Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

bdp

Според Владата - Политиките даваат резултати и економијата се движи напред

Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа прес- конференција на вицепремиерот Анѓушев и економскиот тим министри посветена на растот на БДП во четвртиот квартал од 3.7% според последно објавените податоци на Државниот завод за статистика, на којашто се обратија заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за финансии, Драган Тевдовски.Вицепремиерот за економски прашања Анѓушев нагласи дека по низата на претходни позитивни информации за економијата од различни сектори, а во согласност со очекувањата на Владата, Државниот завод за статистика објави дека растот на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал на 2018 година изнесува 3,7%, додека невработеноста во земјата го достигна најниското ниво во историјата и падна на 19,4%.„Трендот на растот на БДП е позитивен, што потврдува дека Владините економски политики се правилно поставени и дека добро обмислените мерки во сите сектори ги даваат очекуваните  резултати. Растот на БДП во четвртиот квартал на 2018 година изнесува 3,7%, додека невработеноста ја проби психолошката граница од 20%, односно падна на 19,4%,  што претставува намалување од 3,6% за само една година, односно креирани се 26600 работни места во текот на изминатата година. Растот на БДП се базира на раст на градежништвото, кое што е вратено во нормала, со раст од 19,6% во четвртиот квартал, растот на финалната потрошувачка, како и извозот на стоки и услуги.Индустрискиот раст во јануари 2019 година бележи раст од над 12%, што ни дава за право да кажеме дека економијата на Република Северна Македонија има светла иднина и дека создаваме силна економија, шанса за сите граѓани“, потенцираше вицепремиерот.„Во четвртиот квартал забележуваме раст на градежништвото од 19,6 %, што е преку 20 % повисок отколку во третиот квартал. Ова само покажува за силната реализацијата на капиталите проекти. Она што е уште поважно е тоа што градежната сеозна веќе започна и тоа е добар предуслов за висока реализација на капиталните инвестиции и оваа година. Вкупните инвестиции што се инвестираат надминуваат над една милијарда и 200 милиони евра. Овие показатели само потврдуваат дека градежниот сектор се враќа на посакуваните двоцифрени стапки на раст и дека конечно граѓаните ќе ги видат бенефитите од овие инвестициони вложувања,“ соопшти министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека во четвртиот квартал од 2018 година, земјоделството бележи пораст со што како сектор има придонес во вкупниот раст на бруто-домашниот производ.„Споредено со претходните квартали кога имавме негативен тренд и состојбата што ја наследивме во 2017 година, кога учеството на земјоделството во вкупното БДП беше негативно, овие податоците покажуваат дека земјоделството се стабилизира, односно излегува од континуираната негативна состојба што е резултат на нагорен тренд на зголемено производство и на зголемени обработливите површини. На пример во 2017 година се обработувале вкупно 226.117 хектари, а во 2018 година 229.414 хектари“, изјави министерот Николовски.Според Бектеши, четвртиот квартал е период на комплетна реализација на мерките и активностите од годишните програми. Планот за економски раст и реалните економски политики преточени во неколку програми наменети за компаниите дадоа резултати во зголемување на конкурентноста, засилена трговска активност и зголемен извоз.„Само во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво 2018 поддршката за компаниите ја зголемивме, односно бизнис субјектите  имаа на располагање на 47 милиони денари и со неа обезбедивме поддршка на развојот на над 150 претпријатија. Годинава фирмите имаат дури нешто над 53 милиони денари, поделени во дел за мали и средни претпријатија, за кој се веќе активни неколку мерки, дел за индустриска политика, каде поддршка ќе добијат субјектите од преработувачката индустрија, дел за кластерско здружување и нов дел за општествено-одговорно работење“, рече министерот за економија Бектеши.На денешната прес-конференција, Министерот за финансии истакна дека растот на БДП од 2,7% е најблизок до есенската проекција на Министерството за финансии за раст од 2,8%. Со ова Министерството за финансии се потврди како кредибилна институција. За споредба, есенските проекции на другите релевантни институции се движеа меѓу 1,6% и 2,5%. Ова е јасна потврда за зајакнатиот капацитет и посветеност на Министерството за финансии.Кредибилноста на економските проекции е клучна за кредибилно дизајнирање на буџетот, а со тоа и кредибилно водење на фискалната политика.„ Овие позитивни постигнувања се несомнено резултат и на фискалната политика како клучна економска алатка на Владата. Нашата фискална политика овозможи поддршка за повисоки плати, за повеќе вработувања и за зголемени инвестиции. Притоа, ова е постигнато со дисциплинирана фискална политика - низок буџетски дефицит (1,8% од БДП), и стабилизиран јавен долг (48,7% од БДП)“, рече министерот Тевдовски и додаде дека невработеноста за првпат од независноста е пониска од 20%. Се намали на најниски 19,4% во четвртиот квартал.

Македонија | пред 7 години

DSC_5185

Средба на премиерот Заев со грчката алтернативна министерка за надворешни работи, Анагностопулу

Претседателот на Владата Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Атанасиа Анагностопулу, алтернативна министерка за надворешни работи на Република Грција.На средбата е констатирано дека успехот на премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, со постигнатото решение на долгогодишниот спор е силна порака дека Балканот може да биде носител на мир, стабилност и солидарност, спротивно на досегашните перцепции за овој регион, и посебно во услови кога на Европа и се потребни позитивни примери на решавање билатерални прашања и стабилност.По постигнатиот Договор и отворените НАТО перспективи, изразена е поддршка и за европските перспективи на Република Северна Македонија.Оценето е дека европските интеграции се важни како за нашата држава, така и за Грција и за регионот и Европа. Исто така, заеднички е изразена цврста определба за практична имплементација на Договорот од Преспа.-Испишуваме позитивна историја. Имаме заедничка обврска да продолжиме да работиме и на бенефитите од Договорот од Преспа за граѓаните на двете држави, но и да покажеме на Европа и на светот дека освен што се можни решенија на тешките политички прашања, тие решенија носат и придобивки на секој план, рече премиерот Заев.На состанокот е посочено дека денешното потпишување на договорот помеѓу министерствата за надворешни работи на двете држави во Скопје, за отворање нов граничен премин во месноста Маркова нога во преспанскиот регион, носи економски, туристички придобивки, мотивира соработка и дијалог помеѓу нашите граѓани. Но е и јасен знак дека владите и на Република Северна Македонија и на Република Грција се определени на продлабочување и развивање на билатералната соработка, по постигнатиот историски Договор во Преспа, за којшто оддаваат почит и Европа и светот.Се разговараше и за активностите коишто се во тек за отворање уште еден нов граничен премин помеѓу двете држави, во делот на соработката за гасно поврзување, инфраструктурното патно и железничко поврзување, за интересот на компании од Република Грција за инвестирање во Република Северна Македонија, за заедничкиот проект за заштита и реконструкција на Дојранското езеро, за унапредување на културната соработка.Изразена е обострана благодарност за заложбите од двете страни за постигнатиот развој на односите помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, што ќе се унапредува низ потврда на меѓусебната доверба, разбирање и поддршка денес и во иднина.

Македонија | пред 7 години

1-7

Филипче: Намаленa e смртноста на новороденчињата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за здравство, д-р Венко Филипче, директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, д-р Викторија Јовановска, директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Флорин Бесими, директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Анте Попоски, претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство, д-р Ана Данева Маркова, како и Соња Таневска, претставник на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во државата, денеска присуствуваа и се обратија на настан на којшто беа презентирани резултатите од заедничкиот проект на Владата, министерството за здравство и УНФПА, за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата.Иницијативата за овој проект, како што рече и Премиерот Заев потекна пред една година, и оттогаш до сега се спроведуваа бројни активности во насока на подобрување на условите во родилиштата во земјата, како и кон намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата.„Во двете поголеми родилишта во државата, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје и Клиничката болница во Тетово, обучени се 47 здравствени работници, како мултидисциплинарни тимови, кои пружаат ефективна грижа на мајките и на бебињата, пред, во текот и после породувањето. Неонатолозите во овие и во болницата во Чаир, преку практична работа со поддршка од реномирана меѓународна експертиза, во период од неколку недели добија клучни препораки за посоодветна грижа на новороденчињата, особено за предвреме родени бебиња. Понатаму, адаптирани се 15 протоколи за најчестите состојби кај мајката и новороденчето, пред, за време на породувањето и потоа. Во тек е нивна дистрибуција и брза обука на здравствените работници во 33 родилишта во нашата земја“, рече меѓу другото Премиерот Заев во своето обраќање пред присутните.Проектот, чии што резултати беа презентирани денеска, како што додаде Премиерот Заев, е прв проект којшто се реализира во Република Северна Македонија на принципот „matching funds“. Средствата коишто ги одвои државата потоа беа дуплирани од страна на Фондот за население на Обединетите Нации, со што вкупниот буџет достигна до 5,7 милиони денари или околу 106 илјади американски долари.Потенцирајќи дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет во работењето на Владата на Република Северна Македонија, Премиерот Заев посочи дека сите чинители во државата треба да работат уште посветено и понапорно, со цел родилишта во нашата земја да бидат еднакви со родилиштата во високо развиените европски земји.„Соочени со системски проблеми“, како што посочи министерот за здравство д- р Венко Филипче, „го започнавме проектот и истиот даде резултати“.Министерот Филипче истакна дека на Клиниката за Гинекологија и акушерство во 2017-та година починале 36 новороденчиња на 1000 живородени, додека лани - 24 на илјада живородени, што претставува пад за 30%.„Дел од планот за унапредување на женското здравје и активностите кои ги спроведовме, а сакам денеска да ги потенцирам се: отворивме 3 центри за упатување на жени од сексуално насилство, за првпат обезбедивме бесплатни ортопедски градници, за жените коишто се оперирани од рак на дојка, почнуваме со набавка на 8 мамографи во вредност од 85 милиони денари, бесплатни прегледи и лабораториски анализи во текот на бременоста, бесплатно породување за жените кои се надвор од системот на задолжително здравствено осигурување и лица без документи за идентификација, фолна киселина за секоја бремена жена и така натаму“, рече министерот за здравство, д-р Венко Филипче.Исто така, министерот Филипче додаде дека е изготвен план за поголема достапност на жените до гинеколошки здравствени услуги. Во таа насока, како што рече тој, специјалистите гинеколози од секундарно ниво на здравствена заштита ќе можат да пружаат услуги и како матични гинеколози во градовите каде што недостигаат гинеколози, односно Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево и Пробиштип. Истовремено, ќе се активираат и мобилни гинеколошки амбуланти за руралните средини.Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, како што рече нејзиниот директор Анте Поповски, во изминатиов период направи силни напори, според кредибилна методологија да постави стандарди во родилиштата во земјата.Истакнувајќи дека намалувањето на смртноста на доенчињата е обврска на Република Северна Македонија и поради усогласување со целите за одржлив развој на Обединетите Нации, д-р Ана Данева Маркова, инаку претседателка на Комитетот за безбедно мајчинство, рече дека земјава бележи пад на морталитетот на новороденчињата, доенчиеата и на децата под 5 годишна возраст.Претставничката Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во државата, Соња Таневска потенцираше дека во изминатите 50 години, колку што постои УНФПА, смртноста на бебињата е намалена за 50%.

Македонија | пред 7 години

IMG_1827

Општина Кисела Вода со мултимедијален хепенинг го одбележа 8 – ми Март

Во големата сала на Општина Кисела Вода со мултимедијален хепенинг се одбележа 8 - ми Март, Денот на жената.Одбележувањето на овој голем ден со музички и ритмички точки, со ликовни творби и креативни изработки го збогатија децата од основните училишта и градинки од општината.Имено, на децата од училиштата и градинките и нивните ментори кои учествуваа на конкурсот кој неодамна на тема: 8 - ми Март, Ден на жената го објави локалната самоуправа претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ заедно со секретарот на Општината, Александар Алексовски им доделија благодарници и дипломи за најдобрите цртежи и изработки.Комисијата составена од градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски ги награди ликовните творби и креативни изработки на следните ученици од општинските основни училиштата и дечињата од двете јавни детски градинки:ЈДГ „Весели Цветови“- I место - Клара Нешиќ, ментор Марина Бузалковска- II место - Димитар Ристов, ментор Анета Младенова Јачовска .- III место - Христијан Георгиевски, ментор Анета Младенова ЈачовскаЈДГ „8 Март“- I место - Ева Бојовска,ментор Милка Јовевска- II место - Максим Сегер, ментор Наташа Стевковска- III место - Лана Дајчиновска, ментор Ирена НиколовскаНаграда за креативна изработка Лука Настовски ,ментор Тања ЈовановскаЛиковни творби прва категорија- I место - Сашка Ѓорѓиоска IV 3 одделение ООУ „Круме Кепески“ ,ментор Ирена Павлоска- I место - Ева Стојчевска IV 2 одделение ООУ „Круме Кепески“ ,ментор Марина Крстевска Ангелова- II место - Лука Љотиќ III а одделение ООУ „Рајко Жинзифов“, ментор Весна Стевановска и Светлана Жежовска- II место - Андреа Спасовска IV а одделение ООУ „Рајко Жинзифов“,ментор Горица Станковска и Елизабета Младеновска.- III место - Матеа Исовска IIIа одделение ООУ „Рајко Жинзифов“,ментор Весна Стевановска и Светлана Жежовска- III место - Јована Пешова IVа одделение ООУ „Рајко Жинзифов“,ментор Горица Станковска.Ликовни творби втора категорија- I место- Елеонора Серафилоска IXв одделение ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, ментор Лидија Цакович- I место - Ева Карамановска IXб одделение ООУ „Рајко Жинзифов“, ментор Даниел Манасиев- II место - Калина Митревска VIII1 одделение ООУ „Кузман Јосифовски Питу“,ментор Лидија Цаковиќ- II место - Ангела Петрушевска IXв одделение ООУ „Кирил Пејчиновиќ“,ментор Лидија Цаковиќ- III место - Марија Стаменова IX3 одделение ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, ментор Лидија Цаковиќ- III место - Анастасија Димитрова IXб одделение ООУ „Партенија Зографски“, ментор Јулијана Арсовска.Прва категорија креативни изработки- I место- Матеј Илиев IV3 одделение ООУ „Круме Кепески“,ментор Ирена Павлоска- II место - Кара Селовски Iа одделение ООУ „Партенија Зографски“, ментор Ирена Србиновска и Халед Никовски- III место-Матеа Блажовска IIIб одделение ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, ментор Анета Буковалова- III место- Христина Цветановска IVв одделение ООУ „Рајко Жинзифов“ , ментор Виолета Николин.Втора категорија креативни изработки- I место- Учениците од IX2 одделение од ООУ „Климент Охриски“ ,ментор Биљана Илиева- II место - Мила Маркоска IXб одделение ООУ „Рајко Жинзифов“ ,ментор Даниел Манасиев- III место - Јана Петрушевска VIIб одделение ООУ „Партенија Зографски“, ментор Јулијана Арсовска- III место - Ева Карамановска IX одделение ООУ „Рајко Жинзифов“.

Скопје | пред 7 години

gordana-siljanovsak-davkova

Силјановска: Жените не сакаат празни честитки еден ден во годината, туку еднакви можности во сите области

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова кандидат за претседател на Република Македонија денес по повод 8-ми март Денот на жената присуствуваше на маршот во центарот на Скопје, а подоцна оствари кафе средба со младите и на крај ја посети населбата Ченто каде што се сретна со голем број на граѓани и пазарџии.По повод празникот 8-ми март, Силјановска Давкова запраша дали е 8-март среќен и дали може да се гордееме на планот на женската еманципација и родовата еднаквост?Дали е празник, и дали имаме со што да се гордееме на планот на женската еманципација и родовата еднаквост? Премногу едноставно е да се одржи говор или да се напише пригодно писмо со кое ќе се порача дека на Македонија ѝ требаат силни и остварени жени. Потребна е акција, а тоа се виде на лицата на жените (и мажите) со кои денес марширав во центарот на Скопје. Жените не сакаат цвеќе и празни честитки еден ден во годината, тие бараат еднакви можности во сите општествени и јавни сфери, кажа Силјановска Давкова.Таа потенцира дека лично се нафатила да се бори против еден стереотип за жените во политиката истакнувајќи дека жената со својата специфична природа и пристап кон проблемите може да биде силна и да го менува општеството.Жената, со својата специфична природа и пристап кон проблемите, може да биде силна и може да го менува општеството, ама и начинот на кој се води државата. Ние можеме! Македонија, политиката и Јустиција - сите се во женски род, вели Силјановска Давкова.Силјановска Давкова оствари средба со младите каде што на кафе муабет во кафичот Ла Петит разговараше за голем брј на прашања кои што ги засегаат младите во Република Макеоднија.Подоцна Проф. д-р Силјановска Давкова го посети и пазарот во населбата Ченто каде што се сретна со голем број на пазарџии и граѓани.Се сретнав со луѓе домаќини, загрижени за состојбите со економијата и со функционирањето на државата. Јас им ветив дека мојот избор ќе значи почеток на процесот на враќање на владеењето на правото за сите граѓани без исклучок. Моите ставови може да ги следите на оваа страница. Ширете го мојот глас насекаде затоа што тој води кон правда за Македонија, истакна Силјановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

53274635_1181104528731671_7251755643084734464_o

Мицкоски: Реалниот живот не се баловите на кои оди премиерот, туку сиромаштијата и беспарицата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Гостивар, а откако претходно беше во фабриката за тули, замина во населбата Циглана каде имаше средба со жителите.„Ги посетив жителите на гостиварската населба Циглана. Заевизмот кој е матрица на ова тешко и мачно секојдневие силно се чуствува меѓу граѓаните. Една средовечна жена ми вели, имаме фијаско и секој ден слушаме лоши вести, го чуствуваме лошиот живот на наша сопствена кожа. И реалниот живот не се баловите на кои оди премиерот, не се ниту оние скапи автомобили кои ги вози, туку реалниот живот е тука во гостиварска Циглана и насекаде во Македонија каде се чувствува сиромаштијата и беспарицата. Правдата е згазена, владеењето на правото уништено. На Македонија и треба препород и промени. На Македонија и треба честитост и знаење и ние тоа ќе го донесеме. Битката на нашата генерација е за правда и подобар живот“, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

123-1

Инспекторот кој го барал исчезнатиот Пино заминал во пензија, мајката во агонија

Утре во Скопје, со почеток од 14 часот пред Собранието, по трет пат на мирен протест ќе излезе мајката на исчезнатото момче Пино, Маја Трпковска. Покрај неа ќе биде и таткото на Арбен, Бекир Аслан, кој трага по својот син повеќе од еден месец, пишува Фокус.Маја вели дека веќе три месеци живее во агонија, откако нејзиниот 26-годишен син излегол од дома со автомобилот и му се изгуби секаква трага. Таа веќе во два наврати излезе на протест и бараше одговори од надлежните околу тоа како и според кои стандарди и правила се водат истрагите за исчезнатите лица од земјава, бидејќи, очигледно нема успех и десетици граѓани со години наназад не се пронајдени.-Инспекторот кој работеше на случајот со моето дете замина во пензија, тоа е најновото нешто. Назначен е нов, кој се уште нема разговарано со мене. Вчера го барав, рече дека ќе ми се јави, но уште не ме побарал. Минат деновите, поминаа три месеци… Во ова време – невреме за мене и моето семејство, благодарна сум им на хуманите и сочувствителни луѓе кои ми ја даваат поддршката. Запознав многу луѓе кои ги допре мојата мајчинска болка, добивам пораки со поддршка, тоа ми дава сила и знам дека не сум сама. Но, најважното, каде е моето дете, уште останува нерешено. Барам одговори, барам сериозен пристап од институциите, времето одминува – ни изјави Трпковска, додавајќи дека многу и значи тоа што и таткото на исчезнатиот Арбен ќе присуствува на протестот.

Македонија | пред 7 години

Darko-Kostovski

ВМРО ДПМНЕ: Само Македонија и македонскиот народ немаат сервис кој ќе го одржува идентитетот

Грција ја има ЕРТ (Елиники Радиофониа Тилеораси), Србија ја има РТС (Радио Телевизија Србија), Бугарија ја има БНТ (Бугарска Национална Телевизија), Албанија ја има РТШ (Радио Телевизиони Шкиптар), Косово ја има РТК (Радио Телевизиони Косова), Велика Британија ја има Би - Би - Си (Бритиш Броадкестинг Сервис). Само Македонија и македонскиот народ немаат сервис којќе го одржува идентитето, истакна Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ.Поради СДСМ и Зоран Заев Македонија го губи симболот на македонското радио и телевизија.Се наоѓаме пред Македонската Радио Телевизија, основана со одлука на Првото заседание на АСНОМ, институција на која со одлука на Зоран Заев и се брише името и се обезличува. Со одлука на Владата, Македонската радио телевизија станува Национална радио телевизија.Преименувањето на Македонската радио телевизија е доказ дека Зоран Заев и СДСМ не го сочуваа институционалниот идентитет. Преименувањето на МРТ е доказ дека Република Македонија поради договорот од Преспа не може да ги користи придавките македонски/ македонско/ македонска.Зоран Заев и СДСМ тврдеа дека е зачуван институционалниот идентитет. Гледаме дека не е.Преименувањето на МРТ е удар врз културното наследство на македонскиот народ. МРТ е првото радио на македонски јазик, преку кое за првпат македонскиот јазик е пуштен во етерот.МРТ е вистинска културна ризница. Во МРТ се чуваат сите архиви во вид на аудио и видео материјали за создавањето на државата. МРТ е симболот со кој што Македонците, македонската дијаспора иМакедонците од соседството се идентификуваат со Република Македонија. Првата програма на Македонското радио се слуша во цела Македонија како и во соседните држави каде што живеат Македонци: Грција, Мала Преспа и Голо Брдо во Албанија, Бугарија како и во Србија и на Косово. Првата програма на Македонското радио се слуша и преку интернет како и на сателит.Името „Национална Радио Телевизија“ не значи ништо. Не претставува никого, не поврзува никого, не одразува ничии ставови, култура, посебност.Македонскиот народ не го заслужува ова понижување. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Потребно е масовно излегување на претседателските избори и победа на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на нови предвремени парламентарни избори, истакна Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

trska-3

(ФОТО) Гори трската кај болницата Св.Еразмо

Во моментов голем пожар кај болницата за ортопедија и трауматологија Св Еразмо. Според сознанијата на Скопје 1, гори трската.Пожарот избувнал околу 18 часот. Во моментов огнената стихија ја гасни противпожарната служба од Охрид со едно возило.Наскоро Повеќе....

Македонија | пред 7 години

Naum-Stoilkovski

Стоилковски: Ако Пендаровски, кандидат на власта, се чувствува небезбеден сега, како ли треба да се чувствува кандидатот на опозицијата?

Претседателскиот кандидат на власта во втор обид, Стево Пендаровски се чувствувал небезбеден, обвинува за негово следење како вели веројатно и на неговото семејство. Пендаровски, поранешен полициски функционер, обвинувадека странски служби шетаат и го фотографираат него и неговото семејство, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Истото обвинување беше поддржано и од Кирацовски, партиски генерален секретар и шеф на изборниот штаб на Пендаровски. А два дена Оливер Спасовски, вицепремиер, партиски противкандидат на Пендаровски, и воедно министер за внатрешни работи молчи за обвинувањата.Јавноста мора да знае, дали државата е безбедна, дали Стево Пендаровски е безбеден, дали е следен од странски служби, кои се тие странски служби за кои што посочува Пендаровски? Спасовски е должен да одговори, постои ли безбедносен ризик, точни ли се обвинувањата на Пендаровски, која е таа опозициска партија за која зборува Пендаровски, а се надоврзуваКирацовски?Почитувани, постои можност и се сомневаме дека ова всушност е основа за следење на опозицијата од страна на власта, свесно се пласира лага за да се отвори истрага со која што би се дозволило следење на противкандидатите.Ако Пендаровски, кандидат на власта, се чувствува небезбеден сега, како ли треба да се чувствува кандидатот на опозицијата? Какви ли избори најавуваат Пендаровски и Кирацовски? Спасовски мора да каже дали е способен да ги заштити претседателските кандидати и да обезбеди фер и демократски изборен амбиент, односно безбеден и демократски изборен ден.Ако Пендаровски како кандидат на власта се чувствува небезбеден, како ли треба да се чувствуваат граѓаните, гласачите во Република Македонија? Дали гласачите се небезбедни? Дали и другите кандидати треба да се чувствуваат небезбедно? Спасовски тоа мора да го каже, уште повеќе, доколку изјавите на Пендаровски се шпекулации и манипулација со јавноста заради тоа што е фатен во лага, тоа да биде соопштено.Алибито на Пендаровски заради неговиот пораз на изборите не смее да биде заевизмот. Жртва не смее да чувството за безбедност а за тоа да биде обвинета опозицијата, а не власта.Токму затоа во Македонија ќе победи правото и правдата, ќе победи Гордана Силјановска Давкова, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Заевизмот паѓа, победува Честита Македонија, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

mijalkov

Од суд, Мијалков дирекно во Шутка

По барање на Специјалното јавно обвинителство и обвинителката Фатиме Фетаи, Сашо Мијалков од судот каде денеска му беше изречена 3 години казна затвор, ќе биде директно пренесен во притворското одделение во Шутка.Оваа одлука на СЈО следува поради како што кажа Фетаи, опасност од бегство. Мијалков до сега се водеше во куќен притвор. Оваа одлука е обжалена, но се уште нема реакција по однос на истата од судот.

пред 7 години

IMG-edd981a1e12cc4216065a25e0009914a-V

ФОТО: Фатен дилер на дрога, проајадени пари и прашкаста материја

СВР Скопје во содејство со Одделот за криминалистичка полиција и СВР Тетово реализираа случај на недозволена трговија со дрога при што до надлежното ОЈО поднесена е кривична пријава против лицето Б.С.(33), а поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.Имено, вчера (07.03.) околу 14.45 часот, полициски службеници врз основа на судска наредба извршија претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што се пронајдени стаклена тегла исполнета со паковки со бела прашкаста материја, кеса со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, пари во вредност од 350 евра и 64.000 денари, телефон и други предмети. Пронајдените предмети со потврда се одземени од пријавениот и лицето е лишено од слобода во ПС ОН Гази Баба.Од вештачењето е констатирано дека белата прашкаста материја со вкупна нето маса од околу 270 грама е кокаин, кафеавата прашкаста материја со вкупна нето маса од 100 грама е хероин, додека на дигиталната вага се констатирани остатоци од хероин и кокаин. Инаку пријавениот е евидентиран во крим-евиденцијата како сторител на кривични дела, за што имал и правосилни судски пресуди.    

Македонија | пред 7 години

54516644_2205055809555217_9129778957103661056_n-1

Мијалков тврди дека ќе ја одлежи казната: Стилот на моето однесување не е бегањето

Осудениот Сашо Мијалков пред судот рече дека нема намера да бега. Според него, тврдењето на Фетаи е само шпекулација.„Слушнавме од Обвинителството дека се појавиле околности дека јас ќе сум се дал во бегство. Сметам дека ваквото тврдење, без докази, се празни флоскули и шпекулации. Ако се осврнеме на претходните години, ќе видиме дека наративот на моето однесување не дале ниту мала индиција дека планирам да направам такво нешто.Јас во неколку наврати кажав дека со бегање, проблемите не се решаваат.Стилот на моето однесување не е бегањето. Доколку оваа пресуда ја потврди Апелациониот суд, јас ова ќе го решам со одлежување на казната а не со бегање“, рече Мијалков

Македонија | пред 7 години

24-Home-Google-Chrome_2

Адвокатите на Мијалков: Со ништо не покажал дека ќе бега

Одбраната на Сашо Мијалков ќе ја обжали казната затвор од три години пред повисоките судови. Одбраната тврди дека Мијалков нема да бега и затоа не е потребно да му биде одредена мерка притвор.„Предлогот не се дава врз основа на проценка, туку врз основа на доказ. Против обвинитиот се водат повеќе други постапки, каде има мерка куќен притвор. Тоа дека опасноста од бегство е зголемена бидејќи сега има пресуда, не е никаков доказ дека обвинетиот ќе се даде во бегство. Со ништо не покажал дека ќе се даде во бегство. Со ништо не е потврдено дека тоа ќе го направи. Да се прифати построга мерка притвор е спротивно на ЗКП“, рече одбраната на Мијалков.„Предлогот на Обвинителството не е поткрепен и неосован“, додаде одбраната. 

Македонија | пред 7 години

mijalkov

Фетаи бара Мијалков одма да биде однесен во притвор, за да не избега

Обвинителката Фатиме Фетаи не побара сите обвинети во предметот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности да бидат приведени туку само еднаш неделно да се јавуваат во судот поради опасност од бегство. Единствено за ексчленот на ДИК, Бедредин Ибраими и ексдиректорот Сашо беше побарано мерка притвор, поради неговото однесување во текот на псотапката.Оваа одлука на СЈО следува поради опасност од бегство иако истата не се покажа како ефикасна во случајот на Груевски кои по пресудата избеда од Македонија.Фетаи рече дека осудените со умисла ги сториле кривичните дела. Таа додаде дека постои можност од бегство на Мендух Тачи, па  предложи да му се изречете мерка на претпазливост и да се јавува кај надлежен судски орган или надлежно лице .Фетаи истото го побара и за обвинетите Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска.Во текот на главната расправа го видовме на дело однесувањето на Ибраими.„Не ги признава одлуките и работата на СЈО и Судот, едноставно не го признава системот. Тоа ни дава право да мислиме дека тој може да не ја почитува денешната пресуда.  Од тие причини кои укажуваат опасност од бегство сметам дека единствен механизам е мерката притвор  мерка притивор бараме за обвинетиот Мијалков,  околности кои укажуваат на опасност од бегство се констатирани од страна на овој суд и апалационен суд“, рече Фетаи.

Македонија | пред 7 години

54516644_2205055809555217_9129778957103661056_n-1

Сашо Мијалков осуден на 3 години затвор

Во  Кривичниот суд денеска објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.Мендух Тачи обвинет за криви дело злоупотреба на службена положба и обвастување, виновен затвор од три години , за истото дело затворски казни  од три години добија и Бедредин Ибреими, Влатко Сајковски, Сашо Срцев, Анета Стефаноска.Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК обвинет исто на 3 години казна затвор но за дело Примање награда за против законито влијание.Судот ги задолжи обвинетите да ја надоместат штетата за матријаната штата.Обвинетите имаат право на жалбата.Сите кривични дела, како што беше кажано им се ставаат на терет на обвинетите и истите се на товар на правни и матријални  докази согласно законот за кривина постапка.Судот смета дека Никој нема право да ја узурпира праваната држава за лични интереси на поединци или групи.Мијалков е е во куќен притвор, а по одлуката на Врховниот суд, кој ги пушти од притвор бизнисмените од „Империја“, иста одлука се очекува и за поранешниот шеф на УБК. Неговото име беше споменувано во политичките пазарења на власта за обезбедување на мнозинството во парламентот за уставните измени за промената на името на земјава.Со правното мислење на Врховниот суд, со кое е утврдено СЈО да не може да покренува обвиненија и истраги после јуни 2017 година, се отвора можност пресудите на пониските судови да паднат пред Врховен.

Македонија | пред 7 години

ohridcaling

Авалон нема договор за Ohrid Calling, а не го платил ни долгот од лани

„Авалон Продукција“ нема потпишан договор со ЈП Билјанини Извори за закуп на стадионот во Охрид, а на Фејсбук во два наврати веќе објави реклама за Ohrid Calling во која како локација го наведува токму овој простор.Од ЈП „Билјанини Извори“ велат дека тие имаат договор со „Прагма Мјузик“ кој е склучен уште пред 4 месеци и е прифатен од страна на Управен Одбор,а со кој стадионот се изнајмува на оваа продукција за да организира концерти на светски познати и миња на 2 и 3 август.АВАЛОН ДОЛЖИ - ПРАГМА ПЛАЌА ПРЕДВРЕМЕАвалон продукција на ЈП „Билјанини Извори“ им должи 820.000 денари главен долг плус законски камати, средства кои не се исплатени за одржувањет она Ohrid Calling 2018. За ова согласно закон претпријатието покренало изрвршна постапка и принудна наплата на парите преку УЈП.Од друга страна „Прагма Мјузик“ минатата година ги исплатила сите обврски уште пред да се одржат концертите и нема никаков долг, што пак и дава поголем бонитет ви бизнисот со ЈП „Билјанини Извори“ и ја прави посигурен партнер.

Македонија | пред 7 години

Zaev

Заев по повод 8 Март:Заедничкото општество е силно колку што е силна жената во него

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев упати честитка по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената во која се вели:Кога денеска го славиме овој празник треба да прифатиме дека во нашето општество има сѐ уште области во кои преовладуваат конзервативните и премногу застарени принципи за улогата на жената. Тоа го менуваме, и на тоа остануваме посветени се до постигнување на целосната правична родова еднаквост.Ако не го направиме тоа, особено во сферите на креирање на политиките, на носењето на законите и во сферата на учеството на девојките и жените во системот на институциите, ќе продолжиме да и даваме простор на општествената, родова неправда, која го намалува потенцијалот за прогрес на нашето општество.Денеска е денот кога треба да им дадеме гласност на пораките дека без потполна родова еднаквост нема ни демократија, ниту социјална правда.И не само денеска, овие прашања ќе бидат решени само ако им дадеме постојана гласност и видливост, секој ден. Мораме да ги охрабриме застапниците на борбата против родовата нерамноправност и сексизмот за да ги запреме сите видови на неправда во општеството, зашто борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество.Да не запреме додека целосно не ја анулираме разликата во вредноста на трудот меѓу мажите и жените и додека не обезбедиме дека девојките и жените имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните работни кариери и да бидат избирани на највисоки работни позиции. Нема никаква причина да биде поинаку. Кога жените губат - сите губиме.Економското зајакнување е одговорот на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените. Економски силните девојки и жени полесно ќе се справуваат со сиромаштијата, со насилството и дискриминацијата.Образованите, еманципираните жени полесно ќе го движат нашето општество напред!Правото на глас, избор и еднаквост треба секојдневно да се негува и унапредува се додека не стане наше секојдневие. Заедничкото општество е силно колку што е силна жената во него.Честит 8 Март за родово еднакво општество, се вели во честитката од премиерот. 

Македонија | пред 7 години

rabotnik-k-mitrovica

(ВИДЕО) Работник од 20 метри паднал врз девојче, двајцата се тешко повредени

Во Косовска Митровица утринава се случила страшна несреќа, кога работник кој работел на зграда паднал врз девојче кое поминувале покрај градилиштетот. Работникот Б.С. паднал од третиот кат од зградата. Настанот се случил откако попуштила платформата на која стоел, па паднал од височина од 20 метри. Во тој миг минувало мало девојче врз кое паднало и дел од платформата. Сведоците зборуваат дека гледката била запрепастувачка.-Продавава цвеќе кога слупшнав вресок за помош. Потрчав и видов човек кој лежеше и девојче кое беше без свест. Ја земав во раце и почнав да трчам по главната улица, Во еден момент наиде возило и само ја внесовме. На пат до болница таа се освести - рекол за Новост, Фатмир Љатифи.Повредени се и работникот и девојчето, а како што пренесува Новости.рс, работникот прво паднал врз бетонска тераса, а потоа и врз несреќното девојче.Полицијата врши увид на лице место.

Свет | пред 7 години

ekskurzija

Со лажен договор до тендер за организирање на меѓународна екскурзија

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување или уништување деловни книги” и ,,злоупотреба на лични податоци“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Д.Ч.(30) од Прилеп и против правниот субјект „Балкан Нет“ Туроператор ДООЕЛ Скопје подружница Струга.На 24 јануари минатата година, пријавениот Д.Ч. како управител и во име на пријавеното правно лице, во деловен договор за давање услуги за туристичко водење и придружување, од туристички водич од Охрид, внесол невистинити податоци. Тоа го направил без согласност од туристичкиот водич, со неовластено користење на личните и службени податоци како и со фалсификување на личниот потпис.Потоа, лажниот договор го пуштил во правен сообраќај како да е вистински, пријавувајќи се на тендер односно јавен оглас за организирање на меѓународна екскурзија.

Македонија | пред 7 години

ojo

Уважена жалбата на обвинителството против пресудата во предметот со штитеничката на Домот за деца „Ранка Милановиќ“

Советот на судии во Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата поднесена од страна на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со изречената пресуда во предметот со штитеничката на Домот за деца „Ранка Милановиќ“ – Скопје.Имено, во декември минатата година надлежниот јавен обвинител поднесе жалба, незадоволен од висината на изречената казна за кривично дело Трговија со дете со која тројцата обвинети, по признание на вина, беа осудени на казна затвор и тоа М.Д. во траење од 13 години, а Е.Ј. и С.Р. од по 12 години. Иако првостепениот суд пресуди затворски казни за сторителите, јавниот обвинител ценеше дека при определување на висината на казната, судот ги преценил олеснителните околности, на сметка на отежителните, па казните по својата висина не се соодветни и не претставуваат адекватен општествен прекор упатен кон обвинетите.Апелациониот суд Скопје, уважувајќи ја жалбата на обвинителството, ја преиначи првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје и на првообвинетата и изрече казна затвор во траење од 17 години, а другите две лица ги осуди на казна затвор во траење од по 14 години.За настанот со штитеничката на Домот за деца „Ранка Милановиќ“ – Скопје обвинителството оформи предмет по допрен глас. Од прибраните докази во текот на истражната постапка се утврди дека во период од почетокот на декември 2017 година до 06.02.2018 година детето било жртва на трговија со луѓе, извршена од страна на осудените лица. 

пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: За еден ден собрани над 32.000 потписи за Стево

Граѓаните низ целата држава масовно се одзваа на повикот преку потписи да дадат поддршка на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски. За само еден ден, над 32.000 граѓани се потпишаа за кандидатурата на Стево, стои во соопштението од СДСМ.Со тоа, кандидатурата на Стево е единствената кандидатура за претседател на државата којашто е поддржана практично од над 30.000 граѓани, над 30 политички партии и 60 пратеници. Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите етнички заедници, сите заедно се обединија околу Стево.Како одговорна и државотворна партија, им се заблагодаруваме на сите граѓани, на сите коалициски партнери, на сите пратеници кои дадоа поддршка за Стево.Одиме сите заедно со Стево, партии, пратеници, граѓани, одиме сите заедно кон една голема победа за доброто на нашата држава, за подобра иднина за нашата и идните генерации, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

zatvor-grcija

Масовна тепачка меѓу Албанци и Грк во грчкиот затвор еден загинат 7 тешко повредени

Еден грчки затвореник загина, а седум се повредени во тепачка во грчкиот затвор Коридалос, јавуваат грчките медиуми. Тепачката избувнала меѓу затворениците од Грција и Грузија и Албанија.До тепачката дошло на психијатриското одделение во затворот и во неа учествувале голем број на затвореници вооружени со рачно направени оружја.  Повеќе затвореници се тешко повредени и се префрлени во болница.https://twitter.com/webVOICEnews/status/1103785613806002182?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1103785613806002182&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fmasovna-tepachka-megju-albanci-i-grk-vo-grchkiot-zatvor-zatvorenik-izboden-do-smrt-7-teshko  

Свет | пред 7 години

mijalkov-2

Денеска пресуда за „Титаник 2“, на Мијалков му се заканува од една до пет години казна затвор

Во Кривичниот суд денеска во 12.30 часот треба да биде објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.Во „Титаник 2“ на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Мијалков е се уште во куќен притвор, а по одлуката на Врховниот суд, кој ги пушти од притвор бизнисмените од „Империја“, иста одлука се очекува и за поранешниот шеф на УБК. Неговото име беше споменувано во политичките пазарења на власта за обезбедување на мнозинството во парламентот за уставните измени за промената на името на земјава.Со правното мислење на Врховниот суд, со кое е утврдено СЈО да не може да покренува обвиненија и истраги после јуни 2017 година, се отвора можност пресудите на пониските судови да паднат пред Врховен. 

пред 7 години

8-mi-mart

ЦИВИЛ бара вистинско и доследно почитување и унапредување на правата на жените

Правата на жените се човекови права што веќе 70 години се заштитени со меѓународното право и Обединетите нации. Жените имаат право да живеат ослободени од насилство, ропство и дискриминација. Жените имаат еднакви права да се школуваат, да поседуваат имот, да гласаат и да заработат фер и еднаква плата како и сите други вклучени во пазарот на трудот. За жал, насекаде во светот, па и во Република Северна Македонија, жените и девојките се соочуваат со негирање на нивните права, дискриминација и насилство, едноставно, поради нивната родова припадност.По повод Меѓународниот ден на правата на жените, 8 Март, ЦИВИЛ уште еднаш го крева гласот во поддршка на сите жени во светот, и бара да се стави крај на дискриминацијата и насилството против жените. ЦИВИЛ бара од институциите да престанат со декларативните заложби и доследно да ги спроведат сите закони за заштита на човековите права и слободи и за заштита од дискриминација по родова основа. Институциите на државата и на локалната самоуправа, како и општеството во целост, мора да работат на еманципација и почитување на правата на жените.Политиките и практиките мораат да се подобрат веднаш, без одложување, веќе до крајот на денешниот ден. Секој што го чита или слуша ова соопштение, мора да преземе итни чекори за унапредување на правата на жените.ЦИВИЛ бара од Владата да подготви законски мерки и да воведе практики на најостро санкционирање на секоја постапка што жената ја става во подредена положба или ја дискриминира на работното место, во семејството, во јавноста или на било кое друго место или ситуација. Медиумите и граѓанските организации мораат да манифестираат повисока одговорност и да работат на граѓанска едукација за правата на жените.ЦИВИЛ предлага 8 Март да се прогласи за неработен ден на сите жени во земјата.Правичната застапеност на жената од 50% во институциите и во структурите за донесување на одлуките се подразбира и мора да се спроведе веднаш. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања