Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

3-4

Џафери-Ручи: Иднината на Западен Балкан е влез во големото европско семејство

На покана од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, Делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Албанија, г. Грамоз Ручи, е во официјална посета на Република Македонија. Претседателот на Собранието, г. Ручи, беше дочекан со високи државни почести, а првата средба на оваа официјална посета се оствари со домаќинот, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери. Посакувајќи му добредојде на својот хомолог, претседателот Џафери истакна дека за негопретставува особена чест да оствари средба со земја  пријателска Албанија, со која имаме одлични билатерални и мултилатерални односи и потенцираше дека парламентарното мнозинство се залага за добрососедска политика и евроатлантска интеграција. Притоа, ја поздрави поддршката што Република Албанија како членка на НАТО ѝ ја дава на Република Македонија и изрази надеж дека оваа поддршка ќе продолжи со зголемен интензитет особено во претстојните месеци кога се очекува финализирање на евроатлантската интеграција на Република Македонија со нејзино полноправно членство во НАТО.Во однос на евроинтеграциските процеси на двете земји, и двајцата претседатели истакнаа дека е потребна континуирана взаемна поддршка, бидејќи иднината на Западниот Балкан е влез во големото европско семејство на сите земји кандидати од овој регион. Двајцата соговорници разговараа за актуелните случувања во двата парламента, како и за предвидените парламентарни активности во наредниот период и заеднички констатираа дека двата парламента треба да ја зајакнат соработката на ниво на групи за соработка, комисии и на административно ниво.Претседателот Ручи истакна дека се посветува посебно внимание на малцинствата кои живеат во Албанија, а за тоа добар пример е македонското малцинство во Пустец. Исто така, претседателот Ручи посебен акцент стави на големите предизвици кои Република Македонија ги надмина со успех, како што е референдумот, Законот за јазици, Договорот со Грција, кои се пример и патоказ за една земја која умее да покаже дека е подготвена за полноправно членство во Европската Унија. За време на средбата се истакна дека двете соседни земји споделуваат заеднички интереси во многу области, и во таа насока од големо значење се економските, инфраструктурните и енергетските проекти, како што е изградбата на патот Ќафасан - Елбасан како дел од Коридорот 8, автопатот Елбасан – Дебар, како и железничката врска меѓу двете земји, проекти коишто се во завршна фаза.Двајцата соговорници се согласија дека оваа официјална посета е продолжение на одличната соработка на парламентарно ниво, при што ги охрабрија парламентарните групи за соработка на двата парламента да ги интензивираат односите. 

Македонија | пред 7 години

migranti

Кривична против двајца скопјани и еден Грк поради трговија и криумчарење на мигранти

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата двајца скопјани, едниот на возраст од 28-години со иницијали А.А. и вториот на возраст од 41 година со иницијали Љ.Ш., како и против НН лице од Грција поради постоење основи за сомнение дека сториле кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „криумчарење на мигранти“, согласно КЗ на Република Македонија, велат од МВР.„Пријавените, заедно со лицата А.Н. и Л.С., кои претходно беа опфатени со кривична пријава, заради стекнување на противправна имотна корист, организирале криминална група, со цел вршење на кривични дела криумчарење на групи илегални мигранти од територијата на Грција на територија на Република Македонија. По ова, илегалните мигранти биле прифаќани од страна на членовите на криминалната група предводена од пријавените, ги превезувале кон Кумановско- липковскиот регион, каде времено се засолнувале, а потоа илегалните мигранти се криумчареле кон Србија“, соопштуваат од МВР.Од страна на Судија на претходна постапка на А.А. и Љ.Ш им е одредена и мерка притвор во траење од по 30 дена.

Македонија | пред 7 години

svinja

АХВ: Во Македонија нема Африканска свинска чума

Агенцијата за храна и ветеринарство го демантира известувањето пратено до собирачите на други шумски производи, испратено од ,,Македонски шуми,, ПСШ Демир Капија во кое неодговорно се тврди дека во Република Македонија е потврдена појавата на опасната заразна болест Африканска свинска чума кај диви свињи.„Бараме од одговорното лице во ова јавно претпријатие кое ја дезинформира јавноста и непотребно внесе страв и паника кај граѓаните официјално да ја демантира ваквата дезинформација.Како одговорна институција ја информираме јавноста дека во Република Македонија во моментов нема појава на болеста Африканска чума кај свињите, ниту во фармите, ниту кај популацијата диви свињи.Состојбата со болеста во соседството и во другите земји каде е потврдено нејзиното присуство од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство будно се следи на дневна основа и доколку има нејзина појава и кај нас, Агенцијата навремено ќе реагира и ќе ја информира јавноста“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.Оттаму апелираат до лицата кои собираат шумски производи, или други лица кои по било кој основ ќе најдат мрша од дива свиња, за тоа да го известат надлежниот официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство или најблиското ветеринарно друштво.„Во соработка со фармерите Агенцијата активно работи на зајакнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми со цел спречување на појава и ширење на оваа болест кај нас, а во тек е и реализацијата на активностите за спроведување на попис на свињарските фарми.Бидејќи болеста е потврдена во соседна Бугарија, но и во други земји од Европа и регионот, на сила се решенијата за забрана за увоз од земјите каде е потврдено присуството на болеста. Донесено е и Решение за воведување на безбедносни мерки во однос на болеста Африканска чума кај свињите со кое на сточарите кои одгледуваат свињи им се наложи преземање на безбедносни мерки на фармите.За рано откривање, спречување и контрола на Африканска свинска чума во фармите и во природата и за подигнување на свеста за оваа болест, со поддршка на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство од идната година ќе работи на реализација на проект за подигнување на свеста за болеста Африканска свинска чума кај ветеринарите, шумарските служби, свињарските фарми, фармерите и ловџиите“, велат од АХВ

Македонија | пред 7 години

47349077_348196919302118_5519264864939278336_n

(ВИДЕО) Шилегов од 300 на 800 денари ја зголеми цената на паркинг во Клинички

Советот на Град Скопје на денешната 22-ра седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ЈП „Градски паркинг“. Со усвоените измени на оваа одлука ќе поскапе паркирањето за вработените во Клиничкиот центар, односно вработените во Клиничкиот центар наместо 300 ќе плаќаат 800 денари месечна карта за паркирање во комплексот на Клиничкиот центар.Градоначалникот Шилегов истакна дека се укинува повластената цена од 300 денари и се врши усогласување со цените што ги плаќаат граѓаните за услугите на ЈП „Градски паркинг“ во насока на регулирање на сообраќајниот хаос во рамките на Клиничкиот центар.https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/369122350315467/- На Клиничкиот центар заради евтин популизам се издадени 1.500 месечни карти за кои вработените плаќаат повластени 300 денари во услови кога на паркингот има 670 места. За пациентите или корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг“ на Клиничкиот центар цената останува иста, изјави Шилегов.Шилегов потенцираше дека зголемувањето на цената на месечната карта за вработените ќе придонесе да се намали сообраќајниот хаос во рамките на Клиничкиот центар во ситуација кога се издадени 1.500 месечни карти за вработените, а граѓаните немаат каде да паркираат.

Скопје | пред 7 години

nikola-todorov

Кривична против Тодоров и Кралев, осомничени се дека го оштетиле Буџетот за 80.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против поранешните министри за образование Никола Тодоров и Панче Кралев и против И.Е. – поранешен советник за капитално инвестирање во Министерството и Н.Х. – овластен раководител на сектор во МОН под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетиле државниот Буџет за речиси 80.000 евра, пишува Фокус.„МОН во текот на 2009 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка склучило договор за градење со изведувачот ‘Конструктор инжинеринг’ АД Сплит за реконструкција и адаптација на Домот на АРМ во Охрид за потребите на Универзитетот за информатички технологии. Првопријавениот Н.Т. како министер за образование и наука имал обврска да ги почитува законските процедури наведени во договорот и да го заштити Буџетот на МОН. Второпријавениот И.Е. како советник за капитално инвестирање имал обврска, согласно условите и роковите наведени во договорот, да ја следи реализацијата на договорот за градење и да го известува министерот за образование и наука за текот на изведбата како и за сите настанати проблеми при изведбата. Пријавените и покрај тоа што биле свесни и запознаени за ненавременото извршување на работите од страна на изведувачот во текот на 2009 година не презеле активности за активирање и наплата како и не побарале продолжување на рокот за важност на банкарската гаранција за добро извршување на работите пред истекот на нејзината важност, спротивно на Законот за јавни набавки и договорот со изведувачот – се наведува во соопштението од Финансиската полиција.

Македонија | пред 7 години

kuce

(ВИДЕО) „Анима мунди“: Скопјанец среде бел ден му го застрелал кучето на соседот

Во сабота среде бел ден скопјанец застрелал куче за кое се грижел неговиот сосед во Трубарево со цел да го убие и со образложение дека му ги бркало кокошките. Со пушка го застрлал и оставил кучето да умре, објави „Анима мунди“.https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/510625749420889/„Погледнете го кучето – мало, сосем безопасно кутре кое одвај тежи 10 килограми, застрелано во глава и оставено да се влече и го испушти последниот здив. Неговата среќа во несреќа е што луѓето кои го вдомиле од улица и се грижат за него го слушнале истрелот, повикале полиција и веднаш излегле да го бараат, по што се обидуваат да го спасат. Снимката е вознемирувачка. Снимката е вознемирувачка, но неопходно е да се види со што се соочуваат животните секојдневно и во каква држава ние живееме, затоа што насилството врз нив не е исклучок, туку норма. Бараме најстрога кривична казна за сторителот на ова дело, затворска казна за него и секој друг кој ќе посегне со насилство врз животните. Очекуваме полицијата да постапи согласно пријавата од сопствениците и доказите кои ги затекнале на лице место, пушка која се користела и која освен по кучето е закана за безбедноста на секој поединец“, велат од „Анима мунди“.Оттаму додаваат дека се згрозени што злоставувањето на животните во нашата држава е зад секој агол и на секој чекор, за насилството се молчи или како по правило се неутрализира по важност.„Бараме итно Полиција за животни во Македонија или ополномоштена Служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните во Македонија составена од членови на здруженијата, љубители и активисти кои се единствени кои ваквите деликти ги истражуваат и пријавуваат, додека институциите постапуваат само реактивно, кога мораат – во спротивно одбираат да молчат. Тоа е концепт кој со години го предлагаме да влезе во Законот за заштита и благосостојба на животните, кој се игнорира а кој сега има вистинска можност да се дефинира во законот, бидејќи законот ќе претрпи ревизија и измени.Апелираме до граѓаните кои имаат сознанија за вакви или слични инциденти да пријавуваат во полиција или да не контактираат и ни го проследат секој можен доказ кој би помогнал да поднесеме тужби – на тој начин ќе придонесат ваквото грозоморие да запре.Следете го примерот на луѓето кои пријавија чија хуманост е спасот за ова куче“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Убиство во Драчево: Внук си ја заклал бабата

Грозоморно убиство се случи попладнево во Скопје, во населбата Драчево.Според неофицијални податоци на Пресс24, внук попладнево ја заклал својата баба во Драчево.Засега не се знаат мотивите за убиството, ниту идентитетот на убиецот и жртвата.Случајот нема потврда од МВР.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија ќе дозволи ГМО храна, а истата е штетна за здравјето

Ќе се менува правилникот за генетски модифицирана храна со што ќе се дозволи да се прадава храна со минимални модификации. Агенцијата за храна и ветеринарство до Владата достави предлог Правилник за контрола на спроведување на забраната за производство, увоз и ставање во промет на ГМО храна. Со донесувањето на постојниот закон во 2013. Година, од АХВ било побарано да изготви правилник за поставување на систем за контрола,.Агенцијата за храна планира од септември да почне научна дебата за да се утврди дали има потреба од менување на постојниот Закон за продажба на ГМО храна.Во однос на случајот со генетски модифицираниот кочански ориз, в среда би требало да бидат готови резултатите од земените мостри. Од Државниот инспекторат за земјоделство информираат дека земени се мостри од два поголеми складови во кочанско.Дали точно знаеме што е ГМО?Генетски модифицираните организми може да се дефинираат како организми во кои генетскиот материјал (ДНК) е променет на начин кој не се јавува природно. Технологијата често се нарекува "модерна биотехнологија" или "генетски инженеринг". Таа им овозможува на избраните поединечни гени да се пренесат од еден организам во друг, исто така, меѓу несовршени видови.Како се спроведува проценка на безбедноста на ГМ храна?Проценката на безбедноста на ГМ храна главно се фокусира на: (а) директни здравствени ефекти (токсичност), (б) потенцијал да предизвика алергиска реакција (алергичност); (в) специфични компоненти за кои се смета дека имаат хранливи или токсични својства; (г) стабилноста на внесениот ген; (д) нутритивни ефекти поврзани со генетска модификација; и (ѓ) какви било несакани ефекти кои би можеле да произлезат од вметнувањето на генот.Каква е ситуацијата во Европа и светот?Во ЕУ не постојат специфицирани правила кои го утврдуваат етикетирањето на производите со ознаката ГМО-free. Единственото правило е производите да се во согласност со општите барања пропишани во законодавството кое го регулира означувањето на храната според Регулативата EC 1169/2011. ГМО-free производите мораат, исто така, да се во согласност со правилата за позитивно GMO означување, односно, да не содржат повеќе од 0,9% ГМО и тоа присуство треба да биде случајно или технички неизбежно (согласно Регулативата EC 1829/2003).Пристапот на одговорните институции кои ја контролираат безбедноста на храната по однос на ова прашање во различни земји членки на ЕУ е различен. Некои земји имаат донесено национална регулатива со која е прецизно дефинирана долната граница на детектирани ГМО во производот под која тој може да се смета дека е ГМО-free. На пример, Холандија и Швајцарија се најрестриктивни во однос на ГМО-free означувањето. Во овие земји, содржината на ГМО во производот треба да е < 0,1% за тој да може да се декларира дека е ГМО-free. Во Германија, националното ГМО-free лого ‘Ohne Gentechnik’ може да се користи за прехранбени производи кои содржат помалку од 0,1% ГМО.Од друга страна, Франција, Австрија, Хрватска, Грција и Луксембург имаат пофлексибилни правила и главно се придржуваат до границата од 0,9% ГМО. Во некои земји означувањето на производите е регулирано за закон, а во други има препораки и насоки за ГМО-free означувањето.

Македонија | пред 7 години

protesti-skopje

(ФОТО) Полицијата не му дозволи на демонстрант да блокира крстосница во Скопје

Попладнево објавена е фотографија на социјалните мрежи од денешните протести, која ја згрози јавноста. Имено, на фотографијата може да се забележи како човек кој е дел од демонстрантите, буквално е влечен од две унифомирани лица. Оваа фотографија предизвика лавина од коменатри на социјалните мрежи.„Се срамам, сакаме револуција, сакаме да падне Заев и оваа предавничка влада, ама од дома не излегуваме.Се срамам.....Овој човек на сликава, има поише храброст од сите ПАРТИСКИ к****** во државава.Ова е денес....Патриоти.....да си ја напикаме Патриотшината ...си знаете каде.Умрени сме, зомби, без осет, срам...најлош вид на народ..смрдлив народ.Копуци профитерски кои гледааат само личен интерес. Тоа сме...КУКАВИЦА НАРОД!!!“, стои во објавата на Фејсбук.Има коментари од типот, протститете се мирни, до оние  што толку направи овој човек за вака да биде извлечен од толпата? 

Скопје | пред 7 години

IMG_1458

Македонија и Романија ќе потпишат меморандум за соработка во областа на дијаспората

Денес во склоп на три дневната официјална посета на Романија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со министерката за Романците во странство, Наталиа Елена Интотеро.Главна цел на разговорите беше воспоставување на плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.Министерката Интотеро информираше дека на 18 март 2019 година, за времето на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, како дел од нејзините приоритетни активности ќе се организира состанок на министрите за дијаспора од земјите на ЕУ и од Западниот Балкан, со цел севкупна анализа и размена на искуства поединечно од секоја земја.Се предложи иницијатива за потпишување на Меморандум за соработка меѓу владите на Република Македонија и Романија во областа на дијаспората.Министерот Адеми информираше за преземените активностите на Владата на Република Македонија околу дијаспората на нашата земја во светот, пред се во зачувувањето на идентитетот, јазикот, културата, традицијата и нивните можности за инвестирање во Македонија.Во рамките на соработката меѓу двете земји во областа на дијаспората беше договорено во наредниот период да се одржат средби на експертско ниво меѓу двете земји.Меѓу другото, за време на престојот во Букурешт, министерот Адеми оствари средби и со други асоцијации на Македонците и Албанците по потекло од Република Македонија, како и со Здружението на студенти од Република Македонија, кои студираат во Рoманија.

Македонија | пред 7 години

minister-pateka-1

Министерот Фазлиу и градоначалникот Стојаноски на разглед на патеката која води од саат кулата до Горна порта

Во рамки на работната посета на Охрид, Министерот за Локална Самоуправа Сухејл  Фазлиу и градоначалникот Јован Стојаноски беа на увид на патеката која од Саат кулата води   до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.Министерството за Локална Самоуправа за овој проект издвои четири милиони денари, а со свои средства учествуваше и општина Охрид.  Поплочените патеките се   со должина од 250  и 275  метри квадратни.Изведувач на градежните активности  беше  фирмата „Тане 2007“ од Охрид.

Македонија | пред 7 години

minister-gradonacalnik

Градоначалникот Стојаноски и министерот Фазлиу во посета на Градинката „Развигорче“

Градоначалникот на Охрид ,Јован Стојаноски заедно со Министерот за Локална Самоуправа  на Р. Македонија, Сухејл Фазлиу , градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески и претставници од Бирото за Регионален развој и   Центарот за Развој на Југозападниот плански регион попладнево  беа  на увид во детската градинка „Развигорче“ каде е извршена целосна реконструкција   на кровот.Градоначалникот Стојаноски се заблагодари  на Министерот Фазлиу и на Министерството за Локална Самоуправа со чија помош се реконструира кровот во градинката но и се изгради патеката од Саат кулата до Горна Порта.Изразувам  голема благодарност за посетата но и за сета онаа соработка што ние како општина ја имавме  со Министерот за Локална Самоуправа,  Сухејл Фазлиу со целокупното министерство и со органите коишто се во рамките на  министерството за Локална самоуправа. Со нивна помош во текот на 2018 година ние реализиравме два  конкретни проекти. Едниот е во детската градинка „Развигорче“, а другиот е изградбата на пешачката патека од саат кулата до Горна Порта  каде што се потрошени четири милиони денари, а во рамки на детската градинка два и половина милиони денари. Секако со свои средства  колку што беше потребно учествуваше и општина Охрид. Втората димензија на среќата којашто ја имаме во моментов е што  се надевам дека во текот на 2019 година   на територијата на општина Охрид  успешно ќе бидат реализирани четири до пет проекти кои ќе бидат од големо значење за потребите  на граѓаните. Приоритетите коишто и оваа година беа дефинирани остануваат исти, а тоа се најчесто поврзани со енергетската ефикасност во рамки на училиштата и детските градинки, изработката на основните проекти за изградба на улици и локални патишта. Тоа всушност се  најголем дел оние најнеопходни,  најитни но и најбитни проблеми на нашите граѓани коишто локалната самоуправа треба да ги решава. Уште  еднаш ја изразувам својата благодарност  до министерот за поддршката, а се разбира и до Владата којашто проценува дека  е потребно зголемување на средствата за регионален развој - истакна градоначалникот Стојаноски .Министерот за Локална Самоуправа,  Сухејл Фазлиу истакна дека ресорното министерство работи на континуирано зголемување на средствата кои ќе бидат наменети за реализирање на проекти  за рамномерен развој на општините.-Министерството за Локална Самоуправа  во рамки на финансирањето на проекти за рамномерен регионален развој оваа година имаше зголемување на средствата во однос на 2017 година за 50 %. Ме радува фактот што за наредната 2019 година ќе имаме зголемување за уште 50 % што во споредба со 2017 година средствата се зголемени за 100 % -   рече Фазлиу и посочи дека за наредната 2019 година министерството за Локална самоуправа планира да направи една евалуација на Законот за рамномерен регионален развој  со цел да се утврди колку законот ги има постигнато целите за кој е и создаден . 

Македонија | пред 7 години

makron

Макрон вечерва ќе и се обрати на нацијата, ќе предложи мерки во врска со намалувањето на даноците

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обрти вечерва на нацијата после повеќенеделните протести, кои беа проследени и со насилство, а американска агенција АП го поставува прашањето дали е предоцна за тоа!На консулатциите за излез од кризата се поканети 37 лица, меѓу кои и францускиот премиер Едуар Филип, 12 членови на неговата Влада, претседателите на двата дома на Парламентот, претставници на асоцијацијата на локалните власти и лидерите на главните синдикални федерации и на организациите на работодавачите.– Во овој тежок момент, што го преживува нацијата, претседателот истовремено ќе се консултира со политичките, локалните, економските и социјалните сили со цел да ги чуе нивниот глас и предлози и со задача да ги мобилизира за акција, се наведува во најавата на Елисејската палата за средбата.Протестите на „жолтите елеци“ започнаа кон средината на ноември со блокади на патиштата поради најавеното зголемување на таксите за горивата, но изминативе недели во неколку наврати прераснуваа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Свет | пред 7 години

dijaspora-2

Ќе се интензивира соработката во полето на дијаспората помеѓу Република Македонија и Романија

Денес во склоп на три дневната официјална посета на Романија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со министерката за Романците во странство, Наталиа Елена Интотеро.Главна цел на разговорите беше воспоставување на плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.Министерката Интотеро информираше дека на 18 март 2019 година, за времето на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, како дел од нејзините приоритетни активности ќе се организира состанок на министрите за дијаспора од земјите на ЕУ и од Западниот Балкан, со цел севкупна анализа и размена на искуства поединечно од секоја земја.Се предложи иницијатива за потпишување на Меморандум за соработка меѓу владите на Република Македонија и Романија во областа на дијаспората.Министерот Адеми информираше за преземените активностите на Владата на Република Македонија околу дијаспората на нашата земја во светот, пред се во зачувувањето на идентитетот, јазикот, културата, традицијата и нивните можности за инвестирање во Македонија.Во рамките на соработката меѓу двете земји во областа на дијаспората беше договорено во наредниот период да се одржат средби на експертско ниво меѓу двете земји.Меѓу другото, за време на престојот во Букурешт, министерот Адеми оствари средби и со други асоцијации на Македонците и Албанците по потекло од Република Македонија, како и со Здружението на студенти од Република Македонија, кои студираат во Рoманија. 

Македонија | пред 7 години

zemjodelstvo

Во МЗШВ презентирана новата предлог Програма за следната година

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок на Подсекторските групи за новата предлог Програма за директни плаќања во земјоделството 2019 година.На состанокот присуствуваа 50-тина преставници од земјоделски здруженија, стопански комори, компании од агро-секторот и надлежните институции. Овој состанок се одржува со цел да слушнат предлозите на сите чинители од секторот за земјоделство и ефикасно да се направи план за распределба на субвенции за мерките од земјоделските сектори.На состанокот од страна на претставниците на МЗШВ беше презентирана новата предлог Програма за следната година, со предлозите и планираните новитети од страната на МЗШВ.Дел од новините кои се предложени од МЗШВ се однесуваат на издвојување на оризот од досегашаната категорија на растително производство како посебна култура. На овој начин се зголемува субвенцијата за ориз од сегашните 6.000 денари по хектар за безсеменски ориз на 18.000 денари, а за семенски ориз од 12.000 денари на 30.000 денари по хектар за следната 2019 година.Во секторот градинарство, се воведува критериум за пријавување на збирни култури, односно при аплицирањето земјоделеците ќе ја прикажуваат збирната површина на различните засадени земјоделски култури.МЗШВ предлага промена на критериумот за приноси кај сончогледот, од сегашните 1.800 на 1.500 килограми, се со цел поголемо производство и искористеност на субвенцијата за површини засеани со сончоглед.И следната година МЗШВ ќе ја продолжи зголемената финансиска поддршка од 20 отсто кај растителното и 10 отсто кај сточарското производство за развојните категории на земјоделци.Овие предлози беа позитивно прфатени од Подсекторската група, чии што претстваници дадоа и свои предлози и сугестии кои ќе бидат разгледани од страна на МЗШВ.Субвенциите за мерките во предлог  Програмата за директни плаќања во земјоделство за 2019 година, се креирани така да овозможат развој на земјоделството, зголемување на површините и на производството и создавање на производи со поголема додадена вредност. Во следните денови Подсекторската група ќе одржат и посебни работни состаноци на кои ќе ги финализираат своите предлози и ќе ги достават до МЗШВ. Воедно Подсекторската група ќе одржи и работен состанок за предлог Програмата за рурален развој за 2019 година. Откако ќе бидат финализирани предлог Програмите за следната година, истите ќе бидат доставени на усвојување до Владата на Република Македонија.   

Скопје | пред 7 години

stomatolozi

Обезбеден буџет за исплата на стоматолозите специјализанти

Министерството за здравство информира дека обезбеден е Буџет за исплата на стоматолозите специјализанти и средствата се префрлени на Универзитетската клиника за стоматологија.Процедурата за согласноста за вработување со договор на дело, преку кој ќе се исплаќаат приватните специјализанти е завршена во Министерството за здравство и во законски определениот рок, Министерството за финансии ги одобри согласностите.Приватните специјализанти по стоматологија ќе бидат целосно исплатени ретроградно за нивниот вложен труд.Од министерството напоменуваат дека за приватните специјализанти предвиден е буџет и за наредната 2019 година, односно ќе бидат исплаќани и следната година. 

Скопје | пред 7 години

min-pravda

70 години од Универзалната декларација за човекови права – правниците дискутираа за заштита и унапредување на човековите права

По повод 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права и 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права денеска се одржа конференција со наслов „70 години од Универзалната декларација за човекови права: Улогата на адвокатите за заштита и унапредување на човековите права“. Конференцијата ја организираше Адвокатската комора на Република Македонија, во партнерство со Амбасадата на САД во Македонија.Поздравен збор имаа претседателот на Адвокатската комора на РМ, Љубомир Михајловски, министерската за правда, Рената Дескоска и американскиот амбасадор Џес Бејли.Во поздравните говори беше истакнато значењето на Универзалната декларација за човековите права, која е донесена на 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание и која претставува своевидна меѓународна магна карта за сите луѓе во светот. Битката за човековите права, беше истакнато на конференцијата, е најсветата битка на секој од нас.Примарна цел на адвокатите е заштитата на човековите права, кои се гарантирани во домашното и конвенциското право и особено во Универзалната декларација, во која, меѓу другото, се пропишува:„Секој има право на живот, слобода и сигурност на личноста и сите луѓе се исти пред законот и имаат право на еднаква законска заштита. Сите имаат право на еднаква заштита од секаков вид дискриминација што ја повредува оваа декларација и од секакво поттикнување таков вид дискриминација.Секој кој е обвинет за казниво дејствување има право да важи за невин сè додека неговата вина не биде докажана во јавна постапка во согласност со законот, при што ги добива сите гаранции нужни за неговата одбрана.Никој не смее да биде казнет за дејство или потфат кои во времето на неговото изведување не претставувале казниви дела според националното и меѓународното право. Исто така, не смее да биде изречена потешка казна од онаа што се заканува во моментот на изведување на казнивото дело.“Министерката за правда на денешниот настан посочи дека целта на правдата секогаш се човековите права. Тие им даваат моќ на индивидуите и наметнуваат основни стандарди за вршење на државните активности. Власта, додаде Дескоска, е легитимна додека ги штити човековите права. И таа битка за заштита на човековите права не е битка само на власта, ниту на активистите, политичарите, партиите. Во таа битка мора да сме сите заедно, рамо до рамо.Министерката Дескоска испрати порака до сите граѓани на Република Македонија  цитирајќи ја „првата дама на светот“: „Човековите права треба да ги бараме насекаде околу нас, во домот, во соседството, во училиштето, на работното место. Тие се местата каде што треба да бараме еднаква правда, еднакви можности, почитување на достоинството без дискриминација. Ако човековите права не се почитуваат тука, во секојдневна средина во која живееме и работиме, тие го губат значењето. Ако не си ги обезбедиме правата во секојдневниот живот, залудно ќе бараме напредок во пошироката заедница, или ќе се бориме за прогрес во светот.“Конференцијата се заокружи со темата за правното зајакнување на маргинализирани заедници, за бесплатната правна помош  и за про боно заштитата, за кои говореше Нада Наумовска, постара програмска координаторка на Фондацијата Отворено општество. 

пред 7 години

skopje-blokirano-2

(ФОТО)Сообраќаен хаос во Скопје, градот е блокиран граѓаните нервозни

Низ центарот во Скопје во моментов скоро невозможно да се оди со автомобил. Огромни колони кај Рамстор, низ центарот, а неможе ни преку Водно. Тотално блокирано на сите страни. Возачите нервозни свират, но не се подмрдуваат од место.Инаку блокадите се поради протетсот на ,,Македонија Блокира”, кои најавија дека попладнево повторно ќе ги блокира улиците во центарот на Скопје. Како што најавија, од 16 до 18 часот ќе ја блокираат раскрсницата кај „Црвен Крст”, по што од 18 часот ќе започне протестен марш до Владата и враќање пред Собранието каде ќе има говори и блокирање на просторот пред Собранието.

Скопје | пред 7 години

27-mi-april-sudenje

Обезбедувањето на Чавков не се сеќава на детали од 27 ми април – тој сведочеше контра Нинџа

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за настаните од 27 април, по краткото одложување поради аларм за пожар во Кривичниот суд.  Денеска сведочеше Никола Димитриевски кој бил обезбедување на Митко Чавков на „крвавиот четврток“. Тој рече дека Чавков на 27 април не бил во ВМРО ДПМНЕ во 18 часот, како што сведочеше минатата недела Александар Василевски Нинџа.Според Димитриевски, Чавков во 18 часот бил во канцеларија која што ја имал во „Технометал Вардар“ и таму останал два часа. По ова, Чавков заминал во МВР каде што се задржал до полноќ, а потоа отишол во штабот на ВМРО ДПМНЕ за да се види со Тодоров.Александар Василевски Нинџа го испрашуваше Димитриевски при што го праша дали паркингот во Технометал  Вардар е ист со паркингот кој го користи ВМРО ДПМНЕ.Сведокот рече дека Технометал Вардар и ВМРО ДПМНЕ користат ист паркинг.Потоа и судијката Добрила Кацарска го испрашуваше Димитриевски, при што тој не можеше да се сети какви наредби давал Чавков.По неколку инсистирања на Кацарска, сведокот се сети дека го видел министерот Агим Нухиу, но не се сеќаваше дали разговарале Чавков и Нухиу. На прашање на Кацарска сведокот рече дека видел како дел од присутните во штабот зборувале на телефон или на радио врска, но не можеше да каже колку лица имало во просторијата. Кацарска го потсети дека претходно во своето сведочење пред судот појаснил дека кога стоел пред канцеларијата во Технометал Вардар каде што бил Чавков, просторијата била затворена со обична врата и дека слушнал се. На ова сведокот одговори дека од толку многу интензивни команди кои ги давал Чавков не може да се сети ниту на една.Кацарска продолжи да му укажува и да го потпрашува по што му рече: „Господине сведок, 11 години сте во МВР и сте професионалец, па која е причината што не можете да се сетите на дадените команди?“. Сведокот се оправда со тоа дека од настанот до денес поминало многу време.Кацарска го праша дали можеби чул разговор помеѓу Чавков и Агим Нухиу, на што сведокот одговори не може да се сети. Судијката по ова го потсети на тоа дека кажа оти 99 отсто од командите ги издавал Чавков па бараше од сведокот да посочи кому му ги издавал командите. Одговорот на ова беше: „На тогашниот началник Сашо Митевски кој ги пренесуваше на терен се до 20 часот“.Трајко Вељаноски утрово дојде да сведочи во Основниот суд, но судот го ослободи со образложение дека ќе биде повикан по паузата, но неговото сведочење во договор со судијката и адвокатите, останува за утре.

Скопје | пред 7 години

Kolinda-Grabar

(ВИДЕО) Колинда има желба да пее, ама не и глас!

На социјалните мрежи се споделува видео на кое хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ повторно пее. „Покрај тоа што пее, Китаровиќ и танцува со високо подигнати раце“, коментира порталот „ЦДМ“.Во продолжение веселата претседателка:https://twitter.com/Cvrle1977/status/1071338523746320384?fbclid=IwAR2N0Qj-MhHsDjv-FokaFYjrx-R3n81q8tdnM5A5-mFKzbRvknRINQnl13U 

Магазин | пред 7 години

svr

Гостиварци ја киднапирале роднината и ја криеле во мотел

Двајца гостиварци се приведени и задржани во полициска станица под сомнеж дека противправно лишиле од слобода нивна роднина.Според СВР Тетово, 30-годишната гостиварката Џ.С. синоќа околу 21 часот пријавила дека е противправно лишена од слобода во соба на мотел во Гостивар. По пријавата, приведени и задржани се нејзините роднини 32-годишниот А.А.  и 40-годишниот Б.О. , двајцата од Гостивар. Тие со осомничени поради нивна инволвираност во противправното лишување од слобода.Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и под какви околности се одвивал настанот.

Македонија | пред 7 години

burel-drva2-1024x801

Градоначалникот на Бутел си засади дрвце и се пофали по медиумите

Денеска во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски ги засади првите 14, од вкупно 60-те садници, како придонес во подобрувањето на животната средина на граѓаните.  Тие се засадени долж новата пешачка патека, која ја поврзува ул. „Бутелска“ со спортската сала „Антон Димитров“Градоначалникот Смилевски, во својата изјава додаде дека бројот на садниците постојано ќе се зголемува на целата територија на Општината. Во наредниот период ќе се средува и задниот двор на детската градинка, чија ограда се граничи со новоизградената пешачка патека. Исто така, во иднина со изградбата на нови пешачки патеки и улици, паралелно ќе се засадуваат и нови листопадни и зимзелени дрва.

Скопје | пред 7 години

2

Затвореници од Идризово бараат амнестија, иста како онаа на обвинетите за 27 април

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија што се подготвува, а со кој ќе се ослободат од вина само осомничените и осудените лица кои упаднаа во Собранието на 27 април. Затворениците со писмо ја известиле и управата на затворот „Идризово“, а велат дека ќе бидат поригорозни доколку Владата не одговори на нивното барање за општа амнестија.„Почнуваме со дводневен предупредувачки штрајк со глад бидејќи и покрај сите барања до Владата и премиерот досега не добивме одговор во врска со законот за амнестија, кој е во најава. Бараме општа аменстија за сите дела кои ги дозволува Уставот, исто така и статусот на доживотно осудените да се промени во бројка што е во склад со европските закони. Доколку во следните два дена не добиеме конкретен позитивен одговор од страна на Владата и работното тело за помирување, ќе продолжиме со штрајкот со глад и ќе организираме мирни протести со нашите фамилии пред Владата“, пишува во писмото испратено до директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски.

пред 7 години

oruzje-i-heroin

Обвинителството бара притвор за скопјанец фатен со дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице затоа што постои основано сомнение дека сторило кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Според кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, при претрес во домот на осомничениот било утврдено дека тој неовластено заради продажба кај себе држел разновидна наркотична дрога, соопштуваат од ОЈО.„Притоа од страна на припадниците на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле пронајдени и одземени: 448,95 грама марихуана, 389,17 грама хероин, 66,73 грама хашиш и 1,79 грама кокаин во различни пакувања, како и неколку дигитални ваги со остатоци од различна наркотична дрога. Осомничениот кај себе неовластено држел и огнено оружје: еден револвер марка Astra Cadix од шпанско производство, како и еден пиштол марка Ekol Special 99% со рамка кој бил пренаменет во огнено оружје. Кај него биле пронајдени и вкупно 199 куршуми од различен калибар и за различни огнени оружја“, стои во соопштението на јавното обвинителство.Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице, особено имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на кривичните дела, како и висината на запретената кривична санкција која изнесува од три до десет години за секое кривично дело за кое е осомничен, велат од ОЈО. Поради постоење на опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Скопје | пред 7 години

metalni-rabotnici

Многу невработени, а малку избор за компаниите

Невработеноста во третиот квартал само минимално се намалила, а компаниите и понатаму плачат за работници. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во третото тримесечје од годинава се намалила на 20,8 отсто, за разлика од вториот квартал кога беше 21,1 отсто. Во овој период активно работоспособно население во земјава биле 958.770 лица, од кои 759.445 лица се вработени, а 199.325 лица бараат работа.Во тие услови на огромна невработеност, три до четири пати повисока од просекот на развиените западни држави, компаниите и понатаму апелираат дека немаат работници кои ги задоволуваат нивните потреби.Решението, според Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, е во итни реформи во образовниот систем во насока на надминување на популистичките мерки за форсирање по секоја цена на високото образование и создавање квалификувани работници по мерка на реалниот сектор. На компаниите најмногу им недостигаат кадри со средно стручно образование, кои ќе можат веднаш да се вклучат во работниот процес. Според Димитров, компаниите најмногу бараат текстилци, кожари, металски работници, келнери, готвачи, но и општи работници во земјоделството. Дефицитарни се и многу восокообразовани кадри, како технолози, физичари, математичари...„Форсирањето на високото образование, особено на непродуктивните насоки е цената која ја плаќаат многу компании што не можат да обезбедат квалификуван кадар за своите потреби. Не ни требаат менаџери и економисти, туку работници. Во гимназија и на факултет нека одат само најподготвените, а останатите нека завршат стручно училиште, по можност дуално, додека учат, да се подготват и спремни да влезат во производниот процес“, вели Димитров.Најголема е стапката на невработеност кај оние што би требало да се најактивни и најмногу да придонесуваат економијата да оди напред. Тоа се граѓаните од 25 до 49 години, од кои речиси половината седат дома. Над 20 отсто невработени се оние од 15 до 24 години, додека кај највозрасната група, од 50 до 64 години, невработени се 16,5 отсто. Од вкупниот број неработени, според статистика, мажи се 122.957, додека жени се 76.368.Единствениот пат за надминување на оваа состојба, според Димитров, е политички консензус на сите фактори во државата, да се започнат реформите во образованието за кои долго се зборува, а малку се постигнува.ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања