Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

1-1-2

Дескоска: Македонија ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и ќе ги вложи сите напори да ги имплементира препораките

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска се сретна со Катерина Недељковиќ и Фредрик Сандберг - експерти од Одделот за извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП.За време на состанокот беше истакнато дека Република Северна Македонија е една од земјите со највисока имплементација на препораките на Европскиот суд за човекови права.Заштитата на човековите права и градењето на капацитетите на институциите за заштита на човековите права се на врвот на владината агенда – истакна министерката Дескоска, која дополни дека нејзината посветеноста кон реформите во правосудството е последица на реалната потреба на граѓаните.Министерката информираше за реформската агенда на Министерството за правда, па во таа насока Дескоска ја потенцираше добрата соработка со Венецијанската комисија, Советот на Европа, мисијата на ОБСЕ и голем број странски експерти кои се вклучени во изготвувањето и чии препораки се имплементираат во законските решенија.Министерката за правда ги извести претставниците на Оделот за извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП, дека Република Северна Македонија ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и дека ќе ги вложи сите напори да ги имплементира препораките кои произлегуваат од пресудите.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Исчезна 88-годишна жена од Скопје

На 19.02.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Ј.(62) пријавила дека од домот се оддалечила нејзината мајка Ц.Б.(88).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

sela

Пропадна закажаната средба Заев – Села, Лидерот на Алијансата за Албанците е лут на премиерот

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја одбил поканата на премиерот и прв човек на СДСМ, Зоран Заев, за средба околу можниот заеднички претседателски кандидат.Лидерот на Алијанса за Албанците се налутил поради одземањето на ингеренциите на неговиот сопартиец, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во делот на образованието.Заев вели има простор за нова средба со Села. Меѓупартиските консултации ги продолжува за заеднички кандидат за претседател ги продолжува утре со лидерот на Беса.„Го сфаќам револтот, драго ми е што се слушнавме со Зијадин Села и веројатно ќе најдеме друг начин на комуникација која што ќе конвергира кон оваа важна одлука за државата. Останувам оптимист. Неможам да кажам дали сум сигурен заради тоа што допрва следуваат одлуки на органи и тела на политичките субјекти со кои се сретнав и со кои ќе се среќавам, изјави Заев.Неофицијално на досегашните средби се спомнуваат имињата Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Никола Димитров и Рената Десковска, како можни кандидати за претседател.

Македонија | пред 7 години

traktor-620x350

Трактор прегазил маж додека ги местел плуговите

Лицето Б.М (67) од Смедерово настрадал во несреќен случај кога тракторот преминал преку него.Несречата се случила во семејниот двор.Тракторот бил паркиран, го соборил и го прегазил.Мажот сам живеел во семејната куќа. Сеуште не е утврдено под кои околности дошло до движење на тракторот.

Македонија | пред 7 години

micotakis

Мицотакис добил закана со бомба од непознат маж

Лидерот на опозициската Нова Демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сѐ уште бил во својата канцеларија, во центарот на Атина.Повикот при којшто непознат маж му се заканил дека ќе активира бомба во рок од 47 минути, бил примен во 18.45 часот, по што била повикана полицијата која ја евакуирала зградата, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.Експертите за експлозив ја пребарале зградата, но не нашле екслозивна направа.

Свет | пред 7 години

clipboard01-620x350-1

СДСМ: Дали Мицкоски ќе даде отказ затоа што стана асистент кај неговиот татко?

Се преземаат морални чекори, непотизмот е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, дали Мицкоски ќе даде отказ затоа што стана асистент кај неговиот татко? ВМРО-ДПМНЕ е симбол на партизација и злоупотреба на државните институции, симбол за богатење преку непотизам и судир на интереси во јавните и државни прептријатија, велат од СДСМ.„Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ.Започната е постапка на анализа на вработувања на лица блиски до функциуониери, а истрага отвори и новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција.Во меѓувреме, веќе се преземаа морални чекори и повлекување од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски.Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и се уште е непозната категорија.Дали Христијан Мицкоски ќе си поднесе отказ поради тоа што од толку многу професори тој бил асистент токму кај неговиот татко?Дали ќе дадат отказ и оние 625 лица во РЕК Битола вработени во 2012 година, сите преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ?Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно расипничко владеење“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

DSC_4842

Заев: Светскиот конгрес на претприемачи во Скопје ќе има за цел да го поттикне претприемничкиот дух кај младите луѓе од регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, денеска остварија средба со претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и генерален секретар на Светскиот конгрес на претприемачи, Винко Ќуро, кој предводеше делегација составена од раководството на Светскиот конгрес на претприемачи.Целта на средбата беше заеднички да се утврдат насоките и правците за организација на вториот Светски конгрес на претприемачи кој оваа година, во втората половина на месец октомври ќе се одржи во Скопје, Република Северна Македонија.„Нам ни претставува огромна чест што ја избравте нашата земја да биде домаќин на овој голем настан на кој се промовира концептот на претприемништвото. Особено во период кога стануваме земја членка на НАТО и во година која очекуваме да биде година на економијата. Верувам дека ќе бидеме одлични домаќини и дека овој Конгрес ќе остави траен белег и ќе мотивира голем број на млади луѓе од нашата земја и регионот да го разбудат претприемачкиот дух и да започнат свој бизнис. Ние како Влада сме тука да ја пружиме потребната поддршка“, нагласи на средбата премиерот Заев.Претставниците на Светскиот конгрес на претприемачи упатија честитки до премиерот Заев за успешното затворање на отворените политички прашања со нашите соседи и  за пристапувањето на нашата земја во НАТО како важен исчекор за обезбедување сигурност и стабилност во земјата и регионот и за отворање на перспективите за развој на економијата и претприемништвото.   

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Тепачка во Тетово, едно лице со тешки телесни повреди

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(21) од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.На 10.01.2019 година во село Орашје, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал Е.Р.(60) од село Орашје и му нанел тешка телесна повреда.

Македонија | пред 7 години

portparoli

(ВИДЕО) Редовна прес-конференција на портпаролите на Владата, Бошњаковски и Хоџа

Прес-конференција на портпаролите на Владата, Бошњаковски и Хоџа по повод 122-рата владина седница. 

Македонија | пред 7 години

trud-i-soc-politika

МТСП го честита Меѓународниот ден на социјалната правда

Ги повикуваме пратениците да гласаат за социјалната реформа, заедно да изградиме поправедно и вистинско хумано општество.Социјалната правда е основен предуслов за мир и просперитет во една држава. По повод денешниот Меѓународен ден на социјалната правда, ги повикуваме пратенците да ги гласаат Законите од социјалната и детската заштита кои се во собраниска процедура, за заедно да изградиме поправедно и вистински хумано општество за сите наши граѓани.Со овие закони Министерството за труд и социјална политика ја спроведува социјалната реформа, со која ќе извлечеме 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија, но и ќе обезбедиме еднакви шанси за секое дете. Имено, со овие реформи пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца.Наша крајна цел е со овие додатоци да ја намалиме детската сиромаштија, која во моментот изнесува близу 30%. Ова значи дека едно од три деца живее во сиромаштија. Нашиот фокус го насочуваме кон тоа да им помогнеме токму на овие семејства. Со социјалната реформа за првпат системот го отвораме за лицата со ниски примања. Така, додатоците за семејства со деца кои живеат во сиромаштија ќе се зголемат за повеќе од 100.Истовремено, со новиот пакет закони социјалната помош се зголемува за 300%, но овозможуваме и полесна активација на невработените на пазарот на труд. Со воведување на социјалната пензија обезбедуваме достоинствен живот за оние кои го граделе нашето општество, а немаат извор на приход од кој можат да се издржуваат.Со социјалната реформа овозможуваме праведна распределба на средствата, кои ќе бидат насочени кон оние на кои навистина им се потребни. Ги повикуваме сите пратеници, да се обединат и да ја изгласаат оваа реформа со која создадеме поправедно општество за сите наши граѓани и на сите следни генерации им обезбедуваме подобар живот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Малолетничка силувана од нејзиниот татко

На 19.02.2019 година околу 15,00 часот во полициска станица во Скопје е пријавено дека малолетно девојче е физички и полово нападнато, според пријавеното, од нејзиниот биолошки татко.За настанот е известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.Девојчето е згрижено во соодветна установа и му е пружена медицинска и психолошка поддршка.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

34 возачи во Битола управувале со поголема брзина од дозволената

На 19.02.2019 полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  појас, светло и алкохол, при што биле контролирани 377 возила.При контролата, констатирано е дека 34 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, шест возачи управувале без возачка дозвола, кај еден возач е  откриено присуство на алкохол и истиот е исклучен од сообраќај. Пет возачи користеле мобилен телефон при управување на возилото, а еден не користел сигурносен појас. Исто така, при контролата откриени се и други 12 видови прекршоци.

Македонија | пред 7 години

marihuana2

Кривична пријава против две лица од Прилеп поради продажба на марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.К.(46) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против А.С.(19) од Прилеп поради постоење онови на сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба наркотични дроги“.На 20.12.2018 година во Прилеп, при преглед над второпријавениот и 15-годишник од Прилеп, полициски службеници кај малолетникот пронашле и одзеле марихуана, по што било утврдено дека ја купил од првопријавениот. 

Македонија | пред 7 години

52333418_1214879098662684_2639359271426326528_n

Почина лавицата во Зоолошката градина

Лавицата која 20 години престојуваше во Зоолошката градина – Скопје почина од малиген тумор кој започнал да се развива на лицето и метастазирал низ целото тело.„Со тешко срце и насолзени очи се простивме од нашата лавица која долго време беше член на Зоо семејството. Малигниот тумор кој започна да се развива на лицето, метастазираше низ целото тело. Уште во септември минатата година добивме препорака за еутаназија од ЕАЗА(Европска асоција на зоолошки и аквариуми), но решивме да не се откажеме од борбата. Иако во соработка со Ветеринарниот институт направивме неколку операции за отстранување на туморот, секој пат се враќаше се поинванзивен. Дијагнозата беше Fibrosarcoma- малиген тумор на кожа и поткожје со голем број на митотични и апоптични клетки, некрози и местимични крварења. Лекувањето за жал беше неуспешно, а лавицата која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата беше еутаназирана. Секој од нас има изгубено блиска личност од ова зло, а ние ја изгубивме 20 годишната мила жителка на Зоо Скопје. Тагата е преголема. Почивај во мир убавице и трчај слободно горе на небото“, велат од Зоолошката градина.Во нејзина чест, денес знамињата пред Зоолошка ќе бидат спуштени на пола копје“,

Скопје | пред 7 години

mkd-368362

Апасиев ја променил бравата во канцеларијата на Левица, Велиу го обвини за мобинг

Oд неодамна формирана е нова фејсбук страна на политичката партија Левица, паралелна со веќе постоечката, за која Димитар Апасиев обвини дека била киднапирана од мала структура во партијата. Левица е сега поделена на две крила, едното предводено од Димитар Апасиев, а другото од Здравко Савевски.И двете крила со слични меѓусебни обвинувања. Савевски го обвинува Апасиев дека сака да ја претвори Левица во сателит на ВМРО-ДПМНЕ, додека од крилото на Апасиев велат дека обвинувањата се „ништо повеќе од евтин обид да се подрие борбата против штетните политики на СДСМ.“Партиската секретарка, Џејлан Велиу, го обвини Апасиев за мобинг. На фејсбук таа објави предупредување пред бркање од работа, потпишано од Апасиев, поради незадоволство од нејзиното поведение. При тоа Апасиев и дава на партиската секретарка рок од пет дена да го подобри своето поведение, во спротивно ќе и биде врачен отказ.„После долготрајниот мобинг во партијата на „трудот“ денес добив писмено Предупредување, каде Димитар Апасиев (самопрогласениот левичар и лидер на партијата), ме известува дека во рок од пет дена ќе ми врачи едностран отказ ако не го поправам своето поведение.Точно е дека во последните два дена не одам на работа, бидејќи немам пристап до работните простории (официјалната канцеларија), а причина за тоа е нелегалното менување на бравата.Одговорно тврдам дека наведените причини во предупредувањето се лажни и можам да ги демантирам точка по точка. Имено, во случајот се работи за политички пресметувања со неистомислениците. Димитар Апасиев немајќи политички капацитет аргументирано да се бори за ставовите што ги застапува, превзема вакви гнасни и ниски мерки кон оние кои му се спротставија и не дозволија да тој од партијата направи националистичка партија.Првите чекори кои ги превзеде против мене беа од психолошки карактер. Во неколку наврати ми се закануваше дека ќе ми „стегне“ кривична пријава, за на крај да стигне и до закани дека ќе ме натепа.Омразата на самопрогласениот левичар оди до таму што се дрзнува да ме отпушти од работната позиција без да ми даде отказен рок. Тоа не е поведение на човек кој со гордост се удира во гради дека е левичар, тоа е поведение на класично шефче од најексплоататорските фабрики.Националистот и албанофоб Димитар Апасиев, откако не успеа да ме искористи како амбалажа за прикривање на неговиот национализам, преку лаги и клевети се турди да се „спаси“ од мене.Борбата продолжува, борбата за подобар свет е нужност.Ќе победат истрајните и праведните“, напиша Велиу на својот фејсбук профил.https://www.facebook.com/djeki91/posts/10218286816705097

Македонија | пред 7 години

1-16

Џафери-Карајанчева: Ратификација на Протоколот е значаен чин за граѓаните на двете држави

Денеска, Собранието на Република Бугарија, едногласно со 139 гласа „за“, го ратификуваше Протоколот на Северноатлантскиот сојуз за членство на Република Северна Македонија.По ратификацијата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и неговата колешка Цвета Карајанчева, одржаа прес-конференција на која го искажаа задоволството од свечениот чин на ратификација, кој е значаен  за граѓаните на двете држави.Претседателот Џафери истакна дека парламентарното мнозинство и актуелната влада во земјата работеа посветено на надминувањето на споровите кои го попречуваа нашиот евратлантски пат и како резултат на тој ангажман го потпишавме Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу нашите две земји, и тоа е Договор кој што веќе дава позитивни резултати.Минатата година, рече претседателот, го постигнавме Договорот со Република Грција за конечно надминување на разликите околу името, повеќедецениски спор којшто нè држеше во статус кво ситуација која се чинеше дека никогаш нема да се помести од таа точка. Сепак, победи разумот, победи визијата, победија граѓаните. Несомнено дека поддршката добиена од нашите меѓународни пријатели беше ветерот што го насочи нашиот брод кон вистинскиот правец.„После толку години чекање пред вратите на НАТО, НАТО за нас станува реалност, односно по потпишувањето на Протоколот за пристапување во Брисел, започна фазата на Ратификување на Протоколот за пристапување во националните парламенти на 29-те земји членки на НАТО и досега тоа го направија покрај Грција, Словенија, Албанија и ете денеска, Бугарија. Убеден сум дека имањето на Република Бугарија покрај нас, е силна гаранција дека и ние како земја, меѓутоа и целиот Регион на Западен Балкан ќе се развиваме и напредуваме во вистинскиот правец кој ќе донесе мир, стабилност, напредок и благосостојба за сите наши граѓани. Убаво е да се има вистински и искрени пријатели, уште поубаво е чувството кога тоа се нашите непосредни соседи“, рече на прес-конференцијата претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.Претседателката на Народното собрание на Република Бугарија, Цвета Карајанчева, посочи дека ратификацијата e значаен чин, бидејќи ја покажува посветеноста за решавање на проблемите во Регионот, но и посветеноста за колективна безбедност и во цела Европа. Таа посака прашањата да продолжат да се решаваат во духот на дијалог и со консензус. Карајанчева особено го истакна и значењето на потпишаниот договор за пријателство и добрососедски односи меѓу двете држави, бидејќи, рече, со ова сме посилни, и наместо поранешната перцепција дека Балканот е место за поделби и конфронтации, сега Балканот е решителен за развој на мирот, стабилноста и суверенитетот на државите. Тоа ја покажува евроатлантската перспектива и заедно можеме да изнаоѓаме решенија. 

Македонија | пред 7 години

Osmani_Mogherini3

Османи: Северна Македонија ги почнува преговорите оваа година

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на дводневната работна посета на Брисел оствари средба со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини, на која беа отворени темите за процесот на проширувањето на Унијата, како и перспективите на Република Северна Македонија пред претстојниот извештај на Комисијата, како и јунските состаноци на Советот на ЕУ.„Покрај Договорот од Преспа, имавме огромен успех и во постигнувањето на историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, како и суштински консензус за Законот за употребата на јазиците, со што ги отстранивме сите поголеми внатрешни и надворешни политички прашања“– истакна Османи, посочувајќи ја европската перспектива за основно гориво за овој успех, со што јасно се исцртува моќта на европската идеја за позитивна трансформација на општествата.„Република Северна Македонија веќе нема отворени политички прашања, и повторно го зазема централното место на Балканот, како главен партнер на ЕУ и НАТО во промоција на демократските и западните вредности во регионот“- истакна Османи, пренесувајќи ѝ ги на Високата претставничка високите очекувања во земјава за напредок во европските интеграции оваа година.„Почетокот на преговорите со Република Северна Македонија оваа година, покрај засилувањето на европскиот моментум во земјава, ќе претставува и јасен сигнал за целиот регион – како позитивен пример и мотивација за затворање на отворените прашања низ дијалог, политичка отвореност и позитивен пристап “ – додаде Османи, притоа посочувајќи особено на дијалогот меѓу Приштина и Белград, како еден од најважните политички предизвици во регионот.За време на работната посета на Брисел, Вицепремиерот Османи оствари средба и со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, одржа брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), a ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“ како и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ - безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation).По завршувањето на работната посета на Брисел, Вицепремиерот Османи ќе отпатува за Виена, каде ќе учествува на состанок на Министри задолжени за Европски прашања од земјите од Западен Балкан, кое се одржува под покровителство на Сојузниот Министер за Европски прашања на Австрија при канцеларијата на Сојузниот Канцелар, Гернот Блумел.

Македонија | пред 7 години

Naum-IZJAVA-2002-Glavna-Slika

(ВИДЕО) Стоилковски: Наместо избор на кандидат за Претседател, Груби и Зечевиќ прават избор на кандидат за лепење на пропаднатата владина коалиција

Трагично е што државата е управувана од група на луѓе коишто се уште за себе мислат дека се државотворци. Трагично е што за себе мислат дека се влада и дека Зоран Заев владее во име на граѓаните, изјави Наум Стоилковски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„На понудата од Заев и од СДСМ за поддршка на изборите за иден претседател на државата пристигнала само една понуда, една кандидатура. Замислете само една кандидатура за поддршка од Заев и од СДС за следните претседателски избори.Само еден човек, амбасадор, со сета чесност, поверувал во лагите испорачани од овој антидржавен центар зад мене.И сега и него ќе го извисат, ќе му стават петно, тој ќе извиси заради заевизмот. Ќе мора да извиси, како што ќе извисат и членството, и симпатизерите и неколкумина чесни во партиските тела на СДС.Наместо избор на кандидат за Претседател на државата, Артан Груби и Миле Зечевиќ прават избор на кандидат за лепење на пропаднатата владина коалиција.Прават избор за спас на Заевизмот!Бараат и веројатно ќе изнајдат некој поддржувач на заевизмот, ќе го поттурат како кандидат, но не за Претседател на Република Македонија, туку за заштитник на заевизмот, заштитник на криминални тендери, заштитник на антидржавни и противуставни закони. Заштитник на пропаднатата владина коалиција“, вели Стоилковски.Тој додава дека Заевистите знаат, пропаднатиот оглас покажува, тоа што сега го прават докажува- демократија со Заев не постои!„Граѓаните, интелектуалците бегаат од СДС, се тргаат од штетните политики на власта, не сакаат да бидат нивен дел, дел од урнисувањето на државата.Едноставно е – зад себе не сакаат луѓе без образ, без збор, без срам, без чест!Залудно Заев и Заевистите бегаат од избори!Тие повеќе не претставуваат никого подалеку од својата криминогена, непотистичка, антидржавна, тендер- коалиција! Тие се веќе поразени и го знаат тоа.Овие избори се избори за Македонија, овие избори се избори за честитост и за чесност.Гордана Силјановска Давкова е следниот претседател, а честита Македонија е победник“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

Slika-Timonie-i-gradonacalnik

Тимоние и Адеми во посета на Карпош

Со обиколка на спортската сала „Партизан“ започна денешната посета на амбасадорот на Франција во Скопје, Кристиан Тимоние и министерот за образование и наука, Арбер Адеми на Карпош.Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ја истакна важноста на спортскиот центар „Партизан“ за карпошани, но и за сите граѓани на Скопје. Затоа локалната самоуправа поведе иницијатива за спас и обнова на овој култен спортски објект, кој претставува донација на Владата на Франција по катастрофалниот земјотрес во 1963 – та.Исто така, се формираше и работна група која веќе работи на идеен проект за обнова на „Партизан“, веднаш штом објектот ќе биде даден во владение на Општината.-Партизан е симбол на Карпош и драго ми е што е препознаена нашата иницијатива и желба за спас на овој објект од повеќе чинители. Враќањето на оваа сала во функција на спортот и рекреацијата е наш приоритет, изјави Богоев пред присутните новинари.Посетата на Карпош продолжи во општинското основно училиште „Братство“, во Тафталиџе 2. Градоначалникот Богоев, амбасадорот Тимоние и министерот Адеми имаа можност да присуствуваат на час по француски јазик, да поразговараат со учениците, наставниот кадар и директорката на училиштето. Притое, тие цврсто се заложија за дополнително унапредување на изучувањето на францускиот јазик на локално ниво.Амбасадорот Тимоние во изјавата за медиуми се осврна на училиштето „Братсво“, кое е именувано по девизата на Француската Република. Ова училиште е пример за образовна установа каде што се негуваат различностите и соживотот уште од најмлади години.Министерот Адеми посочи дека Министерството за образование и наука ќе продолжи со поддршката на основното образование од сите аспекти, а треба да се има предвид дека францускиот јазик е меѓу најдобро позиционираните јазици во светот и неговото изучување е исклучително значајно.Денешната посета на високите гости заврши во Француското интернационално училиште, лоцирано во Карпош 4. Присутните се запознаа со условите во кои се образуваат голем број на дечиња кои се државјани на Франција, но и ученици од Македонија.

Скопје | пред 7 години

11170295_646187062178487_3506413957551131951_o

Измени во возниот ред на линијата 25 која сообраќа до Средно Водно

Од претстојниот викенд (23-24.02.2019 година) ќе биде зголемен бројот на поаѓања на автобуси на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно). На посочената линија во ударните термини ќе возат по уште 2 автобуса за разлика од досега.Притоа, редуцирани ќе бидат термините на поаѓања на линиите 25А (Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно).Измените во возниот ред се должат на анализите направени на ЈСП Скопје и Град Скопје, при што беше утврдена преоптовареност на автобусите на линија 25, односно постои зголемен интерес на граѓаните за користење на јавниот превоз до Средно Водно од почетната станица од Транспортен центар.Истовремено, пак, помал број на граѓани од очекуваните користеле јавен превоз до Средно Водно со линиите 25А и 25Б, со почетна станица од Автомакедонија/Стара железничка станица и од Дом на печат.Да потсетиме дека користењето на линиите 25, 25А и 25Б се бесплатни за време на викенди и државни празници. Одлуката ја донесе Град Скопје со цел за помасовно користење на јавниот превоз за транспорт до Водно, со дестимулација за користење автомобили, како една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.Линијата 25 функционира секој ден, освен во понеделник, а 25А и 25Б сообраќаат само за време на викенди и државни празници.Во прилог е возниот ред на линиите 25, 25А и 25Б со важност од сабота (23.02.2019 година).Возниот ред ќе важи секој викенд и државен празник.ВОЗЕН РЕД 25 (Транспортен центар-Средно Водно)Транспортен центар-Средно Водно8 ч, 9 ч, 9.40 ч, 10 ч, 10.20 ч, 10.50 ч, 11.20 ч, 11.50 ч, 12.20 ч, 12.50 ч, 13.20 ч, 13.50 ч, 14.20 ч, 14.50 ч, 15.20 ч.Средно Водно-Транспортен центар8.40 ч, 9.40 ч, 10.40 ч, 11.10 ч, 11.40 ч, 12.10 ч, 12.40 ч, 13.10 ч, 13.40 ч, 14.10 ч, 14.40 ч, 15.10 ч, 15.40 ч, 16.10 ч, 17 ч.*ВОЗЕН РЕД 25А (Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно)Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно9.10 ч, 10 ч, 11 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 15 ч.Средно Водно-Автомакедонија/Стара железничка станица9.30 ч, 10.30 ч, 11.30 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 14.30 ч, 15.30 ч.ВОЗЕН РЕД 25Б (Дом на печат-Средно Водно)Дом на печат-Средно Водно9.15 ч, 10.15 ч, 11.15 ч, 12.15 ч, 13.15 ч, 14.15 ч, 15.15 ч.Средно Водно-Дом на печат9.45 ч, 10.45 ч, 11.45 ч, 12.45 ч, 13.45 ч, 14.45 ч, 15.45 ч.

Скопје | пред 7 години

taravari

МОН ги одзема ингеренциите на Таравари во образованието поради непочитување на законските одредби

„Градоначалникот на Гостивар обврската за појаснување на неговите дејствија и активности спротивно на законот и процедурите ја заменува со дезинформации, шпекулации и со скандалозна злоупотреба на последните трагични настани.МОН изразува длабоко жалење за рецидивното незаконско однесување на градоначалникот на Гостивар, коешто континуирано ги оштетува учениците, наставниците, родителите и генерално граѓаните на Гостивар.Вистината е во тоа дека по извршените инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за образование во општина Гостивар, беа констатирани идентични неправилности, за коишто еднаш на Општина Гостивар и беа одземени надлежности во областа на образованието. Поради оваа причина, МОН е должна да ги преземе сите неопходни мерки коишто ги налага законот, во насока на привремено одземање на надлежностите на Општина Гостивар за именување и разрешување на директори на општински средни и основни училишта.Поточно, тоа што беше констатирано во оваа општина е следното: непочитување на законските одредби од страна на градоначалникот во постапките за назначување и разрешување на директорите на основните и средните училишта; разрешувањата на директорите, според она што е констатирано од страна на Државниот просветен инспекторат, биле извршени без процедури предвидени со закон, додека назначувањето на новите директори, кои не само што не ги исполниле условите и критериумите за овие позиции, туку биле извршени со непочитување на постапките предвидени со закон.Исто така, се констатираа состојби кога одредени директори беа разрешени дури во два наврати од страна на градоначалникот и тоа, првиот пат без да се почитуваат постапките и по забелешките на Инспекторатот, г. Таравари ги врати на должност за истите да ги разреши по шест дена, без почитување на постапката. По првото разрешување на директорите, Инспекторатот утврди дека се именувани директори кои не ги исполнуваат условите согласно законот и истите лица, кои што не ги исполнувале условите биле повторно именувани како директори дури и по второто разрешување на законски избраните директори.Со жалење можеме да констатираме дека сето ова е само повторување на состојбата од претходната година, кога на истата општина и беа одземени надлежностите од истите причини. Овие надлежности и беа вратени на Општина Гостивар од страна на МОН кога беа отстранети неправилностите. И, повторно, по враќање на надлежностите за образование во оваа општина и на нејзиниот градоначалник, имаме повторување на законски прекршоци.Сакаме да упатиме апел до Општина Гостивар, градоначалникот на оваа општина и до нејзиното раководство да не обвинуваат само заради нивните политички цели, да не ја вклучат политиката во воспитно-образовниот процес, бидејќи во оваа ситуација штета се нанесува единствено на учениците и на воспитно-образовниот процес.Преземените мерки од страна на МОН се со дефинирани рокови, во рамки на кои ќе се отстранат неправилностите“, велат од Министерството за образование и наука,

Македонија | пред 7 години

3-4

Заев: Сè додека постои и еден случај на дискриминација, нашата задача да изградиме едно општество за сите – останува највисоко на агендата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, народниот правобранител, Иџет Мемети и пратениците Амди Бајрам и Самка Ибраимовски, учествуваше на завршната конференција „Без разлики“, што е дел од проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“.Целта на конференцијата беше да се одбележи завршувањето на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“, кој е имплементиран од Националниот ромски центар во партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, а финансиран од Европската Унија, и да се презентира извештајот „Дискриминација на децата Роми, меѓународна и домашна регулатива, национални политики и институционална поставеност - анализа на случаи од терен“, заедно со документарни видео содржини продуцирани во рамки на овој проект.“Овој проект завршува, но за нас членовите на Владата, за владините институции, комисиите и агенциите, ова е само уште еден поттик, уште една дополнителна мотивација: Сите ние заедно, вклучувајќи ги и останатите засегнати од прашањата на кои укажуваат проектот и резултатите од истражувањето, со уште поголема посветеност и енергија да се фокусираме на најдобрите одговори на овие прашањата кои што самиот извештај ги тангира.Особено затоа што овој проект ни укажува сè додека постои и еден регистриран случај на дискриминација, нашата земја и обврски да изградиме едно општество за сите – останува највисоко на нашата агенда, на агендата на Владата на Република Северна Македонија.Концептот „Едно општество за сите“ ќе биде само пуста желба доколку во заедницата што ја градиме остануваат места што дозволуваат или толерираат дискриминација.Никој нема да биде дискриминиран, ниту запоставен! Најмалку тоа смее да биде некое дете. Особено не децата од ранливите категории.Затоа дозволете ми да упатам честитки за проектот. Потребни ни се вакви проекти за да бидеме секогаш будни. Да ни биде секогаш укажано кон што треба да ги насочиме напорите, политиките, решенијата.Сакам да ве уверам дека фокусирано ги следам сите активности во решавањето на т.н. ”ромското прашање”, затоа што, среќно општество може да изградиме само ако сме сите среќни.За нас, за оваа Влада на Република Северна Македонија, еднаквите права и достоинствен живот за сите, се искрена верба дека тоа е патот до успешна, заедничка држава и дом за сите, интегрирана држава во Европската унија.И веќе ги направивме новите чекори кон решавањето на горливите проблеми со домувањето, поседувањето лични документи, малолетничките бракови, пристапувањето до вработување, до здравствено осигурување, вклученоста на Ромите во културата и образованието и така натаму.На сето тоа посветено работи Министерството за труд и социјална политика, во рамките на централната власт и во соработка со општините и со граѓанските организации.Ќе посочам некои поважни активности:Во рамките на проектот Инклузија на деца Роми во предучилишните установи во текот на учебната 2017-2018 година, запишани се вкупно 514 деца Роми, во 19 општини во Република Македонија, или 82% од предвидено како цел.Од април, минатата година, Управата за водење на матични книги отвори процес сите лица кои не се регистрирани во Матичната книга на родени, да поднесат барање за дополнителен упис. Сакам да апелирам до службите за поголема флексибилност, треба да го забрзаме проектот заради тоа што e потребна платформа и база на многу права на граѓаните од ромската заедница, но и граѓани од другите етнички заедници.12 ромски информативни центри, во 12 општини, работат активно на терен, на информирање, советување, упатување на граѓаните за остварување на нивните права и обврски во социјалната заштита, здравството, домувањето, вадењето лични документи.Секој ден од годината ни е важен. Сите услови за создавање заедница на еднакви можности и права се битни.Социјалната реформа што започнавме да ја спроведуваме значи извлекување на околу 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштијата и еднакви шанси за секое дете.Со овие реформи пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Од оваа година детскиот додаток наместо досегашните 3.200 деца, ќе го користат 73.500 деца, а образовниот додаток наместо како до сега, само на 3.800 деца, им следува на преку 64 илјади деца. Овде се работи најмногу за децата од ранливите категории на граѓани или од посиромашни семејства.Социјалната помош ја зголемуваме, и очекувам до крајот на овој месец законите да се донесат, за 300%, но овозможуваме и полесна активација на невработените на пазарот на трудот. За оваа година издвоивме рекордни 1,1 милијарда денари за оперативниот план за вработување, заради отворање на што поголем број работни места, и покрај тоа дополнителни 2,2 милијарди денари повеќе од лани за детска заштита и социјална заштита.Воведуваме европски стандарди на социјална заштита, зашто Европа значи солидарност и социјална правда. Наша обврска е да ги следиме тие принципи.Европската социјална повелба ги гарантира социјалните и економските човекови права. Унијата вложува во унапредувањето на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани, за да се спречи маргинализацијата од секаков вид“Исто така тој додаде дека на темелите на овие принципи, можеме да изградиме поубаво, праведно и слободно општество, кое, за жал, долги години наназад државните институции избегнуваа да го прифатат како реална неопходност на нашето општество.„Одговорноста на оваа Влада, но и на нас сите заедно, е да создадеме иднина во која секое дете ќе има услови среќно да расте и да се развива.Нашата држава ја подобрува интеграцијата на Ромската заедница, а во следниот период уште позасилено ќе работи на намалување на разликите меѓу заедниците во земјата. Тоа се гледа и преку посебната ставка за Ромите во Буџетот, со средства кои се наменети за најважните четири ресори: образование, вработување, домување и здравство.За институционална поддршка на борбата против дискриминацијата, за зајакнување на капацитетите, оваа Влада иницираше и формираше Национално координативно тело за недискриминација.Потребата од формирање на посебно тело за координирање и следење на состојбите со недискриминација е пред сè заради подигнување на транспарентноста во работењето на државните институции во оваа област, за координација на активностите меѓу институциите и здруженијата на граѓани и меѓународни организации.Комитетот, заедно со сите организации-членки во него, ќе воспостави заеднички приоритети на годишно ниво во оваа област врз основа на меѓународни и други извештаи и анализи, како и низ сопствено, континуирано следење на состојбите во оваа област.Оттаму, уште еднаш, со упатените честитки за овој проект и за извештајот „Дискриминација на децата Роми, меѓународна и домашна регулатива, национални политики и институционална поставеност - анализа на случаи од терен“, повикувам на натамошно активно учество на сите ромски граѓански организации.Важна е вашата работа. Важна е соодветната реакција за сите појави на дискриминација.Алармирајте. Повикувајте ги сите што се надлежни да ги спречат или казнат овие појави.Дискриминацијата не смее да ја има и не смее повеќе да поминува“, изјави Заев.

Македонија | пред 7 години

kiracoski

Кирацовски: Побарав таткото на мојата сопруга да го повлече својот ангажман како алатничар

Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека побарал од таткото на неговата сопруга да се повлече од новиот ангажман како аналитичар.„Ги следиме внимателно реакциите во јавноста и сериозно бараме решенија кои ќе гарантираат ист принцип за сите и морални чекори кои даваат додадена вредност.Искрени сме во тоа.Никој не смее да биде привилегиран, а уште помалку дискриминиран, но чекори мора да се преземат.Побарав таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифати. Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот.Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола.И покрај тоа што неговиот ангажман беше сосема легален, легитимен и неповрзан ниту со политика ниту со политичари.Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ, не се и нема да бидат моја вредност, сосема спротивно.Жалам што и Борис Поповски како и многу други наши и мои сограѓани беше дискриминиран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време е зад нас.Сега градиме поинакви вредности, поинакво, правично и праведно општество кое создава шанса за сите“, напиша Кирацовски на Фејсбук.За Кирацовски беше објавено дека освен неговиот дедо, вработени се и неговата баба, Мери Поповска во ДУД „Мирка Гинова“ и неговата сестра Марија Јосифовска во Централен регистар.

Македонија | пред 7 години

DSC_3707

Анѓушев: Мерката за укинување на давачки за увоз на замрзнато свинско месо дава позитивни резултати

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за економија м-р Крешник Бектеши oстварија средба со Групацијата на преработувачи на месо и производство на месо во Стопанската комора на Македонија. За време на средбата беа презентирани резултати од воведувањето на мерката за укинување на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо за потребите на преработувачката месна индустрија.Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата во соработка со производителите и преработувачите на месо креираше мерка со која практично месо-преработувачката индустрија се спаси од колапс. Мерката за укинување на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо за преработувачката индустрија беше креирана за да ја подигне конкурентноста на компаниите на домашниот, но и на меѓународните пазари, а ефектите од нејзиното воведување се многу позитивни.„Преработувачките капацитети за месо  беа во тешка ситуација, работеа со 28% од својот капацитет, а во домашните трговски објекти беше забележително присуство на сувомесни производи од странство, во најголем дел од соседните земји. Тие се соочуваа со ситуација кадешто имаше царина за увоз на сурово месо за преработка, додека за сувомеснати производи нема царина, што многу влијаеше на цената на производството и конкуретноста на нашите компании. Мерката ја конципиравме за да не направи никаква дисторзија на пазарот со месо, а во периодот откога се имплементира резултатите се охрабрувачки. Производството на месо во првиот период на имплементација на мерката е зголемено за 6,64%, додека извозот на сувомеснати производи е зголемен за над 40%, со што практично од увозна земја, Република Северна Македонија стана извозник на сувомеснати производи“, нагласи Анѓушев.Вицепремиерот подвлече дека Владата ќе продолжи силно да ја поддржува индустријализацијата, како главен столб на одржлив економски развој, при што нагласи дека во 2018 година забележан е раст на индустриското производство од 5,4% и раст на извозот од околу 17%,  директните странски инвеститори се во различни фази на изградба на 17 нови производствени капацитети, а околу 250 компании се поддржани преку мерките од Планот за економски раст.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека второто продолжување на мерката е направено по опсежните анализи и консултации со преработувачите од месната индустрија и со фармерите, како и поради исклучително позитивните резултати од првите шест месеци од воведувањето на мерката.„Имаме раст на производството на сувомеснати производи и раст од над 40 отсто на извозот на сувомеснати производи. Истовремено се забележува намалување на увозот на свежо свинско месо од 14,3 % како и намалување на увозот на производи од месо од над 10,5 %.  Тоа значи дека оваа мерка воопшто не го наруши домашното производство на свежо свинско месо. Од 1-ви декември лани до 18- ти овој месец се извезени производи од месо во вкупна количина од 880 илајди килограми, што значи дека позитивниот тренд продолжува. Еден од аргументите кој што беше при носењето на оваа одлука беше ниската искористеност на преработувачките  капацитети во оваа индустрија и опасноста од колапс на оваа индустрија. Денеска заклучуваме дека имаме и во дел раст,  а искористеноста на капацитетит од 28 % е зголемена на 40 %“, нагласи министерот Николовски.При тоа, Николовски посочи дека МЗШВ преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и преку мерките од ИПАРД 2 програмата, ќе ја продолжи поддршката на оваа гранка, како важен сектор за развој на земјоделството и на севкупната економија.Гоце Трајчев, претседател на Групацијата на преработувачи на месо и производство на месо, искажа благодарност до Владата, за воведувањето на оваа мерка со која е спречен колапс на месо-преработувачката индустрија. Тој се согласи дека мерката дава позитивни резултати, пришто додаде дека индустријата ќе се залага за усогласување на европските регулативи и изедначување на условите за функционирање на месо-преработувачката индустрија со цел уште повисока конкурентност на македонските компании на домашниот и меѓународните пазари.

Македонија | пред 7 години

osmani_hahn3

Османи: Очекуваме извештај од Европската Комисија за конфирмација на одлуката за преговори

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на посетата на Брисел оствари средба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.На средбата беа отворени темите за напредокот на земјата во испорачување на предвидените реформи во насока на отпочнување на претпристапните преговори со Унијата. Османи реферираше пред еврокомесарот Хан за динамиката на спроведување на реформите предвидени во План 18, особено во клучните области на владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата.„Очекуваме уште подобар Извештај за напредокот на земјата кој ќе го рефлектира реформскиот моментум во земјата, заедно со уште една препорака која ќе претставува основа за конфирмација на одлуката на Советот на ЕУ во Јуни, за почеток на преговорите со Република Северна Македонија“, истакна Османи на средбата. Во иста насока Османи реферираше и за активностите во создавањето и обуката на преговарачката структура во земјата, вклучувајќи ги тука и успешните објаснувачки состаноци со Европската Комисија, кои редовно се одржуваат според предвидената динамика.Во текот на посетата на Брисел, Вицепремиерот Османи ќе оствари и средба со Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, одржа брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), а ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“. На маргините од посетата, Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ - безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation). 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања