Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

siromastija

ЦИВИЛ бара бескомпромисна заложба за социјална правдa, а не маргинализација на социјално ранливите категории

„Измени во Законот за социјална заштита, измени и дополнувања во Законот за детска заштита, предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, кои сѐ уште се во собраниска процедура... Повисока минимална плата, шелтер центри за жртви од насилство, згрижувачки домови за деца без родители, придвижување во синдикалното уредување, се дел од социјалните реформи што ја одбележаа 2018 година во Република Северна Македонија.Сепак, Светскиот ден на социјалната правда во Македонија нѐ исправа пред фактот дека сме сиромашна држава во која социјалната правда е на последно место, без оглед на поединечни владини ресори кои постигнаа одредени видливи резултати. Бевме и останавме земја на екстремно богати и екстремно сиромашни, каде што граѓанките и граѓаните се лишени од основните социјални права, ако немаат пари или ако не се заштитени од партиски структури, непотизам или клиентелизам.Кршење на работничките права, невработеноста, сите можни облици на корупција се егзистенцијални проблеми кои со децении не се решаваат. Успешните реформски зафати во сферата на социјалната правда кои ги спроведува Министерството за труд и социјална политика не се доволни. Потребно е решително, сеопфатно и системско решавање на проблемите во доменот на социјалната правда за да се почувствуваат промените.Како организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ постојано ја алармира јавноста и институциите за тешките состојби во сферата на социјалната правда, во кои спаѓаат социјалната заштита, здравството, образованието, работничките права и низа други.Колкав и да е трудот на институциите да ја надминат социјалната неправда, да се справат со сиромаштијата, сепак, социјалната и економска исклученост, дискриминацијата, невработеноста, катастрофалното здравство и образование влеваат страв и неизвесност кај граѓанките и граѓаните за тоа како дали и како ќе преживеат до следниот ден.Во ваква социјална состојба во Македонија многу е лесно да се злоупотребат социјалните прашања и во изборен контекст. Референдумот беше уште еден доказ за злоупотреба на граѓанките и граѓаните што се социјално загрозени преку поткуп, закани и притисоци. Во пресрет на претседателските избори несомнено е дека социјалната нестабилност на земјата ќе се искористи за политички поени и партиски профити.Генералното собрание на Обединетите нации на 26 ноември 2007 година одлучи да се забележи 20 февруари како ден посветен на социјалниот развој, солидарноста, еднаквоста и хармонијата како темелни вредности во постигнување на социјалната правда, „општество за сите“, со еднакви можности за секого.ЦИВИЛ бара бескомпромисна заложба за социјална правда во надминување на сиромаштијата со инклузија, а не маргинализација на социјално ранливите категории. ЦИВИЛ бара од институциите и надлежните органи одговорност кон секој поединечен човечки живот. „Еднакво општество и живот за сите“ мора да стане реална заложба, а не обична, изветвена флоскула“, велат од ЦИВИЛ.

Македонија | пред 7 години

4-2019-02-20-10.27.27

Одржана јавна расправа за нацрт законот за енергетска ефикасност

Пред претставници на Македонската енергетска асоцијација, енергетските претпријатија, коморите, како и консултантскиот тим на ЕБРД денеска министерот за економија Крешник Бектеши ја отвори јавната расправа за нацрт законот за енергетска ефикасност, закон со европско знаменце, во кој се транспонираат Директивата за енергетска ефикасност, Директивата за енергетски карактеристики на зградите и Регулативата за утврдување на рамка за означување на потрошувачката на енергија, со што се заокружува процесот на транспонирање на Директивите од областа на енергетската ефикасност кои се во опфатот на  Договорот за основање на енергетската заедница.„Овој нацрт закон, кој беше објавен на ЕНЕР уште во декември 2018 година и за кој се пристигнати мислења од повеќе чинители, нуди повеќе решенија за намалување на потрошувачката на енергија, што истовремено ќе придонесе и за заштита на животната средина и тоа: кај зградите во јавниот, комерцијалниот и во приватниот сектор, во индустрискиот сектор, како и при преносот и дистрибуцијата на електрична енергија. За државните институции законското решение ќе наметне обврска за реконструирање на најмалку 1 % од вкупната површината на зградите на годишно ниво, кои ги користат и се во сопственост на органите на централната власт, со цел намалување на потрошувачката на енергија и остварување на заштеди во јавниот сектор, а  општините, исто така, ќе можат да развиваат проекти за енергетска ефикасност“, рече Бектеши, додавајќи дека за граѓаните овој закон ќе го отвори пазарот на сертификати за енергетски карактеристики на становите, а и можност да ги препознаат производите на пазарот според нивната етикета на која е означена потрошувачката на енергија.Истовремено, овој закон ќе поттикне создавање на ЕСКО компании и кај нас, кои треба да  финансираат енергетски ефикасни  проекти, додека операторите на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија сами ќе можат да развиваат проекти за енергетска ефикасност.Министерството во наредниот период треба да донесе повеќе подзаконски акти, за успешна имплементација на законот, како и да ѝ предложи на Владата: Стратегија за реконструкција на згради до 2030 година и Акциони планови за енергетска ефикасност, кои треба да бидат тригодишни.

Македонија | пред 7 години

bitola-1

Објавена првата тендерска постапка за изградба на пречистителна станица во Битола

Проектот „Изградба на пречистителна станица со колекторски систем за агломерација Битола“, продолжува да се реализира со спроведување на конкретни постапки, кои се предуслов за почеток на изградбата на терен. На електронскиот систем за јавни набавки во делот огласи од меѓународни институции, објавен е огласот за склучување на договор за услуги за избор на „Надзорен орган на договор за градежни работи за изградба на ПСОВ и рехабилитација и надградба на канализациона мрежа во општина Битола“. Вредноста на договорот е со максимален предвиден буџет до 1 300 000 евра. Објавата на постапката беше најавена на 13.12.2018 година, а огласот е објавен на 19.02.2019 година. После објавата на оваа тендерска постапка, наскоро следува тендерска постапка за изградба на пречистителна станица, која ќе биде поделена во два лотови, односно првиот лот ќе биде за проектирање и изградба на пречистителна станица за отпадни води за агломерација Битола, а вториот лот ќе биде изградба и реконструкција на колекторски систем.Вкупната проектирана вредност за проектот изнесува 28,7 милиони евра, а истиот е финансиран од ИПА 2 оперативната програма за заштита на животната средина и климатски промени 2014 – 2020.Според проектираната динамика, изградбата се планира да биде завршена за две години, по што ќе следува едногодишен период на пробно ставање во функција со цел отстранување на евентуални дефекти или други проблеми, по што објектот ќе биде предаден на Општина Битола.За да може да отпочне конкретната реализација на тендерските постапки и да се пристапи кон изградба на пречистителната станица, Општина Битола од сопствениот буџет обезбеди средства за експропријација на земјиштето.Пречистителната станица, која означува крупен чекор кон заштита на животната средина и комплетна промена во односот кон отпадните води, во првата фаза ќе ги третира отпадните води од Битола и селата Горно Оризари, Долно Оризари и Кравари, додека во втората фаза предвидено е опфаќање и на селата Карамани, Буково, Лавци и Брусник.Реализацијата на овој проект, кој најпосле премина во фаза на конкретни активности, ќе овозможи петтиот канал да биде 95 % чист, прочистување на реката Драгор, а со тоа се пристапува и кон решавање на дел од големите проблеми чии загрижувачки податоци се дел од Локалниот еколошки акционен план, донесен од Советот на Општина Битола. 

Македонија | пред 7 години

Dimsa-PRESS-2002-Glavna-Slika

(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ ја претвораат државната администрација во партиско семејна фирма од каде сите земаат дебели хонорари

Епидемијата на непотизам на власта има уште едно жариште. Мира дизел методот на вработување во СДСМ е правило на работа а не случајност, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.„Роднините на функционерите на СДСМ се вработуваат под државна капа на трошок на граѓаните, претворајќи ја државната администрација во партиско семејна фирма од каде сите земаат дебели хонорари.Пример за ова е пратеник од редовите на СДСМ од Кочани, Сашко Костов. Според кои критериуми неговата сопруга се вработила во детската градинка „Павлина Велјанова“.Втор случај е претседателот на советот на Општина Кочани, Томе Солевски, чија сопруга се вработила во државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.Трет случај е поранешниот пратеник на СДСМ, Миле Андонов, чиј син се вработил во УЈП во Кочани. Нема ли други граѓани во Кочани кои ги исполнуваат условите за вработување во оваа институција, па морало синот на овој пратеник да биде избран за ова работно место,Дали е точно дека мајката на советникот од СДСМ, Ѓорѓи Алексов, се вработила во детската градинка „Павлина Велјанова“?.Дали не е случај на класична злоупотреба вработувањето на советничката во советот Гордана Антова во средното општинскоа училиште „Ѓошо Викентиев“, училиште кое е директно во под ингеренции на Општината во чиј совет членува и таа истата.Дали не е лицемерие СДСМ да говори за морал. а советничката на СДСМ во советот на Кочани Емилија Серафимова да се вработи во Центарот за јавно здравје, а нејзината мајка во МВРО во Кочани.Ова е се само не е морал кој пробуваат да го шират СДСМ.Секој дополнителен коментар е непотребен. Потребни се само оставки“, изјави Арсовски. 

Македонија | пред 7 години

ulica17-640x427

Агенцијата за катастар на недвижности започнува со теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, со Законот за катастар на недвижности добива нови надлежности и таа ќе го воспостави и ќе управува со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви. Овој регистар ќе содржи теренски прибрани просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, поединечно по населено место.Графичкиот регистар на улици и куќни броеви ќе биде поврзан со описните податоци од Регистарот на просторни единици, заради идентифику-вање на улицата спрема населеното место, односно административните единици, како и со податоците од електронскиот катастар на недвижности (еКат), со што ќе се овозможи лесна идентификација на недвижностите според адреса.Описните податоци за улиците и куќните броеви, Агенцијата ги презема по службена должност од Регистарот за имиња на улици и куќни броеви, што се води при Централниот регистар на Република Македонија. Тие ќе бидат ажурирани со теренското прибирање на податоците. Просторните податоци за улиците и куќните броеви, Агенцијата ќе ги прибира од терен.Активностите на терен, веќе се започнати, Агенцијата за катастар на недвижности упатува апел до жителите од следните населени места, да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите:- Општина Гази Баба (населени места Брњарци, Булачани, Идризово, Јурумлери, Раштак, Страчинци, Црешево, Инџиково, Гоце Делчев, Сингел-иќ, Стајковци, Трубарево, Смиљковци, Виниче и Гази Баба);- општина Аеродром (населени места Долно Лисиче и Аеродром);- општина Ѓорче Петров (населени места Грачани, Кучково, Никиштане, Орман, Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Ѓорче Петров);- општина Кисела Вода (населени места Усје, Драчево и Кисела Вода);- општина Центар (населено место Центар);- општина Шуто Оризари (населени места Горно Оризари и Шуто Оризари);- општина Бутел (населени места Љубанци, Љуботен, Радишани, Визбегово и Бутел);- општина Карпош (населени места Бардовци, Горно Нерези и Карпош);- општина Чаир (населено место Чаир);- општина Сарај (населени места Дворце, Арнакија, Бојане, Буковиќ, Глумово, Горно Свиларе, Грчец, Долно Свиларе, Копаница, Крушопек, Ласкарци, Матка, Паничари, Раовиќ, Рашче, Семениште, Чајлане, Шишево, Кондово, Љубин, Радуша, Рудник Радуша и Сарај).Со теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се соберат просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви на лице место и ќе се добие јасна слика која улица каде се наоѓа и кои куќни броеви се однесуваат на неа, како и во кое населено место.

Скопје | пред 7 години

bektesi

Бектеши до новинарите: Зошто вие работите во медиумите во кои работите?

Како што не сум имал влијание при нејзиното вработување, јас не би требало да имам влијание и да побарам од мојата сестра да се повлече или да не се повлече, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, чија сестра е вработена во МЕПСО, како што потврдија од компанијата, пренесе „Слободен печат“.Тој додава дека неговата сестра е полнолетна, мажена е, има свој живот и треба сама да си одлучува за нејзиниот живот.На прашање од новинарите како е можно неговата сестра да започне да работи во државно претпријатие баш откако тој стана министер, Бектеши одговори со прашање до новинари зошто тие работат во медиумите во кои работат, а зошто не во некои други.Јавноста откри дека уште еден роднина на министерот Бектеши бил вработен во ЕЛЕМ, станува збор за сопругата на братот на сопругата на министерот, Нертила Усеини Каба.– Јас немам можност да влијаам при вработувањата во ЕЛЕМ или во МЕПСО, под надлежност на Министерството за економија е само Македонски енергетски ресурси. Другите енергетски компании не се во надлежност на ова министерство. МЕПСО е во надлежност на Министерството за транспорт и врски а ЕЛЕМ во надлежност на Владата – вели Бектеши.

Македонија | пред 7 години

image00006

Запленети повеќе од 150 гуми во Бардовци кои се користат како огревно средство

Комуналните служби на Општина Карпош запленија нова количина на отпадни гуми, на потегот околу Бардовци.„Запленети се повеќе од 150 гуми кои, во овој период од годината, главно се користат како огревно средство.Имајќи ги предвид истражувањата и анализите за причините за аерозагадувањето, посочено е дека голем број на домаќинства сеуште се греат на материјали кои не се еколошки препорачливи, односно го загадуваат амбиенталниот воздух и животната средина.Општина Карпош повторно апелира, до сите граѓани и домаќинства кои се греат на огревно дрво, гуми или сл., да го променат начинот на греење и да аплицираат за субвенции за пелети или инвертер -  клими во Град Скопје.Локалната самоуправа продолжува со интензивните инспекциски контроли на терен, со цел да се мапираат загадувачите, да се санкционираат и да се заштити околината“, велат од Општина Карпош. 

Скопје | пред 7 години

marihuana2

ОЈО отвори истрага против две лица заради пуштање во промет марихуана и психотропни супстанции

 Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Лицата, по претходен договор, во станот во кој престојувале, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога и психотропни супстанции. При претрес на домот, на 18.02.2019 година, од страна на овластени службени лица биле пронајдени: 883,76 грама марихуана, хашиш масло во шприц со волумен од 2 мл, амфетамин со вкупна нето маса од 28,47 грама, осум таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и повеќе други предмети со остатоци од наркотични дроги.При претресот, на местото на настанот било затекнато уште едно лице, кај кого биле пронајдени 0,37 грама амфетамин кои што му ги продал еден од осомничените.Надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека оваа мерка е неопходна за непречено водење на кривичната постапка.

Македонија | пред 7 години

1-15

(ВИДЕО) По повод Денот на ретките болести, во Охрид проекција на филмот „Лицата на Лафора“

Како дел од активностите за одбележување на Денот на ретките болести, во Охрид ќе се одржи проекција на филмот „Лицата на Лафора“.Настанот ќе се одржи во петок, 22-ри февруари, со почеток во 18:00 часот во Јавната научна установа Институт за филм - Филмска Академија Охрид.На проекцијата ќе присуствува и режисерот на филмот Денис Бојиќ, со кој присутните, по проекцијата, ќе имат можност за разговор и дискусија.Истиот ден по завршувањето на проекцијата на филмот, во Ноќниот клуб „Хавана“ ќе се одржи забава отворена за сите граѓани кои ќе можат да ги обојат лицата со боите на ретките болести и со тоа да го дадат својот придонес во глобалниот настан @RareDiseaseDay.

Македонија | пред 7 години

granata-1

Пронајдени две артилериски гранати од Прва светска војна

На 19.02.2019 М.К.од Битола пријавил дека на бул. 1-ви Мај во Битола,  близина на место викано  Црн Мост при изведување на градежни работи при ископ на земја биле пронајдени две артилериски гранати од Прва светска војна, при што истите се безбедно подигнати од Дирекцијата за заштита и спасување..

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Скопјанец излетал од локалниот пат Хиподром - Илинден, сопатничката се здобила со тешки телесни повреди

На 19.02.2019 година околу 22.40 часот на локалниот пат Хиподром – Илинден К.М.(33) од Скопје, управувајќи патничко возило „Пежо 306“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Т.И.(32), сопатничка во возилото, додека возачот се здобил со телесни повреди. Т.И. била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

policija-22

Скопјанец удрил во 79-годишен пешак, итно пренесен во болница

На 19.02.2019 година во 11.32 часот на улица „Јустинијан Први“ во Скопје,  патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(31) од село Чифлик, скопско, удрил во пешакот Б.В.(79) од Скопје.Б.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

todor-petrov

Заев и Димитов нема да одговараат за велепредавство, отфрлена кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од Светскиот македонски конгрес на 14.09.2018 година против две лица за повеќе кривични дела – Повреда на угледот на државата, Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, Велепредавство, Загрозување на независноста, Здружување заради непријателска дејност, Несовесно вршење на службата и Самовластие.Пријавата беше поднесена против лицата во својство на министер за надворешни работи и претседател на Владата и во неа се наведува дека тие сториле и кривични дела – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и Злоупотреба на службена положба и овластување за кои, согласно законската надлежност, претходно се произнесе Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Според подносителот на пријавата, пријавените делата ги извршиле склучувајќи ја Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации. Притоа пријавените постапиле спротивно на уставната обврска да го штитат уставниот поредок и суверенитетот, а со промена на идентитетот на нацијата ја загрозиле унитарноста и независноста и државата ја довеле во положба на потчинетост или зависност кон странска држава.По проучување на наводите во пријавата, надлежниот јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавените не се содржани битни елементи на наведените кривични дела.Имено, за да може водењето на преговорите за промена на името на државата во кривично-правна смисла да се смета за повреда на угледот на државата и излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците, потребно е кај пријавените да постои јасно утврдена намера насочена кон потсмев, омаловажување и обезвреднување на Републиката. Во Преамбулата на Спогодбата, двете страни потписнички се обврзуваат на почитување на начела, принципи и стандарди кои се меѓународно прифатени, а со цел решавање на разликите околу името и зацврстување на добрососедските односи. Притоа, намерата за исмејување, како посебен субјективен елемент на противправноста не е содржана во дејствата на пријавените.Кривичното дело – Велепредавство може да му се стави на товар на некое лице единствено ако со употреба на сила или сериозна закана се обиде да го измени уставниот поредок на државата или да ги собори највисоките државни органи. Во дејствијата на пријавените нема примена на сила, ниту сериозна закана како средство за изнудување определена одлука или поведение.Кога станува збор за кривичното дело – Загрозување на независноста, пријавените при потпишувањето на Спогодбата, не биле ниту под влијание, ниту пак имале помош од државата кон која нашата земја би се довела во потчинетост или зависност, што се клучни елементи на битието на ова кривично дело.Надлежниот јавен обвинител констатираше дека во дејствијата на пријавените при потпишување на спогодбата не постои заговор за вршење велепредавство или други кривични дела, па со самото тоа не постојат ниту елементите на кривичното дело – Здружување заради непријателска дејност.Во однос на кривичното дело – Несовесно работење во службата, потребно е од страна на службено лице да бидат преземени дејствија кои претставуваат повреда на законските прописи за судир на интереси или за совесно постапување при вршење дискреционо овластување, со пропуштање должен надзор , со што се прибавува корист за себе или друг или пак на друг ќе му биде нанесена штета. Во овој случај не може да стане збор за постоење намера за прибавување корист или нанесување штета, односно ваквите наводи во пријавата се базираат на претпоставки на пријавителот за кои нема можност за докажување.Кривичното дело – Самовластие од член 392 став 1 од Кривичниот законик, пак, се гони по приватна тужба и за ова дело јавниот обвинител не е овластен тужител.Имајќи ги предвид наведените факти, надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.

Македонија | пред 7 години

cesma-g

Јавната чешма во Драчево со небезбедна вода за пиење

„Пристигнаа резултатите од испитувањата на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата. Сите, освен еден од проверените постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општина Кисела Вода, имат безбедна вода за пиење.На селската чешма во селото Драчево, која е единствена која не ги задоволи критериумите за бактериолошка исправност, е поставена табла со указ за небезбеднот на водата за пиење.Општина Кисела Вода преку Институтот за јавно здравје прави редовни проверки на изворите и јавните чешми два пати во годината, со цел да ги предупреди граѓаните во случај резултатите да покажат неисправност на водата за пиење“, велат од Општина Кисела Вода.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Скопје се гуши - денеска на второ место на листата на најзагадени градови во светот

Главниот град на Македонија, Скопје во моментов е втор град по загаденост во светски рамки. Индексот на загадување во Скопје изнесува 164. На оваа листа пред Скопје се наоѓа само Дака во Бангладеш.Според податоците од 7 часот утрово најзагадено, било во Карпош, во подрачјето кај Ректоратот и во Центар, додека воздухот немал висока загаденост, во населбите Гази Баба и Лисиче.Сепак останува нејасно кои се официјалните податоци за загаденоста во Лисиче и Гази Баба, затоа што мерните станици веќе подолг период не ја мерат концентрацијата на ПМ10 честичките. 

Скопје | пред 7 години

49721928_353393875477702_3728138725117394944_n

МПС: Итно ставање на дневен ред на Собранието на Законот за социјална заштита и дополнувањето на Законот за заштита на деца

„Ние, членките на Македонската платформа против сиромаштија и нашите пријателски организации, изразуваме згриженост за одлагањето на донесувањето на Законот за социјална заштита и дополнувањето на Законот за заштита на деца и бараме нивно итно ставање на дневен ред на Собранието.Со оглед на алармантната ситуација со сиромаштијата во земјата, неопходно е веднаш да се отпочне со новите решенија со кои се прави обид за суштинска реформа на системот на социјалната заштита и начинот на кој ќе се овозможуваат услугите од социјална заштита. Исто така, сакаме да истакнеме дека овие предлози ги адресираат нашите забелешки кои се однесуваат на системски недостатоци и недоволните капацитети на институционално ниво во социјалната заштита, а се нотирани и во меѓународни извештаи кои се однесуваат на оваа сфера.Во годините наназад постојано апелиравме дека се потребни измени за да се воведат нови услуги, дека е неопходна соработка помеѓу секторите за социјална заштита, образование и здравство, да се подобри функционирањето на Центрите за социјална работа, како и тоа да се воведе минимален адекватен приход кој ќе ја замени постојаната паричната помош која не ги дава посакуваните резултати. Исто така, во секоја прилика повторувавме дека недоволен е капацитетот на државните институции за спроведувањето на националната политика за социјална заштита, и можеби клучното, дека социјалните работници се претежно задолжени за административни барања, со недоволно време и внимание на терен за поддршка на оние на кои им се потребни услуги од социјална заштита.Во оваа прилика сакаме да се повикаме и на Извештајот за Македонија на Европската комисија за 2018 година, во рамки на поглавјето 23 - Правосудство и фундаментални права, каде се констатираат одредени состојби во однос на заштитата на правата на децата. Имено се нотира дека „нема продолжување на Акцискиот план за децата кој истече во 2015 година. Децата Роми и децата со посебни потреби сè уште страдаат од стигма, дискриминација и сегрегација, особено во образованието и другите услужни сектори. Иако е постигнат одреден напредок во последните години, постои ограничена координација во спречувањето и реагирањето на насилството врз децата. Не постои унифициран систем за собирање податоци и следење (на повеќето аспекти поврзани со состојбата на децата). Исто така, државата има многу мал капацитет да обезбеди помош, заштита и грижа за децата. Службите за заштита на децата се фрагментирани и итно е потребен интегриран систем за детска заштита кој го става детето во центарот на системот. Мерките и ресурсите за спречување на насилството и малтретирањето во училиштата сè уште не се доволни“.Оваа држава, која себеси се идентификува како социјална и претендира за членство во ЕУ, не смее да одолговлекува измена на две клучни законски решенија, директно поврзани со областа на заштита на човековите права во структурата на ЕУ правото.Неопходно е отворање на јавна дебата и дискусија за придобивките на законите и итно усвојување на законските решенија за што побрзо да почнат реформите во социјалната сфера.Затоа, денеска, на светскиот ден на социјалната правда, бараме и очекуваме, народните избраници да ги издигнат на приоритетно место, и да се заложат за исполнување на потребите на граѓаните од областа на социјалната заштита“, се вели во соопштението на Македонската платформа против сиромаштија.

Македонија | пред 7 години

IMG_4700

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

„Како водечка партија на Турците во Република Северна Македонија, пред извесно време излеговме со повик до другите турски партии и ја застапувавме идејата за заеднички кандидат на претстојните претседателски избори. Иако целта ни беше соединување на Турците во Република Северна Македонија, сепак се виде дека условите се` уште не се созреани за реализација на оваа мисла.Концептот на „едно општество за сите“ е витална компонента на нашето поднебје и со цел за зацврстување на овој дух органите на Партијата за Движење на Турците (ТХП) го прифаќаат ставот на коалицијата предводена од СДСМ за заеднички претседателски кандидат.Заедничкиот претседателски кандидат треба да биде личност која ќе биде прифатен од широки маси и ќе ги обедини сите слоеви на нашето општество. Времето на поларизации и поделби е веќе минато и веруваме дека со кандидат кој ќе ги етаблира вредностите на соживот успехот ќе биде неминовен“, се вели во соопштението на партијата за движење на Турците.

Македонија | пред 7 години

2

Османи: Имплементацијата на Планот 18, основа за уште еден позитивен извештај од ЕК

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на посетата на Брисел одржа брифинг пред претставниците на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан / проширување (КОВЕБ/КОЕЛА) каде информираше за процесот на европската интеграција на земјата.На состанокот Османи брифираше за напредокот на земјата во испорачување на предвидените реформи во насока на подготовка на земјата зa почеток на преговорите за членство со Европската Унијата, посочувајќи притоа на динамиката на спроведување на реформите предвидени во План 18, особено во клучните области на владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата.„Имаме исклучително успешна динамика на имплементација на предвидените реформи до Планот 18, што верувам дека ќе резултира со уште подобар извештај на Европската Комисија од минатогодишниот, заедно со уште една безусловна препорака до Советот на ЕУ“, истакна Османи, изразувајќи недвосмислено очекување дека овој напредок ќе резултира со конфирмација на одлуката на Советот на ЕУ во јуни, за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.За време на работната посета на Брисел Вицепремиерот Османи ќе земе учество и на брифингот во влијателниот тинк-тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: ‘Хоум ран’ во преговорите за пристапување?“. Подоцна Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ - безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation), а ќе оствари и средби со Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, како и со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини.

Македонија | пред 7 години

kristijan-misovski

Кристијан Мисовски: „Јавноста нека здивне, успеа преку притисок и хистерија да натера човек да направи потег кој е штетен за себе“

Откако Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски пред четири дена се повлече од работното место во Агенцијата за супервизија на осигурување, на социјалните мрежи вели „Се надевам дека дел од јавноста ќе здивне и ќе почуствува задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера човек да направи потег кој е штетен за себе“.„Во изминативе неколку дена јас и мојата фамилија бевме мета на јавни прозивки упатени во врска со моето вработување во Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Со чиста совест тврдам дека сите критериуми кои беа поставени во јавниот оглас за времено вработување во АСО на 12 месеци како соработник за супервизија на осигурување, ги исполнувам во потполност. Бев повикан на интервју, а бидејќи немаше други пријавени кандидати на јавниот оглас за вработување како единствен пријавен кандидат кој ги исполнува условите за времено вработување, бев вработен“, пишува Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски.Тој уште додава дека се надева дека сега барем дел од јавноста ќе можат да здивнат.

Македонија | пред 7 години

RSBSP_01

Без изговори, без оправдувања! Во сообраќајот нема место за „возачи“ без возачка дозвола!

Секојдневно, преку средствата за јавно информирање, се пренесуваат страшни вести за сообраќајни незгоди со повредени и загинати лица. Сите се вознемирени и вчудоневидени. Нема човек кој останува рамнодушен на тажните животни судбини, на потресните слики што секојдневно ги гледаме на патиштата. И покрај тоа, податоците од полицискиот билтен покажуваат нови застрашувачки информации: секој викенд голем број на санкционирани млади лица кои управуваат моторно возило без возачка дозвола.Замислете, и покрај црната слика на патиштата на која сите сме сведоци, податоците на МВР покажуваат дека околу 10.000 лица годишно се санкционираат затоа што управуваат моторно возило без возачка дозвола.Зошто? До кога? Која е цената што треба да се плати за конечно да се разбере дека сообраќајот е извор на опасности? Што треба да се случи за да се биде одговорен возач и одговорен родител?Најголем број од „возачите“ без возачка дозвола се млади момчиња и девојки. Голем дел од нив се малолетни лица, кои се сметаат за зрели учесници во сообраќајот, но незрели да полагаат и да добијат соодветна возачка дозвола. Овие млади и малолетни лица, најчесто возат семеен автомобил што нивните родители, без да размислат, гордо ѝм го позајмуваат.Па така, секојдневно можете да видите млади лица во скапи и моќни автомобили, без возачка дозвола. Младите под притисок на желбата за докажување пред своите врсници, несвесни за  злото што ги демне, гордо седат зад воланот на автомобилот на мама и тато. Не дека се за оправдување, ама младоста, незнаењето и неискуството, можеби можат барем делумно да ѝм го простат гревот.Но нивните родители, тие кои гордо гледаат како нивните деца ракуваат со опасно оружје, што мислат тие? Што очекуваат тие? Чиста ли им е совеста? Како ја хранат својата совест? Со изговори и со оправдувања „нека се радува детето“, „млад е нека проживее, сега му е времето“, „сите сме биле млади, имам разбирање “.Додека тие длабоко во себе се задоволни како нивното дете е многу ценето, барано, сакано од своите врсници, на улиците се губат млади животи. Тешки солзи се пролеваат на патиштата. Но,  тие самобендисани и самоуверени, не можат и не сакаат да го видат тоа сѐ додека не се случи нешто страшно. А кога ќе дојде страшното, тогаш касно е за сѐ.Тогаш е џабе да се каете и проколнувате. Тогаш веќе не можете ништо да смените. Ве мачи совеста и пак барате оправдувања: „..ама му посакував сѐ најдобро“, „ама тој не беше таков, секогаш внимаваше“, „и да не му го дадев автомобилот, сигурно ќе го земеше“, „не мислевме ништо лошо“, „да знаев, немаше да биде така“, „судбина било“ и многу други оправдувања и изговори.Многу оправдувања и многу изговори, ама реалноста никој и ништо не може да ја смени.Затоа, додека сѐ уште не е доцна, помогнете му на своето дете да положи возачки испит, навреме да се стекне со возачка дозвола, да ги почитува одредбите што се однесуваат на возач-почетник.  Помогнете му да биде одговорен и внимателен возач кој ќе ги почитува сообраќајните правила и прописи. Дајте му на знаење дека ништо не е поважно од животот. Дајте му на знаење дека семејниот автомобил е забранет додека не се создадат предуслови за тоа.РСБСП со порака: Без изговори, без оправдувања. Во сообраќајот нема место за ׳возачи‘ без возачка дозвола.

Македонија | пред 7 години

toni-mihajlovski

Михајловски: Убиства, грабежи, исчезнати, престрелки станаа секојдневие, битно таблите со ново име се обезбедени

Убиства, грабежи, палежи, исчезнати, престрелки, станаа наше секојдневие. Битно таблите со новото име се обезбедени 24 часа. Не само што е пробиено дното, туку има и неколку подрумски спрата надолу, напиша на својот фејсбук профил актерот Тони Михајловски.https://www.facebook.com/toni.mihajlovski/posts/10157267308617755

Коментари | пред 7 години

elem

ЕЛЕМ најпривлечна за вработување на членови на семејствата на функционери, и синот на Тахир Хани згрижен таму

Продолжува вработувањето на блиски членови на семејствата на функционери на ДУИ и по укажувањето на премиерот Заев. Како најатрактивна компанија за вработување на блиските членови на владините функционери и натаму останува компанијата ЕЛЕМ.Синот на Тахир Хани, заменик-генерален секретар во Владата, е нововработен во АД ЕЛЕМ. Назми Хани е вработен на местото референт во подружница Треска на Електрани на Македонија.По најавите на премиерот Зоран Заев и министерот за информатичко опшество и администрација Дамјан Манчевски, дека нововработените роднини на функционери во државните институции и претпријатија ќе си дадат отказ од своите работни места, ниту еден од нив кој беше вработен во државната ЕЛЕМ досега не го сторил тоа.Портпаролката на ЕЛЕМ, Јасминка Аневска, вели дека до крајот на вчерашното работно време до управата на претпријатието не стигнало барање за спогодбено раскинување на работниот однос.Во ЕЛЕМ беа вработени четири роднини на високи функционери. Ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери, синот на пратеничката Мира Стојчевска, сестрата на министерот за култура Асаф Адеми и Љубислав Несторовски, сопруг на високата функционерка на владејачката СДСМ Магдалена Несторовска.За сите овие случаи Антикорупциската комисија започна постапка за утврдување дали постои судир на интереси.

Македонија | пред 7 години

o2-ogan-otvoreno

(ВИДЕО) О2 иницијатива: Реон Ѓорче - Сарај, црната точка во градов по палење на отпад на отворено

Ова се случува моментално, видеово е снимено сега, повторно истата локација, реон Ѓорче - Сарај, црната точка во градов по палење на отпад на отворено, инаку ЗАБРАНЕТО законски, објавија на својот официјален профил од О2 иницијатива.Тие ги повикуваат сите наделжни, да излезат на терен и да се реши проблемот.Низ цела година постојано се пали отпад во овој реон. До кога ќе се дозволува? Не може само граѓаните да пријавуваат (пријавено е на 193) и повторно иста глетка секојдневно. Решете го овој проблем интерсекторски, ако треба и војска ангажирајте, потегнете измена на правилник, закон за да не се повторува ова постојано. Сите сме уморни од постирања и пријавувања нон-стоп, а најмногу од ужасниот воздух што се шири од ова нерешено жариште со години.Како вели премиерот Заев „не може 'не бива', 'не бива' не може најлесно да биде не, ќе најдат начин како да биде да“. Е па најдете начин, напишаа од О2.  https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/631363227299074/?__tn__=kC-R&eid=ARBXmtb2r8eEFtG5BeCOfA_EqG5ya4extRWOmC5DYSE_vz4NwQFNn5fs2ZQfTo0kKZD5pM_6bkqhsi9H&hc_ref=ARTrH-0pf7TCZ2jd9pfe6c4bN1dKqevi4UaCI9He21P84vNfu70jwx1bUGzCzu368a8&__xts__[0]=68.ARDaKjtBns_cwxZR6hG72eXeJFdcYFa3yDe079Npje_RZwJdaov-sDYS97Y5Rke7Ne2_WqFycsBYAqPRvcNdYn2WF4s2FVmSdUcOPjAAz7U-iMQtjOK79JbmofCiV2YbSHmR0nGKx1FUj4UDQ8vljnPSg-9lBqOggqg3TmwmD5PI7aDWM5ObObg13_6m_t9QrYruF8riHToE-xbypZaf1hvipL-2MDQwx8cbiY0q92o5Y60UosqP3Xf-ztFevkyjytAyu3eKLgeGd0x7CNbmezIu9ThTbfyIUQNrA-VM1QXYz4-4IKhcKeLpe_QZOVwOWjvxKo7DMbzUs_G6ylOKI6pI3C2LKUfD328ojbG_3BZLbaJBN6c-q6C7DW7_Hh4mZ4FW

Скопје | пред 7 години

saban

(ФОТО) Алсин Левент возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во која загина Шабан Шаулиќ

35-годишниот Алсин Левент е возачот кој предизвика стравична сообраќајна несреќа во која загинаа Шабан Шаулиќ и неговиот долгогодишен пријател Мирсад Кериќ, а повреден е кумот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ. Левент нема германско државјанство, возел туѓ автомобил без дозвола.Возачот се води како уапсен, но моментално е во болница затоа што е повреден и е под постојан полициски надзор, открива извор кој поседува официјални информации од полицијата. Наводно, тој бил и под дејство на алкохол.

Магазин | пред 7 години

mvr1

МВР: За 24 часа 11 сообраќајни незгоди, 140 мандатни платни налози и 103 возила се подигнати со пајак

Во текот на изминатиот ден (19.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, три сообраќајни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни телесни повреди и три лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 39 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: четири возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 11 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 поради неправилно  рестројување, тројца поради неправилно  престигнување, тројца возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден поради непоседување пропишана зимска опрема, пет поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и 11 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 140 мандатни платни налози и 103 возила се подигнати со специјално возило пајак.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања