Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Huawei-Kunpeng-920

Huawei го воведува новиот ARM процесор со ултра-високи перформанси

Huawei го објави највисокиот процесор во индустријата базиран на архитектурата на Advanced RISC Machine (ARM). Новиот Kunpeng 920 процесор е дизајниран да ја забрза обработката на големи збирки податоци и да врши дистрибуирано складирање и ARM специфични сценарија. Huawei се приклучува на големите играчи во индустријата на ARM и се вклучи во градењето отворен, кооперативен, заеднички еко-систем кој го доведува светот на денешните компјутери на сосема ново ниво.„Huawei континуирано инвестира во развој во областа на компјутерите, создавајќи вредност за своите клиенти. Huawei одамна е партнер со Intel, а двете компании заедно во голема мера придонесоа за развој на информатичките и комуникациските технологии. Ќе продолжиме со долгорочното стратешко партнерство и ќе продолжиме да создаваме иновации заедно. Во меѓувреме, индустријата на АRM гледа нови можности за развој: новосоздадените Kunpeng 920 процесори и TaiShan серверите на Huawei првенствено се користат во големите апликации за обработка на податоци, дистрибуирано складирање и АRM апликации. Ќе работиме со глобалните партнери во духот на отвореност, соработка и заеднички успех за поттикнување развојот на екосистемот на АRM, изјави Вилијам Шу, член на одборот и шеф на секторот за стратешки маркетинг во Huawei.Највисоки перформанси базирани на АRM процесор во индустријатаKunpeng 920 е најпродаван серверски ARM процесор. Со користење на најновиот 7nm процес, процесорот е независно дизајниран од Huawei под ARMv8 лиценца за архитектура. Тој значително ги зголеми перформансите и ги оптимизира предиктивните алгоритми, го зголемува бројот на OP блокови и ја подобрува архитектурата на меморијата. На типична фреквенција на SPECint Benchmark тестови, процесорот Kunpeng 920 има резултат од над 930, што е 25% повисоко од индустрискиот репер. Во исто време, енергетската ефикасност е 30% подобра од онаа на другите индустриски решенија. Kunpeng 920 обезбедува многу поголема компјутерска моќ за центри за податоци и ја намалува потрошувачката на енергија.Huawei TaiShan, АRM базиран процесор со најдобри перформанси во индустријатаHuawei денес го лансираше својот TaiShan сервер, напојуван од Kunpeng 920, вклучувајќи три модели: еден со фокус на складирање, друг - со висока густина и трет - фокусиран на балансирање на двете барања. Серверите TaiShan се изградени за големи податоци, дистрибуирано складирање и ARM сценарија. TaiShan дава компјутерски платформи со високи перформанси до 20% повисоки од претходно и ниска потрошувачка на енергија.Градење отворен и заеднички ARM екосистем врз основа на севкупниот успехHuawei постојано поттикнува корпоративна меѓусебна помош во градењето на хардвер, софтвер и апликации. Глобалниот бренд работи со организации како што се Green Computing Consortium (GCC), Linaro and Open Edge и HPC Initiative (OEHI) за изградба на отворен и заеднички ARM екосистем со партнери како Hortonworks, Microsoft, Red Hat, SAP, SUSE, Ubuntu и China Standart Software.Во однос на хардверот, Huawei е клучен член на Linaro, а во однос на софтверот е член на OpenStack и еден од основачите на Cloud Native Computing Foundation (CNCF). Huawei се приклучи на GCC, кој неодамна го лансираше извештајот за техничките стандарди на Green Computing Consortium Server и е само една од нивните иницијативи за изградба на отворена „зелена“ технологија. Huawei исто така е член на OEHI.„Со помош на Кирин 980, Huawei ја донесе вештачката интелигенција на сосема ново ниво. Со разновидни производи и услуги како Huawei Cloud, базирани на Ascend 310, нашата компанија ја прави вештачката интелигенција достапна за повеќе  видови бизнис. Сега со Kunpeng 920 влегуваме во нова ера на разновидна технологија, чија карактеристика е присуството на повеќе јадра и обележана хетерогеност. Huawei инвестираше трпеливо и енергично во областа на технолошките иновации за да можеме да продолжиме да бидеме меѓу лидерите во оваа индустрија. Во иднина ќе продолжиме да работиме, мотивирани и инспирирани од нашите клиенти и партнери, така што ќе можеме заедно да изградиме попаметен и технолошки свет “, изјави Шу.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Богдановиќ: Општина Центар во буџетот ќе врати 94 милиони денари

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска на прес конференција на јавноста соопшти дека општината ќе си врати назад над 94 милиони денари од фирмата “Пелагонија“ од Гостивар.Поради суштествени повреди на постапката и погрешна примена на материјалното право, по поднесената жалба од Општина Центар на пресудата на Апелациониот Суд од 11.5.2018-та година, Врховниот Суд одлучи постапката помеѓу општината и претпријатието “Пелагонија“, која беше отворена поради стопирање на изградбата на катната гаража кај НИП Нова Македонија, да биде вратена на почеток.“Со оваа одлука, конечно општината доби правна разрешница на овој предмет, кој минатата година доведе до блокирање на сметката на општината. Врз основа на Решението на Врховниот Суд, АД ‘Пелагонија’ на Општина Центар треба да ѝ го врати целиот износ, односно вкупно 94.482.306 денари. Парите кои ќе бидат вратени назад во општинската каса ќе бидат пресраспределени во програмите за работа на општината. Продолжуваме со расчистување на затекнатите судски пресуди, а во текот на годината очекуваме уште неколку вакви судски одлуки“, изјави градоначалникот Богдановиќ.Поради нејасни, побивани пресуди и недоволно образложени причини за решителни факти, а согласно членот 343 став 2 точка 14 од Законот за парнична постапка, Врховниот Суд на РМ утврди дека АД “Пелагонија“ во предметот поврзан со изградба на катна гаража кај зградата на Нова Македонија, на Општина Центар треба да ѝ ја исплати целосната сума за која беше оштетена општината, во висина од 94.482.306, 00 денари.

Скопје | пред 7 години

cnjreagerhgetehg-197258

ДОМ: Усвоен законот за минерални суровини

Во Собранието денеска по едногодишна „собраниска битка“ беше усвоен Законот за минерални суровини. Предлагачи на Законот, покрај пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, беа и Мери Лазарова, Кети Смилевска, Диме Велковски и Сашо Атанасов од СДСМ, Горан Милевски од ЛДП, како и независните пратеници - Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска, Павле Богоевски и Ферид Мухиќ. Во целиот овој процес постоеше соработка и недвосмислена поддршка за Законот од СДСМ и коалицијата, од над 40 граѓански еколошки организации и иницијативи, како и од Европските Зелени.По затворањето на рудникот Казандол, ова е уште еден заеднички успех на екологистите во борбата за здрав живот во чиста животна средина и за развој на зелената економија.Со законот се забранува употреба на цијаниди и сулфурна киселина при флотација или лужење во нови рудници од отворен коп. Се бара и депонирана финансиска гаранција од идните концесионери во случај на еколошки катастрофи, како и јасно наведување на постапката во техничко-технолошки елаборат. Дополнително, се предлага продолжување на рокот за одговор од локалната самоуправа и државните институции од 15 на 60, односно 30 дена, заради поголема транспарентност.

Македонија | пред 7 години

pozar-4

Пожарникар со стап по глава мавал колега, ОЈО бара притвор

Четириесетгодишен вработен во охридската противпожарна служба утринава нападнал повеќе негови колеги и е осомничен дека извршил неколку кривични дела. Откако влегол во простории на Територијалната противпожарна единица во Охрид, тој со дрвен стап нападнал негов колега, удирајќи го во пределот на главата. Притоа на оштетениот му нанел тешки телесни повреди од животно загрозувачка природа.Продолжувајќи кон дворот на противпожарната служба, осомниченото лице се сретнало со друг колега кого исто така го нападнал со удари. Од силината на ударите вториот оштетен паднал на снегот, по што сторителот упорно продолжил со клоци да му нанесува повреди по телото. По тоа, осомничениот избегал од местото на настанот. Подоцна се јавил и на службениот телефонски број 193 и им се заканувал на колегите со што ја загрозил нивната сигурност.Поради стореното, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 3 во врска со став 3 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Јавниот обвинител ценеше дека постојат опасности осомниченото лице да го повтори кривичното дело, да се даде во бегство и да влијае врз сведоците, поради што до судија на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави и Предлог за определување на мерката притвор.Истиот овој претходно ги истепа пожарникарите и за тоа не е ни избркан од работа, ни притворен. Интересно е што пожарната во Охрид е сместена во иста зграда со Полицијата, а за безбедноста на пожарникaрите кои постојано биле под закани од притоврениот Локалната ангажирала приватна агенција за обезбедување (Питон) чии вработени обезбедувачи одреден период ги чувале пожарникарите на работните места (кои се во иста зграда со Полицијата), а откако агенцијата не ги обезбедувала се случил денешниот инцидент. Повредениот пожарникар заради сериозноста на повредите е пренесен во Скопје.

Македонија | пред 7 години

Slika-od-Cistenje-na-sneg

Зимските служби го остстрануваат снегот во Карпош

Зимските служби на Општина Карпош уште денес, почнаа да ги чистат покритичните, повисоки места во Општината.„Во овие моменти се отстранува снегот во Жданец, Трнодол, повисоките места на Козле, Бардовци, Горно и Средно Нерези, како и долж сервисните улици во Карпош.На терен, активно работат два камиони со придружна механизација, при што се истурени поголеми количиества сол во посочените урбани заедници.Исто така, локалната самоуправа го отстранува снегот и од пофреквентните места: пред влезови на градинки, тротоари, платоа и сл.Ангажирани се и хигиеничарите кои се дел од нашите комунални служби, кои со соодветна опрема и механизација придонесуваат за побезбедно движење на граѓаните. Хигиеничарите ќе работат и во вечерните часови.Упатуваме апел до сите правни лица, сопственици на локали да го исчистат околниот простор околу својот објект. Ова е нивна обврска согласно член 22 од Законот за јавна чистота.Освен тоа, потребно е и соработка од граѓаните во расчистување на снегот од коловозите, односно да ги отстранат своите возила од тротоарите и улиците (станбени и сервисни), со цел специјалните возила за чистење на снег непречено да се движат и да работат“, велат од Општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за камиони на планинскиот превој Барбарос

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на планинските превои со остатоци од кашест снег на коловозот.„Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правци Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).Во 18.00 ч воведена е забрана за ТМВ на патот Прилеп-Мак.Брод, на планинскиот превој „Барбарос“, поради снежни врнежи.Снег врне со променлив интензитет во цела Држава.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваа раст на економијата од 5%, а во 2017 имаше стагнација со 0% раст

Проекциите на Владата ниту се кредибилни, ниту точни. Македонија со СДСМ во 2017 година доживеа стагнација на економијата со нула проценти раст, во период кога Заев ветуваше раст од 5%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ ветуваше економски раст од 5% во сите години од нивниот мандат,втора година од власта на СДСМ, а не сме ни блиску до 5%.Проекциите за раст на економијата во 2019 година од 3.2% исто така не се ни приближни до ветените 5%.Зоран Заев и СДСМ ги излажаа граѓаните. Економијата тоне, а работат само бизнисите на олигархијата на власт, додека граѓаните едвај преживуваат.Економија во која царува криминал и корупција, како во Македонија под власт на Заев не може да оствари 5%, се додека СДСМ е на власт поголем раст не е возможен, токму затоа и треба да си заминат.Црнилата кои ја обвиткаа економијата мора да си заминат. Мора да изгрее зората. Македонија заслужува да оди напред“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

50250760_2168142830168419_4134265305004244992_n

(ФОТО) 80 работници се ангажирани за расчистување на снегот

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на целиот ден и во вечерните часови работат на расчистување на паднатиот снег и мразот од булеварите и поголемите улици во сите скопски општини.„Приближно 80 работници се ангажирани за расчистување на централното градско подрачје, Старата чаршија, плоштадот и улицата Македонија, како и реонот околу Градската болница, Државната болница и поликлиниката Бит Пазар. Воедно се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на  мостовите, со цел да се овозможи проодно движење на граѓаните.ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжи со своите активности и во текот на ноќта“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

50244606_643750546042359_6198213385285271552_n

ДСЗ апелираат да се расчисти снегот со цел нормално одвивање на сообраќајот

Дирекцијата апелира да се превземат сите неопходни мерки за расчистување на снегот со цел нормално одвивање на сообраќајот.„Дирекцијата за заштита и спасување и нејзините Подрачните единици будно ја следат состојбата со временските услови во целата земја.Воедно, ДЗС апелира до сите Градоначалници и единици на Локалната самоуправа да ги превземаат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување“, велат од ДЗС.

Македонија | пред 7 години

49831885_383728725531225_9013277470983454720_n

(ФОТО) Нов обид за упад во Собранието

Четири лица се приведени откако се обиделе дс ја прескокнат заштитната ограда пред Собранието за да влез во него. Според присутните, тоа се случило непосредно пред крајот на седницата во Собранието каде тече последната фаза за уставните промени.Во текот на целиот ден, пред Собранието беа присутни поддржувачи на “Македонија блокирам”, но и на ВМРО-ДПМНЕ. Пред Собранието беа дојдени и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки заедно со дел од пратениците.“Македонија блокирам” денешниот протест го прогласија за успешен, откако беше објавено дека седницата за уставни промени ќе се одложи.Протест ќе има и утре, а во Собранието ќе се гласа за промена на Уставот.

Македонија | пред 7 години

l9Gk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT1dVN01EQV8vYjdmNTRhNWI5ODA5NTYxNzRkODE1NGQwMThiNDljZDAuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Снегот го блокираше патот Велес-Штип, возилата стојат, “Македонија пат” ги нема

Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата. Ова е сликата која може да се види низ Македонија откако рано утрово започнаа снежните врнежи.Голем број на патишта се целосно под снег, а возачите се нервозни. Според информациите на патниот правец Велес-Штип заглавени се седум камиони со што сообраќајот е во прекин.https://www.facebook.com/100002733974915/videos/1725822164185566/Слична е ситуацијата на регионалниот пат Демир Хисар - Прилеп, кој не е исчистен, а жителите од неколкуте села го користат овој патен правец за да стигнат до градот.https://www.facebook.com/Selo.Barakovo/videos/339414363322319/Од „Македонија пат” велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци во државата.На дел од патиштата како Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка е вклучена забраната за тешки товарни возила, а за останатите возила е потребна зимска опрема.

Македонија | пред 7 години

50058551_294177651273110_9060604505892061184_n

(ФОТО) Во Ѓорче Петров рачно се фрла сол, а улиците се целосно завеани од снег

Неисчистениот снег по улиците им прави проблеми и на возачите  во скопската населба Ѓорче Петров. Улиците се тешко проодни, споредните не се проодни, а возачите мака мачат да стигнат до своите домови.Општината во изминатиов период одвои 800.000 денари за новогодишни календари со логото на општината и икони од светци, но не најде за сходно да обезбеди соодветна механизација за расчистување на снегот. Фотографиите кои го направи „Скопје 1 “ покажуваат на кој начин градоначалникот Александар Наумовски се справува со снежните наноси.Имено, работници рачно фрлаат сол низ улиците за да тие не замрзнат поради ниските температури. Жителите од овој дел на Скопје коментираат дека е ова веќе видена слика и истото се случува во континуитет секоја година.Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски со Општината раководи втора година, а минатата година иако улиците не беа исчистени се правдаше дека тоа не е точно туку дека снежните наноси се големи и затоа на улиците има снег, но и дека истите се безбедни за возачите.Неколку возила кои возеа низ улиците на Ѓорче Петров се излизгаа поради немањето решение за решавање на овој проблем. 

Скопје | пред 7 години

44148853_1976811212377079_4994544011692736512_n

Се одложи седницата: Пратениците утре ќе го менуваат Уставот, Заев ги убедуваше од говорницата

Амандманите кои ги поднесoa, а произлегуваат од Договорот од Преспа, но и барањата на абанските опозициски партии ги образложи премиерот Зоран Заев пред пратениците. Утре во Собранието е финалната фаза, односно гласањето. Седницата нема да продожи по работното време на Собранието кое завршува во 18 часот.Заев од Собранискиот пулт ги убедуваше пратениците утре да ги поддржат измените на Уставот и да го дадат нивниот глас за како што вели тој влез во ЕУ и НАТО.

Македонија | пред 7 години

50244606_643750546042359_6198213385285271552_n

(ФОТО) Партизанска е лизгалиште за возилата

Иако градоначалникот Шилегов пред почетокот на зимата најави дека Зимската служба на Град Скопје е подготвена, сепак тоа не изгледа така на терен.Сообраќајот во Скопје од утрово се одвива отежнато поради врнежите од снег. Возилата се движат бавно и внимателно поради лизгавите улици. Со исти проблеми се соочуваа и граѓаните кои се движеа по тротоарите.

Скопје | пред 7 години

49599779_277305376296982_3090305376940195840_n-1

(ФОТО) Повторно хаос низ улиците, блокиран центарот на Скопје

Низ центарот во Скопје во моментов скоро невозможно да се оди со автомобил. Тотално блокирано на сите страни. Возачите нервозни свират, но не се подмрдуваат од место.Инаку блокадите се поради протесот на ,,Македонија Блокира”, кои започна попладнево пред Собранието на Република Македонија и се уште трае. Исто така дополнителен проблем во сообраќајот предизвика и снегот кој од утрово започна да вее во Скопје. 

Скопје | пред 7 години

makedonka

Македонка во Австралија - својот скап автомобил го возела со над 200 км на час, заврши на суд

Македонката Маргарита Томовска која живее во Австралија ќе одговара на суд поради пребрзо возење. Оваа како што ја нерекуваат ,,Мерцедес мама“, ќе траба да плати казна од 260.000 илјади австралиски долари.Откако ја забележала полицијата на еден од автопатите, таа се обидела да им избега, па бркотницата траела десетина километри, по што била уапсена.27 годишната Маргарита е позната на социјалната мрежа Инстаграм и во дел од австралиската јавност, по фотографиите со скапи автомобили, меѓу кои и со ,,Мерцедесот за принцеви“, како што ја нарекуваат скапата машина.Инцидентот со Томовска се случил во ноември, лани, а судењето се одржа на осми јануари, оваа, 2019 година.

пред 7 години

ohrid-sneg-5

(ВИДЕО) Патот Охрид - Струга затрупан со снег

Патниот правец Охрид-Струга е тешко прооден. Сообраќајот се одвива во зимски услови, а надлежните дури во попладневните часови излегоа на терен и делумно се прочистува коловозот.Со оглед на тоа што во Струга има поинтензивни снежни врнежи таму ситуацијата е уште поотежната, при што снегот кој врне се задржува на коловозот во поголеми количини.На возачите им се препорачува крајно внимателно управување со возилата.

Македонија | пред 7 години

ohrid-sneg-5

Отсечени села на Скопска Црна Гора

Снег врне со променлив интензитет на територијата на целата држава и истиот веќе почна да прави проблеми. На одредени патишта, поради ниските температури постои опасност од појава на голомразица. Од центарот за управување со кризи велат дека неколку дена селата Брест, Малино и Танушевци се отсечени поради снежните наноси на патот до нив. А селото Танушевци нема електрична енергија и екипите на ЕВН се спречени да го отстранат дефектот.Од АМСМ велат дека сообраќајот се одвива во зимски услови, со забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку Стража, Стуга- Ќафасан и Тетово – Шапка каде што за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема. Од таму препорачуваат доколку се патува да се вози крајно претпазливо.Новата снежна покривка ќе биде од 10 до 30 сантиметри, а на планините во западните делови и над 50 сантиметри.

Македонија | пред 7 години

sneg-nurkac

(ФОТО) Нуркање на снег

Сите на различен начин го дочекаа снегот во Охрид, му се израдуваа и нуркачите. Од Нуркачкиот центар Акватек откако се израдуваа на снегот влегоа и во езерските води.Погледнете дел од подводната убавина на Охридското Езеро, додека целата надворешност е покриена со прекрасна бела снежна покривка, на температура од околу -1 степени Целзиусови. Инаку од Нуркачкиот центар Акватек и годинава традиционално 6-та година го организираа Подводниот Дедо Мраз во Охридското Езеро.

Македонија | пред 7 години

roditelska-soba-1

Родителите кои имаат деца со подолг престој во болница во Скопје ќе може да престојуваат во „Родителската куќа“

„Среќен сум што денеска ја отворивме „Родителската куќа“, со која ќе им помогнеме на родителите што не се од Скопје да имаат топол привремен дом за да можат да им бидат најголема поддршка на своите деца кои се на подолг престој во болница и се борат со канцер на хемато-онколошкото одделение. Нема да дозволам повеќе родителите да спијат кај роднини, по околните подруми во куќите околу клиниките и автомобилите, додека нивните деца се борат за живот. Отсега, тие ќе имаат свој дом. Но, исто така, родителите ќе имаат и психолошка поддршка која е најважна за нив во тие моменти“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.Како министер, здравствен работник и родител ќе сторам се за децата, бидејќи тие се нашиот најголем приоритет. Изградбата на „Родителската куќа“ е заеднички проект на Министерството за здравство и Здружението на граѓани „САНО“ од Скопје. Инаку во родителската куќа изградени се четири апартмани во кои ќе има комплетно уредени бањи. Родителите кои ќе престојуваат во куќата ќе може да ги користат заедничките простории како кујна, трпезарија и дневна соба. За децата кои ќе престојуваат во оваа родителска куќа ќе има посебно опремена соба за едукација и разонода, како и библиотека. Престојот во куќата и појадокот ќе биде бесплатен, а во куќата ќе може да престојуваат само оние родители кои ќе добијат препорака од одделенските лекари и директорот на Детската клиника, каде се лекуваат децата.

Скопје | пред 7 години

6-2

Неизвесно дали ќе поминат уставните измени - преговорите траат

Договор за обезбедување 2/3 мнозинство за уставните измени се уште нема информираат од крилото на Беса на Касами. Преговорите запнаа кај амандманот на Беса кои бараат да се избрише зборот македонско државјанство и да стои државјани на Северна Македонија, објави Телма.Работните групи на Владата и претставници на Беса се во постојан контакт и незивесно е каков епилог ќе има до почетокот на пленарната седница. Од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ брифираат дека доколку се направат какви било остапки во делот на државјанството тогаш тие нема да дадат подршка на амандманите затоа што токму тоа се смета како придобивка на нашата држава при склучувањето на Договорот од Преспа.Текстот во целост на овој линк.

Македонија | пред 7 години

krv

Во какви кеси се складира крвта од крводарителските акции?

Јавната здравствена установа Институтот за трансфузиона медицина нема правилен систем за документирање и контрола на приемот обработката и издавањето на крвта која е собрана преку крводарителски акции, констатирал Државниот завод за ревизија. Во извештајот за оваа јавна здравствена установа ревизорите утврдиле скандалозни сознанија за начинот на кој се чува даруваната крв. Поради тоа, стои во извештајот, се елиминира значително количество на крв и крвни деривати, објави фактор.мк.Според изештајот кој е објавен деновиве, на крајот на 2017 година, по основ на крводарителски акции за собирање крв на соодветната позиција во финансискиот извештај на Институтот е искажано салдо од 13,4 милиони денари. Сепак од страна на службите на Институтот не биле доставувани соодветни приемници и испратници при приемот и издавањето на крвта како и во фазата на производството на крвните деривати. Ревизорите велат дека има отсуство на контрола.Целиот текст на Фактор.мк

Македонија | пред 7 години

krizen-stab-ohrid

Општина Охрид се справува со снегот

Вршителот на должност, градоначалник Константин Георгиевски , утрово одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб, директорите на јавните претпријатија и претставници од Територијалната противпожарна единица со цел преземање на активности и мерки за непречено движење на пешаците и одвивање на сообраќајот на територијата на Општина Охрид, во услови на снег.Од утрово екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ со работна сила и механизација се излезени на терен и со координирани активности работат на расчистување на уличната патна мрежа во населените централни градски подрачја и периферијата.Екипи на ЈП „Проаква“-РЕ Водовод- Охрид, веќе го расчистија патот за с.Елшани, работат на патот кој води кон с.Коњско, а потоа ќе се расчистуваат и патиштата кои водат кон селата Велестово, Горно и Долно Лакочереј, Орман, Рамне и сите останати рурални средини.Екипите на ЈП „Билјанини Извори“, покрај тоа што работат на расчистување на паркинзите со кои стопанисуваат, вклучени се и во расчистување на тротоарите во централното градско подрачје.Екипи на останатите јавни претпријатија, потпомогнати со механизација и работна сила од рано утрово вршат расчистување на снегот по тротоарите низ целата територија на Општина Охрид.Екипи на ангажираните компании со кои е склучен договор за зимско одржување, го расчистуваат снегот и ги посипуваат со ризла, патните правци кои водат кон селата Куратица, Речица,Свињишта, Завој, Опеница, Косел, Вапила, Ливоишта, Вапила-Расино и Вапила-Сирула.Покрај механизација, од страна на јавните претпријатија, формирани се и работни екипи за расчистување на тротоарите и посипување со ризла,со цел непречено движење на пешаците.Согласно утврдениот план за работа, веќе се расчистуваат тротоарите во централното градско подрачје. Се расчистува чаршијата, плоштадите, улиците „Македонски Просветители“ и „Туристичка“, населбата Воска со улицата „Гоце Делчев“, улиците „Питу Гули“, „Јане Сандански“, „Сирма Војвода“, „7-ми Ноември“, „Марко Нестороски“ и „Кленоец“.Од раните урински часови, се работи на расчистување на пристапните патишта кон детските градинки, основните и средни училишта, Општата Болница, Здравствен Дом „Маларична“ и меѓуградската автобуска станица.Општина Охрид упатува апел до сите граѓани, согласно законот за јавна чистота да вршат расчистување на снегот пред своите објекти, и да не го фрлаат на коловозните ленти, со цел непречено одвивање на сообраќајот. Со намера расчистувањето да се одвива непречено, охриѓани треба да ги отстранат своите возила од јавни површини, тротоари и улици.Активностите за расчистување на снегот ќе траат во текот на целиот ден. На терен ќе биде и в. д градоначалникот Константин Георгиески, кој во текот на денот ќе одржува и наредни работни состаноци со надлежните служби.

Македонија | пред 7 години

protest-1

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на протестите, но претходно демонстрантите го обвинија Мицковски дека дошол да се слика

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на протестот кој околу 12 часот започна пред Собранието на Република Македонија.Демнстрантите побараа од Мицкоски да се обрати пред присутните, но тој ги одби.Тие му рекоа дека дошол само да се слика, го прашаа да не сака црвен тепих.Демонстрантите исто така му му рекоа на Мицкоски декаколку не се обраќа му порачаа да си замин, бидејќи те не се таму за сликање, туку за одбрана на Македонија.  

Скопје | пред 7 години

press-vlada

Хеленик Петролеум ја тужи Македонија, бара оштета од 32 милиони долари поради непочитување на договорот за купување на мазут

Македонската Влада почнува процес на преговори со цел цел да се изнајде решение што ќе ја намали потенцијалната штета на Буџетот на Република Македонија, доколку државата го загуби арбитражниот спор со Хеленик Петролеум за отшетно побарување поради неисполнети обврски за набавка на 500 илјади тони мазут годишно во периодот од 2008 до крајот на 2011 година.Станува збор за оштета од 32 милиони долари поради непочитување на договорот за купување на мазут. Од 2007 до крајот на 2011 година до кога работеше рефинеријата, државата според договорот имала обврска да набавува по 500 илјади тони мазут на годишно ниво.Државата во овој период не ја исполнила својата обврска, за што Хеленик Петролеум сега бара оштета од државата. Владиниот потпарол вели дека започнати се преговори со грчката компанија за да се намали висината на оштетата која што Хеленик петролеум ја бара од државата.„Во момемнтов владата започнува процес на преговори со цел да се изнајде решение со која ќе се намали потенцијалната штета врз Буџетот на Македонија направен пред повеќе од 20 години“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.Ова не е прва тужба која што ја има Македонија од Хеленик Петролеум. Во 2007 година изгуби ваква арбитражна постапка бидејќи од 1999 до 2007 година не ја исполнила својата обврска според договорот за ОКТА, односно не купувала по 500 илјади тони мазут годишно.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања