Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-45-8680PM

Се запалиле подруми од зграда во Аеродром, едно лице во болница

Денеска (12.02.2025) во 01.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а М.С. се здобил со повреда додека се симнувал по скалите од зградата и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на помош. жИзвршен бил увид.

Скопје | пред 1 година

IMG_3678.00_00_14_02.Still004

Малолетник од Љубанци претепан на Бит Пазар, во друг случај настрадал и 38-годишен скопјанец

На 11.02.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, А.Ш.(41) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 13.10 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, при што едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда.На 11.02.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, Ф.С.(38) од Скопје пријавил дека на 10.02.2025 околу 18.40 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Џ.А.(55) и Џ.А.(19), двајцата од Скопје, кои употреби

Скопје | пред 1 година

ustaven-sud

Ако Собранието за шест месеци не го корегира Кривичниот законик, тоа ќе го прави Уставен

Уставниот суд донесе одлука да се поведе постапка за оценување на уставноста на Законските измени и дополнувања на Кривичниот законик, во целина.Дополнително, одлучено е Уставниот суд да испрати Известување до Собранието за сомнежите и сознанијата во овој предмет и да му даде рок од максимални шест месеци за да ги коригира спорните законски одредби.Судот во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека оспорениот акт е во спротивност со темелните вредности на уставниот поредок, односно дека е во сп

Македонија | пред 1 година

policija-1313

Исти шеми, други жртви: Скопјанка платила 6.000 евра на лице кое лажно и дојавило дека ќерка и прегазила дете

На 11.02.2025 во 13.10 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 била измамена од едно машко лице за сума од 6000 евра.Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сакала таа да лежи во затвор требало да плати.Како што е пријавено, парите ги оставила на претходно договореното место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

klinika-brza-pomos

Скопјанец бил однесен со повреди на Клинички

На 11.02.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.И.(60) од с.Матка, скопско.Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба.

Македонија | пред 1 година

kocevski1111

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал, меѓутоа, како што рече довербата не ја оправдал.„Па, не би го коментирал него повеќе, јасно кажа Владата. Имаше тој, доволно можност да се размрда, да се покаже како б

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

„Сложни попови и во петок мрсат“: пратениците не се откажуваат од вртоглаво големи суми за патни трошоци

Дел од пратениците кои земаа вртоглави суми на пари за патни трошоци, ќе можат да продолжат да го прават тоа. Пропадна обидот за намалување на сумите за патарини, гориво, амортизација на возилата. Левица не доби поддршка од владејачкото мнозинство. Левица поднесе предлог – законот за ограничување на патните трошоци, со цел трошокот да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 километри (околу 500 денари).Тоа би значело ако некој пратеник патува дневно 200 километри во два правци ќе земе окол

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-09.32.13

Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на СДС, обвинителството го претвори во нивна испостава, вели Петрушевски

„ЈО Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на СДС, обвинителството го претвори во нивна испостава“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:МВР и другите институции покренаа десетици постапки, а реализацијата од ЈО е рамна на нула.Иако имаше шанса од неколку месеци, да покаже дека може да работи по закон, тој продолжи да биде послушник на СДС.Граѓаните со право се разочарани од обвинителството и судството. Љупчо Коцевски, како шеф на ЈО целосно се фрли во заштита на

Македонија | пред 1 година

maksim-dimitrievski1

ЗНАМ нема да поддржат намалување на патните трошоци како што бара Левица, ниту кажаа конкретен став дали се високи или ниски

Пратениците од движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, нема да гласаат за намалување на патните трошоци. Тие сметаат дека Левица прави популизам, со оглед дека со законското решение е само сопствена промоција.„Пратениците од ЗНАМ не наплаќале и нема да наплаќаат патни трошоци. Само еден колега има добиено 30.000 денари, за амортизација, гориво, патарини. Нашиот став за предлогот на Левица, останува принципиелен, ќе ги игнорираме сите предлози чија единствена цел е популизам и креирање на театар з

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-12-at-10.45.37

Екссоветничката на Заев уште не знае дали ќе поднесе оставка од Судскиот совет по интерпелацијата

Членот на Судскиот совет, Тања Чачарова-Илиевска ја примила интерпелацијата и најави дека ќе одговори на истата. Немаше конкретен одговор дали ќе понесе оставка, бидејќи интерпелацијата не го наложува тоа, но доколку се изгласа недоверба тоа ќе значи дека тие кои ја избрале веќе не сметаат дека треба да биде дел од највисокото судско тело.„Ја примив интерпелцијата вчера, за став не сум подготвена сега. Ја прочитав, но немав можности за добро да ја разгледам. Тоа што ми падна во очи дека тоа не е

Македонија | пред 1 година

SLIKA-10-CF

Кампања на Mozzart  „Повеќе од гол” – Филип Кузмановски ја намени донацијата за Детската клиника во Скопје

Лидерот во приредување игри на среќа, не престанува со реализација на добри дела и се повеќе ја зацврстува лидерската позиција во хуманост.Една од поголемите хуманитарни акции кои ги организира и реализира Mozzart е кампањата „Повеќе од гол” каде компанијата овојпат донираше по 5000 денари за секој погодок на македонската ракометна репрезентација на СП 2025.Годинава нашите ракометари постигнаа вкупно 181 погодок, со што собрани беа 905.000 денари.Амбасадор на кампањата е капитенот на македонскат

Македонија | пред 1 година

ujp

„Црната листа“ на УЈП: еве кои се фирми должат на државата, над 5 илјади должници се истите од минатиот период

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници. Листата ги опфаќа долговите доспеани до 31.10.2024 и неплатени до 31.01.2025.Вкупниот број на должници објавени на оваа листа изнесува 5,705. Нивниот вкупен долг е 11,053 милиони ден.Од претходната листа бр. 01/2025, се повторуваат 5,567 должници, од кои: 3,158 должници имаат зголемен долг за 137,5 милиони денари. 271 должници имаат намален долг за 159,4 милиони денари. 2,138 должници имаат непроменет долг“, објави директорката Елена Петро

Македонија | пред 1 година

sobranie-sala

Пред пратениците можност за намалување на патните трошоци; „Земаат вртоглави суми, а не донираат за болни дечиња“, пишува доктор Лазаров

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица објави дека денеска е денот „Д“ за ограничување на патните трошоци кои ги земаат пратениците, а докторот Ненад Лазаров објави дека досега ниту еден пратеник не донирал пари за лекување на деца преку платформата „ECrowd.mk“. Двете работи се врзуваат со тема која со години ја фрустрира јавноста, со оглед дека илјадници евра народни пари се исплаќаат за народните избраници да можат да одат од дома до работа и назад.„Според сегашната манипулативна методологија, з

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-nokje-3

Средношколки прегазени од мотоцикл во Скопје - семејството: Возачот свесно не закочил

Две средношколки биле прегазени од мотоцикл додека оделе кон училиште минатиот вторник, сведочи семејството на едно од девојчињата за „Скопје1“. Тие посочуваат дека мотоциклот свесно не закочил, а не им укажал ниту помош. Според сведочењето на девојчињата, помош им укажале лица кои се движеле со камионче. За кратко, лицето со мотоциклот се вратило, па и кажало на прегазените дека можат да се договорат, да не помислуваат да викнат полиција. Девојчињата со Брза помош биле однесени во болница. Наст

Скопје | пред 1 година

IMG-26d30f9b870539557215b1043b592a02-V

Потпишана спогодбата за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока со Украина

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри на Украина.Двајцата потпретседатели во име на владите на двете земји го потпишаа Протоколот за измена на Спогодбата меѓу Македонија и Украина за меѓународниот патен превоз на патници и стока.Со измените на Спогодбата се предвидува, двете земји да воведат либерализација за билатералниот и транзитниот превоз во меѓун

Македонија | пред 1 година

1b8f4677-0380-4b1d-83c5-2c2bd850d57e

(Видео) Албанскиот премиер удри со тупаница на маса за време на преносот во живо и пцуеше

Албанскиот премиер Еди Рама во еден момент ги загуби нервите за време на директниот пренос на неговиот говор на социјалните мрежи вчера и почна да удира по масата. Снимката брзо стана вирална.За време на преносот, Рама го коментираше апсењето на неговиот близок соработник, градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијај.„Тој беше отстранет од функцијата без судење, затворен во ќелија, а Тирана остана без лидер“, рече Рама.Градоначалникот на Тирана вчера беше приведен од полицијата врз основа на истрага

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-12-at-07.48.43

Маск: Федералните работници се неуставна гранка на власта, тие се помоќни од претседателот.

Елон Маск се појави во Овалната соба на американскиот претседател Доналд Трамп, каде пред новинарите ги бранеше потезите на администрацијата на Трамп во федералната влада и ограничувањето на трошоците.Нивното заедничко појавување дојде кога Трамп потпиша извршна наредба со нови насоки за федералните агенции за спроведување на иницијативата на Одделот за владина ефикасност (DOGE), за која Маск и Трамп велат дека има за цел да ги намали прекумерните владини трошоци.Трамп изјави дека DOGE веќе откр

Свет | пред 1 година

pretres-s11

Вечерва во „Претрес“: Семејството на загинатата Викторија кај „Сити мол“ за правната голгота и осудениот Ацо за „27 април“

Во денешниот „Претрес со Ландов“, во живо:Славе Николов, татко на загинатата Викторија кај „Сити мол“ ќе зборува за правната голгота и казната под законскиот минимум којa ја доби возачот што на пешачки го прегази младото девојче.Отвораме и втора тема - 27 април. Александар Јаневски, познат како Ацо Тошта, осуден за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села при упадот во Собранието ќе зборува за случајот, до каде е ослободувањето, за пресудата..Среда, 20 часот, во живо на јутуб-каналот prvatvmk

Македонија | пред 1 година

kocevski-1

Кој е Љупчо Коцевски кој завршил Правен на 32 години, а Владата сака да го смени по само една година мандат?

Владата не мисли дека државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој на 32 години дипломирал на Правниот факултет, добро го научил или применува правото.Иако беше очекувано неговото предвремено збогување со функцијата, Коцевски самоуверено настапуваше дека со неговиот избор за државен обвинител работите тргнале на подобро.Коцевски минатата година ги исполни условите за заминување во пензија бидејќи наполни 64 години. Доколку помине процедурата за разрешување која ја иницираше Владата и гласаат најмалку

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-12-at-07.22.39

Масовен балистички напад на Киев, станбени згради горат во метрополата: „Вака Владимир Путин сака да ја заврши војната!“

Во раните утрински часови, руската војска извршила ракетен напад врз Киев, објавија украинските власти, а пренесува Ројтерс.„Вака Путин сака да ја заврши војната. Русија изврши ракетен напад врз Киев и неговата околина“, објави Андриј Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека најмалку едно лице загинало во нападот, а избувнале и неколку пожари во станбени и нестанбени згради. Меѓу повредените има и деветгодишно

Свет | пред 1 година

kocevski1111

Мицкоски му сплете „свилен гајтан“: Љупчо Коцевски на пат да биде државен обвинител со најкраток мандат

Љупчо Коцевски од функцијата државен јавен обвинител, најверојатно ќе се збогува за нецела година откако е избран, наместо за шест години колку што му трае мандатот. Иако секогаш во одбрани медиуми, милуваше да каже: „Јас како државен обвинител“, или: „Откако јас сум државен обвинител“, па да се пофали дека многу работи, од транспарентност до ефикасност, сепак изгледа ќе биде државен обвинител кој бил најкратко ја извршвувал највисоката фиункција во хиерархијата на Обвинителството.Иако со некои

Македонија | пред 1 година

sv-erazmo-ohrid

Костозглобна во Охрид ќе биде реконструирана и ќе добие ново крило

На денешната седница на Влада се донесе одлука за реконструкција и изградба ново крило на болницата „Св. Еразмо“ - Костозглобна во Охрид.„Со денешната одлука предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување.Св.Еразмо - специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија.Продолжуваме посветено во сите сегмент

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2025-02-11-at-16.30.45

Владата со одлука како да се намалат цените низ маркетите

Портпаролката Марија Митева кажа дека Владата расправала за високите цени во маркетите. Наскоро ќе има нова маржа, со која, треба да се намалат цените кај голем дел од производите.„Одлука за 10 процентно ограничување на маржата за трговија на мало и големо на основните прехрамбени производи, на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници. Но истата да се дополни со средствата за хигиена како што се детергентите, но и со бебешка храна и други непрехрамбени производи кај кои има го

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-11-at-10.17.33

Убиениот Хебиб е син на поранешен функционер на ДУИ

Лицето кое загина вчеравечер на територија на Чаир е Хебиб Буњаку, син на Екрем Буњаку кој е ексфункционер на ДУИ, а сега вработен во Општина Чаир, кој во 2013 година беше и директор на Државната техничка инспекција. Пријателите на Хебиб се простуваат од него на социјалните мрежи.„На Аллах му припаѓаме и само на Него ќе се вратиме! Хебиб Буњаку, најдобриот син на нашето маало во Серово, познат по широкото пријателство низ фудбалот, и по многу други атрибути, почина и Хебиб беше син на Екрем Буња

Коментари | пред 1 година

Habib-Bunaku-960x573-1

Караница за сообраќај резултирала со вадење пиштоли и убиство во Чаир

Недоразбирање во сообраќај е причината за расправијата во Чаир. По караницата, почнало пукањето. Неофицијално, според дел од медиумите, кавгата поточно била за паркинг место.Во пукањето, Хебиб Буњаку, син на Екрем Буњаку кој е ексфункционер на ДУИ, бил погоден со еден куршум што го усмртил на лице место. Другото лице, има две прострелни рани, но не е во животна опасност. Има и трето повредено лице кое е на лекување на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Пукањето се случило на полноќ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања