Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

3-3

„Преку збор до срцето на жената“ – Мултимедијален настан во Ресен

Синоќа во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, се одржа мултимедијалниот перформанс „Преку збор до срцето на жената“. На овој настан, беа презентирани повеќе дела од областа на поезијата и прозата, чија тема е жената, од страна на учениците од основните училишта во Преспа, како и од градинката 11 Септември од Ресен. Поезијата и прозата беше изведена на три јазици – македонски, турски и албански.„Мултимедијалниот перформанс „Преку збор до срцето на жената“ е всушност продолжување на традицијата од минатата година, која започнавме да организираме одредена културна програма под покровителство на сопругата на градоначалникот Билјана Гошаревска, но сепак да биде во некое поинакво светло од она што редовно го правиме. И секако, кој би направил нешто почисто и поискрено од децата, кои своите стихови и песни им ги посветуваат на мајките, бабите, наставничките....нивниот збор се врежува длабоко во срцето на секоја жена. Затоа и вечерва, се надевам дека во срцата на сите присутни жени на овој настан, допреа зборовите од стиховите и расказите на учесниците на овој културен настан“, истакна директорот Васеко Василевски.Музичкиот дел од програмата беше изведен од Кристијан Божиновски, ученик во Школата за пијано која работи под закрила на Домот на културата „Драги Тозија“. Организатор на настанот е библиотеката при Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, која брои над 50.000 примероци во својот библиотечен фонд, со тенденција на постојан пораст.

Македонија | пред 7 години

8-mi-mart-1

За едни Среќен 8 март, за други ден како секој друг - Има ли излез од тунелот?

8 март, многу жени добиваат подароци, цвеќиња, ќе слават по кафани, но дали сите жени го празнуваат денот исто?Чувство на срам, вина, ниска самопочит и самодоверба. Страв за својот живот и животот на своите деца. Насилството врз жената за жал сеуште има и тоа во големи размери. Тоа се манифестира во различни форми. Често, тоа е физичко насилство, но во многу случаи станува збор  груби коментари, љубомора, психолошка агресија, закани  и навреди. Психичкото насилство е познато и како емоционално насилство чија главна карактеристика е тоа што ја нарушува благосостојбата на едно лице. Тоа води кон сериозно емоционално нарушување на психичкото здравје на жртвата.Психолозите се категорични дека психичкото насилство многу потешко се препознава за разлика од физичкото.За жал многу малку жени се одлучуваат да проговорат јавно за психичкото насилство, поготово во Македонија. Според нив, ова е мала земја, каде не смее јавно да се зборува. Затоа што ако кажат вината се насочува кон нив, и наместо закрила добиваат прст вперен кон нив дека се виновни за таквиот однос.Другата причина која е многи значајна, тоа е социјалниот момент. Со ниска или никава плата, каде да се оди велат одредени жени кои со години трпат тортура само поради своите деца.Институциите охрабруваат постојано, кажете, не молчите. Јавно проговорите... Но, што прават  институциите за да им помогнат на овие жени?Едно е сигурно не ги слушајте ветувањата дека насилството ќе престане. Вие и вашите деца заслужувате да се чувствувате сигурно и безбедно од секаков вид на насилство.Побарајте помош. Секогаш има излез  од тунелот.Најновото истражување на ОБСЕ покажува дека 70 отсто жени во земјите на Западен Балкан, Молдавија и Украина доживеале некаков вид насилство. ОБСЕ на конференција во Брисел ги презентира наодите од истражувањето за безбедноста на жените спроведено во 2018 година во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Украина и Косово.Околу 16 милиони жени на таа територија се погодени од некоков вид на насилство од својата 15-та година. Ова се неприфатливи факти, како од човечки аспект, така и од аспект на безбедноста и стабилноста, но и од економски и социјален статус на општеството, истакна генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер.Истражувањето на ОБСЕ укажува на фактот дека 60 отсто од 15.000 испитани жени биле психички злоставувани од партнерот, а 45 отсто од нив биле предмет на сексуално вознемирување. 

Македонија | пред 7 години

anagnostopulu

Анагностопулу во работна посета на Македонија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на делегација од Република Грција предводена од алтернативната министерка за надворешни работи, Атанасиа Анагностопулу, која е во работна посета на земјава.Централната средба ќе се одржи во Секретаријатот за европски прашања, а во рамки на дводневната работна посета алтернативната министерка Анагностопулу ќе оствари средби и со премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Македонија | пред 7 години

51352852_777130685978142_866252714139451392_n

Силјановска за Пендаровски: Ваквиот почеток на кампањата навестува атмосфера на недоверба, ширење параноја, застрашување

Гордана Силјановска – Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук се осврна на изјавата на претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, дека го следела тајна разузнавачка служба, блиска до опозицијата.„Мнозина се прашуваат каква ќе биде изборната кампања. Со право, стравуваат од негативна и валкана кампања, во која противкандидатот/противкандидатката ќе се дискредитира по лична основа, со ad hominem напади, и ќе се претставува како непријател наместо како конкурент во претседателска трка. Веќе реков дека тоа не е мој стил и дека ќе дадам максимален напор натпреварот со двајцата колеги-професори да биде таков каков што ни доликува и каков што од нас очекуваат граѓаните.Со видео порака веќе изразив загриженост околу тврдењата на колегата, проф. Стево Пендаровски, дека е следен од странски служби, односно од лица кои се вработени во македонскиот безбедносен сектор, а со години соработувале со тие (непријателски) служби. Покрај тоа, пратеникот Кирацовски, близок соработник на Пендаровски, обвинува дека постојат „служби на опозицијата“, заборавајќи кој е власт во оваа земја, и кој е одговорен за безбедноста не само на кандидатот Пендаровски, туку и на сите обични граѓани.Но, во оваа прилика сакам да укажам и на неколку други работи:Прво, ваквиот неформален почеток на кампањата навестува атмосфера на недоверба, ширење на (политичка) параноја, застрашување, па дури и тешки инсинуации не само за дел од вработените во нашите безбедносни служби, туку и за опозициските партии, и за мене како кандидат, како луѓе кои не само што се наводно антизападни, туку и кои се „балкански шпиони“. Влезот во НАТО и во ЕУ се тема околу која постои национален консензус, и затоа е погубно ако во кампањата влеземе како ликови кои потсетуваат на филмовите од времето на Студената војна. Присвојувањето на сѐ што е напредно и прозападно од страна на претставниците на власта, фактички, од сите останати прави анахрони „негативци“ и нѐ става во дефанзивна и инфериорна позиција. Она што го сметам за несреќна изјава на Пендаровски, се надевам, дека ќе запре тука и дека нема да се пренесе во официјалниот дел од кампањата, освен ако некој има идеја претседателските избори да ги претстави во манихејска форма како битка на Доброто и Злото, Западот и Истокот, Вашингтон и Москва.Граѓаните на Република Македонија избираат свој претседател, шеф на држава кој ќе ја претставува дома и во странство, и не е ничиј пион на шаховската табла. Како на мала земја ни се потребни сите можни пријатели и сојузници од меѓународната сцена, и тоа како за безбедносна, така и за политичка, економска, културна и друга соработка“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

cveka

МВР дементира: Ниту е изречена казна, ниту е одземено цвеќе

Министерството за внатрешни работи најостро ја демантира лажната вест што ја шират дел од порталите за наводна казна и одземено цвеќе на, како што велат, "женичка во близина на Сити мол".Ниту е изречена казна, ниту е одземено цвеќе ниту станува збор за жена која продава.Имено, по претходна анонимна пријава од граѓанин, полициски службеници излегле на лице место и го легитимирале Р.М. (19) од Скопје и за тоа е направена службена белешка, при што не е изречена казна и не е одземено цвеќе.МВР апелира до граѓаните да се информираат од релевантни извори на информации и да пристапуваат критички кон порталите кои постојано продуцираат лажни вести. 

Скопје | пред 7 години

VIK_8062

Тевдовски и Жбогар во посета на новото училиште во с.Гургурница

Министерот за финансии Драган Тевдовски и амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар, денес (8-ми март)  ќе го посетат новото училиште во с.Гургурница, општина Брвеница. Присуство е најавено и од министерот за образование Арбер Адеми, заменик министерот за финансии Ширет Елези, Беким Имери од Канцеларијата на Светска банка и градоначалникот на Општина Брвеница, Енвер Пајазити.Новото училиште е изградено преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и Европската унија. Вкупната инвестиција за изградба на новото училиште во Гургурница е 46 милиони денари и истото ќе го посетуваат околу 200 ученици.Преку Проектот за подобрување на општински услуги се инвестира во капитални проекти кои ги подобруваат условите за живот во општините. Покрај училишта, преку проектот се финансира и изградба на градинки, водоводна мрежа, локални улици, канализации, општински згради и други капитални проекти.

Македонија | пред 7 години

gordana-siljanovska-davkova

Силјановска: Ако Пендаровски се чувствува небезбедно, што да очекуваме ние останатите противкандидати

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова се огласи на Фејсбук со реакција на изјавата на заедничкиот кандидат за претседател на државата на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски дека го следат тајни разузнавачки служби, блиски до опозицијата.„Се прашувам ако некој кој речиси одраснал во безбедносните служби, ако некој кој бил национален советник за безбедност дури на двајца претседатели се чуствува небезбеден, што да очекуваме ние останите противкандидати за претседател на Република Македонија“, вели таа.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/952137838316951/

Македонија | пред 7 години

mijalkov-2

Денес се очекува пресуда за Мијалков, Тачи и ексчленовите на ДИК

Пресудата за случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, ќе биде соопштена денес.Обвинети во предметот се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Случајот го води судијата Огнен Ставрев.Одбраната во завршните зборови побара ослободителна пресуда за сите обвинети, посочувајќи дека обвинителството не изнело докази со кои се потврдува делото за кое се теретат.Според СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.Поништувањето на гласањето, според Фетаи, е егзактна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку е потребно за нивниот кандидат да може да оди во втор круг, додека Тачи иако немал законско право го убедил Бедретин Ибраими да го промени своето мислење и да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат како што појасни Фетаи членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ требало да гласаат за приговори на ДПА за Чаир.Другите обвинети членови на ДИК, според СЈО, ја злоупотребиле службената положба и не биле во функција на Изборниот законик, туку на партиските интересни.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со умерена облачност, температури до 24 степени

И денеска и утре времето во целата земја ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.Дневните температури ќе бидат во Скопје 22 Целзиусови степени,Маврово 14, Охрид 17, Битола 21, Кавадарци 23, Крива Паланка 19, Берово 17, Дојран 24 степени. Слични дневни температури ќе бидат и утре.В недела времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер од југозападен правец и дневни температури од 15 до 23 степени.Од понеделник се очекува промена на временските услови кога под влијание на влажен и постуден бран во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 14 до 22 степени.

Македонија | пред 7 години

Rabota-na-pat

Променет режим на сообраќај на делницата Демир Капија – Миравци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Виадукт Трејд Дооел известува дека денес, 08.03.2019, од 08:00 часот до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопатот А1 делница Демир Капија - Миравци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

pozari

(ВИДЕО) Институциите се подготвуваат за справување со пожари

Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи со кој претседава министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска одржа седница по повод претстојната летна сезона, појавата на високи температури и можноста од појава на евентуални пожари на територијата на Република Северна Македонија, а со цел нивно навремено спречување од појава или ширење.Имајќи ги предвид предлозите изнесени за време на расправата на седницата од членовите и другите присутни лица по однос на оваа тема, Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи на 11-та седница предложи мерки и препораки до надлежните институции, согласно кои Центарот за управување со кризи, во најкраток можен рок, треба да формира Оперативно координативно тело за заштита на шумите од пожари во претстојниот период, со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Управата за хидрометеоролошки работи, ЈП Национални шуми, Шумската полиција и ЗЕЛС.На состанокот беше препорачано Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, доколку оцени за потребно, да воведе ограничување на движењето на сите лица во шумите во шумскиот појас, (по процена во определен период од денот), со одредени исклучоци, како што е организирана тура на туристи за туристичкото разгледување на шумите во шумскиот појас и националните паркови во Република Северна Македонија, во придружба на претставник од ЈП „Национални шуми“ или националните паркови.Исто така, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе треба соодветно да ја информира јавноста за постоење на забраната за палење на стрништата како превентивна мерка за заштита од појава на шумски пожари и за опасноста од настанување на шумски пожари, за штетните последици од шумските пожари, за нивна превенција, како и за висината на казните за предизвикување на пожари согласно одредбите од Законот за шуми.Во таа насока, е и препораката на Државниот инспекторат за земјоделство, во координација со Државниот инспекторат за шумарство и ловство, да преземаат мерки за превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа, и засилени контроли на терен во претстојниот летен период, како и да биде вклучено и ЈП за стопанисување со пасиштата, кои преку своите служби, треба да ги известат корисниците на дивечот во ловиштата и корисниците на пасиштата, за можна потреба од нивно превентивно вклучување во заштита од евентуалана појава на пожар.Препораките на Управувачкиот Комитет го вклучуваат и ЈП Национални шуми, кое треба да изготви оперативни планови за заштита од шумски пожари, да изврши распоредување на сите мобилни екипи на шумската полиција на терен, со цел обезбедување на засилени контроли во претстојниот период, додека Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција и Шумската полиција треба да го интензивираат патролирањето и легитимирањето во шумските предели во претстојниот период.Управувачкиот Комитет им препорача на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и на сите единици на локалната самоуправа во Република Северна Македонија да ја зголемат соработката и координацијата со регионалните центри за управување со кризи, користењето на контактите преку бесплатниот телефонски број за итни повици 195, кој е 24 часа достапен на целата територија на Република Северна Mакедонија, и да ги ажурираат податоците за ресурсите од јавните претпријатија и трговските друштва во нивна надлежност кои може да се стават на располагање во случај на потреба и појава од пожари на отворен простор.ЈП Македонски железници инфраструктура, МЖ транспорт АД Скопје, ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и ЈП за државни патишта, веднаш да го отстранат горливиот материјал (сува трева и ниски растенија) во близина на пругите, односно на железничките правци и на автопатиштата каде што постои изразена опасност од опожарување.На седницата присуствуваа и членовите на Управувачкиот комитет, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министер за надворешни работи, Никола Димитров, директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена, Агрон Буџаку, како и членови на Дирекцијата за заштита и спасување, претставници од Центарот за управување со кризи и од Министерството за одбрана, претставници од ЈП Национални шуми, шумска полиција, претставник од Министерството за здравство, како и претставник од ЗЕЛС.

Македонија | пред 7 години

lektorat

Лекторат за македонски јазик во рамките на Универзитетот во Корча

Во Универзитетот „Фан С. Ноли’’ во Корча, ќe се отвора Лекторат за македонски јазик. Оваа идеја произлезе од Научниот симпозиум посветен на „Животот и Литературното дело на Стерјо Спасе”, кој во соработка со македонското друштво „Сонце”, беше организиран од Универзитетот, кога министерот Едмонд Адеми и амбасадорот на Република Северна Македонија во Тирана, во разговор со ректорот Али Јашари побара зацврстување на врските и поголема соработка меѓу универзитетите во Република Северна Македонија и универзитетот „Фан С. Ноли”.Во таа насока, амбасадорот Данчо Марковски, по извршени претходни подготовки и координација со ректорот на Универзитетот „Климент Охридски” во Битола, Сашо Коруновски на 04.03.2019 г. оствари работна средба со ректорот на државниот Универзитет „Фан С.Ноли“ во Корча, Али Јашари и членови на ректорската управа, при што беа иницирани два конкретни предлози:Отворање на Лекторат за македонски јазик; иЗаемно организирање на проверка на познавање на македонскиот јазик и издавање на дипломи на заинтересирани студенти и лица.Ректорот Али Јашари информираше за веќе воспоставената соработка со универзитетите во Република Северна Македонија и идејата за воспоставување на Лекторат ја оцени како мошне добра. Предложи да се преземат неопходните подготовки како би можело да се пристапи кон нејзина реализација. Побара во следните триесетина дена да се организира средба со неговиот хомолог, во Битола или Корча, како би можеле деканите од двата факултета да потпишат меморандум за соработка и утврдат условите и начинот на работа.Јашари се согласи и со предлогот за организирање на проверка и полагање на македонскиот јазик, како и за разгледување на можноста за меѓусебно признавање на дипломите.

Македонија | пред 7 години

lagadin

Средба на претставници на „Стар Лагадин со премиерот - ќе има ли трајно стопирање на градењето на дивоградбата?

Претседателот на Владата Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска прими делегација на Здружението на граѓани „Стар Лагадин“, кои на средбата ги изнесоа ставовите за изградбата на хотелот, како и загриженоста од заканата од оваа градба за заштитениот појас на Охридското Езеро.Во разговорот, претставниците на здружението „Стар Лагадин“ изразија надеж дека одлуката на в.д. градоначалникот на Општина Охрид да го поништи одобрението за градба на хотелот, овој пат ќе биде трајна, бидејќи, како што велат тие, во донесувањето на одобрението за градба имало повеќе прекршувања на постапките.Премиерот Заев на средбата истакна дека, тргнувајќи од принципите за заштита на природното и културно-историското богатство на Охрид и на Охридското Езеро, впишани во Листата на светско наследство на УНЕСКО, неопходно е да се почитува одлуката на в.д градоначалникот и на советниците на Општина Охрид за запирање на градбата, и дека во меѓувреме ќе се бара правната основа за трајно решавање на ова прашање.Во разговорот, во кој активно учествуваше и министерот за транспорт и врски Сугарески, беше речено дека, во рамките на надлежностите на министерството и на локалната самоуправа, конечното решение за ова прашање може да се очекува од одредбите на новиот Предлог-закон за урбанистичко планирање којшто е во собраниска постапка и чие донесување се очекува наскоро.

Македонија | пред 7 години

investicija-2

Германската компанија Герешајмер потврди вредна инвестиција со 400 нови вработувања

Реномираната германска компанија Герешајмер, светски позната компанија и лидер во производството на амбалажа за потребите на медицинската и фармацевтската индустрија, потврди дека ќе реализира значителна инвестиција во нова фабрика во Бунарџик во која ќе се отворат 400 нови работни места за високо едуциран кадар од Република Северна Македонија.Претседателот на Владата, Зоран Заев, на прес-конференцијата на која беше објавена новата странска инвестиција нагласи дека економијата во Република Северна Македонија силно чекори напред, а доказ за тоа е рекордното ниво на странски директни инвестиции во 2018 година од над 624 милиони евра, што е за 267% повеќе од просекот во изминатите 8 години„Овој износ е повисок од вкупните инвестиции во 2012, 2013 и 2014 година заедно и е речиси четирикратно повисок од претходната 2017 година. Навистина имаме рекордно ниво на странски инвестиции, од самостојноста на нашата земја до денеска. Но, не треба и не застануваме тука. Денес имам чест да објавам нова, би можело да се каже една од највредните странски инвестиции која доаѓа од пријателската Сојузна Република Германија. Бордот на директори на компанијата Герешајмер, светски бренд во производството на амбалажа во медицинската и фармацевтската индустрија, потврди дека ќе реализира нова инвестиција во Република Северна Македонија“, подвлече Заев.Премиерот потенцираше дека по потпишувањето на протоколот за пристапување на НАТО, веќе две странски компании ги потврдија своите инвестиции во нашата земја, со што се потврдува дека членството во најголемата светска безбедносна алијанса, носи дополнителна стабилност и сигурност за вложувањата на компаниите.„Работевме напорно за да креираме позитивен економски амбиент во земјата, сите крупни политички одлуки на крајот се поврзани со економијата во земјата, за нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати. Посветено работиме на привлекување на нови реномирани странски инвеститори, на одржување на добри контакти со постоечките, но и на поттикнување на домашните компании да ги прошируваат своите капацитети. Резултат на нашата работа се нови, осумнаесет директни странски инвестиции од почетокот на мандатот, во технолошко индустриските развојни зони и надвор од нив. Работиме на силна индустријализација базирана на високи технологии и добро платени работни места за нашите граѓани. Нашата цел е забрзано да го фатиме чекорот со развиените земји, да обезбедиме работа за сите, да ги задржиме младите во нашата земја“, нагласи премиерот Заев.Вицепремиерот за економски прашања, зборувајќи за Герешајмер, рече дека станува збор за компанија од Сојузна Република Германија, основана во 1864, со долга традиција и историја на успешно работење, модерна фирма со софистицирана и врвна технологија во производствениот процес. Компанијата е светски лидер во производството на медицинска амбалажа, нивните производи секој од нас ги сретнал во секојдневниот живот: апликатори за инсулин, инхалатори, апарати за мерење на шеќер, многу други пластични и стаклени производи и апарати за фармацевтската и медицинската индустрија, со вкупен обем на производство од 1,3 милијарди евра, во 50 фабрики во 15 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка и околу 10.000 вработени на својот платен список.„Ни претставува задоволство што менаџментот на компанијата за своја прва фабрика во Југоисточна Европа, ја препозна Република Северна Македонија, во конкуренција на Србија и Романија, како дестинација за својата нова инвестиција. Ова покажува дека мерките за поддршка на Владата, преточени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кои се потполно транспарентни и еднакви за сите инвеститори, посветеноста на Владата и целиот економски тим, како и стабилноста која земјата ја доби со потпишување на протоколот во НАТО, се силни аргументи за привлекување на нови инвеститори кои носат позитивни резултати. Лично имав можност да посетам два од погоните кои ги има оваа компанија во СР Германија и во Чешка, станува збор за навистина високо-технолошки развиена, софистицирана компанија, кадешто има место за високо едуциран кадар од сите технички струки. Фабриката во Република Северна Македонија ќе отвори нови 400 работни места, од кои добар дел за инженери од техничките струки, високо платени квалитетни работни места“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.Извршниот директор на Герешајмер, Дитмар Симсен, во видео обраќање до јавноста во Република Северна Македонија, потенцираше дека компанијата, како своја идна инвестициска дестинација ја избрала нашата земја поради добрата инфраструктура, вештите и добро обучени работници, но и заради силната поддршката и коректниот однос на Владата.„Со градежните активности ќе започнеме мошне брзо бидејќи почетокот на производството е планиран за крајот на 2020 година. Планираме значајни инвестиции во фабриката, средна двоцифрена милионска бројка во евра. Тој износ е планиран и за врвните технологии за „чисти соби“, како и за машини. На среден рок планираме да вработиме околу 400 лица во фабриката. Но навистина сакаме да имаме можност за натамошен раст, според потребите, во иднина. Од производна перспектива планираме производи, системи и уреди за фармацевтската како и за медицинско-технолошката индустрија и претходно наполнети шприцови за фабриката“, кажа Симсен во своето видео обраќање.

Македонија | пред 7 години

cveka

Крадеш милиони си најдобар другар на власта - продаваш цвеќе, државен непријател

На социјалната мрежа фејсбук статус во кој пишува дека ние сме држава во која ако крадеш милиони си најдобар другар на власта, а ако продаваш цвеќенце на улица си Државен Непријател бр1.-Карши Сити Мол во Скопје, женичкава на улица продава цвеќе. Застанува полиција, и пишува кaзнa и на крај и го одзема цвеќето. Тоа е све што треба да знаете за оваа држава во која ако кpaдеш милиони си најдобар другар на власта, а ако продаваш цвеќенце на улица си Државен Непријател бр1. Лепчето сте и го зеле, пишува Јандриоски.https://www.facebook.com/KrisKiko/posts/10215273204680889

Македонија | пред 7 години

talat-dzaferi-potpis

Џафери упати честитка до просветни работници

Почитувани просветни работници, почитувани учители, Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да го честитам 7 Март, празникот на најблагородната професија во светот, празникот на просветителите на нашиот ум, на проширувањето на нашиот интелект со непознати светови, на осветлувањето на нашите срца со нови знаења и нови вештини! Секоја професија е ценета и има вредност, меѓутоа вашата професија има исклучителна одговорност. Вие сте тие што ги подготвуваат нашите најмили да се соочат со животот, со предизвиците и тешкотиите што ги носи современиот развој и светоглед што се менува од миг во миг. Вие сте тие што го осветлуваат патешествието на новите генерации на кои им ја доверуваме иднината на земјата и на светот. Бидете живи и енергични за величествени успеси, се вели во честитката од претседателот на собранието Талат Џафери.

Македонија | пред 7 години

antikorupciska-komisija

Антикорупциска ќе поднесе прекршочни пријави за над 20 декани

Антикорупциска комисија ќе поведе прекршочна постапка за над 20 декани од УКИМ, бидејќи не доставиле анкетни листови. ДКСК ќе спроведе контроли и на другите универзитети.На седницата денеска антикоропционерите ги разгледуваат пристигнатите предмети со пријави за вработувања за кои има сомневања за конфликт на интереси и непотизам.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Благодарници за пожарникарите кои помогнаа во несреќата кај Ласкарци

За покажаната храброст и укажаната несебична помош на настраданите во сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје градоначалникот Шилегов им додели благодарници. Шилегов денеска им врачи благодарници на пожарникарите Владимир Симоновски, Владимир Кочовски, Цане Пројчевски и Рашо Рожајац коишто беа меѓу првите што укажаа помош на местото на несреќата на автопатот Скопје – Тетово.Веднаш по информацијата за случената стравична несреќа на патниот правец Скопје - Тетово, во близина на селото Ласкарци, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје интервенираа на терен со повеќе специјализирани возила и помагаа во извлекувањето на настраданите патници во автобусот.Минатата недела Советот на Град Скопје донесе одлука со која како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во оваа сообраќајна несреќа, на секое семејство кое загуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари.

Скопје | пред 7 години

kosarka

Кошаркарите на „Академија ФМП“ од Кисела Вода го победија КК „МЗТ Скопје Аеродром 2

Екипата на КК „Академија ФМП“ од Кисела Вода во рамки на 17 коло во Втората кошаркарска лига на гостински терен во СЦ „Јане Сандански“ го надигра составот на „МЗТ Скопје Аеродром 2“, со резултат 79-88.Кошаркарите на „Академија ФМП“ ја забележаа 13 победа по ред и без пораз позиционирани се на врвот на табелата во второто по ранг кошаркарско натпрварување во државата. Најефикасен играч на натпреварот беше Стефан Донаковски со 24 постигнати поени.Денес во рамки на 18 коло, тимот на „Академија ФМП“ со почеток од 21:00 часот во спортската сала „Независна Македонија“ силите на теренот ќе ги одмери против КК „Крива Паланка“.

Спорт | пред 7 години

darko-VMRO-DPMNE

ВМРО ДПМНЕ: Македонија го губи институционалниот идентитет како вовед во губењето на националниот

Македонија и Македонците го губат институционалниот идентитет како вовед во губењето на националниот идентитет. Предупредувавме дека со капитулацијата на Зоран Заев е загрозен идентитетот и сега гледаме како во пракса се брише се што е македонско.Зоран Заев тврдеше дека идентитетот е зачуван. Премиерот велеше дека останува придавката македонски. Спротивно на се што зборуваше Заев, деновиве сме сведоци на бришење на придавката македонски/македонска од државните институции, истакна Дарко Костовски., од ВМРО ДПМНЕ.Тој додаде:Владата објави листа со над 136 институции, кои добија нови имиња. Со промената се бришат придавките македонски/македонска, па така „Македонската радио телевизија“, станува „Национална радио телевизија“, „Македонската информативна агенција“, „Национална информативна агенција“, ЈП „Македонски шуми“, станува ЈП „Национални шуми“, додека „Македонски пошти“, по преиуменувањето на Заев е „Национална пошта“.Новите имиња на институциите може да предизвикаат проблем и во меѓународната комуникација на истите, тие не кажуваат чиви се и на која држава.Чив јавен сервис е „Националната радио телевизија“? На која држава? На која земја е ЈП „Национални шуми“? Ова е една целосна конфузија и понижување за сопствената нација приредено од Зоран Заев, човекот кој две години ништо не направи освен што ја понижува сопствената држава.Промената на имињата на институциите е доказ дека идентитетот е целосно променет. Зоран Заев ја лажеше македонската јавност кога го тврдеше спротивното.Промената на институционалниот идентитет е најголемо понижување за една нација, бидејќи со тоа таа го губи правото внатре во својата држава да се декларира како што и се чувствува и како што треба. Промената на имињата е изнасилена и наметната.Доколку е зачуван институционалниот идентитет и доколку придавките македонски/македонско остануваат, зошто сега се менуваат називите на институциите? Дали Зоран Заев се договорил зад затворени врати и нешто повеќе од тоа што првично тврдеше?Господине Заев, што уште не очекува, уште колку понижувања ќе треба да голтнат граѓаните?Понижувањата мора да запрат. Република Македонија мора да застане на нозе. СДСМ да замине, единствен начин за тоа е победа на претседателските избори, што ќе биде главна причина за распишување на предвремени парламентарни избори за промена на оваа власт, истакна Костоски.

Македонија | пред 7 години

rusi

Руски искуства за контрола на квалитетот на храната

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин во придружба на аташето за култура, образование, наука и спорт при Амбасадата, Михаил Крапива и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, денес оствари работна посета на Природно-математичкиот факултет и Факултетот за Ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.На Природно-математичкиот факултет Н.Е. С.А. Баздникин имаше средба со деканот на Факултетот проф. д-р Ицко Ѓоргоски, Деканатската управа на факултетот и раководителите на Институтите. На средбата исто така присуствуваа и вработени на факултетот кои реализираат соработка со универзитети и институции во Руската Федерација. Присутните го информираа Амбасадорот за досегашната соработка и дадоа идеи за нејзино продлабочување, како и развивање на нови облици на соработка, особено во размената на студенти и професори.Истовремено, раководителот на Институтот за хемија, проф. д-р Марина Стефова му се заблагодари на амбасадорот за помошта на Амбасадата за учеството на претставници од Македонија на натпреварот по хемија „Менделеев“ кој ќе се одржи во Русија во месец април 2019 год. Амбасадорот изрази подготвеност да го поддржи секој вид на соработка која ќе биде во полза на академската заедница и развивањето на руско-македонските врски. На средбата со деканот на Факултетот за ветеринарана медицина, проф. д-р Лазо Пендовски и Деканатската управа на Факултетот, Амбасадорот беше информиран за соработката на Факултетот со двата најголеми Ветеринарни универзитети во Руската Федерација - Универзитетот во Москва и Универзитетот во Санкт Петербург, која се реализира преку заедничкото учество во работата на EAEVE и VetIstanbul групата, како и размената на студенти меѓу институциите која ќе започне во септември 2019 год.Исто така беше разговарно и за идеите за соработка меѓу Факултетот за ветеринарна медицина и Россељхознадзор во областа на контролата на квалитетот и безбедноста на храната, што е од интерес не само на двете институци, туку и на двете држави. По кратката средба, амбасадорот ги посети лабораториите во кои Факултетот ја реализира својата научна и апликативна дејност од областа на ветеринарната медицина и контролата на квалитетот и безбедноста на храната.

Македонија | пред 7 години

siljanoska-goce-delcev-1

Силјановска на покана од студентите ги виде условите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук профил објави фотографии од студенскиот дом „Гоце Делчев. Таа напиша дека стидентите ја поканале, со цел да ги види условите во кои што живеат.Еве што напиша Силјановска Давкова:„Студентите обично ги среќавам во нашиот заеднички дом: универзитетот! Вчера ме поканија во нивниот втор дом, студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да ги видам условите во кои живеат и учат кога не се во училницата. Насмевките и поддршката од овие луѓе се должи на нивниот оптимизам и желба да се борат за подобра Македонија во држава која ќе ги цени нивните способности и резултати. Она што не се гледа на фотографиите се тешките услови за студирање, нискиот студентски стандард и сето она што ги оптоварува младите денес. Им благодарам за убавите часови поминати со нив во кругот на студентскиот дом и во кафе-ресторанот „Форца“, за сите идеи што ми ги дадоа, и за пораките кои ги носам со себе, до крајот на битката за право и правда“, напиша Давкова на ФБ.

Скопје | пред 7 години

ivanov-vo-kicevo

Антикорупциска започна од кабинетот на Иванов и неговите армиски унапредувања

Државната комисјиа за спречување на корупција на денешната седница соопшти дека го отвора предметот за именувањата во АРМ од претседателот Ѓорѓи Иванов. Именувањата и унаредувањата според сознанијата на ДКСК се направени во изборен период, што е казниво соглансо Изборниот законик. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска изјави дека ќе се достави барање до Иванов за целосна документација за да можат да постапуваат по предметот.Од Кабинетот пак на претседателот Ѓорѓе Иванов испратија став за Антикорупциска која ги чешла предизборните укази.Донесените укази на претседателот Иванов се согласно член 18 од Законот за одбрана, со кој Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали (точка 11) и поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство (точка 12).Указите се донесени на предлог на МО и ГШ на АРМ, согласно нивните надлежности, во постапка која траеше неколку месеци, а претставува редовна обврска во делокругот на непречено функционирање на државата.При донесувањето на шестте укази се испочитувани одредбите од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупција.Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овие случаи со што би се отстраниле појавените шпекулации во јавноста, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

policija-3

Стружанец со автомобил удрил две жени – повредените пренесени во болница

На петти март оваа година, околу 17 часот на улица „Пролетерски Бригади“ во Струга, патничко возило „Опел Вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(49) од Струга, удрило во пешаците А.Д.(18) и Л.И (18), двете од струшкото село Радолишта.Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош А.Д. била задржана на понатамошно лекување, а Л.И. била пуштена на домашно лекување.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Македонија | пред 7 години

lora-i-suzana

Се породи Лора – Сузана Туринџиева стана баба

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева синоќа се породи и на свет донесе момче.Сузана Турунџиева на нејзиниот фејсбук профил објави дека нејзината ќерка Лора стана мајка.„Нејзината желба да се породи природно и да ги следи инструкциите на гинеколозите беше толку силна, што 20 часа издржуваше големи болки, чекајќи се да биде природно. На крај, сепак раѓањето мораше да се заврши со царски рез. Сега имаме бебе! Двајцата се супер, а малиот шармер е ист како тато Филип, кој беше присутен во сала и за цело време на раѓањето ја држеше Лора за рака.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања