Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

maxresdefault

Кривична пријава против Коце Трајановски

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Т.(63), Н.И.(65), В.Ѓ.(53) и Б.Т.(67), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.Првопријавениот К.Т., како градоначалник на град Скопје, во текот на декември 2014 донел Одлука за распишување на јавен конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје, врз основа на што бил објавен Јавен конкурс и била спроведена постапка за избор на директор на претпријатието. За спроведување на постапката биле назначени Н.И. - раководител на секторот за општи работи во Град Скопје, претседател на комисијата за спроведување на постапката за избор на директор во ЈП „Водовод и Канализација“, а В.Ѓ. - раководител на одделение за управување со човечки ресурси во Град Скопје и Б.Т. - раководител на сектор за правни работи во Град Скопје, во својство на членови на комисијата.Претседателот и членовите на комисијата не извршиле проверка на комплетноста и валидноста на доставената документација од кандидатите за распишаниот јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Од 11 пријавени кандидати за директор бил избран кандидатот А.А., кој имал некомплетни документи, односно дипломата за завршен факултет во државата Њујорк во САД не му била нострифицирана. Ваквата одлука тие ја доставиле до К.Т., кој исто така, не извршил проверка и донел Одлука за избор на А.А. за директор на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.По изборот, Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), до Министерството за труд и социјална политика и до Државниот инспекторат за труд, поднеле претставка за начинот на избор на директор. По извршениот инспекциски надзор во јавното претпријатие, на К.Т. му било укажано да ја преиспита одлуката за избор на директор на претпријатието и да донесе одлука во согласност со своите надлежности, но тој не преземал никакви дејствија со што му овозможил на лицето А.А. да продолжи да ја извршува функцијата. 

Скопје | пред 7 години

soobr1

24 часа МВР за Скопје: Девет сообраќајни незгоди од кои една со загинати лица

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една сообраќaјна незгода со загинати лица, две со телесни повреди и шест сообраќајни незгоди со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот и две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 44 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 11 возачи од кои: осум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи осум биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни.Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, двајца поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач поради непоседување пропишана зимска опрема, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 123 мандатни платни налози и 86 возила се подигнати со специјално возило  пајак.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Пожари во село Црнеец, битолско и во Пехчево

На 05.03.2019 година во 11.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на село Црнеец, битолско, настанал пожар во нивите, од кој биле зафатени неколку плевни. Пожарот бил изгаснат во 14.00 часот од Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.На 05.03.2019 година во 15.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во атар на Пехчево, во близина на место викано „Спиково“, избувнал пожар при што биле зафатени неколку помошни објекти, овошни насади и поголема површина на нискостеблеста шума и трева. Пожарот бил локализиран од екипи од Територијалната противпожарна единица Пехчево.

Македонија | пред 7 години

FullSizeRender-06-03-19-10-36

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Георгиески, е успешен образец на матрицата на заевизмот наречена ветувам-негирам-заборавам

Заевизмот и продолжената рака се чувствуваат и во Охрид. Воден од примерот на својот лидер, кандидатот за градоначалник Константин Георгиески, е успешен образец на матрицата на заевизмот наречена ветувам-негирам-заборавам! Но, граѓаните не забораваат за што го дале својот глас и го очекуваат ветеното, истакна на пресс конференција Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид.Петкоска додаде: Во населбата Видобишта беше ветено асфалтирање на улицата „Прва македонска ударна бригада“, изградба на тротоари и нејзино улично осветлување.Зошто се’ уште не е реконструирано детското игралиште кај Стобекс?До кога жителите ќе очекуваат непречено функционирање на месната организација?Нема никакво поставување на улично осветлување на улицата „Малесија“. Ќе почека и реконструирањето на уличната мрежа на споредните улици во населбата. За целиот овој период не успеаја да се постават барем хоризонтални ограничувачи на брзината на улицата „Момчило Јорданоски“.Факт е дека приоритет не е конкретна помош за граѓаните туку вработување партиски и роднински кадри.Почитувани, Ајде заедно да ги запрашаме:Каде Ви е моралот, ако граѓаните не Ви се приоритет, каде Ви се одговорите кои седолжни да ни ги дадете, нели Ви е срам што не реагирате на нашите барања? Незаслужуваме ли чесна, вистинита и релевантна информација за тоа каде одат нашитепари?Очекувавме да покажете барем минимум човечка и политичка коректност и барем во периодот што измина да најдевте начин и да ги погледневте граѓаните во очи. До кога ќе го применувате тој дегутантен и коруптивен образец при што граѓаните ги третирате како неписмена маса која копнее за своите стотина метри асфалт и не разбира која Ви е играта во позадина?Разберете веќе еднаш дека граѓаните препознаваат кога се изиграни. Вие не одговоривте на нивните барања, но затоа тие на 21 април ќе Ви испратат повеќе од јасна порака, истакна Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Тече постапката за ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО

Република Северна Македонија чекори кон НАТО. Шест земји од вкупно 29 членки на НАТО сојузот веќе го ратификуваа Протоколот за пристапување на државата во најголемиот и најмоќен безбедносен сојуз во светот, се вели во соопштението од СДСМ.Досега, шест земји членки на Алијансата го ратификуваа Протоколот за пристапување. Грција, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска и Црна Гора се првите земји кои ја отворија вратата на НАТО за влез на нашата Македонија.Во меѓувреме Данска, Франција и Романија ја започнаа постапката за ратификација на Пристапниот протокол на Република Северна Македонија во Нато алијансата.Ратификацијата ќе продолжи и во останатите земји членки на НАТО Алијансата, а откако Протоколот ќе биде усвоен од останатите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО.Одиме напред, градиме силна и стабилна држава, обезбедена и сигурна. Држава во која граѓаните ќе се чувствуваат безбедни и сигурни и економски стабилни. Членството во НАТО освен безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните.Република Северна Македонија тргна напред и запирање нема, валат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

11111222

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицајци претепани пред пекарница

На социјалните мрежи се појави снимка од тепачката на група момчиња, од кои некои се во полициски униформи, а која, наводно, е снимена во саботата пред пакарница во Самобор. Како што пренесуваат хрватските портали, до тепачката дошло кога група момчиња за маскенбал се облекле како полицајци и на шега им кажале на другите дека ќе ги приведат во полиција.[embed]https://www.facebook.com/309578986411891/videos/321593995158130/[/embed]о

Свет | пред 7 години

idioti-2

За Давидковски, Владата наликува на како онаа на Африка

Во вчерашното централно издание на вестите на 1ТВ гостуваше Борче Давитковски, универзитетски професор кој говореше за проширувањето на Владата со уште едно ново министерство.Поради зголемувањата на бројот на министерства очигледно ни е судбина да имаме африкански влади. Во Африка имаат, тие се мераклии и имаат министер за спорт, министер за младина, министер за ова или министер за она, нагласи Давитковски.Давитковски говорејќи за нашата влада рече дека министри без ресор е стар систем кој што модерните демократии пред 40 години го напуштиле, но ние си ги задржавме. И кај нас имаме повеќе потпретседатели, а секаде низ развиените земји владата има еден потпретседател, обично министерот за надворешни работи, за финансии, за полиција зависно за која држава станува збор. Но воглавно имаат еден потпретседател, а ние имаме многу.Имаме потпретседатели на ранк за евроинтеграции наместо да направиме Министерство за евроинтеграции и кога ќе влеземе во Европа да престане, но ние направивме секретаријат. Па еве за Рамковен договор па ако го донесовме сега законот и со тоа да се заокружи имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и амандманите тогаш јас очекував тој секретаријат да се укине, а не да прерасне во Министерство, појасни Давитковски.

Македонија | пред 7 години

zatvor-10-1

Пронајдена тешка дрога кај затвореник во „Идризово“

Полицијата ќе поднесе кривична пријава С.М.(29), осуденик во КПУ Идризово, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.Во неделата полициски службеници од затворо извршиле преглед на С.М., и кај него пронашле и одзеле хероин.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Власта ја води Република Македонија кон економски колапс

Власта ја води Република Македонија кон економски колапс. Тевдовски и Заев вчера, на месец и половина пред избори не задолжија за нови 130 милиони евра.Каде ќе завршат овие 130 милиони евра и зошто ова задолжување се врши пред избори? Дали станува збор за изборна корупција?СДСМ ја носи државата кон презадолженост. За само две години колку се на власт го зголемија јавниот долг за над половина милијарда евра, со што тој надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Додека долгот рапидно расте, економијата тоне. Според податоците на Државниот завод за статистика извозот во јануари оваа година е за 1.9% помал од извозот во јануари минатата година, додека увозот за истиот период е поголем за 1.4%.Намалениот извоз е клучен доказ дека економијата стагнира. Падот на извозот на долг рок може да предизвика и пад на девизните резерви, но и пад на општото производство.Економијата оди кон дното и ова мора да се запре. СДСМ нема капацитет да ја води државата. СДСМ мора да си замине. Победата на претседателските избори е клучна причина за распишување на предвремени парламентарни избори, кои ќе значат пад на оваа ненародна и расипничка влада, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кога би имале шанса дури 83,7 отсто би заминале од Македонија

Поразителни 83,7 отсто од испитаниците би си заминале од Македонија кога би имале шанса. Ова се резултатите од анкетата под наслов „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија“ што Факултети.мк ја објави пред две недели. На прашалникот анонимно одговорија вкупно 1.474 читатели. Интересен е податокот што во првите неколку часа имаше масовно одговарање на трите поставени прашања.На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговорија 1.491 читател. Од нив дури 1.234 (83,7%) одговориле со „да“, 123 (8,3%) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9%) би останале во Македонија., објави факултети.мкРазлични се одговорите за земјата каде што би се преселиле. Германија, Австралија, Канада, Франција, Холандија, Данска, Австрија, Скандинавија, Швајцарија, Словенија, Нов Зеланд, Шведска, САД, Англија... Има и вакви одговори: „Каде било, само не Македонија“, „Подалеку оттука“, „ Во земја каде што владеат закони и каде што има нормален здравствен систем и образование“.На прашањето: „Зошто би заминале?“ одговорија 1.054 читатели. Најчестиот кус одговор е „за подобар живот“. Еден наш читател ја сублимирал целата реалност во неколку реченици:- Катастрофално лошо функционирање на сите институции. Корупција, мито, непотизам. Голема злоупотреба на должностите и функциите што им ги доверила државата. Лоша инфраструктура, лоша организација во функционирањето на сите институции. Тие што се одредени да ја организираат работата и функционирањето на институциите се неспособни, корумпирани, алчни да заработат многу за кратко време. Не постојат долгорочни планови за развој и напредок. Корумпирана полиција, судство... Здравствениот систем многу лошо организиран, нефункционален. Образовниот систем корумпиран. Факултетите се натпреваруваат кој ќе им додели (продаде) повеќе дипломи на неспособни кадри! Способните, вредните, тивките, трудољубивите... се оставени на маргините, да се снаоѓаат како знаат и умеат.Текстот во целост на факултети.мк

Македонија | пред 7 години

20190305180233_526057

Заложничка драма во банка

Полицијата во Мостар уапси тројца крадци, кои денеска се обиделе да ја ограбат Земјоделската банка. Кражбата била пријавена околу 15.10 часот.Маскирани и вооружени лица како заложници зеле вработени службеници во банката, како и неколкумина граѓани. Според сведоците, разбојниците биле фатени благодарение на брзата полициска интервенција, која ја опколила банката во рекордно кус период по што интервенирале припадниците на специјалната полиција, кои ги разоружале и ги привеле крадците.

Свет | пред 7 години

BUJAR-OSMANI

Османи отиде за Словенија, ќе бара решение за лажните вести

меник претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета во Република Словенија.Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, Османи ќе има средба со заменик претседателот на Владата на Словенија и министер за надворешни работи, Миро Церар, на која ќе бидат отворени темите поврзани со евроатлантските интеграции на земјата, во насока на отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, динамиката на спроведување на реформите предвидени во Планот 18, како и очекувањата од претстојните јунски самити.Османи ќе се сретне и со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Добран Божич, како и со програмскиот директор на Центарот за европски перспективи, Андреја Долничар Јерај и заменик директорот на Центарот за меѓународна соработка и развој, Ема Роде, со кои ќе разговара за предизвиците што и претстојат на Северна Македонија во наредниот период, а ќе ги отворат и темите во однос на проширувањето на ЕУ на земјите од Западен Балкан со што се зајакнува стабилноста и безбедноста во Унијата, како и справувањето со мигрантската криза, напливот на фундаментализмот, како и борбата за справување со ширењето на лажните вести.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ДУИ сакале Џафери да биде кандидат за претседател

Демократската унија за интеграција, доколку не се согласуваше со СДСМ за консезуалниот кандидат, тогаш ќе  излезеше со свој кандидат на претседателските избори , а тој би бил Талат Џафери, истакна заменик претседателот на ДУИ, Изет Меџити во вчерашната емисија на "Клик Плус".Имаше гласини и кај СДСМ и кај ДУИ да излезат со партиски кандидати, и ние бевме подготвени за оваа опција. Најпотенцијалниот кандидат би бил Талат Џафери како кандидат за ДУИ ", рече Меџити.ДУИ првично предупреди за нивниот излез со нивниот претседателски кандидат, но потоа постигна договор со СДСМ.

Македонија | пред 7 години

dimitrov

Димитров дециден: Намвреме да се променат имињата наинституциите!

Во разумен рок или согласно вообичаените административни практики, што е во духот на Договорот од Преспа, треба институциите во земјава да ги променат своите називи со што ќе бидат испочитувани одредбите од Договорот, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров пред почетокот на панел дискусијата „Трансатлантските перспективи и Западен Балкан“.Димитров присуствуваше на владината седница на која на предлог на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Договорот од Преспа Владата донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на нивните влезови во однос на името на државата и согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот закон за спроведување на амандманите и Законот за употреба на јазиците.-Во овој случај формалното име на пример на Армијата би била Армија на Репубика Северна Македнија, бидејќи тоа е сега уставно име на државата, но, на пример во случајот со Македонски народен театар, имаме етнички елемент и најверојатно ќе биде Македонски народен театар, рече Димитров.

Македонија | пред 7 години

makron

Макрон и Меркел - „магаре и козметика“

Францускиот претседател Емануел Макрон следи вешта комуникациска стратегија. Со истовременото објавување на неговиот повик за реанимација на Европа во 28 весници, тој ја одреди европската политичка дебата во следните неколку дена. За визиите на Микрон се зборува насекаде, барем меѓу оние Европејци кои уште читаат весници. Но, прашање е дали на тој начин ќе допре до „гневните“ граѓани кои во Франција носат жолти елеци, а во Велика Британија ги веат знамињата на Брегзит.Но, тој барем нешто нуди и покажува амбициозни цели, за разлика од други политичари во Европа, како германската канцеларка Ангела Меркел која порадо се повлекува, или унгарскиот премиер и италијанскиот министер за внатрешни работи, кои проповедаат суморен национализам. Пред хаотичниот обид на Британците да ја напуштат Унијата, францускиот претседател нуди противнацрт – ренесана на, според негово мислење, загрозената Европа.Делумно веќе познато, делумно радикалноПредлозите делумно се веќе познати од порано, како на пример – заедничката заштита на надворешните граници на ЕУ; но делумно и радикални, како оној за заедничко ориентирање на сите политички сили во борбата против климатски промени. Макрон истовремено сугерира воспоставување цела низа нови институции: од една малку реалистична агенција за заштита на демократијата, до инвестициона банка за прашања околу климата, која можеби би имала поголеми шанси за имплементација. Макрон пред 18 месеци одржа говор во кој изнесе цел каталог барања, за кои само за некои постојат изгледи да бидат остварени, иако многу бавно, како на пример заеднички буџет на еврозоната.Емануел Макрон се гледа себеси во улога на брз мислител. Вториот дел од француско-германскиот тандем, германската канцеларка Ангела Меркел, има улога на разумен реалист, која визиите ги редуцира на она што е остварливо. Но Макрон, кого го притискаат проблеми на внатрешнополитички план, нема веќе трпение да чека на Меркел. Тој јурнува напред, а таа ќе го следи со одолговлекување. Навистина, двајцата најважни еропски политичари тукушто во јануари во новата Ахенска спогодба го фалеа заедничкото движење нанапред на европско ниво, но практичната политика изгледа малку поинаку.Повеќе на Дојче Веле

Свет | пред 7 години

Katica-Janeva

Катица нема да може да ги „пука“ бомбите, тие нема да се сметаат за докази

Во Влада помина новиот предлог-закон со кој се регулира работата на Специјалното јавно обвинителство.Сега извршната власт текстот треба да го достави до Собрание. Исто како за Уставните измени, премиерот Зоран Заев повторно треба да обезбеди 2/3 мнозинство, за законот кој, како што рече, е еден од последните услови кои ЕУ очекува да ги исполни Северна Македонија. Откако се согласија со владините коалициски партнери, Заев рече дека следните денови ќе разговараат со опозициските партии со цел да добие нивна поддршка за новиот закон.Инаку бомбите нема да бидат доказ во истрагите.

Македонија | пред 7 години

nema-voda

Поради дефект, без вода делови на Карпош

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 80 мм на улицата Демир Трајко бр. 67, без водоснабдување од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата улица и од улицата Ванчо Мицков, булварот Партизански одреди, подулиците 1, 3 и 5, а со намален притисок на водата ќе остане фабриката „Реплек“ во општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

Kamcev-Mijalkov

Мијалков му кажал на Камчев дека ќе се врши претрес во неговиот дом

Иако Камчев во едно од своите интервјуа тврдеше дека веќе не комуницира со Мијалков, сепак токму неговиот долгогодишен пријател и бизнис-партнер му јавил дека ќе се врши претрес во неговиот дом. Мијалков дознал во последните моменти кога веќе се формирале екипите за претрес и тајноста на планот на СЈО била издадена. Поточно, кога Мијалков дознал, не му јавил директно на Камчев, туку на неговиот бизнис-партнер Ненад Јосифовиќ кој, пак, го известил најбогатиот Македонец. Иако тврдат дека не комуницираат, сепак бизнисот ги спои двајцата партнери, па по дојавата Камчев сокрил предмети кои биле во неговиот сеф и неговиот мобилен телефон.Тоа укажува дека доколку би бил пуштен да се брани од слобода ќе ја попречува кривичната постапка преку влијание врз сведоци и соучесници, поради што и понатаму постојат причините за продолжување на мерката куќен притвор против обвинетиот“, смета СЈО.3Целиот текст прочитајте го на Независен.мк.Најбогатиот Македонец, Орце Камчев, по два месеца поминати во притвор во Шутка и два месеца поминати во куќен притвор, од вчера е слободен. Врховниот суд ги прифати жалбите што ги поднесоа Камчев и останатите осомничени во случајот „Империја“, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, со кои бараа да бидат ослободени и од куќен притвор.

Македонија | пред 7 години

patarina1

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловозиИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ИЗВЕСТУВАЊЕ: Виадукт Трејд Дооел известува дека на 06.03.2019, 07.03.2019 и 08.03.2019 од 08:00 часот до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопатот А1 делница Демир Капија - Миравци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

tabla-severna-makedonija

Еве каде е Македонија на листата со најбогати држави

Катар е на првото место на листата со БДП од 128.487 долари на жител, а земјата има околу 2,27 милиона жители. На второто место е Луксембург со БДП на жител од 109.199 долари, додека третото место го зазеде Сингапур со 98.255 долари.Македонија се најде на 88. место на листата со БДП на жител од 15.523 долари.Од околу 200 земји во светот, некои секоја година имаат приходи вредни милијарди или билиони, а „Фортјун“ состави листа со 15 најбогати земји на светот. Листата се темели на податоци на ММФ за бруто-домашниот производ на државите на жител според паритетот на куповната моќ.Повеќе на Факултети.мк

Македонија | пред 7 години

vreme-za-06.02

Денеска во земјава сончево време со мала до умерена облачност

Прогнозата на метеоролозите за денеска е  сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Утре, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Македонија | пред 7 години

izjava-zaev.Still050

(ВИДЕО) Гори ѓубре на ниви од Скопје до Кичево

Од излезот на Скопје кон Тетово, низ цел Полог од Тетово до Гостивар па попатно низ атарите на селата околу Кичево воздухот е полн со чад од огнот на нивите кои луѓето ги палат за на нив да изгорат растенијата и отпадот кој сенасобрал.Државата која од ден на ден е се послаба и понефункционална во комбинација со ниската еколошка свест направија да чади цела Македонија.

Македонија | пред 7 години

kuka-izgore

Изгоре куќа - на 8-члено семејство остана под отворено небо

Мајка со шест деца остана под отворено небо. До пред неколку дена тие живееја во трособна куќа. Меѓутоа, в саботата вечер, во нивниот дом ненадејно избувна пожар, кој со себе ја однесе целата куќа и сите спомени на семејството Хамидовиќ од Средно Коњари. Остана само пепел од изгорениот мебел. Таткото на децата пред еден месец заминал во Хрватска на работа, а во моментот на несреќата во куќата биле три деца со својот дедо. За среќа, дедото успеал навреме да ги изнесе децата надвор. Мајката Наида е благодарна што децата ѝ се живи и здрави, но бара помош, за како што вели, да може да ја надмине оваа голема несреќа што ги снајде, објави tv21.tv.„Иако куќата беше стара, навистина ме боли. Фала му на Бога што ми ги спаси децата. Му благодарам и на свекорот. Во моментов имам потреба децата да имаат дом, макар куќа да имаме. Да имаме покрив над глава, ништо повеќе не сакам. Се разбира, децата бараат. Таа ноќ син ми велеше: ми отиде чантата и книгите. Му реков: нека, сѐ ќе биде во ред. Најважно децата се спасија. Оние кои се во можност да ни помогнат, им благодарам“  рече Наида Хамидовиќ.Текстот во целост на tv21.tv

Македонија | пред 7 години

soobrakajka-2

Почина повредениот моторциклист

Денеска, во 13 часот и 30 минути, на крстосницата на улиците „7 ноември“ и „Бекир Алириза“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода по која, во Општата болница во Охрид, на повредите им подлегнал Т. Ш. (71) од селото Велгошти, соопштуваат од СВР Охрид.Тој, управувајќи мопед марка „Томос Спринтер“ без регистарски таблици, на критичното место изгубил контрола и удрил во дрвен електричен столб.На местото на сообраќајната незгода, увид изврши Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид поради што, сообраќајот на улицата „7 ноември“ беше пренасочен по споредни улици.По наредба на Јавен обвинител, врз починатиот ќе биде извршена обдукција а врз мопедот- дополнително техничко вештачење.

Македонија | пред 7 години

53333215_2523334147741987_6244356589768146944_n

ВИДЕО: Падна кров на тоалет во скопски студентски дом, студентите исплашени и револтирани

Во студентскиот дом “Стив Наумов” во Скопје, вчеравечер паднала цела кровна конструкција во еден од тоалетите кои ги користат студентите.Паднатата конструкцијат уништила и дел од инвентарот во тоалетот, но и личните работи на студентите. Засега нема информации за повредени лица, но, доколку некој ја користел просторијата, случајот можел да заврши трагично.Студентите се револтирани поради овој случај и велат “Ова не е во ред”. Според нив, лошите услови во студентскиот дом стануваат неподносливи и ги повикаа надлежните од ресорното министерство да реагираа на време, пред ова да се повтори и случајот да заврши трагично.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2323690754318364/

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања