Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Скопјанец ја нападнал партнерката со тврд предмет па и се заканувал со нож

На 23.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Н.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 40-годишна партнерка, при што употребил и тврд предмет, а ѝ се заканувал и со остар предмет.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 8 месеци

tepacka

Малолетник физички нападнат во Карпош – еден од сторителите го снимал нападот

На 23.02.2026, во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници на подрачјето на Карпош околу 14:45 часот. Според пријавата, еден од напаѓачите снимал дел од нападот со мобилен телефон.По пријавата, полициските службеници преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителите.

Скопје | пред 8 месеци

media-libraryaqp9oi0hmkk846OaCEP

Фондацијата „Заедно за едно“ донира 90 комплети терапевтски ракавици за рехабилитација во Кочани

Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryg99ac7jt117b4pR5atQ

Петрушевски: Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Ги поздравувавме и Владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра.Очекуваме одлу

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryt7faij5h1v6aa0kAA1n

Опожарената кула „Вјесник“ во Загреб ќе биде урната во рок од 90 дена

Во рок од 90 дена треба да се отстрани опожарената кула „Вјесник“ во Загреб, според договорот потпишан минатата недела со фирмата „Еурко“.Во опожарената кула „Вјесник“ во Загреб започнаа подготвителни работи за уривање на облакодерот, потврди денеска државниот секретар на Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот, Тончи Главиниќ, и најави дека работата ќе се одвива во фази.Багери и припадници на хрватската армија пристигнаа во „Вјесник“, и во најкраток можен рок треба да

Свет | пред 8 месеци

media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

СДСМ: Сакајќи да се испере за куќниот притвор Обвинителство го закопа Мицкоски

Во обид да се испере за скандалозната одлука за куќен притвор на Артан Груби, Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски, вели СДСМ.„Министерството за внатрешни работи, раководено од Панче Тошковски од ВМРО-ОКГ, и Агенцијата за национална безбедност, раководена од Бојан Христовски исто така од ВМРО-ОКГ, дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.Не е прашањето дали државата не може да гарантира безбедност во притвор. Ова е уште една потврд

Македонија | пред 8 месеци

media-librarymk61ii5qa4ui3W1fBRy

(Фото) Големи пукнатини на патот кон Теферич – затворен за сообраќај

Патниот правец кон Теферич од денеска е затворен за сообраќај, по извршен повторен увид на терен и стручни анализи, соопшти градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.„По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец.Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбеднот

Скопје | пред 8 месеци

media-librarytmh2df0h2kjoakhil8h

Со предложените законски измени платите на функционерите се намалуваат за 10–13 илјади денари, вели Стојаноски

Група пратеници во Собранието поднесе предлог-измени на шест закони со кои се регулира прашањето на платите на избраните и на именуваните лица во државата. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, очекува овие предлог-закони, поднесени по скратена постапка, да бидат усвоени во најбрз можен рок.– Основната цел на овие измени е воспоставување поправична распределба на буџетските средства, при што платите на функционерите се усогласуваат со реалните економски услови во државата. Со предложените ре

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryesc166ius7ee6bDPcdr

Орце планира во јуни наредната година да сече лента за новиот Луна парк

Градоначалникот на Скопје најави дека новиот Луна парк во Градскиот парк во Скопје ќе биде отворен во јуни наредната година. Тој истакна дека паркот ќе претставува модерна и забавна дестинација за младите, која ќе биде гордост не само за Скопје, туку и за целата држава.„Луна паркот наредната година до јуни месец, мислам дека ќе биде погоден месец да сечеме лента да и конечно новата генерација млади граѓани не растат како ние во минатото да немаме можност да посетиме Луна парк туку една нова прик

Скопје | пред 8 месеци

kriumcharenje-migranti

Приведен неготинец осуден на четири ипол години казна затвор за „криумчарење мигранти“

На 23.02.2026 во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Д.(33) од Неготино. Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната.

Македонија | пред 8 месеци

media-librarys2h0eh7nlkrb7lZJ06o

Ѓорѓиевски најавува строги контроли за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави засилени контроли и конкретни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во главниот град. Тој истакна дека, иако не е директно надлежност на градот, ќе соработува со Министерството за животна средина за спроведување строги контроли врз индустриските и потенцијално загадувачки објекти, со цел заштита на амбиенталниот воздух и јавното здравје.„Чекорите наши се во насока да има строги контроли. На долг рок, ние мораме да работиме кон тоа да с

Скопје | пред 8 месеци

media-libraryqidvdmtuki2obhospUe

Димитријевиќ: Правната држава е погребана

Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. После театарот на граница, со договорено враќање и режирано снимање, каде го видовме како Груби доаѓа насмеан, со наочари, следуваше продолжение со куќен притвор, вели Алескандар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.„Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено.Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со

Македонија | пред 8 месеци

media-library0c1d10tn5lbl6PRHVK6

75-годишен маж пронајден мртов во Охрид, телото предадено на обдукција

На 23.02.2026 во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција.

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryh62jo7kq46v52sZg8cZ

По 13 години пауза, продуктоводот Солун – Скопје подготвен за работа: завршени сите технички контроли

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на завршната техничка контрола и верификација на мерниот систем на продуктоводот преку кој ќе се транспортира дизел гориво од Рафинеријата во Солун до Рафинеријата ОКТА во Скопје. Со успешно реализираната проверка се потврдени исправноста, прецизноста и целосната функционалност на системот, со што се исполнети сите технички и контролни предуслови за негово ставање во употреба. Со ова, продуктоводот повторн

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryi5ish1vu6ijf1MpZrZW

„АНБ и МВР проценија дека Груби не е безбеден во притвор“, Обвинителството ја префрла „топката“

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи.„Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykplf96e8mim9bvsfGjy

Ѓорѓиевски најавува промена на возниот ред на ЈСП

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во гостувањето на Сител изјави дека во периодот којшто следи неопходно е да се спроведе промена на возниот ред на ЈСП„Повеќе децении возниот ред во Скопје не е променат. При тоа, во моментите кога е правен во минатото, не се предвидени некои нови населби коишто во меѓувреме се прошириле или пак никнале на територија на градот Скопје, некаде каде што имало засилени потреби од автобуси, веќе е намалена потребата од автобуси, што значи дека тоа ќе биде еден

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев за случајот со Груби: „Сам се пријавил, ама од бегство“

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, со саркастична реакција го коментираше образложението во случајот со Артан Груби.„‘Сам се пријавил, ама од бегство’ е најновиот правен изум, нечуен и невиден досега уште од Римското право, а успешно измислен вчера од страна на предметниот обвинител и судија во случајот со Артан Груби“, напиша Апасиев.Тој во објавата ги повика, како што наведе, „колегите професори по кривично право“ веднаш да го патентираат и да го објават во научен труд со импакт-фа

Коментари | пред 8 месеци

media-librarybc6ifbqc6jbu205RmBc

Се огласија од ДУИ, го бранат Груби и обвинуваат за „хистерија“ - бараат да се почитува невиноста додека не се докаже спротивното

Демократската унија за интеграција изразува крајно негодување од однесувањето на бројни политички партии, кои преку своите јавни настапи извршија длабока политизација на случајот со Артан Груби. Без разлика на политичките разлики, неприфатливо е правните процеси да се водат надвор од институционалната и правната рамка што е уставно загарантирано, велат од ДУИ.„Изминативе два дена сведочиме на тоа како политичките партии, нивни високи претставници и активисти, преку соопштенија и други јавни наст

Македонија | пред 8 месеци

media-library2kvkqmga87nl5nCPQ3j

Милошоски за Груби: Која било земја, каде и да престојувал, не верувам дека е расположена бесконечно да му овозможи гостопримство

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека во Собранието немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за проневера на 8 милиони евра.„Веројатно во изминативе 12 или 14 месеци имал време да процени дека нема да има брзи политички промени на власта во Македонија. Тоа што ДУИ го очекуваше или го најавуваше после нивниот пораз на изборите. И тоа може да биде една и од мотивациите на Груби да не одолговл

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryovo9r7rsceu51TcfOtS

Во оваа држава само поштените лежат затвор, на Груби му се падна грепка со куќен притвор, вели Ќосето

Поранешниот осуденик за настаните од 27 април 2017 година, Горан Ангелов – Ќосето, реагираше на одлуката судот да му определи куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби.Ангелов, кој помина осум години во затвор по пресудата за насилниот упад во Собранието и беше обвинет за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, јавно ја критикуваше одлуката за домашен притвор.„Во оваа држава само поштените лежат затвор!“, напиша Ангелов во својата реакција.Тој до

Коментари | пред 8 месеци

media-libraryjqhmrokqje4fdUiTJwN

Противправна сеча и транспорт на дрва откриена во ЈП „Национални шуми“ - предизвикана штета од 780.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Ј.К.(70) и Д.К.(61) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Б.М.(55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „поттикнување“ и „помагањ

Македонија | пред 8 месеци

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска: Кој ќе се осмели на извршителот на мафијата нешто да му направи во затвор? Јасно ви е дека е направен дил?

Вчера судот одлучи Артан Груби да добие 30-дневен куќен притвор со 24-часовен надзор, по неговото приведување на граничниот премин Блаце. Професорката Мирјана Најчевска преку социјалните мрежи упати остри критики за мерката, доведувајќи ја во прашање проценката на обвинителството и судот во однос на опасноста од влијание врз постапката.„Кај ЈО не постои никаков сомнеж дека за извршителот на мафијата:“2) постои основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или

Коментари | пред 8 месеци

media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци

Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопшт

Македонија | пред 8 месеци

pari-1

СДСМ: Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата

Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, вели СДСМ.„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб.Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари…Повеќе не можете така да поминувате.На сите им е сè јасно.План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузи

Македонија | пред 8 месеци

media-library5gs7pm727rgbdICujdt

Обвинителката Раичевиќ предупредува на можен судир на интереси кај кандидатурата на Ристоска за државен јавен обвинител

Во дебатата во „Топ Тема“ на Телма, обвинителката Лидија Раичевиќ изнесе сериозни забелешки во однос на кандидатурата на нејзината колешка Ленче Ристоска за државен јавен обвинител, оценувајќи дека постојат дилеми околу нејзината објективност.„Сметам дека оваа кандидатура на колешката навистина нема објективен карактер по објективни критериуми. Колешката води еден сензитивен предмет за имотот и за ВМРО воопшто и има изградено професионален однос со партијата која треба да ја бира. Според менее в

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања