Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

271837595_519305872857905_3533568932593628447_n

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и температура до 27 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд.Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Управата за хидрометеоролошки работи информира дека минималната температура ќе биде од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува засилен северен ветер. Потоа доаѓа стабилизирање на времето и топло со пораст на дневните температури, особено од недела.

Македонија | пред 8 месеци

slika-ubistva

Девет жртви, освети и грешни мети: еден од убиените во Скопје бил ликвидиран и поради осуденици во „Смилковско Езеро“

Деветте жртви на групата „Беланоца-Барон“ и втората неименувана група биле ликвидирани од различни побуди, откри Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на брифинг со новинарите. Меѓу ликвидираните, има и недолжни граѓани кои не биле таргет, но настрадале. За една ликвидација, причината била сомнеж дека убиениот дал информации на институциите за обвинети во случајот „Смилковско Езеро“.„Мотивот на организаторот на ликвидацијата е дека починатиот ги предал на институциите две од лицата за Смилковско Езеро, од кои едниот е осуден, а друг е во Косово. Организаторот сметал дека убиениот дал информации на безбедносни структури. Дали се дадени информациите – не можеме да кажеме. Сега организаторот е во затвор“, рече тимот на Обвинителството за организиран криминал и корпуција за едно од убиствата.Друг мотив за убиства биле поради елиминација, односно омраза поради претходно пукање каде не бил убиен само таргетот, туку и негов сопатник, а се случило во Топанско поле. Една жртва е убиена и само поради тоа што кажал пцовки кон фамилијата на организаторот на ликвидацијата. Докази се обезбедени и за уште едно извршено убиство, каде нарачателот сметал дека убиениот учествувал во претходно пукање, каде негов близок бил повреден.Најстарото убиство е во 2014 година. Групата „Беланоца-Барон“ се гони за четири убиства, а пак втората, за три убиства. Дел од плановите за ликвидациите биле правени од затворските установи, а ги извршувале лица од слобода.

Македонија | пред 8 месеци

496980841_1229407675231148_3557440096260402527_n

(Видео) Во Скопје стартува изнајмување на електрични автомобили – 22 денари по километар и 5 денари по минута мирување

Од денес, граѓаните на Скопје имаат нова, поеколошка опција за превоз – електрични автомобили достапни за изнајмување преку словенечката компанија „Авант кар“. Услугата се наплатува 22 денари по извозен километар и 5 денари по минута додека возилото мирува.Во првата фаза, достапни се 100 електрични автомобили, кои се поставени на посебно обележани паркинзи низ градот.Промотивно возење денес направија министерката за енергетика, Сања Божиновска, и министерот за животна средина, Изет Меџити. Тие со одделни електрични автомобили пристигнаа пред Владата, каде ги пречека сопственикот на „Авант кар“, Матеј Чер.„Ова е мал, но значаен чекор кон одржлива иднина. Ќе има помалку бучава, помалку загадување и повеќе слободни паркинг-места. Очекуваме оваа услуга да донесе поевтин и поеколошки превоз, достапен и за граѓаните и за институциите“, изјави Чер. Тој најави дека во наредните 2-3 години, бројот на возила може да достигне до 1.000 и да се прошири во други македонски градови.Министерот Меџити го поддржа проектот, нагласувајќи дека вакви иницијативи носат придобивки за животната средина и квалитетот на живеење во урбаните средини.Министерката Божиновска очекува новата услуга да биде особено привлечна за младите. Таа најави дека ќе се работи на одобрување на паркинг-локации во близина на универзитетите и повика на соработка од страна на општините.За користење на услугата потребна е мобилна апликација, која од денес е достапна за преземање.

Скопје | пред 8 месеци

stekli-1

Падна Штекли со групата - некои се спогодиле, Раде не постигнал договор за казна

Собрани се сите докази за групата која ја предводел Раде Трајковски-Штекли, која според Обвинителството за гонење организиран криминал, броела 17 членови. Сите се гонат за трговија со кокаин и марихуана, која се криела по станови. Досега, седум членови на групата признале вина и се спогодиле со Обвинителството, па добиле по 3-4 години затвор, од максимални пет кои можеле да им бидат изречени. Воглавно, тие кои се спогодиле биле препродавачи, фатени со мали количини. Но, додека да се стигне до дрогата, закани имало од повеќе страни. Обвинителството откри дека дрогата се продавала преку интернет, но и по ресторани. Една од локациите е Аеродорм.„ Во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година обвинетите како повеќе лица се здружиле во криминална група која на територијата на град Скопје се занимавала со неовластена трговија со наркотични дроги – кокаин и марихуана. Врз основа на прибавените докази во истражната постапка утврдено е дека групата била јасно структурирана и имала строго дефинирани улоги меѓу членовите – од набавка и складирање, до пакување, транспорт и продажба на дрогата. Дрогата била складирана во специјално изнајмени станови, а потоа во помали количини дистрибуирана и продавана на нарко-пазарот, по утврдени цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Парите од продажбата се предавале на првообвинетиот кој како награда дел од парите им давал на останатите обвинети, а воедно им давал и насоки за проширување на мрежата на препродавачи. Членовите на групата користеле мрежа на препродавачи и посредници од кои седуммина опфатени во овој предмет ја признаа вината и се спогодија со обвинителството и притоа добија затворски казни“, вели Обвинителството.Штекли, според Обвинителството, бил уапсен по сознанијата дека се спрема за бегство. Кај него, биле направени претреси, но пред да влезе полицијата, според Обвинителството, тој отстранува сѐ што е криминално од домот. Но, видео надзорот го разоткрил.„Кај него имаше претреси, а беа најдени само остатоци. Од видео надзорот се потврди како ги отстранува тие цели коцки, од кои две беа најдени во стан, три во специјална направа во бункерот“, додаваат од Обвинителството.Некои од групата се бранат со молчење, други одрекуваат дека сториле нешто, а дел се спогодиле. Спогодба му била понудена и на Штекли, но тој не ја прифатил со оглед на понудената затворска казна. По прифаќање на обвинението, нему ќе му се суди во Кривичниот суд.  

Македонија | пред 8 месеци

ebr2411.mp4.00_01_08_10.Still002

39 дилери уапсени, дрога и оружје запленети - претреси, притвори и заплена во четири градови

Во текот на месец мај, СВР Битола презеде засилени акции на подрачјето на Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод, при што беа лишени од слобода 39 лица поврзани со недозволена трговија со дрога и оружје. При акциите беа запленети различни видови наркотични и психотропни супстанции, како и огнено оружје и муниција од различен калибар. Заплената вклучува марихуана, кристална и прашкаста материја, шприцеви со течност, дигитални ваги, како и пушки и пиштоли.„СВР Битола само последниот месец мај во Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод лиши од слобода 39 лица, истите дилери на дрога и оружје и заплени поголемо количество на дрога и психотропни супстанции (марихуана, семки од канабис, шишиња и шприцеви со течност, габична материја, грутчеста материја, прашкаста материја, паковки со кристална материја , дигитални ваги, предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја како и пронајде различна количина огнено оружје (пушки, пиштоли, и муниција различен калибар).Притоа , извршени беа 9 претреси во куќи и станови и тоа по чл.215 „Недозволена трговија со дрога и психотропни супстанции" извршени беа 3 претреси и по чл. 396 „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи" извршени беа 6 претреси како и 7 преглед на лица и 6 патнички моторни возила при што одредени беа два притвори во траење од 30 дена. При преземање на мерки и активности за откривање на овој тип на кривични дела односно при преглед затекнати со дрога беа тројца малолетници на подрачје на Битола и два странски државјани на подрачје на Демир Хисар. Полициски службеници од СВР Битола продолжуваат со преземање на интензивни мерки и активности во откривање и реализација на кривични дела во борбата со недозволената трговија со дрога и оружје како и секаков вид на криминал на подрачјето на СВР Битола“, вели портпаролката Сања Стаматова од МВР.

Македонија | пред 8 месеци

Shisha-bar-ubistvo

Разбиени крвавите мрежи на две групи, меѓу кои и„Беланоца“ – седум убиства, закани и пожари координирани од затвор

Сузбиени се групите  „Беланоца“ и втора група која дејствувала низ Скопје, но и Македонија, обзнани Обвинителството за гонење организиран криминал. Тие посочуваат дека поднесени се две обвиненија, за повеќе кривични дела, меѓу кои и убиства. Според Обвинителството, преку своите активности тие го загрозиле животот на луѓето. Обвинение има против девет лица, шест се во бегство.Станувало збор за исклучително сериозна структура, брифираат од Обвинителството. Тие се гонат за изнуди, закани, злосторничко здружување, но и тешки дела како палење на објекти.„Најстарото убиство е од 2014 година. Првата група нарачува и извршува со логистика четири убиства, од кои едното е двојно убиство. Мотивите се различни. Тие се по порачка, поради ниски побуди. Познати се Шиша бар и убиството во Ханиоти“, велат од ОЈО-ГОКК.Втората група има три убиства, едно е двојно, а три лица кои се осомничени се во бегство. Едно лице е преживеано и ги препознава и посочува овие две лица.„Од затворска установа биле координирани и правени. Се правеле планови како да се лиши од слобода и тој што преживеал, за да нема кривична постапка“, додаде ОЈО-ГОКК.Секојдневно имало активности и планирање на сериозни кривични дела, додаваат оттаму, а истражителскиот тим се раководел од изнудите за да дојде до сите други кривични дела.„Во однос на палење на возила, потврдено е и се товари во обвинителниот акт дека едно од лицата кое е во затвор ги нарачува овие пожари и тоа го извршуваат млади лица надвор од затворот, за мали парични износи на што се влијае тие да продолжат со остварување на нивните цели како што им е зацртано. Во еден од претресите е пронајден експлозив-ТНТ и полу-автоматска пушка скриена во напуштена куќа, каде ги криеле предметите со кои правеле кривични дела“, додаде ОЈО-ГОКК. 

Македонија | пред 8 месеци

puls-35-1

Три обвинителства ги сослушуваат семејствата на жртвите во „Пулс“

Од денеска се сослушуваат семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани. За ова извести Обвинителството, кои велат дека распоредот за сослушувања се одредува во соработка со „Support Kocani“.„Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека "Пулс" започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата "Support Kocani"“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

filipce-sdsm-co-1

Се најавува затварање на истрагата за Кочани без обвинение за ниеден актуелен функционер, вели Филипче

Во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ Венко Филипче го осуди начинот на кој се води истрагата за трагедијата во Кочани и го предупреди институционалниот молк околу одговорноста.„Ситуацијата во Кочани е многу сериозна. Револтот на родителите е огромен. Тие имаат сериозна забелешка за тоа како се води истрагата. Еве се најавува затворање на истрагата – ниту еден од актуелните функционери во МВР не е повикан“, рече Филипче.Тој праша зошто нема одговорност во редовите на полицијата и политичарите: „Каде е тој што беше одговорен од МВР во Кочани, во Штип? Дали ќе го повикаат пратеникот Лефков? Никаде ги нема“, истакна тој.Филипче вели дека семејствата бараат правда, а државата се обидува да ја затвори темата: „Семејствата на загинатите правда бараат луѓето. Немојте да мислите дека овој пристап на владата со којшто проблемот сака да го стави по страна дека ќе им успее“, рече Филипче.Тој додаде дека СДСМ ќе продолжи да се бори низ сите достапни институционални механизми: „Ние немаме друг механизам освен да се бориме со официјалните механизми моментално во Собранието“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 8 месеци

stojance-angelov

Ангелов за новото директорско место: ДЗС е во хаос, без пилоти и без тимови

„По претходен договор со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, разрешен сум од позицијата директор на Центарот за управување со кризи. Од денес (вторник, 27 мај 2025 година), сум в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)“, вели Стојанче Ангелов и додава:Дирекцијата за заштита и спасување подолго време се наоѓа во агонија. Покрај недостатокот на пилоти, постојат и проблеми со сервисот на ер тракторите. Во овој момент се уште нема ниту потпишани договори со тимовите за брз одговор, вклучително и со тимовите за гаснење на пожари на отворен простор. Воедно, некои од потенцијалните припадници на овие тимови ја немаат потребната опрема, обука и физичка подготвеност. Инспекцискиот надзор на противпожарната заштита е во исклучително лоша состојба, недостасуваат сериозен број на соодветно образовани и обучени инспектори, но постојат и сомнежи околу исправноста на дозволите кои ги издава Дирекцијата за заштита и спасување. Во моментов во ДЗС работат само неколку специјалисти за ракување со неексплодирани минско-експлозивни средства, додека отстранетите неексплодирани средства се чуваат на несоодветен начин.Постојат и други недостатоци и слабости за кои во следниот период јавноста дополнително ќе биде информирана.Позитивно е тоа што внатре во Дирекцијата работат и одреден број на соодветно образовани, способни и искусни лица, но, за жал, некои од нив не се наоѓаат на  вистинските работни места.Заедно со вработените кои ќе покажат амбиција за жестока, напорна и непоколеблива работа, ќе се обидеме да ги надминеме детектираните недостатоци и слабости, со цел брзо ставање на Дирекцијата за заштита и спасување во полна функција. Како директор, ќе можам детално одвнатре да ја разгледам Дирекцијата за заштита и спасување, внимателно да го проучам човечкиот и техничкиот потенцијал и дополнително да ги детектирам многубројните недостатоци и слабости кои ќе бидат целосно отстранети во новата институција која ќе ги обедини функциите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување во една институција, на чие формирање забрзано се работи, како стратешка заложба на Владата за воспоставување на современ и функционален, интегриран систем за управување со кризи и заштита и спасување, кој ќе има соодветни капацитети да одговори на сите предизвици и ризици, целосно усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО.Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за укажаната доверба.

Македонија | пред 8 месеци

cebren

Изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште со инвестиција од 1,3 милијарди од британскиот заем, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Изминатите 7 години СДС и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и намалување на аерозагадувањето. За владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот е главен фокус“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен и Галиште.Изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште се стратешки проект, најмалку од три главни аспекти.Овие две хидроцентрали се потребни не само од аспект на производство на електрична енергија.Од аспект на климатските промени, овие два нови резервоари за вода заедно со постојната Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за тиквешко поле, 55-60 илјади хектари прва класа земјоделско земјиште каде има многу земјоделци, овоштари, каде се користи организираниот систем за наводнување а во одреден период од годината се јавува недостаток на вода.Исто така, овие две акумулации, со оглед на околината на Мариово којашто е ненаселена, ќе дадат придонес и од аспект на туризмот и нови приватни инвеститори во иднина.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на заштита на животната средина со цел квалитетен живот на граѓаните“.

Македонија | пред 8 месеци

Liberali_Ukraina-PosetaIMG_4058

Европа и Украина навистина се плашат само од еден момент - повлекувањето на Трамп од преговорите на Русија и Украина

Мировниот договор меѓу Украина и Русија ќе зависи од тоа дали Трамп конечно ќе најде храброст да ги поткрепи своите реторички напади врз претседателот Владимир Путин за време на викендот со акција.„Кремљ се обложува дека нема да го стори тоа“, објави CNN.Фрустрацијата на Трамп (го нарече Путин луд, ур.) Москва ја опиша како симптом на „емоционално преоптоварување“.Засилените руски напади врз украинските цивили се чини дека се намерен руски тест за Трамп - само една недела по неговиот повик со Путин, објави американскиот медиум во својата анализа.Како што велат, постојат два пата што Трамп може да ги избере, под претпоставка дека е подготвен да ја напушти непријатната позиција во која Путин постојано го турка.Тој би можел да воведе нови санкции врз Русија, за кои претходно тврдеше дека ќе ја попречат дипломатијата. Во неделата, тој им потврди на новинарите дека ова е нешто што „апсолутно се разгледува“.Што друго може да направи?Тој би можел да побара од Конгресот да одобри нови испораки на оружје и муниција во Украина. Но, оваа опција би значела огромен пресврт што би бил политички непријатен, бидејќи противењето на Трамп на трошењето милијарди долари во Украина е камен-темелник на неговото второ претседателствување.И тоа би значело дека претседателот ќе прифати дека, како што беше случајот со многу од неговите неодамнешни претходници, неговото верување дека може да го управува Путин е целосно погрешно.Постои уште една опција - и тоа е онаа од која Украина и нејзините европски сојузници најмногу се плашат. Трамп би можел да го одмери сидрото и да тврди дека ниту една страна не сака мир. Тоа би сигнализирало дека е време САД да се повлечат. Русија потоа би ја продолжила својата војна на исцрпување и напади врз цивили, заземајќи територија во катастрофално сценарио за европската безбедност.Изолационистичкиот тренд што се провлекува низ движењето MAGA укажува дека неодамнешните навестувања од државниот секретар Марко Рубио и потпретседателот Џ.Д. Венс дека САД може да се повлечат, според CNN, се чини дека се повеќе од само преговарачка тактика.Во овој поглед, објавата на Трамп на Truth Social во понеделник е исклучително индикативна, но и вознемирувачка за европските сојузници.„Ова е војна што никогаш немаше да започне ако јас бев претседател. Ова е војната на Зеленски, Путин и Бајден, а не на Трамп“, напиша американскиот претседател.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Трамп го прекина молчењето, подготвува силен удар врз Путин - сфатил дека е измамен?

Американскиот претседател Доналд Трамп, незадоволен од постојаните напади на Москва врз Украина и фрустриран од бавниот напредок на мировните преговори, размислува за воведување нови санкции врз Русија уште оваа недела, дознава „Волстрит џурнал“ од извор близок до Белата куќа.Иако не се очекуваат дополнителни санкции против банките, според овие извори, Белата куќа разгледува голем број други мерки што би го принудиле рускиот претседател Владимир Путин да попушти на преговарачката маса - вклучувајќи го и предлогот за 30-дневно примирје поддржан од Украина, но упорно отфрлен од Кремљ.Во неделата, Трамп јавно коментираше за можноста за нови санкции за прв пат.„Апсолутно ја разгледуваме таа опција. Тој убива многу луѓе. Не знам што му е. Што му се случи?“, рече Трамп, не криејќи го својот гнев кон рускиот лидер, за кого претходно тврдеше дека имаат „посебен однос“.Според неофицијални информации од врвот на американската администрација, Трамп ја разгледува и можноста за целосно повлекување од мировниот процес доколку „последниот обид“ не вроди со плод - што би бил невиден пресврт за претседателот кој за време на кампањата тврдеше дека ќе ја запре војната во Украина „уште на првиот ден“ од неговиот мандат.Во случај на повлекување на Америка од преговорите, останува нејасно дали Вашингтон ќе продолжи со воената помош за Киев, што би можело да има далекусежни последици за состојбата на фронтот и рамнотежата на моќта.„Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека сака да постигне мир преку преговори“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, додавајќи дека „мудро ги остава сите опции отворени“.Овој пресврт означува нова фаза во заладувањето на односите меѓу САД и Русија - односи кои минуваат низ турбуленции во последните неколку месеци. На почетокот на својот мандат, Трамп веруваше дека може да ги поправи односите со Москва благодарение на, како што тврдеше, неговото лично влијание врз Путин.Само неколку часа откако Трамп објави можни нови санкции кон Русија, Москва одговори со својот најмоќен воздушен напад досега врз Украина - лансирајќи повеќе од 350 експлозивни дронови и најмалку девет крстосувачки ракети. Украинските воздухопловни сили потврдија дека тоа бил најинтензивниот напад од почетокот на инвазијата, додека Русите тврдеа дека тоа бил одговор на украинските напади на руска територија.Трамп, кој се фалеше за време на кампањата дека „ќе ја заврши војната за еден ден“, досега не успеа да извлече никакви сериозни отстапки од рускиот претседател. Всушност, Путин ја засили својата агресија, игнорирајќи ги мировните иницијативи што доаѓаат од Вашингтон.Во понеделник, германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека САД, Германија, Франција и Обединетото Кралство ќе ги укинат ограничувањата за дострел на оружјето што го испратиле во Украина - што значи дека Киев сега може да таргетира воени цели длабоко во Русија. Досега, на Украина ѝ беше дозволено да користи западни ракети само во ограничена област.

Свет | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-4260PM

Денеска и потопло со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во одредени места ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Во Скопје, сончево и потопло со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.УХМР најавува дека во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од петок следува период на претежно стабилно време со пораст на дневните температури.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-02-06-at-19.17.09

Азир Алиу ќе го земе столчето на Таравари во здравство

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу во Владата на Димитар Ковачевски, ќе биде предлог на ВРЕДИ за нов министер за здравство во Владата на Христијан Мицкоски.Ваква е одлуката на партијатата ВРЕДИ која го наследи секторот здравство откако се разделија со Таравари.Од ВРЕДИ информираа дека за овој предлог веќе е известен премиерот Христијан Мицкоски.Азир Алиу е еден од членовите на Алијанса за Албанците кои одлучија да не го следат Арбен Таравари и да останат во ВРЕДИ. За него борбата против корупцијата и промените во општеството не се напуштаат на првата пречка.Алиу претходно изјави дека излегувањето од Владата во овој момент и без јасен план може да доведе до рехабилитација на старите структури од ДУИ.Како предлог од Алијанса за Албанците во 2023 година за нов министер во Министерството за информатичко општество и администрација дојде името на докторот по информатички науки, Азир Алиу. Тој е интернационален експерт во областа на информатичките технологии и образованието, со повеќе од 20 години работно искуство во приватниот и академскиот сектор.Бил и универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде предава на факултетот за Компјутерски науки и технологија.

Македонија | пред 8 месеци

VLEN-press

ВРЕДИ: Носиме промени и ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните

Партијата ВРЕДИ се пофали со сработеното за 11 месеци. Наброја зголемени плати, пензии и капитација, инвестиции и вработувања.„За само 11 месеци ВЛЕН ја преработува економската мапа на земјата преку смели реформи и големи капитални инвестиции. Едно од најголемите достигнувања е историскиот договор со Велика Британија, вреден 6 милијарди евра, кој отвора нови хоризонти за економски развој, вработување и благосостојба за сите граѓани. Започнавме со ONE STOP SHOP во Блаце, модерна точка за олеснување на прекуграничната трговија и циркулација, а продолжуваме со нови точки во Јажинце, Табановце и Ќафасан.300 милиони евра за општините, каде се градат училишта, градинки, спортски сали, библиотеки, патишта, водовод, канализација и јавни базени.35 милиони евра за изградба на новиот универзитетски кампус „Мајка Тереза“, инвестиција во образованието и иднината на нашите млади.20 милиони евра за подземниот паркинг на плоштадот „Скендербег“, со кој ќе се модернизира урбаната инфраструктура во срцето на Скопје.250 милиони евра за поддршка на локалните компании, како поттик за економски развој и вработување.Од 10.000 евра за секој млад земјоделец, како почетна помош за отворање земјоделска дејност, конкретна инвестиција во руралниот сектор.Зголемување на платите: Наставници: +12%. Здравствени работници: +15%. Полиција: +10%. Пензии: +5.000 денари за 340.000 пензионери во рок од 9 месеци.Зголемување на капитацијата: +33% за матичните лекари и гинеколози. +22% за стоматолози.720 милиони евра странски директни инвестиции и 2.790 нови работни места, одржлив економски развој и можности за младите луѓе.Ова се само дел од нашите достигнувања за само 11 месеци владеење. Промената е реална и мерлива. Резултатите зборуваат сами за себе. ВЛЕН дејствува, се осмелува и носи промени. Ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните, со конкретни дела и јасна визија за подобра иднина“, соопшти ВРЕДИ.

Македонија | пред 8 месеци

pukanje-ubistvo

Пукање во Тетово: Испукани 30 куршуми од автоматска пушка врз куќа полна со луѓе – напаѓачите избегале со скутер

Вечерва околу 21:15 часот на улица 111 во Тетово, непознати лица вооружени со автоматска пушка испукале рафали кон семејна куќа сопственост на М.Т. Напаѓачите, кои пристигнале на скутер, веднаш побегнале од местото.Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале сопственикот и членовите на неговото семејство, но за среќа никој не е повреден. На терен се пронајдени околу 30 чаури, а на објектот се забележани значителни оштетувања. Случајот е пријавен во СВР Тетово, известен е јавен обвинител и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите.„Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања. Известен е јавен обвинител и се прземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид на лице место врши екипа при СВР Тетово“, велат од МВР за „Скопје1“.

Македонија | пред 8 месеци

nesrekja-soobrakajka-kisela-voda

(Фото) Малолетник со нерегистриран мотор удри пешак во Кисела Вода и побегна

Возач, кој бил малолетник, прегазил пешак и избегал во Кисела Вода. На местото имаше полициски екипи и Брза помош. Возачот е најден.„Денеска околу 19.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици удрил во пешак. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ-„М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од полициски службеници, пронајден е мотоциклистот и утврдено е дека е малолетник и го управувал мотоциклот без возачка дозвола“, велат од МВР.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 8 месеци

mediumi-obvinitelstvo

ССНМ со јасна порака: Време е за ослободување на придонесите

Даночно ослободување на придонесите за новинарите и медиумските работници, усогласување на договорите со законската рамка и јасно разграничување меѓу вистински синдикати и таканаречени „жолти“ синдикати, се главните барања на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).Овие пораки беа истакнати на завршната конференција од проектот „Работнички права за независно новинарство“, кој ССНМ го спроведе заедно со РЕСИС и со поддршка од Европската Унија.Според податоците, околу половина од новинарите и дури 70 отсто од медиумските работници имаат примања пониски од просечната месечна плата во земјата, која за периодот мај-октомври 2023 година изнесувала 37.065 денари. Притоа, 2.100 лица извршуваат над 3.100 работни позиции – статистика што зборува за хронична преработеност и недоволна застапеност.„Најверојатно сме единствена професија каде 2.400 луѓе покриваат над 3.000 позиции. Се обидовме, но не успеавме да ја истуркаме иницијативата за даночно ослободување на придонесите – особено значајна за опстанокот на локалните медиуми“, изјави претседателот на ССНМ, Павле Беловски.Тој истакна дека без социо-економска сигурност, не може да се зборува за слободни медиуми и новинари со интегритет.„Ако не се исполнети основните работнички и економски услови, не може да има ни квалитетна содржина, ни заштита на јавниот интерес – а тоа е сржта на новинарството“, нагласи Беловски.Тој апелираше за поголема поддршка на локалните медиуми и дописници, кои се соочуваат со многу посериозни предизвици од колегите во Скопје. Според него, токму во време на дигитална инфлација на информации, професионалното новинарство е поважно од кога било.Неда Чаловска, експертка за човекови права, посочи на правниот хаос со договорите за работа.„Голем дел од новинарите немаат договори усогласени со законите. Особено во приватните медиуми, тие се без соодветна заштита – а без права нема професионализам“, рече таа.Поранешната претседателка на ССНМ, Тамара Чаусидис, ја презентираше Повелбата за професионални и работнички права, документ кој треба да биде водилка во унапредување на статусот на новинарите.ССНМ во изминатите две и пол години го зголемил членството за над 70 проценти и ќе продолжи да работи на зацврстување на своите редови, препознатливост и борба за достоинствени услови во медиумите.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-04-06-at-09.26.20

Трагедијата ги смени фотелјите: Стојанче Ангелов ја презема ДЗС по пожарот во Кочани со 62 жртви

Стојанче Ангелов, досегашен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), е именуван за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Одлуката ја донесе Владата, откако досегашниот директор Џеват Селами од коалицијата „Вреди“ беше суспендиран поради мерката домашен притвор. Тој е осомничен во истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март и однесе 62 човечки животи.Назначувањето на Ангелов доаѓа во чувствителен момент, кога институциите за справување со кризи и заштита се под зголемено јавно внимание и притисок да покажат капацитет, одговорност и транспарентност.Ангелов е долгогодишен функционер во безбедносниот систем и поранешен командант на специјалните единици. Во јавноста е препознаен како лице со искуство во управување со ризици и кризни ситуации, што беше особено нагласено во неговото досегашно раководење со ЦУК.Останува да се види како овие кадровски промени ќе се одразат на ефикасноста и довербата во системот за заштита и спасување, особено по една од најголемите трагедии во поновата историја на земјава.

Македонија | пред 8 месеци

500149416_1257246975776933_3755764212407591834_n

Македонска порака до Ватикан преку претседателката: Време е за реформи во ОН

„Имав чест и привилегија во Ватикан да остварам четириесетминутен срдечен разговор со Неговата Светост, Папата Лав XIV“, објави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Таа додава:„Споделивме мислења за неопходноста од реформи во Обединетите Нации, потребата сите да бидат вклучени во решавањето на глобалните предизвици, како и за други актуелни прашања со коишто се соочува светот.Разговор со човек со ум на математичар, срце на филозоф и душа на духовен водач е искуство што се памети засекогаш. Во него се огледа мудроста на вековите, посветеноста на најранливите и несебичната заложба за мир, правда и реформи во светот.Со Папата разменивме подароци полни со длабока симболика и порака. Стилизираниот симбол на Јустиција, што ми го подари, е симбол на правдата и говори за вербата дека жените можат да направат многу во светот.Оваа средба ќе остане врежана во моите мисли како потсетник на вредностите што треба да нè водат: мир, правда и хуманост!“.

Македонија | пред 8 месеци

policija-4141

Кој е уапсениот во Грција: 27 години бегалец, 15 години казна

Ацо Боцевски, во подземјето познат како „Циганот“ e Македонецот кој е уапсен по речиси три децении бегство. Него денеска го лоцирала и лишила од слобода грчката полиција во градот Катерини, потврди македонското Министерство за внатрешни работи.Боцевски беше во бегство од 1998 година, кога наместо да отслужи 15 години затвор за ладнокрвното убиство на Сеат Ибраими, исчезна под сомнителни околности додека беше во домашен притвор. За него беше распишана една од најстарите и најозлогласени меѓународни потерници.Крвавиот настан што го внесе Боцевски во криминалната историја се случи во ноември 1997 година, среде бел ден, во центарот на Скопје. По кратка автомобилска потера, Боцевски излегол од „корветата“, го стигнал Ибраими, кој со „мерцедесот“ излетал од патот и испразнил цел шаржер врз него. Убиство со потпис – ладнокрвно, брутално и пред очите на градот.Со денешното апсење, правдата конечно му се доближува. Од МВР најавуваат дека ќе следи процедура за негова екстрадиција во Македонија, каде го чека неиздржаната затворска казна.

Македонија | пред 8 месеци

prostitucija

Скопје станал бордел за елитна проституција – обвинение за меѓународна мрежа и перење пари што се переле преку криптовалути

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против четири лица – двајца странски државјани (од Бразил и Сирија) и двајца македонски државјани – поради сомнение за посредување во вршење проституција и перење пари.Според обвинението, во периодот од декември 2023 до ноември 2024 година, првообвинетата, бразилска државјанка со престој во РСМ, заедно со второобвинетиот – македонски државјанин роден во Сирија – организирале мрежа за сексуална експлоатација на жени од Бразил, кои биле сместени во изнајмени станови во „Џевахир Холдинг“ во Скопје. Преку веб-страницата eurogirlsescort.com нуделе сексуални услуги по однапред утврдени цени, а профилите ги водела првообвинетата, која организирала и логистика за клиентите.„Секоја жртва имала креиран еден или повеќе профили на веб сајтот: www.eurogirlsescort.com, каде биле постирани телефонски броеви и листа на цени на сексуални услуги што се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа и 800 евра за цела ноќ, како и фотографии со експлицитна содржина“, велат од ОЈО-ГОКК.Обвинетите го делеле профитот, а парите ги трансферирале преку Вестерн Унион до лица во Бразил и Португалија, како и преку криптовалути, со цел да се прикрие нивното потекло.Третообвинетиот и четвртообвинетиот се теретат за помагање во перење пари. Четвртиот обвинет, покрај што користел сексуални услуги, ѝ овозможил на една од жртвите да трансферира средства преку криптовалути и да ги претвори во готовина.Обвинителството побара продолжување на притворот за тројца од обвинетите, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.

Македонија | пред 8 месеци

arsovska-1

Добро е што градоначалничката по четири години се разбудила од зимски сон, вели Тошковски за Арсовска

Откако градоначалничката Данела Арсовска објави дека поднеле кривични пријави против УСЈЕ и други големи загадувачи, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рече дека е добро што се разбудила од зимски сон.„Може доставила, може не, добро е што градоначалничката по четири години се разбудила од зимски сон“, рече Панче Тошковски, одговарајќи на прашање дали ги примиле кривичните пријави.Арсовска претходно објави дека спречила незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази. Според неа, институциите не постапувале.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски тврди дека нема скандал со униформите, негира врски на фирмата со неговата сопруга

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го повтори ставот дека тендерската постапка за набавка на униформи за полицијата, е согласно законот. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано непосредно пред распишување на тендерот и е со двајца вработени, е пријателка на неговата сопруга.„Ниту знам кој е сопственик на модното студио кое и да е, ниту пак било кој и да е сопственик е близок на мојата сопруга. Од ова прашање, ќе сфати јавноста дека ова е хајка“, вели Тошковски.Тој посочи дека досега не се сеќава дека во Македонија има политичар кој е проверуван како работи уште пред да ја добие функцијата.„Во текот на вчерашниот ден, даден е одговор на сите обвинувања. Сметам дека МВР тоа што требало да го преземе, го презело. Одредени услови кои се побарани - согласно информациите кои ги имам, а се поврзани со квалитетот на униформите - се исполнети. Досега не е нарачана ниту една униформа. Да оставиме да видиме како ќе се одвива овој процес“, рече Тошковски.На крајот, тој ги повика институциите да го испитаат тендерот.„Ги повикувам одделите при МВР и Обвинителството да ги истражат сите тендери кај што има сомнежи. Јас преземам сѐ што треба да преземам, се грижам за имплементирање на проектите“, рече Тошковски.

Македонија | пред 8 месеци

Pretsedatel-filipce-komisijam2

Филипче да не си го крева рејтингот преку прилики за лидерска, нека признае одговорност за Онкологија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче преку прилики за лидерски средби да не си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред еден месец и во овие моменти не гледаме потреба за тоа“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Ако Венко сака средби тие може да ги оствари со неговите коалициони партнери Ахмети, Таравари или Димче Апасиев. Тоа се исти луѓе со исти вредности.Венко Филипче ем нема контрола во партијата и само му слугува на другарот Зоран Заев, ем сака да се факторизира со седнување на маса.Филипче очигледно дека не знае дека треба да си го среди прво дворот, да се етаблира како претседател на партија за потоа да има простор на маса да разговара за стратешки теми.Филипче очигледно избра само да го следи делото на Заев, а на сите им е добро познато што правеше Заев, а што правеа заедно.Филипче и со изјавата дека не чувствува вина за Онкологија покажува дека него го води само голиот интерес за пари, без да има никаков однос кон сето она што го поминаа пациентите на Онкологија.Филипче е синоним за корупција и предавства, затоа најдобро е да покаже дека има грам човечност признавајќи барем вина за Онкологија.Венко Филипче ем нема контрола во партијата и само му слугува на другарот Зоран Заев, ем сака да се факторизира со седнување на маса.Филипче очигледно дека не знае дека треба да си го среди прво дворот, да се етаблира како претседател на партија за потоа да има простор на маса да разговара за стратешки теми.Филипче очигледно избра само да го следи делото на Заев, а на сите им е добро познато што правеше Заев, а што правеа заедно.Филипче и со изјавата дека не чувствува вина за Онкологија покажува дека него го води само голиот интерес за пари, без да има никаков однос кон сето она што го поминаа пациентите на Онкологија.Филипче е синоним за корупција и предавства, затоа најдобро е да покаже дека има грам човечност признавајќи барем вина за Онкологија.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања