Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Разбојници одзеле 36.000 денари од бензинска во Прилеп

На 14.01.2019 година во 22.25 часот било пријавено дека две непознати лица извршиле разбојништво на бензинска пумпа на улица „Александар Македонски“ во Прилеп и со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 36.000 денари и мобилен телефон.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

policija-22

Го оставил возилото да работи и влегол во маркет, па му го украле

На 14.01.2019 година во 22.00 часот во Полициската станица Центар, Д.Г.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето од 20.30 до 20.35 часот пред маркет на улица „Рузвелтова“ непознат сторител одзел патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје.Пријавителот го оставил возилото да работи и влегол во маркетот, а непознато лице влегло во незаклученото возило и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

Пронајдени 10.223 парчиња пиротехнички средства при преглед на возило

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.А.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 27.12.2018 година на улица „Маршал Тито“ во Тетово полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Мерцедес“, сопственост на Д.А. од Тетово, при што пронашле и одзеле 10.223 парчиња пиротехнички средства.

Македонија | пред 7 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Кривична пријава против битолчанец поради закани по живот на Фејсбук

Секторот за внатрешни работи Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство-Битола презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на О.Ј. (40) од Битола, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ од Кривичниот законик на Република Македонија.На 14.01.2019 лицето О.Ј. е повикано на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против О.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

За веледрогеријата „Македонијалек“ предложена максимална казна за техничката грешка со декларацијата на МРП вакцините

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, денеска изјави дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што беа детектирани МРП вакцини, со добар и проверен рок, но со техничка грешка на декларациите со македонски јазик.„Го констатираа бројот, извештајот е готов и сега ќе се продолжи во насока на санкционирање на оваа постапка кон веледрогеријата „Македонијалек“. Ќе инсистираме тоа да биде максималната казна, со оглед на тоа што сметаме дека ваков тип прекршок, кој сериозно го урива угледот на јавното здравство не треба никогаш повеќе да се повтори. Ова ќе биде укажување за сите, како внимателно да ги следат овие внатрешни процеси“, потенцираше министерот.Министерот Филипче додаде дека ќе се повикаат на одговорност сите директори на здравствените домови и тие коишто се задолжени за прием на вакцината, а не укажале на овој пропуст и зошто не се детектирала разлика меѓу вистинскиот рок, кој е добар, и тој на погрешната декларација, со цел Министерството за здравство да преземе санкции кон одговорните за оваа грешка.Во меѓувреме заврши и состанокот со официјалните претставници на компанијата GlaxoSmithKline, кои имаа увид во вакцината, пакувањето и рокот.„Компанијата GlaxoSmithKline не увери дека вакцината е нивен производ, дека рокот е добар и квалитетот е согласно нивните стандарди, потврден со испитување во европски лаборатории, какви што има само неколку во цела Европа и истата вакцина се користи во сите земји на ЕУ“, истакна министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

silegov-zelen-katastar-1

Презентација на проектот за Зелен катастар - попишани 65.844 дрвја и 28.395 грмушки во градско зеленио

Градот Скопје во соработка со УНДП влезе во напредна фаза од реализацијата на активностите за воспоставување Зелен катастар на јавните зелени површини во градот, односно досега се попишани 65.844 дрвја и 28.395 грмушки во градското зеленило. Денеска, во големата сала на Советот на Град Скопје пред претставници од невладините организации, јавните градски претпријатија, скопските општини и стручната јавност се одржа презентација на проектот за Зелен катастар чија основна цел е заштита на животната средина, подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и зајакнување на урбаната отпорност преку собирање и анализа на просторни податоци за зеленилото.- Зелениот катастар на Град Скопје е проект кој долго време е во фокусот на јавноста, особено во зимскиот период од годината кога главна тема е аерозагадувањето, како проблем кој најдиректно ги засега жителите на Скопје. Унапредувањето, заштитата и зголемувањето на површината под зеленило се предизвици на кои градската администрација во последнава година им посветува големо внимание. За жал, повеќе години наназад, како последица на градежната експанзија, особено во делот на проектот „Скопје 2014“, зеленилото во градот честопати беше жртвувано за сметка на новите градежни објекти кои задоволуваа извесни лични, политички и бизнис интереси, но не и интересот на граѓаните кои имаат неспорно право да живеат во здрава животна средина. Ваквиот начин на функционирање мораше да се промени. Грижата за градското зеленило бара внимателно планирање и континуирана работа – рече на денешната презентација градоначалникот Шилегов.Зелениот катастар треба да обезбеди прецизни и квалитетни податоци со помош на кои ќе може целосно да се спречи непотребното сечење или оштетување на дрвјата и целосното уништување на зеленилото за потребите на разни градежни активности, подобро планирање во насока на зачувување на постојното зеленило и поквалитетно одржување- Поради комплексноста на работите, активностите се реализираат во фази. Досега се реализирани активности за геодетско снимање на зелените површини и дрвјата, грмушките и парковската инфраструктура. Изработена е и ГИС апликација за преглед и управување со јавното зеленило на територијата на град Скопје. Со геодетското снимање опфатено е зеленило на површина од 650 хектари. Во оваа фаза тоа го опфаќа булеварското зеленило и парковското зеленило кое е под надлежност на Градот Скопје. Исто така, реализирана е т.н. инвентаризација на теренот која подразбира попис на дрвјата и грмушките, со собирање податоци за видот на дрвото, неговата здравствена состојба, големина, ширина и неговата точна местоположба. Досега се попишани точно 65.844 дрвја и 28.395 грмушки. Во следните фази предвидено е снимање на зелените површини на институциите што се под надлежност на Град Скопје - јавните претпријатија, јавните установи, средните училишта и други. Во соработка со општините во Скопје, пак, предвидено е и дополнување на катастарот со зеленилото што е под нивна надлежност - блоковското зеленило и зеленилото во основните училишта и градинките. Во најнапредната фаза се предвидува и отворање на модул во кој секој граѓанин ќе може да го впише и зеленилото од сопствениот двор – објасни градоначалникот Шилегов.- Она што сакам да го потенцирам е дека во претстојниот период освен на подигањето нови зелени површини, големо внимание Град Скопје ќе посвети и на заштитата на постојното зеленило. Во таа насока ќе споменам дека со помош на Шумарскиот факултет работиме на мапирање и ослободување на заробени стебла и корења на дрвја со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности. Тоа е еден извонреден пример каде што со помош на ентузијазмот на стручните лица од оваа област и институционалната поддршка од градот со своите јавни претпријатија може да се работи на заштитата на постојното зеленило на која многу малку било работено досега. Сосема на крај, ќе подвлечам дека Зелениот катастар, како и преостанатите проекти за заштита и унапредување на животната средина на кои е посветена оваа градска администрација се од витално значење за обезбедувањето одржлив урбан развој на градот. Граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во модерна зелена престолнина која ќе им гарантира квалитетен и здрав живот. Верувам дека со многу ентузијазам и посветена работа сите заедно можеме да го постигнеме тоа, за доброто на сите – нагласи Шилегов.Присутните на презентацијата денеска имаа можност да слушнат стручни предавања поврзани со изработката на Зелениот катастар, и тоа предавање за ГИС – Орудие на паметна мапа и Апликација за зелен катастар; Зелен катастар Фаза 2 – попис, предизвици и бариери; Еколошките атрибути на Зелениот катастар и за реализираните проекти во 2018 година од ЈП „Паркови и зеленило“ и дел од планираните активности за 2019 година. На презентацијата на проектот за Зелен катастар присуствуваше и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Скопје | пред 7 години

igor-janusev

Јанушев: Не играме на картата на национализмот, законот е штетен и донесен на сила и истиот е противуставен

По денешната пресс конференција Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев одговраше на новинарски прашања.Истите ги пренесуваме во целост:Новинарско прашање: Дали кога го пишувавте вашиот говор имавте во предвид како ќе се чувствуваат вашите сограѓани Албанци кога ќе го слушнат ова од вас? Имате ли нешто друго да понудите на македонскиот обичен гласач, освен националистичка реторика, затоа што откако ги изгубивте изборивте, малку застанавте, па повторни играте на таа карта?Одговор: Апсолутно не играме на картата на национализмот. Законот е штетен и законот е на сила донесен и истиот е противуставен. Во постапката кога се носеше јас лично овде сум држел неколку прес конференции сум ја повикувал власта да седнеме и да изработиме добар текст на законот, притоа да се прифатат забелешките од претседателот на оваа држава Република Македонија и господинот Ѓорѓе Иванов. Власта не игнорираше, на насилнички начин го донесен законот и сега повторно со кршење на Уставот и законите се обидуваат да спроведат така наречен закон. Почитувањето и почита кон сите кои живеат во оваа држава е двонасочен процес. Почита треба да ја добиете за да може истата да ја возвратите. Со криминални дејанија, одење спротивно на волјата на народот и на ваков насилнички и криминален начин обидувајќи се да се протнат сите овие не законски и не уставни решенија се далеку од почит и почитување на волјата на македонскиот народ и сите останати кои што живеат во оваа држава.Новинарско прашање: Според вашата партија кој ќе бидат клучните проблеми во примена и спроведување на овој закон?Одговор: За да зборуваме за примена на овој закон, прво овој закон треба да биде во согласност со Уставот и законите. Овој закон прво е во контрадикторност со највисокиот акт – Уставот, е во колизија со други закони, опозицијата воопшто не учествуваше, претседателот на државата беше максимално игнориран. Не можеме за проблеми за имплементација да зборуваме кога самото решение како и начинот на кој сега го објавија во Службен весник е незаконски и криминален. Прво треба некој да одговара за тоа што се прави, второ треба да седне и да се направи добар текст на законот, а после тоа можеме да разговараме каква би била имплементацијата на истиот.Прашање новинар: Дали ќе одите со бојкот на претседателските избори ако не се прифаќа со нив да се одржат и предвремени парламентарни избори?Одговор: Претпоставувам дека реферирате на вчера нешто што беше објавено за кое што можам да кажам дека беше грубо злоупотребено за дневно политички цели. Во моментов ги разгледуваме буквално сите опции кои што ќе ги објавиме и нормално ќе пресечеме кога ќе имаме одговор на власта во однос на нивното понатамошно делување.Прашање новинар: Дали бојкотот е опција?Одговор: Како што кажав сите идни чекори ќе зависат од делувањето на СДСМ и ДУИ пред се, односно од страна на владејачката гарнитура.Прашање новинар: Дали ВМРО-ДПМНЕ веќе има конкретно име за претседател на државата?Одговор: Како што знаете конкурсот е објавен пред десетина дена, и истиот трае до 31 јануари. По завршување на огласот ќе следи проверка на кандидатурите, односно дали истите ги исполнуваат законски предвидените услови за да се биде кандидат за претседател на Република Македонија. По што на 16 февруари ќе ја одржиме конвенцијата каде што ќе се изврши изборот за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори 2019 година. Така да во овој момент било кое споменување на било кое име е врз база на шпекулација.Прашање, новинар: Повикавте во вашиот говор ако не се лажам институциите да не го спроведуваат овој Закон за јазици, што значи ако утре дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе направи се а да го укине овој јазик?Одговор: ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во наша моќ да ги врати овие штетни процеси онаму каде што треба да припаѓаат.Прашање, новинар: Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ дали Албанците заслужуваат да го употребуваат својот мајчин јазик во оваа држава?Одговор: Да, апсолутно заслужуваат да го употребуваат мајчиниот јазик, исто како и сите останати бошњаци, срби, роми, сите оние кои што живеат на територијата на Република Македонија. Каде што еден закон ќе се донесе со консензус, помеѓу сите политички субјекти и пред се и над се закон кој што ќе биде во согласност со Уставот и кој нема да биде во колизија, со останатите закони и при тоа ќе се испочитува целата законски пропишана постапка која што е потребна за донесување на еден таков закон.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Единствена Македонија:Талат Џафери продолжува со опасните провокации спрема македонскиот народ

„Талат Џафери продолжува со опасните провокации спрема македонскиот народ и македонската држава со неуставното објавување на законот за јазици и законот за ратификација на Договорот за промена на името без потпишување на указот од претседателот Иванов.Освен нелегално избран за собраниски претседател, Талат Џафери покажува и правна неписменост оти без потпис на указот од Иванов нема закони и Уставниот суд ќе мора тоа да го констатира.Правната неписменост на Џафери е негова лична работа, меѓутоа, за Единствена Македонија самоволието на Џафери за туркање на јазичната федерализација како преодна етапа до територијалната федерализација со крајна цел создавањето на Голема Албанија во која влегуваат и делови од Република Македонија, е крајно вознемирувачко и опасно.Единствена Македонија во име на македонскиот народ го предупредува Талат Џафери да не се расфрла со провокации оти Македонците се при крај со своето трпение од секојдневните провоцирачки и веќе здодевни барања на албанското малцинство за нови и нови права“, стои во соопштението на Единствена Македонија

Македонија | пред 7 години

konferencija-1

ЕУ проект: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на евра“

Постоењето на капацитети за борба против фалсификувањето на евра е еден од основните предуслови предвидени во поглавјето 24 и колку побрзо ќе ги изградиме овие капацитети толку подобро за процесот на преговори, но и подобро за зајакнување на нашите институции во зголемување на капацитетите и нивната стабилност, со што ќе се зголеми довербата на граѓаните, рече министерот Оливер Спасовски на конференцијата „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на евра“ што се одржува во Скопје.Потребата за реализација на овој проект произлегува и од забелешките од неколкуте последователни извештаи за напредокот на Република Македонија, во кои беше утврдена потреба од јакнење на капацитетите на институциите кои имаат свои ингеренции во делот на борбата против фалсификување на еврото. Фалсификувањето на парите, вклучително и еврото ќе биде една од клучните области во поглавјето 24 кои ќе бидат таргетирани со започнување на скрининг процесот.Во изминатиот период од страна на Владата на Република Македонија, рече Спасовски, се преземени неопходните мерки за прифаќање и инкорпорирање на европското законодавство во оваа област. Веќе е воспоставена централната канцеларија за истраги во областа на фалсификувањето на пари.Проектот ,,Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на еврото“ започна со имплементација на 01 ноември 2018 година и има за цел да воспостави ефикасно функционирање на системот за спречување на фалсификување на пари, спречување на вршење на криминални активности, јакнење на монетарниот систем на Република Македонија, како и прилагодување на македонските со европските стандарди за борба против фалсификувањето на пари. Досега веќе се реализирани неколку експертски мисии со цел мапирање и запознавање со моменталната состојба. Како имплементатор на проектот, кој е предвидено да трае осум месеци, е избрана германската Бундесбанк.„Крајни корисници на резултатите во рамките на проектот се Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност и Народната банка на Република Македонија. Во овој дел би сакал да изразам благодарност до претставниците на Народната банка за нивната континуирана соработка и поддршка и се надевам дека истата ќе продолжи и во иднина. Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни активности со цел успешна имплементација на овој исклучително значаен проект и ќе работи на понатамошно зајакнување на меѓуинституционалната соработка помеѓу сите засегнати чинители“, рече Спасовски.Министерот Спасовски изрази благодарност за континуираните напори и помош што Европската Унија ја дава на Република Македонија, а во тој контекст и на Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 7 години

karolina-ristova-asterud

Астеруд: Џафери, го повредува Уставот со објавување на закон, без претходен потпис од шефот на државата

Професорката на Правниот факултет “Јустинијан” Први, Каролина Ристова-Астеруд, во коментар на Фејсбук, пишува дека претседателот на собранието Талат Џафери, го повредува Уставот со објавување на закон, без претходен потпис од шефот на државата.-Како е, кога ЗУЈ е објавен без потпис на шефот на државата? Џафери флагрантно го повредува уставот, тоа е правно насилие на исто рамниште како оние со физичкото во Собрание, а реакцијата треба да биде игнорирање и бојкот на овој закон-незакон, кој не е “контроверзен” туку апла повреда на Рамковен и Уставот, ама баш апла, плус и на други уставни одредби. Нека пробаат да казнуваат, врз основа на што? На недефинирани деликти? Со какви санкции, со некакви кои одат до перверзна диспропорционалности преставуваат сурово и невообичаено казнување? По двата основа може тужби до Стразбур. Како и немање почек, и тоа нигде го нема. Законот допрва на Уставен, а за него треба реакции и кај гарантите на Рамковен и до сите институционални играчи надлежни за проширувањето. Ова овде не завршува! – напиша Астеруд.Инаку Ристова-Астеруд беше претседателка на Форумот на жени на СДСМ, пратеничка од редовите на СДСМ, како и жестока критичарка на поранешната власт.

Македонија | пред 7 години

dzaferi-talad

Џафери: Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска

На пресс конференција претседателот на македонското собрание Талат Џафери информираше за последните активности на Собранието. Тој појасна зошто во својство на претседател на Собранието на Република Македонија и врз основа на неговите овластувања ги потпишал два Указа и ги испратил во Службен весник.Џафери нагласи дека не чувствува никаква одговорност за тоа што ги потпишал двата Укази, и дека му дал доволно време на претседателот на Република Македонија да ги потпише двата Указа и токму поради тоа тој смета дека прекршил нешто.„И двата Укази се доставени во Службен весник со дополнително објаснување зошто Указот е потпишан само од моја страна", изјави Џафери.„Од почеток на постапката за донесување на Закон за јазици сум тврдел дека сум постапил во рамките на постапките и процедурите во Уставот и на Деловникот.Може да се смета дека е злоупотребена службената должност со нетпотпишувањето на законот од страна на претседателот. Според членот 8 од Уставот направена е поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска", рече Џафери.Џефери на прес-конференцијата се обраќаше и на Македонски и на Албански јазик.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе поденси кривична пријава против Талат Џафери

Од ВМРО ДПМНЕ најавија декаќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери и директорот на Службен весник, Мартин Костовски. Од партијата велат дека објавувањето на Законот за јазици во Службен весник и Законот за ратификација на спогодбата од Преспа, без потпис на претседателот Иванов, а со потпис на Џафери е противуставно.ВМРО ДПМНЕ бараат Уставниот суд да пресече и оцени дали објавувањето на законот за јазици е според Уставот. Повикуваат и на бојкот на законот.

Македонија | пред 7 години

lavina-111

(ВИДЕО) Лавина затрупа хотел во Австрија, досега наврнаа 7 метри снег, се очекуваат и нови врнежи

Лавина затрупа куќа и хотел на скијачкото подрачје „Рамза ам Даштајн“ во Австрија. Досега наврнаа 7 метри снев, а прогнозите на метеоролозите се дека следуваат уште врнежи. Лавината се срушила и над многу возила. Направи голема материјална штета. Од хотелот се евакуирани 60 луѓе.Поради снегот кој без престан паѓа веќе две недели во некои места е прогласена вонредна ситуација, а во некои места натрупа и до 7 метри снег.Толку многу снег паѓа еднаш во 70 до 100 години.

Свет | пред 7 години

gjorge-ivanov-1

Иванов: Ова е момент кој ќе покаже дали во Македонија постои Уставен суд

Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ која себеси се смета за проевропска, велат од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов."Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни.Со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење.Ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото.Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони?Дали ќе ги поддржат овие преседани, што носат несогледливи последици и штета по правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави?", се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

grubi

Груби: ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат први кои името на партијата ќе го напишат и на албански

Пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби на денешната прес-конференција изјави дека први кои треба да стават натпис на албански јазик е опозицоската ВМРО-ДПМНЕ.„Нелегитимниот претседател во заминување, има уште два месеци во канцеларијата. Прочитајте ги законите, Уставот и Деловникот. Објавата на Законот за јазиците во „Службен весник“ е според законот. Сметаме дека Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат и да бидат први кои ќе напишат ВМРО-ДПМНЕ и на албански јазик“, смета Груби.Иако Законот за јазици е оспорен пред Уставниот суд, Груби вели дека тоа не ја одлага примената и тој мора да се почитува. За спроведувањето на Законот за јазиците ќе се формира и инспекторат.„Демократски е да ги изгубиш изборите исто како што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби претседателските“, рече Груби коментирајќи ги постапките на ВМРО-ДПМНЕ.ДУИ е против превремени парламентарни избори, оти како што вели пратеникот Груби, има многу реформи за спроведување.

Македонија | пред 7 години

sehtanski-e1519410070929

ТМОРО: Потпишувањето на Законот за јазици од неовластено ли деце претставува државен удар

По вчерашното објавување на Законот за јазици и уставните измени во Службен весник, со реакција се произнесе и партијата на Ванчо Шехтански, ТМОРО.„За ТМРО, потпишувањето на Законот за јазици и уставните измени од неовластено лице и нивното објавување во службен весник претставува државен удар, со кој е нарушен територијалниот интегритет и уставниот поредок на македонската држава .Македонскиот народ очекува итна реакција од претседателот на македонската држава“, велат од ТМОРО.

Македонија | пред 7 години

sluzben-vesnik

Службен весник образложува: Моравме да го објавиме Законот за јазици

Јавното претпријатие „Службен весник“ извести дека го објави Законот за јазиците, а смета дека тоа е во согласност со Уставот и законите иако претседателот Ѓорге Иванов не стави потпис на законот. Од „Службен весник“ се повикуваат на член 52, став 2 од Уставот, кој вели: „Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето“.„Во согласно со тоа, а во врска со член 51, став 2 од Уставот на Република Македонија, во кој се вели ‘Секој е должен да ги почитува Уставот и законите’ и оваа институција, која е со закон овластена да ги објавува прописите во РМ, своето работење секогаш го остварува во рамките на Уставот и законите и само ја исполнува уставната обврска“, се вели во соопштението на ЈП „Службен весник“.За објавувањето на Законот за јазиците без потпис на претседателот Иванов, реагира ВМРО-ДПМНЕ, од каде што велат дека директорот Мартин Костовски направил кривично дело што не застарува и за тоа се оди во затвор. Од „Службен весник“, пак, велат дека за секој обид за нарушување на угледот на Јавното претпријатие „Службен весник“ ќе биде поведена соодветна судска постапка.Џафери законот го чуваше во фиока повеќе од десет месеци бидејќи претседателот Иванов одбиваше да го потпише и по второто гласање кое беше во март минатата година.Заедно со Законот за јазиците, Џафери до „Службен весник“ го испратил и Законот за ратификација на договорот со Грција , кој исто така не беше потпишан од претседателот Иванов. Двата документа се објавени во новиот број на „Службен весник“.Со ова, покрај македонскиот, во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

Македонија | пред 7 години

polska-2

(ВИДЕО) Илјадници луѓе демонстрираат низ Полска по убиството на градоначалникот на Гдањск, тие порачаа : Стоп на говорот на омраза

Илјадници граѓани се собраа на улиците во Варшава под слоганот „Стоп за омразата“, а слични демонстрации против говорот на омраза и насилството се одржаа и во други градови од Полска по убиството на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович . Илјадиници Полјаци излегоа и во Лондон и Берлин, излегоа на улиците во нем марш против омразата, а со тоа му оддадоа почит на опозицискиот градоначалник на Гдањск Павел Адамович, кој им подлегна на повредите, откако во неделата на добротворната прослава, локален криминалец го избоде со нож.[caption id="attachment_21116" align="alignnone" width="768"]  (Photo by Janek SKARZYNSKI / AFP)[/caption]Локалниот 27-годишен криминалец Стефан В. откако со нож му нанесе тешки повреди на Адамович, во пределот на градите и стомакот, на бината извикувал дека Граѓанската платформа, чиј член бил Адамович, невин го испратила во затвор и го тероризирала и поради тоа морал градоначалникот да умре.Нападот врз Павел Адамович, кој беше градоначалник на Гдањск без прекин од 1998 година, се одигра пред очите на шокираните граѓани, на бина во текот на најголемата добротворна манифестација во Полска, кога 120.000 волонтери ширум земјата собираа пари за опрема за детска болница.

Свет | пред 7 години

najcevska

Најчевска: Да видиме како новиот Закон за јазици ќе влијае на подобрувањето на благосостојбата на граѓаните

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера на својот профил на Фејсбук објави дека го потпишал Законот за јазици и истиот ќе биде испратен во Службен весник. По ова, се огласи професорката Мирјана Најчевска, која смета дека овој закон нема да промени ништо во состојбата на граѓаните.„Што се однесува до мене може да ги води и на ладински јазик, меѓутоа тоа нема ни за ангстрем да ја промени положбата на граѓаните на Македонија од албанската етничка заедница, нема да ги направи чесни луѓе партиските челници од албанската заедница, нема да го исчисти воздухот во Тетово и Гостивар и Кичево и Куманово и Струга, нема да го намали бројот на каменоломи по патот кон Маврово, нема да ја запре градежната мафија, нема да ги запре партиските вработувања, нема да ја намали неписменоста ниту пак доенечката смртност, нема ...Ова со јазициви најсериозно мислам дека е само фрлање на прашани во очите на луѓето.Значи, ајде да видиме како новиот закон за јазиците ќе влијае на подобрувањето на благосостојбата на граѓаните.Еве моиве Македонци цело време на македонски зборат на цела територија на Македонија и тоа не ги прави ни попаметни, ни помалку алчни ни помалку корумпирани.А да воведеме Есперанто и да тргнеме во иднината?“, напиша Најчевска.

Македонија | пред 7 години

IMG_4719

ЕУ проект: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на евра“

Постоењето на капацитети за борба против фалсификувањето на евра е еден од основните предуслови предвидени во поглавјето 24 и колку побрзо ќе ги изградиме овие капацитети толку подобро за процесот на преговори, но и подобро за зајакнување на нашите институции во зголемување на капацитетите и нивната стабилност, со што ќе се зголеми довербата на  граѓаните, рече министерот Оливер Спасовски на конференцијата „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на евра“ што се одржува во СкопјеПотребата за реализација на овој проект произлегува и од забелешките од неколкуте последователни извештаи за напредокот на Република Македонија, во кои беше утврдена потреба од јакнење на капацитетите на институциите кои имаат свои ингеренции во делот на борбата против фалсификување на еврото. Фалсификувањето на парите, вклучително и еврото ќе биде една од клучните области во поглавјето 24 кои ќе бидат таргетирани со започнување на скрининг процесот.Во изминатиот период од страна на Владата на Република Македонија, рече Спасовски, се преземени неопходните мерки за прифаќање и инкорпорирање на европското законодавство во оваа област. Веќе е воспоставена централната канцеларија за истраги во областа на фалсификувањето на пари.Проектот ,,Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на еврото“ започна со имплементација на 01 ноември 2018 година и има за цел да воспостави ефикасно функционирање на системот за спречување на фалсификување на пари, спречување на вршење на криминални активности, јакнење на монетарниот систем на Република Македонија, како и прилагодување на македонските со европските стандарди за борба против фалсификувањето на пари. Досега веќе се реализирани неколку експертски мисии со цел мапирање и запознавање со моменталната состојба. Како имплементатор на проектот, кој е предвидено да трае осум месеци, е избрана германската Бундесбанк.„Крајни корисници на резултатите во рамките на проектот се Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност и Народната банка на Република Македонија. Во овој дел би сакал да изразам благодарност до претставниците на Народната банка за нивната континуирана соработка и поддршка и се надевам дека истата ќе продолжи и во иднина. Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни активности со цел успешна имплементација на овој исклучително значаен проект и ќе работи на понатамошно зајакнување на меѓуинституционалната соработка помеѓу сите засегнати чинители“, рече Спасовски. 

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Уапсени две лица кои се обиделе да поминат граница со фалсификувани шенген визи

На 14.01.2019 година во 12.05 часот на Граничен премин „Ќафасан“ при пасошка контрола, било констатирано дека шенген визите кои било во патните исправи на Ј.Р.(32) и Г.С.(26), двајцата од Косово, биле фалсификувани.Во 15.30 часот лицата биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Струга, а потоа се задржани во СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

dolg

Годинава ја започнавме со ново задолжување од 11,4 милиони евра

По две аукции со кои се задолжува на домашниот пазар ќе организира месечно Министерството за финансии годинава. Календарот за првото полугодие е веќе објавен, а првата аукција на која државата продава обврзници е закажана за денеска. На продажба се нудат двегодишни државни обврзници без девизна клаузула во вкупен износ од 700 милиони денари или речиси 11,4 милиони евра, за кои каматата е 1,1 проценти. Следната, за месецов е закажана за 29 јануари. Инаку во првиот месец годинава по основ на продадени државни хартии од вредност државата треба да раздолжи безмалку две милијарди денари, обајави фактор.мк.Министерот за финансии Драган Тевдовски веќе изајви дека од годинава ќе се намали темпото со кое државата се задолжува дома, па наместо секоја недела или четири пати месечно, аукции на државни обврзници ќе има на две недели.Со задолжување дома, ама и во странство Владата годинава планира да го финансира буџетскиот дефицит кој изнесува 17,7 милијарди денари или е позициониран на 2,5 отсто од БДП.Текстот во цалост на: фактор.мк

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Условна казна за двете лица кои криумчареа мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Спогодби со две лица обвинети за Криумчарење мигранти по член 418-б став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно склучените Спогодби, на дваесет и три годишниот македонски државјанин и деветнаесет годишната косовска државјанка, им е изречена алтернативна мерка – условна осуда со која е утврдена казна затвор во траење од по една година која нема да се изврши доколку обвинетите не сторат ново кривично дело за време од три години. Воедно, согласно член 38- г на девојката е утврдена и казна – протерување од територијата на Република Македонија во траење од две години.Кривично правниот настан се случил на 7.01.2019 година на Граничниот премин „Долно Блаце“ при влез во Република Македонија. Имено, по претходен договор, обвинетиот, со патничко моторно возило „Мерцедес“, бил дојден во Приштина каде го чекале обвинетата и нејзината другарка. Со цел да се прошетаат, тројцата се упатиле кон Скопје. При наближувањето кон косовскиот граничен премин, другарката ги информирала обвинетите дека не поседува документ за идентификација за да ја премине границата. Тогаш, обвинетата ја убедила да влезе во багажниот простор на возилото. Обвинетите, заедно со дваесет годишната сокриена девојка успеале да ги поминат границата на косовската страна и службата за проверка на лична идентификација на македонската граница. Но, при рутинска контрола на македонските царински службеници, обвинетиот соочен со фактот дека се проверуваат возилата, признал дека во багажниот простор се наоѓа девојка без документи за идентификација. По Наредба на јавен обвинител, на обвинетите им беше одреден краткотраен притвор, а девојката што илегално влегла во Република Македонија беше привремено задржана во Прифатен центар за странци и по дадениот исказ пред обвинител е вратена на територијата на Косово.Надлежниот јавен обвинител имајќи ги предвид возраста на обвинетите, нивното изразено жалење и каење поради стореното кривично дело, нивното коректно однесување во текот на кривичната постапка, како и придонесот кон нејзиното ефикасно завршување, ценеше дека се олеснителни околности за склучување на Спогодбите и одмерување на видот и висината на изречените казни. Судијата на претходна постапка ги прифати поднесените Предлог-спогодби и донесе Пресуда со која на обвинетите им изрече условни осуди.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во изминатиот ден вкупно 10 сообраќајки во Скопје, шест лица полесно повредени

Во текот на изминатиот ден (14.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои шест сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета.Во сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: 15 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се четворица возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, двајца возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 13 пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин и еден пешак затоа што поминал коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило "пајак".   

Скопје | пред 7 години

2

Фатен гостиварчанец кој избегал од затворот Идризово

На 14.01.2019 година околу 13.00 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар од слобода го лишиле Ф.Р.(47) од село Речане, гостиварско, по кого од ноември 2018 година, поради бегство од затвор, била распишана потерница од Казнено-поправната установа „Идризово“.Ф.Р. бил приведен во Полициската станица Гостивар, по што бил спроведен во Казнено-поправниот дом „Идризово“ за доиздржување на затворската казна.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања