Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Нема фотографија

Џафери: Немам влијание во изборот на мојот баџанак во Антикорупциска

На новинарско прашање како неговиот баџанак влагол во составот на Антикорупциската комисија  претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери одговори дека тој немал влијание во изборот, и дека тој влегол исто како и останатите.„Како вашиот колега новинар влегол во тој состав на комисјата? За разлика од преходно, сега Собранието беше вклучено во изборот. Во изборот беа вклучени пратениците, медиумите, претставниците на владата, претставници на народниот правобранител, а во процесот на испитување на кандидатите и  претставници на МАНУ. Во тоа е разликата. Немам влијание во изборот“, изјави Џафери.

Македонија | пред 7 години

n7hunsxwclqgzrc6kxgx

Зоја Бузалковска до Заев: Вие не ја ставивте културата под точка разно, вие ја жртвувавте

Режисерката Зоја Бузалковска поднесе оставка од Советот за култура по повод резултатите од Конкурсот за годишната програма за проекти од национален интерес во културата.,,Да си скромен (а тоа поинаку се нарекува и – „да си будала“) и да пријавиш само една претстава за 2019 година, во Прилеп, затоа што минатата година си работел претстава во Драмски во Скопје (само една) и затоа што треба и други, нели, да работат и да не ти се одобри и таа една претстава, е тоа е навистина скандалозно! Јас, ете, не ја разбирам оваа одлука, чија и да е и од кои и да е причини и барам да ми се објасни!Веќе подолго време сакам да му се обратам на премиерот, но си велам, ајде да помине гласањево во парламентот, ајде да помине НАТО, ајде да помине… Ама помина животот, а ова денес ја прелеа чашата, па затоа, еве, и да го испратам ова што веќе некое време го имам во компјутер”, напиша Бузалковска на Фејсбук.Исто така таа му се обрати и на премиерот Зоран Заев.„Кога во септември 2016 година ме поканивте како експерт од културата на трибина со тема: “Кои треба да бидат итните реформи кои новата влада ќе ги преземе во првите шест месеци?”, претпоставувајќи или надевајќи се дека токму Вие ќе ја предводите новата влада, зборував во 5 точки. Таму меѓу другото реков:„Потребна е итна ревизија на Законот за култура, во насока на ослободување на институциите во културата од политичко влијание, како и донесување одлуки за уметнички прашања. Да се спроведе децентрализација како системско решение.Министерот не смее да избира и да поставува директори на институциите од културата, особено што тоа во изминативе скоро две децении се прави по партиски клуч.Културата мора да ѝ се врати на самата фела. Менаџерското и уметничко раководство, како и креирањето на политиката на куќата со која тие раководат, мора да бидат во рацете на самите професионалци, на самите вработени“.Но НАЈВАЖНОТО што на таа трибина го реков, беше:„Најсуштинското прашање за мене е, дали оној кој ќе практикува власт во Република Македонија во наредниот период, ќе ја разбере улогата на уметноста? Дали ќе разбере дека ова што се случува во моментов во државата, ова што ѝ се случува во повеќедецениски период и особено во последните десет години е директно врзано со едни тенденции за маргинализација на културата и уметноста во однос на економијата во раните фази на развој на државава и злоупотреба на културата и уметноста во подоцнежната фаза која трае до денес? Културната матрица во која се формираат личности во изминатиов период е застрашувачка и сосема погрешна, оди до размери на губење на идентитетот и се привикнува на стиропор, лавчиња и невкус. Каде е местото на културата во образованието? Каде е местото на културата во медиумите? ... Сакаме јасна порака дека некој во оваа држава разбира колку е важно децата да влезат во театар - вистински театар од најмала возраст и тоа да не е полчасовно правење муабет со нив од сцената, туку вистинска претстава, која ќе ги маѓепса и ќе ги натера тука веднаш да се вљубат во театарот; сакаме јасна порака дека разбирате колку е важно децата да влезат на изложба (еве во моментов можам да се сетам само на една во Скопје по осамостојувањето, која ме потсетила на Париз - онаа на Личеноски во МСУ), после која ќе посакаат повторно да дојдат, а да не бидат присилени на тоа... и да не набројувам во сите области...Сѐ додека не разбереме дека културата не смее да биде ставена под ТОЧКА - РАЗНО, ќе имаме вакво гласачко тело и ќе мора да ги живееме своите животи на улица, а не онаму каде што ни е местото и каде што сме попродуктивни“.И како постапивте Вие, г-дине Заев, откако „се консултиравте“, меѓу другите, и со мене? Вие г-дине Заев, не ја ставивте културата ПОД ТОЧКА РАЗНО, вие ЈА ЖРТВУВАВТЕ! Секогаш кога Ви е потребен „пазар“ за одлуки и гласови, прво посегнувате по КУЛТУРАТА и по ОБРАЗОВАНИЕТО! Тоа само говори за тоа, колку Вие и не го разбирате нивното огромно, суштествено значење за една држава, и посебно за нашава, која претендира да биде дел од едно пошироко европско семејство (бидејќи, сфаќам, тоа Ви е во моментов најважно). Многу е важно да разберете дека над тие два министерски ресора треба деноноќно да бдеете и да стравувате за секоја погрешна одлука или невнимателно направен чекор, уште од изборот на министрите, па сè до нивните вакви или онакви одлуки и потези! Резултатите од погрешните политики ги трпат сите граѓани, а јас, пак, имам среќа/несреќа да бидам дел и од двете засегнати области и да поднесувам небулози секаде каде што се обидувам и самата да придонесам во насока на конструктивни промени!!!За крај, погледнете ја, г-дине Заев, вака попладневно, по дома, на раат, Годишната програма на проекти од културата од национален интерес за Театарска дејност (можете да ги отворите и другите дејности, исто е) - како да немате ништо со неа, како Вас да не ве засега. Не е тешко да забележите, и со букви, и со бројки, за каков национализам и проценување пред сè по критериум „етничка припадност“, а не по квалитет на предложеното, се работи. Кога ова ќе ви го каже некој што веќе повеќе од 15 години се бори на страната на човековите права и разрешувањето меѓуетнички конфликти, а учествува и во програмите на школите за толеранција, тогаш значи дека ептен сте ја закашкале работава! А на од Вас избраниот Министер за култура имам само да му порачам – немам намера да Ви пишувам посебен допис – ДАВАМ ОСТАВКА во Советот за култура, Ваше советодавно тело, кое практично и не постои, бидејќи Вам не Ви требаат совети, Вие сè си знаете и самиот.Премиере, имав голема до/верба во Вас. Но, вашата политика е неконсеквентна. Денес нешто одлично, утре нешто катастрофално. Изградете систем! Вака, сè зависи од некаков етно-базиран компромис или меѓупартиски договор, а не од стручност и компетенција. Сè додека не покажете дека Вие ја водите Владата и дека Вие сте одговорен за секој министер и за неговите постапки, зашто изборот е Ваш, позитивните резултати ќе бидат инцидент, а не систем, ќе бидат пријатно изненадување, а не секојдневие на добро работење. Вие од мене побаравте поддршка и мислење. Јас од Вас сега барам јасни, конкретни, бескомпромисни постапки, од кои ќе ми стане видливо дека сте ме разбрале! Такви постапки засега правите само на едно поле, само по едно прашање, за што Ви се восхитувам, но за тоа да биде така, жрвувавте многу, а има опасност да жртвувате и сè“, стои на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

maxresdefault

Д.р. Бурнески со молба до Филипче: Јас лично ќе ја донирам мојата плата – да формирате солидарен фонд

Докторот Јово Бурнески преку својот Фејсбук профил го замоли Министерот за здравство, Венко Филипче да формира солидарен фонд. Како што вели тој лично прв ќе ја донира својата докторска плата:„Ве замолувам господине Венко Филипче и министерството за здравство веќе долго време да формирате солидарен фонд. Јас како Доктор прв ќе ја донирам мојата докторска плата за да им се помогне на сите социјално загрозени категории и на сите граѓани со помали примања кои немаат можност да го платат прегледот на доктор и кои немаат здравствено осигурување, како и сите пациенти кои треба да се лекуваат во странство да бидат покриени.Доста се нагледав како сиромашните и оние кои немаат пари ни умираат по клиники затоа што немаат пари да платат преглед на доктор. Каде ни се изгуби хуманоста и човечноста кај сите нас“, стои на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

pat-magla

Магла на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла 80 – 100 м има на П.Шапка.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

C4wk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT1RRN01EQV8vNGYxY2M1ZmRlYmJjZTc4N2UxODJhOGMwODgzZDg2NzEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Еден од најактивните вулкани во Индонезија повторно исфрла пепел и лава

Вулканот Мерапи во Индонезија, еден од најактивните во светот денес повторно почна да исфрла сива пепел, додека низ неговите падини истекува лава.Вулканската ерупција започна вчера вечер по локално време, но се уште нема предупредување за евакуација.Во 2010 година животот го загубија повеќе од 300 лица, а околу 280.000 беа евакуирани.Индонезија има повеќе од 17.000 острови и околу 130 активни вулкани. 

Свет | пред 7 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

СДСМ: Мицкоски го чека изборен пораз на било какви избори

Христијан Мицкоски многу добро знае дека го чека нов пораз, на следните претседателски избори, го чека пораз на било какви избори, велат од СДСМ.„Хидро Мицкоски нема поддршка кај граѓаните, нема поддршка ниту во неговата паретничка група.Успехот на Македонија и местото во НАТО се неговиот последен и најголем пораз.Речиси нема ден да помине без при тоа антизападниот Мицкоски или раководството на криминалната ВМРО-ДПМНЕ да не излезе во јавноста брајаќи некакво алиби за изборниот пораз што знаат дека ги чека.Не Мицкоски, помина времето на кое си навикнат, заврши времето на злоупотреби, изборни манипулации и непочитување на волјата на граѓаните како што правеше твојата ВМРО-ДПМНЕ и твојот шеф Никола Груевски.Граѓаните знаат дека неосновано бараш алиби за поразот.Дури и претседателот на Државната изборна комисија, патем предложен од ВМРО-ДПМНЕ, го демантираше Христијан Мицкоски, јасно акцентирајќи дека ДИК има капацитет да ги организира изборите во најдобар ред.Сега кога претседателките избори се веќе распишани со сигурност може да се каже дека Мицкоски и неговиот антизападен кандидат ќе бидат поразени на слободни, фер и демокартски избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Силен земјотрес го погоди источниот дел на Филипини

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер го погоди источниот дел на Филипини, соопшти денес Американскиот геолошки завод. Ројтер пренесува дека мометално нема информации за причинети штети и евентуални жртви.Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 80 километри. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Њу Делхи „побеле“ поради град

Улиците на Њу Делхи побелеа по силната бура со град, што го зафати главниот град на Индија.https://twitter.com/RahulRajkumar11/status/1093653992918470663?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1093653992918470663&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3031344-sneg-obojio-nju-delhi-u-belo-delovi-indije-zavejani-a-skole-ne-rade-foto-videoМетеоролозите велат дека ваквите бури со град не се непознати за Њу Делхи, но и дека истите не се случуваат често.Поради невремето повеќе од 30 авионски летови биле пренасочени.На фотографиите и видеата кои беа објавени на социјалните мрежи може да се забележат ледените топки кои го имаа прекриено градот.https://twitter.com/iamtony69/status/1093743378850828288?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1093743378850828288&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3031344-sneg-obojio-nju-delhi-u-belo-delovi-indije-zavejani-a-skole-ne-rade-foto-videoИсто така оваа непогода помогна за подобрување на квалитетот на воздухот во градот, кој во изминатиот период беше загаден.

Свет | пред 7 години

3-2

Џафери: До мене не е доспеан предлог за автентично толкување на законот за СЈО

Врска со прашањето за автентично толкување на законот за СЈО кое во медиумите се покренува се искажува од јавниот обвинител, Џафери истакна дека до него досега не е доспеан таков предлог.„Јавниот обвинител е еден од надлежните органи кој може да покрене постапка за автентично толкување на закон во случајот законот за СЈО. Во овој момент до мене не е доспеан ваков предлог. Се друго е во рамки на медиумското препукување. Ве уверувам дека во оној момент кога официјално ќе добијам барање за автентично толкување на дотичниот или било кој закон должен сум да го процесуирам низ собраниска процедура. Кога ќе добијам таква информација истовремено ќе се објават на страната на собранитео. Немам ништо што може да биде затскриено“, изјави Џафери.

Македонија | пред 7 години

2-2

Џафери ги распиша претседателските избори на 21 април

Талат Џафери ги потпиша решенијата за распишување на шестите претседателски избори како и решението за распишување на предвремени избори за градоначалник во општините Ново село Дебар и Охрид.„Изборите ќе се одржат на 21 април. Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до ДИК како орган за спроведување на изборите. Ги избравме и новите членови за Комисијата за спречување на корупцијата и судир на интереси со што ги заокруживме неопходните постапки за започнување на изборниот процес.Во периодот кој следи Република Македонија ќе го полага тестот на капацитетот и зрелост, а фер и демократски избори се еден од условите според кој ќе не оценуваат. Ги повикувам политичките партии и граѓаните да направиме максимални заложби Репубика Македонија да добие избори кои и доликуваат на една демоктратска држава. Апелирам до сите учесници да се однесуваат онака како што налага Уставот“, изјави Џафери.

Македонија | пред 7 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери во работна посета на Словенија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, од 10 до 12 февруари 2019 година ќе биде во официјална посета на Република Словенија.Во состав на Делегацијата предводена од претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, г-ѓа Фросина Ташевска - Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка, г-ѓа Нада Ципушева, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија и г-ѓа Шпреса Хадри, исто така член на Групата за соработка.Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, г. Дејан Жидан, со претседателот на Република Словенија и претседателот на Владата на Република Словенија.Покрај тоа, ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.Во Програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи.

Македонија | пред 7 години

DSC_1278

Започнува процесот на склучување договор за Јавно приватно партнерство

Согласно одлуката објавена во службен весник, а којашто неодамна ја донесе Владата на Република Македонија, започнува процесот на склучување договор за Јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции.Целта на овој модел на Јавно приватно партнерство е да се унапреди системот за стерилизација во областа на хирургијата, како и да се намали ризикот од пост-оперативни инфекции.Согласно предложениот модел на Јавно приватно партнерство, опфатен е период од 15 оперативни години. Вредноста на инвестицијата е околу 16 милиони евра, а приватниот партнер ќе биде должен да ги вложи овие средства во период од 2 години, односно околу 35% или 5,8 милиони евра во текот на првата година и останатите 65% или 10,3 милиони евра во втората година од работењето.Моделот на Јавно приватно партнерство предвидува избраниот приватен партнер да биде одговорен за финансирање на моделот во четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација на територијата на државата, финансирање на изведба за реновирање/адаптирање на објектите во постојните центри за стерилизација (4 коишто ќе бидат одбрани како најсоодветни), понатаму целосно опремување на регионалните центри за интегриран менаџмент за стерилизација, обезбедување на персонализирани комплети на стерилни хируршки инструменти, нивно редовно одржување и обновување во консултација со докторите хирурзи, обезбедување стерилизиран медицински материјал (облека и опрема), третман на медицинскиот и техничкиот отпад од хируршките сали, како и целосно менаџирање и управување со интегрираните услуги за стерилизација согласно прифатени стандарди и протоколи.Од друга страна јавниот партнер, односно државата како дел од Јавното приватно партнерство ќе има обврска да обезбеди локации со објекти за четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација, да ја врши контролата врз обврските преземени од страна на Приватниот партнер, како и контролата и мониторингот над извршувањето на работите, и да го изврши плаќањето за извршената јавна услуга.По истекот на предвидените 15 години, според моделот, приватниот партнер во целост на Јавниот партнер ќе ја предаде развиената инфраструктура, вклучително и целосно опремените четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација, обновени хируршки сали, нови хируршки инструменти, санитетски возила и софтверскиот ИТ систем.Ваквата одлука на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија е резултат на физибилити студија, којашто беше изработена во декември минатата година.Процесот на избор на Јавен приватен партнер ќе се одвива транспарентно и во согласност со Законот за јавни набавки. Како прв чекор, министерството за здравство ќе организира стручна дебата за докторите хирурзи, како и со целокупниот медицински персонал којшто ги извршува хируршките интервенции.Моделот на Јавно приватно партнерство ќе овозможи долгорочно унапредување на реализацијата на хируршките интервенции. Дополнително, ќе придонесе за поголем развој на здравствениот систем во целина, нови вработувања и редовни обуки и доквалификации за медицинскиот кадар.

Македонија | пред 7 години

18300974_1648631935165304_7254538458709759171_n

Симона Спировска: „Летањето орли” и „Букефал” станаа поважни од нас самите

Актерката Симона Спировска преку статус на својот Фејсбук профил му се обрати на Министерот за култура.„(Не) културно спрдачење и препродавање на културата! Видете вака! Културата не ви е за исполнување на вашите ,,влажни” наци фантазии. Па мајку му јебем! Зар не ве вреѓа тоа што сме сведени на проценти? Зар не ве вреѓа тоа што поголема вредност има етничката припадност од нашите човечки и професионални квалитети?Зар не ви е гадно тоа што градиме соживот базиран на бројки?Зар не ве вреѓа тоа што ќе ги снема фестивалите кои ни го изградија колективниот идентитет?Зашто мене ме вреѓа. ,,Летањето орли” и ,,мудата на Букефал” станаа поважни од нас самите.#ШејмОнЈуМинистреА сега за старите и новите претплатници една стара, ама добра!Театарчето "Зелената гуска" ви го прикажуваСТРАШНИОТ РАЗГОВОР МЕЃУ ШУШУМИГА И ДУХОТ НА НАЦИЈАТАНастапуваат:Јоне Шушумига и Духот на нацијатаМесто: Кафуле на улица "Македонија" (може да биде и пред Влада)ШУШУМИГА: Што има ново?ДУХОТ НА НАЦИЈАТА: Ништо.ШУШУМИГА: Е, тогаш се е во ред“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Заев смета дека е потребата од воведувањето на заменици директори во ЈП е неопходна

Потребата од воведувањето на заменици директори во ЈП е неопходна, вели премиерот Зоран заев, одговрајќи на новинарско прашање. Тој додава:Во некои од институциите од таму произлезе и ... потребата е неопходна. Затоа ги скративме, мислам дека се 12, од сите институции, околу 1.800, зборуваме за дванаесет. Ако сакаме „МЕР“ да се развива, да се споиме со „ГАМА“, да ја разгранува гасоводната мрежа по сите градови, барем во урбаните средини, затоа што се гради националниот гасовод. Веќе почнуваме со изведба на секундарните гасоводни мрежи и во самите градови, во Скопје и во сите градови на Македонија и те како има потреба за менаџмент соодветен со сериозна одговорност. Согледавме дека во некои институции, каде што вистински постои таа потреба, а ја немаа, ефикасноста е помала. Некаде каде што ја има ја има. Тоа не значи дека треба да се претера, да се бираат директорски позиции, заменички, само за да постојат, Ние, ветивме дека ќе имаме рационализација на средствата, за да можат квалитативно поголем број да бидат насочени кон враќање кон граѓаните, кон капитални инвестиции и во тој правец ќе се движиме.Колку ќе ја чини тоа државата, имате проценка?Дванаесет плати се тие, значи дванаесет плати на администрација од над 120.000 или 140.000 со општините како е дефинирана, навистина се мал број на плати. Ако, тие ја дадат својата ефикасност, нивните плати ќе бидат во стотици пати повеќе оправдани, вели Заев.

Македонија | пред 7 години

51440599_248807682679932_4662359335370752000_n

(ФОТО) Цевката ја поправија, патот остана раскопан

По поплавата која на булеварот Илинден се случи на 4 февруари , во делот кај трговскиот центар „Сити мол“ во Капрош 4 остана закрпен булевар.Причина за поплавата беше пукната голема цевка, но цевката ја поправија, а патот остана раскопан.Вака изгледа булеварот Илинден по поправањето на дефектот. 

Скопје | пред 7 години

zaev-123

Заев: Јас би бил добар консензуален кандидат, но се сметам за поприлично млад

На прашањето Дали бие се гледате како консензуален кандидат? Премиерот вели:Јас би бил добар консензуален кандидат, гледајќи ги анкетите и рејтинзите, посебно мултиетнички гледано, но знаете дека јас не сум кандидат, заради тоа што одговорноста ја чувствувам во она што се вели, да се сработи тоа што е ветено на граѓаните. Верувам, дека по групни и тешки, односно ни малку лесни одлуки, кои што се донесоа, добиваме „убав ветар во грб“. Треба да сработиме. И се сметам за поприлично млад.

Македонија | пред 7 години

zaev-odgovornost

Заев: Треба да посветиме сите достоинствено внимание, да изнајдеме, вистински личности за кандидати за претседател

Премиерот Зоран Заев денеска не дада конкретен одговор дали е за предвремени парламентарни избори, нити пак конкретно посочи кои се негови фаворити како претседателски кандидати. На овие прашања премиерот вели:Се доближуваме до датумите кога мојата политичка партија која што ја водам треба да формулира свој став. Знаете, дека дилемата е помеѓу двете опции. А тоа е, дали, примамливоста за нас политичарите, за еден цел, нов мандат, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи, подобрување на севкупниот живот е доволно привлечна и ќе се определиме за тоа или, онаа определба каде што, според мене, превагнува интересот на државата, наспроти политичарите и политичките партии, а тоа е, да не дадеме никаков изговор на земјите-членки, кој што, дел од нив се, еве, генерално против проширувањето. А Македонија, чека позитивна одлука на Самитот на Европската Унија во јуни, каде што, јас верувам дека Комисијата, која што е на крајот на својот мандат, сака да остави свое наследство, свое „legacy“. Македонија блеска, во делот на политичкото решавање на билатералните отворени прашања. Ние сме пример и за Европа и за целиот свет. Во делот на реформите, сме комплетно успешни. Верувам дека Парламентот низ дијалог, ќе продолжи така консензуално да ги носи своите одлуки, како што впрочем се завршува и процесот на изборот на Антикорупциската комисија, каде што се гласаше консензуално.Судските реформи во февруари, верувам дека Парламентот ќе смогне сили да ги донесе, се надевам со консензус, заради тоа што се посветува многу време на дијалогот, новиот Закон е при крај, за делот на реформите во УБК (Управа за безбедност и контраразузнавање), реформите во администрацијата течат, ние имаме успешен процес на реформи. Се надевам, заради граѓаните, не заради Европската Унија, имплементацијата исто така, ќе биде многу видлива, до 22, до 26 јуни кога треба да се одржи Самитот на Советот на Европа и да се донесе позитивната одлука за Македонија. А, истовремено пак, земјите-членки ќе бидат со завршени избори за ЕвропскиотПарламент, поприлично релаксирани и очекувам позитивни во тој дел, за да можеме навистина да се надеваме на добивање на датум за преговори, односно отворање на Поглавјата. Ние, го добивме датумот, со проекција, јуни 2019-та, но одлуката за отворање на Поглавјата, верувам дека точно ќе биде донесена. Таа е таа причина, која што превагнува во одговорноста на носењето на одлуките. Демократската дебата е развиена, ама ако претседателот на својата партија каже свој став, ќе ја „утапи“ дебатата внатре. Јас, ги кажувам аргументите реално, кој се што се, верувам ќе им помогнам на сите, кои што се во процесот на одлучување.Но, овие денови разговараме со коалиционите партнери, разговараме со политички партии надвор од Коалицијата, политички партии кои што не се парламентарни, многу значајни здруженија на граѓани, се консултираме со граѓаните, правиме анкети и анализи. Јас, сакам да ја потенцирам потребата од свесност на нашето општество, изразена преку политичките партии и да ги повикам сите, да направиме една заедничка одговорна анализа и да пронајдеме личност или личности, зад кои што би можеле да застанеме ние како политичари, нашите политички партии, заради тоа што граѓаните застануваат, токму поради нив...Ако најдеме личности, зад кои што граѓаните доминантно застануваат, тоа би бил некој вистински консензуален кандидат, кој што ќе ги имплементира политиките на ова модерно живеење, на 21-от век, со прогресот и просперитетот кој што Македонија го има и дополнително го очекува. Тогаш, е вредно да направиме напори, да дадеме шанса, да изнајдеме таква личност.Ги повикувам и ДУИ, ги повикувам и БЕСА на Африм Гаши, БЕСА на Билал Касами, Алијансата, на турските партии, сите други помали партии, да смогнеме сили. На локалните избори направивме квантен скок , граѓаните гласаа за личност, за граѓани. Не Албанци за Албанци, Македонци за Македонци, Турци за Турци. Не, гласавме за личност. Можеме да направиме уште еден скок. Ако изнајдеме квалитетни решенија, секако вреди тоа да го направиме. Можеби ќе успееме, можеби не, но, вредно е да дадеме шанса.Уште еднаш напоменувам. До 21-ви март се поднесуваат кандидатурите, имаме доволно време за внимателно реализирање. Нашиот Конгрес е закажан на 3-ти март, како една од најголемите политички партии. Гледам и опозицијата кон крајот на февруари организира Конгрес и носење на одлука, така да треба да посветиме сите достоинствено внимание, да изнајдеме, да изнедриме, вистински личности, заради тоа што претседателот на државата е првата личност во нашата земја и многу е важна оваа функција во Република Македонија, истакна Заев.

Македонија | пред 7 години

znamemce

Се случуваат грешки, вели Заев одговарајќи на прашањето зошто наместо македонскиот јазик стоеше знаменце

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска по посетата на Клиниката за неврологија, во рамки на комплексот на клиники „Мајка Тереза“, во Скопје одговараше на новинарски прашања. На прашањето може ли да го искоментирате потегот на Алијансата, каде на нејзината веб страна наместо македонскиот јазик стоеше знаменце? Имајќи го предвид фактот дека лани во јули, кога имаше напишано македонски јазик, Социјалдемократскиот сојуз го поздрави ова и го оцени како признавање на македонскиот јазик и идентитет?Премиерот Заев вели:Добро, меѓународните институции го признаваат македонскиот јазик и идентитет и верувам дека со дописот кој што го испративме ќе го коригираат тоа. Некој пат се случуваат грешки. Веројатно и во делот на формулацијата, за сите е новина и за меѓународната заедница исто така е новина, сето тоа што се случува во делот на Северна Македонија и новото име на нашата земја, кое што се надевам ќе биде во функција по гласањето во грчкиот Парламент, затоа што, самото користење и на новото име е различно од идентитетските прашања кај нас, како што сме Македонци, кои што зборуваме македонски јазик, а ќе бидеме од Северна Македонија. Треба јасно да се разграничи. Постојат веќе формулирани, готови протоколи како тоа се објаснува на сите, за да можат меѓународните организации да бидат свесни. Знаете дека и писмо треба да испрати нашата земја, до сите 193 земји-членки на Обединетите нации, веднаш по Ратификацијата на Протоколот. А и во тоа писмо ќе бидат објаснети сите аспекти на употребата на новото име, истакна Заев.

Македонија | пред 7 години

penzija

Нашите иселеници 8 месеци не зеле македонска пензија, каде е проблемот?

Иселеници од Австраија, Швајцарија и други држави, кои се стекнале со право на користење  пензија од Македонија, 8 месеци не добиле ни денар. Скопје 1 сакајќи да открие која е причината, најправо се обрати кај портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, кој веднаш не препрати за ова прашање одговор да побараме во министерството за Труд и Социјална Политика.Портпаролот на министертсвото веднаш ни кажа дека ова не е прашање за нив туку за ПИОМ. Од ПИОМ пак портпаролката Анифе Зекири, ни кажа дека е на боледување оваа и следната недела. Таа побара прашањето да го пратиме на mail и дека ќе ни биде одговорено во текот на следната недела.Ги запрашавме:- Дали е точно дека нашите иселеници кои се стекнале со право да земаат македонска пензија, немаат земено 8 месеци?- Доколку е точно која е причината и дали ќе им се исплатат пензии?- Колку иселеници се регистрирани во ПИОМ кои земаат македонски пензии?Веднаш штом ни биде одговорено, одговорот на ПИОМ ќе го објавиме.Инаку пштите услови за пензионирање се еднакви за сите осигурени лица во задолжителниот пензиски систем (прв и втор столб): возраст од 64 години за мажи, 62 години за жени и минимум 15 години пензиски стаж. Во случај на инвалидност, правото на пензија може да се стекне пред навршување 64 години старост за мажи и 62 години за жени. Во случај на смрт на осигуреникот, правото на пензија може да се стекне за минимум 5 години осигурување или за најмалку 10 години пензиски стаж.Повлекувањето на средствата од индивидуалната сметка во задолжителните пензиски фондови од вториот столб, пред возраста за пензионирање не е дозволено, со исклучок во случаите на инвалидност или смрт. Во случај на инвалидност или смрт на членот, средствата од индивидуалната сметка се префрлаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ), којшто е овластен за исплата на инвалидски и семејни пензии. Доколку нема корисници на семејна пензија, средствата од индивидуалната сметка може да ги наследат наследниците на починатото лице.Старосната пензија се утврдува од месечниот просек на платите што осигуреникот ги остварил за време на вкупното траење на осигурувањето, а најрано од 1 јануари 1970 година.

Македонија | пред 7 години

velo-pateka-1

Реконструкција на Вело патека на улица „Даме Груев“

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве работат на реконструкција на пешачката и на велосипедската патека на улицата Даме Груев во должина од 250 метри. Реконструкцијата се врши на потегот од крстосницата со булеварот Партизански одреди до крстосницата со улицата Димитрие Чуповски.За да се спречи непрописното паркирање возила на тротоарите и да се овозможи непречено движење на пешаците и на велосипедистите, по реконструкцијата на овој потег на улицата Даме Груев ќе се постават заштитни столпчиња.Апелираме до лицата кои го користат овој простор да не паркираат на оваа локација со цел побрзо изведување на градежните работи.

Скопје | пред 7 години

20.4.kamcev

Дополнителни 30 дена притвор за Орце Камчев

На барање на СЈО, Апелацискиот суд ја продолжи мерката куќен притвор за бизнисмените Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ. Тие следните 30 дена ќе останат дома.Што се однесува пак за осомничениот Тодор Мирчевски освен без пасош и сега ќе има обврска да се јавува еднаш неделно во суд.

пред 7 години

avalon

Бобан Авалон распали по Министерство за култура: Шокиран сум!

Наместо да даваме поединечни одговори на сите медиуми што се јавија да бараат одговор, како е тоа можно да не` нема во годишната програма на Министерството за култура, го користам нашиот медиум за официјален одговор и во овие неколку реда ќе кажам се` што мислам за годишната програма и за статусот на годишниот проект насловен како „Авалон Колинг“ (сите наши концерти од 01.01.2019 до 31.12.2019 година) којшто го понудивме да биде поддржан од страна на ресорното министерство, се вели во дописот од Авалон Продуцкија.Во продолжение Милошески пишува:Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Lenny Kravitz, Sting и на Eros Ramazzotti и да се види дека Авалон Продуцкија наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот Ohrid Calling наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид.Со сето ова, сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија и` се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во којшто сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион. А кога е ресорното министерство во прашање, бевме сигурни дека ќе биде препознаено дека со овие проекти не само што даваме огромен придонес на неверојатно ниското ниво на култура во Република Македонија, туку и дека за прв пат со вакви четири сериозно големи проекти сме апсолутни регионални лидери.Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи.За останатите чекори коишто ќе ги превземеме, ќе бидете благовремено известени кога ние ќе добиеме официјално известување како тоа на Министерството за култура смета дека на државата не и` се потребни концертите на Sting, Lenny Kravitz, Hooverphonic, Eros Ramazzotti, Tom Odell, Горан Бреговиќ, Ohrid Calling итн, се вели во дописот од Авалон Продуцкија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

По 90 евра оштета за секој ден минат во затвор за осудените во „Сопот“

Владата на седница донесе одлука да ги обештети единаесетте лица кои беа осудени во случајот „Сопот“, а за кои СЈО лани ги повлече сите обвиненија против нив по што тие беа ослободени. Тие ќе добијат по 5.500 денари за секој ден поминат во затвор или притвор.„Владата даде согласност и го задолжи Државното правобранителство на Република Македонија да склучи судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој случај, по тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот“, соопштија од Владата.Обвинетите во „Сопот“ беа ослободени во март минатата година и беа прогласени за невини. Тие беа осудени на вкупно 156 години затвор. Главен доказ беше тврдењето на сведокот Рамадан Бајрами дека исказот го дал по жестока тортура од полицијата, што подоцна се докажа дека е вистина. Откако беа прогласени за невини осудениците и официјално од Министерството за правда побараа отштета од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра. Тие беа осудени дека во 2003 година поставиле мина на пат во Сопот која експлодирала, при што загинаа војници на НАТО.

пред 7 години

ana-karenjina

Ана Каренина вечерва во МОБ

Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе биде одиграна на сцената на МОБ вечерва со почеток во 20 часот.„Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман ‘Ана Каренина’ на големиот руски писател Толстој. Во повеќе од два часа, балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова-Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…“, се вели во најавата.

Скопје | пред 7 години

stokholm

Маж со нож нападнал луѓе пред полициската академија во Стокхолм

Припадницире на шведската полиција пред зградата на полициската академија во Стокхолм уапсиле маж кој бил осомничен дека со нож нападнал неколку лица.Во соопштението од полицијата се наведува дека едно лице е рането пред станбена зграда во јужниот дел на Стокхолм, и истото со хеликоптер е пренесено во болница.Исто така во соопштението се наведува дека полицијата е на местото на настанот и дека најверојатно станува збор за обид за убиство.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања