Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Пет милиони евра ќе платиме за избор на нов претседател

Државната изборна комисија е подготвена за претседателските избори, уверува претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Ќе се гласа на стариот начин, со ултравиолетова лампа и спреј, а според проценките ќе бидат потрошени околу пет милиони евра. Најмногу, околу три милиони евра, ќе се одделат за надоместоци за избирачките одбори, а останатите се за транспорт и изборен материјал. Околу 300 илјади евра ќе се одвојат за сместување на избирачките одбори.Дерковски најави дека се работи на тоа за наредните парламентарни избори да се гласа со нови технологии, поточно со примена на електронски отпечаток од прст.„Постојат инструменти што го вчитуваат отпечатокот од прстот и вршат идентификација, се појавува ваша фотографија, а потоа излегува гласачкото ливче. Целта на примената на новите технологии е заради постојаните забелешки за маани и недостатоци во избирачкиот список и заради подигање на довербата и остварување на принципот еден човек еден глас. Засега, лампата и спрејот сè уште остануваат како превенција од можни злоупотреби“, кажа Дерковски.За да се отстранат сомневањата околу Избирачкиот список, од ДИК предлагаат да се воведе електронско гласање и електронска проверка на податоците. Но за тоа е потребно време и измени на Изборниот законик. Експертите сметаат дека проблемот со избирачките списоци ќе постои сè додека не се воведе вакво гласање. Дигиталното или онлајн гласање овозможува гласачите да го искористат своето право на глас надвор од избирачкото место, така што се пристапува кон веб-апликација која би се нашла на веб страницата на ДИК.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

nema-voda

Делови од Центар без вода

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во текот на денот, поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, некои од корисниците во општина Центар ќе останат без вода.„Од 8 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата 50. дивизија, дел од улицата Јордан Мијалков и објектот на Министерството за здравство во општина Центар“, инфомираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Скопје | пред 7 години

odbojkari

Македонските одбојкари за првпат во историјата се пласираа на Европско првенство

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва обезбеди историски пласман на Европското првенство.Нашите одбојкари ја победија Унгарија со 3-0 во сетови, што беше доволно со оглед на останатите резулатите во групата што беа во наша полза.Ова е прв пласман на оваа репрезентација на Европско првенство, од нејзините почетоци во 1994 година.

Спорт | пред 7 години

dimitrov

Власта ќе ги исполни желбите на БЕСА, нема двотретинско мнозинство

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека Владата се уште преговара со БЕСА и дека се уште не е финализиран текстот кој се однесува на државјанството, а кој требаше да гласи „македонско/државјанин на Република Северна Македонија“. Рече дека се уште немаат обезбедено 80 гласа, но дека се на добар пат.-Цел ден сме во консултации. Ова е здраво за нас, бидејќи за важни прашања разговараме, наоѓаме решение, да ги покриеме главните грижи и сето да биде во духот на Договорот од Преспа. Финалето ќе се случи кога ќе се гласа, мислам дека работите одат во добра насока. Сакам да ги уверам и македонскиот народ и сите други дека сите интереси ги заштитуваме и дека ќе дојдеме до еден текст, уште не сме дојдени до таму. Во моментов најинтензивни разговори се водат со БЕСА како да се најде начин да се зачува формулата на државјаството од Договорот: македонско/граѓани на Република Северна Македонија, и од друга страна да се адресира стравот дека тоа не навлегува во нивната етничка припадност. И тој интерес е многу важен, рече Димитров.

Македонија | пред 7 години

zaev-bejta

За Заев не е важно што Бејта ја вработил ќерка му во МЕПСО

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека не бега од прашањата поврзани со вработувања на блиски роднини на функционери во државни фирми и институции.-Не можеме да најдеме кадри, пропаѓаат огласи. Инофрматичари, архитекти, да не зборувам за професори по математика. Од локалните избори наваму, преку 40.000 луѓе се вработени во приватниот сектор и во . Слушнав дека мојот пријател Невзат Бејта ја вработил ќерката во МЕПСО. Но, тој веќе не е функционер. Знам дека има такви случаи, но тие се минорни, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

kasami-besa-88923893-696x443-1

Или ќе нема „македонско“ кај Албанците, или БЕСА нема да гласа за уставните измени

Ако не се исполнат барањата на Беса, тогаш нема да гласаат за уставните измени. Ова вечерва го изјави лидерот на Беса, Билал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.Условите на Беса се да не стои „македонско“ за државјанство кај Албанците, да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.

Македонија | пред 7 години

49853191_2147543871958480_5364183070578573312_n

(ФОТО) Шилегов дежураше и се сликаше, додека ги гледаше скопските сообраќајници

Градоначалникот Шилегов вчера до доцна во ноќта, беше  во ЦУКС (Центар за управување со кризи на Скопје) , каде со екипите на Зимската служба на Град Скопје, на мониторите внимателно ја следеше состојбата на терен.,,Градските сообраќајници се чисти и проодни, а активностите на зимската служба продолжуват и во текот на ноќта“-информираат од Град Скопје.

Македонија | пред 7 години

49751022_349144189232644_6296297222711541760_n

Денес нови врнежи од снег и зголемување на снежната покривка за 20 см

Денес не очекува облачно време со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура на целата територија на државата ќе биде под нула, а на некои места ќе достигне и до -6 степени. Дневната температура во југоисточните делови на земјата ќе се искачи до 3 степени.Во Скопје облачно време со врнежи од снег и температура под нула која ќе се движи од -5 до -1 степен.Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. 

Македонија | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Внимателно возење, забрана за камиони на овие патни правци

Сообраќајот на држвните патишта се одвива по влажни коловози, а на планинските премини со остатоци од кашест снег на коловозот."Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар - Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, планинските премини Ѓавато, и Буково , Струга - граничен премин Ќафасан, патот Прилеп-Мак.Брод на планинскиот премин „Барбарос“ како и на патниот праевец Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).Снег врне со променлив интензитет во цела Држава.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони", велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

stari-lekuvanje

Бесплатно лекување за пензионерите кои имаат пониска пензија од 14 000 ден, прифатена и програмата за лекување на ретки болести

Владата ја прифати Предлог-програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери и за обезбедување на средства за специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги за корисниците на правото на социјална парична помош во Република Македонија за 2019-та година.„Според програмата, пензионерите кои имаат пензија пониска од 14.000 денари се ослободени од плаќање партиципација при лекувањето во болнички здравствени установи. Додека корисниците на правото на социјална парична помош се ослободени од партиципација при користење на специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги во Република Македонија“, вели миситерот за здавство Венко Филипче.На владината седница уште беше прифатена и предлог-програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2019-та година. Програмата ќе овозможи континуитет на активностите кои државата ги презема за набавка на медицинска терапија за лекување и третман за пациентите со ретки болести во Република Македонија и за неа се обезбедени вкупно 380 милиони денари.На својата редовна седница, Владата ја прифати информацијата за потребата од задолжителна инклузија на децата со лесна попреченост во редовните училишта во Република Македонија. Притоа, Владата го задолжи Министерството за образование и наука да воведе систем на следење на развојот на овие деца од страна на стручните инклузивни тимови во сите основни училишта во Република Македонија, најдоцна до март 2019 година и на квартално ниво да ја известува Владата за нивниот развој. Исто така, министерствата за образование и наука, за труд и социјална политика, за здравство и Бирото за развој на образованието се должни во рок од 3 месеци да изготват унифицирани формулари за постапката за запишување и отпишување, како и за следење на развојот на децата во основните и средни специјални училишта кои ќе ги содржат сите потребни податоци за децата и да ја информираат Владата за преземените активности. Овие институции исто така се должни до јуни годинава, да подготват Анализа за трансфер на децата со лесна психичка попреченост од училиштата за деца со посебни потреби во редовните училишта со предлог за група/групи на деца кои ќе може да се трансферираат од учебната 2019/2020 година.

Македонија | пред 7 години

oliver-ruvek-2

Традиционален Божиќен ручек кај архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан

На денешниот прием организиран од архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, а по повод Рождеството Христово – Божик и неговиот именден, присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот и министер за економија Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, како и други претставници на владата, политичари и бизнисмени…Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА. 

Скопје | пред 7 години

49640277_327362577873100_733236632089526272_n

(ФОТО) Македонија пат препорачува во наредниот период да се користат санки и скии како превозно средство

Откако Македонија ја зафатија големи снежни врнежи, на социјалната мрежа Твитер има бура од реакции и шеги на сметка на ЈП „Македонијапат“, а една од нив е дека Македонија пат препорачува во наредниот период да се користат санки и скии како превозно средство.Во продолжение погледнете ги и другите. 

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Со нож нападнал колешка во АВМУ

Вработен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, денеска на работното место со нож нападнал колешка, објави Нетпрес.Според неофицијални информации, напаѓачот, но и нападнатата се лица од албанско етничко потекло.Од МВР, за „Нетпрес“ го потврдија случајот.

Скопје | пред 7 години

49312100_341844103305796_21259723042979840_n

(ФОТО) Охриѓани прашуваат: Дан требит смештај?

Првиот снег во Охрид заврна пред неколку дена, а донесе неизмерна среќа за најмладите. Тие беа креативни и направија интересни фигури од снег.Нивните идеи едноставно ќе ве изненадат. Нашата екипа забележа креативно скривалиште на кое стои натпис “Смештај дан требит”, реченица карактеристичка за овој предел од Македонија за време на летото.Периодов, Охрид може да се пофали и со доста туристи кои го посетуваат градот и уживаат во снежното време.

пред 7 години

49640277_327362577873100_733236632089526272_n

(ВИДЕО+ФОТО) Патот Кичево-Охрид не се гледа од снегот и е целосно небезбеден

Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата. Патот Охрид - Кичево е целосно под снег. Тој моментално е во изградба и нема заштитна ограда, а со тоа е и целосно небезбеден. Доколку во лето се случува да излетаат автомобили од патот, сега кога патот е лизгав веројатноста за тоа е уште поголема. Исто така дополнителен проблем за возачите претставува и тоа што патот е неосветлен.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/617033892096580/Слична е ситуацијата и на останатите патишта.Од „Македонија пат” велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци во државата.На дел од патиштата како Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка е вклучена забраната за тешки товарни возила, а за останатите возила е потребна зимска опрема. 

Македонија | пред 7 години

taravari_eurodeputetet

Таравари го информира Европскиот парламент за политичките случувања во земјата

Д-р Арбен Таравари го информира Европскиот парламент за политичките случувања во земјата и за ставовите на Алијансата за Албанците на патот напред.Во рамките на официјалната посета на Брисел, делегација на Алијансата за Албанците составена од генералниот секретар д-р Арбен Таравари и шефот на Одделението за евроинтеграции Арбен Фетаи, денеска оствари средба со европратениците Кнут Флекенштајн, Едуард Кукан и Иво Вајгл.На средбата со тројцата пратеници кои беа клучните личности на Европскиот парламент во врска со политичките збиднувања во Македонија во однос на актуелното законодавство на оваа институција, д-р Таравари го образложи договорот постигнат на 8 јануари помеѓу Алијансата за Албанците и премиерот Заев околу уставните амандмани предложени од страна на Алијансата.Соговорниците се согласија дека овие амандмани кои имаат за цел унапредување на уставната положба на Албанците и градење на мултиетничко и демократско општество, придонесуваат и во правец на европеизацијата на Република Македонија.Д-р Таравари ги увери соговорниците дека уставните измени ќе се заокружат благодарение на придонесот на Алијансата за Албанците, која што уште еднаш ќе се потврди како една од главните сили за водење на Македонија кон интеграцијата во НАТО и ЕУ.На крајот, соговорниците се согласија за итна потреба по завршувањето на процесот на ратификување на Преспанскиот договор, Македонија да почне со спроведување на радикални реформи за зајакнување на правната држава и за обезбедување сеопфатен социјален и економски развој.

Македонија | пред 7 години

nema-voda

Поради дефект утре без вода дел од Центар

Поради отстранување  дефект   утре ќе има времен прекин на водоснабдувањето на ул. „50-та дивизија" бр. 27, дел од ул. „Јордан Мијалков" и објектот на Министерство за здравство во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за справување со кризи на град Скопје.Прекинот ќе почне во осум часот наутро и ќе трае до отстранување на дефектот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Полициски службеник стопирал возило, а потоа бил нападнат од татко и син

На 08.01.2019 година околу 11.00 часот на влез во село Радуша, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Фиат“, без регистарски ознаки, а управувано од Б.Ф.(22) од село Радуша.Возилото не застанало, туку продолжило со движење. По преземени мерки, Б.Ф. бил забележан пред неговиот дом во село Радуша, кадешто тој и неговиот татко Н.Ф.(56) физички нападнале полициски службеник. Б.Ф. и Н.Ф. се приведени во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка.По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 години

2-5

Градоначалникот на Охрид делеше чај на работниците кои 24 часа непрекинато чистат снег

Во Охрид непрекинато се чисти, а планинарот и градоначалник на Охрид со Планинската служба за спасување делеше топол чај на работниците кои чистат снег во Охрид.Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски вечерва делеше топол чај на работниците кои веќе 24 часа на минусни температури непрекинато работат на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите во Охрид.Градоначалникот Константин чајот го делеше заедно со „Планинската служба за спасување“ од Охрид, чиј дел е и самиот Константин кој е еден од најистакнатите охридски планинари.Во Охрид 24 часа непрекинато и интензивно паѓа снег а градската власт со сите расположливи средства и работна сила на јавните претпријатија се бори да ги расчисти улиците и тротоарите.Граѓаните позитивно одговорија на повикот на властите да се вклучат во чистењето на снегот и речиси сите ги чистеа тротоарите пред своите домови или деловни простории.Според прогнозата, снег ќе паѓа во текот на целата ноќ и утрешниот ден.

Македонија | пред 7 години

policija-22

14-годишна тинејџерка која беше исчезната пронајдена во интернет кафе

На 08 јануари во интернет кафе на улица „Елпида Караманди“ во Битола полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола ја пронашле А.М.(14) од Битола,која на 05 јануари од нејзината мајка беше пријавена за исчезната.

Македонија | пред 7 години

paridenari1

Со лажна сообраќајка му одзеле повеќе од 12.000 денари

На 08.01.2019 година во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.С.(62) од село Лабуништа, струшко, пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје, во близина на болницата Филип Втори, бил измамен од две непознати лица и бил оштетен за сума од 12.200 денари.Прво му се доближило едното лице и побарало да му помогне во превод на српски јазик, наводно со некој странски државјанин, со кој направил сообраќајна незгода. Тогаш, Б.С. тргнал со лицето и пред болницата се сретнале со другото лице. После тоа, сите заедно продолжиле да се движат, а во еден момент наводниот странец му побарал 100 евра и 6.100 денари за, наводно, да ги даде на докторот за укажаната помош по сообраќајната незгода.Тој му дал пари, а „странецот “ му дал рачен часовник како гаранција додека му донесе пари. После тоа, двете лица заминале и не се вратиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсени двајца Бугари поради кражба

На 07.01.2019 година во 19.00 часот на улица „Манапо“ во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик на Република Македонија, од слобода биле лишени М.В.М. и Н.С., двете од Република Бугарија.Тие биле задржани во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Gasen-pistol-i-preparati-za-potencija-mobilna

Запленети моторцикли, алкохол, облека на царина

Во текот на последната недела од 2018 година и новогодишните и божиќните празници, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани моторцикл, скутер, делови за возила, фотокопир, гасен пиштол, препарати за потенција, алкохолни пијалоци, алат, електричен кабел, облека, лап-топ компјутери и фалсификати.Задржана е следната стока:Моторцикли, делови за возила и фотокопир- 1 скутер марка Peugeot, 1 моторцикл марка Honda, 1 фотокопир марка Nashuatec и 9 алуминиумски бандажи со гуми за патничко возило, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Швајцарија, наменета за физичко лице од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Охрид. Производите кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.Гасен пиштол, препарати за потенција и алкохолни пијалоци- 1 гасен пиштол марка ZORAKI 925 со калибар 9 mm, 980 кесички Kamagra Oral Jelly 100 mg и околу 14 килограми препарати за потенција, HILTI и Маџун со билки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи биле пронајдени во патна торба на македонски државјанин кој патувал со автобусот. Истите се привремено задржани, а против патникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.- 193 литри домашна ракија и околу 30 литри домашно вино, откриени од страна на полициски службеници, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Велес – Скопје. Алкохолните пијалоци, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени акцизни давачки, биле предадени на мобилните царински тимови за понатамошна постапка.Алат и електричен кабел- 570 нарезни ножеви за струг и 391 метри кабел, откриени во два одвоени случаи, од страна на мобилните царински тимови.Во првиот случај, при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во патна торба сместена на горниот кревет во кабината на камионот, биле пронајдени 570 нарезни ножеви за струг.Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, во 5 кутии сместени во багажникот на возилото, биле пронајдени 391 метри електричен кабел за подно греење.Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочни постапки.Облека и компјутери- 83 парчиња ХТЗ облека (јакни, панталони и блузони) и 15 употребувани лап-топ компјутери Fujitsu и DELL DS, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на багажот на косовски државјанин, кој допатувал со лет од Гетеборг. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.- 57 комплети спортска опрема (шорц со маичка), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на турски автобус кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во спортска торба сместена во багажниот простор на автобусот, се привремено задржани, а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост- 271 парчиња облека (тренерки, јакни, маици, ранци, дуксери и блузи) и 63 пара патики со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на турски камион, натоварен со стока со потекло од повеќе држави, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.- 19.200 литри енергетски пијалок во лименки со ознаки на заштитена трговска марка, откриени во царинската испостава Ќафасан-отсек за стоково царинење, при контрола на стока пријавена за извоз од испраќач од Република Македонија, наменета за увозник од Република Албанија. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Општина Охрид: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да фрли сомнеж за криминал во нашето работење

Со низа неаргументирани обвинувања, портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ Димче Арсовски, на прес-конференција, неуспешно се обиде да фрли сомнеж за наводни сериозни индиции за криминал во работењето на општина Охрид.За негова жал, како и многупати досега, тоа не му успеа бидејќи јавноста знае дека криминалот на ВМРО- ДПМНЕ тежок стотици милиони евра за кој секојдневно има рочишта во судовите, не може да се покрие со одвлекување на вниманието на граѓаните со измислени сомнежи, велат од Општина Охрид.„Јавноста треба да знае дека уште на 06.12.2018 година побарано е да се изврши увид во документацијата и евентуалните спорни плаќања на штетите од земјотресите што се случија летото во 2017 година, а истиот ден исплатата е запрена.На 14.12.2018 година формирана е комисија со решение бр. 09-17994/1 со задача по увидот врз документацијата да направи записник за плаќањата, а на 31.12.2018 година е покрената дисциплинска постапка против државниот службеник кој е председател на комисијата.Дисциплинската постапка ја води посебна комисија од седум члена која е формирана на 04.01.2019 година.Доколку во ВМРО- ДПМНЕ заборавиле, редно е во интертес на граѓаните, да потсетиме дека Комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи е формирана на 18.07.2014 година со одлука на Советот на општина Охрид, односно од претходната локална власт на ВМРО- ДПМНЕ.Општина Охрид е транспарентна пред своите граѓани. А Вие“, се вели во реакцијата на Општина Охрид.

Македонија | пред 7 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Државниот инспекторат за труд со засилени контроли за исплатата на К-15

Државниот инспекторат за труд, прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените. Надзорот кој што започна од почетокот на годината ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производтсво на текстил и чевли.Засилениот инспекциски надзор во областа на производство на  текстил и чевли е од причини што најголем број на преставки  во изминатите години беа од работниците во наведените дејности. Напоменуваме дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон.Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор. Во таа насока, при инспекцискиот надзор,  ќе се проверува  исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор  од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.Истовремено ги повикуваме работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд 15 131.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања