Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

mickoski-1

ВМРО-ДПМНЕ: Народот кажа дека не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува

Зоран Заев оди спротивно на волјата на народот која беше јасно изразена на 30 септември. Народот јасно кажа дека не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев се што прави вклучително и насилната промена на името е со цел задржување на власт и пљачкосување на државата преку криминални тендери.Државниот апарат 2 години е нефункционален, наместо реформи и проекти, власта се насочи кон распродажба на државните и национални интереси.Образованието е во хаос, здравството на колена, земјоделието во очај. Буквално црнила на секое поле.Црнилата кои ги донесоа во секојдневието не можат да ги избришат со распродажбата на името.Зоран Заев е човекот кој ќе остане запаметен како политичарот кој ја продал Македонија.Зоран Заев не работи за граѓаните и државата, туку за своите лични и бизнис интереси. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Зората мора да изгрее за Македонија“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

kalendar

Празникот Богојавление неработен за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2019 година (сабота), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсен Косовар кој се барал со меѓународна потерница

На 10.01.1019 година во 15.10 часот на Граничен премин Долно Блаце од слобода бил лишен А.С.(26) од Косово врз основа на меѓународна потерница.Во 17.45 часот лицето е предадено на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во изминатиот ден се случиле шест сообраќајки во Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиот ден (10.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди и пет со материјална штета.Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека тројца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени пет возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, двајца возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и еден возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 51 мандатни платни налози и 52 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Автомобил удри пешак во Битола

На 10.01.2019 година околу 07.30 часот на крстосница од улиците ,,Арон Ароести “ и  ,,Минела Бабуковски“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која патничко возило ,,Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(36) од Крушево удрило во пешакот Х.Н (58) од Битола.Од ударот Х.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола, кадe и била укажана лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, едно лице пренесено на Ургентен

На 10.01.2019 годинa во 18.45 часот на улица „Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Туарег“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.М.(38) од Скопје и патничко возило „Рено 9“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(18) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.П.(48), сопатничка во возилото „Рено“. Таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје каде и била укажана лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

talir

Судот го одобри обвинението за случајот „Талир“

Во целост е одобрено обвинението за случајот „Талир“ од Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд.-Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир“ за незаконско финансирање на правно лице – политичка партија, по одржана јавна седница во присуство на странките, донесе решение со кое обвинителниот акт го одобри во целост, соопшти Кривичниот суд.По формирање на кривичен предмет по оценетиот обвинителен акт, истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на судија за понатамошно постапување, а по закажана главна расправа, како што велат од Судот, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.-Што се однесува до вториот обвинителен акт за истиот предмет што се однесува на незаконска изградба, истиот веќе е распределен кај судија за оценка на обвинителен акт и по донесено решение, Судот навремено ќе ја информира јавноста, се наведува во соопштението.Во случајот „Талир“ за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.

пред 7 години

ana-dukovska

Македонката што го победи грчкото лоби во Сенатот во САД

Ана Дукоска е Македонка, родена во Охрид, Живее во главниот град на САД, Вашингтон. Во македонската историја ќе остане запишана како Македонката што го победи грчкото лоби во американскиот Конгрес.Скромната Охриѓанка од која expres.mk побара разговор не сакаше да даде интервју. Вели дека не е време за лична промоција, славење и триумфализам во моменти кога Македонија крвари и се соочува со губење на својата историја и идентитет.За резолуцијата 602 со која грчкото лоби во Вашингтон доживеа дебакл, само кратко ни порача дека ова не е нејзина победа туку е победа на сите Македонци во САД, во Македонија и во целиот свет. И дека победата е важна но дека многу поважно е утре македонските пратеници да не дозволат промена на македонскиот устав и уставното име.А како Дукоска ја извојувала победата објаснуваат македонски активисти во САД кои за неа велат „ако реши и Охрид ќе го донесе во Америка“.Нејзината историска приказна започнала непосредно по референдумот за името на почетокот на октомври минатата година кога таа напишала писмо со резултати од референдумот.Во писмото таа со конкретни примери од меѓународни конвенции, македонскиот устав и закони на американските сенатори им објаснува како власта во Македонија го крши уставот.Целиот текст прочитајте го на Експрес

Македонија | пред 7 години

vucic-111

Србија се подготвува за предвремени парламентарни избори?

Српскиот претседател и воедно претседател на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ синоќа на состанок со околу 3.000 членови на Извршниот одбор и на белградскиот одбор на партијата во салата „Пинки“ во Земун, меѓу другото разговарал и за вонредни парламентарни избори.Членот на претседателството на СНС Небојша Стефановиќ, за ТВ Прва ги потврди информациите за состанокот и изјави дека Вучиќ на присутните им кажал дека одлуката за вонредните избори „не е ни лесна, ниту брза“ и дека „ треба да се гледаат пошироките интереси“.– Ние сме секогаш подготвени за избори, но треба да видиме дали ова е добро за Србија во овој момент, истакна Стефановиќ, додавајќи дека во моментов во СНС размислуваат за она што е во интерес на Србија и кога ќе „формираат мислење“ што она што е најдобро за Србија, со тоа ќе ја информираат јавноста.За време на говорот на Вучиќ пред членството на СНС, на самото спомнување за вонредни парламентарни избори имало бурен аплауз што беше порака на членството дека тоа го сакаат.

Свет | пред 7 години

obvinitelstvo1

Кривична пријава за екс-градоначалникот на Неготино

Обвинителството од Кавадарци до Судот во Неготино поднесе обвинение за поранешен градоначалник на Неготино за злоупотреба на службената положба.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд Неготино поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот, со кој го товари за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Обвинителството утврди дека обвинетиот во временскиот период од 2014 до 2017 година, во повеќе наврати, како службено лице – Градоначалник на Општина Неготино ги пречекорил границите на службените овластувања со намера за вработени во општината, четворица државни службеници да прибави поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари. Имено, обвинетиот постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи, Законот за државни службеници, Законот за административни службеници и Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија каде е предвидено дека прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, при што додатокот за плата за прекувремена работа да биде во износ од 35 % од износот на основната плата пресметана по час.Обвинетиот го извршил кривичното дело и нанел штета на Буџетот на Општината, со тоа што потпишал на вработените во општината да им биде исплатено повеќе од 190 часа годишно прекувремена работа и тоа по 40 % за час, без да постои поединечно Решение и Извештај за прекувремената работа, ниту уредно архивско заверување.

пред 7 години

sotir-kostov

Групна тужба против пратениците - Не може 80 луѓе да поништат волја на народ

„Браво за професорката Каракамишева“ – рече граѓанскиот активист, аналитичар и екс-јавен обвинител Сотир Костов, на пршањето да ја искоментира иницијативата на професорката по Уставно право за групна тужба против власта, поточно 80-те пратеници кои се обидуваат да го променат уставното име на државата, објави Инфомакс.мк„Не може 80 луѓе да се соберат и да поништат волја на народот изразена на референдумот на 30.септември кога не донесоа одлука за промена на Уставот. Ова е политички варваризам, ова уставно насилие.“ – рече Костов во изјава за „Инфомакс“, појаснувајќи дека иницијативата е одлична, а сега на нив граѓанските активисти следува да ги соберат потписите за поднесување на групната тужба против власта.Целиот текст на инфомакс.мк

Македонија | пред 7 години

49577051_1958370597550146_8010545204576649216_n

Дали уставот е сменет без да се гласа? Гледаме ли партиски филм за собирање гласови?

Сите се на нозе. Владата „моли“ за уште ден пратенички глас, Беса се заканува или условот или нема гласање, опозицијата се приклучи на протестите против уставните измени, „Македонија блокира“ и партијата „Единствена Македонија“, одамна пред Собрние, а Меркел и останатите дипломати веќе не нарекуваат Северна Македонија.Уставните измени во финална фаза денеска повторно пред пратениците во Собранието во рамки на 75. седница, откако вчера закажаната седница беше одложена и презакажана за денеска во 12 часот.Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека се уште се во преговари со партијата Беса на Биљал Касами, која има два пратеника во Собранието, околу нивните барања за уставните измени, со фокус на начинот на кој ќе се дефинира државјанството и за заштитата на дијаспората.– Не можам да кажам дали ќе гласаат 80 пратеници, или пак ќе бидат 79 или 82 или 88, никој тоа сега не може да го каже. Верувам дека процесот на разговори кој течеше дава можност да веруваме дека ќе се обезбеди потребниот број од 80 пратеници, тоа е конечната цел и за тоа разговараме, изјави Заев.Протести и денеска пред Собранието, со цел пратениците уште еднаш да го слушнат гласот на народот, поточно нивната желба изразена на референдумот.Додека во Македонија сеуште „се е неизвесно“ Германската канцеларка во дводневна посета на Грција, каде го подготвува теренот и во оваа земја потпишничка на Преспанскиот договор. За Меркел веќе сме Северна Македонија.- Мислам дека овде станува збор за нешто за кое секој од нас знаеше дека нема да доведе до лесно решение, но сега со името Северна Македонија за сите нас и овде говорам во име на Германија, се создава јасност и ѝ дава можност на Северна Македонија да може да стане член како на НАТО, така и на Европската унија. Но, ова не е добро само за Северна Македонија, туку е добро и за самата Грција, рече Меркел.Инаку Македонското Собрание на 19 октомври со 80 гласа ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. Иако потребното двотретинско мнозинство во правата фаза од менување на Уставот беше неизвесно до самиот почеток на гласањето, сепак во последен момент освен 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За втората фаза, која помина минатиот месец, беа потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници. За завршување на третата и последна фаза е потребно двотретинско мнозинство гласови.

Македонија | пред 7 години

49751022_349144189232644_6296297222711541760_n

Најмногу снег во Маврово, најмалку во Гевгелија

До седум часот изутринава највисока снежна покривка има во Маврово каде се измерени 95 сантиметри снег.Како што посочија од УХМР утринава 57 сантиметри се измерени во Пожаране, а 50 сантиметри на Попова Шапка. Висината на снежната покривка во Лазарополе изнесува 48 сантметри, 44 во Дебар, Крушево, 38 сантиметри во Тетово, 35 во Битола, 34 во Охрид, 32 во Тополчани, 27 сантиметри во Ѓуриште, 25 во Претор, 17 сантиметри во Скопје, 15 во Прилеп, 14 во Куманово, 12 во Скопје Петровец, 11 во Струмица, 10 во Штип, Демир Капија, најмала снежна покривка, или нешто под десет сантиметри е измерена во Берово ( 9 сантиметри) и 8 во Гевгелија.

Македонија | пред 7 години

fwergarhtrh-160345

Единаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

Со полагање цвеќе на спомен – обележјето кај катлановско Блаце, денеска ќе се одбележат единаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на АРМ.На спомен одбележјето во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот  на АРМ, Здружената оперативна команда, воздухопловната бригада, прва механизирана пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на 12 јануари 2008 година околу 9 часот и 30 минути полетаа со хеликоптерот „МИ 17“ од базата Бутмир кај Сараево.Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта.Во несреќата животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.   

Македонија | пред 7 години

f7dk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vNzI4ZjQzNTUzMGM1N2JkZmE5NzM2MDYzYzFhOTJlZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Експлозија во хидроелектрана во Дубровник, двајца мртви

Уште едно тело на работник од Хидроелектраната „Дурбровник“ е пронајдено вчера на брегот на морето. Полицијата потврди дека телото е пронајдено околу 21:50 часот, пренесува хрватски Индекс.Во пожарот кој во четвртокот утрото изби во Хидроелектраната „Дубровник“ три лица се полесно повредени и се хоспитализирани, а тројца се водат како исчезнати.Пред пожарот дошло до експлозија, но причината за истиот се уште не е позната.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Трамп го откажа присуството на Светскиот економски форум во Давос

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го откажа учеството на Светскиот економски форум во Давос што ќе се одржи од 21 до 25 јануари објаснувајќи дека одлуката ја донел поради делумната блокада на американската влада.„Поради тврдоглавоста на демократите кога станува збор за безбедноста на границите и поради важноста на безбедноста на нашата земја, го откажувам важното патување во Давос, Швајцарија, на Светскиот економски форум“, напиша Трамп на „Твитер“.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1083426878336036865?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1083426878336036865&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3022774-nepopustljive-demokrate-tramp-otkazao-ucesce-na-svetskom-ekonomskom-forumu-u-davosuСе очекува претседателот денес во Тексас да изјави дека земјата се соочува со криза која единствено може да биде решена со издвојување на пари за изградба на ѕид на границата со Мексико, пренесува Ројтерс.Поради спорот поврзан со финансирање на изградбата на ѕидот, веќе 20 дена стотици илјади Американци работат без плата, додека Трамп се бори против демократите кои не сакаат да го одобрат неговото барање за 5,7 милијарди долари.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Орбан: Макрон е лидер на промигрантските сили, мора да се борам против него

Унгерскиот премиер Виктор Орбан изјави дека претседателот на Франција, Емануел Макрон го смета за водич на „промигрантските сили“ на Европа и поради тоа чувствуа дожност да му се спротистави, пренесува Ројтерс.„Нема сомнеж дека Емануел Макрон е важна фигура, тој е лидер на промигрантските сили. Тоа не е ништо лично, туку прашање на иднината на нашите земји“, изјави Орбан и додаде:„Доколку во Европа се материјализира тоа што тој го сака во поглед на миграцијата, тоа би било лошо за Унгарија. Поради тоа, мора да се борам против него“, изјави Орбан на конференцијата за медиуми.Тој претходно порача дека би сакал да види анти-имиграциските партии да остварат мнозинство на изборите за Европскиот парламент закажани за мај оваа година. Според унгарскиот премиер, тоа би водело кон слични промени и во извршната власт на Европската унија.„Првата цел на Унгарија е да обезбеди анти-имигрантско мнозинство во Европскиот парламент, а потоа и во Европската комисија. На крајот, како што на националните избори ќе се менува „политичкиот пејзаж“ на континентот, ќе следува и Европскиот совет каде што националните лидери ги носат најважните одлуки во Европската унија“, изјави Орбан.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со умерена облачност, од понеделник нови врнежи од снег

Денес претпладне во западните делови ќе има услови за слаб снег а во другите делови и особено попладне ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура на целата територија на државата ќе се спушти под нулата, а во некои делови ќе достигне и до -9 степени, додека максималната дневна тепература ќе се искачи до три степени.Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и температура од -7 до 1 степен.Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, најизразен во долниот тек на Повардарието. Во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Магла на Стража, забрана за камиони на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар.„Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

gashi-besa

Беса на Африм Гаши: Беса има јасен став, само НАТО и ЕУ

Пратениците и членови на Беса на Африм Гаши, на Фејсбук објавија текст во кој се вели дека барањата се на Билал Касами, а не на Беса.“Би ги замолиле медиумите да објават дека барањата се на Билал Касами, а не на Беса. Беса има јасен став. Само НАТО и ЕУ”, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

49344283_524885968007791_8808169082969915392_n-1

(ВИДЕО) Учителка влечела аутистично дете по подот

Во основно училиште во американската сојузна држава Кентаки учителка по подот во училиштето влечела 9-годишно аутистично дете.Учителката била снимена од надзорните камери.Инцидентот се случил пред два месеци, а училиштето не го објави идентитетот на учителката.„Учителката е отпуштена од училиштето и спроведена е истрага. Инцидентот го пријавивме во Одборот за стандарди во образованието во Кентаки“, изјави директорката на училиштето.Мајката на ученикот за Си-Ен-Ен изјави дека синот го отпишала од училиштето откако дозналУа за инцидентот.Таа снимката ја објавила на Фејсбук, а под неа додала дека нејзиниот син има дијагноза за аутизам, АДХД, ПТСП и депресија, а исто така има и проблеми со говорот.Видеото можете да го погледнете тука

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Меркел: Решението нема да биде од корист само за Грција и Северна Македонија, туку и за цела Европа

Според објавата на „Катимерини“, германската канцеларка, Ангела Меркел, на прес-конференцијата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина го користела името Северна Македонија за нашата држава.„Благодарна сум му на Алексис Ципрас, кој работеше со г. Заев за решение за номенклатурата. Името Северна Македонија е јасно. Јасно е дека односите се формирани. Можам само да му честитам на грчкиот премиер бидејќи решението нема да биде од корист само за Грција и Северна Македонија, туку и за цела Европа“, вели германската канцеларка. 

Македонија | пред 7 години

ovci-vo-sneg

Препораки за одгледувачите на животни при ниски температури и обилни врнежи од снег

„Повеќето видови животни релативно добро ги поднесуваат ниските температури но, при појава на ниски температури, особено екстремно ниски кои се проследени со силен ветер и високи врнежи и наноси на снег во предвид треба да се земат следните препораки:1. Одгледувачите на животни за зимските месеци треба навремено да обезбедат вода и храна за животните во количини доволни за задоволување на потребите на сите животни на одгледувалиштето во траење од најмалку две недели,2. Храната треба да е со соодветна хранлива вредност и соодветна на видот и категоријата на животни кои се чуваат на одгледувалиштето,3. На животните не треба да им се дава смрзната храна,4. Препорачливо е да се зголеми вообичаената дневна дажба на храна за животни која им се дава на животните, а особено кај гравидните животни за да можат да ја одржуваат својата телесна температура,5. Животните не можат, а не треба своите потреби за вода да ги обезбедуваат преку лижење мраз или снег, затоа за истите треба да се обезбеди свежа вода за пиење, која е на соодветна температура. За таа цел препорачливо е одгледувачите (одгледувалишта со автоматски/статичен систем за напојување) навремено да се снабдат со доволен број на корита, кофи и слично за доколку има потреба да ги употребат за напојување на животните,6. При појава на екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег животните треба да се држат затворени во објектите/шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште. Во овој случај треба да се внимава на хигиената во објектите, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова,7. Доколку не постои можност веднаш да се засолнат животните, привремено може да се употребат ќебиња или друг вид на прекривки за нив, во тој случај треба да се внимава прекривките во секое време да бидат суви,8. Треба да се следи здравствената состојба на животните и истите почесто од вообичаено да се посетуваат и набљудуваат,9. Животните кои даваат млеко треба да се измолзуваат редовно во вообичаените интервали,10. Кругот во одгледувалиштето и пристапните патишта треба редовно да се чистат од снегот или мразот,11. Помалите, младите категории и болните и повредени животни се категории на кои треба да се посвети посебно внимание,12. Одгледувачите на животни треба да се во комуникација со нивниот ветеринар за дополнителен совет или доколку е потребно интервенции“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Македонија | пред 7 години

49577051_1958370597550146_8010545204576649216_n

Протест пред Собрание: Вашите закони служат за богатење на политичките бандити на штета на сиромашниот народ

Денес пред Собранието на Република Македонија протестираа и иницијативата „99% Македонија“, а организаторите побараа поништување на амнестијата на политичките криминалци, како и ставање крај на расипништвото на политичките и бизнис елити.„Либерали можеме ли сега да протестираме?“, „Луѓето ги поделивте на сиромашни и иселени“, „Контејнер за секој пратеник“, беа само дел од транспарентите пред Собранието.„Ги амнестирате криминалите на СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ! Ги казнувате продавачите на марули! Наградувате политички бандитизам, а казнувате сиромаштија. Вашите закони служат за една цел: богатење на политичките и бизнис бандити на штета на сиромашниот народ!Додека 28 години градите споменици и шупливи згради, ги распродавате и последните слободни парцели на градежната мафија; додека дивите депонии неказнето работат, а крупните индустриски гиганти непречено загадуваат; додека лошо ја глумите борбата против рудниците на смртта - НИЕ умираме од загаден воздух и уништена животна средина“ стоеше во најавата на настанот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот на патот Маврово-Дебар е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат скоро на целата територија на државата.Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп-Мак.Брод преку планинскиот премин „Барбарос“, како и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).Од 20.45ч сообраќајот на  патниот правец Маврово – Дебар, во близина на манастирот Св. Јован Бигорски е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти.Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања