Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryjvv5jjvai9ioe2d55wR

Москва под масовен напад со беспилотни летала, привремено затворени сите аеродроми

Сите четири аеродроми во московскиот регион беа привремено затворени откако десетици украински беспилотни летала ја гаѓале Москва, соопштија руски претставници.Според информациите објавени од „Киев индепендент“, нападите траеле околу четири часа во попладневните и вечерните часови.Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека дваесет дронови биле соборени на пат кон главниот град. Тој наведе дека на местата каде што паднале беспилотните летала биле испратени итни служби и дека засега нема информации за жртви или материјална штета.Руската федерална агенција за воздушен сообраќај, Росавијација, потврди дека летовите биле привремено прекинати на аеродромите Домодедово, Шереметјево, Внуково и Жуковски.Министерството за одбрана на Русија одделно соопшти дека 29 дронови биле соборени над Брјанската област, а неколку други биле пресретнати над Калушката, Белгородската, Тулската, Курската и Тверската област.Воениот блогер „Дронбомбер“ на платформата Телеграм објави дека, според руски извори, биле регистрирани околу 165 дронови и 15 млазни беспилотни летала, но овие информации не се независно потврдени.Украина редовно изведува напади со беспилотни летала врз воени и индустриски објекти на територијата на Русија, а напади врз самата Москва се регистрирани во повеќе наврати, често проследени со привремено затворање на аеродромите.„Киев индепендент“ наведува дека во моментот на објавување не можел независно да ги потврди тврдењата на руските власти.

Свет | пред 3 седмици

media-librarycivn3co3h8s243MPX8F

(Видео) Го преплавија теренот со мечиња: Спорт и солидарност во салата во Куманово

Кошаркарите на Куманово беа поразени од МЗТ Скопје со резултат 56-72 во натпревар од лигашкиот дел на сезоната, но спортскиот исход остана во сенка на хуманата акција што ја одбележа вечерта.По завршувањето на натпреварот, теренот беше преплавен со плишани мечиња кои навивачите ги донесоа во рамки на најавената акција. На даден знак од трибините, десетици мечиња беа фрлени на паркетот, по што беа собрани и ќе бидат донирани на деца од ранливи категории.И покрај неуспехот на теренот, глетката од салата испрати порака дека спортот може да биде и простор за солидарност и заедништво, надвор од резултатите и табелите.

Спорт | пред 3 седмици

media-librarykfft5qi41os319Pqu31

(Видео) Снимка од центарот: Автомобил во спротивен правец кај Цветен пазар

Видео објавено на социјалната мрежа „Х“ (од @narodencoek) прикажува автомобил „Рено“ со скопски регистарски ознаки како се движи во спротивна насока во централното градско подрачје, кај зградата на Нова Македонија.На снимката се гледа дека возилото влегува во лента наменета за спротивен правец, а потоа застанува во истата лента во близина на Цветен пазар почитувајќи го семафорот кој беше со црвено светло.Објавата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што дел од корисниците предупредуваат на сериозен ризик по безбедноста во сообраќајот. Со оглед на однесувањето на возилото, се претпоставува дека станува збор за несвесна грешка, односно дека возачот не забележал дека се движи по лента наменета за спротивен правец.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrhpvs0j72uem79YSPPW

СДСМ: Владата ја носи одлуката за почесен конзул, ВМРО-ДПМНЕ да одговори за Адамовиќ

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја избегне одговорноста во случајот со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул во Србија, истакнувајќи дека одлуката за именување ја носи Владата на седница.Од партијата посочуваат дека прашањето на одговорноста завршува токму таму – кај извршната власт, која формално и правно ја носи одлуката за избор на почесен конзул. Според СДСМ, покрај институционалната одлука, клучни се и критериумите врз основа на кои е направен изборот.„ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Адамовиќ ги исполнувал критериумите, но не кажува кои се тие критериуми“, наведуваат од СДСМ, отворајќи прашања дали станува збор за политичка блискост со премиерот Христијан Мицкоски или за неговата поврзаност со Српската напредна странка.Од партијата посочуваат и на информации во јавноста за наводни афери поврзани со Адамовиќ, прашувајќи дали македонските безбедносни служби направиле соодветна проверка пред именувањето и дали постоело лично лобирање.СДСМ бара премиерот јавно да одговори како од толку угледни бизнисмени во Србија Владата го избрала токму Адамовиќ за почесен конзул на Македонија и дали биле земени предвид сите релевантни околности при донесувањето на одлуката.

Македонија | пред 3 седмици

media-library21jgkaflc9l6fzquJTD

(Видео) Инцидент во резиденцијата на Трамп: Тајната служба употреби оружје

Агенти на Тајна служба на САД и заменик-шериф од Канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич застрелале вооружен маж кој рано утринава незаконски влегол во обезбедениот периметар на комплексот Mar-a-Lago во Флорида.Според соопштението објавено на платформата „Икс“, станува збор за маж на возраст од околу 20 години, кој бил забележан кај северната капија на имотот. Тој бил застрелан на лице место.Надлежните информираат дека лицето носело пиштол и канистер. Во инцидентот нема повредени припадници на Тајната служба ниту на локалната полиција.Потенцијалниот мотив, околностите на настанот и оправданоста на употребата на сила ги истражуваат ФБИ, Тајната служба на САД и Канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич.Во согласност со внатрешните процедури, агентите кои учествувале во интервенцијата ќе бидат ставени на рутинско административно отсуство додека трае истрагата.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Се запали авион со повеќе од 400 патници во него: Лет за Париз прекинат по експлозии на моторот

Авион на Ер Франс, кој сообраќал на линијата од Фор-де-Франс кон Париз, бил принуден да се врати на аеродромот само неколку минути по полетувањето, откако се запалил десниот мотор, јавуваат француските медиуми.Инцидентот се случил во ноќта на 21 февруари, кога авионот „боинг“ на летот АФ895, по само една минута во воздух, пријавил проблем со десниот мотор. Според информациите, моторот почнал да вовлекува течност, што предизвикало нарушена циркулација на воздухот, неправилно согорување и видливи експлозии.Сведоци од земја изјавиле дека слушнале детонации веднаш по полетувањето. Сепак, во инцидентот нема повредени лица.Како што пренесуваат локалните медиуми на Мартиник, екипажот на леталото, во кое се наоѓале 469 патници, го забележал проблемот во фазата на почетно искачување. Пилотот Ришар Рекли изјавил дека веднаш бил активиран протоколот за итно враќање, по што авионот безбедно слетал на истиот аеродром од кој полетал.Патниците биле пренасочени на друг лет, а надлежните служби започнале постапка за утврдување на причините за техничкиот дефект.

Свет | пред 3 седмици

media-library2ug7u6h9a56ddBO8rgk

Осум часовна блокада пред влезот на „Усје“: активисти ќе прават „Блокада фест“ идниот петок

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави осумчасовна блокада пред влезот на Титан Усје на 27 февруари, под слоганот „Блокада фест“, со почеток во 15 и завршување во 23 часот.Од иницијативата порачуваат дека настанот нема да биде само блокада, туку, како што наведуваат, „гласен, жив и солидарен отпор“. Тие најавуваат и дополнителна програма и учество на изведувачи, чии имиња ќе бидат соопштени во наредниот период.Активистите повторно ги истакнуваат своите барања за дислокација на цементарницата, како и поставување мерни станици чии податоци ќе бидат јавно достапни и следливи во реално време. Според нив, граѓаните имаат право на целосна транспарентност во однос на квалитетот на воздухот и влијанието на индустриските капацитети.Од друга страна, од „Титан Усје“, повикувајќи се на независни студии и хемиски анализи, тврдат дека индустријата има значително помало влијание врз загадувањето на воздухот во споредба со загревањето на домовите, сообраќајот, градежните активности и палењето на отворено. Компанијата бара еднаков третман за сите субјекти и оценување на нејзината работа врз основа на стручни параметри и законски прописи, а не, како што наведуваат, врз лични и паушални ставови.

Скопје | пред 3 седмици

Нема фотографија

Поддршката за Трамп на 39 отсто, мнозинството смета дека ги пречекорил овластувањата

Непосредно пред обраќањето до нацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, новата анкета што ја спроведоа „Вашингтон пост“, „Еј-би-си њуз“ и „Ипсос“ покажува дека мнозинството Американци не го одобруваат неговото работење и сметаат дека ги пречекорил овластувањата на функцијата.Според резултатите, 39 отсто од испитаниците го поддржуваат Трамп, додека 60 отсто не го поддржуваат, при што 47 отсто изразуваат силно неодобрување. Кај регистрираните гласачи поддршката изнесува 41 отсто, а противењето 58 отсто. Негативните оценки се прошируваат и на конкретни области, како економијата, царините, инфлацијата и надворешната политика. Најслаби резултати бележи во справувањето со инфлацијата, каде само 32 отсто ги одобруваат неговите потези.Кога станува збор за целокупното управување со економијата, 41 отсто од анкетираните изразуваат поддршка. Иако разликата меѓу позитивните и негативните оценки се намалила во споредба со октомври, расположението останува претежно критичко. Речиси две третини од испитаниците, односно 65 отсто, сметаат дека Трамп ги пречекорил своите овластувања, што претставува пораст во однос на почетокот на мандатот.Мнозинство од 56 отсто не веруваат дека е посветен на заштитата на правата и слободите на граѓаните, а 62 отсто сметаат дека ја користи функцијата за лично збогатување. Дополнително, 56 отсто оценуваат дека администрацијата не била транспарентна во објавувањето на владините документи поврзани со истрагата за Џефри Епстајн.Анкетата покажува дека Американците се поделени околу прашањето за имиграцијата. Тесно мнозинство од 50 наспроти 48 отсто го поддржува повикот за депортација на милиони имигранти без документи, но 58 отсто сметаат дека Трамп оди предалеку во спроведувањето на таквите мерки. Околу 60 отсто се противат на тактиките што ги применува имиграциската служба.Во однос на економската состојба, 48 отсто од испитаниците сметаат дека економијата се влошила откако Трамп ја презел функцијата, додека 29 отсто оценуваат дека се подобрила. Само 22 отсто велат дека лично се во подобра финансиска состојба, 33 отсто дека им е полошо, а 44 отсто не гледаат промена.Царинската политика останува непопуларна – 34 отсто ја одобруваат, а 64 отсто не. Дополнително, Врховен суд на САД неодамна ги укина царините, оценувајќи дека претседателот ги наметнал надвор од своите овластувања.Поддршката кај републиканците и натаму е висока, но се забележуваат пукнатини – 48 отсто од нив сега силно го одобруваат неговото работење, што е пад во однос на минатата година. Истовремено, 70 отсто од анкетираните сметаат дека не е искрен и доверлив, а 56 отсто оценуваат дека му недостасува ментална подготвеност за ефикасно извршување на функцијата.Резултатите ја отсликуваат длабоката поларизација во американското општество во пресрет на нови политички одлуки и можни надворешнополитички потези на администрацијата.

Свет | пред 3 седмици

zicnica-696x463

Поради силен ветер, жичницата на Водно денеска не сообраќа

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради силен ветер, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.Според соопштението, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за објектот да функционира непречено и безбедно, поради што е донесена одлука за привремен прекин на превозот на патници.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и веднаш штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз.Од ЈСП апелираат до граѓаните за разбирање и почитување на мерките, со цел да се гарантира безбедноста на сите корисници.

Скопје | пред 3 седмици

media-library8fr5fac7ffsk8AxJwfg

(Видео) Вознемирувачка сцена на планината Јахорина, дете спасено откако висело од седиште на жичара

Вистинска драма се одвивала денеска на планината Јахорина, кога дете висело од жичара и во последен момент било спасено со брза реакција на присутните.Според информациите објавени од регионални медиуми, на местото на настанот настанала паника кога било забележано дека детето виси од седиштето на жичарата. На видеоснимка што се појави во јавноста се гледа како две лица го придржуваат детето додека висело, а останатите присутни притрчуваат за да помогнат безбедно да биде спуштено на земја.Благодарение на навремената реакција, детето било успешно приземјено. Засега нема официјални информации дали претрпело повреди.Овој настан доаѓа само неколку дена по друг сериозен инцидент на истата планина, кога дете падна од жичара. Тогаш беше потврдено дека детето се здобило со повреда на ногата и било пренесено во болница, каде било задржано на лекување.Очевидци кои присуствувале на претходниот инцидент сведочеа дека сè се случило во рок од една минута. Според нив, мајката го држела детето, но тоа се лизнало и паднало. Во моментот сите биле на скии и немало време за дополнителна реакција.

Свет | пред 3 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

18-годишник ноќеска пред полноќ со „мерцедес“ сакал да прегази деца во Карпош: пријавени се и други инциденти

Повеќе инциденти биле пријавени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Карпош во Скопје, при што две лица се лишени од слобода, а за неколку случаи се преземаат мерки за целосно расчистување.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 февруари 2026 година, во 23.15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С. (18) од Скопје. Тој бил приведен по претходна пријава дека, откако двајца малолетници физички нападнале 13-годишник, со патничко возило „мерцедес“ се обидел да го удри. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување, по што ќе следува соодветен поднесок.Претходно, во 22.20 часот, во трговски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н. (20) од Скопје, затоа што физички нападнал лице вработено како обезбедување, откако претходно се обидел да украде производ од продажен објект. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Во 22.30 часот, 32-годишна жена пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била физички нападната од нејзиниот партнер А.Д. (31). Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Истовремено, во 11.30 часот, Б.Ј. (46) пријавила дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од Б.П. (44). И за овој настан се преземаат мерки за целосно расчистување.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Акција во Скопје: три лица се уапсени, најмладиот е 18 години

Три лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на повеќе локации во Скопје, откако кај нив биле пронајдени и одземени наркотични супстанци.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 и 22 февруари 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.Б. (39), Г.С. (40) и Д.Б. (18), сите од Скопје, поради тоа што кај нив биле пронајдени прашкаста материја, марихуана и дробилка.По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryje4t70hc48pc3Jj6dl6

Се ловеше дрога: Во Кичево уапсени две лица откако им влегле во казино и ги фатиле со прашкаста материја

Полициски службеници од ОВР Кичево рано утринава извршиле интервенција во казино на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, каде биле пронајдени и одземени две најлонски опаковки со остатоци од бела прашкаста материја.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 февруари 2026 година, во 02.40 часот, во врска со настанот од слобода биле лишени Р.Ч. (23) од кичевското село Црвевци и Б.Р. (21) од селото Грешница, додека на разговор биле повикани Ш.Ф. (29) и А.А. (29) од селото Гарани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Во одделен случај, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Ш. (25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во текот на 2025 година во Тетово, полициски службеници забележале патничко возило „БМВ“ во кое две лица вршеле купопродажба на марихуана. По извршен преглед кај едното лице била пронајдена марихуана, за која било утврдено дека претходно ја набавило од пријавениот.Кривична пријава поднесе и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар против В.А. (51) и Ф.Т. (56), двајцата од селото Неготино, гостиварско, поради сомнение за истото кривично дело. На 13 мај 2025 година во Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје запреле патничко возило во кое се наоѓале пријавените, при што при преглед на возилото бил пронајден и одземен кокаин.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Приведен скопјанец откако со метална монета погодил малолетник на кошаркарски натпревар во Куманово - детето со повреди

Дваесет и тригодишен жител на Скопје бил лишен од слобода по инцидент што се случил за време на кошаркарски натпревар во спортска сала во Куманово.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 февруари 2026 година, во 19.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Б.Б. (23) од Скопје, откако на натпреварот погодил малолетно дете со метална монета, при што му нанел повреди.Б.Б. бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

tepacka

Тепачки во Кисела Вода и во Центар пред ресторан

Две одделни физички пресметки биле пријавени во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.На 22 февруари 2026 година, во 01.00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.В. (25) и С.Ќ. (23), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Претходно, на 21 февруари 2026 година, во 17.20 часот, во СВР Скопје, Г.В. (40) пријавил дека околу 12.00 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од М.И. (33), двајцата од Скопје. И за овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 седмици

policija-policaec

Приведен возач кај рампата „Маџари“, нападнал полицаец и имал 1,64 промили алкохол

Дваесет и осумгодишен жител на селото Јурумлери бил лишен од слобода откако физички нападнал полициски службеник при вршење службени дејствија во Скопје.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 февруари 2026 година, во 01.20 часот, во близина на рампата „Маџари“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го привеле Т.Б. (28) од Јурумлери, скопско. Тој претходно бил запрен со патничко возило, по што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие и му упатувал закани.По извршеното алкотестирање било утврдено дека има 1,64 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 седмици

kocanii

Пожар во куќа во Кочани, изгоре куќа

Пожар избувнал рано утринава во куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 22 февруари 2026 година, во 02.35 часот, во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа во која во моментот немало присутни лица.Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Запалено возило во Аеродром

Пожар на патничко моторно возило бил пријавен рано утринава на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 февруари 2026 година, во 04.37 часот, во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.А. (48) од Скопје.Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Товарно возило усмрти жена во Струга, возачот приведен

Седумдесетгодишна жена од селото Мислодежда почина по сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Струшки Кепенци“ во Струга.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 февруари 2026 година, околу 16.30 часот, во ОВР Струга било пријавено дека товарно возило „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.О. (57) од Струга, удрило во И.И. (70) од село Мислодежда, струшко.По несреќата, повредената била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување лекарска помош, каде подоцна им подлегнала на повредите.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга. Во 21.40 часот полициски службеници го лишиле од слобода возачот Н.О., а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhe6nbcbadfdt7FXuIA0

„Емшири“ во Велгошти е жив сведок на традицијата и заедништвото

Традицијата не е само спомен од минатото, туку жив дух што се негува и се пренесува од генерација на генерација, порача претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, по повод одбележувањето на Велики Поклади – Прочка.Тој истакна дека маскенбалот „Емшири“ во Велгошти претставува симбол на заедништво, духовно прочистување и почит кон вековните обичаи поврзани со овој голем христијански празник. Според него, Прочка е ден кога луѓето си простуваат и ги отвораат срцата за помирување, љубов и нов почеток.Божиновски нагласи дека ваквите манифестации имаат посебно значење, бидејќи го одржуваат живиот дух на традицијата и ги потсетуваат граѓаните на вредностите што ја обликуваат заедницата. Тој повика духот на Прочка да биде потсетник дека најголемата сила лежи во човечноста и во способноста искрено да се изговори „Прости ми“ и „Простено ти е“.

Охрид | пред 3 седмици

media-libraryqui7353vvrag0rQg35p

Политичарите на Прочка - кој бара прошка, кој простува, а кој не простува: Доста ми е од лицемерие и користољубие

Православните верници денеска ја одбележуваат Прочка – Велики поклади, ден на меѓусебно простување пред почетокот на Велигденскиот пост. Празникот традиционално е поврзан со зборовите „прости ми“ и „простено ти е“, но годинава политичарите му дадоа и личен и политички тон.Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски порача: „Денес е Прочка, небото и простува на земјата, човекот му простува на човекот. Простено нека е!“Претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева, објави поинаков став. Таа напиша дека на одредени луѓе нема да им прости, наведувајќи дека не ѝ дале поддршка во период кога одела на тешка операција. „Доста ми е од лицемерие и користољубие“, напиша Грчева, додавајќи дека на останатите им посакува здравје и среќа.Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, побара прошка од граѓаните: „Од срце барам прошка, ако со збор или дело сум Ви погрешил. Човечки е да се згреши, но христијански е да се прости.“Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, во својата објава истакна дека проштевањето е знак на духовна зрелост и сила, а не слабост, нагласувајќи дека општеството станува посилно кога луѓето се подготвени да се слушнат и разберат.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека големината на човекот е во простувањето и дека солидарноста и меѓусебното почитување се темел на зрело и праведно општество.Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, повика на искрено преиспитување и смирение, додека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, истакна дека простувањето е темел на верата и повика на повеќе почит и сплотеност.Слична порака упати и градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, кој ги повика сограѓаните да простуваат „без гордост и без пресметки“.Додека дел од политичарите избраа универзални пораки за помирување и духовна чистота, други го искористија денот за лична исповед или јавно дистанцирање. Прочка, барем на социјалните мрежи, повторно стана огледало и на личните и на политичките позиции.

Македонија | пред 3 седмици

793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Тензија во ЕУ поради транзитот на нафта кон Унгарија и Словачка: Сијарто се закани со блокада ако Киев не го обнови транзитот

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го засили притисокот врз Украина поради транзитот на нафта кон Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, заканувајќи се со блокада на одлуки важни за Киев во рамки на Европската Унија.Во две објави на платформата „Икс“, Сијарто порача дека решението е „едноставно“ и дека Украина треба да ги обнови испораките.„Едноставно и лесно е. Наместо да се мешате во нашите избори, повторно покренете ги испораките на нафта кон Унгарија и Словачка. И едните и другите знаеме дека нема техничка пречка“, напиша Сијарто.Во втората објава тој најави дека Унгарија ќе го блокира усвојувањето на 20-тиот пакет санкции против Русија на Советот за надворешни работи на ЕУ.„Додека Украина не го обнови транзитот на нафта кон Унгарија и Словачка преку ‘Дружба’, нема да дозволиме одлуки важни за Киев да одат понатаму“, порача Сијарто.Реакцијата доаѓа откако украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека не прифаќа ултиматуми и дека работи на стабилизација на енергетскиот систем под постојани руски напади. Киев тврди дека на Будимпешта и Братислава им предложил алтернативни начини за снабдување со нафта што не е од руско потекло.Новата ескалација околу транзитот на нафта дополнително ги усложнува односите во ЕУ во момент кога Унијата разгледува нови санкции кон Москва и продолжување на поддршката за Украина.

Свет | пред 3 седмици

media-librarypjjkf95983336dxFWbH

Врховниот лидер ја пренасочува моќта: Иран се подготвува за војна и наследување

Соочен со масовни протести и закани од американска воена интервенција, врховниот лидер на Иран Али Хаменеј управувањето со државата му го доверил на својот долгогодишен соработник Али Лариџани, кој во изминатите месеци значително го проширил своето влијание.Лариџани, 67-годишен политички ветеран, поранешен командант на Револуционерната гарда и актуелен челник на Врховниот совет за национална безбедност, ефективно ја координира безбедносната и надворешната политика на земјата. Неговиот подем, според ирански извори, довел до маргинализација на претседателот Масуд Пезешкијан, кој во јавноста и натаму се претставува како „лекар, а не политичар“.Според повеќе високи ирански функционери, Лариџани бил задолжен за справување со неодамнешните протести, а сега ги координира односите со Русија и регионалните актери како Катар и Оман, како и нуклеарните преговори со Вашингтон. Паралелно, се подготвуваат планови за управување со државата во случај на војна со САД.Извори блиски до власта наведуваат дека Хаменеј издал директиви за создавање повеќеслоен систем на наследување, со именување заменици на клучните позиции и пренесување дел од овластувањата на тесен круг доверливи соработници, во случај комуникацијата со него да биде прекината или да биде убиен.Во најтесниот круг околу врховниот лидер, покрај Лариџани, се и високи воени и политички функционери, меѓу кои и актуелниот претседател на парламентот и поранешни команданти на Револуционерната гарда.Иран, според тврдењата на повеќе извори, ги ставил вооружените сили во највисока состојба на готовност. Поставени се ракетни системи долж западната граница со Ирак и долж јужниот брег во Персискиот Залив, а во последните недели биле спроведени тестирања на ракети и воени вежби, вклучително и краткотрајно затворање на Ормускиот Теснец.Покрај воените подготовки, се разгледуваат и политички сценарија за опстанок на режимот во случај на елиминација на врвното раководство. Според дел од изворите, Лариџани се споменува како потенцијална клучна фигура во такво сценарио, заедно со други високи функционери.Аналитичари оценуваат дека Хаменеј се обидува да го заштити системот што го градел со децении, распределувајќи ја моќта и подготвувајќи ја државата за можен воен судир и сложен процес на наследување.Во меѓувреме, иако дипломатските контакти со САД продолжуваат, иранското раководство, според изворите, смета дека воената ескалација останува реална можност.

Свет | пред 3 седмици

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за Адамовиќ е од амбасадорот именуван од СДС

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на СДСМ во врска со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Република Северна Македонија во Србија, тврдејќи дека предлогот потекнува од амбасадорот во Белград.Од партијата наведуваат дека амбасадорот на Македонија во Србија, кој го предложил Адамовиќ, бил именуван уште во времето на владата на СДСМ и ДУИ.„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата порачаа дека СДСМ треба да разбере дека е опозиција во Македонија и дека не сакаат да се вклучуваат во, како што наведуваат, дневно-политички настани во соседна Србија.Во реакцијата се истакнува и дека споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за почесен конзул.Од СДСМ претходно отворија прашања околу изборот на Адамовиќ и побараа одговори од Владата.

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Осум пијани возачи исклучени од сообраќај, едно лице приведено за безобѕирно возење, малолетник од Тетово удрил во електричен ормар

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово во ноќта меѓу 21 и 22 февруари 2026 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот.При контролата биле изречени вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Осум возачи биле санкционирани и исклучени од сообраќај поради управување моторно возило под дејство на алкохол. Едно лице е лишено од слобода за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383.Дополнително, седум возачи биле санкционирани за други сообраќајни прекршоци. За сите сторители се изготвени соодветни поднесоци.Во истиот период, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 18 лица. Седум од нив управувале возило без возачка дозвола, седум под дејство на алкохол, две лица управувале возило по истек на важноста на регистрацијата и без возачка дозвола, едно лице било затекнато без возачка дозвола и под дејство на алкохол, а едно лице возело со брзина поголема од дозволената.Меѓу приведените се возачи од Скопје, Велес, Кавадарци и малолетник од Тетово, кој со голема брзина удрил во електричен ормар на ЕВН и се обидел да ги прегази полициските службеници.Возачи од Свети Николе, Кочани, Прилеп, Куманово, Богданци, Охрид и Скопје управувале возило под дејство на алкохол, додека возач од Република Србија бил затекнат како управува со брзина од 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час.Возачи од Гостивар и Скопје управувале возила без возачка дозвола и со истечена регистрација, додека возач од Македонски Брод, кој управувал без возачка дозвола, бил и под дејство на алкохол.Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Од МВР информираат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Управувањето возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола, посочуваат од полицијата, претставува сериозна закана за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања