Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Screenshot-2024-01-28-at-12.19.57

Странски новинари развозувани со владини возила, па привилигирани во Собранието, реагира ЗНМ и бара објаснување од Јован Митрески

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на РСМ до новоизбраниот Претседател на Собранието, Јован Митрески.„По пријава до ЗНМ од страна на новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот ден, четворица новинари биле привилегирани од страна на службите за сметка на новинарите и медиумските работници од домашните медиуми. Според видео прилогот и укажувањата на порталот Port

Македонија | пред 2 години

AHMETI-GRUBI-KOVACEVSKI-4

„СДС го моли ДУИ за заеднички листи, откако командант Форина го направија премиер“

„Македонија ги доживува најсрамните времиња приредени од Ковачевски и СДС. СДС на поклон ја даде Македонија на ДУИ, Ахмети и Талат Џафери, само за да си ги спасат фотелјите, само за да продолжат со криминалот и корупцијата го направија Талат Џафери или командант Форина премиер на Македонија. Дното е достигнато“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Еден дезертер заменет со друг дезертер. Криминалците имаа држава ама сега својот криминал го овенчаа и со премиер. Еден криминалец

Македонија | пред 2 години

collage-dzaferi

(Видео) Не патам со што доаѓам, вели Џафери откако со „мерцедес“ и ротации отиде во Форино како премиер

На техничкиот премиер Талат Џафери му е сеедно дали ќе го возат со „мерцедес“ или приватно ќе си оди, а откако „Скопје1“ објави снимка каде тој во селото Форино беше дочекан како „командант“, а пристигнувањето му беше со службено возило и придружни полициски возила.„Иронијата за 'мерцедесот' верувам дека не е во служба на никого, јас не патам со што доаѓам, дали со 'мерцедес' или приватно ќе си одам дома“, кажа Џафери. Претходно, „Скопје1“ објави дека Талат Џафери со песна, овации и радост дочек

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-32-9790PM

Малолетник прегазен и со тешки повреди - несреќа на патот Скопје-Куманово

На 28.01.2024 вo 18.45 часот во СВР Скопје било пријавно дека на регионален пат Скопје-Куманово, во с.Арачиново, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(37) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од Скопје.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 2 години

2

Без камери: Тошковски седна во министерската фотелја од Спасовски

Денеска во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер Оливер Спасовски ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на овој ресор Панче Тошковски.„На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на г-динот Спасовски за неговиот досегашен анганжман во министерството“, велат од МВР.Примопредавањето на функцијата беше без медиуми и камери.

Македонија | пред 2 години

sdsm-45134

Драго ни е што СДС си ги одбројуваат деновите до сопствениот пораз, со таква неопислива среќа и радост, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со внимание го проследивме последното соопштение на СДС каде одбројуваат уште 99 дена до изборите“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Иако е иронично, но би додале дека е секако суицидно СДС да си ги одбројува деновите до сопствениот пораз.Не знаевме дека со таква неопислива среќа и радост, наспроти колективната несреќа и тага ќе ги прославуваат деновите кои командант Форина Талат Џафери ќе е премиер.Тој поклон даден од СДС, покажува дека богато ја омажија невестата, за свој личен и лукративен интерес.Д

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Папата: Сите на крајот ќе го сфатат благословот за геј паровите, освен Африканците

Папата Фрањо во интервју објавено денеска рече дека е уверен дека критичарите на неговата одлука да дозволи благослов за истополовите парови на крајот ќе ја разберат, освен Африканците за кои рече дека се „посебен случај“ бидејќи за нив „хомосексуалноста е нешто лошо“ од културна гледна точка“.Благослововите беа одобрени минатиот месец во документот Fiducia Supplicans (Молитвено доверба), кој предизвика широка дебата во Католичката црква, со особено силно противење од африканските бискупи.„Оние

Свет | пред 2 години

Bajden

Бајден најави одмазда за убиството на американските војници: „Тие ќе одговорат како што ќе одлучиме!“

Американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека одговорните за нападот врз американската база во Јордан, на границата со Сирија, во кој загинаа тројца американски војници, а најмалку 34 се ранети, ќе одговараат, посочувајќи дека нападот со беспилотно летало е „радикален милитант групи“ поддржани од Иран“.„Оние кои се одговорни за нападот ќе одговараат во време и на начин што ние ќе го избереме“, рече Бајден.Тројца американски војници загинаа, а најмалку 34 се ранети во напад со беспилотно лет

Свет | пред 2 години

oRFyM-3803431-collage465878-ls

Париз денеска ќе биде блокиран: Над 600 трактори се упатуваат кон француската престолнина, 15.000 полицајци на улиците

Француските земјоделци најавија дека денеска повеќе од 600 трактори ќе блокираат осум автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција.Владата најави дека ќе бидат мобилизирани 15.000 полицајци за да спречат трактори да влезат во „Париз и поголемите градови“, јавува БФМ ТВ. Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, вчера разговараше со своите најблиски соработници за одговорот на полицијата на заканите на незадоволните земјоделци.Дарманен им наложи на поединечните слу

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Како беше пречекан Џафери во неговото Форино: се вози ли со тоа на „м“?

Талат Џафери со песна, овации и радост дочекан во Форино, истиот ден кога ја презеде функцијата технички премиер. Неговите соселани го чекаа пред капијата на неговиот дом во вечерните часови, а тој пристигна во придружба на полиција во „мерцедес“, но засега не е потврдено дали станува за „тоа на м“, поради кое Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски лежеа затвор. Снимка од пристигнувањето беше објавена и на социјалните мрежи од негов соселанец. Во позадина, на снимката, тече песната „Командантот ја п

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-29-at-09.04.05

Заменикот во МВР на СДСМ, Бојмацалиев: Очекувам работење исклучиво по закон од страна на вработените во МВР

„Денеска стартува техничката Влада на Република Северна Македонија, задолжена за спроведување на фер и демократски изборен процес, а во која ја извршувам должноста дополнителен заменик министер за внатрешни работи“, вели заменикот-министер за МВР, Бојмацалиев и додава:Во овој контекст, сакам да ги истакнам моите и напорите на мојот тим за заштита на личните податоци на граѓаните и за зајакнување на капацитетите на полицијата, со цел обезбедување на мирен тек на изборите. Со подготвеноста и профе

Македонија | пред 2 години

155664342864a660c9bc40c833471337_v4_big

Евакуирани судовите и обвинителството во Црна Гора

Зградата во која се наоѓаат Врховниот, Вишиот и Апелациониот суд на Црна Гора утрово е евакуирана поради заканувачка порака која пристигнала на нивните адреси.Во пораката стоело дека во тие судови биле поставени експлозиви и антракс.Поради заканата, евакуирано е и Врховното државно обвинителство, а во заканувачкиот мејл пишува дека експлозиви биле поставени и во општина Подгорица.

Свет | пред 2 години

gjorge-david-141

(Видео) Ѓорѓе Давид до медиумитe: Ми правите пекол од животот, во Македонија сум, со насловите создавате омраза кај Обвинителството

Рокерот Ѓорѓе Давид (Николиќ) за кого кумановскиот суд донесе одлука да му ги врати документите за да може да ја напушти Македонија, за првпат се обрати на јавноста. Тој порача дека пасошот уште го нема кај него, па најави дека кога ќе ја напушти државата, прв ќе објави. Тој посочува дека има проблеми со кумановското Обвинителство, секојпат кога ќе се појави наслов дека заминал од нашата држава. Ова е прво негово обраќање откако близу „Табановце“ смртно прегази 49-годишна жена. „Јас ги замолувам

Македонија | пред 2 години

zemjotres

Земјотрес почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 28.01.2024 година во 18 часот и 38 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km источно од Скопје, во епицентралното подрачје Св. Николе - Штип, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почу

Македонија | пред 2 години

IMG_2343

Талат Џафери е можеби поинтелигентен и од Алберт Ајнштајн, вели неговиот брат

Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем – вели во изјава за косовската телевизија „Клан“, Нешат Џафери, брат на техничкиот премиер Талат Џафери„Знаев дека ќе биде изгласан затоа што не ги остава работите на половина“, вели Нешат Џафери, брат на техничкиот премиер Талат Џафери, кој од семејниот дом го следеше изборот на техничката влада, а на гости му беше екипа од косовската телевизија „Клан“.Според Н

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-28-at-12.52.49

Избрани и замениците-министри во Владата од 16 ресори

Собранието на Република Северна Македонија попладнево ги избра заменик-министрите во преодната Влада, која, пред парламентарните избори годинава, ќе ја предводи Талат Џафери.Со 66 гласа „за“ пратениците, во рамки на 142. пленарна седница ги изгласаа кандидатите за заменик-министри што ги предложи Џафери, откако денеска, на 141.седница, беше избран за претседател на Владата на Република Северна Македонија.Освен заменик-министри во 16 ресори на Владата, Џафери предложи и дополнителни заменик-минис

Македонија | пред 2 години

WhatsApp-Image-2024-01-28-at-16.05.54

(Фото) Почетокот не ветува единство: Вмровските министри не сакаат слика со Талат и министрите од мнозинството

Почетокот не ветува единствена и работа во интерес на граѓаните. Прифатија, дадоа свечени изјави, ќе примаат плати од граѓаните, но првиот чекор е како да ја бојкотираат Владата во која се избрани.Двајцата министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за внатрешни работи и за труд и социјална политика уште на почеток го изигнорираа Талат Џафери но и колегите со кои од утре треба да седат на владините седници и да носат одлуки.Џафери уверуваше да не бидат загрижени граѓаните: @Бидејќи работата на Владата ќ

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-28-at-12.03.49

(Видео) „Да допее Али и ќе почне седницата за избор на Влада“

Седницата за избор на техничкиот премиер Талат Џафери и министрите во техничката Влада доцни повеќе од саат, додека пратениците на ДУИ, со Али Ахмети и Артан Груби слават во собраниските кабинети. Ова се гледа од вклучувањето во живот на Груби, кој цел саат објаснуваше како ова е историски момент за Албанците. Во неколку наврати во обраќањето на албански јазик, Груби го споменува УЧК, ветераните на УЧК, командантите на УЧК. Во кабинетот се славеше со песна.Во видео споделено претходно, се гледа

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-28-at-14.07.45

(Видео) Апасиев го стави на испит новиот спикер

„Кој од вас двајца постапува правилно? Дали Талат Џафери, со двојазичност за која протестиравме три години, или вие со еднојазичноста? Бидејќи не може од етничката припадност на функционерот да зависи примената на законите!“, праша пратеникот Димитар Апасиев оти добил два документи, од кои едниот преведен, а другиот без превод на албански јазик.Тој додаде:„Според членот 44 од преодни и завршни Одредби од Законот за Влада, кој вели дека заради организирање избори на пратеници, Собранието по предл

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-28-at-12.19.32

(Видео) Избрана техничката Влада, Талат Џафери стана премиер

Од 68 пратеници, 65 пратеници гласале „за“, тројца биле „против“, а воздржани нема. Со ова е избрана техничката Влада, чиј претседател е Талат Џафери.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за техничката Влада и не го прифаќаат Талат Џафери за технички премиер. Од говорницата, Антонио Милошоски ги искритикува ДУИ и СДСМ. Пратеникот Дарко Каевски, пак, кажа дека негласањето е алиби на ВМРО-ДПМНЕ оти ќе ги поразеле на изборите.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-28-at-13.40.11

(Видео) Ахмети се смета за господар во Македонија: Јас бев кираџија додека бев во гимназија

Пратеникот Али Ахмети кој е и лидер на ДУИ, се пожали како кога бил мал, бил дискриминиран. Тој кажа дека пратениците Антонио Милошоски и Павле Трајанов го инспирирале да говори за минатото. Посочи дека никој не е кираџија во Македонија. Ги праша дали им е поубаво сега или пред 20-30 години, па посочи дека сега живеел добро.„Почитуван Милошоски, кога вие сте биле роден, јас сум бил во гимназија, но, бев под кирија. Ставен на страна од тие кои владееја во тоа време. Јас како млад, не сум бил рам

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-28-at-13.15.59

(Видео) Терористички напад во Истанбул: Нападната црква, има мртви

Двајца маскирани напаѓачи извршија вооружен напад на католичка црква во Истанбул за време на неделна богослужба во која едно лице беше убиено, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.ж Според соопштението на Јерликаја, вооружени напаѓачи упаднале во црквата Света Марија во истанбулската населба Сариер во 11:40 часот по локално време, јавува турската служба Си-Ен-Ен. „Денеска во 11:40 часот по локално време во вооружен напад на католичката црква Света Марија во областа

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-01-28-at-13.12.45

СДСМ ќе гласа за техничката Влада и Џафери, рече Каевски

Ставајќи го интересот на државата на прво место пратениците на СДСМ како прогресивна и проевропска партија, заедно со пратениците од мнозинството, ќе ја поддржи техничката Влада во македонското Собрание, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски од собраниската говорница при изборот на техничката Влада.-Нема да дозволиме ДПМНЕ да фрли дамка на изборниот процес а со тоа и на двојната победа на проевропскиот фронт на претседателските и на парламентарните избори. Заедно со мнозинството пра

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-28-at-12.52.49

(Фото) Излегоа од салата: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги оставија ДУИ и СДСМ сами да гласаат техничка Влада

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека нема да ја гласаат техничката Влада. По говорите на мандатарот Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пратениците излегоа од салата.Откако излегоа од салата, на говорницата излезе Дарко Каевски од СДСМ кој најави дека Ковачевски пак ќе биде премиер, а СДСМ ќе формира Влада. Според него, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразена и сака намерно да ги проблематизира изборите.Претходно:

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-28-at-12.35.05

Милошоски: Македонскиот народ стана кираџија - еден дезертер замина од премиерската функција, друг дезертер да седне

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски рече дека Димитар Ковачевски, кој е дезертер, ќе стане од фотелјата, за да седне Талат Џафери кој исто така е дезертер од АРМ. Милошоски укажа дека ниту еден од двајцата немаат искрени чувства кон Македонија. Ја искритикува СДСМ дека ја продале куќата.„Еден дезертер даде оставка, другиот ќе седне на фотелјата. Исто како што беше Џафери најлош, така и Ковачевски ќе биде. Пратениците на ДУИ нема пратеници и број на гласови за да избере премиер. Но Ковач

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања