арабија. Според него, секое воено дејствување во близина на такви постројки носи сериозен ризик од пошироки последици.Во меѓувреме, иранскиот амбасадор при ИАЕА, Реза Наџафи, за Би-Би-Си изјави дека во неделата бил погоден нуклеарниот комплекс во Натанз, но не изнесе дополнителни детали за евентуалната штета или последици. Официјална потврда за обемот на евентуалните оштетувања засега нема, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу состојбата на теренот.

Свет | пред 2 седмици

policija-policaec-35-450x270-1

Со 174 км/ч „летал“ на автопат каде дозволено е 80 – приведен 72-годишник

Полициски службеници од ОВР Гостивар на 1 март 2026 година во 17:10 часот на автопатот Тетово–Гостивар го лишиле од слобода З.Н. (72) од селото Вруток.При сообраќајна контрола било утврдено дека управувал патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час, на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2024-10-05-at-11.05.19

Малолетник со „мерцедес“ удрил во трактор на патот Тетово–Фалише

На 1 март 2026 година било пријавено дека на локалниот пат Тетово – село Фалише се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и трактор.Според информациите од МВР, возилото го управувал малолетник од селото Групчин, додека тракторот бил управуван од С.А. (73) од Тетово.Во несреќата со телесни повреди се здобил 73-годишниот тракторист, а повредите биле констатирани во Клиничкиот центар во Тетово. По целосно расчистување и документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Приведен 35-годишник во Брвеница – возел без положен возачки испит

На 1 март 2026 година во 16:15 часот на регионалниот пат во селото Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.В. (35) од Тетово.При редовна сообраќајна контрола било запрено патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Б.В. По извршените проверки било констатирано дека управувал возило без да поседува возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-7910PM

Возел 113 км/ч на булевар во Тетово каде ограничувањето е 50: апсење во тетовско

Полициски службеници од СВР Тетово на 1 март 2026 година во 12:22 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово го лишиле од слобода Х.А. (21) од селото Долна Лешница.При сообраќајна контрола со радар било утврдено дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 113 километри на час, на делница каде максимално дозволената брзина изнесува 50 километри на час.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања