Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

nbrm-narodna-banka

НБРМ: Продолжуваат активностите за натамошно јакнење на финансиската стабилност во земјава

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. Со таква цел беа подготвени и Стратегијата за денаризација и Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните пласмани, коишто беа предмет на меѓуинституционално разгледување. Овие стратегии вклучуваат повеќе мерки, за чиешто спроведување е предвидено вклучување и на други надлежни институции.Со Стратегијата за денаризација на Република Македонија се потврдуваат заложбите за натамошно јакнење на довербата и ширењето на употребата на домашната валута, што ќе придонесе за натамошно намалување на евроизацијата како значаен фактор за одржување стабилна економија и здрав банкарски сектор. Воедно, натамошното јакнење на довербата во домашната валута е во функција на поддршка на монетарната стратегија на таргетирање на девизниот курс на денарот. И покрај големиот напредок во намалувањето на евроизацијата (учеството на девизните депозити и депозитите со валутна клаузула во вкупните депозити од околу 59% на почетокот на глобалната криза е намалено на околу 40%), постои потреба од натамошно преземање активности во оваа сфера. Стратегијата нагласува дека прв и основен столб за соборување на евроизацијата е одржувањето на макроекономската стабилност, што успешно се остварува години наназад. Втор столб се посебните таргетирани мерки во различни области од страна на носителите на политиките.Покрај редовните анализи за соодветно приспособување во доменот на оперативното водење на монетарната и фискалната политика, се предвидуваат и повеќе мерки за развој на домашните финансиски пазари и вложувањата во хартии од вредност во домашна валута. Макропрудентните мерки во однос на банкарското работење, исто така ќе бидат редовно преиспитувани во контекст на намалување на евроизацијата. Регулаторните институции од областа на финансискиот систем ќе продолжат со постојана финансиска едукација, заради подигнување на општата свест за финансиските услуги и развој на финансиските вештини кај населението, коишто ќе ја зголемат свесноста за финансиските ризици.Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните пласмани (лоши кредити) има за цел да придонесе кон подобрување на условите и зголемување на ефикасноста во наплатата на овие кредити, како и кон создавање услови за унапредување на деловните практики при прометот со побарувањата. За одржување здрав банкарски систем, но и за овозможување одржлив кредитен раст, од клучно значење е да се продолжи со поттикнување на активности за натамошно намалување на обемот на нефункционалните кредити кај банките, иако веќе се сведени на релативно ниско ниво (тековно изнесуваат околу 5% и се меѓу најниските во регионот), вклучително и системски активности, кои би придонесле за подобрување на вкупниот амбиент за управување со нефункционалните кредити.Исто како и за соборувањето на евроизацијата, така и за намалување на нефункционалните кредити, основен предуслов е макроекономската стабилност и водењето здрави политики коишто се основа за стабилен и предвидлив амбиент за работење на банките и на другите економски субјекти. Покрај макроекономските предуслови, особено важна улога имаат и остварувањата на корпоративниот сектор, квалитетот на управувањето со компаниите, но и начинот на кој банките ја оценуваат кредитната способност на своите клиенти. Исто така, регулаторната рамка, функционалноста на правниот систем, јасната даночна регулатива и степенот на развиеноста и функционалноста на пазарните сегменти претставуваат сфери коишто можат да придонесат кон подобрено управување со нефункционалните кредити.Во оваа насока, покрај зајакнување на супервизорскиот надзор на управувањето со нефункционалните кредити на банките, НБРМ ќе работи на натамошно подобрување во доменот на поставеноста и функционирањето на кредитниот регистар. Преку вклучување и на други надлежни институции, меѓудругото, ќе се преземат активности за подобрување на финансиското известување и корпоративното управување на компаниите, ќе се спроведе анализа на одредбите од законска регулатива во доменот на извршување, нотаријатот, стечајот и од областа на процената на имотот и нивното значење за управувањето со нефункционалните пласмани. Предвидени се и активности за развој на пазарот за нефункционални побарувања, како специфичен пазарен сегмент.Се очекува активностите на НБРМ, Министерството за финансии и на осумте државни институции вклучени во процесот на спроведување на двете стратегии да придонесат за натамошно јакнење на стабилноста на финансискиот систем.

Македонија | пред 7 години

1-8

Свет без ѕидови – Поетско читање во Струмица

На 09 февруари 2019 година (сабота), со почеток во 20:00 часот во Jazz club ДЕПО, Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со Светското поетско движење (World Poetry Movement) се приклучуваат на новата глобална акција „Свет без ѕидови“ и со тоа ја мапираат Струмица како дел од градовите во светот кои ја подржуваат оваа иницијатива и самото меѓународно поетско движење.Македонија е учесник во ова движење со организација на два поетски настани во Скопје и Струмица. На настанот во нашиот град ќе настапат: Ице Беличев, Сузана Мицева, Ѓорги Калајџиев, Вања Изова Велева, Стефчо Стефанов и Митко Гогов (модератор).Настанот е предвиден како портретирање на поетскиот опус на авторите со поезија која содржински ја обработува конкретната тема, а секако доколку некој од публиката сака да се вклучи со сопствени стихови ќе може да го направи тоа по завршувањето на официјалниот дел од програмата.Денес можеме да сведочиме на разни места во светот (од Америка преку Европа, Среден Исток до Индија...) како се издигнуваат нови ѕидови кои ги разделуваат луѓето. Бетонски ѕидови, ѕидови од бодликави жици, или невидливи многу високи ѕидови изградени за пари и за нерамноправност. Светското поетско движење (World Poetry Movement) се залага за свет ослободен од секаква дискриминација меѓу луѓето поради нивната боја, национална или верска припадност, род, социјална положба и верувања. Поезијата ги урива ѕидовите, ѕидовите меѓу нас и ѕидовите внатре во нас. Затоа во текот на месецот февруари 2019 година низ повеќе од 145 земји ширум светот, со потврдени 905 настани во 384 градови ќе се одржуваат поетски читања, поетски акции сплотени со танц, музика и театар.Светското поетско движење е непрофитна организација и меѓународно поетско движење, а неговата мисија е да придонесе за создавање на еден поинаков и непрекинат хуманизам на 21 век и за интеркултурен дијалог остварен преку братскиот и универзален јазик на поезијата, како и да изгради пат кон преобразба и обнова на свеста на едно човештво за мир, кое ќе биде помирено со природата и културната разноликост, како и кон правда и социјално учество за сите жители на оваа планета.

Магазин | пред 7 години

berlin

(ВИДЕО) Во Берлин отворена најголемата зграда на разузнавачка служба во светот

Германкста канцеларка Ангела Меркел денеска го отвори новиот комплекс на германската Федерална разузнавачка служба (BND).Комплексот е граден 12 години , а трошоците се над милијарда евра. Големината на комплексот на разузнувачката служба е колку 6 фудбалски игралишта.Вработените во овој комплекс имат посебни правила. Тие во него не смеат да внесуваат приватни мобилни или лаптопи. Не смеат да ги проверуваат ниту приватните меил адреси , ниту на социјалните мрежи.На крајот на работниот ден , сите картички за влез во зградата се заклучуваат во сеф.

Свет | пред 7 години

tv-img

Започнува мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите. Мониторингот ќе се спроведува согласно Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси од 7.02.2019 година.Сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања, се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите да ги утврдат и достават ценовниците, во кои цената по секунда за платено политичко рекламирање нема да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните 3 месеци, пред денот на распишување на изборите.Ценовниците треба да се достават до Агенцијата, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата. Според Изборниот законик, радиодифузерите се должни до започнување на изборната кампања најмалку двапати да ги објават ценовниците за платено политичко рекламирање на своите програми. За време на изборниот процес не е дозволена промена на ценовниците.На веб страницата на Агенцијата, поставен е посебен банер посветен на Изборите 2019 година, во кој можат да се погледнат Изборниот законик, Методологијата за мониторинг и линкот до формуларот за претставки за сите граѓани и правни субјекти кои имаат забелешки на известувањето на медиумите. Овде Агенцијата ќе ги објавува и извештаите од сите констатирани прекршувања на Изборниот законик врз основа на кои ќе бидат поведени прекршочни постапки пред надлежните судови. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и на англиски јазик.

Македонија | пред 7 години

slika-1

Николоски на средби во Стејт Депарментот – Предупредува за високото ниво на корупција во Владата

Во рамки на работната посета на Вашингтон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари средби со Лук Кофи – директор за меѓународна политика на фондацијата Херитиџ, Метју Палмер – заменик помошник Секретар во Стејт Департментот, Пол Мекарти – директор за Европа во Меѓународниот Републикански Институт и Јан Ерик Суротчак – директор за трансатлански стратегии на Меѓународниот Републикански институт. На сите средби Николоски ја нагласи потребата од суштински реформи во Македонија во делот на владеење на правото и борба со корупција, економски реформи, реформи на јавната администрација. Овие реформи се предуслов за почеток на преговори за членство во ЕУ како и забрзување на процесот на членството во НАТО.Николоски исто така го нагласи високото ниво на корупција во Владата кое зазема се пошироки размери и побара да се испратат јасни сигнали до Владата да почне силна борба со корупцијата во своите редови. Предупреди на мешањето на Владата во судството и обвинителството и инструментализацијата на истите во политички цели.Со своите соговорници се осврна и на актуелните Претседетелски избори како и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.Нагласи дека постои огромна загриженост за регуларноста на Претседетелските избори, притисоци и уцени на гласачи како и полнење на кутии. Побара да се испратат јасни пораки за потребата од одржување фер, демократски и компетитивни избори, како и да се испратат силни мониторинг мисии кои нема да го набљудуваат само изборниот ден, туку целиот предизборен процес.На средбите со Фондацијата Херитиџ и Меѓународнит Републикански Институт стана збор и за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со овие две престижни институции при што беше заклучено да се продлабочи соработката и да се работи на новите концепти и политики на ВМРО-ДПМНЕ.Работната посета на Вашингтон ја покажува посветоноста на ВМРО-ДПМНЕ кон градење близок и партнерски однос со САД како стратешки партнер на Македонија.

Македонија | пред 7 години

zemjodelci

СДСМ: Се воведува субвенцијата за набавка на „зелена нафта“ со која ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци

Грижата на Владата предводена од СДСМ кон вистинските земјоделци продолжува, се воведувааат нови програми што овозможуваат поголема финансиска поддршка на земјоделците, подобар пласман, развој и унапредување на земјоделството и повеќе пари кај земјоделците, велат од СДСМ.„За првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација односно „зелена нафта“. Вкупната поддршка изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци. Со оваа мерка се намалуваат трошоците за производство на земјоделците, што значи поекономично производство и поголеми приходи.Се зголемува и поддршката за мерката наменета за малите земјоделски стопанства под 1 хектар.Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесуваат 6.000 денари по хектар, односно 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците што е значително зголемување во однос на претходните години кога за оваа поддршка биле издвојувани околу 49 милиони денари.Ова се само дел од новите развојни мерки што обезбедуваат зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците и мерки, што го унапредуваат и развиваат земјоделството како една од клучните стопански гранки“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

DSC_8540

Заев одржа средба со граѓани од населените места Иловица и Штука

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера, во Иловица во организација на општина Босилово и градоначалникот, Зоран Зимбаков одржа средба со граѓани од населените места Иловица и Штука.„Одржавме досега неколку средби со претставниците на компанијата „Евромакс ресурсис“ кои што се добитници на Договор за експлоатација, а немаат дозвола за експлоатација, со претставниците на граѓанските здруженија, но ветивме и со граѓаните дека ќе дојдеме да се информираме, да ги слушнеме, да научиме од нив, но и ние да ги пренесеме информациите кои што ги имаме. Се работи за значајни одлуки, кои што ќе влијаат на иднината секако на овој микрорегион Иловица, Штука, на Општина Босилово, Општина Ново Село, кој на целиот Струмички регион, веројатно и на Република Македонија. Заради тоа, се обидуваме да изнедриме најпаметни одлуки, согласно законите во Република Македонија, со кои што никогаш нема да се каеме, а сепак ќе овозможиме иднина на развојот и на државата, но пред се и на овој регион од кој и јас потекнувам. Денеска, немаме намера овде да носиме некои заклучоци како што реков информативна е седницата. Поради тоа, верувам дека тоа ќе помогне и на Владата, но ќе им помогне и на граѓаните за полесно да ги разбереме работите. Доволно се секаков вид на шпекулации, кои што ги има пред се по социјалните мрежи најповеќе, но и дел од нашите медиуми пренесуваат секаков вид на информации. Убаво е, граѓаните да знаат за било која работа се, посебно за вака чувствителни работи. Уште еднаш потенцирам, нема позначаен приоритет за нас како Влада, верувам и за било која Влада, од здравјето на граѓаните, од перспективите на овој регион, од традицијата која што ја имаат нашите граѓани, но секако и желбата да децата останат овде да живеат овде, да чекаме деца од нашите деца, внуци. Така да, верувам дека денеска ќе имаме плодна средба на која што ќе излеземе попаметни и ние од Владата, но и граѓаните од Иловица и Штука“, изјави премиерот Заев.Премиерот Заев додаде дека поради постоењето на одредени рудници, цели градови и цели општини опстојуваат, живеат од тие рудници„Тука е опфатена и безбедноста и сигурноста и здравјето и сето она што претставуваат нормативи на нашето усогласено законодавство во Репубика Македонија, но и она што претставува меѓународна пракса, затоа што минералните суровини се потенцијал за развој на сите во светот, така и на нашата Македонија, но не под било какви услови. Од тука треба да знаете дека во овој, еве 20 месечен период, се променија многу работи. Имаше дадено концесија овде, со цијаниди, со други отровни супстанции, кои што и те како поради гласноста на граѓаните ги принудија политичарите, како што сум и јас, да ги промениме работите. Целиот технолошки процес е променет, повеќе нема цијаниди и опасни материи во обработката на рудата, но донесовме и нов Закон, во кој што се забранува употребата на цијанидите и опасните супстанци, така да многу работи денеска се сменети. Во едни вакви околности, ние мораме да бидеме најпаметни и да донесеме одлука. Кога велам ние, не сме Владата, пред се граѓаните. Ние постоиме, да им служиме, да им бидеме сервис на граѓаните и од тој аспект, за вака важни работи не смееме ниту општеството, ниту граѓаните, ниту општините, ниту пак Владата и државата, шпекулациите да ги носат, да ги манипулираат и да бидат пресудни во нивните одлуки. Граѓаните треба да знаат се и граѓаните се последни во процесот на одлучување“, изјави Заев.  

Македонија | пред 7 години

mvWk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTVRRN01EQV8vMGI3YWEzNTlkMTY3NzgxZDEyODgwOTcxOGZiZjQwNDUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Израелската војска уби двајца тинејџери

Израелските војници убија двајца палестински тинејџери за време на протестот на границата во Газа.Тинејџерите биле на возраст од 18 и 14 години.Израелскиот воен портпарол изјави дека денес на границата се собрале повеќе од 6.000 Палестинци, од кои некои фрлале камења и експлозивни средства кои експодирале на територијата на Газа.Палестинците протестираат секоја недела од март минатата година на границата во Газа. Министерството за здравство во Газа соопшти дека повеќе од 220 Палестинци се убиени во протестите.Израел соопшти дека нема друг избор освен да користи сила против демонстрантите кои се обидуваат да ја поминат границата. 

Свет | пред 7 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори, свесни се за казната која ќе им следува

„СДСМ бега од предвремени парламентарни избори затоа што му е страв од соочување со народот.Македонскиот народ е гневен за сите понижувања, црнила и порази кои му ги приредија. Токму затоа СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори, свесни се за казната која ќе им следува.Ветуваа едно општество за сите, но прво што направија е тоа што го поделија македонското општество. Поради неуставното носење на законот за јазици, Македонија е поларизирана како никогаш досега во историјата.Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за СДСМ да замине во историјата, а граѓаните и Република Македонија конечно да почнат да напредуваат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

39 лица починаа во Индија бидејќи пиеле ликер кој содржел метанол

Најмалку 39 лица починаа, а 27 се разболеле во неколку села на северот на Индија бидејќи пиеле евтин ликер кој содржел отровен метанол.Во два различни инциденти во индиската држава Утар Прадеш починале 26 лица, додека 13 лица починале во соседната држава Утараханд.Полицијата уапсила осум лица кои биле осомничени за криумчарење, а властите суспендирале 35 службеници, меѓу кои се и 12 полицајци.Смртноста поради консумација на илегално направен алкохол е се поголема, бидејќи дел од населението не може да си ги дозволи познатите брендови, а нелегалните пијалоци често се направени од хемикалии како пестициди.

Свет | пред 7 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Грипот однесе четири нови жртви во Босна и Херцеговина, досега починаа вкупно 40

40 лица го загубија животот во Босна и Херцеговина поради компликации кои настанале од грипот. 37 од нив се на територијата на Репубилика Српска.Како што соопштија здравствените власти во Република Српска, уште четири пациенти починале од последици на тешки акутни респираторни инфекции, со што билансот на смртни случаи се зголеми на 37.Новите случаи со смртни последици од грип се пријавени во болниците во Бања Лука, Бјелина, Зворник и Босанска Градишка.На подрачјето на Босна и Херцеговина регистрирани се три смртни случаи предизвикани од компликации настанати од вирусот на грип. 

Свет | пред 7 години

Zaev

СДСМ: Граѓаните ќе изберат нов претседател кој заедно со Владата ќе работи за државата и за народот

Распишувањето на претседателските избори навестува една добра вест за граѓаните и една очекувана за Мицкоски, велат од СДСМ.„За граѓаните, распишувањетo на претседателските избори навестува време за избор нов, вистински претседател на сите граѓани, кој заедно со Владата предводена од СДСМ ќе работи за државата, за народот, за иднината, за интеграцијата во ЕУ.Граѓаните нема да дозволат нов Иванов.Македонија тргна напред, го доби своето место во НАТО, иднината е обезбедена и сигурна, време е за нови чекори за интеграција во ЕУ, засилен економски раст, инвестиции, повеќе пари кај граѓаните.Затоа, распишувањето на претседателските избори навестува и една очекувана вест за антизападниот Христијан Хидро Мицкоски: го чека пораз на изборите заедно со неговиот кандидат.Граѓаните сакаат напредок, иднина, развој, интеграција. Не сакаат деструкција, назадување, блокирање, враќање назад“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на улиците, запалените автомобили, грабежите и убиствата се резултат на неспобноста на власта

СДСМ да престане да бега од граѓаните и да распише предвремени парламентарни избори најдоцна до недела. Република Македонија не смее повеќе да тоне само за да може Заев и картелот околу него да нижат милионски профити, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Секојдневниот криминал на улиците, запалените автомобили, грабежите и убиствата се резултат на неспобноста и криминогеноста на власта.СДСМ нема капацитет да обезбеди јавен ред и мир и затоа граѓаните се постојано исплашени. Улиците не се сигурни. Криминалот станува пракса, а власта ништо не презема. Ова не може да продолжи. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава која може да ја гарантира нивната безбедност и безбедноста на нивниот имот. Со СДСМ на власт тоа не е можно.Оваа власт целосно го деградираше правото и правната држава. Тоа се гледа и по уништеното судство и обвинителство, кои не одлучуваат согласно закон и устав, туку согласно диктатите на власта.Држава во која полицијата не процесуира ниту еден случај на криминал, а обвинителството и судството се само политичка алатка на власта не може да оди напред.Република Македонија не смее да продолжи да губи. СДСМ мора да си замине“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

tramp

Трамп помина четири часа на лекарски преглед, еве какво е неговото здравје

Американскиот претседател Доналд Трамп е во добра здравствена состојба, изјави неговиот доктор по четиричасовен преглед.„Задоволство ми е да соопштам дека претседателот на САД е во добра здравствена состојба и очекувам дека така ќе остане во текот на неговиот мандат, па и подолго од тоа“, изјави докторот Шон Конли.Здравствената состојба на Трамп во јануари минатата година исто така беше добра, по низа проверки.Американскиот претседател не е обврзан да прави лекарски прегледи, но тоа стана негова редовна пракса со цел да ја увери јавноста дека е способен да ја извршува неговата работа. 

Свет | пред 7 години

asaf-ademi-696x385-1-696x385

Асаф Адеми: За мене политичката функција ‘Министер’ не е света

Министерот за култура, Асаф Адеми по реакциите во јавноста од објавените резултати по Годишните конкурси на Министерството за култура се огласи на Фејсбук.„После реакциите на еден дел на здружениjата и медиуми, би сакал да ве известам:- Одлуките за секој проект се земени врз основа на предлог на професионалната комисија; и- Во ниту еден случај не сум вршел никаков притисок за избор на некој проект.Со големо внимание ги следам критиките, реакциите, пофалбите и предлозите, исто така сакам да ви кажам дека сум во постојан контакт со членовите на комисите и со правната служба при министерството.После консултаците што ги имаме, заедно ќе одлучиме за следните чекори.Истовремено, би ви обврнал внимание на следното:- моето мото ‘култура за сите ‘ беше без било каква етничка, политичка или религиозна предрасуда; и- Јас не сум од тие политичари што функцијата ја гледа како алатка за лично богатење.Во овој период најповеќе се потрудив да ја зголемам транспарентноста, борбата против корупцијата и да не правам било какви разлики меѓу граѓаните на државата.За мене политичката функција ‘Министер’ не е света“, напиша Адеми.

Македонија | пред 7 години

oliver-belopeta

Оливер Белопета: Секој поединечен искажан збор на Заев за конкурсот за култура е комплетна лага

Директорот на скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета, чиј проект беше одбиен на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, го демантираше премиерот Зоран Заев кој изјави дека џез фестивалот не доставил ниту еден документ според протокол„Цитирам: “Смешно и трагично е да ви кажам дека ни еден документ нема доставено еден џез фестивал. Ни еден.документ. Го молеа до последен момент. Еден документ, по процедура, по протокол, по се“.Секој поединечен искажан збор е неточен! Комплетна лага! Не е мое да претпоставувам кој од неговите најблиски кабинетски соработници му пренесува вакви “информации“, иако притоа не би бил далеку од вистината“, напиша Балопета на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Протест против загадувањето на воздухот пред Собрание

Граѓанската иницијатива „Канцерогено општество“ за денеска најави нов протест против загадувањето на воздухот. Протестот ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 13 часот.„•Веднаш бараме свикување на итна владина седница поради алармантната состојба со квалитетот на воздухот во нашата земја.• Бараме итно вклучување на експерти(Доктори, Еколози, Еко-активисти и сите кои реално би помогнале за подобрување на состојбата).• Бараме владата да ги употреби сите потребни средства за справување со овој проблем.• Бараме вклучување на претставници од граѓанскиот сектор во надлежните контроли за големите загадувачи.• Како главно барање, владата и институциите да престанат со така наречени решениа кои дирекно удираат по џебот на најсиромашните, а крупните капиталисти и најголемите загадувачи остануваат недопрени.На сите нас е во Сабота да ги дополниме или подобриме нашите заеднички барања се со цел за најдобро и најбрзо решение“, стои во описот на настанот.Револтот ќе го изразат со двочасовно блокирање на булеварот пред Собранието.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Денес сончево со умерена облачност, од вторник нов студен бран

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 13 степени.Во Скопје слично време со температура од -1 до 8 степени.Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој наместа ќе достигнува 80км/час. Под влијание на влажен бран попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд кои преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер. Од вторник подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на студен бран од северните делови на Европа што ќе услови значително заладување со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира и на пониските места.

Македонија | пред 7 години

avtopat-koli-3

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

Zaev

Заев: Грција е првата земја која го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во НАТО

По ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Парламентот на Грција, премиерот Зоран Заев на својот  официјален фејсбук-профил напиша дека Грција е прва земја што го ратификуваше Протоколот. – Нашиот пријател, Република Грција е првата земја која го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Одиме кон гарантиран успех. Полесно е со сојузници, гордо кажуваме дека ние сме НАТО, напиша Заев на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

1-5

(ВИДЕО) Железничка несреќа во Шпанија, едно лице го загуби животот

На североистокот на Шпанија во железничка несреќа, едно лице го загуби животот, а најмалку 16 се повредени. Локалните медиуми пренесуваат дека два воза се судриле еден во друг.Едниот воз се движел кон Барселона, а другиот кон Манреса. Несреќата се случила во 18:20 часот по локално време.Едно лице е со тешки телесни повреди.https://twitter.com/6W_es/status/1093934499585552385?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1093934499585552385&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3031492-sudar-vozova-na-severoistoku-spanije-jedna-osoba-poginula-8-povredjeno

Свет | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Сообраќајна несреќа кај Оровник - Охридско, лесно повредени три лица

Вечерва околу 19 часот на магистралниот пат Охрид - Скопје во близина на селото Оровник, се случи сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила и камион. Во несреќата лесно се повредени три лица и истите се префрлени во болницата Св. Еразмо.СВР изврши увид на лице место.

Македонија | пред 7 години

6762-rada

(ВИДЕО) Шекеринска: Јас и денес знам да влезам во автобус и да одам пешки

Новинарот Александар Чомовски ја прашува вицепремиерката Радмила Шекеринска дали има чувство за скромност.До кога ќе ве возат една лимузина напред, четири назад?, прашува Чомовски.Видеото на својот фејсбук профил го сподели пратеникот Антонио Милошоски, Одговорот кој го дава Шекеринска за него е „уникатен“. Таа вели дека се вози во автобус и дека оди пеш во Скопје.https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/videos/2479608982068366/

Македонија | пред 7 години

parlament-grcija

Грција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

По 11 часовна расправа, Прламентот на Грција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО со 153 гласа „за“, 140 „против“ и еден воздржан. 

Македонија | пред 7 години

1-6

(ВИДЕО) Мицкоски: Секоја смена на власт носи своја порака, таквата смена ќе биде порака за оваа актуелната

Ми преставува особена чест и задоволство што повторно, по подолга пауза практично обновуваме едно пријателство и заедничка соработка со нашите партнери од Националниот демократски институт од Америка и што заеднички организираме еден работен престој кој што е добра прилика за размена на искуства, пренесување на знаења и втемелување на нови форми на соработка, изјави Христијан Мицкоски на отворењето на семинарот со наслов „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и  Националниот демократски институт.„Искрено се надевам дека ова е почетокот на едно обновено суштинско пријателство кое убеден сум дека ќе донесе плодоносни резултати и ќе ни помогне за зголемување на нашите капацитети и реализација на нашите стратешки приоритети како политичка партија, што всушност се и приоритети и стратешки цели споделени со Република Македонија.Искрено сум убеден дека се поставуваат основите за една долгорочна соработка која ќе донесе одлични резултати.Ваквиот работен престој е прилика да се направи една ретроспектива за анализа на она што преставува и наслов на овој заеднички собир „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“.Ова е дотолку повеќе важно затоа што она што сега ќе го испланираме, изградиме како заеднички капацитет во партиските структури ќе биде она што, уверен сум во еден извесен брз период треба да се преслика како раководење на институциите, нивно управување и менаџирање. И потполно треба да бидеме свесни дека граѓаните со право, ќе очекуваат резултати, исполнета работа и драстична разлика кон подобро. Ние сме тие кои ќе ја имаме задачата тоа да го донесеме и да не ги разочараме нивните очекувања што е првенствената обврска во се она што го правиме. Не смееме и нема да ги изневериме очекувањата на граѓаните!Но патот до таму треба да се изоди. И ништо нема да дојде незаслужено, и ние треба да бидеме подобри од било која друга политичка сила сега и во минатото. Како што рекол американскиот претседател Абрахам Линкон она што и треба на секоја една демократија е владеење на народот, од народот, за народот. И ние тоа треба заеднички да го изградиме, преку отвореност, со неверојатен слух за потребите на граѓаните, зајакнување на демократските капацитети и да се водиме од интересите на Република Македонија и нејзините стратешки цели“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека секоја смена на власт носи своја порака. Како што тоа таквата смена ќе биде порака за оваа актуелната, така и ние добивавме во минатото пораки од граѓаните.„И веројатно за тоа, и таквите нивни одлуки граѓаните имале добри причини. Наша должност е да ги признаеме нашите слабости, да ги oстраниме и надминеме, зајакнеме нашите капацитети, и понудиме она што им треба на граѓаните. И ние тоа го правиме.На државата и треба лидерство кое ќе донесе стабилност и развој. После 28 години независност нам ни треба овозможување на сигурност на граѓаните и конечна верба во демократските принципи, во почитување на волјата на граѓаните која не секогаш во минатото била водилка за политичарите, а тогаш кога не била, се правеле грешки кои нашата држава ја чинеле скапа цена.И конечно на граѓаните им треба сигурност, верба во правната држава и владеењето на правото, каква во моментов за жал немаме. Но она што сега го имаме како фактичка состојба во државата е слаб институционален капацитет, разочарани очекувања, имаме поделено општество и тоа по повеќе основи. Станавме држава во која и поставувањето на директори на средни училишта предизвикува поделби, бидејќи истото е резултат на политички интереси и договори, а не последица на заслуги и минат труд. А поделеноста дезинтегрира, но нам ни е потреба интеграција. Еднакви можности за сите. Правна држава и конечно владеењето на правото.Имаме стратешки интереси кои треба да се одбранат, но и исполнат. Ние сега сме опозиција која е гласен коректив на власта. И за се она што денес критикуваме, треба утре да го исправиме и исполниме. И сум уверен дека тоа ќе го направиме. Пратеничката група, членовите на Извршниот и Централниот комитет, како секој еден член треба да знае дека оние капацитети што ќе ги изградиме сега, ќе бидат капацитети кои ќе управуваат утре и ќе имаат одговорност. Јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе остане прогресивната сила која ги носела промените и секогаш била во служба на целите на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ја обединува енергијата на прогресивноста, на современиот патриотизам, и отвореноста да се рушат бариерите. И ќе го донесеме она што и потребно на нашата земја, промени, нова надеж и подобра иднина за сите.Овој работен престој ќе помогне во зајакнување на внатре партиските капацитети“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања