Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

titanik

Рочиште „Титаник“: Се читаа СМС пораки меѓу обвинетата Гордана Јанулоска и Зоран Ставрески

Обвинителката Лиле Стефановска на денешното рочиште „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за изборни нерегуларности, прочита околу 20 смс пораки меѓу обвинетата Гордана Јанулоска и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, во кои тие разговараат за исплаќање субвенции, пензии, денационализација и плати, во пресрет на изборите 2011 година, објави МИА.Во една од пораките Јанкулоска му се жали на Ставрески „имам молба во Куманово не биле исплатени субвенции и ако имало услови побрзо да се исплатат“, на што Ставрески и одговара дека „треба некој да провери, имам списоци со субвенции што не добиле, ама ми ги пишуваа на рака пред кооперација“.Во друга порака, Ставрески и пишува на Јанкулоска „исплативме пензии, субвенции, денеска оди за млеко, лозари, 25 милиони за денационализација, за плати… да живее ММФ, да живее Македонија“.Јанкулоска, во смс порака го прашува Ставрески дали има „стопирани налози во култура“ и дали има проблем, на што Ставревки и оговара „не, секогаш има повластен третман Бети“, на што Јанкулоска враќа „Боже, ама баш налозите за култура се клучни за изборите“.Обвинителката Стефановска прочита и околу 70 смс пораки меѓу Гордана Јанкулоска и советниците во во МВР Киро Тодорвоски и Ристе Ставревски од мај 2011 година, преку кои биле договарани списоци за вработување по број од гласачко место, за „тргање“ командири и полицајци кои „турбо“ работат за противници, но и за вршење работи за казни и инспекции на луѓе од месните комитети.На почетокот судијата Осман Шабани, констатира дека во судница е присутен и технички советник на предлог на одбраната.извор: МИА

Скопје | пред 7 години

skopje-111

ДОМ предлага, пешачка зона во центарот на Скопје како решение за загадувањето

Младинската организација на ДОМ – МОДОМ има конкретен предлог до Град Скопје и до надлежните институции во врска со енормното загадување на воздухот, објави скопјеинфо.мк.По примерот на повеќе европски зелени метрополи, каде што строгиот центар на градот е претворен во пешачка зона, МОДОМ предлага улицата Димитрие Чупоски од крстосницата кај „Палома Бјанка“ до крстосницата кај Собранието на Република Македонија, да биде зелена зона за пешаци, велосипедисти и возилата за јавен транспорт.„Се надеваме дека овој предлог ќе наиде на позитивен прием кај граѓаните, бидејќи тој е во интерес на зачувувањето на нивното здравје, на елиминирањето на постојаниот сообраќаен метеж во Центарот на градот и на загадувањето на воздухот од издувните гасови на возилата. Очекуваме овој наш предлог за проширување на пешачката зона во строгиот Центар, градските власти сериозно и итно да го земат предвид и да го реализираат во најбрз можен рок. Со тоа и имиџот на центарот на градот може да добие нов подобар и поатрактивен лик, со нови содржини пријатни за скопјаните и привлечни за туристите“, велат од партијата.извор: скопјеинфо.мк

Скопје | пред 7 години

rezim-soobrakaj

Во Скопје посебен сообраќаен режим од 17:00 часот

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека денес од 17,00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата “Даме Груев“, право по улицата “Васил Главинов“, право по булеварот “ВМРО“, лево по булеварот “Илинден“ до пред зградата на Влада на Р.Македонија.Од тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестотМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Охриѓани во чест на патронот на градот „Свети Климент Охридски"

Со изложбата на книги „Свети Климент Охридски во македонската книжевност и научна мисла", Општина Охрид почна со чествувањата на престојниот патронен празник 8 декември – Свети Климент Охридски.Изложбата ќе биде отворена попладне во 17 часот во Градската библиотека „Григор Прличев".Во 19:00 часот во центарот за култура Григор Прчичев ќе се одржи приредба по повод птрониот празник на основното училиште Св. Климент Охридски.Агендата на чествување предвидува бројни културни настани и содржини: промоции на книги, изложби на фотографии, музички концерти и приредби на институциите што го носат името на патронот.Централната манифестација е Свечената академија по повод Денот на Свети Климент Охридски, на која ќе бидат врачени годинашните највисоки општински награди и признанија што ги доделуваат Градоначалникот и Комисијата за доделување награди и признанија, а чии добитници се уште не се официјално соопштени.

Македонија | пред 7 години

bitolaa

Жена пронајдена мртва во хотел во Битола

На 04.12.2018 година околу 07:30 часот во хотел на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола била пронајдена почината 66-годишна жена од Битола, објави ТЕРА.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.-По Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција, соопшти битолската полиција.

Македонија | пред 7 години

marihuana

Кривични пријави за двајца скопјани дилери на марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави против М.М. (32) и Д.П. (47) од Скопје поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.При извршен преглед и легитимирање кај нив била пронајдена марихуана, информира МВР.

Скопје | пред 7 години

ubistvo-srbinka

Малолетна Србинка силувана и крвнички убиена од мигрант

Германските медиуми открија нови детали од најновото брутално убиство на малолетна девојка од страна на мигрант. 17-годишната Елма Ц. имала српско потекло и била убиена во бегалски камп во градот Санкт Аугустин во близина на Бон на западот на Германија.19-годишниот Кениец, Брајан С. го признал злосторството и открил дека ја убил девојката после расправа. Истрагата утврдила дека несреќната девојка најпрвин била силувана, а потоа и претепана до смрт.Мртвото тело на Елма било чувано два дена во соба во бегалскиот центар.Родителите на девојката го пријавиле нејзиното исчезнување во петокот. Таа на родителите им рекла дека ќе оди во Бон да се сретне со некоја пријателка. Меѓутоа, според полицискиот извештај, таа заминала да се види со обвинетиот. Откако била пронајдена кеса со нејзината облека и документи, германската полиција организираше опсежна истрага и потрага по тинејџерката.Елма наводно го запознала осомничениот во кафетерија неколку седмици порано и наводно биле во врска. Полицијата со помош на заедничките фотографии на Фејсбук ја поврзале жртвата и Брајан, па така набрзо го разрешиле мистериозното исчезнување на Србинката.Уапсениот Кениец имал германско државјанство, а поседувал и документи од својата земја. Тој чекал да му доделат стан и најчесто престојувал кај својата сестра во Бон, соопштија од полицијата.Брајан од претходно ѝ бил познат на полицијата затоа што во неколку наврати бил приведуван поради кражби, ширење на порнографија и сексуално злоставување на дете.

Свет | пред 7 години

gruevski-mala

30 дена притвор за Груевски за случајот ,,Титаник“

На денешното рочиште за случајот ,,Титаник”, судот на барање на СЈО, на обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство, му одреди мерка притвор од 30 денови.Ова е втор притвор за Груевски во отсуство. Пред 7 дена судот изрече притвор и за случајот ,,Талир“.Денешното судење за предметот ,,Тврдина“, започна со задоцнување од 53 минути, според набљудувачите на здру\ението ,,Зелена лупа“, поради доцнењето со спроведувањето на обвинетите Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски од истражниот затвор.Инаку, во образложението на судот за новиот притвор на Груевски се вели:,,Имајќи го во предвид барањето на јавниот обвинител ,поднесено на 23.11.2018 за определување мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, како и известувањето на Претседателот на Собранието на Република Македонија поднесено на 27.11.2018, по советување и гласање Судечкиот совет, по член 365 став 3 , а во врска со член 165 став 1.4 од ЗКП , на обвинетиот НиколаГруевски му одредува мерка притвор во траење од 30 дена и истата стапува на сила од денот на неговотп лишувње од слобода “-стои во објавата на судот.

Скопје | пред 7 години

123123

(ФОТО) Крава излезе на чист воздух на „Партизанска“

Утрово, на булеварот „Партизански одреди“ кај кружниот тек во Влае, учесник во сообраќајот беше и крава која шеташе по улицата.На социјалните мрежи се шегуваат дека таа излегла на чист воздух, откако загаденоста се намали. Други, пак, пишуваат дека кравата била толку брза што ниту едно возило не можело да ја помине.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Промоција на книгата Уште музика и муабети на Ненад Георгиевски

На 10 декември со почеток од 20 часот во клуб-ресторанот МКЦ ќе се случи промоција на книгата „Уште музика и муабети“ на новинарот Ненад Георгиевски во издание на „Полица“. Книгата е втора во серијата изданија и е уште една колекција на интервјуа со домашни и со странски музичари, фотографи, режисери и дизајнери што се работени во период од 17 години, од 2001, па сè до 2018 година, и се објавувани за повеќе медиуми од Македонија, Србија, САД и од Хрватска. Станува збор за разговори со врвни и познати претставници во своите музички жанрови, односно за уметници што настапувале во Македонија или во регионот: Мариза, Конча Буика, Пет Метини, Џон Скофилд, Бил Фрисел, Ал ди Меола, Енди Самерс („The Police“), Џошуа Редман, Чарлс Лојд, Руичи Сакамото, Зоран Маџиров, Џоле Максимовски („Кабадајас“), Доријан Јовановиќ и многу други.Книгата се состои од 60 интервјуа во кои се опфатен голем број теми што се однесуваат на повеќе аспекти од занимавањето со музика, почнувајќи од инспирацијата, оригиналноста, искуствата, начинот на работење, па сè до илустрации, дизајни, книги. Бидејќи станува збор за претставници од различни музички жанрови што уживаат голем углед и популарност, а разговорите со нив ги надминуваат дневните теми и опфаќаат суштински аспекти на музиката, уметноста и создавањето, книгата може да биде приемчива за пошироката публика, но и за оние што професионално се занимаваат со музика.Во однос на претходната книга, „Музика и муабети“, која се состоеше исклучиво од интервјуа со музичари, во „Уште музика и муабети“, покрај интервјуата со познати музичари, листата на соговорници се шири и тука ќе се најдат и интервјуа на познати фотографи, режисери на документарни филмови и графички дизајнери. Сите нив ги спојува љубовта кон музиката и работата на полето на музиката. Сите овие фотографи се интервјуирани поради соработката со реномирани ѕвезди и поради тоа што, како резултат на таквата соработка, објавиле книги. На пример, фотографите Стивен Шапиро и Брајан Рашиќ на тема за Дејвид Боуви, фотографот Даниел Крејмер за Боб Дилан, Хари Бенсон за „Битлси“. Тука се и интервјуата со дизајнерите Крис Биг (за Дејвид Силвијан) и Стив Аверил (за „U2“).Освен самата содржина, големиот број фотографии на музичарите од домашни и странски фотографи дополнително придонесуваат за нејзината атрактивност. Воведот е напишан од композиторот Џијан Емин, кој е и еден од соговорниците во книгата. Уредник на книгата е Тони Димков. На самата промоција, настап ќе има бендот на Гоце Стевковски.

Магазин | пред 7 години

policija-3-640x382

Вработен во печатница во Кочани се здобил со тешки телесни повреди

На 04.12.2018 година во 12.00 часот во ПС Кочани, од Итната медицинска помош Кочани е пријавено дека околу 11.45 часот Д.К.(36) од Кочани додека извршувал работни задачи во печатница во Кочани, се здобил со тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле екипа од ПС Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Осум сообраќајки во Скопје, четири лица со телесни повреди

Во текот на изминатот ден (04.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои четири со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 10 возачи од кои: осум возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и двајца возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 94 мандатни платни налози и 63 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

64-годишна скопјанка касната од куче

На 04.12.2018 година во 12.00 часот во Полициската станица Центар, Н.Д.(64) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 07.00 часот на булеварот  „Партизански Одреди“ била касната од куче-скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична пријава против двајца Скопјани поради производство и продажба на марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави против М.М.(32) и Д.П.(47) од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.При извршен преглед и легитимирање кај пријавените е пронајдена марихуана.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсен генерал во Сараево поради сомневање дека извршил воено злосторство

Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита (SIPA) утрово во Сараево го уапсија генерал Рамиз Дрековиќ, поранешен командант во Армијата на Босна и Херцеговина.Дрековиќ е уапсен во својот стан, по наредба на обвинителството поради сомневање дека извршил воено злосторство.Од SIPA досега само потврдуваат дека едно лице е уапсено.  

Свет | пред 7 години

bazen-bitol

Пресуда против базен поради дискриминација на Роми

Основниот суд во Битола донесе втора пресуда против базенот „Довлеџик“ во Битола поради директна дискриминација и повреда на правото на еднаквост на неколку Роми со тоа што не им дозволил влез на базенот на 12 август лани поради нивната етничка припадност, соопштија од Европскиот центар за правата на Ромите. Судот му наредил на правното лице кое управувало со базенот да ја прекине практиката за одбивање влез на базенот за Роми и исплата на оштета во висина од 10.000 денари за секој тужител поединечно.„Оваа е веќе втора пресуда на македонските судови во кои како доказ се прифаќа тестирање на ситуација која е организирана од страна на Европскиот центар за правата на Ромите. Во оваа постапка тимот на ЕЦПР на 12.08.2017 година во соработка со локалната НВО Баирска Светлина од Битола, организираше тестирање за дискриминација во Битола во кое беа вклучени шестмина Роми и пет не-Роми, а подоцна резултатите од ова тестирање беа поднесени до судот како доказ. Притоа, на сите лица кои не се Роми им било дозволено да влезат на базенот, додека на сите Роми им бил забранет влез“, велат од ЕЦПР.Од таму порачуваат дека овие две пресуди на Основниот суд во Битола праќаат порака дека Ромите не смеат повеќе да бидат дискриминирани и истите ќе имаат позитивен ефект за Ромите во Битола.„Пред сè ова е голема победа на Ромите од Битола, кое секое лето се соочуваа со расна дискриминација на локалните базени, а истото тешко можеа да го докажат. Токму тестингот ни помогна да собереме доволно докази за ваквата систематска пракса и соодветно да го претставиме проблемот пред Судот. Несомнено, пресудата од ваков вид претставува прецедент во македонското судство, а верувам и во регионот. Значајно е тоа што Судот најде директна дискриминација на група граѓани во однос неколку заштитени основи истовремено : етничка припадност, боја на кожа и пол. Искрено, се надевам дека ваквата пресуда ќе служи како лекција за потребата од толеранција и соживот меѓу различните заедници во државата”, вели Сенада Сали, правник во ЕЦПР.

Македонија | пред 7 години

47686509_2193426710681394_7215010711808770048_n

Министерот за култура Адеми присуствуваше на изложба на актефакти и на концерт во Истанбул

Во рамките на посетата на Република Турција, министерот Асаф Адеми синоќа присуствуваше на отворањето на изложбата на артефакти од Музејот на Град Скопје, која е организирана во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул.Изложбата, која е поставена во Културниот центар „Али Емири Ефенди" во Истанбул, е насловена „Скопски материјални и духовни проблесоци“ и содржи фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период што потекнуваат од поширокиот простор на Скопската тврдина и чаршија.Примарен мотив на изложбата е негата на културните врски и корелации меѓу граѓаните на Македонија и Турција, наедно и одбележување на 15-годишнината од збратимувањето на Скопје и Истанбул, како и интензивирање и продлабочување на соработката од областа на културата.Во рамките на настанот, концерт одржа музичкото дуо „Скупи“, кој беше проследен со особен интерес од страна на присутните гости.Владите на двете земји во изминатиот период потпишаа Договор за основање и активности на културните центри. Во согласност со Договорот, Република Македонија добива простор во зградата „Сејран“ која има статус на културно наследство и се наоѓа на плоштадот Таксим. Република Турција го добива на привремено користење културното добро „Куршумли ан“, кое ќе биде и комплетно реставрирано. Отворањето на културно-информативните центри е една од низата активности чија цел е продлабочување на културните врски меѓу двете држави.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Промоција на нова книга на Венко Андоновски

Новата книга на истакнатиот македонски писател Венко Андоновски, насловена „Припотомување на кучката“, ќе биде промовирана на 6 декември (четврток), во Клуб-ресторан МКЦ, со почеток во 19 часот.По извонредниот успех на неговите романи „Папокот на светот“ (15 изданија) и „Вештица“ (9 изданија), како и по успехот на неговите драми, особено „Олово на перница“, „Генетика на кучињата“, „За секого има по една“ и „Господарот на кукавицата“, Венко Андоновски се јавува по подолго време со жанрот по кој стана познат во нашата книжевност – краткиот расказ.Во циклусите раскази „Фрески“ и „Иконки“ Андоновски ни ги покажува познатите, благородни форми на лудилото: лудилото на љубовта и лудилото на генијалноста. Тоа се форми на класичното лудило на недостигот, кои покажуваат дека недостигот, кој обично се замислува како „празнотија во душата“, всушност е најбогатото чувство на човекот: недостигот е максимална исполнетост на битието со копнеж. Хамлет копнееше по вистината и одмаздата, Дон Кихот по еден нов херојски свет. Но во циклусот „Карикатури и гротески“, ликовите полудуваат во мигот кога го губат недостигот, што значи го губат и копнежот, кој го заменуваат со потреба од копнеж. Тоа е лудило на празното полно, наместо класичното лудило, она на полното (со копнеж) празно.„Припотомување на кучката“ е уште едно врвно дело кое го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите македонски раскажувачи.

Магазин | пред 7 години

zagaduvanje-2

СДСМ: Сите институции работат на решавање на проблемот што 11 години беше игнориран

„Проблемот со аерозагадувањето 11 години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто ја интересираа само криминали и лични богатења.Зголемувањето на загадувањето на воздухот во тие 11 години а се рефлектира и денеска, е резултат токму на такво криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ којашто не водеше никаква грижа за здравјето на граѓаните и уништуваше се што е зелено, паркови, дрвја.За разлика од таквиот игнорантски однос кон здравјето на граѓаните, денес, како никогаш претходно се презема здружена и коорднирана акција против загадувањето.Со силен порив се обновува запуштеното и се подигнува ново зеленило. Само во Скопје во последните шест месеци подигнати се нови и обновени се зелени површини од над 50.000 квадратни метри, а започната е и сериозна акција за пошумување на 50.000 висококвалитетни садници околу РЕК Битола.Во сите општини во државата постојано се расчистуваат диви депонии, се чистат коритата на реките и каналите од кал, ѓубре и цврст отпад. Само на Тероторија на Град Скопје годинава се расчистени над 350 диви депонии.Започната е акција за замена на нееколошките енергенси за затоплување на училиштата, се поставуваат и енергетски ефикасни фасади на неколку средни училишта.Се набавуваат нови еколошки автобуси, инвестиција вредна 12 милиони евра.Се субвенционираат трошиците за набавка на печки на пелети што треба да ги заменат старите нее колошки начини на греење. Владата значително ги зголеми средствата за поддршка на оваа мерка, од 14 на 21 милион денари.Заслиен е инспекцискиот надзор, се лоцирааат и санкционираат загадувачите на животна средина.Уште серија на други мерки се преземаат во една здружена активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздух.Свесни сме дека претстои уште многу работа, дека проблемот нема преку ноќ да се реши, но сериозно и посветено се работи за намалување на загаденоста на воздухот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

DtlLvY7X4AQbJUw

ФАО: Симулациска вежба за лигавка и шап - ЕуФМД при ФАО заедно со АХВ

Во периодот од 3 до 6 Декември во Струмица, Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД) при Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации (ФАО) заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство одржуваат Симулациска вежба за лигавка и шап, чија цел е јакнење на капацитетите на земјата за спроведувањето на брз и ефикасен одговор за превенирање, сузбивање и искоренување на болеста.Како што информира на отворањето на вежбата, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, болеста одамна не е присутна кај нас, но и покарј тоа континуирано се преземаат мерки за тесирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест која е високоинфективна, брзо се шири и предизвикува огромни штети во сточарството.Атанасов истакна дека за спроведувањето на Симулациската вежба на Агенцијата и Еу ФМД при ФАО информирана е и Светската организација за здравствена заштита на животните и Европската комисија. “Последниот евидентиран случај на оваа болест во Република Македонија е во 1995 година. Бидејќи е високопатогена, оваа болест има приоритет во светски рамки. Вброена е на листата на топ десет болести за кои треба да се прават планови за итни мерки”, истакна тој.Европската Комисија за борба против лигавка и шап при ФАО и помага на Агенцијата да земе учество во т.н. Патека на подготвеност, во која и Република Македонија е една од пилот земјите каде се спроведуваат вакви симулациони вежби. Според директорот Атанасов, целта на вежбата е проверка на планот на земјата за итни мерки за справување со оваа болест со цел да се утрди дали има и кои се недостатоците, и да направи корекција на истите, со цел обезбедување на висок степен на заштита од ширење на болеста при евентуална нејзина појава.Во регионот болеста е присутна во Турција. Атанансов објасни дека врз основа на склучен трипартитен договор, се прават скрининг методи во рамки на посебно дизајнирана програма која се спроведува во регионот на Туција, Грција и Бугарија и има за цел рано откривање на болеста и спречување на нејзино ширење во регионот.Изминативе неколку месеци ЕуФМД при ФАО и Агенцијата за храна и ветеринарство активно работеа на подготовка на оваа симулациска вежба која има за цел тестирање на воспоставените процедури и плановите за итни мерки за справување со оваа болест. Покрај теоретскиот дел од вежбата, се спрооведува и практичен дел од обуката директно на фарма. “Во текот на вежбата, непосредо вклучените лица во спроведувањето на плановите за итни мерки за справување со Лигавка и шап, ќе имаат можност да го подобрат своето теоретско и практично знаење во борбата со оваа болест”, изјави Даниел Донакеј, одговорен за здравствена заштита на животните во Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап при ФАО.Учесници на вежбата се околу 40 претставници од Секторот за инспекциски надзор, официјални ветеринари, претставници од секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, претставници од национална лабораторија при ФВМ, претставници од македонската ветеринарна комора и ветеринарните друштва.Европската Комисија за борба против лигавка и шап е една од најстарите комисии на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), која обезбедува обемна програма за поддршка и обука за своите земји-членки и за пошироките региони преку нејзиниот аранжман со децентрализирани канцеларии на ФАО.

Македонија | пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Министерката Дескоска учествува на Регионален стратешки дијалог за борба против недозволената трговијa

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска е во дводневна посета на Меѓународниот институт за правда и човекови права од Сиракуза каде ќе учествува на Регионалниот стратешки дијалог на високо ниво за недозволена трговија во Југоисточна Европа.Дијалогот ќе ги опфати и вклучи министрите и другите високи национални функционери од целиот регион, како и клучните регионални и меѓународни партнери посветени на борбата против недозволената трговија.Целта на настанот е да се вклучат клучните национални, регионални и меѓународни лидери и креатори на политики во стратешки дијалог за заедничките предизвици и стратешки можности во борбата против недозволената трговија на Југоисточна Европа.

Македонија | пред 7 години

Zagreb1

Македонија ќе биде домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи”

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска вчера во име на Владата на Република Македонија со Меѓународниот економски форум „Перспективи” од Дубровник во Загреб, Република Хрватска, потпиша „Протокол за партнерство и соработка”, со кој се прифаќа иницијативата Република Македонија да биде земја домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи” во 2019 година. Со прифаќањето на оваа инцијатива, се очекува надоградба на деловниот имиџ на Македонија, како земја која е посветена на економскиот развој и унапредувањето на претприемачките слободи.На свеченоста на потпишувањето министерката Апостолска истакна дека регионалните иницијативи на бизнисот, кои се фокусирани на развивањето и промоцијата на претприемачката култура, секогаш внесуваат позитивен импут во економскиот амбиент на државата.„Со изразената волја на Владата на Република Македонија да го поддржи одржувањето на следниот Светски конгрес на претприемачи непосредно се вклучуваме во воспставувањето на партнерски односи и соработка помеѓу бизнис заедниците од регионот на централна и источна Европа, затоа што сме уверени дека развивањето и унапредувањето на економската соработка е важна за развојот на секоја земја“, рече Апостолска.Претседателот на управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи“, Винко Ќуро изрази благодарност до Владата на Република Македонија за прифатената инцијатива и притоа истакна дека на овој начин ќе се овозможи и одличен регионален канал за промовирање на стопанството и претпремиништвото, како и на можностите за инвестирање во Македонија.„Преку идентификување и промовирање на успешните претприемачи, добри претприемачки пракси и креативни проекти, квалитетни и иновативни производи и услуги, нови технологии, нови маркетинг трендови и ИК-технологии, овој конгрес за македоноските стопаственици и претприемачи наредната година ќе понуди одлична можност за унапредување на пазарната комуникација“, рече Ќуро.Овој Конгресот е резултат на работата на „Регионалниот самит на претприемачи на средна и југоисточна Европа – 300 најдобри“, кој традиционално се одржува во Дубровник, Република Хрватска, и произлегува од иницијатива на делегати-претприемачи од Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Норвешка, Германија, Србија, Словенија и Швајцарија.На овогодишниот прв „Светски конгрес на претрпемачи“, кој се одржува од 4 до 7 декември во Загреб, партиципираат над 600 учесници, сопственици на компании, претприемачи, менаџери, политичари, претставници на академската средина од десетина земји од југоисточна и средна Европа.

Македонија | пред 7 години

New-Image

Денови на српска култура во МНТ

Годинешната продолжена манифестација “Денови на српската култура во Р.Македонија“ во организација Српскиот културно информативен центар СПОНА,   ќе биде крунисана со  претставата “Реалисти“ .Текстот е на белградската авторка Јелена Кајго, режија Срѓан Јаниќијевиќ. Дел од проектот се и екипа на млади актери од Македонија (Ивица Димитријевиќ, Нина Деан Гачиќ, Владимир Петровиќ, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ), кои заедно со Јаниќијевиќ со голема смелост и енергија влегоа во реализација на од неколку аспекти големиот предизвик и пионерски проект.Станува збор за драма која третира повеќе современи теми. Оттуѓеноста на луѓето, нивната трка по финансии и престиж  во машината на капитализмот каде парите се над и пред се. Вртоглаво секојдневие во натпреврот за “Успех во животот“  по цена на нарушено здравје, отсуство на емоции и љубов, нечовечност....Самата подготовка на овој проект предизвика голем интерес поради што претставата “Реалисти“ ќе има две премиерни изведби на 6 и 7 декември во МНТ (20:00).Во низата активности за 2018 годиниа освен претставата "Реалисти", предвидена е и ликовна и фото изложба на делата на сликарите: Мирослав Масин, Микица Трујкановиќ, Љубица Мијалковиќ, Лидија Вујисиќ, Мирко Вујисиќ, Јовица Мијалковиќ, потоа, фотографиите на Боре Рудиќ, Јасна Суша и Лука Суша. Како и карикатурите на покојниот Дар Мар - Дарко Марковиќ, со што се заокружува овогодинешната продолжена манифестација на Културниот Центар Спона - “Денови на српската култура во Р.Македонија“.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ денеска на нов протест пред Владата

Денес попладне ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе организира нов протест против владините политики.Како и минатата недела протестниот марш ќе започне од плоштад ВМРО, а ќе заврши пред Владата на Република Македонија.На минатиот протест лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја  повика владата  да си даде оставка и побара предвремени избори и ги повика и граѓаните да им се придружат во нивната револуција.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Силен земјотрес во Нова Каледонија, постои опасност од цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени е регистриран во близина на Нова Калдонија, по што е издадено предупредување за можна појава на цунами.Земјотресот е регистриран во морето на длабочина од 10 километри, со епицентар на 160 километри источно од градот Тадин.Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека е можна појава на големи бранови со височина од еден до три метри во реоните на Нова Каледонија и Вануату и до еден метар во областа на Фиџи.Засега нема инфроамции за жртви или предизвикани материјални штети од земјотресот, што се случил во 5.18 часот по средноевропско време.Четири минути пред овој земјотрес, во истиот регион е регистриран потрес со јачина од 6 степени.  

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања