Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

belata-kuka

Повратот на пари од укинатите царини може да трае со години, вели министерот за финансии на САД

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека прашањето за поврат на средствата по укинувањето на дел од царините од страна на Врховен суд на САД може да се решава „со недели, месеци, па и години“.Говорејќи на настан во Далас, Бесент посочи дека приходите прибрани врз основа на царините што судот ги поништи сега се „спорни“, бидејќи Врховниот суд не дал конкретни насоки за нивно враќање. Според него, за тоа ќе одлучува Меѓународниот трговски суд, а додаде и дека поранешниот претседател Доналд Трамп претходно изјавил оти очекува прашањето да заврши во судска постапка.„Проценувам дека ова може да се одолжи со недели, месеци, па и години“, рече Бесент, додавајќи дека смета оти американските граѓани можеби нема да ги видат назад тие средства.Тој и други претставници на администрацијата потврдија дека ќе продолжат со воведување царини користејќи други законски одредби. Станува збор за механизми што дозволуваат воведување царини врз увоз кој се смета за закана по националната безбедност, како и реципрочни мерки кон трговски партнери за кои САД оценуваат дека применуваат нефер трговски практики.Министерството за финансии проценува дека, и покрај судската одлука, примената на нови и прилагодени царини врз основа на одредбите 122, 232 и 301 ќе резултира со речиси непроменети приходи од царини во 2026 година.

Свет | пред 1 месец

media-library0macachlreevcFQIboH

Сообраќајка кај првиот тунел Скопје–Велес, сообраќајот се одвива отежнато

Сообраќајна несреќа се случи кај првиот тунел на автопатот од Скопје кон Велес.Според информации од очевидци, на местото има оштетено патничко возило, а полициски екипи го обезбедуваат теренот. Засега нема официјални податоци дали во несреќата има повредени лица.Сообраќајот во овој дел се одвива забавено, а на возачите им се препорачува зголемена внимателност и прилагодување на брзината кон условите на патот.Повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

Ќе има промена на министрите во Владата најдоцна до јуни

Реконструкцијата на Владата се очекува да заврши најдоцна до јуни, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека веќе има изграден став, но дека ќе следуваат разговори со коалициските партнери пред да се финализира процесот.„Во мај или најдоцна до јуни би требало да се заокружи тој процес“, изјави премиерот, додавајќи дека одлуките ќе бидат донесени по консултации во рамки на владејачката коалиција.Осврнувајќи се на можноста за предвремени парламентарни избори, Мицкоски повтори дека такво сценарио нема да има. Според него, сите релевантни мерења покажуваат дека граѓаните не даваат предност на избори пред истекот на мандатот.„Сè додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има“, истакна премиерот, нагласувајќи дека приоритет се државата и реформските процеси.Тој потсети дека земјата веќе се приближува кон редовниот изборен циклус, што значи дека техничка влада би се формирала кон крајот на 2027 или почетокот на 2028 година, и оцени дека отворањето прашање за избори во овој период претставува политиканство.

Македонија | пред 1 месец

evra-falsifikat

По пресудата за царините, бизнисите бараат поврат на милионски износи

Директорот на компанијата за едукативни играчки „Лернинг Рисорсис“, Рик Волденберг, чија фирма беше една од странките во постапката пред Врховен суд на САД, изјави дека очекува владата да ги врати средствата наплатени врз основа на незаконските царини.Во изјава за Си-Ен-Ен, Волденберг рече дека по одлуката на судот се чувствува како правдата да е задоволена и отфрли дека повратот на средствата би претставувал преголем товар за државата. Тој го спореди процесот со поврат на данок.„Тие точно знаат што ни зеле, кога, зошто и колку. Можат едноставно да го активираат обратниот процес и да ни ги вратат парите. Тоа се наши пари. Противзаконски ни беа одземени. Мора да ги вратат“, изјави Волденберг.Тој посочи дека неговата компанија во текот на 2025 година платила повеќе од 10 милиони долари царини врз основа на Законот за меѓународни вонредни економски овластувања. Според него, одлуката за покренување тужба не била политичка, туку насочена кон заштита на вработените и семејниот бизнис.

Свет | пред 1 месец

apasiev-sobranie

Апасиев: Универзитетските „дебати“ за новиот закон се фарса

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, остро реагираше на јавните дебати што министерката за образование ги организира низ универзитетските кампуси по повод новиот Закон за високо образование.Апасиев оценува дека станува збор за, како што наведе, „амортизација на гневот“ од законот, кој го нарече налудничав, тврдејќи дека дебатите се селективни и однапред режирани. Според него, на средбите биле поканети само редовни професори, додека вонредните професори, доцентите, асистентите, демонстраторите и студентите биле изоставени.Тој тврди дека токму тие категории ќе бидат најпогодени од законските измени и дека со нивното маргинализирање се отвора простор за партиско влијание и кадровски решенија што, според него, не се засноваат на академски квалитет.Во објавата, Апасиев се повика и на претходни академски иницијативи, посочувајќи дека во минатото бил формиран Професорски пленум како реакција на слични политики, и алудираше дека денес недостига организиран отпор од академската заедница.Од Министерството за образование засега нема реакција на наводите изнесени од Апасиев.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

Американскиот министер за финансии: Судот нема да ги запре царините на Трамп

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека судската пресуда нема да ја запре царинската стратегија на претседателот Доналд Трамп и дека администрацијата веднаш ќе се префрли на други достапни овластувања.Во објава на социјалната мрежа Икс, Бесент порача дека Трамп „секогаш ќе ја става на прво место националната безбедност на Америка и американските граѓани“, додавајќи дека претседателот располага со повеќе правни инструменти.„Да бидеме јасни: Судот не пресуди против царините на оваа администрација. Само утврди дека Законот за меѓународни вонредни економски овластувања не може да се користи за прибирање приходи“, нагласи Бесент.Изјавата следува по одлуката на Врховниот суд со која беше утврдено дека претседателот ги надминал своите овластувања кога се повикал на овој закон за воведување сеопфатни царини. Администрацијата најавува дека ќе продолжи со спроведување на царинските мерки врз основа на други законски механизми.

Свет | пред 1 месец

Нема фотографија

Трамп: Не планираме враќање на средствата од царините

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација не планира да враќа средства наплатени врз основа на царините што беа поништени од Врховниот суд, најавувајќи дека прашањето ќе заврши во долготрајни судски постапки.По пресудата со која судот утврди дека еднострано воведените царини биле незаконски, во фокусот се најде можниот поврат на средствата што американските увозници ги плаќале во изминатата година. Тие би можеле да побараат враќање на парите од Американската царинска и гранична служба.Според проценка на економистите од моделот Пен-Вортон за буџетска анализа, потенцијалниот трошок за федералната влада би можел да достигне околу 175 милијарди долари.Еден од судиите, Брет Кавано, кој беше во малцинство при донесувањето на одлуката, наведе дека Соединетите Американски Држави можеби ќе треба да вратат милијарди долари на увозниците што ги платиле царините, иако дел од нив можеби веќе ги префрлиле трошоците врз потрошувачите.Во јавноста се оценува дека процесот на евентуален поврат на средствата би можел да предизвика правен и административен хаос. Запрашан дали администрацијата ќе ги почитува можните обврски за враќање на парите, Трамп изјави дека очекува споровите да траат со години и ја оцени судската одлука како „страшна“ и „целосно погрешна“.Тој додаде дека прашањето не е дополнително разгледувано и дека, според него, целата тема ќе се решава пред судовите во наредните години.

Свет | пред 1 месец

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп пресудата ја нарече „срамна“, најави извршна уредба за нови глобални царини

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди дека претседателот Доналд Трамп го прекршил федералниот закон кога еднострано вовел сеопфатни царини на глобално ниво, оценувајќи дека за таков потег немал соодветно законско овластување.Одлуката претставува тежок удар за Белата куќа во прашање кое е клучно за надворешната и економската политика на претседателот. Според американските медиуми, станува збор за една од најзначајните пресуди против втората администрација на Трамп.На прес-конференција, Трамп ја нарече одлуката „срамна“ и најави дека ќе воведе нови глобални царини од 10 отсто преку друга извршна уредба, за која, како што тврди, не е потребна согласност од Врховниот суд.Поништените „реципрочни царини“ биле воведени повикувајќи се на Законот за меѓународни вонредни економски овластувања од 1977 година, кој му дозволува на претседателот да замрзнува имот и да блокира трансакции во услови на вонредна состојба, но во него не се споменуваат царини како инструмент.Трамп изјави дека ќе продолжи да ја спроведува својата економска агенда, додавајќи дека постојат „методи, практики, закони и овластувања“ кои, според него, се „дури и посилни“ од механизмите на кои се повикал претходно.Новата глобална царина од 10 отсто би се вовела врз основа на федерален закон што дозволува вакви мерки во ограничен рок од 150 дена. Доколку Конгресот го поддржи планот, мерката би можела да биде продолжена со законска процедура.

Свет | пред 1 месец

media-librarypgn984m5jp366Po1fyE

(Видео) Драма на средба со граѓани: Вучиќ натера жена на болно дете да му признае дека не му е биолошка мајка

Видео од посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Бор предизвика бурни реакции во јавноста, откако една жена, по негово инсистирање, пред своето болно дете откри дека не му е биолошка мајка.Настанот се случил за време на разговор со граѓани, кога Гордана Кариќ, корисничка на социјална помош, побарала збор за да укаже на, како што навела, деветмесечен застој во исплатата на надомест за своето болно дете, кое има срцеви проблеми и повеќе операции.Наместо директен одговор за причините за прекинот на исплатата, претседателот, според објавените видеа и медиумски извештаи, упатил прашања поврзани со проверките на имотната состојба од страна на Центарот за социјална работа, алудирајќи дека можеби постои законска пречка.Жената одговорила дека нема имот освен куќата во која живеат и нагласила дека не може да зборува за одредени детали пред детето. И покрај тоа, по натамошно инсистирање, таа низ солзи изјавила дека не може да го посвои детето, бидејќи е негова тетка, а биолошката мајка починала пред 13 години.„Не сакав да дознае на ваков начин дека не сум му мајка“, рекла таа пред присутните, додека детето седело до неа.По откривањето на семејната тајна, претседателот изјавил дека процедурите се сложени, но дека ќе се вложат напори случајот да се реши и дека ќе добие одговор во наредните денови, додавајќи дека таа, како што рекол, „секако му е мајка затоа што се грижи за него“.Сцената предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и во медиумите во Србија, со различни толкувања за начинот на кој бил воден разговорот и за јавната експозиција на приватна семејна информација.

Свет | пред 1 месец

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Сведоштвото на 85-годишната Росанка од селото Челопек за „Сител“ ја открива драмата што ја преживеала кога во нејзиниот дом упаднал насилникот кој се сомничи за убиството на нејзина сосетка. Додека полицијата и обвинителството истражуваат дали во регионот дејствува серија напади врз стари и немоќни жени, таа пред камерата на телевизија Сител го опиша кошмарот што, како што вели, ѝ го променил животот.Во мирното село, на околу 500 метри од главниот пат, се наоѓа домот на Росанка, која успеала да го преживее нападот и да сведочи за случувањата. Нападот се случил минатиот понеделник околу 14 часот, кога, според нејзините зборови, непознато лице влегло во куќата и без да каже збор почнало да ја напаѓа.„Ми фрли ќебе преку глава. Викам – кој е овој? Не збори ништо, само почна да ме удира. Прво ме фати за гуша, силно, за да не можам да викам“, раскажува Росанка, покажувајќи ги повредите на лицето.И покрај возраста, таа се обидела да се одбрани додека напаѓачот ја пребарувал по телото и низ собата, најверојатно во потрага по пари. Во еден момент, според нејзиното сведоштво, се обидел и сексуално да ја нападне, по што избегал.„Дојдов малку до здив и си велам – Боже, која е оваа будала? 85 години имам… што сака од мене?“, вели таа.Нападот врз Росанка се случил неколку дена пред во селото да биде пронајдено телото на 78-годишна жена, за чие убиство е приведен 25-годишен жител од соседното село Драгоманце. Локалното население стравува дека станува збор за поврзани случаи и дека само случајност и нејзината борбеност ја спасиле Росанка од фатален исход.Обвинителството и полицијата работат на утврдување дали овие настани се дел од серија напади врз стари жени во кумановскиот регион. Истрагата е во тек.

Настани | пред 1 месец

media-libraryg6fhsunk6c2seDifg3w

Сиљановска-Давкова: Европа нема да биде безбедна без Западен Балкан во ЕУ

Европа не може да биде целосно безбедна сѐ додека Западен Балкан останува надвор од Европската Унија, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворање на Меѓународната конференција на Паневропска унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости.Таа оцени дека без поцврста и поодлучна Европска Унија, Балканот останува простор во кој надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, во услови на војни, геополитички тензии и хибридни закани. Говорејќи меѓу мозаиците на Глигор Чемерски, претседателката истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е суштински дел од европската целина.Во обраќањето таа се повика на визијата на Рихард Куденхоф-Калерги за обединета Европа изградена врз вредности, како и на заложбите на Ото фон Хабсбург за интеграција на народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.Сиљановска-Давкова посочи дека земјата и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси се соочува со нови политички бариери и продолжена неизвесност на европскиот пат. Таа нагласи дека на граѓаните не им се потребни сожалувања и задоцнети извинувања, туку навремени решенија за деблокада на евроинтеграцијата.Претседателката повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување на Унијата.На конференцијата се обратија и претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор Мартин Памер и претставникот на Паневропската унија на Австрија и Институтот на регионите на Европа, Штефан Хабек.Паневропската унија на Македонија е формирана во 1993 година и се залага за промоција на европските вредности и за меѓународно лобирање за интеграција на државата во Европската Унија.

Македонија | пред 1 месец

media-library0u5e0tvp3lac8BjyYZs

Дејан Давидовски-Дешо кој беше во бегство е ослободен за „27 април“

Обвинетиот Дејан Давидовски-Дешо, кој се бараше за настаните од „27 април“, е ослободен од обвинение откако Основниот кривичен суд Скопје донел одбивателна пресуда со примена на Законот за амнестија, дознава „Скопје1“. Потврдата за одлуката е добиена од Кривичниот суд.Давидовски седум години беше во бегство, а во август минатата година ѝ се предаде на полицијата. Во април 2019 година беше уапсен во Шведска, но шведските власти тогаш го одбија барањето за негова екстрадиција во Македонија.Тој беше гонет за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, поврзано со случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Со примената на Законот за амнестија, судот ја отфрлил обвинителната постапка против него.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Tежок пораз за Белата куќа: Трамп незаконски вовел глобални царини

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди дека претседателот Доналд Трамп го прекршил федералниот закон кога еднострано вовел широки царини на глобално ниво, оценувајќи дека ги надминал своите уставни овластувања.Одлуката претставува значаен удар за Белата куќа по прашање кое е клучно за надворешната и економската политика на претседателот. Според американските медиуми, станува збор за најсериозниот пораз што втората администрација на Трамп го претрпе пред највисоката судска инстанца.Мнозинското мислење, поддржано од шест од деветте судии, го напиша главниот судија Џон Робертс. Во образложението се наведува дека претседателот презел „вонредна моќ“ еднострано да воведува царини со неограничен износ, времетраење и обем, без јасно конгресно овластување.Судот заклучи дека повиканото вонредно овластување не е доволно за ваков обем на мерки и дека за нив е потребна експлицитна согласност од Конгресот.Одлуката доаѓа по серија претходни случаи во кои Врховниот суд застана на страната на претседателот, вклучително и во прашања поврзани со имиграцијата, раководењето со независни агенции и намалувањето на федералните трошоци.

Свет | пред 1 месец

media-libraryti58g8i38u11dj9NnjX

Жерновски ќе бара правда преку Судскиот совет, оти смета дека портпаролката Митева знае испох од постапка која е во тек

Членот на Централниот комитет на СДСМ, Андреј Жерновски, соопшти дека поднесува претставка до Судскиот совет поради, како што наведе, јавно изнесени информации од страна на портпаролката на Владата во врска со судска постапка што сè уште е во тек.„Портпаролот на Владата, г-ѓа Митева, јавно соопшти „исход“ од судска постапка која сè уште е во тек. Признавањето како истата поседува информации дека „жалбата против претседателката е одбиена како неоснована“ е крајно сериозно и скандалозно, бидејќи второстепена одлука (од Виш управен суд) сѐ уште не е донесена. Понатаму, преку соопштение, во нов обид да манипулира со јавноста, повторно изнесе податоци поврзани со исходот од сѐ уште незавршената судска постапка, со што направи долнителен прекршок.Она што е уште поскандалозно е фактот дека конкретната судска постапка воопшто и не се води против Владата, туку против Претседателот на државата. Прашањето е едноставно: Како портпарол на Владата располага со информации за тековен судски процес во кој не се јавува како странка во постапката? Како истата располага со информации дека воопшто е донесена првостепена одлука, дека има жалба и дека истата е неоснована, во услови кога воопшто не е донесена второстепена одлука? Ова не се „гласини кои кружат во јавноста“. Тоа може да биде единствено информација добиена директно од самиот суд. Со ова само се потврдува влијанието и недозволивото мешање на извршната во судската власт, спротивно на уставните принципи на владеење на правото и поделба на власта. Поради сериозноста на ситуацијата, поднесувам претставка до Судскиот совет. Политичка и судска одговорност за овој скандал мора да има. И ќе има!“, напиша Жерновски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynidbne316col7h3fcSO

(Фото) Лица од тетовско се заканиле со масовни убиства преку „Дискорд“, инспирацијa биле убиствата во училиште во САД

Две лица се лишени од слобода по полициска акција во тетовско, откако дваесетгодишник преку социјалната апликација „Дискорд“ испратил закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје.Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против К.Х. (20) од Мала Речица за кривично дело „тероризам“ по член 394-б став 2 од Кривичниот законик. Дополнително, до Основното јавно обвинителство Тетово е поднесена пријава против 89-годишник за кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ.Според информациите, осомничениот на крајот на јануари преку „Дискорд“ испратил сериозна закана дека ќе изврши напад со автоматска пушка АК-47, при што навел дека има нарушено психичко здравје. Како инспирација го споменал нападот од 14 декември 2012 година во училиште во САД, кога беа убиени 26 лица, меѓу кои и 20 деца.По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје, дека Федералното биро за истраги побарало итно откривање на профилот од кој се испратени заканите, Министерството за внатрешни работи во координација со обвинителството презело мерки за идентификација на сторителот.На 17 февруари 2026 година, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, со асистенција на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, извршиле претреси во дом и други простории во Мала Речица.При претресите биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје и муниција, меѓу кои автоматска пушка АК-47 со две рамки и 40 куршуми калибар 7,62х39 мм, пиштол „М57“ со две рамки и 49 куршуми, пиштол „Чероки“ со две рамки и повеќе од 600 куршуми калибар 9 мм, тактички и борбени елеци, ножеви со различна должина на сечиво, како и електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење.Против дваесетгодишникот е поднесена кривична пријава за тероризам, додека против второто лице пријава за недозволено поседување и тргување со оружје. Истрагата продолжува под надзор на надлежните обвинителства.

Македонија | пред 1 месец

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

СДСМ со иронично „извинување“ до Орце Ѓорѓиевски за тендерите

СДСМ со иронична реакција упати „извинување“ до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откако тој ги демантираше дека чантата на неговата сопруга чини илјадници евра.„Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, Пирамид билдинг и Ленди груп.За два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник.20 милиони денари е тендерот за Пирамид Билдинг со склучен договор на 05.12.2026 година.76 милиони денари е тендерот за Ленди Груп со склучен договор од 28.01.2026 година.Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56те тендери на Пирамид билдинг, каде е татко му на шефот на Кабинет на Мицкоски, Нелоски?Или да се извинуваме и 74-те тендери на Ленди груп вредни 17.5 милиони евра?Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе?А што се однесува до чантата, следниот пат кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, очигледна е.Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjj4r1bn6h45ieFGqLj5

Од Дубаи екстрадиран Флорим Лимани, прва екстрадиција од ОАЕ во Македонија

Лице барано со меѓународна потерница е екстрадирано од Дубаи во Македонија, во прва реализирана екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во земјава.Според информациите од Министерство за внатрешни работи, станува збор за Флорим Лимани (33), кој бил баран за издржување затворска казна во траење од три години и шест месеци за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот законик.Екстрадицијата е реализирана денеска, а надлежните посочуваат дека станува збор за прв случај во кој лице барано од македонските органи е предадено од Обединетите Арапски Емирати врз основа на меѓународна потерница.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykm5s76u12kb66ezDY6y

Детали од МВР: Ексхумација и ДНК-вештачења во истрага за серија убиства во кумановско

СВР Куманово поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Куманово против Т.Б. (25) од Куманово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.Според пријавата, во периодот од 27 јануари до 12 февруари 2026 година, во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, осомничениот со умисла на свиреп и подмолен начин лишил од живот жена родена во 1947 година. Ја искористил околноста што таа живеела сама, била стара и немоќна, па додека спиела во својот дом физички ја нападнал и ѝ нанел повеќе тешки телесни повреди од кои починала.Со координирани активности на СВР Куманово, Одделот за криминалистичка полиција, обвинителството и екипи од Институт за судска медицина обезбедени се докази што укажуваат на можна поврзаност на овој настан со други слични случаи во кумановскиот регион.Поради сличностите во изборот на жртвите и начинот на извршување, се испитува дали станува збор за убиства извршени од ист сторител. За една од потенцијалните жртви е наредена ексхумација и обдукција, при што се подигнати траги и ДНК-материјал за вештачење.Осомничениот е лишен од слобода и му е одредена мерка притвор. Наредено е и психијатриско вештачење од тим форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје. Истрагата е во тек, а дел од доказните дејствија засега не се соопштуваат поради тајноста на постапката.

Македонија | пред 1 месец

policiska-lenta

Постојат сомнежи дека 25-годишник извршил повеќе убиства: се продлабочува истрагата по убиството на жената во Челопек

Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишно лице осомничено за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.Според наводите, во периодот од 27 јануари до 12 февруари 2026 година, во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, осомничениот со умисла на свиреп и подмолен начин лишил од живот жена родена во 1947 година. Тој ја искористил околноста што жртвата живеела сама, била стара и немоќна. Кога влегол во куќата, таа спиела, по што физички ја нападнал и ѝ нанел повеќе тешки телесни повреди, од кои починала.Со координирани дејствија на обвинителството, Министерството за внатрешни работи и екипи од Институт за судска медицина обезбедени се докази што укажуваат на можна поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во кумановскиот регион.„Заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител. За една од потенцијалните жртви вчера беше наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена се подигнати траги и ДНК кои се вештачат. Истражните органи работат на сложени вештачења и анализи, како и други дејствија за обезбедување докази, кои во моментов не можат да бидат споделени со јавноста поради тајноста на постапката“, велат од Обвинителството.Осомничениот е лишен од слобода и му е определена мерка притвор. Наредено е и психијатриско вештачење од тим форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје. Истрагата е во тек, а дел од доказните дејствија засега не се соопштуваат поради тајноста на постапката.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Украина предупредува: Пјонгјанг учи модерно хибридно војување од руската војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во моментов околу 10.000 севернокорејски војници се наоѓаат на територијата на Русија, оценувајќи го тоа како „екстремно опасен“ развој на настаните.Во интервју за јапонската новинска агенција Кјодо Њуз, Зеленски посочи дека станува збор за војници кои стекнуваат искуство во современо војување преку руските операции против Украина. Според него, тие учат како да се бранат од проектили и различни видови беспилотни летала, вклучително и ФПВ-дронови и дронови со оптички влакна.Тој предупреди дека стекнатото знаење најмалку ќе биде пренесено назад во Северна Кореја, што претставува долгорочен безбедносен ризик.Изјавата доаѓа во време кога западните разузнавачки служби укажуваат на продлабочена воена соработка меѓу Москва и Пјонгјанг, вклучително и испораки на оружје и муниција.Во однос на мировните преговори, Зеленски нагласи дека Украина е подготвена на „вистински компромиси“, но не по цена на независноста и суверенитетот.„Подготвени сме да разговараме за компромиси со Соединетите Американски Држави, но не и да прифаќаме руски ултиматуми“, изјави тој, додавајќи дека самото разговарање со, како што рече, агресорот претставува значаен компромис.Тој оцени дека руската позиција не нуди компромис, туку ултиматум, посочувајќи дека Украина е подготвена да разговара за запирање на воените дејствија врз основа на сегашните линии на фронтот, и покрај тоа што, како што рече, Русија окупира речиси 20 отсто од украинската територија.Во интервјуто, Зеленски се осврна и на односите со Јапонија, нагласувајќи дека потенцијалната одбранбена соработка меѓу двете земји би можела да биде „историска“. Тој посочи дека Јапонија располага со технологии и системи за противвоздушна одбрана способни да одговорат на балистички закани, додека Украина може да понуди знаење од областа на поморските дронови, кибер-безбедноста и управувањето со критична инфраструктура во услови на војна.Зеленски упати покана до јапонската премиерка да ја посети Украина, истакнувајќи дека е подготвен и за возвратна посета на Јапонија со цел продлабочување на билатералната соработка.

Свет | пред 1 месец

media-library0mqu9voku8bq8ihODBh

Опозицијата со споредба: Хрватска, Словенија и Црна Гора имаат постари владини авиони

СДСМ реагираше на изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со староста на владиниот авион, наведувајќи дека леталото не е најстаро во регионот и дека споредбите покажуваат поинаква слика.Од партијата посочуваат дека македонскиот владин авион е стар околу 20 години, додека владиниот авион на Хрватска е стар 27 години, словенечкиот 23 години, а црногорскиот исто така 27 години. Сите овие земји, наведуваат од СДСМ, редовно ги користат своите летала за службени патувања.Во реакцијата се наведува и пример од Соединетите Американски Држави, каде што, според достапни податоци, просечната старост на флотата на „Јунајтед ерлајнс“ изнесува 15,4 години, при што дел од авионите се стари и до 35 години и секојдневно извршуваат комерцијални летови.СДСМ оценува дека отворањето на темата за набавка на нов и поголем авион е несоодветно во услови кога, според нив, минималната плата во земјата е меѓу најниските во регионот и Европа. Според партијата, фокусот треба да биде ставен на економската состојба на граѓаните, а не на прашања поврзани со луксуз и комфор на функционерите.

Свет | пред 1 месец

media-library8ge20cac0os82xj8TN2

Принцезата Ана во посета на затвор, без изјави по апсењето на Ендру

Членовите на британското кралско семејство денеска продолжија со своите јавни обврски, само неколку часа по апсењето на Ендру Маунтбатен-Виндзор. Неговата сестра, Anne, Princess Royal, ја посети казнено-поправната установа ХМП Лидс во Западен Јоркшир, без да дава изјави за медиумите.Седумдесет и петгодишната принцеза ја реализираше претходно планираната посета на затворот, додека кралот и кралицата на одвоени настани се соочија со прашања поврзани со Ендру Маунтбатен-Виндзор, на кои не одговорија.Два автомобила, од кои едниот наводно ја превезувал принцезата, пристигнале во затворот со полициска придружба околу 14:30 часот. Од кралската палата засега нема официјален коментар во врска со најновите случувања.

Свет | пред 1 месец

siljanovska-davkova-1

СДСМ: Наместо за авиони, Сиљановска да зборува за најниските плати во Европа

СДСМ со реакција ја критикуваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по нејзините изјави во врска со користењето на владиниот авион, оценувајќи дека наместо за летала, треба да се зборува за економската состојба на граѓаните.Од СДСМ наведуваат дека претседателката досега најмногу го користела владиниот авион и дека не соопштува колку тоа ги чини граѓаните. Според партијата, наместо да се отвора прашањето за набавка на поголем или поудобен авион, фокусот треба да биде ставен на ниските плати, поскапувањата и животниот стандард.Опозициската партија тврди дека минималната плата во државата е најниска во регионот и меѓу најниските во Европа, посочувајќи дека предлогот за минимална плата од 600 евра не наидува на поддршка од власта. Во реакцијата се наведува и дека летовите со владиниот авион можат да чинат и до 40 илјади евра, што, според СДСМ, е значително повеќе од комерцијален лет во економска класа.СДСМ поставува и прашање дали претседателката разговарала со своите колеги од регионот за економската состојба на македонските работници и нивниот животен стандард. Според партијата, во јавноста се отвораат теми за луксуз и авиони, додека прашањата за платите и социјалната сигурност остануваат во втор план.Од СДСМ порачуваат дека приоритет треба да бидат граѓаните и нивниот стандард, а не, како што наведуваат, луксузот на функционерите.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Десет лица под истрага за марихуаната запленета во Србија

Десет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава во врска со марихуаната што беше запленета во Србија, од кои двајца веќе се наоѓаат во притвор.Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, при што постојат основани сомненија дека осомничените лица се директно или индиректно поврзани со производство и транспорт на дрога.Според информациите, истрагата утврдила поврзаност на пријавените со транспортот на дрогата што беше запленета на територијата на Србија, а постапката продолжува во координација со надлежното обвинителство.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Кривична пријава за уште еден поранешен градоначалник

Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против С.Н. (29) од Росоман, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.Според информациите, во периодот од август 2024 до септември 2025 година, пријавениот, во својство на градоначалник на Општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување, при што од буџетот на општината биле противправно прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари.Средствата, според пријавата, биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н., со што, како што се наведува, била предизвикана штета на општинскиот буџет.Предметот е во постапка пред надлежното обвинителство.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања