Нетанјаху: „Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив“
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во обраќање до иранскиот народ изјави дека постојат „многу знаци“ кои покажуваат врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, повеќе не е жив, но за тоа не понуди докази.Нетанјаху ги повика Иранците масовно да излезат на улиците, оценувајќи дека имаат „прилика каква што се случува еднаш во генерација“ да го соборат режимот.„Излезете масовно на улиците и завршете ја работата. Време е да се обедините во историска мисија“, порача тој, додавајќи дека израелските удари ќе им помогнат да се „ослободат од тиранијата“.Израелскиот премиер најави дека операцијата ќе продолжи онолку долго колку што е потребно и повика на трпение, оценувајќи дека војната на крај ќе доведе до „вистински мир“.Од друга страна, иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека врховниот лидер и претседателот се живи и безбедни, по информациите за напад врз комплекс во Техеран.„Сите се безбедни и неповредени“, изјави портпаролот, додавајќи дека дел од иранските команданти загинале, но дека вооружените сили преземаат неопходни мерки за одбрана на земјата.Претходно, иранскиот министер за надворешни работи за американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си њуз изјави дека, според неговите информации, Хаменеи е жив.
Свет | пред 3 седмици