Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

bitola-bolnica

Запалена сува трева во кругот на битолската болница предизвика пожар, навремено е локализиран

Министерството за здравство информира дека синоќа избил пожар во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ во Битола, како резултат на палење сува трева.Според соопштението, веднаш по појавата на огнот биле известени Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица, по што екипите интервенирале навремено и успеале брзо да го локализираат пожарот.„Болницата ги презеде сите потребни мерки за следење на состојбата и заштита. Нема никакви оштетувања на болничките обје

Македонија | пред 1 година

Tramp

Трамп воопшто не е задоволен од Путин, одлучи повторно да испраќа оружје на Украина: „Мора да се бранат“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да испрати дополнително одбранбено оружје во Украина, откако неговата администрација привремено ги запре одредени испораки минатата недела.„Ќе испратиме повеќе оружје. Мораме, тие мора да бидат способни да се одбранат“, рече Трамп пред вечерата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Тие се силно нападнати. Ќе мора да им испратиме повеќе оружје“, додаде Трамп. „Претежно дефанзивно, но нападите се навистина тешки“, рече тој.Најновата

Свет | пред 1 година

Vila-Vodno

Без вода на Водно и Црничe: Претседателската резиденција и стотици домови „жедни“ во пеколни горештини

Во срцето на Скопје, на ридовите каде што се издигнуваат елитните згради и куќи со базени, граѓаните веќе неколку дена немаат ни капка вода. Претседателската резиденција на Водно е целосно без вода, а и во познатата вила Водно има само слаб притисок. Истата судбина ја делат и жителите на населбите Водно и Црниче, кои се очајни поради долгите и чести прекини на водоснабдувањето, токму во денови со исклучително високи температури.Гневот расте – улиците се блокираат, а граѓаните веќе не прифаќаат и

Скопје | пред 1 година

pozar-2

Пожар беснее во Чучер- Сандево, општината бара вонредна состојба и меѓународна помош

Критично е во скопската Општина Чучер-Сандево од пожарот кој зафати делови од овој крај.Освен Чучер опасно е и во Глуво, Бразда, Кучевиште, Мирковци и се шири до Бутел и други места.Луѓе кои живеат во овој дел но и во летниот период престојуваат во викендици, за Скопје1 велат дека од вчера има прав и пепел, а денеска од ширењето на огнената стихија неиздржливо е и не се диши од чадот и пепелта. Некои од нив, особено оние со деца, плашејќи се, веќе ги оставиле куќите.Луѓето се организираат заедно

Скопје | пред 1 година

pozar-1-1

Повторно избувна пожар кај фабриката за оружје АТС АММО во Самоков

Околу 13 часот денеска, повторно се активираше пожар во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населбата Самоков, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според пријавата од командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод, пожарот избувнал по ноќна експлозија на буре со хемикалии складирани во веќе зафатениот магацин. Во текот на денот се случила и втора експлозија на друго буре, по што огнот се проширил повторно.Во моментов, гори ниска вегета

Македонија | пред 1 година

gjorgievski

Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја градиме заедно со граѓаните преку теренски посети и отворена комуникација

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Дневникот на телевизија Сител. Ѓорѓиевски кажа дека веќе започнал со теренски посети и дека програмата ќе ја гради заедно со граѓаните, со цел да се одговори на сите нивни потреби. Тој ја истакна високата реализација на програмата во Кисела Вода, која е резултат на конкретни проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.„Ова е еден од правилните начини, од една страна граѓаните подолго врем

Скопје | пред 1 година

stojanoski-2

Стојаноски: Со Ѓорѓиевски, скопјани ќе добијат градоначалник кој е достапен и кој ќе ги реши проблемите

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,Само Вистина“ на телевизија Канал 5. Стојаноски истакна дека со кандидатурата на Орце Ѓорѓиевски, ВМРО-ДПМНЕ испраќа порака до граѓаните за нов почеток. Според него, Ѓорѓиевски е подготвен да го рестартира градот Скопје и да донесе вистински промени кои се во интерес на граѓаните на Скопје.„Со кандидирањето на Ѓорѓиевски сакавме да ја покажеме и да ја испратиме пораката кон граѓаните дека лекцијата од претходните избори е науче

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35-450x270-1

Пукање врз полиција во Битола – едно лице рането и хоспитализирано под надзор

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола врши увид на локација во битолскиот регион каде, според првични информации, лице по кое трагала полицијата отворило оган врз полициски службеници. Во престрелката, еден од полицајците возвратил, при што осомничениот бил повреден, а потоа приведен и задржан на болничко лекување под надзор.Обвинителството соопшти дека се издаваат наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 година

Replika-Jovana-Trencevska

Тренчевска: Семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани заслужуваат и финансиска помош и правда

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на амандманската расправа истакна дека власта очигледно живее во некој паралелен свет, не во светот во кој живеат граѓаните на Кочани, особено семејствата на настраданите.„Чувство на одговорност немате, чувство за поддршка и помош немате, а одговорно излегувате арогантно да забранувате да се зборува за најголемата трагедија што ѝ се случила на Македонија. Тоа е навистина безобразно, навистина срамно. Таа забрана за зборување и забрана за пристап

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Талевски: Потребна е сериозна и одговорна политичка волја за помош на семејствата на жртвите во Кочани

Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Миле Талевски на денешната амандманска расправа за ребалансот на Буџетот, истакна дека наместо реална помош за семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, власта води квази политика врз грбот на овие луѓе.„Ситуацијата со ВМРО е комплетно забегана и нема допирна точка со реалноста. Жртвите и повредените секојдневно бараат помош од сите нас, и треба да им се излезе во пресрет. Наместо тоа, се води квази политика врз грбот на овие нови лу

Македонија | пред 1 година

stojanoski-1

Стојаноски: Граѓаните имаат недоверба во системот заради политиките на СДС и трагедиите кои не резултираа со правда

На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој дискутираше за поднесените амандмани од опозицијата во врска со финансиските средства за повредените од Кочани.„Најмногу можам да ги разберам нашите граѓани, бидејќи во изминатиот период нашите граѓани беа метафорички изгорени од тоа да се случуваат случаи а правдата никогаш да не дојде. Ги разбираме граѓаните со нивната недоверба кон системот бидејќи навикнати се на такви трагеди

Македонија | пред 1 година

droga-bugarija

Кривична пријава за двајца кавадарчани, набавиле амфетамин во Скопје, да го продаваат во Кавадарци

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.С.(39) и Т.А.(38), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ - по член 215 став 1 од КЗ на РСМ.Според документираните сознанија пријавените на 03.06. годинава од непознато лице во Скопје набавиле 185,4 грама наркотична дрога „амфетамин“, наменета за продажба. П

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-07-05-at-13.09.35

Експлозии на буриња со хемикалии – активиран повторно пожарот во близина на фабриката за оружје во Самоков

Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод пријавил дека повторно е активиран на пожар во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населба Самоков.ЦУК наведува дека иако претходниот отворен пожар во магацинот беше локализиран пред неколку дена, во ноќните часови била забележана експлозија на буре со хемикалии складирани во веќе зафатениот магацин. Во текот на денот дошло и до втора експлозија на друго буре со хемикалии, по што пожарот повторно се актив

Македонија | пред 1 година

nevreme-Zagreb

(ФОТО) Силно невреме направи вистински пустош низ Загреб

Силна невреме проследено со силен ветер и обилни дождови го погоди Загреб утрово, предизвикувајќи големи штети. Државниот хидрометеоролошки завод (DHMZ) издаде предупредување за моќни електрични празнења со силен ветер во пет окрузи.Дирекцијата за цивилна заштита, или Окружниот центар 112, во текот на утрото примила околу 30 пријави од граѓани за последиците од бурата во Загреб, кои се однесувале на откорнати дрвја што паднале на патиштата, скршени гранки и оштетувања на возила и покриви.Државни

Свет | пред 1 година

hermelini

Состојбата со пожарите сѐ уште сериозна – осум активни пожари низ земјата, најмногу во регионот на Македонски Брод

И покрај ангажманот на институциите, состојбата со пожарите на отворен простор во земјава и натаму не е стабилизирана. Според информациите што Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги објави денеска до 14:00 часот, активни се вкупно осум пожари, додека само еден пожар е целосно изгаснат.Најголем дел од активните пожари се лоцирани во општина Македонски Брод, каде се бележат дури три жаришта – кај селото Црешнево, во населбата Самоков и во селото Слатино. Во Црешнево гори деградирана дабова шума

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Ова е епилогот од претресите во Скопје и Куманово: шест лица под истрага, се бара и притвор

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против шест лица, осомничени за организирана и продолжена трговија со наркотични дроги, меѓу кои и амфетамин, марихуана и психотропни супстанции.Според обвинителството, осомничените во периодот од 1 мај до 3 јули 2025 година, во повеќе наврати со умисла извршиле поврзани дејствија на неовластено производство и продажба на дрога, при што користеле ист траен однос и слични околности. Станува збор за околу 6,5 килограми амфетамин, 257 грама мариху

Македонија | пред 1 година

Pozarnikari

Трагедија во Ѓорче Петров: По пожарот кај Лепенец, пронајдено изгорено човечко тело

Вчерашните пожари ја земаа првата жртва, дознава „Скопје1“. Според наши извори, човечко тело е најдено изгорено во штала која била лоцирана во близина на Железничката станица Ѓорче Петров.Телото на човекот е најдено до изгорените тела на добитокот, а просториите биле целосно пеплосани. Информацијата на потврдија од МВР за „Скопје1“.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

LABUBU

Купуваш играчка, добиваш зависност: феноменот Labubu

Зад симпатичните дизајни и привидно невините играчки што ги обожаваат децата, често стојат сериозни маркетиншки механизми и бизниси вредни милијарди евра. Еден од најновите глобални феномени – куклите Labubu – е совршен пример за тоа.Овие мали фигурички не се само играчки. Тие се дел од прецизно осмислена стратегија за продажба, заснована на концептот на „слепа кутија“ – купувачот не знае која верзија ја добива сè додека не ја отвори. Таа неизвесност буди возбуда, адреналин, а кај децата – и сил

Свет | пред 1 година

Krani-kamp

Левица: Компанијата „Агроплод Ресен” незаконски и криминално го издала автокампот Крани за работа на „ИМПЕРИУМ-ПЕТ” ДООЕЛ

Додека директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски држи празни прес-конференции за наводните контроли на неговата институција, Левица објавува докази како само 2 месеци после трагедијата со Кочани, пазарниот инспекторат при вршење надзор не постапил законски и дозволил авто-кампот КРАНИ да продолжи да работи без дозвола!Левица претходно објави дека овој автокамп е криминално присвоен од компанијата „Агроплод Ресен” и истиот формално-правно не постои, односно не е категоризиран с

Македонија | пред 1 година

policija-policaec

Возач во пијана состојба предизвика тешка сообраќајка во Скопје

Тешка сообраќајка во Скопје: Возач со 3,08 промили алкохол удрил во друго возило – три лица повредениНа крстосницата меѓу булеварите „Србија“, „Трета Македонска бригада“ и „12 Македонска бригада“ во Скопје, во саботата попладне се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила – „цитроен“ управуван од 60-годишниот И.К. и „опел антара“ управуван од 23-годишниот Ф.К., двајцата од Скопје.Како што соопшти МВР, во несреќата со тешка телесна повреда се здобил И.К., а полесно се повредени

Скопје | пред 1 година

lami

Во скопската зоолошка градина починале две лами, ЗОО молчи

Советникот во Град Скопје, Стефан Кирков, алармира дека во скопската Зоолошка градина повторно угинале животни – овој пат две лами, при што тврди дека институцијата го прикрива случајот. Според него, поморот трае со години, а состојбата ја опишува како „вистински хорор“.„Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години. Ја нареков куќата на стравот со цел некоја 'умна' глава да превземе нешто за ова што ѝ се случува на оваа установа“, напиша Кирков на своите социјални мрежи

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-07-07-at-11.22.54

Стигнале пријави за мито побарано од медицинари – Алиу молчи за имињата и од кои клиники доаѓаат

Граѓани пријавиле барање на мито од страна на медицинари, кажа Азир Алиу, министер за здравство. Но, засега ова е непријавено до правосудните институции. Посочува дека тие прво ќе ги проверат пријавите, па ќе видат што понатаму.Алиу одби да каже кои клиники биле пријавените, како и дали се од скопскиот Клинички центар.„Прва фаза е, не е добро да именуваме клиники.. Ќе нѐ оставите недела-две. Имаме методологија, свесни сме дека кога креираме систем треба да одговараме“, рече Азир Алиу, министер з

Македонија | пред 1 година

lefkada-brza-pomos

Трагедија во Грција: Девојка се онесвести откако доби предлог за брак – се бори за живот

Трагичен момент го обележа патувањето на млад пар во Лефкада, Грција. Додека уживале во романтичен излет на живописната црква „Пророк Илија“ во селото Енглуви, 24-годишна девојка од Чешка паднала во безсознание веднаш откако нејзиниот партнер ѝ предложил брак.Случајот се случил пред неколку дена, кога младиот маж ѝ го поставил клучното прашање, а таа – во момент на емоции – колабирала и паднала на земја. Била итно пренесена во болница во Превеза, каде лекарите констатирале екстензивно мозочно кр

Свет | пред 1 година

Vardar

Пронајдено тело на непознат маж во Вардар кај Велес – наредена обдукција

Во реката Вардар, на влез во Велес вчера напладне е пронајдено починато машко лице, чиј идентитет сè уште не е познат.„Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото НН лице ќе биде дадено на обдукција“, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.

Македонија | пред 1 година

policiska-lenta

Македонец и двајца Бугари загинаа откако автомобил удри во маса во ресторан во Разград

Трагедија се случи во бугарскиот град Разград, каде што 58-годишен Македонец, заедно со двајца бугарски државјани, загинаа откако во нивна насока удри автомобил додека седеле на маса во ресторан, јави ТВ Стар.Покрај Македонецот, кој имал 58 години, животот го загубија и двајца бугари, на возраст од 62 и 64 години, со кои седел на истата маса во моментот на несреќата.Според првичните резултати од тестирањата, возачот на автомобилот, кој има 19 години, не бил под влијание на алкохол или наркотични

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања