Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

JSP-avtobusi1-1-750x430

ЈО: Обвинителен акт против четири лица за набавка на двокатните автобуси

По спроведената истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. При спроведување на постапка за јавна набавка, обвинетите како соизвршители ја искористиле својата службена положба и овластување и спротивно на Законот за јавни набавки, прибавиле корист за економскиот оператор од Р.Кина на начин што незаконски го фаворизирале и со него склучиле договор за набавка на 202 двокатни автобуси. Со извршените дејствија нанеле штета на Буџетот на РМ во износ од 293.773.226,00 денари или 4.772.920 евра.Имено, по три неуспешни постапки за набавка на двокатни автобуси што биле спроведени во текот на 2008 и 2009 година, во месец февруари 2010 година била спроведена нова постапка за јавна набавка. При отварање и разгледување на понудите доставени по јавниот оглас за набавка на 200 автобуси од затворен тип и два автобуси од отворен тип, обвинетите С.Ф.П. (47) како претседател и И.Ј.(36) и Ј.Ј.А.(62) како членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка на двокатни автобуси за ЈСП на Град Скопје, во договор со првообвинетиот М.Ј.(43), постапиле спротивно на Законот за јавни набавки и фаворизирале економски оператор кој до денот на отварањето на понудите немал доставено банкарска гаранција на понудата и сертификат за квалитет ИСО 9001:2000 како што било пропишано во тендерската документација. Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди. И покрај тоа што понудата на економскиот оператор од Р.Бугарија била за 4.772.920 евра пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на првообвинетиот да склучи договор со него.Првообвинетиот иако знаел за недостатоците на избраната понуда, наместо да ја поништи постапката за јавна набавка поради битни пропусти, тој донел Решение за избор на најповолна понуда и склучил Договор за купопродажба на автобуси на износ од 35.425.410,00 евра. Со дејствијата опишани во Обвинителниот акт обвинетите сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување предвидени и казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.​

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-punkt-boris-trajkovski

Филипче ќе воведува рестрикции за невакцинираните

Здравствените власти размислуваат за евентуално воведување рестрикции од наесен за невакцинираните граѓани, најави министерот за здравство Венко Филипче.-Нашите анализи покажуваат дека здравствениот персонал е вакциниран во висок процент. И ги чекаме анализите од опфатот на вакинација во градинките и училиштата. Свесни дека можеби и покрај тоа се што правиме нема да се зголеми интересот, затоа размисуваме за некаква форма на рестрикција. Не може да биде вакцинација задолжителна, за жал. Никаде во светот не е. И затоа мораме да размислуваме и за некои други алтернативни решенија – да се присуствува на настан со масовно присуство, дали на затворено дали на отворено, дали во кина или културни настани само со таков сертификат и можно е тоа да го препорачаме од есенските месеци за да го зголемиме опфатот, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

Popis_2021

На 20 јули ќе биде објавен Конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис

Државниот завод за статистика ги интензивира организациските подготовки за претстојниот Попис 2021 кој ќе се спроведе од 5 до 30 септември. Со цел навремено да се изберат потребните реонски попишувачи и инструктори и да се остави доволно време за нивна обука, ДЗС го објавува Конкурсот со кој ќе се бараат 5055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50-те пописни реони. Условите се: кандидатите да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да поседуваат компјутерски вештини. Пријавувањето ќе се врши преку веб-апликацијата која ќе биде поставена нa веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk, a документите ќе се доставуваат по пошта до Државниот завод за статистика, или кандидатите ќе можат да ги донесат на денот на закажаното тестирање во комисиите на пописните реони.Ги повикуваме сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, да се пријават на Конкурсот и да дадат свој придонес во успешното спроведување на оваа најголема статистичка акција која има извонредно значење за секој од нас, но пред сè, за државата во целина, се вели  во соопштението од Државниот завод за статистика .

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Македонија останува на портокаловата листа за патување на Кипар

Во новата листа со категоризација на земјите за кои е дозволен влез на Кипар, објавена од Министерството за здравство, Македонија и понатаму е во портокаловата зона, односно за патување на островот, задолжителен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред заминувањето, јави дописничката на МИА од Атина.Државите членки на ЕУ, како и третите земји, во зависност од епидемиолошката слика поделени се во три категории: зелена, портокалова и црвена, за секоја од нив важат посебни правила, а оние кои не се во некоја од овие зони се во сивата категорија.Нашата земја, од минатата седмица, од црвената категорија веќе е преместена во втората, портокалова зона.Во првата (зелена) категорија земји со ниска опасност се 30 држави и за нив не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту карантин по пристигнувањето.За земјите од втората (портокаловата) категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен тест направен 72 часа пред патувањето и заедно со Северна Македонија, се и Ирска, Холандија, Грција, Луксембург, Белгија, Андора, Азербејџан, САД, Јапонија, Канада, Катар, Кина, Либан, Јужна Кореа, Саудиска Арабија и Србија.Во третата категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории“, вклучени се 20 држави, задолжителен е негативен тест ПЦР тест 72 часа пред поаѓањето и уште еден по пристигнувањето на Кипар.Конкретната категоризација на земјите стапува утре во сила.Во однос на вакцинираните туристи, од Министерството за здравство на Кипар посочуваат дека од 10 мај, ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се оние кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите- членки на ЕУ, од Европската економска зона, како и од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада, Кувајт и Кина.За вакцинираните, исто така, потребно е да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон) или со Спутник В, Синофарм или Синовак.Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.cy/ .фото: Travel Advisor

Македонија | пред 4 години

Marina

Собрани дел од средствата, но недостасуваат уште - дали можеме да и помогнеме на Марина?

ФБ објава ...За само неколку дена се успеа да се соберат 5000 евра за Marina Guleska. Потребни беа 9000, значи ни остануваат уште 4000 евра.  Дали можеме да и помогнеме на Марина да ги собере потребните парични средства?Нашите 100 денари за Марина значат нормален живот, без парализирана лева рака и нога.Марина е самохрана мајка на две деца, мајка која како и секоја друга мајка сака да се грижи и да ги расте. Но како кога неможе?Марина пред 12 години имала крварење на мозокот по што цела нејзина лева страна од телото останала парализирана. Во март месец беше на роботна терапија во Ниш, но потребен е уште еден третман за да може да се постигне саканиот ефект.Да не дозволиме парите да бидат причина за еден млад живот да може нормално да функционира. Да бидеме поддршка за Марина, да донираме и да и помогнеме да ги собере потребните парични средства.Недостасуваат само уште 4000 евра или само 2460 повици.Да не ја оставиме Марина на пола пат, да донираме и бидеме дел од оваа успешна приказна.

Македонија | пред 4 години

Forum-na-Zeni-na-SDSM-4

СДСМ вечерва на седница на Извршниот одбор ги потврди првите дваесет кандидати за градоначалници, еве кои се ...

По вечерашната седница на извршниот одбор на СДСМ , претседателот на партијата и премиер, Зоран заев ги објави имињата на првите триесет кандидати за градоначалници.Заев вечерва потврди дека Петре Шилегов повторно ќе влезе во трка за прв човек на главниот град.Останатите имиња кои ќе се натпреваруваат на локалните се:-Валандово – Перо Костадинов, Арачиново – Миликије Харими, Богданци – Благојчо Шапов, Босилово – Зоран Зимбаков, Бутел – Велимир Смилевски, Василево – Марјан Јанев, Вевчани – Сашо Јанковски, Виница – Ивица Димитров, Градско – Роберт Бешовски, Делчево – Горан Трајковски, Демир Капија – Лазе Петров, Дојран – Анго Ангов, Зелениково – Борче Гиевски, Карбинци – Јордан Насев, Кисела Вода – Филип Темелковски, Конче – Благојчо Илиев, Крушево – Томе Христовски, Лозово – Ацо Велковски, Маврово Ростуше – Медат Куртовски, Новаци – Љубе Кузмановски, Охрид – Костадин Георгиевски, Петровец – Елизабета Зелениковска, Пехчево – Славчо Пандурски, Пробиштип – Драган Анастасов, Ресен – Живко Гошаревски, Росоман – Стојан Николов, Старо Нагоричане – Жаклина Јовановска, Чашка – Горан Стојановски, Штип – Сашко Николов, Град Скопје – Петре Шилегов, се имињата на кандидатите кои вечерва ги објави Заев.Рече дека одлуките се донесени заедно со граѓаните со помош на анкети во општините за тоа кој треба да биде следен градоначалник во нивната општина. Заев вели дека сите имиња ќе бидат познати до крајот на август бидејќи за некои општини внатрепартиските процедури за избор сѐ уште се во тек.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Огромен пожар над Охрид

Попладнево изби голем пожар на планината над селото Лескоец. Огнот се гледа од Охрид.Наскоро повеќе…

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

25-годишно момче од Штип си го одзеде животот

25-годишно момче се обесило кај археолошкиот локалитет Баргала, јавува локалната штипска телевизија Стар.Телото на момчето го пронашле локални жители. Полицијата извршила увид, а телото е предадено на обдукција.Како што јавува телевизијата, ова втор случај на самоубиство на млад човеч за само еден месец. Претходно на Плачковица било пронајдено тело на 28-годишник.

Македонија | пред 4 години

drimski

На крајот на ГЕФ Дримскиот Проект Дримските земји станаа покоординирани и одбележаа почеток на нова фаза на соработката

Високи преставници од земјите во Дримскиот Басен заедно со заинтересираните страни ја потврдија нивната посветеност за заедничко одржливо управување и заендички напори за развој. 8-мата Дримска Конференција се одржа онлајн на 9 Јули 2021 и беше организирана во рамките на Дрим Корда процесот и ГЕФ Дримскиот Проект на која се направи осврт на целокупниот процес за сорабока за управувањето со Дримскиот Басен и се дискутираа следните чекориГЕФ Дримскиот проект ја поддржа работата со цел да промовира заедничко управување со споделените водни ресурси на прекуграничниот Дримски басен вклучувајќи и развивање на координативни механизми помеѓу различните комитети и комисии на ниво на под басени. Проекотот беше и е главната водилка за поддршка за имплементација на Дримскиот Меморандум од 2011 година и зачетник во креирањето на услови за поблиска соработка помеѓу земјите од Дримскиот басен со цел негово заедничко управување. Операционализацијата на Дрим Кор Групата и нејзиното конституирање како де факто заедничко координативно тело беше еден од најзначајните резултати. Стратешката Акциона програма одобрена на 24 April 2020- која ги вклучува чекорите и активностите за адресирање на главните прекугранични проблеми и Прекуграничната Дијагностичка Анализа се главните документи произлезени од Проектот кои ги формирааат идните насоки на дејствување .Преставниците на земјите од Дримскиот Басен и од меѓународните организации во регионот ги презентираа низните видувања за сегашната и идна соработка за управување со Дримскиот Басен како и контрибицијата во спроведувањето на Дримскиот проект.Во обраќањето Г-ѓа Герта Љубоња, генералниот директор на албанската агенција за управување со водни ресурси истакна “ Ние бевми и ќе продолжиме да бидеме посветени во работата за одржлив развој во Дримскиот Басен кој како уникатен природен ресурс обезбедува услуги и придобивки на луѓето низ целиот басен “ . Г-ѓа Каја Шукова, државен секретар во министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, потенцираше дека имајќи ги во предвид целите на Стратешката акциона програма и предложените мерки можем да потврдам дека Северна Македонија силно поддржува можна нова фаза и нов проект за имплементација Стратешката Акциона Проеграма за Дрим. Истовремено Генералниот секретар на Министерството за животна средина од Косово г-дин Изедин Битиќи наметна дека “ веруваме дека заедно можеме да придонесеме за отворање на нови можности за решавање на заеднички идентфикуваните проблеми за заштита на уникатните хидролошки и биодиверзитетски вредности на Дримскиот Басен.Генералниот секретар во грчкото Министерство за животна средина и енергија , професот Константинос Аравосис во својот говор на отворањето на онфеенцијата посочи на важноста на координираното управување со Дримскиот Басен и го потенцирање значајниот напредок и достигнивање во последните десет години на работење.Тој информираше и за заедничката средба на трите министри за животна средина на која се дискутирање за почеток на работа за зедничките тела за Преспанскит басен во согласност со Преспанскиот Договор од 2000 година. На крајот тој ја истакната и подготвеност на грчката страна за продолжување на соработката во иднина.Димитрис Фалуцос од секретаријатот на Дрим Кор групата и Проектен координатор на ГЕФ Дримскиот проект презентираше преглед на постигнатите резутати во изминатите 5 години во контекст на прекуграничната соработка преку активноси поддржани од Дримскиот Проект, ги презентираше главните резултати како и идните перспективи за зајакнување на прекуграничната соработка. “ГЕФ Дримскиот Проект завршува но ја зајакна соработката помечу земјите од Басенот. Крајот на оваа фаза сигнализира иницирање на нова фаза низ која земјите од Дримскиот Басен ќе работат на имплементација на Стратешката Акциона Проеграма за Дрим.Г-ѓа Лимиа Елтаеб, од УНДП Албанија изјави дека: Предизвиците со кој денес се соочува Дримскиот Басен но и нашите крајбрежија како дел од интегрираниот природен систем се врзани со претерана експлоатација и загадување кои во комбинација со климатските промени ги слабее способностите на екосистемот за негово адаптирање и регенерирање. Преку СДГ 14 Дримските земји ќе потврдат како регионалната соработка може да биде успешна во координираното управување од изворот до морето. Прогресот на Дримските земји кон ЕУ агендата и имплементацијата на Европската рамковна директива за води ќе бидат водечка сила и УНДП ќе го поддржува и натаму заедничките активности во Дримскиот Басен и пошироко.Партнерските организации активни на регионално и национално ниво во Басенот, на Конференцијата информираа за проектите и активностите кои ги спороведуваат со што силно придонесуваат кон остварување на националните приоритети и со тоа директно или индиректно во спроведувањето на Стратешката Акциона Програма за Дрим. Во тоаа насока предложено е да се воспостави годишна координативна средба помеѓу сите иницијативи заедно со Дрим Кор Групата.

Македонија | пред 4 години

remenski

Ременски: Ова што го слушнав денес за ЈО Русковска е на линија на иста кривична одговорност за која се судеше Јанева

Пред почетокот на овој судски случај прва побарав да биде изземена ЈО Русковска од предметот, заради дотогаш очигледни пречекорувања на своите овластувања, напиша на својот Фб профил Фросина Ременски.Во продолжение на објавата Ременски додава:Во јануари поднесов кривична пријава за незаконскиот претрес во домот под директна команда на ЈО Русковска по која се води предмет во ЈО Скопје, а на 17 Јуни претставка до Советот на ЈО и до државниот обвинител Јовевски.Ова што го слушнав денес во Суд е дополнителен аргумент - нова околност која зборува не само за непрофесионалниот однос на ЈО Русковска, туку тоа е на линија на иста кривична одговорност за која се судеше Јанева за која денес слушнавме дека обвинителката Русковска давала непримерни изрази, вели Ременски.Таа додава дека Русковска требало да се изземе уште на почетокот.-Обвинителката Русковска знаејќи ја природата на нејзината комуникација со Бојан и имајќи ги на увид сите материјали кои сега се во рацете на Бојан, не само што требала самата да се изземе од јавнообвинителското постапување, туку требаше да дозволи многу други лица да бидат сослушани во нејзиното обвинителство кои тврдеа дека немале блиски релавии и комуникации со Бојан.

Македонија | пред 4 години

Brza-pomos

Почина пешакот кој го прегази 20-годишник утрово во Скопје

Човекот, кој утрово беше прегазен на пешачки премин почина, информираат официјално од МВР. Според нив сообраќајката ја опредизвика 20 годишно момче од скопското се,ло Батинци.-Утрово во 10.30 часот било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од с.Батинци, скопско, удрило во велосипед, управуван од Б.Љ.(54) од Скопје. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.

Скопје | пред 4 години

26042021_PVRSM_Zaev_MP_Marichikj_pres-konferencija-1

Одлука на Влада: Законски измени за материјален надомест за уште 1.100 стечајци

Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на заедничка прес-конференција, го претставија новиот предлог на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Предлогот на законот денеска беше усвоен на седница на Влада, по предлог на Министерството за труд и социјална политика.Со овој предлог-закон се зголемува опфатот на дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето-плата исплатена по работник претходната година. Со последната измена речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање.„Оваа Влада започнувајќи уште од својот прв мандат во 2017 година, со неколку законски решенија обезбеди финансиски надомест за невработените лица чијшто работен однос престанал поради стечај, ликвидација и технолошки вишок, односно на стечајците. Со овие законски решенија беа обезбедени 11.420 наши сограѓани. Наспроти негрижата на претходната власт која за 11 години владеење успеа да реши само 4.000 стечајни работници, и наспроти долгогодишните лажни и предизборни ветувања, како и заради селективноста во решавањето на нивниот статус, оваа Влада во двата мандата, односно за 4 години, со неселективен пристап и еднакви права за сите, успеа материјално да обезбеди 11.420 стечајци. Со последната измена речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање“, информираше премиерот Заев.Министерката Шахпаска, подвлече дека Предлог законот е подготвен во директната комуникација со граѓаните, како и од анализата на поднесените барања според кои министерството дошло до сознанија дека на некои им недостигале само неколку месеци за да го исполнат условот од 15 години работен однос во претпријатието со доминантна сопственост на државата, поради што не можеле да го остварат ова право.„На денот на поднесување на барањето, невработеното лице треба да е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж); да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и од 31 декември 2020 година до денот на влегување во сила на овој закон, да не било во работен однос. Правото на паричен надоместок во висина од 9.242 денари, невработените лица, односно стечајците ќе го остваруваат се до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување“, извести Шахпаска.

Македонија | пред 4 години

subvencii

На 84 охридски домаќинства им се исплатени вкупно 1.154.000 денари како субвенција за набавка на инвертер клима уред

На 84 охридски домаќинства им се исплатени вкупно 1.154.000 денари како субвенција за набавка на инвертер клима уред.Ова е дел од мерките кои Општина Охрид ги спроведува за заштита на животната средина.Според условите на јавниот повик се надоместуваат дел од трошоците направени при набавка на клима-уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

DSC_6050

До крај на август сите законски измени за дигитализација во Собрание, онаму кадешто не може да се дигитализира ќе се регулира со видео надзор и боди камери

До крајот на август сите измени и дополнувања на потребните закони за дигитализација на процесите ќе бидат подготвени и доставени до Собранието, информираше на денешната владина седница заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.Формираната работна група составена од сите надлежни институции, веќе работи на подготовка на измените и дополнувањата на потребите закони за дигиталната трансформација. Дополнително, на денешната владина седница беше донесена одлука за формирање на уште една работна група којашто ќе работи на дефинирање и усогласување во делот на опремата што треба да ја набават институциите за дигитализација на процесите.На седницата беа презентирани и предлози, за институциите кадешто е неопходно физичко присусутво на лице од институцијата. Еден од предлозите беше, оние процеси за коишто нема опција да се дигитализаираат, односно е неопходно човечко присуство од страна на надлежни органи, да се регулираат преку видео надзор и боди камери, како механизам за превенција од коруптивни дејствија.Воедно, на денешната владина седница, вицепремиерот Николовски пред членовите на Владата го презентираше степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција. Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација нa имот со Акциски план подготвена од Министерството за внатрешни работи. Основна цел на оваа стратегија е зајакнување на капацитетите на националните институции како и на нивната координација во следењето на протокот на пари, како и откривање на можно прикривање и пренесување на нелегално стекнат имот.Како дел од активностите утврдени во “Планот за борба против корупција“ се очекува нејзината имплементација да придонесе кривичните истраги да резултираат со конфискација на имот и имотна корист, со што ќе се зајакне ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата.На седицата беше донесена одлука за зајакнување на капацитетите на јавните обвинителства во државата. Министерството за правда во соработка со Јавното обвинителство ја достави анализата за потребната кадровска и техничка екипираност на обвинителствата.Министерството за економија го подготви Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија. Со новото законско решение се намалува бројот на членови на управни одбори, и тоа во државните претпријатија од 15 на 7 члена, а во општинските на 5 члена. Кај надзорните одбори бројот на членови се намалува од 5 на 3 члена. Дополнително со измените и дополнувањата, се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на надоместокот.Вицепремиерот Николовски, на сединицата информираше дека паралалено, институциите ги спроведуваат задолженијата за подготовка на интерни процедури за јавни набавки, годишна Антикорупциска програма, назначување на лице за внатрешно пријавување.Исто така, на денешната владина седница се усвоија измените и дополнувањата на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции имененувани од Владата. Според препораките од ГРЕКО, со новите измени и дополнувања, разграничена е функцијата на лицето за интегритет коешто дава советувања за етички прашања и членот на Владата назначен за следење на спроведување на Кодексот.Меѓудругото со измените и дополнувањата, проширен е опсегот на лица кои подлежат на Кодексот, односно покрај носителите на јавни функции, советниците кои ги именува Претседателот на Владата и посебните советници во министерствата, сега ќе бидат опфатени и секретарите и помошниците секретари во Секретарјатите во Канцеларијата на претседателот на Владата.

Македонија | пред 4 години

protets-7

Новата Катица на Зоран Заев е Вилма Рускоска, велат од ВМРО ДПМНЕ

Истите луѓе од врвот на СДСМ со кои што Јанева ги спремала обвиненијата, соработувале и со Вилма Рускоска. Сите обвиненија и сите постапки кои ги водела Рускоска, биле во координација со луѓе на Заев. Биле нарачувани медиумски хајки и тортура против политичките противници на Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжението на истото се додава:Обвинителството на Рускоска и Јовевски ги работело и ги работи истите постапки како и СЈО на Катица Јанева. Личниот интерес на Заев, политичките интереси на СДСМ и бизнис потребите на елитата на власт е единствениот приоритет по кој работеле и Катица и Вилма.Јавното сведоштво на еден од учесниците во сите овие средби е доволен доказ и за оставки на Рускоска и Јовевски и за сериозни кривични истражни постапки на независни и непартиски обвинители кои не се во приватното друштво на кланот на Заеви.

Македонија | пред 4 години

Boki-13-1

Боки 13: Русковска ми доверуваше информации кој кога ќе биде уапсен

На денешното рочиште оди судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ обвинетите побараа изземање на обвинителката Вилма Русковска.Барањето за изземање на Русковска следи откако судот на Бојан Јовановски му дозволи да ги добие како докази, податоците од неговиот мобилен телефон, нешто кое тој го бараше и во претходниот предмет за случајот „Рекет“, за кој беше осуден.Јовановски во барањето за изземање на Русковска наведе дека таа била пристрасна, бидејќи како што рече од податоците кои ги добил од својот мобилен телефон, поседувал комуникација преку разни мобилни апликации според кои обвинителката Русковска постапувала пристрасно во дел од предметите. Тој го наведе случајот „27 април“. Рече дека во пораките кои ги разгледувал со Вилма Русковска имало и пораки за поранешната СЈО, Катица Јанева за која обвинителката Русковска употребувала навредливи зборови.Бојан Јовановски рече дека во пораките во неговиот мобилен телефон обвинителката му доверувала информации, за тоа кои функционери ќе бидат апсени, како и комуникација за случајот „27 април“.Со лицето Вилма имам остварено комуникација која на ова усб ќе го доставам, ќе се види како Вилма ме информира за апсења и притвори на повеќе лица, ми дава информации за службени дејствија за да го искористи медиумскиот простор на тогашната 1тв. Во оваа комуникација ќе се видат и лични квалификации за одредени лица како постапувала Вилма. Вилма ме информира за апсење на Стевчо Јакимовски и ми вели дека треба да пратам тв екипа, истакна Јовановски.За обвинетата Фросина Ременски ова е новонастаната состојба и го информираше судот дека и таа се приклучува кон барањето за изземање на обвинителката Рускосвска.

Македонија | пред 4 години

lindan

Започна чистењето на линданот од малата депонија во „ОХИС”

Започна процесот на чистење на линдан и неговите изомери од малата депонија во кругот на ОХИС. За таа цел избраниот изведувач Полиеко започна со подготвителни активности што подразбираат расчистување на теренот, обезбедување и поставување на потребната опрема и механизација околу малата депонија.„Со овој проект ја потврдивме нашата решеност да ги елиминираме жешките точки во земјава. Во изминатиот период беа безбедно отстранети и уништени огромни количини на екстремно опасни хемикалии што со децении беа складирани во кругот на ОХИС, а денес присуствуваме на почетокот на чистење и на линданот, како историски проблем на чие што решавање посветивме многу внимание и енергија“, изјави министерот Нуредини, најавувајќи дека Владата и Министерството за животна средина прават напори да се обезбедат средства од повеќе извори за чистење и на големата депонија, како и за чистење на погонот за електролиза контаминиран со жива.За чистењето на малата депонија Министерството воспостави соработка со две агенции на Обединетите Нации, УНИДО и УНОПС.Првично, за реализација на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијација на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС “Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи (POPs) во соработка со УНИДО како имплементациона агенција, обезбеди финансиски средства од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) во висина од 3.100.000 долари.По спроведување на изборот на компанија за чистење на овој отпад, УНИДО склучи договор со избраниот изведувач Полиеко за чистење на 450 тони од високо концентрираниот HCH отпад и на 200 тони од земјата контаминирана со HCH од малиот базен.Потребните дополнителни средства за завршување на чистењето на “малата” депонија, УНИДО, МЖСПП, ГЕФ и Генералниот Секретаријат на Владата се согласија да бидат обезбедени од Повеќе-партнерскиот Фонд за животна средина, а да се имплементира од страна на УНОПС.Неодамна и УНОПС потпиша договор со грчката компанија Полиеко за чистење на дополнителни 240 тони HCH отпад и 653 тони контаминирана почва со HCH со што ќе се обезбеди континуитет во чистењето на опасниот хемиски отпад од оваа локација.„Кралството Норвешка е партнер на Владата на Северна Македонија во овој процес. Во изминатите три години, обезбедивме поддршка на Владата и на Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина во износ од 1,5 милиони евра како поддршка на чистењето на депонијата во ОХИС“, изјави Стефан Сандстад, првиот секретар на Амбасадата на Норвешка.Претставникот на Полиеко имаше можност да го образложи процесот на работа на локацијата, почнувајќи од организација на теренот, поставувањето на шаторот со целата апаратура за негативен притисок, применетата методологија на ископ, пакување и обележување, како и опис на сите заштитни и безбедносни мерки следејќи ги претходно утврдените стандарди и критериуми, кои ќе овозможат минимизирање на емисии во животната средина, надвор од шаторот и пошироко.Проценетата вредност на комплетното чистење и уништување на линданот и неговите изомери од малата депонија во ОХИС изнесува приближно 8 милиони евра.

Македонија | пред 4 години

Stoilkovski-13.07

Стоилковски: СДСМ излажаа за парк наместо облакодери, заради СДСМ наместо 4, сега има 13000 м2 за градење!

СДСМ ги излажаа скопјани за парк во центарот на Скопје наместо облакодери, додадоа 9 000 м2 на градежниот плац!Наместо менување на ДУП-от за парк наместо облакодери тука во центарот на Скопје, наместо ветуваниот парк, СДСМ и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски продадоа дополнителни над 9 000 м2 за дооформување на градежна парцела за облакодерите, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:За споредба, првичниот плац за облакодерите беше 4.000 квадратни метри, а со продажбата во 2018-та година, среде мораториумот за градба, среде лагите за парк, парцелата станува над 13 000 метри квадратни!На 4 000 метри површина за која се ширеше лагата и се ширеа лажните очекувања дека нема да има облакодери, СДСМ и нивниот ресорен министер Сугарески, допродадоа државно земјиште за дооформување на парцелата и го шири градежниот имот на над 13 000 метри квадратни за нови облакодери во центарот на Скопје.Што е ова ако не е лага? Што е ова ако не е изигрувања на очекувањата? Што е ова ако не е недостаток на морал? Што е ова ако не е тешка лага? Што е ова ако не изигрување на дадениот збор?Ќе потсетам што се ветуваше и како ја ширеа лагата, искажани преку зборовите на Мирослав Грчев.„Град Скопје може веднаш да го смени генералниот урбанистички план“, па Грчев продолжува - „Треба да бидат избришани облакодерите бидејќи просторот е од огромно суштинско и историско значење за градот“.СДСМ ИЗЛАЖА за парк наместо облакодери во Центар, до толку што 4 000 метри квадратни ги направија 13 000 метри квадратни.СДСМ е извор на лаги и разочарувања, СДСМ е најлошото за Центар, СДСМ е најлошото за Скопје, СДСМ е најлошото за Македонија!

Македонија | пред 4 години

inverter-klima

Започна исплатата на субвенциите за набавка на клима уреди

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година, а врз основа на претходно објавен повик,  Општина Охрид  започна со исплата на   1 154 000  денари на 84  домаќинства  од Охрид    за субвенционирање  при  набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред.  Според планираното општината  им надоместува  дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%,  но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.Со ваквиот проект  локалната власт настојува да  ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди  за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.  Домаќинствата на кои им беа доделени субвенциите мораа да ги исполнат сите услови предвидени во јавниот повик што за таа намена беше објавен во месец март годинава.

Македонија | пред 4 години

kosta-1

Георгиески за „Охридско лето“: Обврзани сме да продолжиме да ги чуваме и негуваме овие културни вредности

„Охридско лето“ е најсветлата ѕвезда на македонското културно небо, темел на нашата традиција и вистинска гордост за секој охриѓанец. Оваа најаголема музичко сценска манифестација е нераскинлива нишка на нашиот идентитет и препознатлив печат со непроценливо уметничко значење. Обврзани сме да продолжиме да ги чуваме и негуваме овие културни вредности и да создадеме услови за нивно поголемо унапредување и почитување, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во објавата градоначалникот додаде:Уметниците од Националната опера и балет, вчеравечер со прекрасна балетска изведба на „Големиот Чајковски“ го означија стартот на овогодинашното фестивалско издание.Убеден сум дека во текот на наредните денови ќе имаме можност да уживаме во уште многу прекрасни изведби од врвни уметници.

Македонија | пред 4 години

Taki

Денес во Кан, ревија филмови и награда во чест на Димитар Николов-Таки

Ревија од победнички кратки остварувања од „ Мобил фестивал“- Меѓународниот фестивал на филмови снимени со мобилен телефон, ќе се одржи денес, 13.јули во 15 часот, во киното на хотелот „Идн“ , на Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал. Во рамките на настанот ќе биде доделена востановената награда во чест на Димитар Николов – Таки, кој го основа „Мобил фестивал“.Димитар Николов почина на 63-годишна возраст, по кратко боледување. Покрај основањето на Интернационалниот фестивал на филмови, снимени со мобилен телефон, Таки беше филмски продуцент, менаџер на дистрибутерската компанија „КТ-филм и медиа“ и поранешен директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Настанот е дел од Меѓународната ревија на филмови, реализирани со мобилен телефон – (International cell phone cinema showcase – Cannes), на која се прикажуваат наградените остварувања од слични фестивали, од цел свет.Ревијата е дел од Светската иницијатива за мир и толеранција на принцезата Анжелик Моне, која во последните 10 години одржува гала вечер со хуманитарен карактер , во рамките на Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал. Минатата година за првпат филмови од „Мобил Фестивал“, беа прикажани на гала вечерта и се натпреваруваа за наградата „Карл Бартош“, што се доделува за филмови снимени на мобилен телефон, фокусирани на хуманитарни теми. За изборот на филмовите лани и оваа година беше ангажирана Весна Ристовска. Филмовите ќе се натпреваруваат за наградите за најдобар филм со тема за животната средина и најдобар филм воопшто, за најдобра режија, актер или актерка, најдобра камера, монтажа, музика, ефекти и анимација.Карл Бартош е пионер во продукцијата на филмови снимени на мобилен телефон. Проекциите нудат широк спектар од жанрови и наративи, од документарни, анимирани до експериментални филмови, направени од професионалци и аматери. Мотото е „Одлични филмови во мали пакувања“.„Мобил фестивал“ годинава ќе гo има 12 издание, во организација на продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа“, од Битола.

Магазин | пред 4 години

opstina-centar

Формирано е партиципативното тело за урбанистичко планирање во Општина Центар

Општина Центар ја заврши постапката за формирање на партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичкото планирање на подрачјето на општината.Со ова тело, составено од претставници на невладиниот сектор и на граѓаните, кои се жители на Центар, ќе се овозможи зголемен увид на јавноста во процесот на урбанистичкото планирање.Истовремено, ќе им се даде шанса на граѓаните и граѓанските организации, директно, преку свои претставници во партиципативното тело, да даваат совети, идеи и предлози во врска со подобрувањето на условите за живот, престој и транзит во општината.Партиципативното тело за урбанистичкото планирање во Општина Центар брои пет членови, истакнати експерти во своите области и граѓански активисти.Во новото партиципативно тело ќе членуваат: Ана Чоловиќ Лешоска (извршна директорка на Еко-свест), Даница Павловска (архитектка, просторна планерка), Кристина Хаџи-Василева (магистерка по родови студии), Милчо Манчевски (режисер) и Жанета Трајкоска (новинарка и директорка на Институт за комуникациски студии).Целта на партиципативното тело е преку учество на јавноста, во соработка со општинскиот Сектор за урбанизам и урбанистичко планирање, да се даде поголем простор за предлози на граѓаните при идното планирање и развитокот на Општина Центар.Со помош на членовите на телото дополнително ќе се зголемат предусловите за создавање на една современа, граѓанска, еколошки свесна општина, која како централна општина во градот Скопје, ќе биде пример и за останатите општини во земјата.

Скопје | пред 4 години

koronavirus-1

Денеска е регистриран 21 нов случај на Ковид 19, нема починати лица

Во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 7 нови случаи на КОВИД-19:Тетово – 11, Скопје и Куманово – по 3, Струга -2, Гостивар и Штип – по 1.Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово – по 2, Битола, Тетово и Кичево - по 1.Не се регистрирани починати пациенти.Направени се 3.227 тестови преку: ИЈЗ-534, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово–23, ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-252, Биотек-139, Систина-92, лабораторија Лаор-153, Синлаб-21, Ремедика-9, Плодност–32, Генеа–1, Никоб лаб-418, ВФВ Медикал-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.314.Досега во земјата се направени вкупно 914.381 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68711, Активни 66Куманово 8887, Активни 12Прилеп 8328, Активни 3Тетово 7307, Активни 65Битола 6310, Активни 5Велес 5474, Активни 0Гостивар 5189, Активни 8Кавадарци 5155, Активни 2Охрид 5021, Активни 11Штип 4961, Активни 1Струмица 4123, Активни 5Струга 2985, Активни 4Кочани 2792, Активни 0Кичево 2600, Активни 12Гевгелија 2195, Активни 0Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1524, Активни 0Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1161, Активни 0Берово 1032, Активни 2Делчево 973, Активни 0Дебар 942, Активни 1Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

veseli

Почина новинарот Зејнула Весели

По тешко боледување, вчера почина новинарот Зејнула Весели. Во својата новинарска кариера, Весели главно работеше во печатените медиуми на албански јазик.Освен темите од економија, Весели долги години известуваше и за случувањата во Собранието. Тој беше одличен познавач на економските прилики во државата, присутен на речиси сите позначајни настани кои што се организираа или се случуваа кај нас.извор/фото: фокус.мк

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заради Заев горивата од денес поскапи, а во собрание турка уште едно поскапување од 4 денари

Заради Заев горивата од денес поскапи, а во собрание турка уште едно поскапување од 4 денари. Во последните 4 години цените на горивата само заради Заев, како зголемување во вид на даноци и акцизи се покачени за 10 денари, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Заев деновиве сака да истурка уште еден данок на горивата кој ќе значи покачување на нивната цена од цели 4 денари, со што само заради Заев ќе плаќаме 14 денари поскапи горива.Овие пари кои ги собира Заев одат во буџетот, а од таму се трошат за тендери, за набавки каде често се плаќа и двојно за одредена услуга или ствар, и така се краде народот два пати.Доколку не беа сите овие покачување на горивата, стопанството и земјоделието ќе имаа поконкурентни производи, а граѓаните ќе имаа повеќе пари.Заев не го интересира доброто на сите, тој само гледа како да го наполни буџетот, затоа тој троши, а народот преку поскапи горива плаќа.Време е да запре расипништвото. Време е за Македонија за сите луѓе!

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања