Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

DSC_4312

Заев од Кавадарци: Моделот за поврат на ДДВ е готов

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев, денеска, заедно со заинтересирани граѓани учествуваат во отворена дебата на трибината „Силна економија – шанса за сите“ во Кавадарци.Во своето воведно обраќање пред присутните бројни граѓани од Кавадарци и регионот, премиерот Заев истакна дека реформите, новите економски политики и Договорот од Преспа, како и нашето членство во НАТО, кое е во процес на ратификација во парламентите на земјите члени на алијансата, поттикнаа силни и позитивни развојни економски трендови.Во поткрепа на оваа тема, претседателот на Владата потенцираше дека 2018 година ја завршивме со рекордна вредност на странските директни инвестиции од 624,5 милиони евра, а стабилната политичка клима и поддршката на преку 250 домашни компании, обезбедија зголемен број на нови, добро платени работни места, постојан раст на просечната плата и трендови кои влијае на растот на БДП на државата како индикатор за општествен раст.„Овие економски позитивни трендови, ни овозможуваат да ги спроведеме мерките по кои се препознаваат политиките на оваа влада: Да ги враќаме парите назад кај граѓаните по многу основи. Од 1 јули ќе започне мерката за враќање на дел од данокот за додадена вредност на граѓаните. Одржавме серија состаноци со Министерството за финансии и со Управата за јавни приходи, и го создадовме моделот за враќање на ДДВ-то за граѓаните. Секој граѓанин на нашата земја на возраст од 15 години нагоре, ќе може да приложи фискални сметки од широката потрошувачка, со што секое семејство ќе може да смета дека во текот на една година назад, во семејниот буџет, ќе си врати околу 30 илјади денари“, информираше премиерот Заев.Во продолжение тој додаде дека вкупниот износ кој ќе се врати назад кај граѓаните од повратот на ДДВ, се проценува дека ќе изнесува од 60 до 100 милиони евра.Позитивните економски трендови имаат своја улога и во реализацијата на новиот пакет социјални закони со кои од сиромаштија ќе извлечат 400 илјади  наши сограѓани кои од април оваа година, откако Собранието ќе ги усвои законите. Дополнително, социјалната помош од сегашните 3900 денари, ќе порасне не нешто повеќе од 11 илјади денари, и тоа е само една нова мерка која опфаќа и многу други во системот на заштита.Освен зголемувањето на висината на социјалната помош, меѓу другото, со реформите пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Од идната година детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а место образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца.Исто така типично четиричлено семејство место досегашните 3.000 денари социјална помош ќе зема гарантиран минимален приход од над 10.000 денари, односно секое домаќинство ќе добива паричен надомест според социјалниот ризик во кој што се наоѓа.„Трендот на растот на платите од 6% на годишно ниво, најавува дека во 2020 година ќе оствариме просечна плата од 500 евра“, нагласи на трибината „Силна економија – шанса за сите“ во Кавадарци Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев.Трибината, која е во тек, ќе продолжи со обраќањето на заменик- претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев и со прашања од граѓаните.

Македонија | пред 7 години

DSC_0043

(ФОТО И ВИДЕО) Приведен дилер од Скопје, пронајдени хашиш и марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде Н.Б.(31) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.Имено, вчера (05.03.) врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, по издадена судска наредба извршен е претрес на дом кај пријавениот во Скопје. При извршениот претрес во станот пронајдени се 52 саксии со стебла Cannabis, 1 килограм 324,43 грама марихуана, 54 капсули со вкупен волумен од 27 ml хашиш-масло, 11 шприцеви со 30,7 ml хашиш-смола, неколку семки Cannabis и вага на која имало остатоци од марихуана и хероин. Во станот исто така имало и инсталиран систем – импровизирана лабараторија за одгледување и производство на растенија кои припаѓаат на растителниот род Cannabis и производство на уље од Канабис (сијалици HPS, вентилатори, екстрактор за производство на уље од Cannabis, апарат за вакумирање, лед сијалици, термометри и тајмери, импровизирани сушари , апарат за навлажнување на воздух, стабилизатори за струја, карбон филтер со мотор и канти со непозната течност).

Скопје | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во паника, а граѓаните го препознаваат вистинскиот претседател - Стево Пендаровски

Разбирлива е нервозата и паниката на ВМРО ДПМНЕ од кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.На државата и на граѓаните не им е потребен нов партиски послушник, не им е потребен нов Ѓорге Иванов кој ќе работи спротивно на националните и државни интереси.На граѓаните, на државата потребен им е вистински претседател кој влева доверба и сигурност, претседател заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе Северна Македонија кон развој и напредок, кон ЕУ и НАТО, а тоа е Стево.60 пратеници со својот потпис дадоа поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата, а таква можност ќе имаат и граѓаните.Овојпат граѓаните ќе го изберат вистинскиот претседател на Република Северна Македоија-Стево Пендаровски, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Slika-Remenski

Ременски: Имаме шанса да создадеме агенција што нема да биде злоупотребувана во политички цели

Реформата на безбедносно – разузанавачки заедници во државата е особено потребна за обезбедување висок степен на ефикасност и успешно функционирање на безбедносните служби, посочи потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски, во своето обраќање на 90 седница на Собранието на Република Северна Македонија.- Со овој закон, Законот за коориднација на безбедносно-разузнавачката заедница, за првпат по толку години, имаме шанса да конституираме агенција којашто нема да биде злоупотребувана во политички цели. Оваа реформа се отвора по неколку години години законско нерегулирање на безбедносните служби и можеби отткука, безбедносните структури свесно создавале можности за злоупотреба на службите, со тоа што ја оставале да делува надвор од законски утврдени рамки. Сега, имаме можност тоа да го корегираме и уредиме без да стравуваме дека во инднина ќе ни се случуваат работи што ги сведочевме во минатото, истакна Ременски Ременски посочи дека особено важно е реформите на безбедносните служби да не бидат сфатени како политички реваншизам, бидејќи нивната единствена улога е професионализирање на безбедносниот систем и негово ослободување од партиски и политички влијанија.- Силно ќе се заложам оваа реформа да не добие епитет на политички реваншизам, бидејќи како пратеници и предлагачи на Законот не смее да си дзоволиме таков товар. Но во ниту еден случај не треба да дозволиме, реформата да ја прават оние кои биле директно вмешани во злоупотребата на безбедносните служби. Ќе сторам се за да имаме дебата во која ќе се вреднува професионализмот, но не оној професионализам што значи успешен и сомнителен транзит од една кон друга политичка структура, туку професионализам што треба да обезбеди лојалност кон државата.

Македонија | пред 7 години

slaveva-za-zdravstvo

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Заеви по виенски балови, а здравството зависи од донации

Денеска почина уште едно девојче на возраст од две ипол години од наводна бактериска инфекција. Вчера почина 12 годишно девојче, едно од низата кои починаа од грип. Досега грипот однесе 5 животи од кои едно е 5 годишно девојче, 14 годишно девојче, 12 годишно девојче, 25 годишна девојка и 80 годишен маж. Уште колку животи треба да згаснат за министерот Филипче посериозно да се зафати со работата, да се свести и да прогласи епидемија? Одговорност за ова од Филипче нема. Заеви се расфрлаат со пари по виенски балови и луксузни спа центри, а здравствената нега зависи од донации, истакна Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.Додека Филипче шета и се фали со донации, македонското здравство паѓа на сите листи во светот.Пред неколку дена заради хаосот во македонското здравство во извештајот „Најздрава нација во светот“ од можни 56 места се најдовме на 56-то место.Денес според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата бележиме пад од 9 места. Македонија во 2014 година беше прогласена за „Ракета на годината“, кога го зазеде 16-тото место со 700 бодови, што беше скок од 11 места. И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции.Што се случи од тогаш до сега? Одговорот е јасен, на македонското здравство му се случија аболицираниот Зоран Заев и неспособниот Венко Филипче. Затоа здравството тоне, а граѓаните ја плаќаат неспособноста со своите животи и животите на своите најблиски.Време е за одговорност, бидејќи хаосот во здравството станува се поголем. Господине Филипче поднесете си оставка и спасете ги граѓаните, истакна Славева.

Македонија | пред 7 години

DSC_01

Средба Мицкоски – Тицињски, разговараа за актуелните политички случувања

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес , оствари средба со Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Војциех Тицињски.На средбата се разговараше за актуелните политички и економски случувања во Република Македонија, како и политичкиот прогон кој го спроведува власта кон политичките неистомисленици.Главниот проблем во државата е недостатокот на правдата и проблемите со владеење на правото, посочи Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше амбасадорот за политичкиот реваншизам кој го спроведува власта кон политичките противници.Мицкоски истакна дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО е клучната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Соговорниците се согласија дека вистинските реформи и Евроатланската интеграција на Македонија е клучна за стабилноста во регионот, а искуството и помошта од Полска при овие процеси е од огромно значење за државата.

Македонија | пред 7 години

za-mlekoproizvoditeli

Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја проследи презентацијата на документот за јавни политики во секторот на млекопроизводството, изработена од УСАИД и Здружението на производители и преработувачи на млечни производи „Знак за квалитет“.Целта на овој документ е да ги лоцираат слабостите во фукционирањето на овој сектор кој ја ограничуваат неговата продуктивност, како и да понуди насоки за подготовка на мерки и стратегии за понатамошен развој.“Тука сме да ги слушнеме предлозите, да ги искористиме препораките од овој документ и заеднички да креираме развојни политики за млекопроизводството.Овој документ и целата дебата верувам дека ни помогне да подготвиме соодветни мерки и политики за развој на млекопроизводството. Ние како министерство работиме на развој на млекопроизводството преку  програмите за финанасикиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Во годинешната Програма за рурален развој ја зголемивме финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток од 14 милиони денари на 91 милиони денари. За поголема сигурност во инвестицијата фармерите кои планираат да инвестираат во добиток, прво ќе склучат договор за поддршка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, па потоа ќе ја реализираат инвестицијата. Оваа мерка е важна за подобрување на генетскиот потенцијал, што крајно ќе лијае и врз квалитетот на финалион производ“, изјави Николовски.При тоа Николовски посочи дека освен мерките од Програмите за  финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како дополнителна можност за поттикнување на сточасртвото вклучително и на млекопроизводството се и мерките од ИПАРД 2 програмата, кои нудат можности за инвестиции во изградба или реконструкција на фарми за добиток, објекти за добиточна храна, складишта за храна, опрема за земјоделство, изградба на млекарници и друго.Во изминатите 20 години, УСАИД го поддржува развојот на млекопроизводството во Република Северна Македонија преку низа на проекти насочени кон различни делови од вредносниот ланец. Најновиот од овие проекти е Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, кој во партнерство со водечки компании од овој сектор како млекари, продавачи на сточна храна и опрема, големи фарми, и друго, ко-инвестира во развојот на нивните вредносни ланци, поточно во зголемување на приносите и квалитетот на сировото млеку преку обуки н набавк на современе опрема за комерцијалните млекопроизводители.Соработката помеѓу МЗШВ, Здружението „Знак за квалитет“ и Проектот на УСАИД за развој на деловниот еко-систем е од посебна важност. Според препораките од документот за политките за млекопроизводството, заеднички со здружението „Знак за квалитет“ и со Проектот ќе работиме на зголемување на искористеноста на ИПАРД средства за развој и инвестирање во сточарските фарми според европските стандарди. Во таа насока рамки на проектот за почеток е предвидено да се одберат 3 рурални општини препорачани од млекарите за пилотирање на процес за аплицирање за ИПАРД за урбанизација на земјоделски зони и инвестиции на фарми.

Македонија | пред 7 години

plazi-ezero

(ВИДЕО) Надлежностите над плажите на Охрид и Струга за брзо ќе ги превземе државата

За една недела во собрание влегува законот за градежно земјиште. Тоа ќе значи дека надлежностите над плажите на Охрид и Струга ќе бидат под државата, а нема да бидат под локално ниво.„Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти не можат да ги решат, државата смета дека на подобар начин тоа може да го направи. Пратенички прашања беа поставени во четвртокот, во делот во надлежност на животната средина и дел во рамки на министерство за транспорт и врски . Државниот градежен инспектор во неколку наврати има извршено контрола во делот на министерството за транспорт и врски, каде се извршени вонредни надзори и се донесени одредени решенија. Трската и депониите се во надлежност на министерството за животна средина. Дел од мерките кои ги превзема Владата на Р Македонија е предлагање закон за одземење на надлежности во делот на крајбрежјето и плажите. Со тоа централната власт ќе управува со плажите, истакна денес Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески .Но, за одземање на надлежностите Владата за прв пат јано проговори на собраниска седница на 27 декември 2018 год.Тогаш Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека Владата на Република Македонија размислува за одделување на надлежностите на општините Охрид и Струга во врска со стопанисувањето со крајбрежниот појас на езерото.– Соочени сме со овој проблем. Ингеренциите во моментов се кај општините Охрид и Струга. Во делот со постапување со овие вредности, општинските градежни инспектори, претходно беше покрената иницијатива за вонредни надзори со цел секаде каде има пропусти на овој дел, посебно на плажите, да биде постапено. Во неколку наврати тоа е направено. Владата размислува и ги разгледува сите опции за плажите да се одделат од надлежностите и стопанисувањето со плажите за да не ни се случуваат вакви работи. Во моментов се бара законска опција за тоа. Ова сепак не значи дека ќе се одземат комплетно ингеренциите. Ги знам заклучоците од надзорната расправа на УНЕСКО и врз база на тоа ќе се разгледаат сите опции за да се овозможи државата да стопанисува со крајбрежното подрачје во Охрид и Струга, преку Министерството за транспорт и врски, истакна Сугарески.Тој тогаш потенцираше дека во најбрз рок ќе се поднесат измените и надополнувањата во законот со цел да со плажите да располага Министерстото за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Стоилковски: Преименувањето на институциите е анти- македонски зафат од капитуланскиот договор

Преименувањето на институциите е едно од срамните анти- македонски зафати коишто произлегуваат од капитуланскиот договор. Ние постојано велевме дека се обезличува Македонија, дека се обезличуваат македонците дека сега ќе немаат со што да се идентикфикуваат дека се губи оној институционален идентитет, односно ќе немаат од каде да го црпат идентитетот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ,одговарајќи на новинарското прашање,како ги коментираат новите поименување од македонски институции во национални?Стоилковски, додаде:Па, еве ќе поставам прашање до граѓаните нели е зачуван идентитетот со овој Договор како што се тврдеше нели во оваа заевистичка политика? Да речеме еве гледам држите микрофон од македонска радио телевизија сега ќе се преименува во национална. Па еве кажете ми зрачите сателитска програма, и таа ќе биде сателитска програма на национална радио телевизија. На чива нација? Кој ќе се идентификува? Чии ставови ќе ги изразува таа национа телевизија? Сега граѓаните и понатаму секојдневно ќе се чудат и ќе бидат фрапирани од тоа што ќе се соочуваат со последиците од  капитулацијата, којшто силно удираат врз идентитеските прашања на македонскиот народ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Стоилковски: Пендаровски или втор Заев, ќе значи аминување на криминалот, губење на се што значи Македонија

Продолжуваме со серијалот на цитати на полтронот на Зоран Заев, на поклоникот на заевизмот, Стево Пендаровски. Не ме интересира организиран пренос на гласови. Тој таканаречен трансфер на гласови кој го договараат партиските лидери не ме интересира! Ова го вели Пендаровски, пред сега да седне во Мала Речица и да моли за контингент гласови, истакна на денешната пресс конференција Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:Стево Пендаровски во 2016 година пак тврдеше дека нема како што вели „капарисано функција„ ,а веќе по втор пат е кандидат за претседател на државата. Тоа е истиот човек кој што цел живот има некаква политичка функција. За потсетување, во 2014 година одрекуваше дека ќе биде претседателски кандидат на СДСМ, а за време на тогаш неговите редовните негови партиски трибини се фотографираше во Гази Баба со транспарент зад себе на кој што пишува Стево за претседател. И тоа го негираше. Истовремено ги негираше и страниците за поддршка на социјалните медиуми  велејќи дека не знае чиви се.Заевизмот не му е непознат на Стево Пендаровски, човекот се што кажуваше во кампањата, потоа го погази со тоа што ги поддржа сите заевистички зафати- од тоа што го одобри консултативниот референдум, за кој што говореше дека такво нешто е невозможно, до промената на името и капитулантскиот договор, за што велеше дека е невозможен без широк консензус!Пендаровски е докажана и продолжена рака на заевизмот. Втор Заев ќе значи крај за државата, втор Заев ќе значи аминување на криминалот, економската девастација, губење на се што значи Македонија.Граѓаните знаат, граѓаните го препознаваат заевизмот кај Пендаровски, и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе го зададат првиот сериозен удар за спас на државата.Граѓаните сакаат право и правда, а не уште еден кажувам, заборавам, негирам!Почитувани, крајот им се ближи, Гордана Силјановска Давкова е победник на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ е победник на предвремените парламентарни избори. Да ги испратиме Заев, Пендаровски и заевизмот во историјата, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

prilep-voda

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Наместо 20% поевтини сметки за вода, Прилепчани добија повисоки сметки за околу 60%

Иако градоначалникот Илија Јованоски ветуваше намалување на сметките за вода од 20% во предизборната кампања, Прилепчани овие денови сведочат за спротивното. СДСМ удира повторно по џебот на обичниот граѓанин кој на своја кожа го почувствува зголемувањето на сметките за водни услуги, истакна Иван Младеноски од ВМРО ДПМНЕ Прилеп.Граѓаните се гневни и измамени затоа што поверуваа дека токму новата локална самоуправа предводена од СДСМ ќе си достои на својот збор и ветувањето кое го даде. За жал и на штета на сите Прилепчани, со секој изминат ден се соголуваат ветувањата кои беа нафрлани без детална анализа, колку да се добија по некој дневнополитички поен.Она што на крајот од денот го интересира обичниот народ е есапот во секоја една куќа, кој со овие поголеми давачки воведени во време на СДСМ, го осиромашува и онака сиромашниот народ кој едвај врзува крај со крај.И наместо 20% поевтини сметки за вода, Прилепчани добија повисоки сметки за околу 60%.Градоначалниче, Прилепчани ве гласаа за 20% поевтини сметки за вода, а не за вработувања и поставување на директори на вашите внуци, зетови, братучеди. Прилепчани ве гласаа за да ги реализирате предизборните проекти, а не да агитирате за смена на име, национално предавство и двојазичен Прилеп.Почитувани, досегашното владеење на СДСМ, како на централно, така и на локално ниво се покажа како крајно ненародно и дрско, кое освен што го влоши животниот стандард на секој еден, не донесе ништо корисно. Затоа мора што поскоро да заврши ова владеење. Затоа што граѓаните заслужуваат подобар живот и власт која ќе се бори за доброто на секој граѓанин, истакна истакна Иван Младеноски од ВМРО ДПМНЕ Прилеп. 

Македонија | пред 7 години

ohrid-turisticka-1

Сугарески и Китанов ги исконтролираа градежните работи во Охрид

Се реконструира булеварот „Туристичка“.Денес, увид за текот на градежните работи на булеварот „Туристичка“  извршија, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, а претходно имаа работна средба во кабинетот на градоначалникот.- Во име на жителите од Охрид, сакам да ја пренесам благодарноста до Владата и министерството за транспорт и врски, а особено до министерот Горан Сугарески, за брзата реализација на нашето барање, а тоа е реконструкција на булеварот „Туристичка“. Булеварот кој веќе подолги години беше во очајна состојба, претставуваше грда слика за градот. Отежнато  движење по лошиот асфалт беше причина околните сообраќајници да бидат преоптоварени со сообраќај и да се создава непотребен метеж. Со реконструкцијата сето тоа ќе биде минато и граѓаните и туристите ќе добијат пофункционален булевар, изјави в.д. градоначалникот Георгиески.По завршувањето на реконструкцијата Охрид ќе добие еден репрезентативен булевар, кој значително ќе го подобри функционирањето на сообраќајот во градот.Она што пред неколку месеци го најавивме со директорот за државни патишта, Зоран Китанов, а тоа е започнувањето со градежната офанзива, практично од овој период со почнувањето на градежната сезона го остваруваме. Сакам да потенцирам дека Охрид и охридскиот регион се особено важни за нас. Во наредниот период интензивно ќе се работи на реконструкција, конкретно за транзитниот дел на градот, булеварот „Туристичка“ и стариот пат за Струга. Се она што го најавуваме во изминатиот период во најголема мера ќе биде остварено, рече министерот Сугарески.Во моментов во Охрид се работи на три реконструкции на патишта во должина од 18,2 километри.Пред три дена започнавме петнаесет реконструкции на патишта, од кои три се во Охрид. Должината на реконструираните патишта во Охрид ќе бидат во должина 18,2 километри. Предвидено е градежните работи да завршат до месец јули, се со цел Охрид, туристичката сезона да ја пречека подготвено. Во тек е тендерска постапка за изработка на проект за реконструкција на патниот правец Охрид – Св. Наум, каде планираме да извршиме голема реконструкција, потенцира директорот Китанов.Се очекува градежните работи да бидат целосно завршени пред почетокот на летната туристичка сезона.  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Се реконструира улицата Антон Димитров во Драчево

Екипите на Град Скопје работат на реконструкција на улицата Антон Димитров, во Драчево, која ќе се обнови на вкупна должина од 1.450 метри. На терен ќе се вградат порамнителен и завршен слој на коловозот со површина од околу 10.000 квадратни метри, како и тротоари од бекатон на површина од околу 6.500 квадрати.Увид во градежните работи на оваа улица денеска изврши градоначалникот Шилегов.- Град Скопје годинава ќе реконструира повеќе булевари и улици што се во наша надлежност. Од редот на приоритетите ги издвојувам првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот АСНОМ, реконструкцијата на дел од булеварот Партизански одреди и на улиците Февруарски поход, Лазар Личеноски, Брадфордска, како и обновата на улицата на која што се наоѓаме денеска, Антон Димитров, поранешната улица Жарко Зрењанин.Реконструкцијата на улицата Антон Димитров е предвидено да заврши оваа година, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу 19,4 милиони денари – рече градоначалникот Шилегов.Улицата Антон Димитров секојдневно ја користат жителите на Драчево и околните населби во општината Кисела Вода. Поради градежните активности, на улицата ќе биде воведен привремен режим на сообраќај.- Апелирам до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот. Граѓаните на Скопје заслужуваат безбедни улици, без дупки, каде што движењето ќе се одвива непречено. Продолжуваме со редовната реконструкција на сите оштетени улици за да овозможиме сообраќајот во нашиот град да се одвива побезбедно и поефикасно – нагласи градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 7 години

Megunaroden-Aerodrom-Skopje-02

Меѓународниот аеродром Скопје ја доби ASQ- наградата за квалитет на услугите за 2018 год

Светски реномираната организација Меѓународен совет на аеродроми (Airports Council International) му ја додели ASQ-наградата за квалитет на аеродромски услуги за 2018 година на Меѓународниот Аеродром Скопје, рангирајќи го како еден од најдобрите аеродроми во Европа во категоријата на аеродроми под 2 милиона патници годишно, гледано од аспект на искуството на самите патници.Ова е 4-ти пат како Меѓународниот Аеродром Скопје ја добива наградата за квалитет на аеродромски услуги од ACI, овој пат за 2018 година, a претходно ја има добиено за 2012, 2013 и 2015 година.ACI ги објави добитниците на светски реномираната награда од Програмата за квалитет на аеродромски услуги денеска, на 6-ти март, во своето седиште во Монтреал, Канада. Програмата за квалитет на аеродромските услуги на ACI, ги препознава и им оддава признанија, на аеродромите низ светот, кои што испорачуваат најдобро искуство за клиентите, преку мислењето на патниците. -Среќни сме за добрата вест од ACI, дека Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на Наградата за квалитет на аеродромски услуги за 2018 година. Тоа значи дека сме меѓу најдобрите аеродроми во Европа за 2018 година од аспект на искуството на патниците, во категоријата на аеродроми под 2 милиона патници годишно. Ова е 4-ти пат како го добиваме ова престижно признание, кое што претставува репер на глобално ниво за врвноста на услугите кон клиентите, по ASQ наградите добиени во 2012, 2013 и 2015. Ова ја докажува нашата посветеност да им обезбедиме услуги со највисок квалитет на нашите патници, и покрај френетичното 24-часовно темпо на работа, на еден од најбрзо растечките аеродроми на Балканот – Меѓународниот Аеродром Скопје. Би сакал да им се заблагодарам на вработените за нивниот труд, како и на нашите сестрински компании БТА (храна и пијалаци), АТУ (безцаринската продавница), ТАВ МОС (PrimeClass и Комерцијални услуги), ТАВ Технолоџис (ИТ услуги) и Еуроклин (услуги за одржување хигиена), како и на Полицијата и Царинската администрација, како државни органи кои се присутни на аеродромот со нивните услуги, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.Програмата за Квалитет на аеродромски услуги (ASQ) е водечка програма на глобално ниво за аеродромски услуги за патници, и референтна точка што го мери задоволството на патниците низ 37 клучни индикатори за успешност. Програмата се спроведува од страна на сертифицирани агенти за спроведување анкети со патници додека тие се на аеродромот, преку Прашалниците за квалитет на аеродромските услуги на ACI.-Наградите за квалитет на аеродромските услуги ги слават достигнувањата на аеродромите во обезбедувањето на најдоброто искуство со клиентите и претставуваат највисоко можно признание за аеродромските оператори ширум светот. Аеродромите препознаа дека испорачувањето подобрено патничко искуство е важна деловна алатка во сè поконкурентна индустрија. ASQ на ACI е единствената програма воспоставена на глобално ниво, која што обезбедува објективни мерења и репери за аеродромите, за да им помогне да го придвижат нивното работење, изјави Ангела Гитенс, Генерален директор на ACI World.Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби ASQ наградата за 2018 година од ACI, во панел од 23 аеродроми во европскиот регион, во категоријата аеродроми под 2 милиона патници. Другите 4 наградени аеродроми во истиот панел се во Шпанија: Алмерија, Џирона (Коста Брава), Мелиља и Сарагоса.Аеродромите добитници на ASQ наградата за 2018 ќе добијат плакети од ACI на церемонија по повод Наградите за квалитет на аеродромските услуги, која што ќе се одржи за време на Глобалниот самит за искуство на клиентите на ACI, во Бали, Индонезија, во септември 2019 година.ТАВ Македонија продолжува да бележи пораст на бројот на патници и во 2019 година. Првите два месеца од 2019 година ги заврши со вкупно 305.246 патници, што претставува 7% годишен пораст, на двата аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле – Охрид. 

Македонија | пред 7 години

IMG_20190306_111238

Еврпскиот ден на логопедијата одбележан во Битола

По повод Европскиот ден на логопедијата 6 март, ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Битола и ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Скопје, во соработка со Европскиот комитет на логопеди, ја организираа втората конференција за одбележување на овој ден.Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска во поздравниот говор ја посочи поддршката која што општината им ја дава на логопедите и на институцијата, која прва во земјава, го третира проблемот со комуникациите од најмала возраст.„Битола е градот каде што е формирана првата установа во државата којашто овозможувала ваква поддршка и токму затоа ова е причина повеќе да и се даде значење на оваа конференција. Организаторите по одржувањето на конференцијата секако ќе имаат можност да извлечат повеќе заклучоци во придонесот и значењето на работењето на логопедите, како клучна алка во современите методи за подобра комуникација“, истакна градоначалничката Петровска.[caption id="attachment_29843" align="alignnone" width="3968"]  [/caption]Директорката на битолскиот завод упати апел до здравствените власти во државата да го решат горливиот проблем со логопедите.„За жал аутизмот се зголемува во епидемиски размери, а тоа покажува дека сериозно треба нешто да се менува во нашиот начин на живот. Веќе 64 години Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас Битола е исправен пред многу проблеми. Од основањето, заводите припаѓаат во здравствената струка, се финансираат од фондовите за здравство, а ние логопедите имаме огромни проблеми со конзервативните медицински структури. Логопедијата сеуште го нема најдено вистинското место во здравствениот систем и на овој ден, би сакала да го свртам вниманието дека рехабилитацијата на деца со посебни потреби е многу сериозна и хумана работа и заради тоа не треба да биде потценета од никого“, рече директорката на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Битола, Дивна Живорадиќ Најдовска.„На овој ден логопедите треба јавно да ги кажат своите проблеми со кои се среќаваат во текот на работењето. Според меѓународната класификација на болестите, основната дејност на логопедите е здравствената дејност. Оттука, нашата прва заложба би била правилно дефинирање на логопедската дејност и добивање на статус здравствен работник самостоен давател на здравствени услуги со универзитетско образование од областа на вербалната комуникација во Законот за здравствена заштита“, посочи директорката на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Скопје, д-р Силвана Филипова.На конференцијата беа изложени повеќе трудови во првиот, конференциски дел, додека во вториот дел од се одржа тркалезна маса на тема „Местото на логопедот во системот и законската регулатива на РМ.Европскиот ден на говорна и јазична терапија, годинава е под мотото аутизам/ комуникацијата ги поврзува сите делови.

Македонија | пред 7 години

Univerzitetska-klinika-za-detski-bolesti

Почина двеипол годишно девојче на клиниката за детски болести

На клиниката за детски болести, почина двеипол годишно девојче.Информацијата ја потврдија од Клиниката за детски болести.-Во понеделник попладне на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести е примено женско дете на возраст од 2,5 години со знаци за сериозна бактериска инфекција. Претходно детето било релативно здраво, со респираторен инфект третирано еден недела од страна на матичен лекар. Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено на оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите преземени тераписки процедури после престој од 12 часа детето почина, се наведува во соопштението од Клиниката.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Кирацоски: Над 60 пратеници со потпис дадоа поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски

Со задоволство ја информираме јавноста дека над 60 пратеници со својот потпис дадоа поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата. Пратеници од различни етнички заедници, од различни политички партии, обединети се околу заедничкиот избор за победа, за напредок, за иднина, истакна Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и пратеник.Кирацоски додаде: Стево е нашиот избор затоа што веруваме дека е личност со интегритет, кој ќе биде вистински претседател на сите граѓани. Кој ќе се води од интересите на граѓаните и државата. Пратениците многу добро знаат колку е значаен изборот на претседател за државата, за граѓаните и за Собранието.На Република Северна Македонија не и е потребен нов Иванов.На граѓаните не им е потребен уште еден партиски послушник, кој е подготвен да делува спротивно на интересот на државата, да не почитува Устав, работејќи само во името на партијата и партискиот шеф, како што ни се случуваше во последните 10 години.На државата, на граѓаните потребен им е претседател кој влева доверба и сигурност, претседател кој гледа напред, работи заедно со сите прогресивни и демократски сили, ја води земјата кон ЕУ и НАТО.Стево е тој. Стево е кандидат за вистински претедател.Сега кога се решени најкрупните прашања кои со децении не влечеа надолу, нема запирање, време е за нови потфати.Преземаме обврска, овој полет да го искористиме и заедно да го обезбедиме до крај она за што се бориме: подобар живот за сите граѓани, ратстечка и силна економија, напредок, повеќе пари кај граѓаните.Почитувани,Покрај тоа што законскиот услов за кандидатурата на Пендаровски е исполнета со потписите на народните избраници, отвораме можност и граѓаните непосредно да застанат зад кандидатурата на Стево за претседател.Ги покануваме граѓаните кои сакаат да дадат директна поддршка на кандидатурата на Стево, нашиот заеднички кандидат, од утре, да се приклучат, да го сторат тоа со својот личен потпис во подрачните единици на ДИК низ државата. Одиме заедно со Стево, партии, пратеници, граѓани, сите заедно.Одиме во нова победа, за граѓаните, и за нашата држава, истакна Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 7 години

cisterna

Македонска цистерна со гас излета кај Врање

Цистерна со македонски регистерски таблички, утрината нешто по 8 часот, слетала од автопатаот во близина на Врање и се превртела во ендекот, објави новости .рсСрпските медиуми објавуваат дека за среќа нема повредени, но автопатот во должина од околу петстотини метри, го обезбедува полицијата заради потенцијална опасност од излевање на течниот гас или експлозија.Едната лента од автопатот е затворена за сообраќај.Фото: Новости.рс 

Македонија | пред 7 години

mati-pozar-grcija

Грчкото обвинителство кривично гони 20 функционери за катастрофалниот пожар во Мати

За пожарот во јули минатата година во областа Мати, во кој животот го загубија 100 лица, а беше причинета огромна материјална штета, грчкото обвинителство кривично гони 20 функционери меѓу кои префектот на периферијата Атика, градоначалниците на општините Маратонас и Рафина, поранешниот Генерален секретар за цивилна заштита, функционери во полицијата и противпожарната служба, но и еден 65-годишен маж кој е одговорен за избувнувањето на пожарот, јави дописничката на МИА од Атина.Обвиненијата се однесуваат на подметнување пожар од небрежност, убиства од небрежност и поради пропусти и физички повреди од небрежност и поради пропусти, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, за овие прекршоци, законот предвидува казни до пет години затвор, а под исклучителни околности може да биде и до десет години.АНА-МПА објави дека во истрагата биле сослушани 350 роднини на жртвите. 

Свет | пред 7 години

DSC_3843

Заев: Очекуваме, во јуни, отворање на преговорите со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска се сретна со делегација од меѓународната организација на трудот, предводена од Хајнц Колер, помошник генерален директор во организацијата и регионален директор за Европа и Азија.На средбата се поздравени позитивните политички промени во нашата држава по постигнатиот Договор од Преспа, што резултира и со резултати во економско социјалната сфера. Констатирано е дека резултатите на социјален и економски план ќе бидат и добар аргумент за пристапните преговори со ЕУ и поглавјето 19, кое што се однесува на социјалната политика и вработувањето.Премиерот Заев соопшти дека Владата е посветена на ефикасен социјално – економски дијалог во државата, со сите страни и дека решенијата на политичките прашања отворија можност за зголемување на странските инвестиции, покачувања на платите, покачување на просечната плата, зголемување на БДП-то што се позитивни социо-економски трендови.-Република Северна Македонија стана надежна земја во регионот. НАТО интеграцијата е почната. Очекуваме, во јуни, отворање на преговорите со ЕУ.Тоа за нашата држава значи стабилност и безбедност, но значи и подобрување на начинот на живот на граѓаните. Посветени сме на програми за зголемување на животниот стандард, што сега, поради позитивната клима во државата, има услови да се реализираат. Нашата цел е мотивирани работници и мотивирани граѓани. Очекуваме да ја постигнеме целта што си ја поставивме, а ја ветивме и на граѓаните, развој на државата на социјален и на економски план, рече премиерот Заев.На средбата се разгледани можностите за помош и употреба на искуства од Меѓународната организација на трудот во делот на стекнувања вештини и подобрување на вештините за работа на работниците, на национално и на локално ниво.  Исто така, разговарано е и за значењето на Конференцијата што ја организира Меѓународната организација на трудот во јуни во Женева, за иднината на работата, на којашто се очекува присуство на претставници на висок политичко ниво од земјите од ЕУ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Стево Пендаровски е нов Зоран Заев, лаже, заборава, негира

Стево Пендаровски е нов Зоран Заев, лаже, заборава, негира. Пендаровски е човек кој не може да биде претседател. Пендаровски е човек без став, тој пред само пет години велеше дека името не може да се смени без национален консензус, сега истото го заборави и премолче додека неговиот шеф Заев сам го истурка процесот за промена на името, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Пендаровски е бледа копија на Зоран Заев. На Република Македонија не и треба нов Зоран Заев кој ќе работи спротивно на интересите на граѓаните.Република Македонија има потреба од честит претседател, кој ќе ги почитува Уставот и законите.СДСМ го потценува народот, кога за претседател предлага човек, кој го нарече стока сопствениот народ.Стево Пендаровски не е лик кој обединува, Стево Пендаровски подвојува. СДСМ и Пендаровски мора да изгубат, тоа ќе биде причина за предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе имаат можност да го испратат Зоран Заев и СДСМна темната страна на историјата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

kosta-vodici1

Константин Георгиевски кандидат за градоначалник од СДСМ

СДСМ донело одлука на претстојните Локлани избори да оди со Константин Георгиевски, кој во моментов е в.д. градоначалник, – ексклузивно дознава Охрид1 од свои извори во централата на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

DSC03418-2

Филипче и раководството на болницата од Охрид бараат начин за потепено раздолжување

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беше во работна посета на Општата болница во Охрид, каде во употреба беше предадено специјално возило за транспорт на пациенти, донација на компанијата „Руски транс“ реализирана преку соработка со „СОС Балкан медиа“.Министерот Филипче кажа дека со раководството на болницата ќе разговараат за постепеното раздолжување на установата, за изградбата на новата поликлиника, како и околу имплементирањето на пилот-проектите за полесен пристап на пациентите до поквалитетни и подостапни здравствени услуги, како и за потребата од нова апаратура.– Планираме набавка на опрема за повеќе болници во државата, што ќе се реализира согласно потребите на регионите, утврдени преку т.н. економска анализа на медицинска технологија. Тоа значи дека за потребите на пациентите од регионот опремата ќе се распоредува во болниците во Охрид, Струга и во болницата „Свети Еразмо“, чија реконструкција предвидува целосно нова опрема. Апаратите од таа болница, како и апаратите во болниците во Охрид и Струга ќе бидат насочени за задоволување на здравствените потреби на населението од тој дел на државата, истакна Филипче.Директорката на Општа болница Охрид, д-р Славица Малеска-Стојадиновиќ потенцираше дека ова е вредна донација, која за пациентите ќе значи брз и сигурен превоз до соодветното одделение или центар, а притоа уште во самото возило да биде дадена соодветната помош.„Сакам да изразам благодарност до донаторите во име на ЈЗУ Општа  болница Охрид која заради тешката финансиска состојба не може да си дозволи ваква набавка. Овој чин е од големо значење за Охрид како туристички центар, но и како регионален центар во областа на здравството“, рече директорката Малеска-Стојадиновиќ.Во 2018 година во Општата болница Охрид се реализирани 45 нови вработувања.Министерот Филипче ги посети и пациентите кои се лекуваат во оваа болница и ги разгледа реновираните оддели.       

пред 7 години

avtopat-koli-3

Од Штип до Скопје за нецели 50 мин по новиот автопат Штип-Миладиновци

Новиот автопат Штип-Миладиновци веќе е пуштен во пробна употреба. Делницата на патот од Три Чешми до Овче поле функционира неколку месеци, а деновиве почна да се одвива сообраќајот и до Миладиновци.Од Министерство за транспорт велат дека новиот автопат во моментов  е пуштен во тест употреба, а официјално ќе биде пуштен за два месеци.Оваа година возењето ќе биде бесплатно, со оглед дека патарините не се изградени, а исто така во тек е и изградба на пристапни патишта кои ќе го поврзат автопатот со околните места.Изградбата на автопатот завршила уште во декември минатата година.

Македонија | пред 7 години

aleksandra-zivoinovic

Бобан Живојиновиќ стана дедо, околу бебето ќе помага и Лепа Брена

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ станаа родители. Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ станаа родители. Пејачката се породи денес и на свет донесе машко дете кое се вика Александар. Според српски Курир, пејачката се породила со царски рез, а бебето имало 2800 грама.И мајката и бебето се чувствуваат одлично.Ова е прво внуче за нејзината мајка, мајката на Филип и секако бабата Лепа Брена.  Ова е прво внуче за дедото Бобан Живојиновиќ, прославениот тениски ас, па среќата е неизмерна во семејството.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања