СДСМ: Мицкоски не може да се помири дека конечно се гради систем на социјална и детска заштита којшто ќе извлекува од сиромаштија
„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува лицемерно се однесува кон најранливите категории граѓани, стиснати во прегратката на Никола Груевски, човекот што 11 години го уништуваше системот на социјална заштита додека парите на граѓаните ги трошеше за луксуз, барок, споменици и криминални тендери. Очигледно антинародниот Христијан Мицкоски не може да се помири со тоа што конечно се гради систем на социјална и детска заштита којшто ќе извлекува од сиромаштија“, велат од владејачката СДСМ
Македонија | пред 7 години