Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

siljanovska-1

Сиљановска: Пендаровски во 1997 година беше во тимот што тепаа Албанци во Гостивар и Тетово

На ТВ Алсат претседателските кандидати, Гордана Сиљановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река одговараа на прашањето како Пендаровски и Сиљановска се однесувале кон Албанците, а како Река се однесувал кон Македоците.„Во 1997 година јас остро реагирав на акциите во Тетово и Гоствар каде што беа повредени Албанците, а мојот против кандидат речиси беше во тимот, покрај господинот Диме Ѓурев во организација на настаните“, одговори Сиљановска.

Македонија | пред 7 години

milikie-halimi-696x343

Милкие Халими го осуди нападот на екипата на ТВ 21

Градоначалничката на Арачиново, Милкие Халими го осуди нападот врз екипата на ТВ 21, кој беше извршен на територијата на општината, откако новинарите снимале граѓани кои се жалеле на лошата инфраструктура во селото. Таа побара целосно расветлување на случајот, а нејзината реакција е содржана во дописот што го испратила до ЗНМ.-Најостро го осудувам чинот што се случи во просториите на општината. Како прв човек на локалната самоуправа лично ќе се заложам вакви настани веќе никогаш да не се повторат. Слободата на говор, на јавно информирање и непречена работа на медиумите се неприкосновени и цврсто стојам зад тие вредности кои што се и уставно загарантирани. Очекувам и ги повикувам, надлежните институции во најкус можен рок да го расчистат настанот и соодветно да бидат санкционирани“, вели градоначалничката во реакцијата.ЗНМ претходно соопшти дека таквото насилничко и примитивно однесување на кое биле подложени колегите од ТВ21 е неприфатливо и претставува напад врз слободата на информирање и класично попречување во вршењето на работата на новинарите.ЗНМ ја поздравува брзата реакција на градоначалничката Милкије Халими и истовремено бара итна и ефикасна истрага од страна на Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 7 години

3-3

Река до Пендаровски: Дали сте среќен што ве поддржува ДУИ кои 11 години беа дел од режимот?

Кандидатот за претседател Блерим Река, го запраша Пендаровски како си дозволува постојано да и зборува на Гордана Силјановска Давкова дека ја поддржува партија на Никола Груевски кој се поврзувал со режим, криминал, а во исто време него го поддржуваат две партии кои биле дел од таа Влада.„Дали сте среќни што ве поддржуваат ДУИ и ДПА што 11 години беа дел од режимот на Груевски?Дали е среќен што Имер Селмани е дел од неговата кампања?Мендух Тачи ја води добро вашата кампања, а е осуден за изборни нерегуларности.Јас сум прв кандидат етнички Македонец поддржан од партии од сите етнички заедници во земјава. – рече Пендаровски и се задржа за Имер Селмани, дека тој не ја води неговата кампања , – рече Река.И при вториот обид на Река да добие одговор на прашањата, Пендаровски се обиде да го заобиколи одговорот, па ги спомена Титанки 1 и Титаник 2, но, како што кажа Силјановска Давкова, го заборава Титаник 3.

Македонија | пред 7 години

Capture-2

СДСМ: Силјановска не знае колку војници има армијата, а сака да стане врховен командат

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска покажува незнаење за клучни теми што се од надлежност на претседателот на државата, велат од СДСМ.„Сиљановска не знае колку војници има на располагање армијата, а сака да стане врховен командат на вооружените сили.Освен општи непознавања, Сиљановска демонстрира и дискриминација на новинари и медиуми. Сиљановска исто како и Никола Груевски бега од соочување со јавноста и дискриминира новинари и медиуми.Гордана Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста, ги дискриминира медиумите и новинарите.Недозволиво е за кандидат да не знае клучни прашања поврзани со безбедноста, неодоворно е да бега од соочување со јавноста.Граѓаните нема да дозволат некој кој бега од новинари, кој не знае колку војници има армијата да биде претседател на државата.Затоа во недела и потоа на 5 мај, граѓаните ќе дадат поддршка на вистински претседател, на вистински врховен командант кој достоинствено ќе ја претставува државата и нејзините интереси.Граѓаните ќе застанат за концептот на Стево Пендаровски кој води напред во развој, напредок и интеграција во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

reka-siljanovska-650x507-650x430

(ВИДЕО) Силјановска објави заеднички спот со Блерим Река

Два дена пред крај на кампањата, кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова се пофали со заеднички спот со кандидатот на Алијанса и Беса, Блерим Река.,,Сакам да споделам со вас едно видео, за мене лично, многу драго. Јас и мојот противкандидат Блерим во интервју за “Другата страна на политиката”.Нивната идеја беше да го пронајдат човекот во нас, претседателските кандидати, а не политичарот“, напиша Силјановска под видеото.https://www.facebook.com/gordana.siljanovska.71/videos/137637074040933/

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Дел од Сарај и Центар денес без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информират дека денеска поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат:Во периодот 9:00 до 12:00 часот корисниците од дел од с. Долна Матка (општина Сарај).Во периодот од 12:00 до 14:00 часот корисниците од броевите 15, 17 и 19 на ул. Владимир Назор (општина Центар).

Скопје | пред 7 години

3-2

Излезе трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти“ на Свето Стаменов

Деновиве од печат излезе трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти“ на Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и публицист, и на проф. д-р Трајан Гоцевски, универзитетски професор и поранешен декан на Филозофскиот факултет во Скопје, експерт од областа на одбраната и безбедноста и прв цивилен министер за одбрана на независна и суверена Република Македонија, во која во три книги на 1.200 страници се објавени 49 интервјуа кои беа емитувани на програмите на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од 2006 до 2018 година.„Македонски безбедносни лавиринти“ – I книга која, всушност, е реиздание на книгата што под ист наслов беше објавена во 2015 година, содржи 22 интервјуа кои беа реализирани во периодот од 2006 до 2014 година. Тие се однесуваат на она што се случуваше во времето на осамостојувањето и прогласувањето на независноста на нашава земја, на предизвиците и премрежињата пред кои беше исправена младата македонска самостојна држава, на дислокацијата на тогашната ЈНА од територијата на нашава земја, на изградбата на самостојниот македонски одбранбен и безбедносен систем и на неговата оружена компонента - Армијата на Република Македонија, на ирационалниот спор што соседна Грција го наметна околу уставното име на нашава земја, на македонскиот пат кон евро и евроатлантските интеграции, на несреќниот Букурешки самит на НАТО во 2008 година, како и на уште понесреќната 2001 година, кога се соочивме со најголемиот дотогаш предизвик - оружениот конфликт, на меѓуетничките односи и верската толеранција, на дијалогот меѓу цивилизациите, на добрососедските односи и сл.Втората книга на „Македонски безбедносни лавиринти“ содржи 15 интервјуа што беа реализирани на програмата на Македонското радио - Радио Скопје во текот на 2015 и 2016 година, кои тематски се однесуваат на клучните процеси кои се одвиваа во Република Македонија во тие две години, како и на историското значење на одредени датуми од македонската подалечна и поблиска историја.Третата книга, пак, содржи 12 интервјуа реализирани во текот на 2017 и 2018 година, кои во најголемиот дел им се посветени на анализите на македонските  перспективи за членство во НАТО, при што акцентот е насочен кон можностите за забрзување на економскиот развој на Македонија во рамките на евроатлантските интеграции, на последниот самит на НАТО во Брисел и на Договорот од Преспа со кој се затвора речиси тридеценискиот спор што соседна Грција го наметна околу уставното име на нашава земја. Исто така, оваа книга содржи и три интерјуа посветени на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, како и на реформите во безбедносниот систем, а застапени се и теми кои се однесуваат и на глобалната безбедност, на предизвиците и ризиците со кои се соочува современиот се повеќе глобализиран свет, како што се оружените конфликти, организираниот криминал, верскиот фанатизам, профилацијата на оружје за масовно уништување и сл.        Но, она  што дополнително и дава уште поголема тежина и вредност на трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти“ е тоа што повеќето интервјуа, всушност, се и еден вид своевидна исповед и сведоштво на еден од најодговорните луѓе на македонската одбрана во периодот на осамостојувањето на Република Македонија и создавањето на самостојниот македонски одбранбен систем и, особено, на Армијата на Република Македонија, чие формирање беше неопходен услов Македонија да профункционира како самостојна и независна држава.Токму поради тоа, како што истакнува во својата рецензија проф. д-р Стево Пендаровски, претседателски кандидат и донеодамнешен национален координатор за членство на Република Северна Македонија во НАТО, „трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти” е несомнено исклучително публицистичко дело и тоа од најмалку две причини: прво, затоа што е вистинска реткост кај нас да прочитате книга во која е поместена долга серија интервјуа со директен сведок на историјата, и второ, затоа што со ваков потфат се имаат зафатено двајца врвни професионалци во своите области: одбраната и безбедноста, од една, и новинарството, од друга страна“.Со слично мислење е и проф. д-р Зоран Нацев од Филозофскиот факултет во Скопје, според кого, „една продлабочена анализа на содржината на сите интервјуа кои се преточени во текст покажува дека станува збор за своевидна хронолошка анализа на настаните за кои се зборува, поткрепена со научна аргументација и документирана со оригинални сознанија за дел од настаните, на кои еден од авторите бил учесник, а во најголем дел и креатор на процесите”.  За Зоран Иванов, едно од најголемите македонски новинарски имиња, пак, „тритомниот опус интервјуа со еминентниот професор и највлијателен познавач на темата од генералниот наслов „Македонските безбедносни лавиринти“ што новинарот Свето Стаменов му ги наметнал на професорот Трајан Гоцевски, само по себе се формула за капитално дело со вонредни вредности. Особено поради фактот што опусот опфаќа период подолг од една декада радиски интервју остварувања со еминентниот ерудит Гоцевски“.Доцент д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност во Скопје во својата рецензија, пак, истакнува дека трилогијата „треба да им послужи на студентите од прв, втор и трет циклус на студии на сите високо образовни институции, како и на пошироката научна и стручна јавност која работи на полето на безбедносните научни истражувања, како и во делот на одбраната и надворешните односи како ориентација за идни продлабочени истражувања, а може да биде и корисно четиво за едукација и на сите оние кои во професионалната работа се среќаваат со оваа тематика“.Инаку, Свето Стаменов и Трајан Гоцевски, по „Македонски безбедносни лавиринти“, која беше објавена во 2015 година и која сега, всушност, е првата книга на истоимената трилогија, во 2017 година ја објавија книгата „Армија на мирот“, посветена на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија.

Магазин | пред 7 години

Image-1

Ватикан ќе му подели инструкции на Тасевски, за тоа како да го чуваме папата Франциск

На покана на Жандармскиот корпус на Ватикан, делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски од 16 до 18 април престојува во Ватикан, во склоп на подготовките на посетата на Светиот Отец, папата Франциск на Република Северна Македонија.Делегацијата на МВР беше примена од неговата светост Папата Франциск, а оствари средба и со. Доменико Џиани, раководител на Дирекцијата за безбедност и цивилна заштита.

Македонија | пред 7 години

pendarovski-prv-spot

Пендаровски: Ако не успеам овој пат ќе се повлечам, немам нерви да се занимавам со политика

Ако не успеам овој пат ќе се повлечам, немам повеќе нерви да се занимавам со политика ако моите тези овој пат не поминат, рече Стево Пендаровски кој беше дел од дебатата на телевизија Алсат М.„Но доколку ме изберат едвај чекам како претседател полицијата да ме казни, зошто тоа ќе биде преседан“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

vreme

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид и Крива Паланка 14, Берво 12, Кавадарци 19 и Дојран 20 степени.Утре повторно ќе имаме сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во скопје 19, Маврово 13, Охрид 16, Битола 17, Кавадарци 20, Берово 14, Дојран 22...За време на викендот ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и температури од 14 до 21 степен.

Македонија | пред 7 години

cathedral-gas-cans-ho-mo-20190417_hpMain_16x9_992

НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен маж кој со канта бензин се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк

Маж на возраст од 37 години е уапсен во средата навечер во Њујорк од како со две канти бензин, две шишиња специјална течност за палење оган и два т.н уреди кои фрлаат искри за потпала на оган,  успеал да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк.Истиот бил забележан од одговорните по што полицијата го блокирала тој дел на градот, а мажот е совладатан и уапсен.Се очекува полицијата од Њујорк со повеќе детали да излезе во текот на денешниот ден.Ова се случува само два дена од како во голем пожар изгоре познатата катедрала Нотр Дам во Париз.

Свет | пред 7 години

Q2

Пендаровски  во Пробиштип : Нема да дозволиме враќање во минатото, трасиран е патот што води кон ЕУ и НАТО

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Пробиштип и Карбинци, каде од жителите на овие општини побара масовна поддршка на 21 април и на 5 мај преку заокружување на бројот 3, за подобра иднина, за да не се дозволи враќање во минатото и времето на груевизмот. Другата опција, посочи Пендаровски, нема визија, сакаат само се што е добро направено за државата да го укинат,  тие да се вратат на власт и само тие да живеат добро на сметка на другите граѓани.- Ако некој сака да гласа за Гордана Сиљановска тоа значи трет мандат за Иванов. Името е  различно, но политиките се исти. На 21 април и на 5 мај тоа нема да им го дозволиме туку ќе продолжиме Заедно напред кон интеграција во ЕУ и НАТО онаму каде припаѓаме, рече Пендаровски.Патот по кој оди оваа Влада, рече Пендаровски, води кон развој, нови инвестиции, подобар стандард, поголеми плати и нови работни места, а сето тоа е поттик младите да останат дома.Пендаровски повика на заедништво и сплотеност,  бидејќи отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат само добро за државата, за граѓаните, особено за младите. Патот е трасиран и нема враќање назад, порача Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

DSC23

Сиљановска Давкова од Берово: Вашите проблеми се наши проблеми -како заедно да излеземе од ова политички мочуриште

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Берово.Сиљановска Давкова при обраќање пред граѓаните истакна дека 21 април и 5 мај се деновите кога граѓаните ќе ја делегитимираат власта на СДСМ и Заев, бидејќи не водат сметка за правото и правдата.На 21 април и 5 мај треба изборно да ги делегетимираме тоа ќе значи дека нема да грабнат уште една важна функција претседателската во своите раце, оти тие се би грабнале за да останат на влас, се борат на живот и смрт, зошто знаат дека правото и правдата ќе ги стигнат и нив, ама заборавија дека тие не водеа сметка за правото и правдата тие беа обземени од политички реваншизам, делеа селективна правда. Не ние нема да бидеме како нив, ние ќе бидеме поинакви, правото и правдата ќе важат за сите, ама најпрво ќе ги испробаме на нив, вели Сиљановска Давкова.Сиљановска Давкова нагласи дека со оваа власт граѓаните на Република Македонија се соочуваат со лоша економија, односно како што рече таа додека владеат корупцијата и криминалот, на смета на тоа расата трошоците на живот но не и платите и пензиите на граѓаните.Сиљановска посочи дека нејзините залагања се Европската Унија и НАТО но, за влез во ЕУ се потребни вистински и суштински реформи а не ова што го прави СДСМ и Заев, додавајќи дека проблемите на граѓаните се и нејзини проблеми и дека токму таа ќе ги реши и конечно граѓаните ќе излезат од ова политичко мочуриште.Вашите проблеми се наши проблеми ние постојано размислуваме како заедно да излеземе од ова политички мочуриште. Но, мислам дека времето е пред нас и дека набрзо во најубавиот месец мај ние ќе тргнеме со поинакви чекори, побрзи европски во решавање на граѓанските проблеми од секаков вид зошто не се патува во Брисел и ЕУ, туку Брисел се препознава овде, кажа Сиљановска Давкова.Таа ги потсети граѓаните дека доколку биде избрана за претседател на Република Македонија секогаш ќе го користи ветото доколку постои основано правно сомнение дека некој закон не е во согласност со Уставот, а за нејзе како професор по уставно право е најважно почитувањето на највисокиот правен акт на државата.Секогаш кога ќе се најди закон пред мене и кога јас имам основано правно сомнение и оние околу мене критичарите дека не во согласност со Уставот сигурно дека ќе ставам вето. Не, за да се правам важна или сила туку за да покажам дека уставот е тој што важи за сите нас па и за претседателот и се разбира ќе го образложам тоа и ќе побарам да го слушнете и вие тоа, рече Сиљановска.Сиљановска додаде дека често ќе се обраќа во собранието за да може сите да ги слушнат проблемите на граѓаните се со цел да се најде решение за нивните вистински проблеми и да почувствуваат граѓаните дека таа како претседател води грижа за сите граѓани.Ќе се обраќам во ваше име, во име на оние кои им е најголема потребата од помош. Се чини дека така и вие ќе чуете дека некој и кога е таму е со вас и вашите проблеми па ќе можете да оцените кој води а кој не води сметка за граѓаните, изјави таа.На крај Сиљановска нагласи дека во нејзиниот кабинет и во институциите каде што таа ќе именува високи функционери ќе се води од строги критериуми, знаење и професионалност.На сите функции секогаш ќе водам сметка да се најдат оние кои ги исполнуваат најстрогите критериуми оти само тогаш еден претседател може да биде одговорен пред граѓаните. Не да се води од пријателството и фамилијарноста или од партијата туку да се води од знаењето, посочи Сиљановска.

Македонија | пред 7 години

bebe

Хорор во Босна - Татко го убил петмесечниот син затоа што многу плачел

Дваесет и осум годишниот З.М. од босанскиот град Братунац е уапсен поради сомневање дека пред месец дена си го убил своето бебе.Во полиција било пријавено дека во здравствена установа е примено бебе со тешки телесни повреди, а дека постои сомнение дека тие повреди ги нанел таткото З.М.Според медиумите од регионот, таткото го фрлил детето на креветот. Од ударот, бебето се здобило со тешки повреди и било однесено во болницата во Братунац, па потоа во Зворник, и на крај во Тузла, каде што бебето подлегнало повредите.

Свет | пред 7 години

merko-215062

Министерот Фазлиу ќе оди кај градоначалникот Мерко - ќе разговараат за набавката на Аудито

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, најави дека ќе се сретне со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за да разговара со него околу набавката на луксузното „ауди“ вредно околу 70 илјади евра.Фазлиу смета дека станува збор за луксузирање, но не потврди дека гледа вина или грешка во потегот на градоначалникот Мерко.Инаку одлуката на Мерко да го поднови возниот парк на општина Струга предизвика бурни реакции во јавноста затоа што трошењето на парите се случува во време кога општината има долг од 4 милиони евра и е една од најзадолжените.Освен со ауди струшкиот градоначалник возниот парк го поднови и со три нови шкоди. Сите ја чинат оштината 114 илјади евра.

Македонија | пред 7 години

IMG_9689

Николовски: На 90 отсто од тутунопроизводителите добија зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2018

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на општина Прилеп имаа средби со земјоделци и тутунопроизводители во врска со плановите за новата производствена реколта за тутунот, но и за останатите мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој.Министерот Николовски потенцираше дека за реколтата 2018-та се откупени 25,2 милиони килограми тутун, од кои над 90 отсто од земјоделците предале тутун од прва и втора класа.„Во контекст на политиките кои ги водиме согласно тековните исплати, календарот за исплата, Програмите, навремено беа обработени списоците за исплата на тутунот од реколтата 2018-та. Имавме стабилен откуп, со просечна откупна цена од 214,2 денари за килограм, откупени се 25,2 милиони килограми, а исплатени се кон тутутнопроизводителите над 5,4 милијадри денари од страна на компаниите откупувачи. Од овие откупени 25,2 милиони килограми тутун, над 21 милиони килограми се од прва и втора класа,или над 90 осто од тутунопроизводителите како резулатат на промена на системот на субвенционирање по класи, добиваат зголемени субвенции за прва и втора класа“, изјави министерот Николовски.Во реколтата 2018 се засеаја 14.505 хектари со тутун што е за околу 380 хектари повеќе од 2017-та, а се склучија 33.501 договори или околу 4.700 договори повеќе од 2017-та година.Минатиот месец во Собранието се изгласа Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, со кој е предвидено укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба значајно ќе се намалат административните процедури за тутунарите на начин што, тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите кои треба јавно да се објават најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страната на откупувачот.Воедно, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа во Охрид, се судрија два автомобили и мотор

Попладнево на ул. Железничка се случи сообраќајна несреќа во која неофицијално учествувале два автомобили и мотор.Неофицијално во такси удрил автомобил, а во него мотор.Портпаролот на СВР потврди дека има сообраќајна несреќа на Железничка, но дека увидот е во тек и дека сеуште не се знае каратктерот на повредите на повредените.Нскоро повеќе...

Македонија | пред 7 години

UaYct-

Фрлил кеса со марихуана и преминал во Албанија

На 16.04.2019 година во 20.30 часот, кај гробиштата во с. Спас, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Блато“ забележале лице како се движи по граничната линија со најлонска кеса во рацете.Полициските службеници издале наредба да застане, но лицето почнало да бега и ја фрлило кесата. Биле испукани и неколку предупредувачки истрели во воздух, но лицето преминало на територија на Република Албанија. Подоцна, во кесата биле пронајдени две пакувања со марихуана со тежина од околу два килограми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

gostivar

Низа неправилности во јавен превоз Гостивар - осум возачи без лекарско, тројца без положен возачки испит...

На 16.04.2019 година во периодот од 06.00 до 09.00 часот во Гостивар е спроведена акциска контрола со која биле опфатени 35 возила (комбиња) кои вршат јавен превоз. Притоа, откриени се девет возила со претовар на патници, осум возачи без лекарско уверение, три возачи без положен возачки испит, еден со несоодветна категорија, две нерегистрирани возила и еден возач кој не ја прилагодил брзината според условите на патот.Констатираните прекршоци биле санкционирани со законски предвидените поднесоци. На 16.04.2019 година на тетовското подрачје, исто така, спроведени се засилени контролни активности во кои биле откриени вкупно 42 прекршоци, најмногу погрешно, односно непрописно паркирање (19). Покрај ова, утврдено е дека седум лица ги управувале возилата без возачка дозвола, шест возила имале истечена регистрација, пет биле технички неисправни, седум возачи- почетници не се придржувале на законските ограничувања и друго.

Македонија | пред 7 години

granata

При ископ на темели за куќа во с.Могила биле пронајдени две гранати

На 16.04.2019 година во 11.02 часот во СВР Битола, З.П. од село Могила пријавил дека при ископ на темели за куќа во с.Могила биле пронајдени две гранати калибар 60мм и калибар 75мм од Првата Светска војна. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатите се подигнати за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

kazimoski

Ќазимоски: Каде завршија парите од паркинзите од Струга за 2018 година?!

Ќазимоски: Каде завршија парите од паркинзите од Струга за 2018 година?!Советникот на Алијанса за Албанците од Лабуништа, Јасмин Ќазимоски реагираше за Извештајот на ЈКП “Еко – Струга”. Ќазимоски во вчерашната седница на Советот ги спомна неговите сомнежи за работата на оваа претпријатие и обвини за несериозност од страна на одговорните лица на претпријатието, објави voxstruga.mk.“Според извештајот од ЈП Еко-Струга, во период од 6 месеци, претпријатието реализирало приходи скромни 238.500 ден. Причината за ова е повеќе од сигурно дека не се издаваат фискални сметки за паркинг услугите, се работи на црно, а парите завршуваат во нечиј џеб. Иако ЈП Еко-Струга е казнето од страна на УЈП за неиздавање на фискални сметки, продолжуваат да работат на истиот начин. Ова е кривично дело, и некој мора да одговара” – вели советникот на АА, Јасмин Ќазимоски од Лабуништа за voxstruga.mk.Фото и текст: voxstruga.mk

Македонија | пред 7 години

marihuana2

Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага за недозволено пуштање во промет на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Во домот каде што живее осомничениот, на 15.04.2019 година, била пронајдена опојна дрога марихуана со нето маса од 296,79 грама, која ја држел неовластено заради продажба. Освен ова, биле откриени и дигитална вага со остатоци од непозната материја, пакувања со семки од непознато растение и една кесичка со непозната растителна материја. Во текот на истражната постапка ќе се изврши вештачење за да се утврди непознатата растителна материја.Ценејќи дека се исполнети законските основи и дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

пред 7 години

gimnazija

Поднесено обвинение за обид за тешка кражба во спортската сала на средното училиште „Никола Карев“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице, кое се товари дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба, предвидено и казниво согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 12.12.2018, во гардеробата на спортската сала при СУГС „Никола Карев“, на дрзок начин се обидел да одземе туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Имено, тој влегол во соблекувалната во која биле оставени облека, лични предмети и торби на посетителите и започнал да претура во внатрешноста на една од торбите. Во тој момент во соблекувалната дошла оштетената која го затекнала. Обвинетиот се упатил кон неа, ја оттурнал од вратата на соблекувалната кон скалите и избегал.По неговото лишување од слобода, на обвинетиот со Решение на судија на претходна постапка од 11.04.2019 година му беше определена мерка притвор во траење од осум дена. Ценејќи дека и натаму постои реална опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, надлежниот јавен обвинител до судот достави и Предлог за продолжување на притворот за обвинетото лице.

пред 7 години

UaYct-

Oбвинителен акт за наркотична дрога пронајдена во автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое неовластено заради продажба држело наркотична дрога – марихуана и со тоа сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 23.03.2019 година обвинетиот управувал со автомобил Фоксваген Пасат кој не бил во негова сопственост и на крстосницата меѓу булеварите „Македонско-косовска бригада“ и „Босна и Херцеговина“ бил забележан од овластени службени лица на МВР дека поминал на запалено црвено светло. Притоа, му била дадена наредба да го запре возилото, но обвинетиот побегнал, по што по радио врска била објавена потрага по него.Со поставена блокада на регионалниот пат Скопје-Велес кај Трубарево возилото било запрено, а полициските службеници извршиле легитимирање на обвинетото лице, личен преглед и преглед на возилото. На задното седиште од автомобилот била пронајдена марихуана со вкупна нето маса од 3.247,6 грама спакувана во три пакувања.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека и натаму постои опасност тој да се даде во бегство со цел да го избегне кривичниот прогон или да го повтори кривичното дело.

пред 7 години

marihuana2

Поднесен обвинителен акт за лицето кое направи импровизирана лабораторија за марихуана во Козле

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на најгорниот кат од својот дом во Козле неовластено произведувал, преработувал и заради продажба држел наркотична дрога – марихуана. Притоа тој направил импровизирана лабораторија со 52 растенија од типот Cannabis, импровизирана сушилница од картонски кутии каде го сушел растението, а потоа го дробел и пакувал за продажба и вршел екстракција на масло од марихуана.При претрес на домот на осомничениот била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1.324,43 грама, спакувана во повеќе различни тегли и пакувања, хашиш масло со вкупен волумен од 27 милилитри во 54 капсули, хашиш смола со вкупен волумен од 30,7 милилитри во 11 пластични шприцеви, како и дигитална вага, вентилатори, термометри, инструменти за мерење влажност, екстрактор и други апарати кои ги користел во импровизираната лабораторија.Со Решение на судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје на лицето му беше определена мерка куќен притвор, па ценејќи дека се уште постојат законските основи за обезбедување на негово присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката куќен притвор.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања