Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Без вода неколку улици во Карпош

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека поради двоење во шахта на водоводна мрежа со пречник 1 цол на ул.Варшавска бр.38, денес без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата улица и од улиците Хелсинки, Мексичка и Ташкентска. (Опш.Карпош).

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта потроши 7 милијарди буџет, а не презема ништо против загадувањето

Македонија се гуши во смог. Нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички во текот на ноќта во градовите низ државата изнесуваше и до десет пати над дозволеното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев ја зацрни државата. Ветуваше почист воздух откако ќе ја преземе власта, за две години потоа тој и неговите министри и градоначалници да спијат во собраниските клупи, играат игри на телефон, но и да даваат изјави дека не ги интересираат граѓаните.Потрошија 7 милијарди буџет, а не преземаа ништо против загадувањето. Две години од животот на граѓаните поминаа, а власта не спроведе ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека, наместо решенија се вадат на излитени фрази дека не е можно решение веднаш, сосема спротивно на она што го говореа од опозиција.„И додека власта не презема ништо, болниците низ државата се полнат со пациенти со срцеви и белодробни проблеми, настанати како последица на загадувањето.Граѓаните се директна жртва на негрижата на власта. Ова не смее да продолжи потребни се итни мерки кои ќе го намалат задувањето. Потребно е итно и забрзано отпочнување на проектот гасификација ма целата територија на државата.Граѓаните имаат право на чист воздух, а тоа е обврска за власта.СДСМ нема веќе простор за поправање. Со секој поминат ден со оваа власт, штетите по државата се се поголеми. Токму затоа СДСМ мора да си замине. Црнилото мора да биде победено! Зората ќе изгрее за Македонија“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја дел од Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Ѓорче

ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на ден 25.12.2018 година, без електрична енергија ќе останат:Од 13:30 до 15:30 часот, корисниците од ул.Првомајска, подулица 18 (опш.Кисела Вода – Скопје);Од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов, поулица 52 во нас.Лисиче; Од 11:30 до 13:30 часот, корисниците од ул.Ѓорѓи Капчев, подулица 1 (опш.Аеродром – Скопје);Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Скупи бр.3А – позади Олимпико (опш.Карпош – Скопје);Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.52 во Стопански Двор (опш.Ѓорче Петров – Скопје);

Скопје | пред 7 години

sobranie-2

Отстранет кампот на ,,Македонија блокира“ од паркот спроти Собрание

Утрината комунални служби ги чистеа остатоците од кампот на групата која под покровителство на ,,Единствена Македонија“ на Јанко Бачев, неколку месеци кампираше во ,,Жена парк“, спроти Собранието на РМ, пишува Ако.мк.Импровизираните камп куќарки, шаторите и другите реквизити се отстранети во текот на ноќта. Демонстрантите што престојуваа тука повеќе месеци ги нема.Тие во текот на изминатиот период, секој ден попладне ја блокираа сообраќајницата пред македонскиот Парламент, поради промената на името и уставните измени.Но, тоа предизвикуваше голем револт кај граѓаните, бидејќи се работеше за неколку демонстарнти, а често улицата беше блокирана само со неколку пластични гајби или клупи од блискиот парк.

Скопје | пред 7 години

20181225094346

Заев: Да ги дочекаме идните денови исполнети со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар

Премиерот Зоран Заев, присуствуваше на црковната служба со која по повод празникот Христово раѓање – Божик, во храмот „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје чиноначалствуваше д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во Македонија.На мисата во централната католичка црква во Скопје, присуствуваа и членовите на Владата – заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи, и заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев.По повод празникот Христово раѓање – Божик премиерот Заев упати писмо со честитки до сите припадници на Католичката црква и до сите Христијани што денеска го слават Христовото раѓање, во кое се вели:„Убавината и топлината на пораката за Божик – Христос се роди, нека ги исполни уште еднаш со радост и топлина срцата на сите верници од Католичката црква и православните Христијани кои денеска го слават големиот празник – Христовото раѓање. Нека се исполнат со духот на Божик домовите на сите со мир во душите и со радоста на живеењето, и нека не поттикне таа радост со љубов да ја споделиме со најблиските, со пријателите и со секој добронамерник. Да му помогнеме на секој обесхрабрен и неутешен.Така ќе ја шириме и пораката на Богомладенецот кој стана човек за да го види светот со нашите очи, но постојано да не потсетува дека во милосрдието и солидарноста со другиот се остваруваме во личности според неговиот образ. Радоста за време на празникот на Христовото раѓање нека ги поврзе сите граѓани на нашата земја и нашите сограѓани во светот. Со благословот на овој голем христијански празник да ги дочекаме идните денови во нашите домови и заедници исполнети со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар“, пишува во писмото по повод празникот Христово раѓање – Божик, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

htrrrr

Кекеновски: На Македонија и треба претседател кој нема да го потпише Преспанскиот договор

На Македонија и треба кандидат за претседател кој нема да го потпише Преспанскиот договор и ќе ги почитува резултатите од неуспешниот референдум, смета професорот и лидер на движењето ФРОДЕМ, Јове Кекеновски. Според него, потребен е консезус на целата опозиција околу еден кандидат кој треба да потекнува од народот и да е близок на народот.„Кандидатот треба да е човек кој е чесен, храбар, достоинствен, спремен во секој момент да се соочи со предизвиците како и да ја понесе одговорноста, човек кој ќе се бори правдата да ги стигне сите сторители на криминални дејанија и сторени зла без разлика на која партија и припаѓаат како и конфискација на нелегално стекнатиот имот,кандидат кој по своето убедување е легалист и легитимист, кој ќе бара доследно почитување на Уставот и законите, симболите на државата и почитување на институциите на системот, кандидат кој нема да ги потпише донесените неуставни закони и Преспанскиот договор и ќе ги почитува резултатите од консултативниот (неуспешен) референдум, човек кој во иднина со својата чесност, правдољубивост, барањето за еднаквост на сите пред законите како и почитување на различитостите ќе го симболизира државното единство, кандидат кој ќе побара морална и кривична одговорност за сите оние кои во името на славољубието и личните интереси го обезличуваат, понижуваат и делат сопствениот народ, кандидат кој ќе побара под итно истрага за сите високи функционери кои одработуваат за странски служби и интереси“, смета Кекеновски

Македонија | пред 7 години

voz-avtobus-2

Машиновозачот на возот кој преполови автобус кај Ниш побарал психијатриска помош

Погребани петмината патници од „автобусот на смртта“ .Човекот кој управувал со композицијата со судирот со автобусот по трагедијата отворил боледување поради шок и стрес.Како што неофицијално дознава „Блиц“, се работи за помлад човек, на кого состојбата му се влошила по трагедијата и побарал психијатриска помош. Еден од неговите колеги, кој побарал да биде анонимен, во разговор за „Блиц“, вели дека колку и да се машиновозачите во ткот на школувањето подготвени за вакви работи, стресот не може да се изостави.-Кога ќе се одлучиме за овој повик, свесни сме што се може да не чека на пругата. Во овој случај, ќе се осмелам да кажам дека колегата не можел ништо да направи. Страшно е кога одеднаш пред себе ќе видите возило како стои, а уште повеќе кога се работи за полн автобус. Секако дека му е тешко, потресен е, но не можеше ништо да направи, вели за „Блиц“ колегата на машиновозачот.Од „Србија возови“ за „Блиц“ рекле дека вработениот отворил боледување и дека телефонот му е исклучен.Колегата на машиновозачот додава дека ретко кога трагедијата може да се спречи и апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни.

Свет | пред 7 години

zemjotres

Земјотреси во Вршац и Закинтос

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во Србија.Според информациите, земјотресот бил во 7:33 часот со епицентар во регионот на Вршац.Земјотрес со интензитет од 4.6 степени според Рихтеровата скала бил регистриран рано изутринава и во Јонското Море, на 48 километри јужно од грчкиот остров Закинтос, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.Меѓутоа, според Европско-медитерански сеизмолошки центар, како што јави дописничката на МИА од Атина, земјотресот, што се случил во 3.41 часот по локално време (2.41 часот по средноевропско време), бил со јачина од 4.8 степени според Рихтер.Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.Закинтос на 26 октомври беше погоден од силен земјотрес со интензитет од 6.4 степени, што предизвика материјална штета, а оттогаш во Јонското Море често се регистрираат помали потреси.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Охридските советници ќе избираат в.д. градоначалник

Денес со почеток во 11 часот ќе се одржи вонредна седница на советот на општина Охрид каде на дневен ред избор на вршител должност градоначалник на општина Охрид.Се очекува советничкото мнозинство да го даде својот предлог за вршител на оваа должност, по што ќе се побара поддршка и од останатите советници.Од страна на советничкото мнозинство ќе биде предложен актуелниот заменик градоначалник, Константин Георгиевски.Во моментов во општината нема овластен потписник и администрацијата не може да прими плата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Честитка од претседателот Иванов до верниците кои го прославуваат католичкиот Божиќ

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.-Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови да Ви го честитам големиот празник на Христовото раѓање – Божиќ.Рождеството Христово – Божиќ како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството го симболизира новиот живот кој значи нов почеток и нова надеж. На овој важен ден имаме можност да се потсетиме на основните човечки вредности, да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме во хармонија и да шириме радост, љубов и добрина.Да направиме сè и на овие празници различностите да не зближат, а вредностите кои нè обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме.Во духот на долговековната традиција, посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, во кругот на најблиските исполнети со љубов и топлина.Нека ве следи добра мисла, Божиќен и човекољубив дух, се наведува во честитката на претседателот Иванов.

Македонија | пред 7 години

48967469_997046760481268_4810095554539290624_n

Премиера на балетот „Ана Каренина“

Македонската опера и балет вечер од 20 часот премиерно ќе го изведе балетот во два чина „Ана Каренина“ според романот на Лав Толстој, на музика на Петар Илич Чајковски. Кореограф е Лео Мујиќ од Хрватска, а диригент Бисера Чадловска.Ликот на Ана Каренина ќе го игра Мими Поп Алексова-Атанасовска, во алтернација со Марија Кичевска-Шокаровска. Во ликот на Вронски ќе настапи Бобан Ковачевски, Каренин ќе биде Васил Чичијашвили… Сценографијата е на Михајло Стојановски и Сашо Стојановски, костимограф е Александар Ношпал. По премиерата вечер, балетот „Ана Каренина“ репризно ќе биде изведен на 29 декември, а потоа на репертоар од февруари.МОБ најави дека симбиозата на два руски великана во класичната литература и музика, Толстој и Чајковски, е преточена во современа претстава од 21 век, која е сепак во класични рамки и со богата балетска лексика.Кореографот Мујиќ,  кој првпат работи во Македонија, за изборот познатото класично дело од крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век да биде основа на претставата, на прес-конференција рече дека покрај нови, балетот мора да опслужува и класични литературни и музички дела.– „Ана Каренина“ припаѓа во опусот на општата култура. Експлоатирана е и во други медиуми – во театар и филм, но може да најде место и во балетот. Она што сè уште ја привлекува  публиката е приказната, односот меѓу ликовите и драмското дејство. А сето тоа  на прекрасна симфониска музика и делници тешки за свирење кои не се изведуваат во балет. Спојот ќе донесе прекрасна претстава, истакна Мујиќ.Чајковски во својот опус често бил инспириран од делата на руската и светска класика, а никогаш не искористил дело од Толстој. Но, за  романтична приказна во „Ана Каренина“, која обработува вечни теми како љубов, прељуба, љубомора, одмазда, трагедија, музиката на Чајковски, според МОБ,  била најсоодветен избор.Диригентката Бисера Чадловска посочи дека во претставата се искористени најубавите и познати делови од симфониите на Чајковски кои, рече, отсекогаш сакала да ги работи и дека со овој балет се исполнува нејзината дамнешна желба. Меѓу делата на Чајковски е и светски популарниот Концерт за виолина кој е многу тежок за изведба и, како што рече, се нафатил да го отсвири нивниот концерт-мајстор Климент Тодоровски.

Македонија | пред 7 години

majka-ubila-kerkata

Мајка монструм - Ја убила ќерката за да му се одмазди на попранешниот сопруг

Мајка ја убила својата ќерка поради одмазда на поранешниот сопруг, во градот Рентон, Вашингтон. Светлана Лаурел (52) ѝ пукала во својата ќерка во главата, додека девојчето, Натали (14) се обидувала да повика полиција бидејќи мајка ѝ ги врзала нејзиниот татко и брат.Лаурел се појавила во домот на поранешниот сопруг, а внатре ѝ дозволил да влезе нејзиниот син (12).Кога момчето ја пуштило внатре, го однела во собата каде што го врзала и му ставила чорапа во устата. Му се заканила дека ќе пука со пиштол ако вреска, а постојано му зборувала дека неговиот татко ѝ го уништил животот.Кога Натали и нејзиниот татко, Мајк, се вратиле во куќата, Светлана држела електрошокер и го употребила врз својот поранешен сопруг, пред да го врзе.https://twitter.com/EMP_newsmedia/status/1075258991859515393?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1075258991859515393&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F292514%2Fvlegla-vo-kukata-na-poranesniot-soprug-i-brutalno-ja-ubila-kerkata-devojceto-14-sakalo-da-im-pomogne-na-tatkoto-i-bratot-a-majkata-ladnokrvno-pukala-vo-glavataНатали наводно отишла на другиот спрат, во својата спална соба и повикала полиција.Тогаш се одиграла крвава драма, после која стигнала полицијата и ја уапсила Лаурел.Одбиена ѝ е кауција, а покрај убиството, ќе одговара и за киднапирање и заробување.

Свет | пред 7 години

20374449_1432022750220815_2576309685868234324_n

Мери Николова Буџаку: Заев ти си најголем лажго, на наредни избори јас прва ќе застанам против тебе

Активистката Мери Николова Буџаку преку својот Фејсбук профил му се обрати на премиерот Зоран Заев, со зборовите дека е најголем лажго и дека на наредните избори таа прва ќе застане против него.„Заев ти си за мене најголем лажго. Зошто? Затоа што ме гледаше во очи и ме лажеше. Не си ти тој вистинскиот како што ја покажуваш твојата лажна насмевка во јавноста. Да нема забуна, мојата критика не е за работа, за болест се работи, поточно за ретка болест за која нема лек и ништо од ветеното Зоране. Здравството ти е дно. Многу сум ти лута. Никогаш во иднина нема да те поддржам и запамти, ,,воините никогаш не спијат,,.Поради тој очај и мојата гордост се одјавувам од фб со моја активност на статуси се до наредни избори кога јас прва ќе застанам против тебе. Еднаш човек кога ќе ме повреди никогаш не му простувам. Јас во свој стил ќе ти вратам. А тие што лижат газови ќе се пензионират како лижачи, можете и таков закон по брза постапка да изгласате во собрание“, стои во објавата на Фејсбук

Македонија | пред 7 години

sudenje-4

Обвинетите за смртта на Саздо бараат да не одговараат за убиство, нивните семејства на протест

Семејствата и роднините на лицата кои се обвинети за убиството на младиот Никола Саздовски, незадоволни од судскиот процес, најавуваат дека ќе протестираат и повикуваат граѓани да им се придружат на нивниот, како што го викаат, протест за правда, пренесува порталот на албански јазик “Алмакос”.-„Длабоко огорчени со преквалификација на предметот за случајот “Саздовски”, ние семејствата на Бесир Бела и Скендер Демири, ја известуваме јавноста дека на 25.12.2018 (вторник) во 10:30 часот – за време на седницата ќе протестираме пред Основен суд Скопје.Ве повикуваме сите граѓани да ни се приклучите на нашиот протест за правда, бидејќи базирани на сите докази на обвинителството што ги поседува судот, нашите момчиња не можат да се класифицираат како свирепи убијци. Бараме судот да биде ист за сите граѓани, а не за некои мајка за некои маќеа. Да се засноваат на факти и да не бидат под влијание на политички притисоци и да нема реванш против некои “граѓани кои припаѓаат на други етнички групи” соопштуваат семејствата.

Македонија | пред 7 години

meksiko-nesrekja1

ФОТО: Во пад на хеликоптер загинаа гувернерка на Пуебла и нејзиниот сопруг сенатор

Гувернерка на Мексико и нејзиниот сопруг сенатор, загинаа денес во пад на хеликоптер во централно Мексико, јавуваат локалните медиуми.Гувернерката на мексиканската држава Пуебла, Марта Ерика Алонсо и нејзиниот сопруг Рафаел Морено, кон претходно бил гувернер на истата држава, загинале откако хеликоптерот полетал од хелиодором, пренесува Ројтерс.Мексиканските медиуми објавуваат снимки од лице место, на кои се гледа дека хеликоптерот кој е целосно уништен.За сега не е познато колку лица се наоѓале во леталото.Ерика Алонсо станала гувернерка пред две недели.

Свет | пред 7 години

nikola-sazdovski

Продолжува судењето на обвинетите за убиство на Саздовски

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски.Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.Тие му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако им ја покажал неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите, нанесувајќи му тешки телесни повред, од што паднал во кома.Од здобиените повреди Саздовски на 9 јули годинава почина на КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за смртта на Саздовски, откако првичната квалификација наиде на бурни реакции од јавноста. Па така наместо за кривично дело „насилство“ против тројцата осомничени се води истражна постапка за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“.Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот, распишана е домашна и меѓународна потерница.

Македонија | пред 7 години

etna

(ВИДЕО) Лава и пепел, се активира ЕТНА, најголемиот вулкан во Европа, предизика над 130 емјотреси

Најактивниот европски вулкан Етна еруптираше денеска, предизвикувајќи повеќе од 130 земјотреси извести деенеска Националниот институт за геофизика и вулканологија , со земјотреси со просечна јачина од 4 степени. Нема информации за повредени . Локалната опсерваторија соопшти дека лавата избива од нова пукнатина. Италијанскиот вулкан Етна , најголемиот и најактивен во Европа почна да исфрла големи количества пепел , а поради заштита превентивно е затворен аеродромот во Катанија.Вулканот е висок 3 330 метри и може да еруптира неколку пати годишно , исфрлајќи лава и пепел наде медеитеранските острови.Последен пат Етна еруптирал 1992 година.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Студено и ветровито време, следи пад на температурите

Времето во Македонија ќе биде Променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Дневната температура нема да се разликува во однос на утринската, а на повисоките места дополнително ќе опаѓа.Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 3 степени, Маврово -6, Охрид 1, Битола 1, Крива Паланка -1, Берово -2, Кавадарци 3, Дојран 6…Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури.

Македонија | пред 7 години

SPYRIDON

Од клендарот на МПЦ - денеска е Св Спиридон

Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен с ѐ до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт.Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше самиот лично. За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе. Со Божјата сила покажа големи чуда: низведе дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги виде и ги слушна ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обрати во вистинската вера итн. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето просто но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги изврши, голем број еретици ги врати во Православието. Беше облечен толку просто, што кога еднаш поканет од царот сакаше да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удри шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го заврти и другиот образ.Откако Го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им покористи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господ во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Снег провејува во Крива Паланка и Делчево, коловозите на патиштата влажни

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.„Слаб снек провејува во К.Паланка и Делчево-граничен премин Делчево, кој не се задржува на коловозот.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Спасовски: Груевски не му побегна на МВР, јавното обвинителство да излезе и да каже зошто тоа се случи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше гостин во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки каде министерот Спасовски истакна дека деталите ќе бидат споделени со јавноста кога истрагата ќе биде целосно завршена, но и дека вината не ја лоцира во МВР, пишува 1ТВ.„Груевски не му побегна на МВР. Тоа е фактичка состојба. Јас не говорам за префрлување на топка, туку за овој случај да видиме каде ни е поразен тој систем, за да може понатаму преку законски механизми, да не ни се случуваат вакви настани. Има многу прашања кои можам јас лично да ги поставам, но сакам да заврши до крај истрагата и јавното обвинителство да излезе и да каже зошто тоа се случи“, рече министерот и се надоврза дека тој, неговото семејство, но и соработниците постојани добиваат закани по животот.Исто така тој истакна дека секојдневно добива закани Секојдневно добива закани по живот, но и закани за неговото семејство и неговите соработници.„Ние поминавме тежок период, не само како семејство и како структура која влезе во МВР во период на ВМРО-ДПМНЕ на власт и во исто време да направиме се, да ги земеме сите материјали за да помогнеме на СЈО и да обезбедиме докази. Тука работевме сите заедно. Сите закани кои ни беа упатени, ни беа поголем мотив да истраеме во нашата битка“.

Македонија | пред 7 години

katolici-bozik

Католиците го слават Раѓањето Христово – Божиќ

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ. Традиционално, во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божиќ на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака.– Божиќ е. Никогаш не е доцна да се вратиме и обратиме кон божикното таинство. Кој е условот да си го погледнеме срцето и во него да ги исчистиме сите нечисти мисли на оваа хедонистичка цивилизација и да се обидеме барем да се покаеме за својата себичност, комотност, менталитет, уживање. Тоа покајание нека ни ја отвори вратата на срцето за да можеме со чисто око да го дочекаме секое новороденче на кое Бог му дарува живот. Да го направиме своето срце и оваа ноќ такво и како пастирите да бидеме, не затоа да ги празнуваме со своето богатство, туку со својата едноставност да ги прифатиме малите и сиромашните, бидејќи не знаеме кај кого вечерва ќе тропнат на врата Јосиф и Марија носејќи го Исуса.Отворете ги ширум вратите Христос слободно да влезе во нашиот живот, во нашата историја. Честитајќи ви го празникот Рождество Христово, токму тоа го посакувам. Ја посакувам едноставноста на пастирите, верата на светото семејство, да го прифатиме Христос Спасителот и ширум да ги отвориме своите срца кон проблемите на денешнината во кои малите молат и имаат право на живот. Најголемиот Божиќен дар што ни го обзнани Светиот отец папа Франциск е дека на 7 мај следната година ни доаѓа во пасторална посета на нашата татковина. Молејќи пред новородениот цар посакувам оваа посета да ни донесе неизмерен мир и благослов. Среќен Божик. Мир Божји, Христос се роди, истакна бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Владата, Зоран Заев, со сопругите, вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерите за економски прашања и за европски прашања, Кочо Анѓушев и Бујар Османи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, политички партии, верски заедници…Божиќ денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Македонија | пред 7 години

branko-ognjanovski-mile-panika

Бранко Огњановски прогласен за заслужен граѓанин на општина Карпош

На предлог на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, за заслужен граѓанин за идната година советниците го изгласаа Бранко Огњановски, познат како Миле Паника, кој освен што е долгогодини граѓанин на Карпош е и еден од најафирмираните сатиричари кај нас, соопштија од Општината.На денешната седница на Советот беше изгласан и буџетот за следната година во износ од околу 911 милиони денари, или приближно 14,8 милиони евра, што во споредба со последниот ребалансиран е покус за 477,6 милиони денари или 7,7 милиони евра.„Инаку, ваквата рационализација на буџетот дојде по дополнувањето на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа кој го изготви Министерството за финансии со кој на единиците на локалната самоуправа им се стави ограничување на зголемување на буџетите најмногу до 10% од просечно остварените приходи во последните три години. И покрај тоа што во следната година стартуваме со ‘штедлив’ основен буџет, според зборовите на градоначалникот Стефан Богоев, вратите за капитални инвестиции во општината не се затворени, туку напротив, општинската администрација ќе работи и веќе работи на подготовка на проекти за улици и патишта, за изградба на фекална и атмосферска канализација, кои очекуваме, во целост да се финансираат од Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

49010903_10156918835882290_1669420227080749056_n

Да и помогнеме на 11- месечната Бисера Здравковски, итно се потребни две операции

Да бидеме хумани и да и` помогнеме на малата Бисера Здравковски на која и е откриена ретка вродена срцева аномалија. Итно се потребни две операции во Германија.Нејзиното семејство ги замолува сите хумани граѓани да донираат за 11- месечната Бисера.https://www.facebook.com/goran.zdravkovski.7/posts/10156918835942290

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Прогласени најдобрите трговски објекти за 2018 година

Градот Скопје и агенцијата „SWOT Research“, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата по пат на тајни купувачи, и годинава ја продолжија традицијата и го избраа најдобриот трговски објект во Скопје во рамки на проектот „Месец на трговијата”. Плакетите на најдобрите, денеска ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.- Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2018 година. Неговата цел е да го поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата во повеќе дејности на ниво на град Скопје. Со задоволство истакнувам дека Скопје има со што да се пофали. Без разлика дали станува збор за бутици, салони за мебел, супермаркети или продавници за домаќинство, ги следиме светските трендови и напредуваме во секој поглед. Ве охрабрувам да продолжите да се борите, иако знам дека не е секогаш лесно. Тука сме за вас секогаш кога ќе ви биде потребна поддршка, бидејќи кога напредувате Вие, напредува и Градот – рече денеска Тодоров.Тој упати благодарност до Агенцијата „SWOT Research” за успешната реализација на овој проект.За најдобри трговски објекти за 2018 година се избрани следните:Категорија „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“1. Горење2. Нептун3. ЕлипсоКатегорија „Модни додатоци и накит“1. Божиновски2. Сигма3. АБ бижутеријаКатегорија „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“1. Дел стор2. Ај Стаил3. Duna iStoreКатегорија „Парфимерии и козметика“1. Ри – Ма2. Анабела3. ЛогонаКатегорија „Салони за мебел“1. Стиллес2. Акрон3. Кристина ДамилКатегорија „Супермаркети“1. Рамстор2. Гранап3. ВероКатегорија „Бутици“1. Тудорс2. Ламас3. Бонати ФиореКатегорија „Домаќинство“1. Технополис2. Лусо3. JyskПризнанието најдобар трговски објект во Скопје годинава се доделува по 12-ти пат.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања