Тигрица намамена со машки парфем на Келвин Клајн
Во Индија убиена е тигрица која наводно убила 13 луѓе. Таа не можела да одолее на машкиот парфем на Келвин Клајн, „Обсешн“, јави Би-Би-Си.Би-Би-Си објаснува дека во составот на парфем „Обсешн“ меѓу останатите се наоѓа и феромон цибетка, мачколико животно од среден раст.Индиските ловци одлучиле да се послужат со тој парфем за да ја намамат откако американски научници го користеле тој парфем за да намамат јагуари.Ловот на тигрицата траел скоро две години. Во последните две години таа убила 10 луѓе
Магазин | пред 7 години