Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

soobrakajka-1

(ФОТО) Сообраќајна несреќа во Охрид, едно лице со тешки телесни повреди

Попладнево се случи сообраќајна несреќа кај Крс џамија, во која едно лице се здоби со тешки телесни повреда. Поради несреќата до пред малку беше затворен сообраќајот на улицата 7 ми ноевмри, а сега се одвива во една насока.Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски  ја потврди информацијата за сообраќајната несреќа. Тој кажа дека увидот сеуште трае и дека причините за несреќата ќе бидат познати по завршувањето на увидот.

Македонија | пред 7 години

tabla-severna-2

(ФОТО) Еве ги новите имиња на институциите во Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија на својата 124 седница, на предлог на Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции, во однос на името на државата, согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за употреба на јазиците.Исто така, Владата на РСМ ги задолжи и им укажа на сите институции, да извршат проверка дали е извршена промена  на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-страни, медиуми итн) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, и во рок од 7 дена до Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.   

Македонија | пред 7 години

tirana

(ВИДЕО) Тирана под полициска блокада

Тирана од утринава е практично под полициска блокада бидејќи паралелно со седница на парламентот е закажан и опозициски протест. Околу зградатана Собранието има поставено бодликава жица, а во подрачјето слободното движење на луѓето е забрането. Ако некој сака да помине, треба да се легитимира пред полицијата.Демонстрантите бараат оставка од владата на Рама и распишување вонредни парламентарни избори во земјата.Се наведува и дека полицијата не дозволува медиумите да влезат во зградата на парламентот, така што тие не можат да се сретнат со членовите на владејачката Социјалистичка партија.

Свет | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Нема ново нето задолжување од 130 милиони

ВМРО-ДПМНЕ пак лаже, нема ново нето задолжување од 130 милиони, јавниот долг е стабилизиран и ставен под контрола.  ВМРО-ДПМНЕ, партијата што јавниот долг за неколку години го зголеми двојно, партијата што создаде колапс во економијата, продолжува со ширење лажни вести. ВМРО-ДПМНЕ лаже дека има ново нето задолжување на граѓаните и државата, лаже дека се зголемува јавниот долг, велат од СДСМ во реакцијата на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.Според објавените информации од Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 130 милиони евра, од кои веќе утре ќе се вратaт 117 милиони евра, a наредната недела ќе се вратат дополнителни 11,38 милиони евра по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. Не само што јавниот долг не се зголемува како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, туку тој е стабилизиран и ставен под контрола и изнесува 48.7 отсто од БДП и не е над 50 отсто како што лаже ВМРО- ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ преку одговорно и домаќинско управување со финансиите успеа да го стабилизира јавниот долг, а парите да ги пренасочи кон граѓаните и нивните потреби. За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, денес фреквенцијата на аукции е намалена двојно, од четири пати месечно на два пати во еден месец, а значително се намалени и каматните стапки.Граѓаните може да останат спокојни, економијата се движи во добар правец, планот за економски раст дава резултати, финансиите се стабилни, се вели во реакцијата од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

antikorupciska-komisija

Додека децата на функционерите работат, Антикорупцуска нема документи за да постапува

Ниту една институција сè уште не доставила документација каква што побара Антикорупциската комисија за случаите каде постои сомнеж дека биле вработени блиски роднини на државни функционери. Претседателката Билјана Ивановска вели дека секоја институција која нема да го почитува барањето до крајот на неделава, кога поминува рокот за тоа, ќе биде санкционирана.Во случај ако институциите не постапат во рок од 15 дена, Комисијата ќе иницира прекршочна процедура.Член 100 од Законот за спречување на корупцијата:Глоба во висина од 200 до 400 евра ќе се изрече против одговорното лице во надлежната институција или овластеното лице кое нема да преземе мерки за донесување на бараната информација од страна на Државната комисија најдоцна 15 дена од примањето на барањето.“

Македонија | пред 7 години

1-3-1

Македонска делегација на интерпарламентарната конференција во Романија

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Ејуп Аљими координатор на Пратеничката група на Демократската унија за интеграција; Емилија Александрова, член на Комисијата за одбрана и безбедност и надворешна политика; и Ане Лашкоска, член на Комисијата за надворешна политика, ќе учествуваат на Интерпарламентарна конференција организирана од страна на Комисијата на заедничка надворешна и безбедносна политика и Комисијата на заедничката безбедносна политика на државите членки на Европската Унија, што ќе се одржи од 6 до 9 март 2019 година во Букурешт, Република Романија.На Интерпарламентарната конференција ќе се отвори дебата за  имплементацијата на приоритетите на Романското претседателство со Советот на Европската Унија (јануари - јуни 2019 година), за што свое обраќање ќе има Федерика Могерини, висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и  голем број министри од Република Романија и претставници од Европскиот парламент,Европската комисија и земјите членки на Европската Унија. Исто така, на Интерпарламентарната конференција, според агендата, предвидена е и расправа за значајни и актуелни прашања како: приоритети и стратегија за иднината на европската безбедност, Источно партнерство десет години - европска аспирација, стратешка важност на Црното Море во Европската Унија, Европа во глобален контекст, начини за зајакнување на одбраната во Европската Унија, Брегзит, идни перспективи на Европската Унија за земјите од Западен Балкан во процесот на проширување, и други актуелни теми.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Превезувал седум мигранти од Авганистан со „мерцедес“, фатени на излез од Гевгелија

На 04.03.2019 во 20.10 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на излез од Гевгелија, полициски службеници забележале патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и при контрола во возилото биле пронајдени седум лица - мигранти од Авганистан.Во непосредна близина до возилото биле откриени уште 14 лица-мигранти, сите од Авганистан.Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Му отишол на гости и му го украл оружјето

Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против Т.К.(40) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.На 12.10.2018 во село Пирава, гевгелиско, во помошна просторија од семејната куќа на А.Б., пријавениот одзел две ловечки пушки „Brno“ со калибар 16 GA мм и „Zastava Europa“ со калибар 12 мм.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: И до сега се давало под закуп на државно земјоделско земјиште за инвестициски проекти

СДСМ повторно лаже. Во време на ВМРО-ДПМНЕ министерството за земјоделство давало под закуп на државно земјоделско земјиште за инвестициски проекти во преработувачки капацитети и примарно земјоделско производство, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година за првпат во историјата на Република Македонија овозможи за достапност на земјоделско земјиште за широк круг на индивидуални земјоделци и правни лица. Пред 2006 година целото земјоделско земјиште во Република Македонија беше во посед на само 400 лица блиски до СДСМ, тоа е корегирано од ВМРО-ДПМНЕ и сега земјиштето е во посед на вистинските земјоделци.СДСМ за овие две години колку што е власт создаде хаос во земјоделието. Субвенциите се намалени, исплатата доцни, а откуп нема.Заев пред избори ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи, истиот ветуваше поголеми откупни цени, за сега по избори ништо од тоа да не е случај.СДСМ го уништи земјоделието во овие две години, затоа СДСМ мора да си замине, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Арачиновец го оставил клучот во автомобилот, по што му го украле

На 04.03.2019 година во 19.40 часот во СВР Скопје, С.С.(41) од село Арачиново пријавил дека истиот ден во периодот 17.10 до 19.00 часот во с.Арачиново непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Мерцедес 220“ кое било оставено отклучено и со клуч на бравата.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

5c73448ca3106c65fffb885a

Тешка кражба во Карпош: Ограбен салон на мобилен оператор

На 04.03.2019 во 07.30 часот во Полициската станица Карпош пријавено е дека во периодот од 22.00 часот на 02.03.2019 до 04.00 часот на 04.03.2019 непознат сторител извршил тешка кражба во продажен салон на мобилен оператор на булевар „Партизански Одреди“ и одзел 19 мобилни телефони.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

МВР во Битола со низа казни за прекршоци во сообраќајот

На 04.03.2019 година полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  појас, светло при што контролирани се 397 возила.При контролата, констатирано е дека 19 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, осум возачи управувале без возачка дозвола, кај еден возач има утврдено присутво на алкохол и истиот е отстранет од сообраќај.Нерегистрирани биле три возила, на мобилен телефон разговарале исто така тројца возачи и еден возач не користел сигурносен појас. Исто така при контролата откриени се и други 21 прекршоци.

Македонија | пред 7 години

blerim

И професорот Блерим Река официјално е кандидат за претстојните претседателски избори

Независниот кандидат, професорот Блерим Река и официјално е кандидат за претстојните претседателски избори во Северна Македонија, соопштија од изборниот штаб на Река.Од неговото седиште велат дека за помалку од 15 часа се собрани преку 11.000 потписи.Независниот кандидат проф. д-р Блерим Река сега и официјално е кандидат за претседателските избори во Северна Македонија. Треба да се напомене дека за помалку од 15 часа, Река го поддржаа илјадници граѓани, кои со преку 11.000 потписи, ја потврдија силната поддршка за неговата кандидатура. Им се заблагодаруваме на структурите на политичките партии, на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена во процесот на собирање на потписи. Им се заблагодаруваме на сите граѓани за нивната поддршка: во вашата посветеност, ја наоѓаме нашата храброст, соопштија од таму.

Македонија | пред 7 години

individual-rack

Четири лица украле облека од бутик во трговски центар

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ф.(18) од село Кондово, скопско,, О.Р.(30) од село Матка, скопско и против О.Р.(18) од село Копаница, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба’’ и против З.И.(18) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично деко „прикривање’’.На 15.02.2019 околу 20.50 часот во бутик во трговски центар во Тетово прво, второ и трето пријавените одзеле текстилна стока и се дале во бегство.На излезот од трговскиот центар, вработен во агенција за обезбедување се обидел да ги спречи, но тие физички го нападнале и побегнале.На 01.03.2019, при претрес во домот на четвртопријавениот, била пронајдена текстилната стока која потекнува од кривичното дело, по што била вратена во бутикот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Дрога се продава во Скопје, Гостивар, Кичево и Струга, еве ги деталите

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против В.Б.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против З.Ф.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 28.02.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот каде престојувале пријавените во Скопје, при што пронашле и одзеле пет килограми и 890 грама марихуана и 10 куршуми калибар 7,65 мм.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против E.М.(18) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.11 2018 во Гостивар полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Ш.(25) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.08.2018 во Гостивар полициски службеници извршиле личен преглед над пријавениот, при што биле пронајдена и одземена марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава  против Д.О.(63) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.10.2018 во Струга полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле предмети со остатоци од кокаин.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава  против А.А.(35) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. На 23.08.2018 во Кичево полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавениот и биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, семки од канабис и дигитална вага со остатоци од кокаин.Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија, ќе поднесе кривична пријава против С.М.(29) -осуденик во Казнено-поправната установа Идризово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.03.2019 полициски службеници од Казнено-поправната установа -Идризово извршиле преглед на С.М., при што кај него пронашле и одзеле хероин.

Македонија | пред 7 години

policija-5

Полицајци казнувале на Бит пазар, жители го блокирале сообраќајот

На 04.03.2019 год. околу 15.00 час.на ул.2-ра Македонска Бригада наспроти црквата во нас. Скопје Север при преземање мерка за сторен сообраќаен прекршок, паркирање на возила на коловоз и тротоар, група лица револтирани од постапувањето на полицијата поставиле контејнери на самиот коловоз, при што го блокирале сообраќајот, но по кратко време тој е нормализиран.Повикано е полициско засилување од редовната полиција, а во меѓувреме насобраните граѓани се разотишле.

Скопје | пред 7 години

52333418_1214879098662684_2639359271426326528_n

Лав го уби својот сопственик

Лав стар девет години го убил својот сопственик во село во источниот дел на Чешка, соопшти локалната полиција.Мажот одгледувал два лава, двегодишна женка и мажјак, без неопходна ветеринарна лиценца и во затворена просторија изградена без дозвола.Таткото на сопственикот на лавовите ја повикал полицијата откако го видел неподвижното тело на својот син во живеалиштето на лавовите. Полицијата морала да ги застрела двете животни, а претстaвник на локалната полиција потврди дека 34-годишниот сопственик на лавот е мртов и оти во тек е истрага за инцидентот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Скопје мириса на расипана кисела зелка: Воздухот лани бил позагаден во однос на 2017-та

Според последниот извештај на Гринпис и AirVisual објавен за земјите со највисоко загадување на воздухот во светот за 2018 година Скопје е позагаден град во однос на 2017-та година.Според извештајот, загадувањето на воздухот во 2019 година ќе предизвика околу 7 милиони предвремени смртни случаи и ќе има големо негативно економско влијание.Климатските промени “значително ги влошуваат ефектите од загадувањето на воздухот со менување на атмосферските услови и зајакнување на пожарите” – се вели во извештајот.Загадениот воздух содржи хемикалии како што се сулфати, нитрати и саѓи, кои предизвикуваат белодробни и срцеви заболувања. Тие дури можат да предизвикаат рак.Во текот на зимските месеци, Скопје честопати водеше на листа на земји со највисоко загадување на воздухот во светот. Вредноста на загадувањето на воздухот често беше алармантна.Само во ланскиот јануари Скопје бил во нездравата зона, во ноември и декември во нездравата зона за осетливи групи, додека во останатите месеци воздухот бил поднослив. Главниот град ниту еден месец не бил во зелената зона.Вкупно, ситуацијата се влошила со просек од 34. во 2018 во споредба со 32,5. во 2017-та.Битола, Куманово и Тетово биле уште позагадени.

Македонија | пред 7 години

zaev-za-kandidat

Од јули повраток на ДДВ, еве што треба да направите

Од први јули стартува проектот за 15% поврат на ДДВ, најави премиерот Зоран Заев. Тоа ќе може да го прави секој кој има над 15 години и важечка лична карта. Единствено ќе треба да се регистрира на електронскиот систем и да го направи повратот преку својот телефон.Државната каса во моментов трпи големи загуби, бидејќи тешко оди собирањето на средства од ДДВ. И Меѓународниот Монетарен Фонд во својот последен извештај предупреди дека поради неиздавање на фискални сметки, не се наплатуваат од 15 до 25% од потенцијалните пари од овој данок.Заев не откри многу детали како ќе се реализира оваа мерка, но очекува од стартот на нејзиното спроведување кај граѓаните да се слеат помеѓу 60 до 100 милиони евра годишно.

Македонија | пред 7 години

IMG_20190305_110608

Полскиот амбасадор во посета на Општина Битола

Неговата екселенција, амбасадорот Војциех Тицињски, оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска, реализирајќи ја првата протоколарна посета на Општина Битола од доаѓањето на функцијата амбасадор на Република Полска во земјава во октомври 2018 година.Градоначалничката Петровска го запозна амбасадорот Тицињски со генералните карактеристики на Општина Битола од историски, образовен, економски и културен аспект. Таа посочи дека општината има голем потенцијал за туризам, со сите географски карактеристики кои ги нуди градот и околината.Полскиот амбасадор Тицињски ја нагласи историската повеќедецениска поврзаност на двете земји, која одлично функционира и во денешно време.Особено се интересираше за туристичките капацитети и можности кои ги нуди Битола, затоа што според македонската Агенција за поддршка и развој на туризмот, меѓу странските туристи кои ја посетиле земјата во 2018, најбројни се туристите од Полска. Директниот авионски лет Скопје-Варшава исто така игра важна улога во продлабочувањето на туризмот помеѓу двете држави. Тој посочи дека ќе лобира во агендата на туристите кои го посетуваат Охрид, да се најде и Битола како дестинација од посебно значење. Ова се однесува особено за планинскиот туризам, кој е најбаран од страна на жителите на Полска, а Битола и Националниот парк Пелистер, го нудат токму тоа. На средбата беа споделени позитивните практики во однос на користењето на полските искуства во локалната самоуправа.Градоначалничката му се заблагодари на амбасадорот за поддшката која Република Полска и ја дава на нашата земја на патот кон членството во НАТО и ЕУ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Пендаровски вози “југо”, a нема куќа, ниту стан

Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ во својот имотен лист не пријавил никакви недвижности, од аспект на куќа или стан каде живее. Всушност, ако се погледне во ДКСК, тој нема речиси ништо, освен старо “југо” чија вредност е проценета на илјада евра и девизна штедна книшка со 12 илјади евра.Пријавен е имотот и на нрговата сопруга, која според податоците вози “рено меган” чија вредност е скоро 6 илјади евра, а има и девизна сметка со 3 илјади евра.Пендаровски е поддржан од 31 партија како претседателски кандидат кој ќе се трка со професорката Гордана Силјаноцска која е кандидат на ВМРО- ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

karpos3

Стартува проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“

Жителите на Општина Карпош имаат можност да користат одредени попусти при користење на услуги во над 250 фирми и компании кои работат на територијата на локалната самоуправа: ресторани, кафулиња, спортски објекти, ординации, книжарници, но, и кај производители на ИТ опрема, дизајн студија, сервиси и многу други.Општината, во изминатиот период, беше „медијатор“ меѓу бизнисот и граѓаните и преку паролата „Добро за бизнисот, повеќе за граѓаните“ се обиде да ги спои нивните интереси и со тоа да го поттикне развојот на локалниот бизнис, а на граѓаните да им обезбеди полесен пристап и поевтини услуги од локалните компании.Вакви искуства со користење на бенефицирани картички се користат во повеќе метрополи ширум светот, како Амстердам, во Нови Београд, а во Македонија, за прв пат тоа го прави Општина Карпош.Градоначалникот на Општината Стефан Богоев на промоцијата на картичката истакна:- Со ова всушност се реализира еден од главните мои предизборни проекти наменети за граѓаните и бизнис секторот во Карпош. Токму од Лептокарија, при средби со дуќанџиите ја најавив картичката. Денеска, од еден од најкултните локали во нашиот Карпош, започнуваме со долгонајавуваната картичка за попусти и бенефиции.Картичката „Мој Карпош“ е проект кој постојано ќе се унапредува и ќе се развива, вели градоначалникот. 

Скопје | пред 7 години

Slika-Snezana

(ВИДЕО) Ванчева: Се одлучи надлежноста на СЈО да биде дел од Јавното обвинителство

Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата на денешната пресс конференција проговори и за законот за СЈО. Таа го кажа ставот на СДСМ.Да, како што веќе знаете денеска во владина процедура ќе влезе и треба Владата да го усвои предлогот. Се водеа силни дебати на стручната и поширока јавност за начинот и формата за којшто ќе може Специјалното Јавно Обвинителство да продолжи со својата работа, што е она суштинското, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.Таа додаде:Беа понудени два концепти и се разговараше за два концепти, но се одлучи за концептот во којшто СЈО всушност надлежноста негова да биде дел од Јавното обвинителство, значи за полесно граѓаните да разберат на принципот на нешто како што е Одделението за организиран криминал и тоа е тој концепт којшто доби поширока поддршка и истиот очекуваме набрзо да дојде во Собранието. Имајќи предвид дека ова е многу важен или може да се каже дека е прилично клучен закон, којшто ќе овозможи борба, понатамошна борба со вискота корупција, очекуваме широк консензус, бидејќи барем досега не слушнавме ниту еден политички субјект да каже став дека е против борбата со високата корупција. Доколку се навистина цврсти заложбите на сите политички субјекти тогаш нема причина да стравуваме дека овој закон ќе биде усвоен со широк консензус, што е всушност и нашата највисока определба, бидејќи значењето и имплементацијата на овој закон и резултатите од примената на овој закон може да се очекуваат само доколку биде широко прифатен, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 7 години

DUIII

Има ли пазар: ДУИ блокираа, па дадоа “амин” за СЈО

ДУИ ќе даде поддршка на законското решение за СЈО коешто е усогласено со коалицискиот партнер, рече на прес-конференција пратеникот Артан Груби.Како што рече тој, имало неколку предлози во однос на идното функционирање на СЈО, но овој е најприфатлив.„Се надевам дека ќе најдеме консензус со сите политички претставници во парламентот, зошто формирањето на СЈО е донесено со потписите на четири политички партии во 2015 година како дел од пржинскиот договор“, рече Груби.Претходно, законот за СЈО беше заглавен во процедурите, а за блокатор беше прогласена ДУИ. Поради неусогласенота од ДУИ, требало, но не беше разгледуван на владина седница.Повеќе прочитајте на “Макфакс”.

Македонија | пред 7 години

Slika-Snezana

Калеска –Ванчева: Пакетот реформски закони, значи усогласување со европското законодавство

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува со спроведување на реформите што значат отворање на вратите на Европската унија за Република Северна Македонија. Реформите во правосудството, владеењето на правото и унапредувањето на правата на граѓаните, се наш врвен приоритет, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.На вчерашната седница, со двотретинско мнозинство беше усвоен пакетот реформски закони – Законот за прекршоци, Законот за управни спорови и измените на Законот за судови , кои значат усогласување со европското законодавство, но и овозможуваат значително олеснување на казнената политика што е во интерес на граѓаните. Овие реформски закони се усвоени со широк консензус, што е од исклучително значење за нивната натамошна примена.Со Законот за прекршоци се става крај на драконската казнена политика, воведуваме превенција наместо репресија, а казните се намалуваат и до 75 отсто. Казните за физички лица ќе изнесуваат од 15 до максимални 250 евра, наместо досегашните максимални 1.000 евра.Минималната глоба за малите фирми според новиот закон ќе биде 50 евра, а максималната 2.000 евра што е намалување за два и пол пати во споредба со стариот закон кога максималната глоба изнесуваше 5.000 евра.Истовремено, овозможуваме и можност за изрекување опомена доколку прекршокот е сторен по прв пат и не нанесол штета врз јавниот интерес.Законот за судови, кој доби позитивно мислење од Венецијанската комисија, овозможува спроведување на судските реформи кои беа најавени и кои се дел од Стратегијата за реформи на правосудниот сектор.Со новиот Закон за управни спорови се прецизира постапката пред Управниот суд, се зголемува транспарентноста и јавноста на постапките во управниот спор преку задолжителноста на јавна расправа во постапката.На тој начин овозможуваме ефикасна правна заштита за граѓаните во управниот спор.Почитувани,СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува целосно посветена на реформите што ја водат државата напред и го олеснуваат животот на граѓаните, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања