Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

3-2-1

Таксистите побараа од премиерот да се реши проблемот со нелегалните такси превозници

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска прими делегација на Асоцијацијата на легални такси превозници кои на средбата ги  изразија своите очекувања за брзо донесување на законските измени со кои треба да се реши прашањето на нелегалните такси превозници и компании, можностите за целосна фискализација во такси превозот, како и за проширување на можностите за субвенции за електрични возила.На средбата премиерот Зоран Заев истакна дека прашањата што ги засегаат претставниците на Асоцијацијата на легални такси превозници, кои вработуваат повеќе од 4.000 граѓани, се од интерес и за Владата, особено во делот на фискализацијата и елиминирањето на сивата економија, и во однос на квалитетот на такси услугите за граѓаните.Како посебно значаен на средбата беше нагласен заедничкиот интерес за системско решавање на набавката на нови возила со високи еколошки стандарди и електрични автомобили, како придонес во справувањето со аерозагадувањето.

Македонија | пред 7 години

stevo-pendarovski-1

Пендаровски: Не сум консензуален кандидат – тоа не е вистинскиот израз

Во гостување на 1ТВ,  Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Македонија кој го избра СДСМ заедно со ДУИ рече дека тој не е консензуален кандидат за претседател, иако цело време така го најавуваат партиите.-Мислам дека консензуален не е вистинскиот израз. Бидејќи консензуз е комплетно, што значи дека некој треба да ги добие сите милион гласови и ништо да не оди кон другите. Мислам дека е тоа несреќен избран термин. Мислам дека најдобро е да се каже сум заеднички кандидат на две, три, десет, петнаесет партии, невладини организации итн. Тоа е најпрецизниот термин што значи консензуален, нагласи Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

todor-cepreganov

Чепреганов: Јас не мислам на студентите да им предавам нешто за Северна Македонија

Јас не мислам на студентите да им предавам нешто за Северна Македонија, вели професорот по историја Тодор Чепреганов во неговото гостување во Само Вистина на Канал 5 телевизија.Тој посочи дека македонските учебници за разлика од останатите балкански држави меѓу кои и Бугарија и Грција најмалку се оптеретени со национализам и се направени според сите европски стандарди.– Јас сум против комисии и уште на почетокот кога  бев поканет да бидам член на оваа комисија кажав дека немам проблем со сопствената историја, сметам дека само тој што има проблем со сопствената историја ќе учествува во комисија за да решава некакви си работи- истакна Чепреганов , на Канал 5. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

КАРИЛ доби два монитора за следење витални параметри, донација од Sport Life

Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, денеска доби донација од Sport Life, која се состои од два монитора за следење витални параметри со два модула за мерење инванзивен притисок.-Голема благодарност до компанијата за оваа донација, која е многу важна за работата на медицинскиот кадар, и донација со која значително се подобрува функционирањето на интензивното одделение на КАРИЛ, рече министерот Филипче.Станува збор за донација од обложувалницата Sport Life, во вредност од 400 илјади денари или 6,5 илјади евра.-Овие монитори се важни за нашата работа, најмногу за пациентите на интензивна нега, за активно следење витални параметри без кои не може едно современо интензивно одделение, изјави директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Мијовска.Двата монитора ја имаат функцијата за следење на виталните параметри на пациентите, мерење крвен притисок, пулс и пулс оксиметрија, инванзивен притисок и ЕКГ. Со оваа донација, се подобруваат условите на КАРИЛ и можноста за следење на здравствената состојба на пациентите.-Sport Life, како општествено одговорна компанија ги поврзува спортот и хуманоста во едно. Особено ни е драго, што во тоа успеавме со акцијата „Голови за победа, голови за радост“, во рамки на Светското првенство во ракомет. Секој гол и успех на нашите ракометари значеше чекор поблиску до реализација на донацијата. Токму денес, имаме чест и да ја доделиме. Тоа се двата монитора за витални параметри кај пациентите, кои во соработка со Министерството за здравство се наменети за клиниката за КАРИЛ. Здравиот живот и хуманоста се дел од нас, дел од спортот и Sport Life, потенцираше претседателот на Управен одбор на Sport Life групацијата, Горан Павиќевиќ.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Реакција ВМРО ДПМНЕ: Јавниот долг ја помина психолошката бариера од 5 милијарди евра и е над 50% од БДП

За штетните економски политики на оваа власт доволно говори фактот дека Македонија минатата година ја заврши со најслаб раст на БДП во Европа и во регионот. Граѓаните чиј стандард опаѓа најдобро го чувствуваат по својот грб и по својот џеб неработењето на оваа власт. Над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а долгот за само две години е зголемен за над 500 милиони евра. Јавниот долг ја помина психолошката бариера од 5 милијарди евра и е над 50% од БДП, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Минатата година ја завршивме со срамна реализација на капитални инвестиции од 50%, а за првиот месец од 2019 има катастрофална реализација од само 1,09% на капитални инвестиции. Тоа значи дека парите од буџетот се трошат, а нема ниту проекти, ниту нови училишта, патишта, болници детски градинки и слично. Патем нема ниту нови фабрики и странки инвестиции иако Заев ветуваше дека во Македонија само што не пристигнале Гугл, Фејсбук и Фолксваген.Тоа што е единствена светла точка во економијата на Македонија се странските фабрики кои се отворија во ТИРЗ-овите во време на владата на ВМРО- ДПМНЕ и кои денес СДСМ ги бележи и за индустриско производство и за извоз, а додека беше во опозиција ги напаѓаше и клеветеше. Ова е целото лицемерие на СДСМ на дело, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

vlado-janeski

(ВИДЕО) Новиот спот на Владо Јаневски за баладата „Откако си негова“

58-годишниот пејач и атрактивната манекенка Вера Мештеровиќ го снимаја видеозаписот на неколку локации во Македонија.Музиката и текстот на песната се дело на Владо, а аранжманот е на Никша Братош.Во новиот спот за баладата „Откако си негова“, на Владо Јаневски е познатата Вера Мештеровиќ.

Магазин | пред 7 години

sela

Села лут на Заев: Зошто треба пак да го поддржам, затоа што го направив премиер?

Јас веќе не гледам причина зошто би го поддржува Зоран Заев, вели  Зијадин Села. Тој додава дека гласал за уставни измени поради иднината на децата.-Ако јас учествував на средба со него, јас во животот барам одговори. На прашањето на граѓаните, на моите поддржувачи, на прашањето на новинарите  зошто треба пак да го поддржам Заев јас немам одговор. Затоа што го направив премиер? Затоа што по секоја цена се здружи со другата компонента од режимот, ДУИ, и направи се за да не победи на локални избори? – праша Села.„Доста е веќе“-порача Села.Во однос на претседателскиот кандидат, Села заедно со Касами му даде поддршка на Блерим Река. 

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Нов раст на индустриското производство од 12 отсто во јануари

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат реални, видливи резултати. Откако во 2018 година растот на индустриското производство беше највисок во последните 7 седум години, индустриското производство продолжува да расте и во 2019 година.Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика растот на индустриското производство во јануари 2019 година е за 12 отсто во однос на јануари 2018 година, се вели во соопштението од СДСМ.Растот на индустриското производство е проследен и со раст на прометот во индустријата, со зголемен број на вработени во индустријата и раст на платите.Истовремено, со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ економскиот раст дополнително ќе се интензивира. Интеграцијата во ЕУ и НАТО е дополнителна можност за влез на нови странски инвестиции, нови подобро платени работни места, а сето тоа значи повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што го поттикнуваат економскиот раст и обезбедуваат повеќе пари кај секој граѓанин, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

uchebnici-istorija-grcija-makedonija

Илија Чашуле: Дозволуваме други да ни ја пишуваат историјата и да диктираат што треба да научат учениците

Академик Илија Чашуле смета дека власта врши насилство врз македонската наука и го осудува нападот на македонската националност и на македонскиот човек.„Се стори името, со принуда, со присила, со уцена, со фалсификати. Од матица, станавме огранок. Со тоа ќе мора да се живее.Многу пострашно е тоа што дозволивме и дозволуваме други да ни ја пишуваат историјата, следователно и учебниците и да го диктираат она што треба да го научат учениците.Учебниците ја популаризираат науката, но сепак се засноваат строго на неа, и ја прават достапна до помладите и им ја даваат националната визија. Во цел свет тие се во надлежност на одделите и министерствата во државата (наставни планови, програми).Не ми е познато да има во светот комисии меѓу повеќе земји кои би одлучувале што да се изучува во една од државите. Апсурдно е да се верува дека било Грција било Бугарија било што ќе изменат во своите учебници под македонско влијание (на пр. Граѓанската војна во Грција, Метаксас, македонското малцинство и геноцид и македонскиот јазик, потеклото на Александар Македонски и старомакедонскиот јазик и сл.) (Фашистичката окупација, статусот на македонскиот јазик, статусот на Цар Самуил – тука ќе ни требаат и ерменски академици).Дали сега насекаде ќе се вметнува Северна Македонија (некои ЕУ-овци тоа веќе го прават).Комисиите се основани за да им втераат ум на Македонците, кои според некои од соседите немаат своја наука и кои не си ја знаат сопствената историја, комисиите се строго еднонасочни.Тие се заситени со проблеми – кој ги овластува и бира “преговарачите-учебникари” и во крајна линија чиј збор е последен, кој “пресекува” (Меркел?) ако има конфликт, колку ќе биде јавна работата на комисиите, која е улогата на политичките кругови и притисоци.Едновремено македонските учебници треба да бидат кохерентни со претходните наставни помагала и да се надоврзуваат на нив, какви што веќе се повеќе од 74 години, и со македонската наука.На прв поглед се создава претстава дека ова не е голема работа, дека се работи само за учебници, за деца, тие и онака ништо не знаат.Не, ова е државен криминал, угнетување, понижување и поткопување на целата македонска наука, историја и духовна градба и апсурден напад на македонската националност и на македонскиот човек кој јас можам само длабоко да го осудам, вели академикот Чашуле кој е дописен член на МАНУ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисот на Филипче му е поважен од животите на пациентите

Венко Филипче е најсериозна болест за македонското здравство. Вчера почина девојче на возраст од две ипол години од наводна бактериска инфекција. Во изминатиот период починаа неколку лица од грип, а се уште нема прогласено епидемија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Епидемијата од морбили коси низ целата земја, а одговорност за катастрофалното справување со ситуацијата нема.Раководењето на Филипче со министерството за здравство создаде невиден хаос.Во Македонија имаме министер за здравство чиј бизнис и теснопартиски интереси се ставени пред здравјето на граѓаните. Крвавите тендери за Филипче се поважни од животите на пациентите.Пред неколку дена заради хаосот во македонското здравство во извештајот „Најздрава нација во светот“ од можни 56 места се најдовме на 56-то место.Според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата бележиме пад од 9 места. Македонија во 2014 година беше прогласена за „Ракета на годината“, кога го зазеде 16-тото место со 700 бодови, што беше скок од 11 места. И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции.Раководењето на Филипче со министерството од ден на ден го осакатува здравството.За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните.Пропаѓањето на здравствениот систем ќе запре само кога Филипче и картелот ќе си заминат од власт. Време е за оставки. Време е за казна на претстојните избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Венко Филипче е најсериозна болест за македонското здравство

Вчера почина девојче на возраст од две ипол години од наводна бактериска инфекција.Во изминатиот период починаа неколку лица од грип, а се уште нема прогласено епидемија. Епидемијата од морбили коси низ целата земја, а одговорност за катастрофалното справување со ситуацијата нема.Раководењето на Филипче со министерството за здравство создаде невиден хаос, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во Македонија имаме министер за здравство чиј бизнис и теснопартиски интереси се ставени пред здравјето на граѓаните. Крвавите тендери за Филипче се поважни од животите на пациентите.Пред неколку дена заради хаосот во македонското здравство во извештајот „Најздрава нација во светот“ од можни 56 места се најдовме на 56-то место.Според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата бележиме пад од 9 места. Македонија во 2014 година беше прогласена за „Ракета на годината“, кога го зазеде 16-тото место со 700 бодови, што беше скок од 11 места.И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции.Раководењето на Филипче со министерството од ден на ден го осакатува здравството.За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните.Пропаѓањето на здравствениот систем ќе запре само кога Филипче и картелот ќе си заминат од власт. Време е за оставки. Време е за казна на претстојните избори, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

letoci-grcija

(ВИДЕО)Летоци за автономија на Егејска Македонија во Грција

Провокација како што тврдат грчките медиуми или пак операција на грчките служби за безбедност со цел да се предизвика негативен имиџ за македонското малцинство во оваа земја. Како што пренесува Star.gr, деновиве се појавиле летоци во околината на Лерин и Серес, Егејска Македонија со содржина која повикува на Автономија на Егејска Македонија во Грција.Летоците се потпишани од засега непознатата организација ВМРО Обединета и во нив се повикуваат македонските браќа од Егејска Македонија да се обединат за Автономија на Македонија.Веста за летоците прв ја објави весникот Илинден на Македонците во Албанија. 

Македонија | пред 7 години

22-4

Тасева: Да го одбележиме 8 Март со борба против корупцијата

Жените се жртви и големи борци против корупцијата. Да го одбележиме 8. март, денот на жената, кој настанал од борбата за права на жената, со едно силно НЕ за корупцијата која е насекаде околу нас, напиша Слаѓана Тасева од „Транспаренски Интернешнал“ на својот Фејсбук профил.„Не за корупцијата!Жените во Македонија се покажаа како водачи и борци против корупцијата. Затоа да го посветиме и овој ден на таа борба. Не за подароци, не за седенки, не за непотистички вработувања во болниците, на универзитетите и во училиштата, не за лоши услови за работа и уцени. ДА за РС Македонија со убава иднина без корупција“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/TransparencyInternational/videos/551037438714835/

Македонија | пред 7 години

Bujar_Osmani_VP

Османи во работна посета на Шпанија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија.Во рамки на посетата, тој ќе се сретне со министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Кралството Шпанија, Луис Марко Агуириано Налда, кој ја претставува земјата во Европската Унија.На средбата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, ќе бидат отворени теми за билатералните односи меѓу двете земји, особено во насока на поддршката од страна на Кралството Шпанија за европските интеграции на Република Северна Македонија, во пресрет на претстојните јунски самити на Европската Унија.

Македонија | пред 7 години

53055684_2054292408022551_5919594080790118400_n

Дискусија „Борба, не кафана“ за суштината на празнувањето на 8 Март

„Борба, не кафана“ е темата на панел дискусијата на 7 март во „Менада“, на која гостинките и гостите ќе дискутираат за правата на жената, за потребата од борба, а не пригодно одбележување на Денот на правата на жените, за злоупотребите, дискриминацијата.„На оваа панел дискусија нашите гостинки и гости ќе дискутираат за правата на жената, за потребата од борба, а не пригодно одбележување на Денот на правата на жените, за злоупотребите, дискриминацијата.Покрај напредокот на општеството и развојот на свеста кај луѓето, сепак, голем дел од жените се соочуваат со сериозни и реални проблеми кои се многу поголеми од тоа во која кафана ќе се прослави Денот на жената или колку пари ќе се дадат за подарок за наставничката.Како да се избориме за правата на жената кога не ја разбираме суштината на 8 март“, се вели во описот на настанот.Најавено е обраќање на претседателката на Националниот совет за родова рамноправност Савка Тодоровска, на активистките Даниела Мирчевска и Мерита Максути, како и на Дијана Тахири и Маја Ивановска од ЦИВИЛ.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 23 степени, следи промена на времето

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.Дневните температури ќе бидат во Скопје 21,Маврово 12, Битола 20, Охрид 16, Крива Планка 18, Берово 15, Кавадарци 21, Дојран 23 Целзиусови степени.Во следните денови времето ќе се задржи стабилно и топло со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени. Нов влажен и постуден бран проследен со врнежи претежно од дожд се очекува во понеделник кон крајот на денот. Во вторник ќе има позначително спуштање на дневните температури.

Македонија | пред 7 години

Rabota-na-pat

Промена на режимот на сообраќај на делницата Демир Капија - Миравци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Виадукт Трејд Дооел известува дека на 06.03.2019, 07.03.2019 и 08.03.2019 од 08:00 часот до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопатот А1 делница Демир Капија - Миравци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

nikolovski-696x381

Николовски: Само по дома ќе си кажуваме дека сме Македонци

Ова што се направи со промена на имињата на институциите е целосно обезличување и национално поништување на се она што е македонско, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при гостувањето на телевизија 24.Николоски посочи на повеќе примери кои се небулозни меѓу кои преименувањето на Македонски шуми во Национални шуми, и слично, а како најпроблематично го посочи преименувањето на Агенцијата за иселеништво во Агенција за иселеништво на Северна Македонија. Според него има  иселеници во Канада и Австралија и од Еегејскиот дел и од Пириснкиот дел и тие остануваат без заштита.-Не случајно се прави ова да се поништуваат делови од националниот идентитет, во договорот никаде не пишува дека било која институција треба да се нарече национална. Или сега се оди и чекор понатаму од она што го пишува во Договорот од Преспа. Заев и Димитров секаде зборуваа за заштита на идентитетот, јас не гледам како со ова е заштитен идентитетот ако македонско станува национална/национално. И во договорот има преоден период технички и политички кој е во рок од пет години односно од отворање на поглавје или пет години по тоа во однос на важечки материјали, посочи Николоски.Според него останува како што рече „по дома ќе си кажуваме дека сме Македонци, не знам дали на еден народ му се има ова случено“.-Образложенијата од владата се смешни. Се поставува прашањето и што е национално,  на која нација се однесува или со ова владата влегува од проблем во проблем, рече Николоски.Тој посочи дека единствена институција која не го смени името е Претседател. „Се надевам ќе победи Силјановска и нема да се смени ова“, посочи Николоски.

Македонија | пред 7 години

stevo-pendarovski

Пендаровски: 24 часа ме следи странска разузнавачка служба

24 часа мене, а веројатно и моето семејство, ме следи странска разузнавачка служба блиска до наша голема опозициска партија. За 10 дена неколку пати се објавуваат фотографии од тоа каде се движам, вели Стево Пендаровски, кандидат за претседател на владејачката структура во интервју за 1 ТВ.– Ова е само сигнал, насоката во која ќе се движи кампањата за претседател, само што ќе биде уште повалкана. Мене не ми се блиски подземни кампањи, јас ќе одговорам со аргументи и јавно. Остатоците од режимот не смеат да бидат толерирани, тоа е работа на институциите од оваа власт – вели претседателскиот кандидат.Пендаровски вели дека пред пет години, во време на режим, врз него немало физичко следење, а телефоните му биле прислушувани четири години.

Македонија | пред 7 години

VOA

(ВИДЕО) Бакрачески во Вашингтон гостин во редакцијата на VOA – Гласот на Америка на македонски јазик

https://www.facebook.com/NBakraceski/videos/501734856898144/Македонски кардиолози во Вашингтон презентираа ретки методи во областа на интервентата и клиничката кардиологија.Македонски кардиолози од 3-ти до 5-ти март учестуваа на традиционален кадриолошки Конгрес во Вашингтон, кој е еден од најголемите научни собири во светот во областа на интервентата и клиничката кардиологија.За тежината на конгресот зборува и фактот што еден од специјалните говорници беше поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер.На конгресот во Вашингтон, како и на научна кадриолошка конференција во Њујорк учестуваше и врвниот македонски кардиолог д-р Никола Бакрачевски, кој беше гостин во Гласот на Америка на македонски.Тој посочи дека посебен акцент бил ставен на новите методи и техологии во дијагностиката и третманот на кардиоваскуларните заболувања.„Тоа се одвива и преку директен пренос на слика и тон во живо од операциони сали насекаде од САД, каде се пренесуваат интервенции односно оперативни процедури во живо. Мојот труд кој го презентирав тука се однесуваше на посебен пристап во решавање на лезии, односно пристап од двете подлактици, кој што е доста нов и прифатен од мал број центри во светот или од ограничена група на оператори“, вели д-р Бакрачевски.Научните настани во САД за македонските кардиолози се можност да учат, но и да ги презентираат своите искуства, кои во оваа област не заостануваат зад светските трендови, вели тој.„Интервентната кардиологија во Македонија е навистина на едно завидно ниво. И можам да кажам дека се практикуваат постапки и методи кои со ништо не заостануваат зад референтните центри насекаде во светот кои изведуваат експертски процедури или експертски методи.“Американските, и воопшто светските искуства се значајни за македонските кардиолози, вели д-р Бакрачевски, особено поради тоа што кардиоваскуларните заболувања се меѓу водечките причини за смртност како во светот, така и во Македонија.

пред 7 години

Нема фотографија

Силјановска: СДСМ го смени името на криминален начин, како да веруваме ние во владеењето на правото

Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Република Македонија денеска оствари средба со жителите на Општина Конче.На средбата Силјановска Давкова истакна дека граѓаните не можат да ја прифатат промената на уставното име на Република Македонија, додавајќи дека ќе ги искористат сите правни механизми повторно да го вратат името на државата.Ние не можеме да прифатиме вакво нешто ни со срце, ни со ум и дека ќе ги искористиме сите правни можности, сите институции, судови, меѓународни институции за ова да го ставиме до знаење и да го вратиме името, вели таа.Силјановска Давкова посочи дека владата на СДСМ промената на името на државата го направила на криминален начин со притисок и уцена и со купени гласови, прашувајќи како граѓаните би верувале во владеењето на правото кога оние пратеници кои што биле затворани истите тие гласале за промена на името, а на сметка на тоа добиле амнестија.Ако нешто ви значи, никој никому не може да му забрани да го смени Уставот  кога сме ние во прашање, како што тие насила го сменија Уставот, со купени гласови, со притисок, со страв, со амнестија, со измена на Кривичен законик, со непотизам, со корупција и криминал доделувајќи тендери и сега гледате луѓето кои беа обвинети за зло, за отворање на врати и сега не само што се слободни, туку и добија бизниси, е како да веруваме ние во владеењето на правото, праша Силјановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

zaev-mickoski

Заев прифати лидерска средба со Мицкоски

Премиерот Зоран Заев го прифати барањето за лидерска средба со Христијан Мицкоски, на која ќе се разговара за актуелните политички случувања во Република Македонија.„Време е да одржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, претстојните претседателски избори кои доааѓат. И трето, вредно е да се разговара за било кое отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот“, изјави денеска Заев.Инаку и власта и опозицијата се подготвени да седнат на заедничка маса и да зборуваат за актуелните политички случувања, претседателските избори, иднината на Република Македонија како и за патот на Македонија кон НАТО и Европската унија.

Македонија | пред 7 години

dario-nikolovski-777x437

Николовски: Ако се констатираат неправилности ќе се бара одговорност за паднатиот таван во „Стив Наумов“

Во инцидентот немаше повредени. Паѓањето е последица на неквалитетната реконструкција на тоалетите пред неколку години, што е уште една од низата проблеми што ги остави претходното раководство – изјави директорот на студентскиот дом „Стив Наумов“, Дарио Николовски во интервју за „1ТВ“.Според директорот веројатно немало ставено изолација за влага и затоа се случило ова.-Потребни се и нови објекти, но неопходна е една добра реконструкција, поготово во Стив Наумов. Во два блока од „Гоце Делчев“ заврши реконструкцијата и тие сега ги задоволуваат стандардите – рече Наумовски.На прашањето, дали ќе има одговорност за паднатите тавани, тој одговори дека ќе биде побарана ревизија, и доколку се констатираат неправилности ќе се бара одговорност. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Силјановска: Името ни е Македонија и имаме вековна обврска да го пренесеме на идните генерации

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова за време на денешната посета на Радовиш изјави дека таа никогаш нема да го употреби името Северна Македонија.Државата тие сега ја нарекуваат Северна Македонија, ние никогаш тоа име нема да го употребиме оти ако во времето кога ги прекрстувале нашите баби и дедовци, тие не го употребувале тоа презиме, другите ги нарекувале така. Но тие биле спремни да бидат поведени под тортура, зошти ние не би можеле тоа. Да им покажеме дека може каде сакаат да го стават името, на улиците, дека ќе го пречкртуваат луѓето, меѓутоа тоа зборува за нив, не за нас. Ние сме наследиле име и имаме вековна обврска да го пренесеме тоа на оние кои доаѓаа по нас.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/361942921319119/

Македонија | пред 7 години

siljanovska

ВИДЕО: Силјановска сака шминката што ја мачка, да може да ја јаде

Како и сите жени и јас сум многу личности во една. Професорка, мајка која е цел живот и која не заминала како најдобра ученичка  во САД затоа што 17-годишна возраст мислела дека Америка ја пронашла Македонија, вели Гордана Силјановска Давкова, во интервју  за Бекстејџ.„Гордана е дете кога плива и кога игра рок енд рол, кога возела ролшули и победувала на натпревари, таа е талкач по скопските улици, сака да се дружи со кучето и мачето бидејќи и помагаат да се справи со проблемите заради безрезервната љубов.Ние сме либерално семејство во кое се вели не ми кажувај покажи ми. Моите деца се свои и самојстојни. Иако двајцата студирале на правниот факултет никој не знаел дека се мои деца.Јас сум вегетаријанка повеќе од 30 години. Правам се од органско потекло, но на моето семејство не му го наметнувам тоа. Сакам да пешачам, а сакам и јога. Тоа ми помага како што велат јапонците да го најдам своето ики гаи.Не е важно дали е нешто скапо или брендирано. Важно е како ќе го ускладите и носите. Јас сакам органска козметика бидејќи сум имала проблеми со алергиите. Сакам преку лето тоа што го мачкам на косата и на лицето да го јадам“, вели Силјановска. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања